IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Житијата на светците
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Житијата на светците

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 14>
Автор
Порака
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 04:59
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Се додека не направиш разлика меѓу Божјиот Збор и човечкиот збор, залудна ќе биде секоја дискусија со тебе zidarski. Жал ми е што испадна вака. Порано имаше подобро уво за Божјиот Збор и како вчера да беше кога те пофалив за твоето солидно разбирање на Библиајта, но православиево како темно перде ти се појави пред очи и ти го помрачи видот.


Се додека мислеше дека можам да го прифатам твоето толкување на работите, бев ок... кога сфати дека имам сопствено видување на работите, веднаш нешто се помрачија работите... но - тоа е меѓу нас двајцата...
А на темава...

Повторно пишуваш работи што тебе ти одговараат и зборуваат корисно за твојата верзија на настаните...
Светото Предание се пренесува во рамки на црквата, од самиот почеток, па до денес. Ајде кажи ми како е тоа различно од препишувањето на евангелијата од истиот период па до денес, кога е правено од апсолутно истите луѓе?!
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 05:06

Не ти кажувам. Прашај си некој духовник од твојата епархија голема%20насмевка Тој ќе ми ти каже тоа што ушите сакаат да ми ти слушнат.

Ајт седи ми со здравје.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 07:01
Да, во ред... а ти продолжи да зборуваш само на уши што сакаат тебе да те слушаат... така и Апостол Павле - собирал околу себе истомисленици, па им зборувал за Бог, оти кој ќе се занимавал со тие другите, бегај, може ќе преречат нешто, може ќе направат некоја забелешка, уште полошо - може и ќе се спротивстават на некоја проповед, после што праи...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 07:35
Житие на преподобен Серафим Саровски




    * 15 (2) Јануари – Спомен на преподобниот Серафим Саровски
    * 1 Август (19 јули) – Наоѓање на моштите на преподобен Серафим Саровски

Се родил како Прохор Мошњин, на 19 Јули 1754 г., во градот к*рск, (родното место на Теодосиј Печерски). Неговиот татко Исидор бил имотен и градел храм на св. Сергиј Радоњешки, а по неговата смрт, таа работа ја продолжила мајката Агатја. Таа и го одгледала идниот подвижник, давајќи му добар пример на постојана молитва, пост и милосрдие.

Два чудесни настана се случиле во детството на свети Серафим. Еднаш неговата мајка го одвела на врвот на недовршениот храм, од каде што тој паднал, но ни малку не се повредил. Друг пат, додека бил болен, во сон му се јавила Пресвета Богородица и рекла да ќе дојде да го излечи. Неколку денови подоцна, литија со чудотворната икона на Коренската Мајка Божја минувала низ нивниот двор. Мајката го однела болниот Прохор до неа и тој набргу оздравел.

Кога одлучил да се замонаши, мајка му го благословила и му дарувала бакарен крст што го носел за време на целиот живот; со него и се упокоил.

Прозорливиот Доситеј, кој се подвизувал во Катајевската пустина, го советувал да оди во Саров, како што тој и направил во 1778 г., за време на игуменот Пахомиј. Искушеник бил околу осум години. За тоа време имал големо искушение – три години страдал од водена болест и поголемиот дел од тоа време бил неподвижен. Тогаш имал и видение на Пресвета Богородица со апостолите Петар и Јован Богослов. Таа рекла: «Овој е од нашиот род», го допрела со жезол и од таа вдлабнатинка истекла целата вода од телото (на тоа место му останал белег).

Замонашен е на 13. Август 1786 г. со името Серафим, што значи «пламенен», а во октомври истата година станал јероѓакон.

За време на Литургија ги гледал ангелите и еднаш го видел Господа Исуса Христа, облиен во светлина. Од тоа не се возгордеал, туку сè повеќе се смирувал и го зголемувал трудот. За време на големиот глад, манастирските амбари − чудесно, преку ноќ − се наполниле со жито, по молитвите на старец Серафим и другите браќа.

Откако во 1793. го добил чинот јеромонах, ја исполнил својата дамнешна желба да замине во пустина. Пред упокојувањето на отец Пахомиј, му ветил дека ќе се грижи за Дивјеевскиот женски манастир.

