IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Што претставува монаштвото?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што претставува монаштвото?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3839404142 97>
Автор
Порака
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2008 во 00:02
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2008 во 04:20
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Cinik Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 24.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 58
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Cinik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2008 во 04:22


Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2008 во 21:02
голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Филм 01 македонските монахињи во Бугарија

Филм 02 за истите монахињи
 
Niki i so?
So so muabetov?
Neso ne mi e jasno?
Sakam prevod!!!!
голема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевкаголема%20насмевка
 
a Ova "makedonski" pa i "monahini" - sumliva rabota
 
Ako Maksim bese makedonec ...
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2008 во 03:45
Voskresenie, 1995,
Sveta Gora
Vozljubeni vo Crkvata, Hristos voskrese!
"Vistina govoram vo Hrista ne la-
zam, toa mi go svedoci mojata sovest
vo Svetiot Duh, deka mnogu mi e zal
i srceto me boli neprestajno, zasto
bi sakal jas samiot da bidam odlacen od Hrista
za svoite braka, moite rodni po telo." (Rim. 9, 1-3)
Krajnata i sveta antinomicnost vo Poslanieto
na Hristoviot Apostol Pavle ja rastreperuva
nasata dusa. No, vo ocite na ovoj
svet i vek, koj ne ja poznava vistinskata Ljubov i
Sloboda, toa e krajna protivrecnost, soblazna i
ludost na Krstot.
Eve vo ovie denovi na Hristovoto Voskresenie
neprestajno se raduvam vo mojata taga.
Kako opien, a trezen; kako ostaren, a kako malo
dete; kako otsuten, a prisuten. Nemoken e covec-
kiot zbor za da ja opise radosta vo voskresnatiot
Gospod. Znam oti toa e dar od Boga i Otecot
i oti so nisto, ama tokmu so nisto, ne sum
go zasluzil. Znam, a osobeno koga kako djakon
sluzam, deka e toa radost na Crkvata i radost za
Crkvata i nejzinoto nadziduvanje. Radost, koja-
sto sekogas se projavuva pri sozdavanje vistinska
zaednica, eve kako i denes vo nasiot razgo-
vor i posle nego, radost sto go osvetluva naseto
denes, no i minatoto i idninata do veki.
Denes progovoriv so tebe, no ne se dorekov.
I eve, ...plod sme na pokajanieto i na solzite,
na Krstot, na Crkvata Bozja sobrana od
onie luge sto ne rodija i megu koi rastevme i
sozrevavme. Sekako deka ne sme bescuvstvitelni
na Nejzinata egzistencijalna bolka nitu, pak, ke
ostaneme gluvi na Nejziniot majcin povik. Ne
zasto mislime za sebe oti sme nesto, tuku oti
se nadevame vo Otecot i vo ljubovta i vo molitvite
na narodot Bozji i Negovite Svetiteli.
cesto za ova se sovetuvame so otec Kliment, na-
siot sotrudnik na nivata Bozja.
Ne stanuva zbor za vremiwa i godini,
tuku za podgotovka i resenost na zrtva koga ke
i bide potrebno na Crkvata. Samo licnosti podgotveni
da se zrtvuvaat mozat da go gradat vo
istorijata ona sto ke ostane vecno ili vecnoto
da go voplotuvaat vo istorijata, a istoriskoto
postoenje da go preobrazuvaat vo nov, besmrten
oblik na bitie i svetotroicen nacin na postoenje.
Tajna e ova golema, a jas vi pisuvam za Hrista
i Crkvata i nejzinata Sveta Evharistija.
Zatoa, seto ona sto vo daden istoriski
moment e potrebno i vistinsko, vo opasnost e da
postane samo maska i precka ako go zagubi
cuvstvoto za Bozjata volja i ako ne mu odgovori
slobodno i ljubovno na predvecniot svetotro-
icen plan i sovet za Crkvata. Toa e vo pogolema
ili vo pomala mera idol, iako ponekogas dobiva
oblik duri i na monasko tuginuvawe, sreken
brak, studii i kariera sto vetuva ili nesto
drugo slicno. Mislam deka za ova ke me sfatite.
A mene za pustinata koj bi me sfatil....
Pogledot mi e nasocen kon nea, naviknat tamu da
crpam voda ziva... Vo bezmolvie da slusam neizglagollivi
slova... Vo nokite osameni da zerkam
Svetlina predvecna... Vo ocisteno srce Nego
da Go sretnam i Vas sto Ve ljubam vo veki.
Amin.
Znam deka niz podvigot vo se da se poistovetime
so Onoj Koj za Svojata Crkva se raspna
i voskresna, teatar ke mu postaneme na svetot,
na lugeto i na angelite, i znak protiv kogo lugeto
ke govorat. No zar neprijatelot nema da go
ljubime? Zar i za nego sekojdnevno ne umirame i
pak sme zivi? Osobeno koga onoj kogo deneska
go sretnuvame kako neprijatel, veke vo liturgiskoto
Denes go prepoznavame kako vecen nas
vozljuben vo Carstvoto na Otecot i Sinot i
Svetiot Duh. Amin.
Vasi, vo Hrista Voskresnatiot,
monah Naum, monah Kliment.



