IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - На денешен Ден
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

На денешен Ден

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 36>
Автор
Порака Обратен редослед
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2008 во 12:11

- Светски ден за заштита на животните

- Светски ден на населбите

1669.- Во Амстердам умре Харменсон ван Рајн Рембрант, холандски сликар, еден од најпознатите во историјата на европското сликарство кој ја доведе до совршенство хуманизацијата на човековиот лик. Автор е на делата "Ноќна стража", "Час по анатомија", "Христос во Емауд" и други. Роден е во Ленда, на 15 јули 1606 година.

1787.- Роден е францускиот политичар и историчар Франсоа Пјер Гијом Гизо, шеф на дипломатијата од 1840 до 1847 година и претседател на владата од 1847 до 1848 година. Соборен е од власта во Февруарската револуција во 1848 година кога е соборен и кралот Луј Филип. Дела: „Историја на англиската револуција“, „Историја на цивилизацијата во Франција“.

1824.- Мексиканскиот народ по долготрајна борба против шпанската колонијална војска се избори за независност и го прогласи Мексико за република со неофицијален назив Соединетите Држави Мексико.

1830.- Белгија стана независна држава, одвојувајќи се од Холандија чиј дел беше од 1815 година. Причините поради кои се одвоија беа верската нетрпеливост бидејќи повеќето Белгијци се римокатолици, а Холанѓаните протестанти.

1853.- Османлиското царство ја започна Кримската војна во која во 1854 година се придружија Франција, Велика Британија и Сардинија (Пиемонт). Во војната Русија по големите борби на крајот на 1856 година доживеа пораз.

1865.- На состанокот меѓу прускиот канцелар Бизмарк и францускиот цар Наполеон III е постигната спогодба Кралството Прусија да го преземе врховното водство во Германија. Тој договор подоцна и се одмазди на Франција. Агресивната политика на Бизмарк доведе до војна во 1870 година, во која Наполеон III доживеа тежок пораз, а Прусија врз урнатините на неговото царство воспостави нова обединета германска империја.  

1870.- Француското собрание, по три дена откако беше заробен Наполеон III во битката кај Седан во француско-пруската војна, ја обнови републиката. Тогаш е одлучено, под притисок на јавното мислење, Франција да ја продолжи борбата против Прусија, која заврши со огромен пораз.

1878.- Во САД е отворена првата кинеска амбасада кога амбасадорот Чен Лан Пин му ги предаде акредитивите на американскиот преседател Ратерфорд Хејс.

1892.- Роден е австрискиот државник Енгелберт Долфус, канцелар од 1932 до 1934 година. Тој се противеше на идејата на Адолф Хитлер да ја припои Австрија со Германија. Поради упорното спротивставување на Хитлеровата намера, австриските нацисти го убија во Виена во јули 1934 година, но сепак нивнот пуч тогаш заврши без успех.

1895.- Роден е американскиот филмски глумец Џозеф Френсис, познат како Бастер Китон. Најчесто глумеше самотник, кој е во судир со сите. Филмови: „Генерал“, „Навигатор“, „Шерлок помладиот“, „Снимател“, „Булевар на самракот“, „Светла сцена“.  Умре на 1 февруари 1966 година.

1924.- Роден е американскиот глумец Чарлс Картер, познат како Чарлтон Хестон. Филмови: „Дестте заповеди“, „Бен Хур“ (Оскар), „Јулиј Џезар“, „Агонија и екстаза“, „Ел Сид“ (Оскар), „Мајор Денди“, „Планетата на мајмуните“, „Земјотрес“.

1937.- Во Скопје е основано спортското друштво Раднички (за време на НОВ на Македонија се викало ФК Слобода). По завршувањето на НОВ го носи името Работнички, а во првата декада на 21. век Работнички Кометал.

1941.- Во селото Чучер, Скопско, е формиран првиот Народноослободителен одбор во Македонија. За прв претседател беше избран Петар Крстев Урдаревски.

1944.- Во селото Алгуња, Кумановско, е формирана Осумнаесеттата македонска НО бригада.

1947.- Во Гетинген умре Макс Планк, германски физичар, основач на Квантната теорија, хипотеза дека енергијата се емитува и се апсорбира само со дискретни количества. Работеше и на теоријата за хемиска рамнотежа и на формулирањето на термодинамичките принципи. Во 1918 година ја доби Нобеловата награда за физика. Роден е во Кил, на 23 април 1858 година.

1957.- Западните земји, особено САД, беа изненадени, бидејќи беше јасно дека сателитот „Спутник1“ може да исфрли исклучително силна ракета, многу посилна од оние со кои во тоа време се експериментираше на Запад. Поради студената војна дојде до остро вселенско натпреварување.

1996.- Британската африканска колонија Басутоленд се стекна со незвисност под името Кралство Лесото.

1970.- Американската пејачка Џенис Џоплин е пронајдена мртва. Беше најпознатата бела пејачка на блуз во шеесетите години од 20. век. Прекумерната доза на дрога беше причината за нејзината смрт.

1986.- Во Охрид, во катедралната црква „Света Софија“, се одржа Архиепископски изборен црковно-народен собир, на кој г.г. Гаврил (Ѓорѓи Милошев) е избран за трет по ред архиепископ охридски и македонски - поглавар на Македонската православна црква. Следниот ден во црквата „Свети Климент“, новоизбраниот поглавар положи свечена заклетва и му беа врачени архиепископските обележја. Прв поглавар на Македонската православна црква беше обновувачот на Охридската архиепископија и организатор на Македонската православна црква архиепископот г.г. Доситеј (Димитар Стојковски), втор архиепископот г.г. Ангелариј (Цветко Крстевски), четврти г.г. Михаил (Методи Гогов) и петти г.г. Стефан (Стојан Велјановски).  

1992.- Владата на Мозамбик со бунтовниците потпиша мировен договор со што по цели 16 години заврши граѓанската војна во земјата која до 1975 година беше португалска колонија.

1993.- Во Москва беше емитувана одлуката на претседателот Елцин за воведување вонредна состојба во главниот град на Русија. Со неа се забранува секакво собирање, односно забрането е одржување на митинзи и демонстрации. Руската влада го повика народот да не се вклучува во немирите.

1995.- Во Скопје умре Благоја Црвенков, првиот академски образовен актер во Македонија. Роден е во 1915 година.

1996.- Талибанците го зазедоа Кабул, главниот град на Авганистан. Набрзо уследи терор врз неистомислениците.

1998.- Во Скопје е поставен камен-темелник за изградба на црквата „Света Богородица“.

2001.- Рускиот авион „Tu-154“ со 78 патници и членови на екипажот, кој летал од Израел, по грешка е соборен во воени вежби од украинска ракета врз Црното Море.

2002.- Американскиот талибанец Џон Вокер Линд е осуден на 20 години затвор за учество во вооружени операции против Американците.

2003.- Исламски терорист-самоубиец во ресторан во градот Хаифа, северен Израел, усмрти 23 луѓе.

2004.- Во Вентури, Калифорнија, САД, умре Гордон Купер, американски астронаут, еден од пионерите на првата американска вселенска програма „Меркјури“. Роден е во 1927 година.

2005.- Европската унија ги започна преговорите со Турција за членство на земјата во најголемата регионалната ингетрација во светот.

2007.- При пад на авион од типот „Антонов 26“ во предградието Кингасан, во непосредна близина на аеродромот Ндили во Конго загинаа 39 луѓе. Авионот се урна три часа по полетувањето од аеродромот во Киншаса, а и припаѓаше на компанијата „Ефрика Уан“, на која и е забрането да лета над земјите од Европската унија заради безбедносни причини.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2008 во 13:44

- Светски ден на пешачењето.

1796.- Предводени од владиката Петар I Петровиќ Његош, Црногорците на Круси ги победија Турците, а во битката загина скадарскиот паша Махмут Бушатли, кој со 23.000 војници се обиде да ја покори Црна Гора.

1824.- Собранието на Мексико го усвои Уставот со кој државата стана независна.

1835 - Роден е францускиот композитор, пијанист, диригент и оргулист Шарл Камиј Сен Санс, романтичар со типичен француски дух и рационални музички угледни форми. Дела: операта „Самсон и Далила“, три симфонии, поемата „Танц на смртта“, четири симфониски песни, пет клавирски концерти, три концерти за виолина, концерт за виолончело, композицијата за камерен состав „Карневал на животните“, клавирско трио, два гудачки квартета, балетот „Зборливка“.

1859.- Во Бугеван е родена Елеонора Дузе, италијанска артистка, една од најголемите трагичарки на своето време. Умре во Питсбург, САД, на 21 април 1924 година.

1866.- Со Виенскиот договор војната помеѓу Австрија и Италија по седум месеци заврши. Со договорот на Италија и припаднаа провинцијата Венето и градот Венеција.

1888.- Роден е германскиот новинар Карл фон Осјецки, добитник на Нобеловата награда за мир во 1935 година. Имено, тој откри дека Германија повторно се вооружува пред Втората светска војна. Првпат беше уапсен во 1931, а вторпат во 1933 година по доаѓањето на нацистите на власт. Беше затворан во концентрациони логори, а во 1938 година умре од повредите здобиени во логорите.

1895.- Во селото Константиново (Есенино), Разјанска област, е роден Сергеј Александрович Есенин, еден од најчитаните руски лиричари и истакнат обновувач на поетската сликовитост. Познати негови дела се „Задушница“, „Триптих“, „Стихови на скандалистите“, „Кафеанска Москва“, „Советска Русија“, „Персиски мотиви“ и „Ана Снегина“. Во Санкт Петербург, во состојба на тешка душевна депресија, се самоуби на 28 декември 1925 година.

1897.- Роден е францускиот писател Луј Арагон, најпрвин дадаист а потоа еден од првите идеалисти. По конгресот на револуционерните писатели во Харков во 1930 година, се определи за соцреализам. На Комунистичката партија на Франција и пристапи во 1927 година, учесник е во Граѓанската војна во Шпанија и во француското Движење на отпорот во Втората светска војна.  Дела: збирка песни „Оган на радоста“, „Ура Урал“, „Елзините очи“, „Очи на сеќавањата“, „Елза“, „Вечно движење“, романите „Селанец од Париз“, „Базелски ѕвона“, „Света недела“, „Комунисти“ и други.

1906.- Во Берлин Радио конференцијата го прифати SOS како меѓународен сигнал за помош.

1910.- Во Хајден умре Жан Анри Дигнан, швајцарски филантроп, основач на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1863 година кој подоцна прерасна во меѓународна организација. На оваа идеја дојде по битката кај Солферино (24 јуни 1859 година), во Италија, кога го организира месното население за помош на ранетите. Целиот свој живот го посвети на своите хуманитарни замисли. Во 1901 година ја доби Нобеловата награда за мир. Роден е во Женева, на 8 мај 1828 година. 

1922.- Во Љубљана е роден Франц Космач, словенечки писател, филмски режисер, сценарист и публицист. Умре во Љубљана, на 8 октомври 1974 година.

1929.- Називот на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците е сменет во Кралство на Југославија.

1929.- Во Берлин умре Густав Штреземан, германски политичар и државник. Во 1926 година ја доби Нобеловата награда за мир за потпишувањето на неколку значајни мировни спогодби. Роден е во Берлин, на 10 мај 1878 година.

1932.- Ирак се стекна со независност и стана член на Друштвото на народите, по завршувањето на британскиот мандат.

1943.- Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија упати Манифест до македонскиот народ во кој се изнесени основните прашања во врска со ослободителната борба на македонскиот народ, карактеристиките на ослободителното движење, потребата за единство на македонскиот народ со сите националности во ослободителната борба.

1944.- Во реонот на Кавадарци е формирана Единаесеттата македонска НО бригада.

1944.- Германските МЕ-262 се првите млазни авиони во историјата  во техничка смисла револуционерни летала кои постигнуваа брзина над 800 километри на час.

1952.- На островите Монте Бело покрај северозападниот брег на Австралија, Велика Британија ја испроба првата атомска бомба.