Своето келијно молитвено правило, преподобниот Серафим го извршувал според уставот на древните пустиножители; од Светото Евангелие никогаш не се раздвојувал, прочитувајќи го во текот на седмицата целиот Нов Завет. Ги читал, исто така, светоотечките и богослужбените книги. Во Недела одел во манастирот на света Литургија. Во самотија ја обработувал градината и чувал пчели. Го гледале како храни мечка, кој била како припитомена. За да го победи ѓаволот, во текот на илјада денови постојано се молел на камен, стоејќи и коленичејќи, со кратки паузи за храна и одмор.

На 12. Септември 1804 г. во шума го нападнале три селани, барајќи пари од него. Тој им дозволил да го претепаат, бидејќи «кој се фаќа за нож, од нож ќе загине». Едвај преживеал. А потоа, христијански им простил и се заложил да не бидат казнети.

Кога во 1807 г. умрел неговиот духовник, отец Исаија − игуменот на Саровскиот манастир, преподобен Серафим се предал на подвигот на молчелништвото (молитвено молчење). По повеќе од две години, на заповед се вратил во манастирот, а потоа почнал да живее како затворник, не излегувајќи од келијата. Никој не го видел пет години. Еднаш се удостоил да биде вознесен на Небото и да ги види рајските живеалишта. Молчел уште пет години и не излегувал од келијата, но другите можеле да дојдат да го видат. Дури потоа почнал да им дава духовни совети на луѓето што доаѓале, по наредба на Пресвета Богородица, која му се јавила со преподобните Онуфриј Велики и Петар Атонски. Во 1825 г. повторно почнал да оди во шумата. Во близина, Пресветата Дева удрила со жезол и направила извор со лековита вода.

На крајот од неговите подвизи било старештвото. Илјадници луѓе секој ден доаѓале за совет и помош, а тој однапред ги знаел сите нивни болки. Безброј примери има за неговата прозорливост: знаел кому помошта му е најпотребна, одговарал и пред да му постават прашања, знаел сè за гревовите и минатото на соговорникот; претскажувал настани. Бил во духовна врска со други подвижници кои никогаш не ги видел. На пример: му испратил порака на затворникот Георгиј; да не го остава местото на својот подвиг (тој две години бил искушуван од таа помисла). На многу луѓе им претскажал што ќе им се случи: стапување во монаштво, брак, колку деца ќе имаат, болести, смрт на блиски… Претскажал глад, колера, политичките немири во Русија. Конечно; ја претскажал и својата смрт.

Старец Серафим прво го излечил спахијата Мантуров, кој боледувал од тешка болест на нозете. Еден болен, кој оздравил, го видел старецот како лебдее во воздух и се моли за него. Лечел со молитвата, со света вода и свет елеј. Му помогнал да прооди и на спахијата Мотовилов, кој бил неподвижен (нему подоцна му ја открил и «целта на христијанскиот живот»). И по смртта на старецот, луѓето наоѓале лек во изворот кој Богородица го направила и кој денес се вика; Серафимов извор. Со силата на својата молитва светиот старец овозможувал бездетните да добијат дете, па дури и осудени покојници да бидат помилувани. Спахијата Мотовилов го удостојил заедно со него да се најде во Светиот Дух. Пред крајот на животот, веќе очигледно општел со ангелите, со Богородица, со небесните жители.

Старец Серафим преку целиот живот се грижел за Дивјеевскиот манастир, кого го основала големата подвижничка Агатја Семјоновна Мељгунова. Таму сè се работело како што тој ќе кажел, иако во тој манастир никогаш не отишол. Многу девојки благословил таму да бидат монахињи. Светиот старец помагал уште два манастира: Ардатовско-Покровскиот и Спасо- Зеленогорскиот манастир. Саровскиот подвижник во старештвото поминал 12 години. Небесната Царица последен пат му се јавила на Свето Благовештение, последната година од неговиот живот. На тој настан присуствувала и дивјејевската сестра Евдокија Јефремовна. Видението траело четири часа, а биле присутни и ангели, св. Јован Крстител, св. Јован Богослов и 12 девици-маченички.