Sveta Gora, 1995,Voskresenie, 1995,
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2008 во 03:55
Samo licnosti podgotveni
da se zrtvuvaat mozat da go gradat vo
istorijata ona sto ke ostane vecno ili vecnoto
da go voplotuvaat vo istorijata, a istoriskoto
postoenje da go preobrazuvaat vo nov, besmrten
oblik na bitie i svetotroicen nacin na postoenje.




Prekrasno BRAVO Opiten ova e prekrasen tekst....
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2008 во 04:06
Господ е голем
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 10:19
ИНТЕРВЈУ СО ИГУМЕНОТ ГАВРИЛ НА МАНАТИРОТ СВ.ПРОХОР ПЧИНСКИ ВО АВСТРАЛИЈА


1. Ваше Високопреподобие, о. Гаврил, на 26 јануари 2006 година, заедно со Неговата Високопреосветеност, Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски, г. Петар, пристигнавте во Австралија како клирик на Македонската Православна Епархија за Австралија и Нов Зеланд. Кажете ни нешто за Вас… Да почнеме од Вашето родно место.
- Роден сум во Штип. Гимназија, со насока ÄинформатикаÄ, завршив во Штип. Потоа, во 1992 година, се запишав на Теолошкиот факултет во Скопје, кој подоцна го завршив. За време на моето студирање се запознав со мојот духовен отец, Владиката Наум, кој како светогорски монах во тие го-дини на помасовно духовно будење (претежно кај младите луќе) во Маке-донија ни беше образец за монаштвото. Често ги посетував неговите манас-тири и се учев за суштината на монаштвото, за монашкиот начин на живеење во тихување, за непрестајната Исусова молитва. И ете, сега сум во ма-настир… за што сум му многу благодарен на мојот во Христа старец. Затоа што ми ги отвори вистинските врати и ме поведе по вистинскиот пат на спа-сението, кон Самиот Бог и Спасител наш Исус Христос. Како што стои во светото Евангелие, Тој е ÄПатот, Вистината и живототÄ и Äкој верува во Него нема да види смрт, туку ќе има живот веченÄ (Јован 11, 25).
Посебно сум му благодарен и на Неговата Високопреосветеност, Ми-трополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, кој како архиереј-администратор на оваа епархија од нашата Црква ме избра токму мене за овој не мал подвиг, кој сум недостоен да го носам - на возобновување на духовниот и на монашкиот живот меќу нашите иселеници во овој дел од светот.

2. Што Ве мотивираше да се замонашите?
- Секогаш сум се трудел и сум сакал на она што го правам целосно да му се посветам. Но, претходно, со што и да се зафатев во еден момент се соочував со некакво разочарување … Наместо слобода и задоволство од патот којшто овде или онде го избирав за своето изградување како личност и восовршување, наоќав извесна недоволност, заробување и недостаток во прифатената цел. С¢ додека вистински не поверував во Бога и не решив целосно да Му се предадам. (Монахот ништо не може да го спречи да чекори по тесниот пат на христијанско восовршување, само ако со неизменливо сил-на волја и желба постојано Му го посветува својот живот на Бога).
И тука на почетокот барав, се испитував, анализирав… До една вечер кога бев гостин во манастирот на Свети Леонтиј во Водоча, кога мојот ду-ховник ме повика да присуствувам на еден синаксис на отците монаси (собир на кој се разговара за духовниот живот и за молитвата). Ни зборуваше за ÄочистувањетоÄ од страстите и од гревовите и за Äотварањето на срцето за БогаÄ, за Äнепрестајната умносрдечна молитваÄ. Дотогаш имав прочитано многу книги, но тоа што го чув таа вечер никаде го немав прочитано. Тогаш сфатив дека тоа е она по што целиот свој живот копнеев и го барав, па на исповед истата вечер, со зборовите што Му ги рекол Св. апостол Петар на нашиот Господ, му кажав и јас на мојот старец: †Каде би можел јас да одам сега? Ти имаш зборови за живот вечен.# (Јован 6, 68).