1954.- Во Лондон на конференцијата на девет западни земји е одлучено СР Германија да стане член на Северноатланскиот пакт.

1968.- Претседателот на Перу Фернандо Белаунде Тери е соборен во воениот удар од левичарската Национална револуционерна хунта која ја предводеше генералот Хуан Веласко Алварадо.

1981. Ирски националисти по седум месеци се откажаа од штрајкот со глад во затворот Мејз во Белфаст. Во текот на штрајкот умреа 10 штрајкувачи.  

1990.- Повторно, по 45 години, се обединија СР Германија и ДР Германија.

1991.- Претседателството на СФРЈ според Уставот почна со работа во услови на непосредна воена опасност, оценувајќи дека е на повидок граѓанска војна. Претставниците на двете републики Хрватска и Словенија излегоа од Претседателството.

1992.- Умре проф. д-р Миодраг Мицев, истакнат македонски научен работник на полето на невротичните состојби и психоматските заболувања, професор на Медицинскиот факултет и на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Меѓу најзначајните негови трудови се „Психоанализата на театарот“, „Интимно за мажите“, „Зошто“ и други. Роден е во Белград, во 1935 година.

1995.- Франција и понатаму го игнорира Меѓународниот притисок и изврши нова нуклеарна проба во јужен Пацифик.

1995.- Во Скопје, врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров е извршен атентат со експлозија на автомобил-бомба. Притоа, претседателот беше повреден. На самото место загина неговиот возач Александар Спировски. Повредени беа претседателскиот придружник и телохранител Илчо Теовски, случајните минувачи Христо Христоманов, Климе Коробар и Јован Атанасовски, а беше направена и голема материјална штета.

1997.- На експерименталната железничка делница западно од Токио, јапонски воз на магнетни перничиња со брзина од 451 километар на час го собори светскиот рекорд.

2000.- По само четири месеци од преземањето на должноста, тајванскиот премиер Танг Феи соопшти дека поднесува оставка.

2002.- Турскиот суд и формално му ја укина смртната пресуда на к*рдскиот бунтовник Абдулах Озалан, кој во 1999 година беше уапсен и најбзо осуден на најтешката казна.

2002.- Конституирано е четвртото (третото по осамостојувањето) Собрание на Република Македонија. За преседател на Собранието е избран Никола Поповски.

2004.- Умре американската филмска глумица Џенет Ли. Сними повеќе од 60 филмови, играјќи со славните имиња Џејмс Стјуарт, Џон Вејн, Френк Синатра и Пол Њумен. Вистинската слава и ја донесе филмот на Алфред Хичкок „Психо“ во 1960 година. За улогата во филмот го доби „Зланиот глобус“ и беше номинирана за Оскар. Најпознатата сцена во филмот, кога Џенет Ли се тушира, влезе во сите кинематографски антологии. Родена е во 1927 година.

2007.- Воената управа во Мјанмар, како гест на добра волја, ослободи 80 будистички монаси кои учествуваа во големите антивладини протести. Мјанмар, поранешна Бурма, е земја во која будистичкото монаштво ужива посебен општествен углед.

2007.- Во несреќата недалеку од Јоханезбург, во рудник за злато во сопственост на петтиот светски производител на злато „Хармони Голд“ затрупани беа приближно 3.200 рудари, на длабочина од околу 2.200 метри. До несреќата најверојатно дојде поради попуштање на платформата во едно од подземните окна, по прскањето на водена пумпа.

2007.- При судар на два брода, во сојузната држава Кеби, на реката Дола Каина, во северна Нигерија, загинаа најмалку 31 лице, а уште шест беа повредени. Бродот полн со патници се судри со товарен брод.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2008 во 11:21

1187.- Арапскиот војсководец и египетски султан Саладин го презеде Ерусалим од христијаните, со што во 1189 година ја предизвика Третата крстоносна војна.

1452.- Роден е англискиот крал Ричард III, кој владееше од 1483 до 1485 година кога загина во битката кај Босворт во борбата со трупите на Хенри VII, основач на династијата Тудор. Со загинувањето на Ричард заврши „Војната на двете ружи“ - наречена така бидејќи династијата Ланкастер, со кој Хенри VII беше во сродство, на грбот имаше црвена, а династијата Јорк бела ружа. 

1608.- Пред Државниот совет во Хаг, холандскиот оптичар Ханс Либертеј го демонстрира првиот употреблив дурбин. Познатиот Галилеј првиот дурбин го употреби кон ѕвезденото небо, а Коперник и Њутон го усовршија толку многу што тој стана незаменлив инструмент во науката.

1836.- Англискиот научник Чарлс Дарвин по петгодишните истражувања на живиот свет во Јужна Америка и на островите на јужен Пацифик  со бродот „Бигл“ вплови во пристаништето Фалмут. Истражувањата значително придонесоа за развој на неговата теорија за еволуцијата.

1847.- Роден е германскиот државник и фелдмаршал Паул фон Хинденбург, во Првата светска војна началник на штабот на германската Врховна команда, а од 1925  до смртта во 1934 година беше претседател на Германија.

1851.- Роден е францускиот маршал Фердинан Фос. Во Првата светска војна командуваше во клучните битки против Германците на Западниот фронт. Под негова команда, во близина на Париз, Германија на 11 ноември 1918 година потпиша капитулација, со што заврши војната.

1852.- Роден е шкотскиот хемичар Вилијам Ремзи, добитник на Нобеловата награда за хемија во 1904 година. Тој ги откри хелиумот, аргонот, криптонот, радонот, неонот и ксенонот. Вилијам Ремзи докажа дека хелиумот се создава при радиоактивното распаѓање на радиумот.

1869.- Роден е Махатма Ганди, познат индиски национален водач, хуманист и политичар кој се бореше за помирување и соработка меѓу Индијците со индуистичка и муслиманска вера. На 30 јануари 1948 година во Делхи бил убиен од еден индуистички фанатик.

1870.- Рим стана главен град на обединета Италија.

1904.- Роден е англискиот писател Грејм Грин, суптилен аналитичар на психата. Дела: романите „Брајтонска карпа“, „Моќ и слава“, „Крај на љубовта“, „Монсињор Кихот“, „Доктор Фишер од Женева“, „Третиот човек“ и други.

1904.- Роден е индискиот државник Лал Бахадур Шастри, премиер на Индија од 1964 до ненадејната смрт во јануари 1966 година, во текот на посетата на СССР.

1924.- Друштвото на народите го усвои Женевскиот протокол за мирно решавање на меѓународните спорови.

1935.- Италија ја нападна Абисинија (Етиопија). Италија користеше најмодерно оружје и  забранети боеви отрови. Етиопија под нејзина окупација остана до 1941 година.  

1944.- По 63-дневни тешки борби е задушено востанието на жителите на Варшава, во Полска. Востаниците херојски се бореа, но не можеа да им се спротивстават на многу појаките сили на германскиот окупатор, кои сурово се пресметаа со востаниците. Во востанието загинаа околу 250 илјади жители на Варшава, а самиот град беше речиси разорен.

1958.- Француската западноафриканска колонија Гвинеја се стекна со независност.

1967.- Во Скопје, во салата на ДТВ „Партизан III“, двајцата ентузијасти, пропагатори на боречките спортови - Атанас Којчевски, професор по физичко воспитување и Сејдо Теофиловски, студент, со 117 младинци го одржаа првиот час по карате во Македонија.

1973.- Умре финскиот тркач Паво Нурми, кој на долги патеки освои девет златни медалји на Олимписките игри  во 1920, 1924 и во 1928 година. Светскиот рекорд го собори дури 29 пати.

1985.- Во својата вила во Беверли Хилс, Лос Анџелес, САД, умре Рок Хадсон, еден од најпознатите и најпродуктивните американски артисти по Втората светска војна. Роден е во државата Илинис, на 17 ноември 1925 година.

1985.- Во Скопје, во реванш натпреварот од првото коло на Купот на УЕФА, ФК Вардар од Скопје, го победи ФК Динамо од Бук*решт со 1:0 и се пласира во натамошното учество, бидејќи на 17 септември 1985 година во Бук*решт загуби со 2:1.

1990.- На аеродромот во кинескиот град Гуангџои загинаа 127 луѓе кога киднапиран кинески авион удри во два авиони кои беа на аеродромската писта.

1991.- Сите странски средства за информирање оценуваат дека "Белград почна нова воена офанзива" и Југославија повторно е на работ на општа граѓанска војна.

1992.- Во Рим, пред италијанскиот Парламент познат под името Монтециторио се одржаа протестни манифестации во полза на признавањето на Република Македонија.

1994.- Во Пробиштип е осветена новоизградената црква „Пресвета Богородица“.

1996.- Поранешниот бугарски премиер Андреј Луканов е усмртен со огнено оружје пред својата куќа во Софија.

1998.- Жан Пол Акајес, бивш мајор на армијата на Руанда, обвинет за геноцид и злосторство врз човештвото, во Хаг е осуден на три доживотни казни.

2000.- Во Скопје умре Александар Ивановски, македонски новинар, еден од основачите на весникот „Вечер“. Роден е во Скопје, на 21 февруари 1937 година.

2006.- Успешно се спушти на земја првата вселенска туристка Ануша Ансари, Американка од иранско потекло. И покрај малите проблеми во текот на првиот ден од летот, таа успешно и во потполност ги изведе сите научни експерименти при престојот во Меѓународната вселенска станица. Родена е во Техеран 1967 година, а емигрира во САД во 1984 година. Престојот во вселената ја чинеше 20 милини долари.

2007.- Во пожар на Московскиот факултет за државен корпоративен менаџмент загинаа девет, а повредени беа 51 лице од кои 18 тешко. Меѓу загинатите и повредените повеќето беа студенти и професори на овој факултет. Во пожарот во целост изгореа четвртиот, последен кат, и дел од третиот.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 09:48

1207.- Роден е англискиот крал Хенри III кој на престолот застана на деветгодишна возраст по загинувањето на неговиот татко Џон, наречен Џон Без Земја. Вистински почна да владее во 1234 година.

1684.- Умре францускиот писател Пјер Корнеј, творец на класичната француска трагедија. Пишуваше и комедии, религиозни поеми и театарски летературно-теориски статии. Дела: трагедиите „Сид“, „Родогин“, „Никомед“, комедијата „Лажливец“.

1754.- Роден е рускиот цар Павле I Петрович Романов, наследник на Катарина Велика. По доаѓањето на власт во 1796 година во борбата против ширењето на идеите на Француската револуција Русија ја воведе во „Втората коалиција“ со Англичаните и Австријците против Французите. Разочаран од пасивноста на Англија, во 1800 година се смири со „првиот конзул“ на Франција, Наполеон Бонапарта и ги прекина дипломатските односи со Лондон. Со честото менување на чиновништвото против себе ги сврте офицерите кои во 1801 година го убија.  

1865.- Роден е фрнцускиот композитор и музички критичар Пол Дика, професор на Парискиот конзерваториум. Дела: „Аријадна и Синобрадиот“, „Пери“.

1891.- Во селото Смоквица е роден Анѓел Динев, македонски општественик и публицист. Во своите дела "Македонските Словени", "Илинденската епопеја" и "Политичките убиства во Бугарија", смело го истакнува постоењето на македонската нација. Учесник е во македонското националноослободително движење. Умре во Скопје, на 17 февруари 1952 година.

1904.- Во Киев е роден Владимир Хоровиц, руски пијанист, еден од најдобрите музичари во 20. век. Во 1944 година стана американски државјанин. Концерти приредуваше во Киев, во Берлин, во Лондон, во Њујорк и на други места. Умре во Њујорк, на 6 ноември 1989 година.

1910.- Во Скопје излезе првиот број на весникот „Социјалистичка зора“, орган на Социјалистичката партија на Скопје. Особено внимание им посвети на социјалистичкото движење, на конференциите, на партискиот и на синдикалниот живот и воопшто на животот на работниците.

1914.- Турција како сојузник на Централните сили во Првата светска војна ги затвори Дарданелите за бродовите од земјите-членки на Антантата.