Старец Серафим, саровскиот чудотворец, се упокоил на 02. Јануари 1833 г., коленичејќи на молитва пред иконата на Мајката Божја «Умиление». На земјата поживеал 73 години. Речиси сите негови предмети им припаднале на дивјеевските сестри. Веднаш по неговата смрт многу народ започнал да доаѓа на неговиот гроб, да го умножува неговиот портрет, да зема предмети што му припаѓале. По 70 години од блаженото упокоение на саровскиот старец, отец Серафим бил прогласен светител. Таа иста 1903 г. се откриени и неговите мошти. Било присутно и царското семејство и неброено многу поклоници. Телото на отец Серафим не останало негнилежно, туку само коски. Тоа многумина збунувало, но не се моштите доказ за светоста, туку безбројните чуда што се случиле. Така определила Божјата промисла.Тогашната власт во 1926. ги скрила моштите на светителот. Тие се пронајдени во 1990 г., во подрумот на петроградскиот Музеј на религија и атеизам, а во 1991 г. се пренесени во Дивјеевскиот манастир.

Постои предание дека преподобен Серафим Саровски пред крајот на светот ќе воскресне и заедно со праведниците и Црквата ќе биде вознесен на Небото.

(превземено од СВИТОК)

Житие на српски јазик



Изменето од Maran Ata - 01.Октомври.2008 во 08:15
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 12:52
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Постои предание дека преподобен Серафим Саровски пред крајот на светот ќе воскресне и заедно со праведниците и Црквата ќе биде вознесен на Небото.
 
Постои исто така пишано, канонизирано и Боговдахновено предание во кое пишува дека сите Христијани, значи не само Серафим, туку сите вистински Христијани ќе бидат вознесени на Небото. Се наоѓа во една застарена книга што ја нарекуваат Библија.
 
"зашто Самиот Господ на заповед, при глас на архангел и при Божја труба, ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе воскреснат прво. Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, во воздух, во пресрет на Господа; и така засекогаш ќе бидеме со Господа."
(1 Солунјаните 4:16-17)
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 15:32
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Постои предание дека преподобен Серафим Саровски пред крајот на светот ќе воскресне и заедно со праведниците и Црквата ќе биде вознесен на Небото.

 

Постои исто така пишано, канонизирано и Боговдахновено предание во кое пишува дека сите Христијани, значи не само Серафим, туку сите вистински Христијани ќе бидат вознесени на Небото. Се наоѓа во една застарена книга што ја нарекуваат Библија.

 

"зашто Самиот Господ на заповед, при глас на архангел и при Божја труба, ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе воскреснат прво. Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, во воздух, во пресрет на Господа; и така засекогаш ќе бидеме со Господа."

(1 Солунјаните 4:16-17)

 


Постои една книга наречена Библијата и во неа се вели дека Апостолите ќе седнат на престоли и ќе му судат на народот. Ако јас и ти сме еднакви со нив, ме интерсира до кој апостол ќе седиме? Или сепак не сме исти....хмммм....   

п.с. ваѓај си ги цитатите сам, те бидува за учење на памет бројки, само немој да ги извитоперуваш во некој твој превод стил.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 15:42
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Постои предание дека преподобен Серафим Саровски пред крајот на светот ќе воскресне и заедно со праведниците и Црквата ќе биде вознесен на Небото.

 

Постои исто така пишано, канонизирано и Боговдахновено предание во кое пишува дека сите Христијани, значи не само Серафим, туку сите вистински Христијани ќе бидат вознесени на Небото. Се наоѓа во една застарена книга што ја нарекуваат Библија.

 

"зашто Самиот Господ на заповед, при глас на архангел и при Божја труба, ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе воскреснат прво. Потоа ние живите, ние кои останавме, ќе бидеме грабнати заедно со нив на облаците, во воздух, во пресрет на Господа; и така засекогаш ќе бидеме со Господа."

