IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Македонската репрезентација
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонската репрезентација

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 35>
Автор
Порака
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2008 во 03:30


Зар има тука офсајд???

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2008 во 11:53
Originally posted by ZOTE ZOTE напиша:


Зар има тука офсајд???



Da crkne sudijata!

Кон врв
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2008 во 13:35

Kavos Corfu Greece

 

 

во сите кафичи кај што имаше телевизори имаше и пренос македонија шкотска. сегде беше најавено како македонија. а во кавос нема баш малку кафичи.

 

http://www.youtube.com/watch?v=BsTOviFCMnI

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2008 во 13:50
Топголема%20насмевка
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2008 во 18:05
Акредитирање за Исланд

Сите заинтересирани редакции за следење на лице место на квалификацискиот натпревар за СП 2010г. помеѓу селекциите на Исланд и Македонија што ќе се одигра на 15.Октомври да се пријават најдоцна до 01.Октомври во ТА Гуливер.
Патувањето ќе биде организирано со Чартер лет а секоја редакција може да биде застапена со најмногу еден претставник.
Цена на аранжманот: 8500 денари со сместување во двокреветна соба со појадок во х. со 3 ѕвезди во Рејкјавик.
Виза: 2140 денари.

Патувањето е на 13.Октомври во 14ч. од Аеродром „Александар Велики“. Враќањето е в среда на 15. Октомври по завршувањето на натпреварот.

Авионскиот превоз, аеродромските такси и сите трансфери во Рејкјавик ги обезбедува ФФМ.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2008 во 19:22

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2008 во 23:13
Катанец го објави списокот за Исланд

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Среќко Катанец ги врати Александар Васовски и Ацо Стојков во националниот состав. Вкупно 19 фудбалери ќе патуваат во Рејкјавик на гости кај Исланд, нашиот нареден противник во квалификациите за светското првенство.

На списокот не се Наумоски, поради два жолти картона, и повредениот Горан Попов кој не настапи и на дуелите со Шкотска и со Холандија. Катанец не ги повика Вајс и Демири, но затоа пак, првпат со репрезентацијата ќе биде дефанзивецот на Македонија Ѓорче Петров, Даниел Мојсов, досега член на младата селекција.

Голманите се стандардни, Милошевски и Пачовски. На одбранбените места се надеваат Седлоски, Митрески, Лазаревски, Новески, Петров, Грнчаров и Мојсов.

Васовски ќе биде на подготовките затоа што селекторот сака да провери во каква состојба се наоѓа фудбалерот на Ајнтрахт.

Петмина се во комбинација за средината, Гроздановски, Тасевски, Положани, Трајанов и Шумуликовски, а по вториот триумф во мундијалските квалификации Катанец ќе тргне со напаѓачите Пандев, Мазнов, Ристиќ и Стојков.

Натпреварот со Исланд е закажан за 15-ти октомври во Рејкјавик и ќе биде последен за Македонија во 2008-ма.


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 20:18
Катанец на Исланд со 19 фудбалери

*На важниот меч играме без "пожолтениот" Наумоски, а кам-бек во националниот тим за Стојков, Васоски, но и младиот Мојсов

Малку неочекувано. Среќко Катанец подрани со списокот на националниот тим за гостувањето на Исланд. Селекторот вчера ги обелодени 19-те фудбалери со кои патува на првото гостување во овој квалифрикациски меч. Ништо спектакуларно и неколку измени на листата на која го нема "пожолтениот" Илчо Наумоски, а во негово отсуство во нападот кам-бек прави Ацо Стојков, кој за разлика од септември сега има клуб за кој во неделата го постигна и првиот гол. Покрај Наумоски од имињата кои беа во комбинација за средбата со Шкотска и Холандија ги нема Демири и Вајс, додека по долга пауза кам-бек и за Александар Васоски, но и за младиот Мојсов. Дефанзивецот на Македонија Ѓ.П по одличниот настап на дерби дуелот со Вардар повторно го сврте вниманието кон себе.

За следниот дуел голем хендикеп за нашиот национален тим е неиграњето на Наумоски, кој ја донесе победата над Шкотска иако треба да се потенцира дека во супер форма се Пандев, Новески, Тасевски...