1918.- Предводени од англискиот полковник Томас Лоренс, познат како Лоренс од Арабија, Арапите во Првата светска војна со помош на Британците го презедоа Дамаск од Турција.

1923.- Во Софија, умре Ефрем Чучков, македонски револуционер и војвода, член на ВМРО. Бeше близок соработник на Гоце Делчев и на други македонски револуционери. Роден е во селото Ново Село, Штипско, во 1870 година.

1924.- Роден е американскиот државник Џејмс Ерл „Џими“ Картер, претседател на САД од 1977 до 1981 година.

1936.- Генералот Франциско Франко во Бургос, со чин генералисимус, е прогласен за шеф на државата и врховен командант на шпанската војска.

1938.- Германската армија, по Минхенскиот договор на Германија со Велика Британија и Франција, влезе во Чехословачка окупирајќи ја Судетска област.

1943.- На планината Буковиќ, Кичевско, околу 4.000 балисти, заедно со германските офицери и војници, извршија напад врз слободната територија во западна Македонија. Тука тие наидоа на жесток седумчасовен отпор од страна на Младинската партизанска чета, која имаше 39 борци, предводени од командирот Лазар Лазарески и комесарот Мирко Милески - Урош. Во оваа борба загинаа речиси сите борци на четата заедно со командирот Лазарески и комесарот Милески (подоцна прогласен за народен херој на Југославија, од Македонија).

1946.- Меѓународниот воен суд во Нирнберг по десетмесечен процес осуди на смрт со бесење 12 германски нацистички старешини поради сторени воени злосторства  во Втората светска војна, тројца на доживотна робија, а четворица на затворска казна од 10 до 20 години.

1949.- Во Пекинг е прогласено основањето на Народна Република Кина. За претседател е избран Мао Це Тунг, а за премиер и министер за надворешни работи Чу Ен Лај. - Национален празник на НР Кина.

1960.- Прогласена е независноста на најнаселената африканска земја Нигерија, која дотогаш беше британска колонија.

1961.- Во Скопје, непосредно по фудбалскиот натпревар Вардар - ОФК Београд 3:2 (3:0), од срцев удар умре Илеш Шпиц, унгарски фудбалер и тренер на фудбалските клубови Хајдук од Сплит, Граѓански, Македонија и Вардар од Скопје, на Партизан од Белград и на фудбалската репрезентација на Југославија. Има голем придонес за развој на македонскиот фудбал. Роден е во Будимпешта, на 1 февруари 1902 година.  

1979.- Зоната на Панамскиот канал по 70-годишна контрола на САД формално и е предадена на управување на Панама.

1982.- Водачот на десничарската Христијанско-демократска унија Хелмут Кол стана шестиот канцелар на Западна Германија, наследувајќи го социјалдемократот Хелмут Шмит.

1986.- Во Скопје умре Тришо Стојановски, македонски писател и новинар. Меѓу неговите дела познати се „Меѓу две реки“, „Сочувана земја“, „Немолклива земја“ и други. Роден е во селото Рајчица, Дебарско, на 22 март 1938 година.

1988.- Михаил Горбачов стана претседател на Президиумот на Врховниот совет на Советскиот Сојуз.

1989.- Данска дозволи склучување бракови на хомосексуалци. Со тоа Данска стана првата земја во која оваа можност е легализирана.

1995.- Велика Британија ги напушти традиционалните мерки за должина и тежина воспоставени во 1812 година. Милја, јард, фит, инч, галон, пинт, либро и унц се заменети со километар, метар, сантиметар, литар, килограм и грам.

1997.- Израел го ослободи водачот на палестинските исламски терористи и основач на терористичката организација „Хамас“ шеикот Ахмед Јасин и врз основа на договорот со Јордан го депортираше во јорданската престолнина Аман.  

2005.- Во терористичкиот напад на тројца бомбаши-самоубијци на индонезискиот остров Балија загинаа 20, а се ранети повеќе од сто лица.

2006.- Израел ги повлече и последните војници од Либан, исполнувајќи го со тоа клучното барање од договорот за прекин на огнот со кој заврши единаесетмесечната војна во Либан наспочена против герилците на Хезболах. Во јужен Либан се распоредени повеќе од 5.000 припадници на мировните сили на Обединетите нации (UNIFIL) и 10.000 либански војници.

2007.- Умре Ал Ертер, четирикратен олимписки шампион во фрлање диск. Етер кој златните олимписки медали ги освои во Мелбурн во 1956, во Рим 1960, Токио во 1964 и во Мексико Сити во 1968 година е единствениот кој заедно со Карл Луис успеа да победи на четири едноподруго Олимпијади. Тој беше единствен олимпиец кој при секое освојување на златото ги соборуваше олимписките рекорди. По завршувањето со атлетската кариера се посвети на апстракно сликарство.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 12:49

- Светски ден на книжевните преведувачи

- Светски ден на глувите

1846.- Американскиот стоматолог Вилијам Мортон прв го употреби етерот како средство за анестезија.

1882.- Роден е германскиот физичар Ханс Вихелм Гајгер кој ги изучуваше радиоактивните супстанци. Во 1928 година ја измисли направата за регистрирање и броење на наелектризираните честици и гама-зраци, односно за мерење на радиоактивноста, позната како „Гаргеров бројач“.

1891.- Францускиот генерал Жорж Ернест Булангер, министер за војска од 1886 до 1887 година изврши самоубиство. Како водач на влијателното политичко и антипарламентарно движење ги собра сите непријатели на Републиката со цел да ја уништи за да ја обнови монархијата во Франција. Кога републиканците го обвинија за обид за преврат побегна во Белгија каде и сам си го одзеде животот.

1903.- Во Виена и во Марцштег, мало штаерско место почна состанокот меѓу рускиот цар Николај Втори и австроунгарскиот император Фрањо Јосиф и нивните министри за надворешни работи, на кој е изработена програма за реформи во Македонија позната како "Марцштеска реформска програма", донесени на 2 октомври 1903 година. Со овие реформи, иако битно не се измени состојбата во Македонија, сепак тие придонесоа за актуелизирање на македонското прашање во меѓународните односи.

1938.- Во Минхен почна дводневната конференција на владите на Велика Британија, на Франција, Италија и на Германија, во чија работа учествуваа и Хитлер и Мусолини. На конференцијата западните сојузници му ги предадоа на Хитлер областите на Судет, со што беше жртвувана независноста на Чехословачка. Тоа беше триумф на Хитлер, капитулација на западните сили и предупредување на малите држави дека никој нема да ги брани.

1941.- Почна првата германска офанзива на Москва во една од најголемите битки во Втората светска војна, водена до јануари 1942 година. Германците по големите загуби, во втората половина на ноември 1941 година тргнаа во втора офанзива и повторно не успеаја да ја заземат Москва. Во декември во противнападот од страна на Црвената армија тие беа отфрлени 200 километри од Москва со што пропадна планот „Барбароса“.

1955.- Во автомобилска несреќа на 24-годишна возраст загина американскиот глумец Џејмс Дин, симбол на вознемирената и побунета младост по Втората светска војна. Филови: „Источно од рајот“, „Бунтовник без причина“, „Дивиот“.

1962.- Бели расисти предизвикаа нереди во Оксфорд во американската држава Мисисипи затоа што врз основа на одлуката на федералниот суд црнецот Џејмс Медири беше запишан на дотогаш екслузивниот Универзитет Мисисипи.

1965.- Со киднапирање и убиство на шест генерали во Индонезија започна несупешниот државен удар кој заврши со масакрирање на 700.000 членови и симпатизери на Комунистичката партија на Индонезија. 

1966.- Поранешниот британски протекторат во Африка Бечуеналенд се стекна со независност под името Република Боцвана. За претседател беше поставен Серес Кама.

1966.- Германските воени злосторници Алберт Шпер и Балдур фон Ширах излегоа од затворот во Шпандау по издржување на казната од 20 години.

1980.- Со симболично потсетување на бибилиските времиња, Израел ја воведе валутата шекел која ја замени фунтата.  

1985.- Умре американскиот сеизмолог Чарлс Рихтер.

1988.- Пензионирани се пет високи советски функционери, вклучувајќи го и претседателот на Президиумот на Врховниот совет Андреј Громико.

1990.- СССР и Израел воспоставија конзуларни односи. Масква ги прекина дипломатските односи поради шестдневната израелско-арапска војна во 1967 година. Истиот ден се воспоставени и целосни дипломатски односи меѓу СССР и Јужна Кореја.  

1991.- Повеќе стотици илјади Чеси загрижени поради евентуалната поделба на земјата бараа референдум за отцепување на Словачка.

1993.- Во серијата силни земјотреси во југозападна Индија загинаа најмалку 22.000 луѓе.

1993.- Советот на НАТО го одобри воениот план за поставување на повеќе од 50.000 војници во Босна и Херцеговина во период од две години.

1998.- Во Скопје почна со работа Македонската информативна агенција - МИА, официјален јавен информативен сервис на Република Македонија. МИА е новинска агенција формирана со одлука на Собранието на Република Македонија во февруари 1992 година, а активирана со одлука на Владата на Република Македонија на 1 декември 1997 година.

2004.- Во самоубиствен напад врз американски воен конвој во Багдад, кој го извршија припадници на терористичката група на јорданскиот екстремист Абу Масаба ел Заркави, загинаа 41 лице, од кои 34 деца кои поитаа да земат слатки од американските војници.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2008 во 08:56

106. п.н.е.- Роден е римскиот војсководец и државник Гнеј Помпеј Велики, освојувач на Ерусалим во 61 година п.н.е. Учествуваше во задушувањето на востанието на римските робови кои од 71 до 69 година п.н.е. ги предводеше Спартак, а гласот на голем војсководец го стекна во 66 година п.н.е. со победата над понтскиот крал Митридат VI Еупатор со што ја зацврсти римската власт во Мала Азија.

1399.- Кралот Ричард II како прв англиски монарх беше принуден да абдицира, бидејќи престолот му го одзеде неговиот братучед, син на чичко му Хенри Болингброк, кој стана крал Хенри IV.

1518.- Роден е италијанскиот сликар Јакопо Робусти Тинторето, еден од најголемите мајстори на 16. век. Работеше на големи композиции со силни чувства и за најмали ситници. Силно влијаееше врз европските сликари, особено на импресионистите. Работеше во родната Венеција во која и останаа главните дела „Рај“  во Дуждевата палата, „Тајната вечер“ во црквата Сан Џорџо Маџоре и други.  

1521.- Турскиот султан Сулејман Први го освои Белград по двомесечна опсада, по што беше отворен патот за натамошни освојувачки походи на север.

1703.- Роден е Франсоа Буше, француски сликар, еден од главните претставници на сликарскиот правец рококо. Умре на 30 мај 1770 година.

1758.- Роден е англискиот адмирал Хоратио Нелсон кој внесе радикални новости во војување на море. Учествувајќи во 140 битки беше ранет дури 40 пати. Го загуби окото во борбата кај Калвиј во 1794 година, а денсната рака во битката кај Тенерифе во 1797 година. Кај Трафалгар во 1805 година ја уништи француската флота каде беше и смртно ранет.

1901.- Роден е италијанскиот нуклеарен физичар Енрико Ферми, добитник на Нобеловата награда за физика во 1938 година. Во Чикашкиот универзитет раководеше со изградбата на првиот нуклеарен реактор.

1902.- Во Париз умре Емил Зола, француски писател, творец и најзначаен претставник на натуралистичкиот правец во книжевноста. Најпопуларни се неговите романи „Нана“, „Жерминал“, „Земја“, „Плодност“, „Слом“ и други. Роден е во Париз, на 2 април 1840 година.

1903.- Родена е американската филмска глумица од ирско потекло Грир Гарсон. Беше добитник на Оскар за филмот „Госпоѓа Минивер“, снимен во 1942 година. Филмови: „Збогум, мистер Џипс“, „Гордост и предрасуди“, „Мадам Кири“, „Јулиј Цезар“.

