IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Што претставува монаштвото?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Што претставува монаштвото?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 97>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2008 во 03:10

Грешка си. Јас секогаш го читам целото поглавје. Целото поглавје вели дека Бог ги направил мажот и жената ЕДНО и дека мрази напуштање на жената и го мрази оној кој ја изневерува. На друго место како што гледаш дирекно се вели доколку некој е во брак, да не бара развод. Хрисос исто така повторува дека тие што се во брак не се две тела што може да се разделуваат (за некакви си монашки егзибиции), туку дека се ЕДНО тело и дури и ЗАПОВЕДУВА човек да не го разделува тоа што Бог го соединил. Ама на вас изгледа Бог не ви е некој авторитет, па на своја рака си разделувате, забранувате работи кои Бог ги дозволил... ритате против бодило, ама нема уште долго, МАРАНАТА, Господ доаѓа, како Спасител, ама и како Судија големо%20гушкање



Изменето од EvAngelos - 21.Септември.2008 во 03:11
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2008 во 03:16
Ев - еве што вели стихот:
27 Сврзан ли си со жена? Не барај развод!

Но, во истото поглавје истотака вели:
5 Не лишувајте се еден од друг, освен по договор, за некое време, за да и се предадете на молитвата; потоа состанувајте се пак, за да не ве искушува сатаната, заради вашата невоздржаност.

Хм... ајде да видиме сега за што станува збор... Човекот кој решава да се замонаши и неговата жена, по договор се разделуваат, за тој (или таа соодветно) да се предаде на молитва. Овој чин треба да трае додека трае молитвата. Монахот е во постојана молитва, до крајот на животот. Значи - лишувањето треба да е до крајот на животот, а нема потреба да се состануваат повторно, затоа што монахот не е невоздржан и се преборува со искушенијата преку молитва, а не преку задоволување на телесното.

Така што - каде е тука проблемот?! Во тоа што се следи директна препорака кажана од Павле?! Или можеби во тоа што некој не може да ги разбере принципите на монаштвото и му се чини неверојатно дека некој може да е во постојана молитва?! Како што сум рекол многу пати - не ги обвинувајте другите за својата неспособност...
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2008 во 03:23
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Монахот е испратен од жената своја во манастир, за да му служи на Бога.
 
Како сакаш врти ги зброовите, штом тие не се заедно до крајот на животот, значи се оставиле, се развеле. Тоа значи зборот развод, да го напуштш брачниот партнер, да се разврзеш од него, да се одалечиш до крајот на совјот живот од него. А Божјото Слово вели:
 
"Не лишувајте се еден од друг, освен по договор, за некое време, за да и се предадете на молитвата; потоа состанувајте се пак, за да не ве искушува сатаната, заради вашата невоздржаност."
(1 Коринтјаните 7:5)
 
Значи главната заповед тука е мажот и жената да не се лишуваат еден од друг.
Исклучокот е: освен по договор и тоа за некое време (не до крајот на животот!) за да се предадат на молитва.
 
Немој пак со тоа "ама монасите отишле во манастир за 24часа на ден, 7 дена неделно, 365 дена годишно, 60 секудни во минута, до крајот на животот да се молат", затоа што сите знаеме дека не е така и дека имаат одредени периоди од денот кога се молат, а во другото време си читаат, си црткаат, си резбаат, си се шетаат по природа, си одгледуваат мед, прават темјан, плетат бројаници, си спијат, си уживкаат во природата, си праат муабети меѓусебе итн.
Зошто не ги земат со себе и своите жени? Па кога ќе се молат да се раздвојат, а потоа пак да си бидат заедно, да си имаат секс, да си плетат заедно бројаници, да си црткаат, да си уживкаат таму на туѓа сметка, да не се замараат за ништо, романтика во антика, уживанција во франција. среќа
 
И пази што вели стихот во продолжение: "потоа состанувајте се пак."
Дали тоа го прават монасите? голема%20насмевка Дали тие повторно се сотануваат со своите напуштени жени или пак вечно се одвоени од нив?


Изменето од EvAngelos - 21.Септември.2008 во 03:24
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2008 во 03:34
Aјде да видиме што вели стихот:

Не лишувајте се еден од друг, освен по договор, за некое време, за да и се предадете на молитвата; потоа состанувајте се пак, за да не ве искушува сатаната, заради вашата невоздржаност.

Значи - исполнет е условот - лишувањето е по договор, а причината за повторното состанување (искушението и невоздржаноста) е елиминирана.

