IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВНИ,КАТОЛИЦИ,ИЗВОРНИ ХРИСТИЈАНИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВНИ,КАТОЛИЦИ,ИЗВОРНИ ХРИСТИЈАНИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2930313233 41>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 02:05
Originally posted by Pravoslavie Pravoslavie напиша:

Зарем не се вели: “Ако не Го јадете Моето Тело и не Ја Пиете Мојата Крв нема да имате Живот во себе“ и “Кој Го јаде Моето Тело и Ја пие Мојата Крв има живот вечен и Јас ќе го Воскреснам во последниот ден“
 
Каде овде се споменува симболика??
 
Христос на едно место вели "Јас сум патот", на друго место вели "Јас Сум вратата" итн. Каде е тука симболиката?
Дали тоа значи дека секој ден кога газиме по пат ние Го газиме Христос? изненадување
Дали значи дека секој пат кога сме треснале врата ние сме го треснале Исус? изненадување
Дали тоа значи дека кога сме фарбале врата ние сме го фарбале Христос? изненадување
Гледаш ли до кое безумие може да те доведе твојот буквализам?
А конкретно за тоа место, лесно ќе ти докажам дека се работи за симболично (спомен) пиење на Христовата крв...
 
Прво, Христос таму вели: "Ова е Мојата крв на Новиот Завет, која се пролева за мнозина." (Марко 14:24)
Како е можно Христос да им ја дал "пролеаната крв" на апостолите да ја пијат, кога Неговата Крв сеуште не била пролеана т.е. Христос сеуште не бил уапсен, камшкуван, распнат?
 
Второ, Во Стариот Завет, во Мојсеевиот закон е заповедано да не се пие крв...
 
"Зашто животот на секое тело е неговата крв; таа е животот; затоа и им реков на Израелците: ‘Не смеете да јадете крв од ниедно тело, зашто животот на секое тело е неговата крв.’ Секој што ќе јаде, ќе биде истребен."
(Левит 17:14)
 
Таа заповед е повторена и во Новиот Завет...
 
"Имено, Светиот Дух и ние одлучивме да не ставаме на вас никакво друго бреме, освен овие потребни работи: да се воздржувате од жртвуваното на идолите, од крв, и од удавено и од блудство; ако се пазите од тоа, добро ќе направите. Бидете здрави!"
(Дела 15:28-29)
 
Како е можно Христос сега да иде контра Божјиот Збор и да ги тера апостолите на грев? среќа
 
Не, ни случајно! Јасно е кажано дека тоа е симболично јадење на телото и крвта Христови како еден мемориален оброк за да се потсетуваме на Неговата застапничка смрт за нас. Господ знае дека ние сме заборавни луѓе и затоа одредил еден мемориален оброк преку кој ние ќе се потсетуваме на суштината на Христијанската порака: Христос умре за нашите гревови! големо%20гушкање
 
"Зашто, јас го примив од Господа она, што и ви го предадов: дека Господ Исус, во онаа ноќ во која беше предаден, зеде леб, и благодари, го раскрши и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело, кое се крши за вас. Правете го ова за Мој спомен!” Исто така и чашата, по вечера, и рече: „Ова е чаша на Новиот Завет во Мојата крв. Правете го ова, секојпат кога пиете, за Мој спомен!” Зашто, секојпат кога ќе го јадете овој леб, и ќе пиете од оваа чаша, ја навестувате Господовата смрт, додека дојде Тој."
(1 Коринтјаните 11:23-26)
 


Изменето од EvAngelos - 22.Септември.2008 во 02:08
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 05:03
Евангелос - патот - е патот кон Бога, а не сокакот пред зграда... тој пат се оди со душата. Да, секојдневно одиме по Него.
Вратата е вратата на Божјото Царство. Сите ние се надеваме дека ќе влеземе преку неа.
Нема никаква симболика ни во едното ни во другото - многу се буквални, всушност!
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 05:14

zidarski па и јас тоа го потенцирам горе, дека Исус не е буквално патот што го газиме пред зграда и дека Исус не е вратата што ни ги разделува дневната од трепезаријата, ама иди тоа објасни му го на твојот брат - pravoslavie среќа

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 05:24
Евангелос... не ме разбра изгледа...
Нема никаква симболика кога Исус вели - Јас сум Патот. Затоа што тој буквално, ама најбуквално е Патот. Патот на душата до Бога. Буквално е Вратата - на царството Божје.