(1 Солунјаните 4:16-17)

 


Постои една книга наречена Библијата и во неа се вели дека Апостолите ќе седнат на престоли и ќе му судат на народот. Ако јас и ти сме еднакви со нив, ме интерсира до кој апостол ќе седиме? Или сепак не сме исти....хмммм....   

п.с. ваѓај си ги цитатите сам, те бидува за учење на памет бројки, само немој да ги извитоперуваш во некој твој превод стил.




Maran ata, sekoja cest na ovoj komentar....evangelose gubish na site polinja....
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2008 во 00:28
Maranata, мојот коментар го демантираше твојот предходен кометнтар, а пак горниот твој коментар никако не се надоврзува на предходната дискусија, а плус тоа и е погрешен. Имено во таа книга што е наречена Библијата не пишува дека апостолите ќе му судат на народот, туку само на 12 племиња Израилови плазење А плус земи предвид дека Христос вакво нешто нема кажано за блажената Марија врз која вие хулите дека била "владичица" на Небото.
 
Templarius, каде тоа и на кое поле јас губам? Читаш ли ти воопшто што дискутираме или пак само очајнички си ги изразуваш фрустрациите кои ти ги нанесов на другите теми? Па сега не знаејќи како во дискусиите да ме побиеш со аргументи, очанички кукаш оф-топици зад грбовите на другите православни со цел да ме дискредитираш среќа
Не си ни првиот ни последниот што добил таков аргументиран пораз од мене и што потоа си лечел комплекси со месеци кукавички добацувајќи се со оф-топици во туѓите муабети.
 
А модераторите не знам зошто те толерираат веќе со недели. Имај среќа што си привилегиран кај нив, затоа што да беа некои други до сега ќе беше баниран.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2008 во 02:10
Евангелос - а како тоа цитатот кој ти го даваш се коси со преданието?
И таму се вели истото - дека сите праведници и црквата (вистинските верници) ќе бидат при Бога - само како потврда за тоа што се вели во Откровенијата.

Како што многу пати до сега велам - Преданието не ја негира, ниту дополнува Библијата, а само ја потврдува.
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2008 во 02:26
Јас не реков дека цитаот се коси со преданието, туку потенцирав дека конкретно тоа предание не кажува ништо ново. Преданието како што читаш вели дека овој Серафим на крајот на светот ќе воскресне и ќе биде вознесен на Небо. Ваквата изјава наведува на мислење дека само одредени личности ткн, "светци" ќе бидат воскреснати и вознесени, а не сите христијани, затоа што доколку сите христијани ги чека истата судбина, тогаш зошто има потреба да се истакнува посебна личност?
 
 
Преданието не ја дополнува Библијата, затоа што таа си е сосема полна и ништо не може да ја дополни.
Измисленото предание се обидува да ја имитира Библијата наметнувајќи се кај некои верници како "Божји Збор".
Измисленото предание се обидува да тврди разни невистини за апостолите и за Марија кои навистина не им доликуваат. Пример, преданието тврди дека апостолите летале на облаци до кај Марија. Зошто никој од нив не го спомнал тоа нивно спектакуларно искуство? Ако можел Павле да каже дека бил грабнат на 3-то небо, зошто никој од нив да не кажел дека летал на облаци? збунетост Зошто никој од нив да не каже дека ја видел Марија како воскреснала од мртвите и како се вознесла на Небото како Христос втори дел?
Немој сега да ми кажеш дека тоа не било битна информација или дека им се истрошило мастилото и не успеале да го напишат тоа. среќа
Измисленото предание ја негира Библијата со тоа што од Марија и некои други светци прави култ, а од друга страна Библијата вели дека Јован е поголем од Марија и дека Исус никаде не ја пофалил Марија за некоја посебна побожност, ниту пак на нарекол "Мајко".
Измисленото предание ја негира Библијата затоа што претставува за "Христови следбеници" некои кои рушеле нехристијански храмови од чии постапки Христос во многу наврати се воздржал.
Измисленото предание ја негира Библијата и по тоа што прави "светци" од луѓе што се самоубивале во суви бунари.
 
