IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поуки од Светите Отци
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поуки од Светите Отци

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 32>
Автор
Порака
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Поуки од Светите Отци
    Испратена: 26.Септември.2008 во 08:40
Во Египетската пустина, некој манихеј (припадник на манихејската ерес) го стемнило па морал некаде да преноќи и си рекол дека бидејќи го знаеле дека не е Православен нема да го примат, но сепак се решил да тропне на вратата од ќелија.

Тогаш излегол еден монах, го познал и со радост го примил. Го поканил на молитва, и откако му угодил и самиот си легнал да се одмори. А манихејот, ноќта, кога си дошол на себе, се зачудил и самиот си рекол:


Зашто овој не покажа никаков презир кон мене? Навистина овој човек е Божји. И како дошол, му се поклонил и му рекол: Од сега и јас сум православен. И останал со него.

Бог е љубов

Изменето од zidarski - 26.Септември.2008 во 09:07
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2008 во 09:06
На барање на Опитен, отворам ваква тема и го префрлам текстот од темата за монаштвото тука.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2008 во 15:17
Си идел еднаш ава Макариј од езерото кон својата ќелија. Носел палмини гранки и на патот, ете го ѓаволот со коса. Ѓаволот сакал да го удри Макариј, но не можел. Му рекол ѓаволот *Многу сила имаш Макариј, не можам против тебе. Се што правиш ти, правам и јас. Ти постиш, а јас сосема не јадам, ти бдееш, а јас воопшто не спијам, со едно само ме победуваш*. *Со што?*, го прашал ава Макариј. Ѓаволот му одговорил *Со смирението, ете зашто ништо не ти можам*.

Изменето од Maran Ata - 26.Септември.2008 во 15:18
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2008 во 22:25
ПРЕКРАСНО!
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2008 во 03:46
Мајка Синклитикија говорела
*Опасно е да поучува оној што нема искуство во дејствителниот живот. Како што може оној што живее во трошна куќа, ако прими кај себе туѓинци, да ги погуби - во случај да падне куќата, така можат и тие што претходно не се научиле на доброто, да ги погубат оние што доаѓаат кај нив да добијат поука. Зашто, со зборови тие навистина ги повикувале кон спасение, но со лошиот живот повеќе им наштетиле на своите следбеници*.

Изменето од Maran Ata - 27.Септември.2008 во 04:16
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2008 во 04:21
Св. Августин напишал:
"Нека ја покажат својата црква, ако можат, но не преку зборување и мрморење, НЕ ПРЕКУ СОБОРИТЕ НА НИВНИТЕ ЕПИСКОПИ, НИТУ ПРЕКУ ПИШУВАЊАТА НА НИВНИТЕ ХЕРОИ, НИТУ ПРЕКУ ИЗМАМНИЧКИ ЗНАЦИ И ЧУДА, бидејќи сме предупредени за вакви работи од Зборот Господов. Но нека ја докажат својата вера преку Законот (Тората), преку предвидувањата на Пророците, преку песните на Псалмите, преку самите зборови на нашиот Пастир, преку зборовите на евангелистите, ОДНОСНО ПРЕКУ КАНОНСКИОТ АВТОРИТЕТ НА СВЕТИТЕ КНИГИ!"
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2008 во 10:13
Еден мудар старец духовно го поучувал еден горделив брат, но тој заслепен, му рекол *Прости ми, оче, јас не сум горд.* Мудриот старец одговорил *А со што, сине мој, можеш појасно да докажеш дека си горд, ако не со тоа што велиш
- Јас не сум горд?*
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2008 во 16:28
Покрај управување со умот, потребо е и управување со волјата.
Не дозволувај ì на волјата да се мотивира од своите желби, туку секогаш нека биде една со волјата Божја. Притоа секогаш имај на ум дека не е доволно само да го сакаш тоа што Му е угодно на Бога, туку треба да Му служиш со чисто срце и без желба да си угодуваш себеси. За да се успее во тоа, мора да се издржи борбата со својата природа, пострашна од која било друга борба до тогаш. Зашто, нашата природа е толку наклонета кон самата себе, што во сите, па дури и во најдобрите духовни дела е подготвена да се задоволи самата себеси и со тоа неприметно и похотливо да се храни.