Не гледам како би имало недоразбирање околу тоа (освен ако не се извади само цитат). Погледни ги претходните стихови и ти е јасно дека зборува за патот кон Бога (кој е буквално пат - но за душата):
2 Во Домот на Мојот Татко има многу живеалишта; ако не беше така, Јас ќе ви кажев, зашто одам да ви приготвам место.
3 И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам при Себе, за да бидете и вие каде што Сум и Јас.
4 А знаете каде одам Јас, и патот го знаете.”

Не е тоа симболичен пат - а е буквален. Душата патува, душата врви по патот - Исус.
Do what is right, come what may...
Кон врв
ggstefan Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 19.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 266
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ggstefan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 09:59
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Евангелос... не ме разбра изгледа...
Нема никаква симболика кога Исус вели - Јас сум Патот. Затоа што тој буквално, ама најбуквално е Патот. Патот на душата до Бога. Буквално е Вратата - на царството Божје.

Не гледам како би имало недоразбирање околу тоа (освен ако не се извади само цитат). Погледни ги претходните стихови и ти е јасно дека зборува за патот кон Бога (кој е буквално пат - но за душата):
2 Во Домот на Мојот Татко има многу живеалишта; ако не беше така, Јас ќе ви кажев, зашто одам да ви приготвам место.
3 И кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам при Себе, за да бидете и вие каде што Сум и Јас.
4 А знаете каде одам Јас, и патот го знаете.”

Не е тоа симболичен пат - а е буквален. Душата патува, душата врви по патот - Исус.


izvini, ama malce da ne pretera?

kako da ti objasnam, ama dusata ne odi po avtopat i ne plakja patarina. nitu pak bozjoto carstvo ima vrati, bidejki e duhovno carstvo, kakov sto e i Bog. nitu pak Hristos e bukvalno lozata, kako sto toj isto taka kaza, bidejki pretpostavuvam sega kojznae sto ke izmislis za ova.