Според веб-страницата на ФФМ, репрезентативците се собираат во Скопје на 7 октомври и ќе работат во престолнината до заминувањето за Рејкјавик, кое е закажано за на 13 октомври во попладневните часови. Катанец ќе има доволно време да ги подготви фудбалерите за важниот квалификациски меч на Исланд од кој ќе зависат многу работи. Со успех ќе останеме во игра за челните позиции, додека пораз од најслабата селекција во нашата група би значело голем неуспех и битка за долните позиции до крајот на квалификацискиот циклус за пласман на СП 2010.



Изборот на Катанец

Голмани:
Петар Милошевски           Енозиз
Томе Пачовски   Вардар

Одбрана:
Гоце Седлоски   Матерсбург
Игор Митрески   Енерџи К.
Владе Лазаревски             Полонија В.
Николче Новески              Мајнц
Роберт Петров    Пансериакос
Александар Васоски        Ајнтрахт Ф.
Бобан Грнчаров               Макаби П.Т
Даниел Мојсов   Македонија Ѓ.П

Среден ред:
Влатко Гроздановски      Војводина
Дарко Тасевски Левски
Артим Положани               Вардар
Ванчо Трајанов Черноморец
Величе Шумуликоски      Ипсвич

Напад:
Горан Пандев     Лацио
Горан Мазнов    Томск
Ацо Стојков       Ниреѓихаза
Стевица Ристиќ Поханг

Среќко се радува на Пандев

Селекторот со своја анализа на списокот за претстојниот дуел. Тој ја даде следната изјава:

"Исланд е нов предизвик. Реков дека во овој циклус како и во претходниот ќе одиме од натпревар во натпревар и на секој дуел ќе играме на победа. Исланд е извонредно силен со тим од неколку фудбалери кои играат во познати екипи на чело со Гудјонсен од Барселона. Кај нас ќе ги нема Наумоски и Горан Попов, а како 19 фудбалер го повикав Васоски за да видам во каква состојба се наоѓа. Ме радува тоа што Пандев игра во извонредна форма.

Исланд многу трча

Среќко Катанец од дуелот Норвешка - Шкотска ги бара слабите страни на противникот.

"Можам да кажам дека противникот е состав кој многу трча. Физички се многу издржливи, но и борбени. Ние треба да обрнеме многу внимание на временските услови. Во Рејкјавик се можни силни ветрови, дождови... Мора да бидеме подготвени на с$, но и максимално сконцентрирани на натпреварот. Ако постигнеме добар резултат ќе ги задржиме шансите за добар пласман во групата", додава Катанец.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Октомври.2008 во 20:09
Колкава квалитативната разлика меѓу нас и Исланд

Најдобрите македонски фудбалери полека ги исполнуваат точките од тренинг програмата на селекторот Среќко Катанец.

Репрезентативната листа вечерва ќе ја дополни Стевица Ристиќ кој доцнеше поради обврските кон својот клуб Похан Стилерс.

Вчерашната вест од ФИФА долеа дополнителна самодоверба, но и одговорност да се оправда местото во светската топ 50-ка.

Цели 57 позиции е разликата меѓу Македонија и Исланд на скалата на ФИФА, но колкав е реалниот квалитативниот јаз меѓу нас и островјаните.
Влатко Гроздановски


Рејтингот ни годи но и не обврзува да ја оправдаме наметната фаворитска улога.

„Не очекува еден тежок натпревар сите мислат дека Исланд е, како, со послаб рејтинг од нас и дека е послаба репрезентација. Меѓутоа не се сложувам со нив, Исланд е доста квалитетна репрезентација и сигурно ќе не очекува тежок натпревар“, истакнува Влатко Гроздановски.

„Меѓутоа верувам во своите соиграчи и се надевам дека ќе оствариме поволен резултат што сигурно е победа за нас“, додава Гроздановски.


Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2008 во 18:46
Брзината на Стојков контра Исланд

* "Минав низ лош период без клуб, но среќен сум што повторно се враќам во форма. Н$ очекува и тоа како значаен дуел, но подготвен сум да го 'претрчам' Исланд доколку добијам шанса", вели Стојков

Македонската репрезентација без апсолутно никакви тактички промени, со единствено потрага по извесната замена во нападот на стандардниот од претходните две средби Илчо Наумоски ќе го очекува својот трет квалификациски дуел од групата 9 за пласман на СП 2010 во Јужна Африка против Исланѓаните на 15 октомври.