1904.- Роден е Николај Алексеевич Островски, руски писател. Неговите дела се автобиографски карактер и во нив се зборува за животот и подвизите на младината во текот и по социјалистичката револуција во Русија. Романот "Како се калеше челикот" стана класично дело на руската книжевност, доживувајќи повеќе од 200 изданија. Умре во 1936 година.

1911.- Италија и објави војна на Турција и навлезе во либијската провинција Триполитанија со намера да допре до северна Африка. Нејзиниот експедициски корпус ги победи Турците, но потоа водеше тешка војна против Арапите се до падот на фашистичка Италија во 1943 година во Втората светска војна.

1913.- Од бродот кој пловеше од Антверпен до Лондон исчезна германскиот инженер Рудолф Дизел, кој во 1893 година го конструира првиот мотор со внатрешно согорување на принципот на самопалење.

1914.- Во Скопје умре Стеван Мокрањац, српски композитор кој се одликува со извонредна смисла за уметничка обработка на музичкиот фолклор. Негови најзначајни остварувања се ракатки, 15 народни рапсодии (со уметничка стилизација) на македонски, босански и на српски мелодии. Роден е во Неготин, на 9 јануари 1856 година.

1930.- Во Финска умре Илја Јефимович Рјепин, познат руски сликар. Негови најпознати дела се „Бурлаци на Болга“, „Иван Грозни и неговиот син Иван“, „Запорошци“ и портретите на Мусоргски на Пирогов и други дела. Роден е на 5 август 1944 година.

1935.- Во Феридеј, во државата Луизијана, е роден Џери Ли Луис, еден од легендарните рокенролери во педесеттите години на 20. век и мајстор на клавирот. Неговиот прв албум е „Луди раце“ (1957г.).

1938.- Во Минхен почна дводневната конференција на владите на Велика Британија, на Франција, на Италија и на Германија, во чија работа учествуваа и Хитлер и Мусолини. На конференцијата западните сојузници му ги предадоа на Хитлер областите на Судет, со што беше жртвувана независноста на Чехолсовачка. Тоа беше триумф на Хитлер, капитулација на западните сили и предупредување на малите држави дека никој нема кој да ги брани.

1940.- Романија во Втората светска војна излезе од Балканскиот пакт што на 9 февруари 1934 година во Атина го склучија со Југославија, Турција и со Грција.

1941.- Во Москва во Втората светска војна почна конференцијата на СССР, САД и Велика Британија, на која Вашингтон и Лондон со Доверлив протокол се обврзаа во наредните девет месеци да и испраќаат помош во оружје и опрема на Црвената армија, а Москва одби САД и Велика Британија да создадат воздухопловна база на САД во Сибир.

1941.- Во Баба Јара кај Киев, Германците во Втората светска војна го извршија масакрот врз Евреите, во кој за два дена убија 33.771 цивилно лице, вклучувајќи жени и деца.

1941.- Почна Драмското востание на македонските и на грчките востаници против бугарскиот окупатор. Во градчињата Драма, Просечен, Карликово и Кубалица, што ги нападнаа востаниците, беше воспоставена народната власт. По жестоките борби, бугарската војска и полиција го задушија востанието и притоа извршија масакрирање на околу 3.000 луѓе и беа преземени различни репресивни мерки низ целата територија во источната област на Егејска Македонија.

1957.- Во Западен Пакистан загинаа безмалку 300 луѓе кога ескпресен воз со голема брзина удри во композиција на цистерни со нафта.

1971.- Потпретседателот на Египет Анвар ел Садат ја презеде должноста шеф на државата два дена по смртта на Гамал Абдел Насер.

1972.- Јапонија и Кина ставија крај на војната и ги нормализираа односите.

1979.- Претседателот на Екваторска Гвинеја Франсиско Масијас Нгуем, е тргнат од власт во август 1979 година. Беше стрелан под обвинение за „геноцид, предавство, проневера и систематско кршење на човековите права“.

1988.- Мировните сили на Обединетите нации ја добија Нобеловата награда за мир.

1990.- На средба на највисоко ниво од Виетнамската војна, се состанаа државниот секретар на САД Џејмс Бејкер и шефот на виетнамската дипломатија Нгујен Ко Так, со што се забрза нормализирањето на односите меѓу бившите непријатели.

1991.- Во селото Усје, Скопско, е осветена црквата "Свети Атанасиј".

1993.- Во Аруба, држава на Карипските Острови, Република Македонија е примена за полноправен член на Интерпол, меѓународна организација на криминалистичките полиции.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Септември.2008 во 13:55

1573.- Роден е Микеланџело Караваџо, италијански сликар. Тој решително прекина со дотогашното идеалистичко интелектуално сфаќање на сликарството и се ориентира кон натурализмот. Изврши големо влијание на француското и на холандското сликарство во 17. век. Умре на 31 јули 15010 година.

1831.- Во Сподње Ретје е роден Фран Левстик, словенечки писател и борец за национални идеи и слобода. Од делата познати му се „Мартин Крпан“, „Патување од Литија до Чатеж“ и други дела. Умре во Љубљана, на 16 ноември 1887 година.

1864.- Во Лондон е основана Првата интернационала (1864-1876) - меѓународно здружение на работниците, со учество на работничките претставници на Франција, на Англјиа, Италија и на Ирска. Голема улога во нејзиното основање одигра Карл Маркс, кој ги напиша двата документа: „Основачкиот манифест“ и „Привремениот статут на здружението“.

1891.- Во Њујорк умре Херман Мелвил, еден од најголемите американски писатели кој низ симболи и алегорија многу често укажуваше на себичноста и комерцијализацијата на општеството. Своите доживувања на морнарите и ловците на китови ги изнесе во многу приказни и романи. Најпознато негово дело е романот "Моби Дик". Роден е во Њујорк, на 1 август 1819 година.

1895.- Во Париз умре Луј Пастер, француски хемичар и биолог. Ја откри вакцината против беснило, утврди дека ферментацијата е биолошки процес и ги доби дотогашните теории за спонтаната реакција на микроорганизмите. Роден е на 27 декември 1822 година.

1898.- Италијанскиот лекар и зоолог Батиста Граси ги објави резултатите од повеќегодишните проучувања во кои ги откри вистинските причинители и пренесувачи на маларијата.

1902.- Во селото Крушоради, Леринско, во борба против турската војска и башибозукот, немајќи друг излез, се самоубија тројца македонски борци, на чело со војводата Дине Кљусов.

1910.- Во селото Слап е роден Цирил Космач, еден од најголемите словенечки писатели. Ги напиша збирките раскази „Среќа и леб“, „Од мојата долина“, „Пролетен ден“, романот „Балада за трубата и облакот“ и други дела. Умре во Љубљана, на 28 јануари 1980 година.

1924.- Во Фонтана Лири е роден Марчело Мастројани, италијански филмски актер. Умре во Париз, на 19 декември 1996 година.  

1960.- Во Скопје умре Наум Наумовски - Борче, народен херој на Македонија. Роден е во Крушево, на 1 април 1920 година.

1966.- Умре францускиот писател Андре Бретон. Дела: „Надреалистичка револуција“, „Наѓа“, „Изгубени чекои“, „Фатаморгана“, „Надреализам и сликарство“.

1970.- Умре египетскиот државник Гамал Абдел Насер, шеф на државата од 1956 година, творец на модерниот Египет и еден од основачите на Движењето на неврзаните.

1973.- Умре Хју Одн, англиски поет и драмски писател. Тој е интелектуален творец, чиј поетски јазик е близок до говорникот. Познати негови поетски дела се „Песни“, „Говорници“, „Танц на смртта“, „Новогодишно писмо“ и други. Добитник е на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1971 година. Роден е на 21 февруари 1907 година.

1978.- Умре папата од италијанско потекло Јован Павле Први, кој беше поглавар на римокатоличката црква само 33 дена. Неговите идеи изложени на почетокот на понфикатот многу го вознемирија Ватикан. Од 1969 беше надбискуп во Венеција, а за папа беше избран на 26 август 1978 година. Умре под неразјаснети околности.

1990.- Умре италијанскиот писател Алберто Моравија. Пишуваше романи, театарски парчиња, разкази, есеи, патописи, филмска и театарска критика. Дела: романите „Рамнодушни луѓе“, „Година 1934“, „Внатрешен живот“, расказите „Автомат“, „Римски приказни“, „Втор живот“.

1993.- Владата на Демократска Народна Република Кореја донесе одлука за признавање на Република Македонија.

1994.- Во Скопје умре Ванхел Коџоман, еден од основоположниците на современото македонско сликарство. Роден е во Струга, на 14 февруари 1904 година.

1994.- Во најголемата мирнодопска поморска несреќа во Европа, повеќе од 900 луѓе загинаа кога во невреме во Балтичкото Море спроти финскиот брег потона фериботот „Естонија“.

1994.- Во Скопје, во издание на "МИ-АН", излезе првиот број на "Македонско време", независен информативно-политички њус магазин.

2000.- Умре канадскиот државник Пјер Елиот Трудо, кој со мали прекини ја водеше земјата 16 години. Првпат беше избран за премиер во 1968 а на власт остана до 1979 година. На чело на извршната власт на Канада повторно беше  од 1980 до 1984 година, а на Либералната партија  од 1968 до 1984 година.

2003.- Умре американскиот филмски режисер од грчко потекло Елија Казан, добитник на награди на Американската филмска академија за животно дело. Добитник е на 20 Оскари во разни категории, вклучувајќи и два за режија. Филмови: „Џентлменски договор“ (Оскар), „Источно од рајот“, „Сјај во трева“, „Бејби Дол“, „Дива река“, „Вива Запата“, „Бумеранг“, „Паника на улиците“, „Америка, Америка“, „Посетители“, „Трамвајот наречен желба“.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2008 во 12:20

1290.- Од земјотресот што ја зафати Кина загинаа околу 100.000 лица.

1601.- Роден е францускиот крал Луј XIII, кој во текот на владеењето од 1610 до 1643 година  со помош на кардиналот Арман Ришел заведе апсолутизам. Го задуши востанието на хугените, продолжи со колонијалното ширење на Франција и ја започна Триесетгодишната војна за ослободување од Германското царство. Во време на неговото владеење во 1635 година е основана Француската академија.

1783.- Роден е шпанскиот генерал и мексикански цар Аугустин Итурбиде, кој во 1820 година премина на страната на мексиканските востаници, а Конгресот на Мексико во 1822 година го прогласи за цар Аугустин Први. Неколку месеци по крунисувањето беше принуден да абдицира и да ја напушти земјата, а кога се врати се обиде да ја поврати власта, но во 1824 година беше уапсен и стрелан.

1825.- Англискиот пронаоѓач Џорџ Стивенсон управуваше со својата парна локомотива која влечеше 38 вагони на линијата Стоктон - Дарлингтон во Велика Британија. За кратко време железничката мрежа се прошири во цела Европа.

1862.- Роден е јужноафриканскиот генерал и државник Луис Бота, еден од водачите на Бурите во војната со Англичаните од 1899 до 1902 година и прв премиер на Јужноафриканската унија од 1910 до 1919 година.  Беше премиер на Трансвал од 1907 до 1910 година кога бурските републики Трансвал, Натал, Оранж и Кејпленд се здружија во Унија.

1854.- Во Атлантскиот Океан се случи првата несреќа - потона парабродот „Арктик“ со околу 300 луѓе.

1871.- Во Нуоро е родена Грација Делада (вистинското презиме и е Мадезани), италијанска писателка. Пишуваше приказни и романи во кои се прикажува народниот живот на Сардинија. Познати се нејзините дела „Цвеќе од Сардинија“, „Пепел“, „Мајка“ и други. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1927 година. Умре во Рим, на 15 август 1936 година.

1891.- Умре рускиот писател Иван Александрович Гончаров.

1908.- Вo Солун излезе првиот број на весникот на македонските револуционери „Единство“, што излегуваше под редакција на Димитар Влахов. Излегуваше двапати во неделата. Последниот број излезе на 5 јануари 1909 година. Овој е еден од најпрогресивните весници што се појавија по Младотурската револуција. Се застапуваше за доследно и крајно спроведување на револуцијата, за организирање на демократијата и револуционерните сили против реакцијата. Се бореше против политиката на Егзархијата во Македонија во Одринско.