do koga ke se lazeme, duri se cudam mislam i samiot se ubeduvas sebesi vo ovie raboti vo koi nema zdrava logika. se razbira i sekoe dete znae deka patot e nacinot na zivot koj Hristos go trasirase i ne samo nacinot na zivot, tuku nacinot na spasenie. jasno e isto taka, deka vrata e Hristos bidejki samo preku Nego se vleguva vo carstvoto Bozjo, no ne so kluc i brava i so gasenje na alarmot, tuku so vera! a i za lozata ke ti kazam, ama veruvam deka znaes, samo pocnuvam so ovie posledni postovi navistina da se prasuvam.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 12:34
ggstefan, ми ги зеде зборовите од уста. Ама не буквално голема%20насмевка 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 13:11
"Исус му рече: Јас сам Патот, Вистината и Животот; никој не доаѓа до Отецот освен преку Мене." (Јован 14:6)
На тоa Спасителот одговара: "Ја сум патот и вистината и животот". Пред патот и вистината и животот стои Богочовечкото Јас, Богочовечката Личност. Во Него тие три работи се едно, и во исто време бескрајно и вечно. Сето тоа,и надворешно и внатрешно, го носи печатот на Неговата Личност. И патот е Личност, и тоа Богочовечка Личност; и Вистината е Личност; и Животот е Личност, и тоа повторно Богочовечка Личност.
Не, Вистината не е диск*рсивен, логички поим; вистината не е ниту целиот човечки ум, ниту сите души, ниту сите човечки умови; вистината не е ништо човечко, па било тоа култура, цивилизација, техника, наука, философија, религија; Вистината не е ниту Ангел, ниту сите Ангели заедно; Вистината не е ниту цел свет, ниту сите висини; Вистината е нешто неспоредливо повисоко и поголемо од тоа; Вистината е Личност, и тоа Личност на Христа Бога. Со тоа потполно се исцрпува и битието на Вистината, и поимот за Вистината, и дефиницијата за Вистината. Тоа што е речено за Вистината важи и за Животот: Животот е – Личност на Богочовекот Христос. Тако исто и Пат во Вистината, и Пат во Животот пак е – Личност на Богочовекот Христос. Он, како Пат, води низ Вистината во Живот вечен. Тоа тројство во Него е едносушно.
Нема Вистина надвор од животот во Христа; нема живот надвор од вистината Христова; нема пат во животот и вистината надвор од Христа Бога. Таква благовест за Вистината и Животот, такво сознание за Вистината дошло во човечкиот свет од појавата на Богочовекот. Така што светиот Евангелист е во право кога тврди дека "Вистината дојде од Исуса Христа" (Јн. 1,17). А таа Вистина, која е Богочовек, разлеана е по се што е Богочовеково: по Неговите евангелски зборови, и дела, и случувањата. Сета е присутна само во Него, а Тој целиот е присутен во Црквата, така што "Црквата е столб и тврдина на Вистината" (1 Тм. 3,15).
А тоа значи: Таа е и пат и вистина и живот, зашто овие три секогаш се едно во Христа. Така само Црквата има пат кој низ вистина води во живот вечен. Затоа што каде што е Богочовекот, таму е и Вистината вечна и Животот вечен и Патот вечен. А Он е сето тоа затоа што е Второто Лице на Пресвета Троица. Постанувајќи човек, Он на човечки реалан и очигледен и пристапен начин покажа да е, затоа што е Второто Лице на Пресвета Троица, Вистина и Живот, и Пат во Вистината и во Животот. Затоа Он е - најкраткиот и најсигурниот пат за човечкиот род, за луѓето - во Вистината и Животот: Тросончево Божество: "никој нема да дојде кај Отецот освен преку Мене". "Никој", значи никој од луѓето не може да ја познае Вистината на никој друг начин освен преку Богочовекот, ниту нема да може да го стекне животот вечен. И уште: никој не може, освен преку Богочавекот, да Го познае Единиот и Вистински Бог. Сите други патишта водат до лажни богови. Ако човекот оди до крај по Христовата Вистина, Правда, Љубов, тие мора да го одведат до Бога Отца, Троединото Божество, како свој Праизвор. Се што е Богочовеково: секој збор Негов, секое дело, секоја мисла – водат кон Бога Отецот, водат кон Пресвета Троица, како Сеизвор на Вистината, Животот, Правдата, Љубовта, Мудроста...

+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 13:18
Мараната, не копи-пастирај што год ќе ти фати окото. Ние погоре зборевме за канибализмот во православието т.е. дали виното буквално се претвара во Христовата крв и дали лебот буквално се претвара во Христовото тело при земање на причест или пак тие само симболично ги претставуваат Христовата пролеана крв и раскршено тело како еден мемориален оброк кој треба да не потсети на Христовата жртва за нашите гревови на Голгота.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 14:46
Јован 6, 48-58 - Јас сум лебот на животот. 49 Татковците ваши јадеа мана во пустината и умреа; 50 а ова е леб што доаѓа од небото, и оној, кој јаде од него, нема да умре. 51 Јас сум живиот леб што слезе од небото; кој јаде од овој леб, ќе живее вечно; а лебот што ќе го дадам Јас, е Моето тело што ќе го предадам за животот на светот.“ 52 Јудејците пак почнаа да се препираат меѓу себе, велејќи: „Како може Овој да ни го даде телото Свое да го јадеме?“ 53 А Исус им рече: „Вистина, вистина ви кажувам: ако не го јадете телото на Синот човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе.54 Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден. 55 Зашто Моето тело е вистинска храна, и Мојата крв - вистинска напивка. 56 Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во него. 57 Како што Ме прати живиот Отец и Јас живеам преку Отецот, така и тој што јаде од Мене, ќе живее преку Мене. 58 Ова е лебот што слезе од небото, а не како татковците ваши што јадеа мана и изумреа; кој јаде од овој леб, ќе живее
довека.“