Доволно е?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2008 во 03:12
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Јас не реков дека цитаот се коси со преданието, туку потенцирав дека конкретно тоа предание не кажува ништо ново. Преданието како што читаш вели дека овој Серафим на крајот на светот ќе воскресне и ќе биде вознесен на Небо. Ваквата изјава наведува на мислење дека само одредени личности ткн, "светци" ќе бидат воскреснати и вознесени, а не сите христијани, затоа што доколку сите христијани ги чека истата судбина, тогаш зошто има потреба да се истакнува посебна личност?



 

 

Преданието не ја дополнува Библијата, затоа што таа си е сосема полна и ништо не може да ја дополни.

Измисленото предание се обидува да ја имитира Библијата наметнувајќи се кај некои верници како "Божји Збор".

Измисленото предание се обидува да тврди разни невистини за апостолите и за Марија кои навистина не им доликуваат. Пример, преданието тврди дека апостолите летале на облаци до кај Марија. Зошто никој од нив не го спомнал тоа нивно спектакуларно искуство? Ако можел Павле да каже дека бил грабнат на 3-то небо, зошто никој од нив да не кажел дека летал на облаци? збунетост Зошто никој од нив да не каже дека ја видел Марија како воскреснала од мртвите и како се вознесла на Небото како Христос втори дел?

Немој сега да ми кажеш дека тоа не било битна информација или дека им се истрошило мастилото и не успеале да го напишат тоа. среќа

Измисленото предание ја негира Библијата со тоа што од Марија и некои други светци прави култ, а од друга страна Библијата вели дека Јован е поголем од Марија и дека Исус никаде не ја пофалил Марија за некоја посебна побожност, ниту пак на нарекол "Мајко".

Измисленото предание ја негира Библијата затоа што претставува за "Христови следбеници" некои кои рушеле нехристијански храмови од чии постапки Христос во многу наврати се воздржал.

Измисленото предание ја негира Библијата и по тоа што прави "светци" од луѓе што се самоубивале во суви бунари.

 

Доволно е?


Пред да почнеш да пишуваш без врска работи, прочитај го целото житие на св Серафим Саровски. Ти дадов и линк со дополнителни информации.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2008 во 03:21
Преданиет не ја дополнува Библијата, ниту ја негира - а е во унисон со неа. Нема никаква контрадикторност.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 15:33



Света Великомаченица Злата Мегленска


Од времето на иноверното турско владеење во Македонија позната е единствената светителка-маченичка, Света Злата Мегленска. За животот и маченичката смрт на Св.Злата дознаваме од нејзиното житие. Тоа е напишано од очевидецот на нејзиното мачеништво, Никодим Светогорец, во 1779 година на грчки јазик.

Според житието, Св.Злата Мегленска е родена и настрадала во село Слатино, Мегленско, во Егејскиот дел на Македонија. Таа е ќерка на сиромашни селски родители, коишто имале уште три ќерки. Света Злата зрачела како со духовни, така и со телесни високи квалитети. Духовните квалитети и биле силната вера во Господ Исус Христос, нејзината смиреност и чистото срце, а надворешно била необично убава. Таа нејзина убавина дала повод нејзиниот живот да се украси со страдање на голема маченичка.
Нејзината ретка убавина го привлека вниманието на еден Турчин од нејзиното место, така што тој решил да најде време и по секоја цена да посегне по честа на убавата Злата и да ги задоволи своите телесни страсти. Еден ден кога Злата заедно со други жени отишла да собира дрва во блиската шума, тој организирал силеџиски грабеж на Злата. Ја зел со себе насилно и ја однел дома кај него. Најпрвин, тој ја убедувал да ја промени својата вера и да премине во мухамеданство, ветувајќи и разни удобности, па дури и ветил дека ќе се ожени со неа. Во спротивно и се заканил дека ќе ја стави на страшни маки.

Од дрскоста на Турчинот, Злата била поразена, но неговите ветувања и предлози храбро и одлучно ги одбила. Откако го повикала на помош името на Господ Исус Христос, таа на Турчинот храбро му одговорила:"Јас верувам и се поклонувам само на Господа Исуса Христа, и од Него нема да се откажам, па макар и да ме сечете на ситни парчиња, а освен тоа сум се зарекла на девствена чесност којашто неможе ништо да ја измени".