1917.- Умре францускиот сликар, графичар и вајар Илер Жермен Едгар Дега, виртуозен цртач, сликар кого најмногу го интересирале живите и различни движења. На почетокот беше реалист, а подоцна се преобрази во импресионист. Во маслена техника има изработено повеќе портрети, особено во младоста, а подоцна со пастел. Во зрелите години работел исклучиво фигури. На крајот од животот работел и на ситни фигури кои ги правел од восок и глина.

1920.- Во Крушево е роден Таки Хрисик, македонски композитор и музички педагог. Работеше како диригент на хорот "Стив Наумов". Умре во Скопје, на 15 ноември 1983 година.

1921.- Умре германскиот композитор Енгелберт Хампердинк, професор на Конзерваториумот во Барселона, Келн, Франкфут на Мајна и во Берлин.

1922.- Во Воден е роден Ташко Хаџијанев, еден од организаторите на македонското национално движење и на антифашистичката борба во Егејска Македонија. Умре во Скопје, на 28 ноември 1996 година.

1922.- Грчкиот крал Константин Први поради воениот пораз во војната со Турците бил принуден по две години владеење по вторпат да абдицира со што и дефинитивно бил симнат од престолот. Станал крал во 1913 година, но во 1917 година првпат абдицирал бидејќи неговата одлука за неутралност на Грција во Првата светска војна предизвикала големо незадоволство и кај грчкиот народ и меѓу западните сојузници.

1923.- На планината Рила е стрелан Тодор Чопов, учесник во македонското ослободително движење и литературен деец, внук на Гоце Делчев. Роден е во Кукуш, во февруари 1892 година.

1938.- Друтштвото на народите ја назначи Јапонија за агресор врз Кина.

1939.- По 19-дневен отпор Варшава падна во рацете на германските трупи.

1940.- Во Берлин, Италија и Јапонија потпишаа 10-годишен воен и економски пакт и формално создадоа сојуз на фашистички сили познат под името Оската Берлин - Рим - Токио.

1947.- Во Варшава на советувањето на комунистичките партии на СССР, Југославија, Бугарија, Романија, Унгарија, Чехословачка, Полска, Франција и Италија, беше основано Информационото биро на партиите (Информбиро) со седиште во Белград. Информбирото беше распуштено во 1956 година.

1959.- Тајфун усмрти безмалку 5.000 луѓе на јапонскиот остров Хонс.

1962.- Во Јемен со воен удар полковникот Абдула ал Сала ја собори монархијата и прогласи Јеменска Арапска Република.

1968.- Португалскиот диктатор Антонио де Оливеира Салазар, кој владееше 36 години, поради мозочен удар беше принуден да го напушти премиерското место.

1970.- Јорданскиот крал Хусеин и водачот на Палестинската ослободителна организација Арафат се состанаа во Каиро со шефовите на државите и на владите на десет арапски земји и потпишаа спогодба од 14 точки, со која заврши Граѓанската војна во Јордан.

1990.- Иран и Велика Британија ги обновија дипломатските односи кои Техеран ги прекина во 1989 година поради книгата „Сатански стихови“ на британскиот писател од индиско потекло Салман Ружди. Дипломатските односи на амбасадорско ниво беа подигнати во 1998 година.

1993.- Република Македонија е примена за член на Меѓународната агенција за атомска енергија.

1994.- Република Македонија воспостави дипломатски односи со Португалија и со Кралството Саудиска Арабија.

1994.- Во Скопје е основано Македонско-кинеското друштво за пријателство и соработка.

1995.- Израелската влада се согласи на Палестинците да им предаде голем дел од Западнит брег кој 28 години пред тоа беше окупиран.

1995.- Република Македонија е примена во Советот на Европа како 38-ма членка (свечениот прием е извршен на 9 ноември 1995 година).

1996.- Силите на фундаменталистичкото исламско движење на талибанците го зазедоа Кабул, главнот град на Авганистан, и го обесија Наџибул, поранешен шеф на државата.

1998.- На парламентарните избори во Германија победи Социјалдемократската партија. Лидер на Социјалдемократската партија беше Герхард Шреде кој стана шеф на владата. Шредер го прекина 16-годишното владеење на канцеларот Хелмут Кол, лидер на Христијанско-демократската унија.

2000.- Во експлозија на гас во рудник за јаглен на југот на Кина загинаа 118 рудари.

2000.- На врвот на планината Водно (место Крстовар) над Скопје, на православниот празник Крстовден, а по повод одбележувањето на 2000-годишината од Христовото раѓање, е поставен камен-темелникот на Милениумскиот крст.

2000.- Авион „Ербас 320“ на јорданската воздухопловна компанија се спушти на аеродормом во Багдат носејќи хуманитарна помош и лекари. Тоа беше прв патнички авион на арапска држава кој после една деценија слетал во Ирак.

2001.- Човек облечен во полициска униформа уби 14 луѓе кога упадна на седница на собрание на швајцарската кантона Цуг и отвори оган од автоматско оружје.

2001.- Владата на Република Македонија донесе одлука - согласност за распоредување на силите на НАТО „Килибарна лисица“ на територијата на Република Македонија заради спроведување на мисијата за обезбедување дополнителен придонес за безбедноста на меѓународните посматрачи, што НАТО ќе ја извршува врз основа на барањето на Република Македонија.

2002.- Источен Тимор, поранешна територија во состав на Индонезија и некогашна португалска колонија, е првата држава создадена во 21. век која стана 191 членка на Обединетите нации.

2006.- Успешно е извршена првата операција во бестежинска состојба. Екипа хирурзи од универзитетот во Бордо изврши операција за отстранување на циста над еден волантер во специјалниот Арбасов авион А 300. Целта беше да се утврди дали е можно да се изврши операција во бестежински услови. На слични експерименти работеше и НАСА, во подводна лабораторија на Флорида, во која се создадени услови како во вселенска станица.

2007.- Најмалку девет луѓе загинаа, вклучувајќи и еден јапонски фотограф, а 11 се повредени во поранешната престолнина на Мјанмар (поранешна Бурма) Јангун, кога безбедносните сили отворија оган врз учесниците во демонстрација против воениот режим.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2008 во 12:48

768.- Умре францускиот крал Пипин III Малиот, прв монарх од династијата Каролинг. Владееше од 747, а со потполна власт се здоби во 751 година кога заедно со римскиот папа го тргна од власт Хилдерик III, последниот владетел од династијата Меровинг. Во 786 годија ја основа Папската држава подарувајќи му на папата земја во средна Италија.

1706.- Шведска и Саксонија во Алтранштат склучија мир со кој Шведска се одрече од полската круна и го призна полскиот крал Станислав Лашчински, штитеник на шведскиот крал Карло XII.

1813.- Умре Андре Модест Гретри, француски композитор и музички писател, од белгиско потекло, најистакнат композитор на комични опери во 18. век. Негови најпознати дела се „Ричард Лавовско Срце“, „Карван од Каиро“ и други, а пишуваше и мемоари и есеи. Роден е на 11 февруари 1741 година.

1835.- Во Париз умре Винченцо Белини, италијански оперски композитор. Тој е творец на италијанскиот оперски стил наречен белканто. Најпознати негови опери се „Норма“, „Месечарка“, „Пуританци“, „Капулети и Монтеки“ и други. Роден е во Катанија, на 1 ноември 1801 година.

1852.- Францускиот инженер Анри Жифар го изведе првиот лет со цепелин на парен погон, прелетувајќи 27 километри од Париз до Трап.

1884.- Роден е Исмет Инени, истакнат турски политичар, министер за надворешни работи, премиер и претседател на Република Турција. Беше долгогодишен соработник на Кемал Ататурк - „таткото“ на современа Турција. Во 1939 година ја основа Републиканската народна партија која ја предводеше цели 33 години. Умре на 25 декември 1973 година.

1905.- Шведска ја призна независноста на Норвешка која прво беше под доминација на Данска, а од 1814 година во унија со Шведска. По отцепувањето е прогласена за самостојна уставна монархија на чело со кралот Хакон Седми.

1908.- Во Солун, во кафеаната „Бошњак-ан“, платени терористи-врховисти извршија неуспешен атентат врз големиот македонски револуционер Јане Сандански кој беше повреден. При атентатот две лица од придружбата на Сандански беа смртно погодени.

1911.- Роден е советскиот државник Константин Черњенко, кој на најмоќната положба во државата, местото генерален секретар на Комунистичката партија, дојде по смртта на Јуриј Андропов во февруари 1984 година. На оваа функција остана само 13 месеци, до смртта во март 1985 година.

1941.- Во Лондон, на конференцијата на претставниците на владите на Австралија, Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Јужноафриканската унија, Советскиот Сојуз и претставници на бегалските влади на Чехословачка, Грција, Белгија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Полска, Југославија и на слободна Франција, ја потпишаа Атлантската повелба која пред шест недели ја прокламира американскиот претседател Франклин Рузвелт и британскиот претседател Винстон Черчил, со што овие земји ја прифатија Повелбата како политичка програма во борба против силите на Оската.

1960.- Во Њупорт е укотвен „Ентерпрајз“, првиот американски носач на авиони на атомски погон.

1968.- Швајцарија стана членка на Обединетите нации. Поради традиционалната неутралност таа долго време се воздржуваше од членство во разни меѓунарони организации.

1971.- Велика Британија протера 90 советски граѓани поради наводно шпионско делување.

1980.- Пограничните судири меѓу Ирак и Иран прераснаа во сеопшта војна меѓу двете земји кога ирачките трупи ја преминаа границата и го опколија градот Абада, запалувајќи ја најголемата светска нафтена рафинерија.

1988.- На Олимписките игри во Сеул канадскиот спринтер од афроамериканско потекло Бен Џонсон во финалната трка на 100 метри постави светски рекордод - 9,79 секунди, но резулатот беше поништен и по шест дена му беше одземена златната медаља заради допинг.  

1989.- Во Охрид умре Кирил Билбиловски, пионер на македонската кинематографија, еден од првите уметнички фотографи и втемелувач на професијата филмски снимател во Македонија. Животната преокупација - филмската уметност ја работеше со неверојатен ентузијазам, снимајќи повеќе од сто документарни филови и десеттина играни филмови. Како филмски снимател неговото име се јавува и на шпицата на првиот македонски игран филм „Фросина“. Мошне значајни се и креациите на неговата филмска камера во филмовите „Денови на искушение“, „Каде по дождот“, „Македонска крвава свадба“, „Македонскиот дел од пеколот“, „Најдолгиот пат“, „Исправи се Делфина“ и во други. Роден е во Скопје, на 3 мај 1920 година.

1990.- Претседателот на Западна Германија Рихард фон Вајцкер потпиша договор со кој на 3 октомври 1990 година двете германски држави повторно ќе се обединат, а истиот ден Источна Германија формално го напушти Варшавскиот пакт.

1993.- Во Монте Карло, во Кнежеството Монако, Македонскиот олимписки комитет е примен за рамноправен член на олимпиското семејство како 195-ти член.

1995.- Во Лерин умре Коста Гочков, еден од најистакнатите активисти во борбата за признавање на човековите права на Македонците од егејскиот дел на Македонија во Грција и член на политичката организација „Виножито“. Роден е во селото Овчарани, во 1944 година.

1996.- САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција ги отфрлија приговорите на Индија и потпишаа документ за забрана на нуклеарни проби.

2002.- Британската влада го објави досието на ирачката програма за вооружување, тврдејќи дека ирачкиот претседател Садам Хусеин за само 45 минути може да лансира оружје за масовно уништување, што послужи како оправдување за агресија на Ирак, но подоцна се покажа дека ваквото тврдење било лажно.

2002.- Тројца муслимански терористи убија 29 верници во хиндуистички храм во индискиот град Гандинагар.