Јасно кажано дека Христос е живиот Леб кој слезе од небото и ќе го даде Своето Тело за нас да го јаеме, а кога јудејците почнале да се бунат на тоа, Господ гласно и јасно им вели дека кој не јаде и не пие – нема живот вечен. Кога ќе се прочитаат сите стихови се сфаќа во кој контекст треба да се разбере. А и апостол Павле вели дека кој недосстоен пие и јаде, ќе биде виновен спрема Крвта и телото Христови.

Свето Писмо кажува дека Господ, кога на Тајната Вечера го зел лебот и го благословил Самиот рекол: “Ова е Телото Мое” (ср. Мт. 26,26). Земајќи ја чашата, ги изговорил овие зборови: “Ова е крвта Моја...” (ср. Мр. 26,27). Учењето на Господа Исуса Христа е јасно: “Кој го једе Моето Тело и ја пие Мојата Крв во Мене пребива и Јас во него” (Јн. 6,56); и “ако не го једете телото на Синот Човечки и не ја пиете Крвта Негова, немате живот во себе” (Јн. 6,53). Како што и данеска се случува, и тогаш многумина од оние кои го чуле ова учење на Господ не можеле да го прифатат. Светото Писмо ни говори дека таквите ученици попрво Го напуштале Христа наместо да ја прифатат Неговата наука (види Јн. 6,60-66). Они, всушност, биле првите протестанти!
Ова учење на Господ Исус Христос никогаш не било спорно во Православната Црква, која секогаш доследно го проповедала, од апостолски времиња, па низ периодот на великите Свети Отци и учители на Црквата па се до наши времиња. Сите велики Отци сведочат дека овие зборови на Господ Исус Христос имаат буквално значење.
Доколку некој друг има подруго толкување, прво нека ни објасни од каде му кога не признава Св. Предание!

Нема Св.Предание – нема толкување!
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 19:53
Има еден клучен момент тука:
53 А Исус им рече: „Вистина, вистина ви кажувам:..."

Вистина ви кажувам!
Не зборува во параболи, како што многу пати го прави, не зборува со симболи, како што многу пати го прави. Вистина ни кажува! И два пати го повторува тоа!
А ти своеволно решаваш дека тоа не е вистина и дека е со преносно значење... ех - во ред, твое право...

Колку за другиот муабет, за патот (кој не е вон топик - затоа што е дообјаснување за идејата за симболичност и буквалност) - ггстефан - затворен си во стегите на јазикот и го поедноставуваш во крајно материјализирање. Патот не е само асфалт, патот е и духовен пат. И тоа не е никаква симболика, а е доста буквално.
Do what is right, come what may...
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 19:55
Патем - конкретно за патот - преводот на англиски на пример е "I am the way", што не значи само пат, туку и "начин". Прашав еден пријател, кој ми објасни дека и на еврејски го има истото значење... сега се обидувам да најдам некој кој ќе ми даде примери од арамејски...
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 22:44
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Светото Писмо ни говори дека таквите ученици попрво Го напуштале Христа наместо да ја прифатат Неговата наука (види Јн. 6,60-66). Они, всушност, биле првите протестанти!
 
Не, туку тоа биле всушност првите "православни" затоа што со цел памет помислиле дека таму Христос зборува за буквално јадење на Неговото тело и пиење на Неговата крв (канибализам!) и затоа го напуштиле, затоа што не сфатиле дека Христос зборува во парабола, а не буквално.
 
 
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:


Нема Св.Предание – нема толкување!
 