Уште на стартот од самиот собир селекторот Среќко Катанец нагласи дека нема да има некакви промени околу нашата игра во однос на претходните натпревари против Шкотска и Холандија, што јасно наведува на констатацијата дека со голема сигурност повратникот во тимот Аце Стојков ќе биде една од нашите офанзивни "игли" заедно со Горан Пандев и Горан Мазнов. С$ останато, безмалку, веќе добро познато.

"Минав низ еден лош период без клуб, но среќен сум што повторно се враќам во форма и во селекцијата", вели Стојков, чија дефинитивно брзината како квалитет треба да биде еден од нашиот адути во потрагата по триумф од Рејкјавик.



Јасно е дека Исланѓаните пред своите навивачи можноста да освојат три бода ќе ја бараат токму против нашиот состав. Според размислувањето и на нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев токму тоа е не наведува преку брзи контранапади да ја бараме шансата за триумф.

"Според мене против нападите можат да ни го донесат финалниот победнички епилог", вели Пандев. А, за противнападите како дел од тактичките размислувања, дефинитивно Стојков има предност за стартниот состав во однос на Стевица Ристиќ.

"Не знам дали ќе бидам стартер. Последен пат бев на натпреварот со Израел..., но секако при каква било одлука подготвен сум да ги исполнам задолженијата на селекторот Катанец. Одлично се снаоѓам во нападот заедно со Пандев и Мазнов со кои играчки сме заедно уште од најмлади години. Се согласувам дека брзите контранапади може да бидат нашиот пресуден фактор, со оглед на тоа што реално е да очекуваме дека Исланѓаните на домашен терен ќе сакаат да притиснат", истакнува напаѓачот на унгарската Ниреѓихаза.

И според Аце Стојков натпреварот со Исланѓаните може да биде еден од одлучувачките за вистинскиот резултатски тек на овој наш квалификациски циклус.

"Н$ очекува и тоа како значаен натпревар кој може во добра мера многу што да одлучи. Не може да се залажуваме дека н$ очекува лесна средба со оглед на нашиот и нивниот ФИФА ранкинг. Напротив, во своите редови имаат многу познати интернационалци. Компактен состав се, за што доволно зборуваат и нивните претходни резултати", вели Стојков, уште еднаш потенцирајќи дека без разлика на с$ нашата репрезентација безусловно сака продолжување на квалитетната игра демонстрирана на натпреварите на "Градски" против Шкотите и Холанѓаните.



ИСЛАНД - МАКЕДОНИЈА

15.10.2008 Почеток: 19 часот. Стадион: "Лаугардалсволур" во Рејкјавик.
Главен судија: Селџук Дерели (Турција)

МАКЕДОНСКИ НАПАД ЗА ИСЛАНД


Мазнов                 Стојков

               Пандев

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2008 во 17:47
РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ДЕНЕСКА ЗАМИНУВА ЗА ИСЛАНД

Долг пат за нови три бода

Фаворитската улога за избраниците на македонскиот селектор Катанец треба да се исполни на теренот в среда против незгодниот домаќин



Македонската фудбалска репрезентација денеска попладне заминува за Исланд со обврска да прокнижи нови три бода, во третиот настап од новиот квалификациски циклус за СП 2010. Фаворитската улога што им припаѓа на избраниците на селекторот Сречко Катанец треба да биде потврдена в среда (20 ч.) на стадионот „Лаугардалсволур“ во Рејкјавик. „Црвено-жолтите“ ги очекува долг пат од Скопје преку Прага до Рејкјавик, за каде што си поставија цел да победат и да ја продолжат трката за втората позиција во 9. квалификациска група, што на крајот обезбедува дополнителен бараж натпревар за пласман на завршницата од СП 2010 во Јужна Африка.

- Ќе биде тешко, но не и неостварливо. Настојуваме да не се оптоваруваме со противникот. Одиме да одиграме најдобро што умееме, а тоа сигурно на крајот од средбата ќе ни го обезбеди посакуваниот резултат. Нема место за опуштеност - порачува Игор Митрески, стандардниот бранител во македонскиот тим.