Свети Никодим Светогорец
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2008 во 19:04
Ве молам без непотребни препукувања и префрлања. Во конкретнава тема, останете само на пренесување на поуки од Светите Отци. Доколку имате забелешки и коментари - има друга тема со иста содржина за тоа...
Do what is right, come what may...
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2008 во 23:27
Еден (за милиони луѓе) Свет Отец, го рекол следново:
Неможам да спречам едно врапче да ми се “исплука “ на глава –
Но можам да го спречам на неа да ми направи гнездо.
(Мартин Лутер)       

Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
belichka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Октомври.2006
Статус: Офлајн
Поени: 2023
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај belichka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2008 во 10:45
nemozeme da e podvizuvame ako pred toa ne sme se naucile na poslushanie,
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2008 во 11:02
БрАВО, прекрасна тема
Срцето ми заигра, душата ми се стопли од радост

Еден Ава бил посетен од Ангел, со порака дека е многу добар
А Авата му одговорил на Ангелот дека на погрешна врата затропал.
Кон врв
bile_teo Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 23.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bile_teo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2008 во 11:13
Авва Антониј            

Авва Антониј рекол:

„Бог не допушта да дејствуваат искушенијата во овој род како во старите, затоа што знае дека луѓето се слаби и дека нема да издржат.“

Уште рекол:

Ќе дојде време кога луѓето ќе станат безумни, и секој пат кога ќе видат некој словесен, ќе се дигнат против него говорејќи: „Ти си безумен“, бидејќи не е како нив.






Тројца отци имаа обичај секоја година да одат кај блажениот Антониј. И додека двајцата го прашуваа за помислите и за спасението на душата, третиот секогаш молчеше ништо не прашувајќи. А после некое време му рече авва Антониј:

- Зар имаш толку многу време да доаѓаш до тука и ништо да не ме прашаш?

А тој одговори:

- Доволно ми е да те гледам, отец.

Го посетија монаси авва Антониј и му рекоа: „Кажи ни како да се спасиме.“
Старецот им рече: „Сте го слушале Светото Писмо? Доволно е за вас.“
А тие рекоа: „Сакаме да чуеме и од тебе, отец.“
А Старецот им рече: „Во Евангелието се вели: Ако некој те удри по едниот образ, заврти му го и другиот.“
Тие рекоа: „Ние не можеме да го правиме тоа.“
Старецот им рече: „Ако не можете да го свртите другиот, барем едниот истрпете го.“
Му рекоа: „Не можеме ни тоа.“
А Старецот рече: „Ако не можете ни тоа, не возвраќајте на истиот начин.“
Рекоа: „Ни тоа не го можеме.“
Му рече Старецот на својот ученик: „Направи им малку каша, тие се болни.“
А ним им рече: „Ако ова не можете, а она не сакате, што да ви правам? Треба да се молите.“