2004.- Во Бомбај, Индија, умре Раџа Рамана, индиски физичар. Се смета за еден од творците на атомската бомба во Индија. На млади години се занимаваше и со свирење на пијано. Роден е во 1925 година.

2004.- Во болницата во северното француско пристаниште Хонфлер умре Франсоа Саган, француска новелистка. Најпознато нејзино дело е „Добар ден, таго“, химната за разочараната младост што стана една од најпознатите книги на 20. век. Покрај ова, познато е и нејзиното дело „Сигурна насмевка“. Родена е во Лот, во јуни 1935 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 08:52

63 п.н.е- Роден е римскиот државник и војсководец Гај Јулие Цезар Октавијан Аугуст, прв римски цар, посвоен син на Гај Јулие Цезар. Во 31 година п.н.е. по освојувањето на Египет ја презеде целата власт и ја укина републиката. Воведе нов облик на владеење и администрација, познат како принципат (централизација на власта). Со новите изградби го разубавил Рим, помагал на науката и уметноста со што неговото владеење е најубавиот период во римската историја кое е наречено „Августов“ и „Златен век“.

1719.- Лихтенштајн стана независно кнежество во рамките на Светото римско царство.

1817.- Шпанија и Велика Британија потпишаа договор за забрана на трговија со робје.

1819.- Роден е францускиот физичар Арман Иполит Луј Физо, кој заедно со Леон Фуколт ја измерил брзината на светлината.

1846.- Германскиот астроном Јохан Готфрид Гале ја откри планетата Нептун.

1870.- Умре францускиот писател Проспер Мериме. Тој со неговите новели „Кармен“ и „Коломбо“ го инспирирал францускиот композитор Жорж Бизе да напише опери. Со голем восхит пишувал за руските писатели Александар Пушкин, Николај Гогољ и Иван Тургењев.

1889.- Роден е Волтер Липман, северноамерикански новинар со голем авторитет за надворешно-политички прашања. До 1966 година беше редактор и уводничар на весникот „Њујорк хералд трибјун“. Два пати е добитник на Пулицеровата награда. Умре на 14 декември 1974 година.

1901.- Во Прага е роден Јарослав Сајферт, чехословачки писател, поет - лиричар, чии стихови ги воспеваат младоста, надежта, љубовта кон природата и солидарноста со потчинетите. Познати се неговите стихозбирки „Град на солзи“, „Славејот лоше пее“, „Изгаснете ги светилките“ и „Додека не падне дожд на нашиот мртовечки сандак“. Во 1984 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Прага, на 10 јануари 1986 година. 

1903.- Над селото Цапари, на Пелистер се водеше последната востаничка битка (Пелистерска битка) во Битолско во времето на Илинденското востание. Во борбата против османлиската војска загинаа 48 востаници.

1916.- Роден е италијанскиот политичар и универзитетски професор Алдо Моро, премиер на Италија од 1963 до 1968 и од 1974 до 1976 година. Беше министер за правосудство, министер за образование, политички секретар на Христијанско-демократската партија и повеќе пати шеф на дипломатијата. Во март 1978 го киднапира и уби терористичката група „Црвена бригада“.

1920.- Роден е американскиот филмски глумец Џо Џул, познат како Мики Руни, кој уште како дете беше филмска ѕвезда.

1923.- Под раководство на Комунистичката партија на Бугарија е кренато масовно антифашистичко востание во Бугарија и во Принска Македонија, познато во историјата како Септемвриско востание. Востанието беше резултат на изострената револуционерна криза во земјата и претставуваше отворен судир на бугарската реакција со работничката класа и потчинетиот Македонски народ во Пиринска Македонија.

1930.- Роден е американскиот пејач и композитор од африканско потекло Реј Чарлес, кој иако слеп, постигна блексава кариера. Врз неговиот стил најмногу влијаеше црнечката госпел музика и блузот.

1932.- Неџ, Хеџас и повеќе други држави се соединија во една држава Саудиска Арабија.

1938.- Во Виена е родена Роми Шнајдер, австриска филмска актерка. Сними повеќе од 50 филмови, најмногу во Франција и во Италија. Најпознати и се улогите во филмовите „Сиси“, „Кардинал“, „Победници“, „Убиството на Троцки“ и „Директна смрт“. Умре во Париз, на 29 мај 1982 година.

1939.- Во Лондон умре Сигмунд Фројд, австриски научник, основач на психоанализата. Најпознати негови дела се „Кон психологијата на секојдневниот живот“, „Толкување на соновите“ и други. Роден е во Фрајберг, на 6 мај 1856 година.

1957.- Грција го отфрли барањето на Бук*решт Романија да се приклучи на Балканскиот сојуз, во кој со договорите склучени во 1953 во Анкара и во 1954 година на Блед влегоа Југославија, Грција и Турција.

1973.- Во Сантјаго умре Пабло Неруда, чилеански поет, комунист и општествен работник. Тој се вбројува меѓу најголемите писатели што твореле на шпански јазик. Храбро се спротивстави на фашистичката хунта по убиството на Аленде. Неговиот погреб во 1973 година се претвори во величенствена манифестација на чилеанските антифашисти и патриоти против стравовладеењето на Пиноче. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1971 година и на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1972 година. Роден е во Парал, на 12 мај 1904 година.

1973.- На вонредните паралментарни избори за претседател на Аргентина избран е Хуан Перон, а за потпретседател неговата сопруга Изабела.

1982.- Новиот лидер на либанските христијани Амин Џемаел е избран за претседател на Либан.

1984.- Во Струга умре Владо Малески, македонски револуционер, општествено-политички работник, писател, публицист и сценарист. Тој е еден од најталентираните основоположници на младата македонска проза. Автор е на книгите раскази „Ѓурѓина алова“, „Бранувања“ и „Кажувања“, на романите „Она што беше небо“, „Војната, луѓе“, војната“, „Разбој“, „Записи на Езерко Дримски“ и „Јазли“. Автор е на сценариото за првиот македонски филм „Фросина“. Роден е во Струга, на 5 септември 1919 година.

1991.- Ерменија прогласи независност од СССР.

1993.- Умре Фернан Леду, еден од доајените на француското актерство. Играше во околу 800 театарски и филмски претстави. Роден е во 1897 година.

1996.- Грчкиот социјалистички премиер Костас Симитис, кој на позицијата дојде во јануари 1996 година на местото на тешко болниот Андреас Папандреу, го победи на изборите конзервативниот ривал и доби четигодишен мандат за управување со земјата.

1997.- На мировните преговори во Северна Ирска, протестанските унионисти за првпат после 75 години разговараа лице во лице со водачите на „Шин Фејн“, политичко крило на северноирската римокатоличка терористичка организација на Ирската републиканска армија.

1999.- Југословенската влада побра од Советот за безбедност на Обединетите нации да го поништи преименувањето  на терористичката „Ослободителна војска на Косово“ во Косовски заштитен корпус, бидејќи со тоа терорситите практично се легализираат.

1999.- Руски воени авиони го бомбардираа аеродромот во Грозни, на почетокот на кампањата за искоренување на исламските терористи во Чеченија.

2001.- Во Полска изборите ги добија реформираните комунисти.

2006.- Умре британскиот композитор Малколм Арнолд, творец на музиката за филмот „Мост на реката Квај“. Компонирал музика за 132 филма, седум балети, девет симфонии и две опери.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 11:31

- Денеска е Меѓународен ден без автомобили

1241.- Исландскиот писател и историчар Стурулсон Снори, автор на најобемните саги за норвешките кралеви, е убиен во атенат во кој учествувал и неговиот зет Гисур Торвалдсон. Убиството било нарачано од норвешкиот крал Хакон VI Хаконсон, бидејки Снору бил пречка за исполнување на неговите планови, вклучувајќи го и припојување на Исланд кон Норвешка, што му успеало во 1262 година.

1499.- Со мирот во Базел завршена е Швабската војна помеѓу Швајцарската лига и германскиот крал Максимилијан I, со кој Швајцарија се стекна со независност.

1499.- Турската војска ја опустоши Венеција, бидејќи во големата поморска битка ја порази нејзината флота.

1735.- Роберт Волпол е првиот британски крал кој се всели во резиденцијата во „Даунинг стрит“ број 10 во Лондон.

1789.- Руско-австриските сили под команда на рускиот војсководец Александар Суворов им нанесоа тежок пораз на Турците во битката кај Римник.

1791.- Роден е Мајкл Фарадеј, англиски физичар и хемичар. Тој го откри законот за електромагнетска индукција која стана научна основа на електротехниката. Потоа го откри и законот за електролизата, што стана основа на електрохемијата и законот за врската меѓу магнетното поле и светлината. Умре во 1867 година.

1792.- Во екот на војната со контрареволуцијата париските маси го зазедоа кралскиот дворец во Париз и ги затворија Луј XVI и неговата сопруга Марија Антоанета. Законодавното собрание прокламира република, со што е создаден предуслов за спас на револуцијата и за одбрана на Франција од инвазијата. Истиот ден стапи во сила и новиот револуционерен календар.

1862.- Американскиот претседател Абрахам Линколн објави декрет според кој од 1 јануари 1863 година на сите американски робови им се дава целосна слобода. Тоа беше резултат од долготрајната борба на прогресивните сили на Американската граѓанска војна, која бараше брза и неодложна акција за ослободување на обесправените црнци.

1862.- Ото фон Бизмарк стана пруски канцелар.

1885.- Роден е американскиот филмски режисер и глумец од австриско потекло Ерих фон Штрохајм, протагонист на силниот натуралистичко-сензуален стил во кинематографијата, еден од најголемите режисери во времето на немиот филм. Во Франција во 1957 година е одликуван со „Легија на честта“.

1895.- Роден е американскиот филмски и театарски глумец, по потекло руски Евреин Муни Вајсенфројнд, познат како Пол Муни. Беше познат прво по улогите во криминалистичките филмови, а потоа и како специјалист за улоги во филмските биографии на значајни лица.

1908.- Високата порта објави дека Турција добива Устав и парламент, слобода на печатот и рамноправност на сите граѓани без разлика на верата. Уставот е донесен под притисок на младотурците.

1918.- Роден е мексиканскиот виолинист по потекло полски Евреин Хенрик Шеринг, еден од најголемите мајстори на виолини на сите времиња, кој темелно го разви класичниот и современ репертоар со извонредна техника и стилска култура.

1933.- Во Париз почна Светскиот младински конгрес против војната и фашизмот.

1934.- Во експлозија во рудникот Гресфорд во Велс загинаа повеќе од 260 рудари.

1944.- Во една битка на партизаните против балистите кај селото Премка, Кичевско, откако беше тешко ранета, умре Ибе Паликуќа, народен херој на Македонија. Родена е во Дебар, во 1927 година.

1946.- Во НР Македонија се одржаа првите избори за Уставотворното собрание. По Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година, кога се удрени темелите на новата македонска држава и по Второто заседание на АСНОМ, во декември 1944 година, во ослободената земја, како резултат на изборената национална, социјална, политичка и економска слобода, а врз основа на демократските принципи, беа одржани избори за првото во македонската историја - Уставотворно собрание, кое го донесе првиот Устав на НР Македонија.

1960.- Прогласена е независноста на африканската држава Мали (поранешен Француски Судан). Нејзин претседател беше Модиб Кеит.

1974.- Беше соопштено дека во ураганот кој ја зафати централноамериканската држава Хондурас загинаа околу 5.000 луѓе.

1980.- Во Белград во присуство на 2.000 делегати од 150 земји е отворено 21. заседание на Генералната конференција на УНЕСКО.

1980.- Почна отворениот судир меѓу Иран и Ирак. Ирачките сили навлегоа во југозападниот дел на Иран,  со цел да воспостават контрола над стратешки значајната делта Шат-ел-Араб на влезот во Персискиот Залив.

1984.- Во Париз умре Пјер Еманиел, истакнат француски поет. Беше долгогодишен претседател на францускиот ПЕН-клуб. Во 1963 година стана добитник на Гран при за поезија што му ја додели Француската академија, чиј член стана во 1968 година. Прво негово дело е „Гробот на Орфеј“, објавено во 1941 година, а последното е објавено пред неговата смрт и носи наслов „Големо дело“. Роден е во 1916 година.