Цитирај
Немој пак со тоа "ама монасите отишле во манастир за 24часа на ден, 7 дена неделно, 365 дена годишно, 60 секудни во минута, до крајот на животот да се молат", затоа што сите знаеме дека не е така и дека имаат одредени периоди од денот кога се молат, а во другото време си читаат, си црткаат, си резбаат, си се шетаат по природа, си одгледуваат мед, прават темјан, плетат бројаници, си спијат, си уживкаат во природата, си праат муабети меѓусебе итн.

Со ова само покажуваш дека немаш јасна идеја што точно претставува монаштвото и како функционира. Монасите се молат непрестајно! И кога си "црткаат", и кога разговараат и кога спијат. Ама тоа некако е тешко да се разбере, нели, па полесно е да се смета дека не е така...
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2008 во 03:38
Еве ти еден пример од вашите православни житија...
 
 
Originally posted by чаир чаир напиша:

Преподобен Јован Пустиник
Син на една христијанка Јулијана во Ерменија. Уште како момче ја остави мајка му и побегна во пустина. Сиот пламтеше од љубов кон Господ Христос. Во пустината најпрво се предаде на раководство на духовникот Фармутиј, којшто толку се беше удостоил кај Бога што ангел Божји секојдневно му носеше леб. По извесно време младиот Јован се оддалечи и се повлече во осаменост. Се спушти во еден сув бунар и внатре помина цели десет години во пост, молитва и бдеење. Св. Фармутиј му носеше од ангелскиот леб и му даваше да јаде. Бидејќи ангелот Божји не сакаше лично да му дава леб на младиот Јован, за да не се погордее, затоа леб му се даваше преку Старецот Фармутиј. По десет години тежок подвиг во бунарот, Свети Јован се престави кај Господ, а неговите мошти се покажаа чудотворни. Поживеа и се прослави во 4 век.
 
Интересно сведоштво. Ја оставил мајка му (заради Христос?), отишол во пустина, се пикнал во бунар (Зарем Христос таму заповеда да одиме?), бдеел 10 години во него и умрел.
zidarski, на кого му проповедал евангелие овој пустиников? Во ова ли веруваш ти? Ова ли е твојата вера "православна"? Вака ли ве учеше Христос?
МАРАНАТА, Господ доаѓа! Како сакаш да те затекне Бог, како им кажуваш на луѓето за вечниот живот во Христос или како бдееш во сув бунар?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2008 во 03:46
Originally posted by zidarski zidarski напиша:


Значи - исполнет е условот - лишувањето е по договор, а причината за повторното состанување (искушението и невоздржаноста) е елиминирана.
 
Како е елиминирано искушението и невоздржаноста? Па нели велиш дека монасите одат меѓу народот? Што ако се разминат со некоја провокативна девојка и нивниот поглед биде заведен од нејзините прекрасни гради или провокативен задник? Знаеш ли дека и помислата е грев според Христос?
А што е со жената на монахот која е оставена сама дома? Што ако неа ја искушува комшијата или колегата, или продавачот, или поштарот?
Причина, последица, тинрири минтири, стихот е од јасен појасен, само моли Бога да ти го отргне православното црнило од пред очите и да можеш да разбереш што вели Божјиот Збор и се ќе ти биде јасно.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2008 во 04:09
Евангелосе, Евангелосе... молитвата и скромноста ги штитат од искушението. Може да видат и гола жена пред нив како стои, и тоа нема да им предизвика никаква сексуална реакција, а ќе ја гледаат исто како што гледаат секој еден жив човек.
Исто е и со жената. Таа има доволно верба во себе, за да се одлучи на таков чекор.
Зошто другите ги судиш според својата неспособност?
Јас исто не сум способен да се одделам од жена, и никогаш нема да станам монах - но познавам многумина кои сексуалноста ја надминале (и тоа не само во Христијанската вера, а речиси во сите други е присутно ова, особено во источните религии).
Знаеш - истотака не можам да ја научам Библијата наизуст, но не велам дека тоа не е можно, затоа што ете - познавам луѓе кои можат да го направат тоа.
Познавам луѓе кои поставуваат и олимписки рекорди, нешто што за 99.999999% од човештвото е невозможно.
Така што - излези од својата заблуденост првин и погледни ги луѓето искрени првин, онакви какви што се од Бога створени. Не барај во нив нешто погрешно и зло...
И никогаш не суди некого за нешто, само затоа што ти не можеш да го направиш истото.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2008 во 05:55
Originally posted by majmunce majmunce напиша:

ок Маран Ата, простено, заборавено.