За покајанието - св. Јован Златоуст            


Свети Јован Златоуст


Бог е брз да спаси, а бавен да казни

Секогаш кога свети апостол Павле со Божествен и небесен јазик поучуваше на евангелската наука, тоа го правеше со големо внимание. Бидејќи она за што зборува тој не е според неговиот разум, туку според дадената власт од небесниот Цар. Толкаво внимание покажува особено тогаш кога грешниците ги учи на покајание, за што и јас сега сакам да ви зборувам.
Сите слушнавте дека истиот тој голем и прекрасен маж пишувајќи им на Коринтјаните рече: Да не би пак, кога ќе дојдам при вас, да ме унизи мојот Бог, и да плачам за мнозина, кои погрешиле порано и не се покајале за нечистотијата, блудството и срамотата што ги направиле (2 Кор. 12, 21).
Овој голем учител според својата природа беше човек, но како ревносен слуга Божји зборуваше со небесен јазик и од самото небо ги земаше зборовите, така што на грешниците им ветуваше страв, а на покајаните простување. А додека ова го зборувам за него, оваа власт не ја припишувам на Павловиот јазик, туку сето тоа го припишувам на Божјата благодат, бидејќи и тој самиот тоа го потврди кога рече: „Сакате ли доказ дека Христос зборува преку мене?“ Само заради тоа тој можеше да им го проповеда лековитиот мелем и спасоносното покајание на грешниците.
Но, покајанието е и дар небесен и чудесна сила, која соединета со милоста Божја ја надминува и силата на законот, па затоа и не го одбива блудникот, не го одбива прељубодеецот, не се одвраќа од пијаницата, не се гади од незнабожецот, не го отфрла оној кој осудува, а ни хулникот, па ни горделивиот не го презира, но сите ги прима. Бидејќи, покајанието го спалува гревот.
Иако, пред сѐ, треба да зборуваме за намерата Божја, која се пројавува во покајанието, нема да се поведеме по своите мисли, туку ќе ја изнесеме вистината онака како што е посведочена во Светото Писмо.
Кога милостивиот Бог долго го трпи грешникот, тогаш има двострука спасоносна намера т.е. промислува за неговото спасение по пат на покајание и на неговото потомството, коешто ќе расте во добродетели, им подготвува благочестивост. Повторно ќе го потврдам ова што го кажав.
Бог долго трпи за да се покае оној кој греши, а на оние коишто после него ќе се родат да не им биде ускратено спасението. Па, иако оној кој згрешил не сака да се покае, Бог и тогаш го чува коренот за да ги сочува неговите идни плодови. Покрај тоа го исправува и самиот корен, како што порано кажав, па кога грешникот ќе западне и во крајна злоба, Бог повторно заради неговата полза одлага да го казни очекувајќи спасение на другите коишто ќе се покајат. А како тоа?
Слушај! Тара, таткото на Аврам, беше незнабожец, но за своето неверие не беше казнет. А и тоа е праведно. Бидејќи, ако Бог го пресечеше коренот, како тогаш истиот би дал плод на толкава вера? А кој беше позлобен од Исав? Погледни, те молам и на друг пример на човекољубието. Кој од неговите пороци беше посрамотен? Зарем не беше тој и блудник и осквернител, како што и Апостолот вели за него (Евреи 12, 16)? А кога тој беше и блудник, и братоубиец, и осквернител, и мерзост пред Бога зошто не беше истребен? Зошто не беше посечен? Зошто токму во тој момент не го стигна достојна казна? Зошто прашуваш?
Бидејќи, треба да ја кажеме вистината. Да беше истребен, светот би го немал големиот плод на вистината. А како тоа?
Слушај! Исав го роди Рагуил, Рагуил го роди Зар, а Зар го роди Јов. Приметуваш ли колкав плод на трпението би загинал ако Бог претходно го отстранеше коренот? Па и во другите случаеви расудувај вака.
Затоа Бог и Мисирците, како хулници долго ги трпеше, бидејќи во Мисир во најрано време се основани цркви и манастири. И Мисир меѓу првите се исполни со оние коишто тежнееле кон ангелскиот живот. Исто така говорат и оние коишто се запознаени со граѓанскиот закон, а така вели и римскиот закон: „Жена, која направила престап, а која се казнува со смрт, не треба да биде казнета пред да се породи.“ А тоа и е единствено праведно, бидејќи оние кои го донеле законот не сакале со онаа која згрешила, да биде погубено и невиното дете. А кога човечките закони ги штедат оние кои ништо не згрешиле, колку повеќе Бог ќе го чува коренот кој во своите плодови ја сокрива благодатта на покајанието.
Меѓутоа, да го погледнеме дејството на благодатта на покајанието над оние кои грешат, бидејќи и кај нив може да се воочи истоветна причина на Божјото човекољубие.
Казната да не го чекаше поправувањето, светот сосема би бил истребен и би изгинал. Бог да брзаше со казнувањето, Црквата ќе го немаше Павле и не ќе добиеше толку голем маж. Затоа Бог го трпеше хулникот за да го покаже покајникот.
Долготрпението Божјо, значи, направи гонителот да стане проповедник, долготрпението Божјо го претвори волкот во пастир, долготрпението Божјо направи од цариникот евангелист, а со истото долготрпение Божјо сите сме помилувани бидејќи се променивме, сите се обративме. Па кога ќе видиш дека и пијаницата станал испосник, кога ќе видиш дека и оној што хулеше станал богослов, и кога ќе видиш дека оној што со гнасни песни си ја валкал устата со божествени песни ја чисти својата душа, прославувај го долготрпението Божјо, фали го покајанието и за преображението расудувајќи говори: Ова е промена од десницата на Севишниот (Пс. 76, 11).
И навистина! Бог спрема сите е милостив, а долготрпението го покажува најмногу кон грешниците. И ако сакаш да слушнеш тврдење, непознато на вообичаеното расудување, но вистинито и кое за благочестивоста говори, слушни го ова што ќе ти го кажам.