3. Раскажете ни подетално како поминува еден монашки ден во ма-настирот за да можат нашите верници поблиску да се запознаат со мо-нашкиот живот.
- Монашкиот живот надворешно гледано е едноличен и здодевен, но суштината на тој живот е внатрешна и скриена од окото на световниот чо-век. Секој манастир си има свој типик (правило на заедничкото богоцен-трично живеење), иако во основа типиците на општежителните манастири многу не се разликуваат.
Ние го прифативме аскетско-исихастичкиот типик на повеќето свето-горски манастири. Според него се станува рано наутро и се собираме на си-наксис, каде старецот (духовниот отец) кажува поуки за молитвата, а потоа се повлекуваме секој во својата келија (соба) во мир и тишина на бројаница да ја кажуваме кратката Исусова молитва ÄГосподи Исусе Христе, Сине Бо-жји, помилуј ме, грешниот (грешната)Ä или само ÄГосподи Исусе Христе, по-милуј меÄ. По тоа неколкучасовно кажување на молитвата се собираме на ли-тургија во црква - Божествена Литургија служиме секој ден - и се причесту-ваме со Светите Тајни. Потоа мал одмор, па трпеза, и по неа се зафаќаме со своите секојдневни манастирски послушанија. Во текот на денот повторно се повлекуваме во келија (во зависност кому кога времето и должностите на послушанието му овозможуваат) заради исполнување на личното молитвено правило, но и за да освоиме уште малку време да Му се помолиме на Бога во осаменост. Попладне се собираме во црква на Вечерна богослужба, по неа имаме втора трпеза, малку одмор, а рано навечер повторно во црква на т. н. Мало повечерие го читаме акатистот кон Пресвета Богородица што му е по-светен на светото Благовештение. По ова денот завршува и секој си оди во својата келија за да продолжи со молитвата и да се одмори.
Гледате, навидум монашкиот живот е можеби здодевен, но сржта на тој живот е внатре во срцето, каде што има толку неосвоени простори, ши-рочини и длабочини, за чие освојување (преобразување кон Христос и кон безусловна љубов за нашиот ближен) и дваесет и четирите часа во денот на монахот му се малку.
Заради општиот човеков пад нашето срце е заробено од страстите и затворено за Бога, а нашиот ум помрачен за безграничните Божји тајни. А монахот се одделува од светот и се повлекува во манастир за да може, преку молитвен труд и послушание кон својот старец и духовен отец, да напредува во чистењето на срцето од страстите и во просветлувањето на умот со бла-годатта Божја до состојба на ÄобожениеÄ и на Äсовршен мажÄ (во мерата на растот Христов), до духовни височини на ÄсозерцаниеÄ и насладување со несоздадените Божји енергии, кои окото на световен човек не може да ги види и на ум на световен човек не може да му дојдат (1 Кор. 2, 8).

4. Вие сте прв калуќер на Македонската Православна Црква во дија-спората. Што значи Вашето доаќање во Австралија и какви промени оче-кувате во духовниот живот на верниците во дијаспората?
Монасите (калуќерите) се плод на нечие покајание. Ако еден народ има вистинско покајание, ќе има и монаси како плод на тоа свое покајание… Што значи дека и моето доаќање не е случајно и не е моја заслуга, туку плод на покајанието на мојот народ што е овде, во оваа далечна земја. А за тоа сведочи и срдечниот прием со кој сум дочекан, па иако сум толку далеку од мојата земја, јас по ништо не се чуствувам така, макар што секаде е земјата Господова, а ние сме жители не на земните држави и царства, туку на Цар-ството што ќе дојде, односно на Небесниот Ерусалим.
Некогаш Св. Ап. Павле во своето прво обраќање до Коринтјаните им велеше: “Јас посадив, Аполос поли, но Бог направи да израсте. Затоа, ниту оној, кој сади, е нешто, ниту, пак, оној што полива, а се е Бог, Кој прави да израсте. Кој сади И кој полива се еднакви, но секој ке ја добие својата награда според својот труд. Ние сме Му соработници на Бога, а вие сте Божја нива, Божја зграда (1 Кор. 3, 6-9).” Така и овде, и пред моето доаќање, некој работел на нивата Божја. Поставил длабок плуг и го посеал доброто семе. Што очекувам и самиот не знам, Господ знае. С¢ е дело Божјо, ние сме само слуги негодни.