ога Светото Писмо сака да не научи нешто, ТОА СЕ ТОЛКУВА САМОТО СЕБЕ, И НЕ ДОЗВОЛУВА ЧИТАТЕЛОТ ДА ПОГРЕШИ! Затоа ве молам и преколнувам, ДА ГИ ЗАТВОРИМЕ НАШИТЕ ОЧИ ЗА СЕ ДРУГО, И ИСКЛУЧИВО ДА ГО СЛЕДИМЕ КАНОНОТ НА СВЕТОТО ПИСМО."
(Јован Златоуст: 13та Хомајлија на Битие)
 
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Има еден клучен момент тука:
53 А Исус им рече: „Вистина, вистина ви кажувам:..."

Вистина ви кажувам!
Не зборува во параболи, како што многу пати го прави, не зборува со симболи, како што многу пати го прави. Вистина ни кажува! И два пати го повторува тоа!
 
Еве ти еден "клучен" момент каде што Исус исто така ДВА ПАТИ повторува дека вистина збори дека тој е вратата на овците...
 
"Тогаш Исус пак им рече: “Вистина, вистина ви кажувам: Јас сум вратата на овците."
(Исус во евангелие по Јован 10:7)
 
Според твото "разумско" толкување, следува дека овде Исус не зборува во параболи, ниту во симболи, туку дека Тој е буквална врата на овците голема%20насмевка
А погледни што вели предходниот стих на горенаведениот...
 
"Оваа парабола им ја кажа Исус, но тие не разбраа што сакаше да им каже со неа."
(Јован 10:6)
 
Значи сепак Исус ја користел фразата "Вистина, вистина ви велам" и кога зборувал во параболи намигнување
 
(фала ти Господе што си го направил совршено Твојот пишан Збор за да може стих со стих да се брани и да не дозволи истиот да биде злоупотребен големо%20гушкање)
 
ggstefan ви постави уште подобар пример...
 
"Јас сум лозата, а вие прачките."
(Исус во евангелие по Јован 15:5)
 
Дали според вашата "православна" "логика" од овој стих произлегува дека Исус е буквална лоза? голема%20насмевка Дали верниците се буквални прачки? тајм%20аут
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 23:03
Кога има потреба да се разбере дека е парабола, тоа е јасно. Кога нема потреба - истотака е јасно. А тоа што ти го велиш за крвта и телото - тоа е само и единствено твое толкување (и на твоите сомисленици). Јас го толкувам поинаку (како и повеќето Христови следбеници).
Do what is right, come what may...
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 00:52
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Христос на едно место вели "Јас сум патот", на друго место вели "Јас Сум вратата" итн. Каде е тука симболиката?
Дали тоа значи дека секој ден кога газиме по пат ние Го газиме Христос? изненадување
 
 
По кој пат? По патот за Мариово?среќа Каде е тоа така кажано? Тој не вели: Јас сум секој пат, туку вели Јас сум Патот, Вистината и Животот и продолжува никој не доаѓа до Отецот освен преку Мене. Значи на тој Пат се мисли, а не на било кој пат. Дали МЕНЕ мојот “буквализам“ ме доведе до празнословие?
 
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Дали значи дека секој пат кога сме треснале врата ние сме го треснале Исус? изненадување
Дали тоа значи дека кога сме фарбале врата ние сме го фарбале Христос? изненадување
 
Ако си Ја “треснал“ или си ја “фарбал“ Вратата преку Која секој кој ќе влезе ќе се спаси, и ќе влезе и ќе излезе и Пасиште ќе најде, тогаш ДА Ти си Го, како што ти велиш “треснал и офарбал Христа“. Дали МЕНЕ мојот “буквализам“ ме доведе до празнословие?
 
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Гледаш ли до кое безумие може да те доведе твојот буквализам?
А конкретно за тоа место, лесно ќе ти докажам дека се работи за симболично (спомен) пиење на Христовата крв...
 