Откако ги слушнале овие одлучни искажувања на Злата, Турците сфатиле дека обични средства не ќе можат да ја придобијат нејзината наклоност, ги повикале нејзините родители и трите сестри за да и влијаат да го прими мухамеданството. Во спротивно се заканувале, дека и тие ќе бидат жестоко мачени. Поразени и исплашени, родителите и сестрите ја убедувале Злата да го прими мухамеданството.

Може секој да си ја престави тешката и мачна положба во која се наоѓала маченичката Злата. Од една страна љубовта кон родителите и сестрите, а од друга страна долгот како христијанка кон својата вера. Солзите на нејзините родители и го кинеле срцето. На крајот храбро се издигнала над солзите на своите родители и сестри и & м рекла:"Ако веќе вие ме присилувате да се откажам од Господа Христа вистинскиот Бог, не сте ми веќе мои родители ниту мои сестри. Мојот таткот ми останува само Господ Исус Христос и мајка Пресвета Богородица, а браќа и сестри светителите и светителките маченици и маченички".

Откако Турците увиделе дека сите нивни лукавства и средства што ги употребувале не помогнале ништо, поминале на мачење. Во почетокот ја фрлиле во темен затвор, кај што останала три месеци. Секој ден ја тепале со стапови се додека нејзината крв не ја натопила земјата. Потоа од грбот и исекле парчиња кожа и ги закачиле пред нејзините очи. Од нејзиното тело течело толку крв, што целата земја под неа се натопила. Но нејзните мачители ни со тоа не се задоволиле. Тие и ставале железна прачка и со неа ја прободеле главата низ ушите, така што чад и излегувал низ устата.
Овие страшни маки светата маченичка Злата ги поднесувала многу храбро, а тоа доаѓало од силната љубов спрема својата вера во Господа Исуса Христа. Крвожедните мухамеданци најпосле ја обесиле маченичката на едно дрво и телото и го исекле на ситни парчиња. Така Св.Злата, исчистена низ огинот на страдањето ја предала својата чиста душа на Господа, којшто го облила со силна љубов како смртта, се вели во житието.

Големата маченичка Св.Злата од селото Слатина, Мегленско, настрадала во октомври 1795 година, а како ден на нејзината смрт се слави 13 октомври по стариот календар, а според новиот 26 октомври. Култот на Св.Злата како голема маченичка, најпрвин е пренесен во Света Гора, преку игуменот на Светогорскиот манастир Свети Никита, отецот Тимотеј, според чие сведочење е напишано нејзиното житие.
Храм посветен на Света Злата Мегленска во најново време(1986г) се гради во село Сарај, Скопско. Убавата претстава на Света Злата во најново време е насликана од Никола Цонев во манстирот "Свети Наум Охридски" на Попова Шапка. Сликарката Јулијана Апостоловска има насликано уметничка икона што сега се чува во трпезаријата на Лешочкиот манастир.

Заеднички да и се помолиме:"Света великомаченице Злато биди ни закрилница на целиот православен народ кој живее тука и моли Го Севишниот Бог, да не му допушти на ѓаволот да ни возложува слични маки и искушенија кои Ги претрпе заради нас грешните луѓе". АМИН!



Изменето од Sunny - 24.Октомври.2008 во 15:33
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2008 во 15:44



Свети Маченик Трифун



Меѓу мачениците кои страдале за Христовата вера, едно од многуте видни места зазема светиот маченик Труфун. Мачениците се одликувале со непоколеблив карактер и цврста волја. Кај секој од нив се прославувало Светото Име на Господа и нам ни даваат пример како треба храбро да се оди кон Царството Божјо и неискажливата радост. Секој од нив со својот подвиг покажува и докажува дека за Бога се е можно и дека од нејаки деца и немоќни старци можеме да постанеме духовни херои на кои не може сета сила демонска да им наштети.

Пример за духовен херој ни дава животот на светиот маченик Трифун, чиј спомен нашата Црква денес го прославува. Роден е во малоазиската област Фригија во Мала Азија. Уште од рано детство во него се пројавила необична Божја благодат со покажување на
дар на чудотворство. Тој на изненадување на своите современици имал моќ над болните. Посебно душевно заболените по погледот на младиот Трифун биле излекувани. Некоја необична исцелителна сила зрачела од неговиот поглед.