5. Вие знаете да сликате икони?
- Да, отец Теофил (свештеномонах во манастирот на Светите четири-есет Севастиски маченици во Банско), според мене еден од најдобрите ико-нописци кај нас, па и пошироко - ми ја даде основата во цртањето. Во Маке-донија и во Македонската Православна Црква во последните години се разви едно чуство за автентичност и за враќање кон нашето предание, се возобно-вија византискиот (стариот) македонски црковен иконопис и пеење. Реков Äсе возобнови старотоÄ а не Äсе појави новотоÄ затоа што тој иконопис и тоа пеење отсекогаш постоеле и биле негувани во нашата Црква… И не само тоа туку и нашите предци биле творци на такви дела. На пример, во византис-киот иконопис еден од најубавите и најпознати стилови е токму оној на Ма-кедонската школа, предводена од незаменливиот и недостижен Емануел Панселин, кој го живописал Протатонот (соборната црква) на Света Гора. Неговите ученици Михаил и Евтихиј сликале во повеќе наши цркви и мана-стири, оставајќи зад себе ремек-дела кои и денес се сметаат како непроцен-ливо богатство во уметничкото црковно наследство. Исто е и со пеењето. Нашите патрони, светите Климент и Наум, меќу другото биле и творци на прекрасни духовни химни. ÄАнгелогласниотÄ се нарекува св. Јован Кукузел, кој потекнува од околината на Дебар и е најпознатиот музички црковен тво-рец и пејач во сета Православна Црква. Во 19 век ги имаме епископот Јован Хармосин и архимандритот Калистрат Зографски, а и многубројни други. Денес пак, во нашите цркви се употребува т. н. ÄМокрањчево пеењеÄ или ка-ко што пишува на учебниците: Српско народно појање. Тоа пеење дошло во нашата Црква во триесеттите години од минатиот век кога македонските те-ритории потпаднале под српска јурисдикција. Тоа пеење денес и самите Срби полека го исфрлаат од црковната употреба. И тоа Го слави Бога, но сепак старото пеење и сликање го создавале свети луќе, вдахновени од Светиот Дух, а другото луќе со грешен и нецрковен живот.

6. И за крај, која е Вашата порака за нашите верници?
Кога дојдов во Австралија многумина ме прашаа и слушнав за стравот од блискоста на доаќањето на антихристот. Тоа прашање го избезумува чо-века, го прави исплашен, вознемирен, и отсутен од реалноста… што е и наме-рата на нечестивиот.
Доаќањето на антихристот е реалност и ќе се случи еден ден, а кога никој не знае, освен Отецот Небесен. Затоа не верувајте на ниедно такво пророштво, иако реалната состојба во светот покажува дека времето е мно-гу блиску. Тоа може да се случи и утре и задутре или за некоја година, но и за илјада години. Ова прашање ја вознемирувало Црквата од почетокот. Се се-ќавате дека и Св. апостол Павле им пишува за тоа на солуњаните (2 Сол. 2), па ете антихристот, и после речиси 2000 години оттогаш, с¢ уште не е дојден.
Неговото дело е да го заплашува народот Божји и да сее вознемире-ност во нашите срца, но јас ќе речам: нема од што да се плашиме и возне-мируваме. Ние да се подготвуваме како да ќе се случи тоа уште утре. Преку исповед, пост, молитва, покајание, добродетели - а како печат и полнота на сето тоа со редовно причестување со Пречистите и животворни Христови Тајни - да се потрудиме во повигот на очистување на нашето срце од стра-стите, за отварањето на срцето за Бога, и да ја актуелизираме полнотата на крштенската благодат на Светиот Дух внатре во своите срца. Да се испол-ниме со секое добро дело. Мирот и Љубовта во нашите срца да ни бидат единствениот критериум, и со тоа ќе го попречиме доаќањето на антихрис-тот, и ќе си помогнеме и себеси и на другите околу нас.
И за крај, тоа што го наследив како предание ви го пренесувам и вам: молитвата ÄГосподи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот (греш-ната)Ä, или пократката нејзина верзија ÄГосподи Исусе Христе, помилуј меÄ повторувајте ја постојано, во секоја пригода, а особено кога ќе ви е тешко и се наоќате во искушение.
Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, љубовта на Бога Отецот и заедницата на Светиот Дух да бидат со сите вас!