Прво, Христос таму вели: "Ова е Мојата крв на Новиот Завет, која се пролева за мнозина." (Марко 14:24)
Како е можно Христос да им ја дал "пролеаната крв" на апостолите да ја пијат, кога Неговата Крв сеуште не била пролеана т.е. Христос сеуште не бил уапсен, камшкуван, распнат?
 
А дали се вели “крвта на Новиот Завет која е веќе пролеана за мнозина“?? Дали се зборува за нешто кое е ВЕЌЕ ЗАВРШЕНО?
 
 
EvAngelos:
 
Второ, Во Стариот Завет, во Мојсеевиот закон е заповедано да не се пие крв...
 
"Зашто животот на секое тело е неговата крв; таа е животот; затоа и им реков на Израелците: ‘Не смеете да јадете крв од ниедно тело, зашто животот на секое тело е неговата крв.’ Секој што ќе јаде, ќе биде истребен."
(Левит 17:14)
 
Таа заповед е повторена и во Новиот Завет...
 
"Имено, Светиот Дух и ние одлучивме да не ставаме на вас никакво друго бреме, освен овие потребни работи: да се воздржувате од жртвуваното на идолите, од крв, и од удавено и од блудство; ако се пазите од тоа, добро ќе направите. Бидете здрави!"
(Дела 15:28-29)
 
Како е можно Христос сега да иде контра Божјиот Збор и да ги тера апостолите на грев? среќа
 
Не, ни случајно! Јасно е кажано дека тоа е симболично јадење на телото и крвта Христови како еден мемориален оброк за да се потсетуваме на Неговата застапничка смрт за нас. Господ знае дека ние сме заборавни луѓе и затоа одредил еден мемориален оброк преку кој ние ќе се потсетуваме на суштината на Христијанската порака: Христос умре за нашите гревови! големо%20гушкање
 
"Зашто, јас го примив од Господа она, што и ви го предадов: дека Господ Исус, во онаа ноќ во која беше предаден, зеде леб, и благодари, го раскрши и рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело, кое се крши за вас. Правете го ова за Мој спомен!” Исто така и чашата, по вечера, и рече: „Ова е чаша на Новиот Завет во Мојата крв. Правете го ова, секојпат кога пиете, за Мој спомен!” Зашто, секојпат кога ќе го јадете овој леб, и ќе пиете од оваа чаша, ја навестувате Господовата смрт, додека дојде Тој."
(1 Коринтјаните 11:23-26)
 
 
 
 
Pravoslavie:
 
Зарем поради непочитување и недржење на една симболика можеш да останеш без Живот Вечен? Убаво го пренесе, она: -"Ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе. Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден" (Јован 6:53,54).
 
 
А дали Апостолот Павле мислел на симболика кога ги искажал следниве зборови?
 
1 Кор 10
Чашата на Благословот која ја благословуваме не е ли општување со крвта Христова? Лебот што го кршиме не е ли општување со Телото Христово? Бидејќи Лебот е само еден, едно тело сме ние многуте зашто сите се причестуваме од еден леб.

1 Кор 11

Оти кога го јадете овој Леб и кога ќе ја пиете оваа Чаша вие ќе ја објавите смртта на Господ додека Он не дојде затоа оној што недостојно јаде од овој Леб и пие од чашата Господова виновен ќе биде спрема Телото и Крвта на Господ. Но човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша, зашто кој јаде и пие недостојно тој го јаде и пие своето осудување бидејќи не го разликува Телото Господово. Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни а мнозина и умираат оти ако бевме се испитале сами себе тогаш немаше да бидеме осудени, но судејќи не Господ не накажа за да не бидеме осудени заедно со светот. Затоа кога се собирате за јадење чекајте се еден со друг. Ако е некој гладен нека јаде дома за да не се собирате за осудување а другото ќе го наредам кога ќе дојдам.
 
------------------------
 
Дали е во ред да се правиме дека знаеме и разбираме подобро од Апостолот Павле??
И дали поради недостојно пристапување кон симболиката може да ни се случи болест или смрт?!


Изменето од Pravoslavie - 23.Септември.2008 во 01:21
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2930313233 41>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.