Пред заминување, репрезентативците денеска наутро ќе имаат последен релаксирачки тренинг на игралиштето на Работнички во Градскиот парк. Базата, хотелот „Александар палас“, каде што изминатава недела коваа стратегија како да се стигне до целта, ќе ја напуштат со свечен чин. Челниците на ФФМ во присуство на репрезентацијата ќе го промовираат соработка со автомобилскиот гигант „Тојота“, која дополнително ќе ги обврзе репрезентативците на добар резултат, кој треба да донесе и други спонзори.

- Имаме искусна репрезентација. Нашиот прв стрелец во овој состав, Горан Пандев, е во форма. Ќе се обидеме нашите добри игри како колектив да ги искористиме за ново задоволство - вели голманот Петар Милошевски. Стандардниот чувар на голот на македонската репрезентација Милошевски со 56 меча во државниот дрес е втор по бројот на настапите, зад капитенот Гоце Седлоски (87 меча), кој токму своето деби на официјален натпревар го имаше на Исланд, во далечната 1996 година. Стручниот штаб на македонскиот тим во саботата вечер го проследи квалификацискиот настап на Исланд против Холандија во Ротердам (2-0).

- Исланд играше со голема почит кон фаворитот Холандија, што нема да биде случај и на нашиот дуел. Кога на моменти ќе се отвореше, потврдуваше дека е селекција што знаее да игра. Исланд демонстрира ред и дисциплина во играта, а создаде и добри шанси, што само ги потврди нашите анализи за противникот. Патуваме подготвени да ја оствариме целта - порача Вујадин Станојковиќ, „десната рака“ на Катанец.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2008 во 22:37
Финално одбројување до утрешниот дуел со Исланд

На ден пред мундијалскиот квалификациски дуел со Исланд, нашите фудбалски репрезентативци се адаптираат на специфичните временски услови.

Неизбежниот ветер на островот, деновиве придружен и од дожд и ниски температури. Но, нашите амбиции во Рејкјавик остануваат исти.

Македонија ќе се обиде да се врати на второто место во групата и да презими веднаш до Холандија која утре и гостува на Норвешка.

Можеме, се согласуваме сите го покажавме тоа против Шкотска и против Холандија иако ова е друга приказна во која сите сакаат три бода.

Домашните медиуми веќе ги сместија в корпа. Скромни не се ниту исландските фудбалери, нивната самодоверба селекторот Јоханесон планира да ја преточи во целосен пресинг на теренот.

Не е изненадување Исланд мора да ги искористи сите адути што, студеното време и силниот ветер кој повторно ќе диктира.

Нашите репрезентативци се обидоа да се прилагодат на денешниот тренинг. Катанец ретко кога менувал, па сигурно тоа нема да биде драстично ни утревечер. Стојков или Ристиќ би требало да е единствената дилема за нас, но за кормиларот таа се чини одамна е отстранета.

Брзината и поголемото искуство во националниот дрес го фаворизираат Стојков за враќање меѓу стартерите.

За разлика од затвореноста на Катанец, Јоханесон не тактизира, беше дециден за уште еден потег што лесно можеше да се предвиди, подготвува специјална тактика за Пандев. Ништо чудно, најдобриот стрелец во овој репрезентативен состав е најголема закана за противничкиот гол, а наша најголема надеж исландското сивило да го обоиме жолто - црвено.

Од местото што има најдобар видик на месечината, признаваме, далеку е и тешко се гледа Јужна Африка, но перспективата се отвори, оваа генерација долго го градеше квалитетот и чекаме да експлодира.

Овде да потврди дека има гранитна одбрана, среден ред со одлична трансмисија, продорен напад на кој не му се потребни многу шанси да реализира.

Пред 12 години Исланд и Македонија одиграа 1:1, овој пат на реми никој не помислува. Ние затоа што сакаме да ги продолжиме соништата дека можеме да бидеме големи тие за да го разбијат депресивниот амбиент создаден не само од времето туку и од финансиските проблеми, за Исланѓаните досега туѓи, далечни.

Победничките амбиции се судираат, во такви ситуации јунаците се познаваат.


Кон врв
Vil Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vil Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2008 во 22:42
      Ete, vidovte li sega sto napravija nasite drvari, epa ne moze da se igra samo so eden ili dvajca dobri, posle Katanec ne cinel.     
Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2008 во 22:53
na tolku mnogu sansi , nieden gol... :(
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 35>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,453 секунди.