Извор МАНАСТИР СВ.ПРОХОР ПЧИНСКИ

Изменето од Maran Ata - 01.Октомври.2008 во 10:19
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
ggstefan Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 19.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 266
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ggstefan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 10:33
zosto monasite ne mozat nivnoto smirenie i evangelie da go ziveat vo gradot, tuku begaat po pesteri?

znak na slabost? nemok? ili nesto treto?
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 10:36
да.

Откако св.цар Константин го прогласи Христијанството како дозволена религија и во Црквата влегоа, спремните и неспремните, моралот и стремежот на христијаните за совршенство опаднал за што сме и денес сведоци.

Многумина, или сите, денес се нарекуваме христијани и живееме во христијанско опшество, но малкумина живеат вистински христијански живот и условите за здрав христијански живот во светот е скоро невозможен, а посебно за оние кои сакаат да ги исполнат зборовите Христови „ Бидете совршени како Што е совршен и вашиот Отец на небесата’ и да се повизуваат и растат до мерата и растот Христов.

Затоа и манастирите се создадени за да му ја овозможат на таквиот таа негова желба.

Во Монашките заедници во Египет, Сирија, Палестина, Света Гора , и низ сето Православие и Македонија се разбира, живееле свети луѓе кои ги поминале тие три степени од духовниот раст и го сведочиле Христос и Неговата љубов во светот.

п.с извини, она само на брзина.


Изменето од Опитен - 01.Октомври.2008 во 10:54
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
ggstefan Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 19.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 266
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ggstefan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 11:12
mnogu me izraduva tvojata iskrenost opiten.

se nadevam i drugite ke prifatat deka manastirite se sozdadeni zaradi covekovata nemok, i deka tie se najmalku mestata na triumfot na covekot nad grevot, tuku bas, za zal, prifakjanjeto na bolnata vistina za porazot.
Кон врв
Karamazov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 144
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Karamazov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 11:17
Originally posted by ggstefan ggstefan напиша:

mnogu me izraduva tvojata iskrenost opiten.

se nadevam i drugite ke prifatat deka manastirite se sozdadeni zaradi covekovata nemok, i deka tie se najmalku mestata na triumfot na covekot nad grevot, tuku bas, za zal, prifakjanjeto na bolnata vistina za porazot.


Na bolnite im treba lekar, a ne na zdravite. E, sega, prasanje e koj sebesi se smeta za zdrav vo duhovna smisla.
tre, tri, tra
Кон врв
ggstefan Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 19.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 266
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ggstefan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 11:30
taka e site se duhovno bolni.

tokmu bas zaradi toa, prasanjeto e: dali narkomanot e izlecen, ako e zatvoren vo karantin kade sto NEMA DROGA? ili pak e izlecen, ako mu davas droga, prosto sekade okolu nego ja ima, a toj so silata na svojata svest, na Duhot Sveti, ne ja zema drogata?
Кон врв
Karamazov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 144
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Karamazov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 12:03
Originally posted by ggstefan ggstefan напиша:

taka e site se duhovno bolni.

tokmu bas zaradi toa, prasanjeto e: dali narkomanot e izlecen, ako e zatvoren vo karantin kade sto NEMA DROGA? ili pak e izlecen, ako mu davas droga, prosto sekade okolu nego ja ima, a toj so silata na svojata svest, na Duhot Sveti, ne ja zema drogata?


Sekoj e poseben slucaj. Nekomu mu treba karantin, za da se navikne na apstinencija, a nekomu ne.
tre, tri, tra
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3839404142 97>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.