Христијаните по тоа и се познаваат, знаат да побараат прошка и знаат да дадат прошка.
Поздрав до тебе, братче

Голем е Бог Kој не дозволува да останеме во лутината



Со Христова љубов,
Маран Ата

Изменето од Maran Ata - 21.Септември.2008 во 08:36
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2008 во 06:07
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


zidarski, а ти како го толкуваш тој стих каде што апостолот вели: "ние оставивме СЕ"? Дека буквално оставиле СЕ, дури и својата облека и голи тргнале да го следат Исус? голема%20насмевка


Основно непознавање на македонскиот јазик - облеката не можеш да ја оставиш, туку да ја соблечеш (и аман, те молам, не се фаќај пак за баналности, туку одговарај на поентата на коментарите).

А башка тоа што самиот стих на Господовиот одговор вели - и оној што оставил жена ќе добие стократно повеќе (ако тоа го направил за Бога и со согласност на сопругата).

А друга работа, мене не ми е јасно од каде ви се толкувањата во вашата *христијанска, изворна црква*? Нели не го признавате Светото предание? А од ова произлегуваат две опции

1. Или имате предание кое ви објаснува како да ги толкувате Библијските стихови, или
2. Немате предание и секоја нова генерација на вашата црква си ги толкува Библијските цитати како ќе им текне, на што следи дека воопшто немате никаква конекција со изворната Црква

Изменето од Maran Ata - 21.Септември.2008 во 06:30
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2008 во 06:12
Originally posted by Templarius Templarius напиша:



Negi vadi zborovite od kontekst


13 И вие го правите уште ова: го залевате со солзи Господовиот жртвеник, со плач и ридање, зашто Тој веќе не погледнува кон приносот. Тој не му е угоден од вашите раце.

14 И вие прашувате: „Зошто?” Зашто Господ беше сведок меѓу тебе и жената на твојата младост, на која и си неверен, иако ти беше сопруга и твоја законска жена.

15 Не направи ли Тој едно? Освен тоа, остатокот на Духот е во него. А што е тоа едно? Тоа, што Тој бара Божјо потомство! И така, почитувај го својот дух и не биди и неверен на жената на својата младост.

16 „Зашто Јас го мразам напуштањето на жената - зборува Господ, Израелевиот Бог - и оној, кој со неверство ги валка своите облеки - говори Господ над Воинствата! И така, внимавајте на својот дух, не бидете вероломни.”

17 Му досадувате на Господа со своите зборови, а прашувате: „Со што Му досадуваме?” Со тоа што зборувате: „Сите кои прават зло, добро се видени во Господовите очи и таквите Му се мили!” или: „Каде е Бог на правдата?”


Темп, тоа веќе 100 пати му е кажано на ЕвАнгелос, а и ова што ти го пастира е веќе претходно пастирано. Значи, станува збор за терање инает...
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2008 во 06:21
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Монахот е испратен од жената своја во манастир, за да му служи на Бога.


Како сакаш врти ги зброовите, штом тие не се заедно до крајот на животот, значи се оставиле, се развеле. Тоа значи зборот развод, да го напуштш брачниот партнер, да се разврзеш од него, да се одалечиш до крајот на совјот живот од него. А Божјото Слово вели:


"Не лишувајте се еден од друг, освен по договор, за некое време, за да и се предадете на молитвата; потоа состанувајте се пак, за да не ве искушува сатаната, заради вашата невоздржаност."(1 Коринтјаните 7:5)


Значи главната заповед тука е мажот и жената да не се лишуваат еден од друг.

Исклучокот е: освен по договор и тоа за некое време (не до крајот на животот!) за да се предадат на молитва.


Немој пак со тоа "ама монасите отишле во манастир за 24часа на ден, 7 дена неделно, 365 дена годишно, 60 секудни во минута, до крајот на животот да се молат", затоа што сите знаеме дека не е така и дека имаат одредени периоди од денот кога се молат, а во другото време си читаат, си црткаат, си резбаат, си се шетаат по природа, си одгледуваат мед, прават темјан, плетат бројаници, си спијат, си уживкаат во природата, си праат муабети меѓусебе итн.

Зошто не ги земат со себе и своите жени? Па кога ќе се молат да се раздвојат, а потоа пак да си бидат заедно, да си имаат секс, да си плетат заедно бројаници, да си црткаат, да си уживкаат таму на туѓа сметка, да не се замараат за ништо, романтика во антика, уживанција во франција. среќа


И пази што вели стихот во продолжение: "потоа состанувајте се пак."