1985.- Францускиот премиер Лоран Фабијис призна дека француските тајни агенти, по наредба на владата во Нов Зеланд го потопија бродот „Дугин ратник“ на организацијата „Гринпис“, која огорчено се противеше на француските нуклеарни експерименти во јужниот Пацифик. 

1986.- Во Струга умре д-р Димитар Хрисохо, редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје и основач на Клиниката за нефрологија при Медицинскиот факултет во Скопје. Автор е на повеќе од 200 научни трудови и се смета за еден од пионерите на кибернетскиот пристап во медицината во Македонија. Роден е во Битола, во 1924 година.

1990.- Саудиска Арабија ги протера јеменските и јорданските дипломати и го прекина снабдувањето на Јордан со нафта, обвинувајќи ги и двете земји дека му даваат поддршка на Иран.

1991.- За првпат во Република Македонија беше изведен светиот чин опход на моштите на Свети Климент Охридски - Чудотворец (опходот траеше до 6 октомври истата година), основоположник на Македонската и на првата Словенска православна црква и втемелувач на националната самобитност на македонскиот народ.

1992.- На пленарна седница на Генералното собрание на ОН  од работата во работните тела беше исклучена Југославија. На југословенската мисија во ОН и беше дозволено да контктира со Советот за безбедност и со други надлежни тела во ОН.

1992.- Во Штип е отворена првата приватна специјалистичка гинеколошка ординација во Република Македонија.

1992.- Воспоставена е авиолинија Скопје - Москва.

1993.- Во Бали, Индонезија, Република Македонија е примена во Светскиот совет за енергија.

1995.- Во несреќа на воен американски авион што се случи на Аљаска, загинаа сите 24 членови на екипажот.

1996.- Австралијанецот Боб Дент, болен од рак, стана првиот човек во светот кој изврши самоубиство врз основа на закон за еутаназија.  Медицински лица му помогнаа со помош на смртоносна инјекција да изврши самоубиство.

2007.- Во Приз умре Марсел Марсо (роден е како Марсел Мангел), австриско-француски, односно светски пантомимичар. Роден е во Салцбург, Австрија, на 22 март 1923 година.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2008 во 14:37

- Денеска е Светски ден на мирот

19 п.н.е.- Умре римскиот писател Публиус Вергилиус Маро, автор на дела во кои го велича римското минато. Тој со своите дела со векови беше пример за европските писатели.

1327.- Англискиот крал Едвард II, сопругот на Изабела од Франција е убиен од нејзиниот љубовник Роџер де Мортиме. Љубовникот на кралицата потоа владееше во името на престолонаследниикот Едвард III кој во 1330 година беше затворен и убиен.

1452.- Роден е италијанскиот верски реформатор Џироламо Хајронимус, доминикански калуѓер, кој го напаѓаше папата Александар VI.

1529.- Османлиската војска под команда на Сулејман Величествениот ја започна опсадата на Виена.

1792.- Во Франција на првата седница на Парламентот (Конвент), на предлог на Колот Д`Ербуа, е тргната монархијата.

1832.- Во Даблин умре Валтер Скот, шкотски поет и романсиер, творец на модерниот историски роман. Собираше народни песни и пишуваше епови за историјата на Шкотска. Меѓу неговите најзначајни дела спаѓаат „Ајванхо“, „Кенилворт“, „Старинар“ и други. Роден е во Единбург, на 15 август 1771 година.

1860.- Умре Артур Шопенхауер, германски филозоф-идеалист, претставник на волунтаризмот. Од делата му се познати „За волјата на природата“ и „Светот како волја и претстава“. Роден е на 22 февруари 1788 година.

1866.- Роден е Херберт Џорџ Велс, англиски писател. Напиша голем број научни, популарно-научни, социјални и фантастични романи и приказни, како и познатото дело „Историја на светот“. Умре во 1946 година.

1867.- Роден е американскиот политичар Хенри Луис Стимсон, министер за војни на САД, од 1911 до 1913 година и од 1940 до 1945 година, идеен творец на најголемиот воен злостор во историјата на човештвото. На неговата препорака претседателот на САД Хари Труман одлучи во август во 1945 година да ги фрли атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки, иако Јапонија беше веќе поразена во Втората светска војна.

1901.- Во Велес, во Џајково Маало, во борба против турската полиција, откако снема ммуниција, се самоуби Миле Поп Јорданов (брат на Орце Поп Јорданов, организатор на кружокот од Солунските атентатори) македонски револуционер.

1909.- Роден е ганскиот државник и публицист Кваме Нкрумах, прв премиер и претседател на Гана, итакнат борец против колонијализмот и лидер на движењето за независност.

1927.- Во Дојран е роден Христо Андонов-Полјански, македонски историчар, ректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, признат научник, проучувач на историјата на македонскиот народ. Автор е на 463 библиографски единици, од кои 36 се книги. Од неговите трудови посебно се издвојуваат шесте томови за Гоце Делчев. „Британската библиографија за Македонија“, „Странскиот печат за Илинденското востание“, „Британски документи за историјата на македонскиот народ“ и други. Умре во Скопје, на 7 октомври 1985 година.

1928.- Британскиот бактериолог Александар Флеминг ја откри непознатата мувла што го расипала неговиот експеримент со бактерии. Но, тоа загадување беше епохално откритие дека чудесното смејство на габите „пеницилиум нотарум“ ги уништува дотогаш смртоносните бактерии. Од 1942 година пеницилиумот стана лек што спасува милиони луѓе.

1933.- Во Лајпциг, германскиот Врховен суд го почна процесот против Георги Димитров, член на ЦК КП на Бугарија и член на Третата интернационала, заедно со група германски комунисти, а под обвинение дека го организирал палењето на Рајхстагот. Германската фашистичка пропаганда сакаше да го искористи судењето за антикомунистичка кампања. Меѓутоа, Димитров пред светската јавност го разобличи овој процес на нацистичкиот режим и од обвинет стана тужител и поради недостиг на докази судот беше принуден да го ослободи.

1938.- Владата на Чехословачка се согласи на британско-францускиот план Судетските области да и ги отстапи на Германија.

1939.- Романските фашисти го убија премиерот на Романија Армандо  Калинеску, противник на Третиот рајх.  

1964.- Малта стана независна после 164 години британско владеење.

1973.- Југославија ги прекина дипломатските односи со Чиле, 10 дена по пучот на генералот Аугусто Пиноче, изведен со помош на САД, во кој е убиен социјалситичкиот претседател Салвадор Ајенде.

1974.- Умре американскиот филмски глумец Волтер Бренан. Тој е првиот актер добитник на три Оскара.

1976.- Бившиот чилеански министер Орландо Летелиер е убиен во Вашингтон во експлозија на подметната бомба под неговиот автомобил.

1992.- Мексико и Ватикан воспоставија целосни дипломатски односи по прекинот од 130 години.

1993.- Претседателот Борис Елцин го распушти парламентот бидејќи со изборот на Александар Руцкој за потпретседател и за вршител на должноста шеф на државата му беше загрозена власта.

1996.- Во авионот на претседателот на Колумбија Енерсто Самперо, со кој требаше да патува за САД, на аеродромот во Богота по анонимната пријава се пронајдени безмалку четири килограми хероин за што беше осомничен дека бил во врска со нарко-мафијата.

1999.- На Тајван во земјотрес загинаа најмалку 2.300 лица.

2002.- Лавина од кал и камења која се излеа од глечер во село Њижњи во руската република Северна Осетија усмрти повеќе од 100 луѓе.

2007.- Умре Петар Стамболиќ, долгогодишен функционер во времето на Јосип Брос Тито. Стамболиќ е роден во 1912 година во Брезово, кај Ивањица, а на комунистичкото движење му пристапи во 1935 година. Дипломираше на Земјоделскиот факултет во Земун. Беше советник и член на Претседателството на Второто заседание на АВНОЈ,  како и член на Претседателството на СФРЈ и Претседателството на ЦК на Сојузот на комунитите, како и претедател на Претседателството на СФРЈ.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2008 во 13:05

331 п.н.е.- На реката Тигар, во Месопотамија, војската на Александар Македонски се судри со главнината на персиската војска на царот Дариј. Персијците имаа околу милион војници, а Александар Македонски помалку од 50.000. Александар Македонски воспостави власт во Персија.

480. п.н.е.- Во поморската битка кај островот Саламин во Егејското Море, Грците под команда на атинскиот војсководец Темискот ги поразија Персијанците кои ги предводеше кралот Ксеркс I, со што Атина ја осигура превласта на морето.

1519.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан во служба на шпанскиот крал Карло V, од Сан Лукар во Шпанија со својата екпедиција од пет бродови тргна на пат околу светот со цел да го открие западниот пат за Индија и во освојување на колонии за шпанската династија. Во 520 година ги испита југоисточните брегови на Јужна Америка и го откри според него наречениот Магеланов Проток, а преку него помина во океанот кој го нарече Тихи (Пацифик). Загина на Филипинските Острови во борба против домородците, на 27 април 1521 година. Другиот дел од експедицијата се врати во Шпанија. Така беше докажано дека Земјата е тркалезна и дека новите краишта што ги откри Колумбо не се дел од Индија, туку посебен континент.

1520.- Сулејман Величенствениот стапи на турскиот престол по смртта на татка си Селим Први.

1833.- Роден е италијанскиот новинар и пацифист Ернесто Теодоро Монета, добитник на Нобеловата награда за мир во 1907 година. Беше директор на миланскиот весник „Ил Сецоло“ и претседател на Интернационалниот конгрес за мир во Милано во 1906 година.

1842.- Роден е шкотскиот хемичар и физичар Џејмс Дјуер, пронаоѓач на термос-боците.

1863.- Во Берлин умре Јакоб Грим, германски филолог, библиотекар во Касел, академик и професор во Берлин. Основач е на современата германистика. Ја проучуваше историјата на старите книжевности, проблемите на митовите, сказните и преданијата. Заедно со својот брат Вилхем издаваше германски народни бајки. Најпознати му се делата „Германска граматика“, „Историја на германскиот јазик“, „Германска митологија“ и други. Роден е во Хан, на 4 јануари 1785 година.

1870.- Силите на италијанскиот крал Виториј Емануел II го презедоа Рим од Французите. Тогаш кралот ја соопшти намерата Рим да се прогласи за италијанска престолнина.

1878.- Роден е американскиот писател Аптон Бил Синклер, автор на повеќе романи во кои се опфатени повеќе политички и социјални теми во кои е опишана поразителната слика на капиталистичкиот свет. Негови познати дела се „Џунгла“, „Метропола“, „Џими Хигинс“, „Крај на светот“, „Помеѓу два света“, „Претседателскиот агент“, „Светот кој треба да се освои“ и други.

1878.- Роден е Аптон Синклер, северноамерикански писател и публицист, борец за социјални права и за мир во светот. Меѓу најпознатите негови дела се „Џунгла“, „Џими Хигинс“, „Крај на светот“ и други. Умре 26 ноември 1968 година. 

1905.- Во Загреб умре Вјенцислав Новак, еден од најплодните хрватски писатели, музичар и композитор, по потекло Чех. Најпознати негови дела се „Тито Дорчиќ“, „Последните Стипанчиќи“, „Два света“ и други. Роден е во Сењ, на 1 септември 1859 година.

1934.- Родена е италијанската филмска глумица Софија Шиколоне, попозната како Софија Лорен. Како медиумски продукт на продуцентот и нејзин сопруг Карло Понто, стана светска ѕвезда.

1948.- Во Софија умре Лука Џеров, македонски учител, револуционер и војвода. Учесник е во Илинденското востание 1903 година и борец против врховистичките предавници на македонското дело. Роден е во Битола, во 1870 година.

1957.- Умре Јан Сибелиус, фински композитор, романтичар. Неговиот оригинален стил е сосема близок на финскиот музички фолклор. Роден е на 8 декември 1865 година.