Меѓу многубројните негови чуда кои што ги вршел со благодатта Божја, се споменува и исцелувањето на ќерката на Римскиот император Гордијан. Тој имал необично убава ќерка и поради нејзината убавина многу кнезови ја проселе за своите синови. Но се случило несреќа да оваа убава принцеза душевно се разболи, бидејќи нечистиот дух влегол во неа и многу ја мачел. При страшните настапи на болеста таа многу пати сакала да се фрли во оган или вода. Ниеден лекар не можел да и помогне и да ја излечи. На девојката и е откриено дека единствено може да ја излечи "детето Трифун".

Дознавајќи царот за необичната моќ на фригиското момче Трифун го повикал да ја спаси неговата ќерка. Царските слуги после долго барање во Фригија го нашле момчето покрај езеро како чува гуски. Затоа тој често на иконите се слика опкружен со гуски. Тогаш тие го повеле во Рим и кога се приближил до местото каде живеела девојката, ѓаволот го осетил неговото доаѓање и немилосрдно почнал да ја мачи девојката викајќи:”Неможам повеќе овде да живеам бидејќи се приближува Свети Трифун” и не дочекувајќи го излегол и таа веднаш оздравела.

По излекувањето настапила неописива радост во дворот. Царот богато го наградил Свети Трифун, но тој не го задржал добиеното богатство туку веднаш го разделил на сиромашните и бедните, и самиот живеел скромно во своето родно место; да прави добри дела и да им помага на болните и немоќните. Но по смртта на царот Гордијан, кој бил трпелив спрема христијаните, дошол крволочниот цар Декиј кој наредил да се прогонуваат христијаните. Сите оние кои не сакале да се одречат од Господа Христа, ги фаќале, ги мачеле и убивале. И како што не може да се сокрие град што стои на врв планина, така ни Свети Трифун не бил скриен од очите на гонителите.

Светиот маченик не сакал да бега во пустината, туку се наоружал со молитва и благодат Божја и смело пошол кај управникот на покраината Акилин. Тој му наредил да им се поклони на боговите, во спротивно ќе биде подложен на најстрашни маки. Свети Трифун ја одбил неговата наредба. Потоа за него настанале неописиви мачења. Врзан со рацете наназад го обесиле на дрво и го камшикувале три часа. Само мачителите можеле да бидат толку ѕверски расположени спрема невините христијани.

Но младиот маченик Трифун сето тоа го издржал, со изобилна Божја помош. Кога виделе дека ни мачењата не помагаат решиле да го посечат со меч. Но мачителот претходно наредил да го врзат за еден коњ и така вржан бос да го поведат во планината. Од силниот мраз и студ почнале да ну отпаѓаат меса и прсти од нозете, но тој тоа го трпел без збор и наместо протест од усните на овој маченик се слушнала молитвата за гонителите: "Господи не им го пишувај ова за грев".

Пред извршувањето на смртната пресуда, му дозволиле да се помоли на Бога. Тој со топла молитва му заблагодарил на Бога со зборовите: " Господи, Ти благодарам што си ме удостоил да до крај го издржам овој подвиг и прими ја мојата душа во твојата Света Небесна Обител". И Бога ја услишил неговата молитва. И додека се молел, Господ ја зел душата на маченикот кај себе. Мачителите не можеле да ја извршат својата намера да му ја пресечат главата. Ова се случило во Никеја.

Христијаните од ова место го зеле телото на маченикот и го пренеле во неговото родно место. Еден дел од светите мошти денес се наоѓаат во Москва во храмот посветен на Светиот маченик Трифун. Православната Црква го слави како исцелител, кој се удостоил на маченичкиот венец за Господа Христа.

По молитвите на Светиот маченик Трифун, Господе Иисусе Христе, Сине Божји помилуј не и спаси не.
АМИН!


Изменето од Sunny - 24.Октомври.2008 во 15:44
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,625 секунди.