Дали тоа го прават монасите? голема%20насмевка Дали тие повторно се сотануваат со своите напуштени жени или пак вечно се одвоени од нив?


Е мило ЕвАнгелосче, да знаеше само што значи ГОСПОДИ ИСУСЕ ХРИСТЕ ПОМИЛУЈ МЕ ГРЕШНИОТ ќе знаеше и кога се кажува. Ова е молитвата на срцето која постојано се кажува. ПОСТОЈАНО - која јадеш, кога спиеш, кога метеш, кога переш, кога си црткаш икони, кога пиеш кафе....... Да имаше прочитано барем една православна книшка која зборува за молитвата ќе видиш дека е кажано молете се непрестајно, а кога се читаат молитви во црква во одреден временски период - тоа е соборна молита, сите заедно на молитва, а Исусовата молитва, што ти ја наведов погоре е молитва која се кажува непрестајно после и пред тие соборни молитви.

Изменето од Maran Ata - 21.Септември.2008 во 06:31
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2008 во 06:27
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Еве ти еден пример од вашите православни житија...





Originally posted by чаир чаир напиша:


Преподобен Јован Пустиник

Син на една христијанка Јулијана во Ерменија. Уште како момче ја остави мајка му и побегна во пустина. Сиот пламтеше од љубов кон Господ Христос. Во пустината најпрво се предаде на раководство на духовникот Фармутиј, којшто толку се беше удостоил кај Бога што ангел Божји секојдневно му носеше леб. По извесно време младиот Јован се оддалечи и се повлече во осаменост. Се спушти во еден сув бунар и внатре помина цели десет години во пост, молитва и бдеење. Св. Фармутиј му носеше од ангелскиот леб и му даваше да јаде. Бидејќи ангелот Божји не сакаше лично да му дава леб на младиот Јован, за да не се погордее, затоа леб му се даваше преку Старецот Фармутиј. По десет години тежок подвиг во бунарот, Свети Јован се престави кај Господ, а неговите мошти се покажаа чудотворни. Поживеа и се прослави во 4 век.


Интересно сведоштво. Ја оставил мајка му (заради Христос?), отишол во пустина, се пикнал во бунар (Зарем Христос таму заповеда да одиме?), бдеел 10 години во него и умрел.

zidarski, на кого му проповедал евангелие овој пустиников? Во ова ли веруваш ти? Ова ли е твојата вера "православна"? Вака ли ве учеше Христос?

МАРАНАТА, Господ доаѓа! Како сакаш да те затекне Бог, како им кажуваш на луѓето за вечниот живот во Христос или како бдееш во сув бунар?


ццццццц

е не ми е јасно како можеш до толку да не си ја гледаш својата контрадикторност. Најпрво, ти благодарам за ова житие, прекрасно е, исполнето со Христова љубов.
А потоа да ти кажам каде ти е контрадикторноста - прочитај го житието при крај - пишува *а неговите мошти се покажаа чудотворни*. ЧУДОТВОРНИ - лечат болни, помагаат на немоќни, услишуват молби, изгонуваат бесови, утешуваат несреќни.... Е брат, брат, верувај ми дека св. Јован Пустиник ќе биде многу пооправдан од Бога од нас!

Изменето од Maran Ata - 21.Септември.2008 во 06:32
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
ggstefan Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 19.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 266
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ggstefan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2008 во 09:14
monastvoto go promasuva duhot na hristijanstvoto. jasno e od istoriska gledna tocka, deka monastvoto nastanuva pod vlijanie na drugi nehristijanski filozofski pravci, (voglavnom egipetskata religija i grckata filozofija - stoicizmot i slicno). Vo sekoj slucaj, totalno nepoznoto za evrejstvoto koe (zaedno so noviot zavet) baagi vekovi postavuva postulati na verata koja se zivee i tvori vnatre vo gradovite, selata, megju lugjeto.

asketizmot e nesvojstven za hristijanstvoto, bidejki poagja od pogresniot (gresniot) postulat deka materijata i materijalnoto e gresno, nesto sto e TOTALNO pogresno i ja uriva dogmata za Bozjata dobrina i za Negoviot planski sozdaden svet vo kojsto covekot moze sosema legitimno da uziva.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2008 во 09:21
ggstefan - гледна точка е тоа што го изјавуваш. Јас, а и многумина други тука, дадовме јасна поткрепа зошто го поддржуваме монаштвото и зошто сметаме дека е добро... и како што гледаш - поткрепата ја наоѓаме во Библијата. Вие поинаку ги толкувате тие стихови и тоа е ваше право.
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1617181920 97>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.