На праведните Бог секогаш им се јавува како страшен, а на грешниците како благ и брз за нивно помилување. Грешникот кој паднал го подига и говори: зар паднатите не стануваат, и оние што скршнале од патот не се враќаат? (Јер. 8, 4-5). И повторно: Обрнете се кон Мене ... и Јас ќе се обрнам кон вас (Зах. 1, 3).
На друго, пак, место со своето големо човекољубие и со заклетва потврдува дека спасението може да се здобие со покајанието: Жив сум Јас, вели Господ Бог: Јас не ја сакам смртта на грешникот, туку грешникот да се одврати од својот пат и да остане жив (Јез. 33, 11).   
Спротивно, за праведникот вака говори: И праведникот, ако отстапи од својата правда и постапува неправедно, ако ги врши сите оние гадотии, што ги врши грешникот, ќе биде ли жив? (Јез. 18, 24).
О, колку е голема строгоста кон праведникот и колку е големо милосрдието кон грешникот!
Бог, значи, различно постапува и разновидни мерки употребува, но не затоа што е непостојан, туку затоа што Својата милост ја насочува исклучиво на полза. А зошто тоа?
Слушај! Ако Бог би го плашел грешникот кој неотстапно пребива во гревови, би го навел на очајување, па и на сомнеж во надежта, а ако праведникот би го пофалил, би го направил небрежен во добродетелниот труд, така што истиот и понатаму, веќе како блажен, не би ја практикувал добродетелта. Па затоа грешникот го милува, а праведникот го укорува. (Затоа Он е) Старшен за сите што Го опкружуваат (Пс. 88, 7) и добар... кон сите (Пс. 85, 5), како што е напишано.
Старшен за сите што Го опкружуваат. А кои се тие што Го опкружуваат, ако не светиите? Бидејќи кој ќе Му се вподоби на Господ меѓу синовите Божји? Велик е и страшен за сите што Го опкружуваат (Пс. 88, 7-8) и ако види некого да паѓа, му ја подава раката на милосрдието, а ако го види другиот сѐ уште да стои, го укорува, и сето тоа го прави со праведен суд. Праведникот, значи, со стравот го зацврстува, а грешникот со милоста го подига.
Сакаш ли пак да видиш дека Он правовремено ја покажува Својата милост и дека со она што е полезно истовремено покажува и строгост, со внимание послушај за да можеш да ја разбереш длабоката смисла на ова.
Онаа грешна жена (а тоа на сите им е познато), која се наоѓала во секој грев и беззаконие, и која многу згрешила и многу грешни дела правела, кога го посакала спасението и се покајала, дошла на гозбата на светиите (тој собир гозба го нарекувам затоа што на неа беше присутен и Светиот над Светиите). И додека Исус престојувал во куќата на Симон фарисејот, дошла жената, познатата грешница и се допрела до нозете на Спасителот и со солзи ги облила и со косата ги избршала, па иако со толку гревови била умртвена, Човекољубецот ја подигнал говорејќи ѝ: Ти се простуваат гревовите (Лука 7, 48).
Немам намера целата приказна да ја толкувам, но само заради сведоштво ќе го наведам и ова: Затоа ти велам: нејзе ѝ се простуваат многу гревови, оти ме возљуби многу. (Лука 7, 47). И за толкуте гревови грешната жена доби простување, додека Марија, Мојсеевата сестра, поради некое мало роптање беше осудена на прогонство.
А на грешниците им вели: Гревовите ваши да се како бакам, - како снег ќе ги избелам (Ис. 1, 18). Со промена, значи, патот на покајанието темнината ја претвора во светлина и со милостив глас ги простува безбројните гревови.
А што им зборува на оние кои се праведни?
   А оној што ќе го нарече брата си „будала“, ќе биде виновен за во пеколот (Матej 5, 22). Поради еден збор покажува толкава строгост, а наспроти толкавите гревови раздава толкава обилна милост.
Погледни, те молам, уште нешто што е достојно за восхитување.
Бидејќи гревовите како и другите долгови се запишуваат, така и на оние грешници кои се каат, им се простува и тоа што некогаш им е дадено. А од праведникот се бара и камата. Читаме во Евангелието, Му пристапил должник кој Му должел многу таланти, и бидејќи за ова со големо покајание и многу молби Го молел и велел: Господаре, почекај ме, и сѐ ќе ти вратам (Матеј 18, 26), милостивиот Господ не барал од него никаков надомест, но му го прифатил неговото признание наместо долгот.
На должникот, значи, кој должел десет илјади таланти, му ја простил дури и главницата, додека на праведникот и камата му побарал. Па зошто, се вели, не го даде моето сребро на трговците, та кога ќе се вратам, да го добијам со интерес?“ (Лука 19, 23).
Ова не ви го велам за да ве убедам дека на праведниците им е непријател, бидејќи ништо не му е помило на Бог од праведен човек, но како што и претходно реков, Бог грешникот го теши, за да го подигне, а праведникот го плаши за да го зацврсти. И на грешните и на гордите, кои се како непријатели, многуте гревови им ги простува, а на праведните и за најмалку им замерува, бидејќи сака да немаат во своето совршенство ниеден недостаток.
Кон врв
Опитен Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Опитен Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2008 во 14:10
Светите Отци велат дека молитвата „ Господи Исусе Христе, помилуј ме!“ преставува скратено Евангелие и ако покајанието, според свети Исаак Сиријски, е „трепет на душата пред вратите на Царството“, тогаш „Господи Исусе Христе, помилуј ме“ е тропањето на вратата на Неговата милост, на која ни заповеда Христос стално да чукаме. „ Чукајте и ќе ви се отвори“.
Господи Исусе Христе помилуј не
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.