1963.- Американскиот претседател Џон Кенеди на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации предложи заедничка советско-американска експедиција на Месечината.

1970.- Во Балтимор, САД, умре Џон Дос Пасос, северноамерикански писател на општествени романи. Роден е во 1896 година.

1970.- Во Париз умре Бурвил (вистинскто име му е Андре Рембург), француски филмски и оперски артист и комичар. Роден е во 1917 година.

1970.- Советскиот вселенски брод „Луна 16“ се спушти на Месечината поради земање делови од тлото на Земјиниот сателит.

1976.- По цели 40 години на власт шведската Социјалистичка партија е поразена на парламентарните избори.

1977.- Виетнам и Џибути се примени во Обединетите нации.

1979.- Владетелот на Централноафирканското царство Жан Бедел Босак го собори неговиот роднина, бившиот претседател Давид Дако и ја врати земјата со статус република. Босак во 1965 година со воен удар го турна Дако, а во 1976 година ја укина републиката и се прогласи за цар. Запаметен е по големата екстравагантност, расипништво и со жестоки злостори врз сопствениот народ.

1981.- Централноафриканската држава Белизе на брегот на Карипското Море (поранешниот Британски Хондурас) се стекна со незвисност од Велика Британија.

1984.- Во дворот на амбасадата на САД во Бејрут упадна исламски терорист-самоубиец со камион со големо количество експлозив при што усмрти 40 лица.

1989.- Фредерик Вилем де Клерк ја презеде должноста претседател на Јужна Африка.

1990.- Умре српскиот консруктор на авиони Слободан Зрниќ, декан на Машинскиот факултет на Новосадскиот универзитет, еден од конструкторите на авионите IK-3 и S-49. Авионот IK-3 на 6 април 1941 година во Втората светска војна учествуваше во одбраната на Белград. Завршил Машински факултет во Белград, а воздухопловната техника ја усовршувал во Франција. Како ескперет на ОН неколку години поминал во Африка.

1990.- Парламентите на Источна и Западна Германија го потврдија договорот за нивно обединување во една држава.

1990.- Во Скопје, Собранието на СР Македонија ги прогласи 25-те амандмани на Уствот на СР Македонија, според кои, покрај другото, Македонија стана повеќепартиска држава.

1993.- Во Скопје, во Шумарскиот факултет, е основано Движењето за облагородување на односите меѓу луѓето и природата „Патот на розата“.

1995.- Премиерот на Турција Тансу Чилер беше принудена да поднесе оставка бидејќи од владата се повлече коалиционата партија која и порача дека не е прифатлива цената која заради нејзината политика мораат да ја плаќаат турските граѓани.

1998.- Во Скопје умре Јордан Леов, македонски писател. Автор е на книгите разкази „Последни од смртта“, „Длабока рана“, на романите „Побратими“, „Виор“, „Афион“ и на други дела. Роден е во Велес, на 29 август 1920 година.

1998.- Во Прилеп умре д-р Бошко Бабиќ, археолог и историчар на уметноста, еден од основачите на Институтот за старословенска култура во Прилеп и негов директор. Покрај другите трудови, автор е на книгата „Средновековното културно богатство на Република Македонија“. Роден е во Босанска Градишка, во 1924 година.

2000.- Умре советскиот космонаут од руско потекло Герман Титов, вториот човек кој летал во вселената. Титов во август 1961 година, во вселенскиот брод „Восток 2“, поминал 25 часа во вселената, обиколувајќи ја Земјата 17 пати. За неговите заслуги добил најмногу државни награди и стана херој на СССР.

2004.- САД официјално го укинаа трговското ембарго против Либија воведено во 1986 година.

2005.- Во Виена умре Симон Визентал, Евреин, ловец на нацистичките злосторници, меѓу кои и на мозокот на планот „Конечно решение“ Адолф Ајхман. Роден е во 1909 година.

2006.- Умре шведскиот филмски снимател Свен Никвист, близок соработник на Ингмар Бергман. Никвист е добитник на два Оскара за филмовите „Крици и шепотења“ (1973) и „Фани и Александар“ (1982), и двата во режија на Бергман.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 10:07

- Меѓународен ден на геолозите.

1502.- Шпанскиот морепловец од италијанско потекло Кристофер Колумбо пристигна на Костарика на четвртото и последно патување во Новиот свет.

1709.- Роден е англискиот писател и лексикограф Самуел Џонсон. Неговиот „Речник на англиски јазик“ од 1755 година повеќе од еден век важеше за најавторитетен на англиското говорно подрачје.

1753.- Во Москва умре Христофер Жефарович, еден од најраните македонски преродбеници, свештеник, писател, ликовен уметник. Зборуваше речиси на сите балкански јазици, а го познаваше и латинскиот јазик. Беше еден од најдобрите и највлијателните ликовни уметници на Балканот. Автор е на книгата со религиозна содржина „Поучение свјатителское и новопостановленому језику“ и „Описание светога божија града Јерусалима“, како и на книгата со световна содржина „Стематографија“, која има посебно значење за хералдиката. Роден е во Дојран, околу 1700 година.

1759.- Французите по воениот пораз мораа на Англичаните да им ги отстапат провинциите Квебек и Канада. Во последната битка загинаа и командантите - Британецот Џејмс Волф и Французинот Луј Монкалм.

1810.- Во Чиле под раководство на Бернард О`Игинс започна востанието против шпанските колонијални власти.

1819.- Роден е францускиот физичар Жан Бернар Леон Фуко кој заедно со Арман Иполит Луј Физо ја измерија брзината на светлината.

1820.- Францускиот математичар и физичар Андре-Мари Ампер ја објави теоријата за електромагнетното поле. Неговите откритија имаат големо значење во областа на електричниот магнетизам.

1851.- Во Њујорк, САД, излезе првиот број на дневниот весник „Њујорк дејли тајмс“, еден од најтиражните весници во светот.

1876.- Во Белград е роден Милан Ракиќ, српски писател, театарски критичар, реформатор на стихот и академик. Неговите песни спаѓаат во најдобрата поезија во српската лирика во 20. век. Дела: „Песни“ и „Нови песни, песни“. Роден е во Загреб, на 30 јуни 1938 година.  

1895.- Во Сплит е роден Иво Тијардовиќ, хрватски композитор, либретист, сликар и сценограф, диригент и раководител на театри во Сплит и во Загреб. Напиша осум оперети и три опери. Познати му се оперетите „Мала Флорами“, „Сплитски акварел“, операта „Марко Поло“ и други дела. Оперетата „Мала Флорина“ на сцената на Македонскиот народен театар првпат е поставена во 1957 година. Умре во Загреб, на 19 март 1976 година.

1905.- Во Стокхолм е родена Грета Гарбго (Грета Луиза Густафон), шведска актерка, една од најголемите легенди на Холивуд. Умре во Њујорк, на 15 април 1990 година.

1911.- Умре рускиот премиер Петар Аркадијевич Столипин, шеф на владата од 1906 година кој со економските реформи го зајакна руското стопанство. Со брзите реформи во земјоделството и аграрот овозможи Русија да произведе вишок на храна.

1912.- Во Истанбул е роден Густав Влахов, македонски револуционер, политички работник, дипломат и носител на „Партизанска споменица 1941“. Тој е син на македонскиот револуцонер Димитар Влахов, кој имаше големо влијание Густав рано да се вклучи во револуционерното движење. Член е на КПЈ од 1933 година. Густав Влахов учествуваше во редовите на Црвената армија при одбраната на Москва, вршејќи разни одговорни воени должности. По ослободувањето вршеше одговорни должности во Македонија и во федералните органи на СФРЈ. Умре во Белград, на 16 јануари 1991 година.

1929.- Во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, еден од најпознатите политички емигранти и идеен творец и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Погребен е во Куманово, на 1 август 1998 година. Умре во Копенхаген, Данска, во месец мај, 1998 година.

1931.- Откако го предизвикаа инцидентот кај Мукден, Јапонците го започнаа нападот врз североисточна Кина (Манџурија) и ја окупираа оваа азиска област. Окупацијата траеше се до 1945 година кога советските трупи ги протераа Јапонците.

1934.- СССР пристапи кон Друштвото на народите, но подоцна, на 14 декември 1939 година, е исклучен поради нападот врз Финска.

1938.- Во селото Модрич, Дебарско, е роден Бошко Смаќоски, македонски писател. Дело: „Мајски ѕвончиња“, „Додека роси“, „Модричка тетратка“, „Големи и мали“, „Животот занает најтежок“ и последното негово дело „Лето господово, лето ѓаволово“. Умре во Скопје, на 13 март 1998 година.

1944.- Германските единици кои се повлекуваа од Грција упаднаа во Струмица, но не успеаја да воспостават окупаторска власт, ниту да ги оневозможат органите на народната власт да ја извршуваат својата должност.

1961.- Во авионска несреќа во Северна Родезија, под околности кои не се расветлени, загина шведскиот дипломат, генерален секретар на Обединетите нации од 1953 година Хајлмар Агне Даг Хамаршелд, доктор по филозофија и академик. Смртта го затече кога ја предводеше мисијата за решавање на конгоанската криза во која неговите ставови не беа по волја на влијателни западни земји.  Постхумно му беше доделена Нобелова награда за мир.

1962.- Во Бејрут фалангата и десничарите на мајор Саад Хадат во палестинските логори според зборовите на Јасер Арафат убиле околу 3.000 луѓе.

1964. Умре ирскиот писател Шон О`Кејзи познат автор на драми. Во младоста бил физички работник и комунист, организатор на ирската Граѓанска армија и борец за слободна Ирска.

1973.- Генералното собрание на ООН во своето членство ги прими СР Германија, ДР Германија и Бахамските Острови.

1978.- Заради египетско-израелскиот договор во Кемп Дејвид, во знак на протест оставка поднесоа египетскиот шеф на дипломатијата Ибрахим Камел и амбасадорот во САД Ашраф Горбал.

1981.- Во Франција е укината смртната казна.

1982.- Либанската христијанска милиција го изврши масакрот во палестинските бегалски логори Сабар и Шатила во Бејрут, во кој убија најмалку 800 луѓе, реванширајќи се на исламските терористи кои четири дена пред маскарот го убија лидерот на христијаните и новоизбраниот претседател на Либан Бешир Џемаил.  

1987.- Умре Драги Крстевски - Амфи, еден од најпознатите македонски артисти, член на „Драмата“ при Македонскиот народен театар. Роден е во 1929 година.

1996.- Во Ереван, Ерменија умре Ристо Ничевски, македонски интернационален шаховски мајстор. Роден е во Битола, на 28 јуни 1945 година.

1993.- Околу 2.000 доброволци тргнаа кон градот Сухуми одговарајќи на апелот на претседателот на Грузија Едуард Шеварнадѕе со оружје да се спротивстават на абхашките сепаратисти.

1997.- Исламски терористи во центарот на Каиро нападнаа туристички автобус при што убија девет германски туристи и египетски возач.

2001.- Претседателот на САД Џорџ Буш потпиша документ со кој се одобрува воена акција против одговорните за терористичките напади во Њујорк и Вашингтон од 11 септември. 

2005.- Во Авганистан се одржани парламентарни и локални избори, први по 1969 година.

2005.- Умре Јегор Јаковљев, руски новинар и писател. Тој е симбол на демократските промени од времето на перестројката, кој како главен уредник на весникот „Московски новости“, од 1986 до 1991 година, од весникот направи центар во кој се собираа интелектуалци кои ги поддржуваа суштинските промени во советска Русија.

2006.- Во големите демонстрации во Будимпешта повредени се повеќе од 120 демонстранти и повеќе од 100 полицајци. Демонстрациите ги предизвика снимката од изјавата на премиерот Ференц Ѓурчањ на која тој зборува дека „членовите на коалицијата во изминатата година и пол (откако е тој дојден на власт) непрекинато ги лаже граѓаните“. Меѓу милитантните демонстранти посебно се истакна Ласло Тороцки, лидер на пронацистичкото движење „64 жупании“.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 36>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.