|
Што претставува монаштвото? |
Внеси реплика | страница <1 1314151617 97> |
Автор | ||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Романтика...
не сум знаел дека сум романтичен А незнам и се чудам зошто тоа така го сфаќате дека бегањето од светот и одењето во манастир е омраза кон луѓето Но еве, и пак на кратко и пак преку пример, ќе ви кажам ,зошто монасите заминуваат во манастир. Да речеме дека си каратист и сакаш да станеш шампион. Кажи ми само колку „бегања“,лишувања, труд и жртви треба да направиш? Тоа е во една овоземна боречка дисциплина , па замислете колку повеќе во духовната борба со паднатите анѓели на поднебесието треба „бегања“,лишувања, труд и жртви , нели оти Господ рекол дека нашата борба не е со плотта и крвта туку со со паднатите анѓели на поднебесието... Оти откако човекот (Адам и Ева)згреши во неговото срце се зацарија страсите и тој постана роб на нив, па сега сета борба е да се ослободиме од нив и повторно да го повратиме поранешниот поредок. за жал, сакал некој да признае или не, тоа робство не е мало па според тоа и борбата со нив не е мала и наивна. Кој пробал знае а кој не, нека проба... Простете и помолете се за мене грешниот... ( п.с. ве молам не ме факајте за оригиналноста на цитатите оти не се трудам да ги учам напамет) |
||
ggstefan
Сениор Регистриран: 19.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 266 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
a jas ne znam i se cudam zosto beganjeto od svetot i odenjeto vo manastir go sfakjate kako LJUBOV kon bliznite? |
||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Важи, ќе ти кажам ама најпрво кажи ми дали веруваш во Бога? |
||
ggstefan
Сениор Регистриран: 19.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 266 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
veruvam. i bas zatoa manastirot se kosi so se Bozjo. Toj bara od nas da im sluzime na bliznite, da gi vodime do Boga, da gi oblekuvame, koga nemaat obleka, da gi hranime koga se gladni. A manastirot e najcesto spas od grizite (nevrabotenosta, neuspesnata ljubov, siromastijata, itn.). voopsto ne gledam vo nego duhovna pridobivka, osobeno ne za opstestvoto i za BLIZNITE!
|
||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Добро, тогаш ќе е полесно Како прво, те молам сфати ме дека, не сакам никому да му протвречам и се докажувам со некого, туку едноставно сакам да покажам дека монаштвото е света работа и од Бога благословено. Нема сега да напоменувам дека св.Богородица, св.апостоли, апостолските мажи, односно апостолските учениците, великите ерарски и учители св.Василиј Велики, св. Григориј Богослов, св.Јован Златоуст, св.Атанасиј и св. Кирил Александриски, св. Јован Дамаскин, св. Максим Исповедник, св.Симеон Нов Богослов, св. Никола Кавасила, св. Методиј и Кирил и нивните ученици св.Климент, Наум , Сава, Горазд, и Ангелариј, св,Константин Преславски( Брегалнички), св. Сава,св. Григориј Палама...па се до поновите преродбеници и просветители Партениј Зографски, Јоаким Крчовски, Теодосиј Синајски... биле монаси. А тие пред да станат монаси биле и цареви, и благородници и учени и прави и здрави и кои откако се замонашиле, секој на свој начин позитивно влијаел на општеството. (простете за набројувањето но сакав за да покажам еден континуитет на светители чиј список во голема мера и и го скратив). Вистина, гледам дека познавањето за монаштвото ви е мало а храброста да се зборува, па дури на напаѓа, голема. тоа е како јас сега да зборувам нешто за автомобилите кога за нив ни најмалку знам. Но добро. Ќе се потрудам накратко да објаснам на твоето прашање. Прашав дали веруваш во Бога, дека штом веруваш во Бога тогаш веруваш и во силата на молитвата, а силата на молитвата е во чистината на срцето, а манстирот е место создадено само за тоа. Да се бориме со страстите и си го чистеме своето заробено срце од нив, се вежбаме во добродетелите, пред се во љубовта преку смирението и служењето еден на друг, и во непрестајната молитва. Верувај ми има многу за пишување, оти монаштворо е неисцрпна бездна од неисрпната длабочина на Христовото смирение до непостапната височина на Неговото совршенство и вистина ти велам, верувај ми, ова никогаш нема да му е разбирливо на оној кој никогаш не дошол барем некое време поседи во манастир. ... „а ова тајна е голема, Јас ви зборувамн за Христа и Црквата“ и добро пак да се вратам на одговорот. Монасите се оние кои 24 часа на ден му го посветиле својот живот на Бога, а Бог, откако овие, ќе успеат да си го очистат своето срце од страстите и(Бого)просветлат умот тогаш, ќе бидат испратени во светот да го сведочат Христа , не толку со мудри зборови, како што св.ап.Павле ке каже, туку пред се со своите дела, љубов и молитва кон сите. |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А што мислите дека "ближни" се однесува само на семејството? Или се однесува на сите потомци на Адам и Ева?
|
||
Do what is right, come what may...
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Опитен - одлични текстови. Добредојде на форумов.
|
||
Do what is right, come what may...
|
||
Опитен
Сениор Регистриран: 20.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 699 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Господ е голем!
|
||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Odis napred a na nekolku ednostavni prasanja sto ti gi postaviv ne odogovri ... ??? |
||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
da te podsetam ggsefan???? |
||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
"Опитен", уште со 10 нови никови да дојдете нема да најдете библиска потркепа и повик за христијаните да излегуваат од светот и да одат да се "љубат" со Бога по планините, затоа што Христос рече: "Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди."(Исус во евангелие по Јован 14:15)
А Неговите заповеди се:
"Така ОДЕЈЌИ, направете ги сите народи Мои ученици"
(Исус во евангелие по Матеј 28:19) Значи Христос тука вели "одејќи", а не "седејќи", а не "чекајќи".
"И им рече: „ОДЕТЕ по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание! "
(Исус во евангелие по Марко 16:15) "И ОДЕЈЌИ, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно. "
(Исус во евангелие по Матеј 10:7) "Врвете по Мене и Јас ќе направам да станете рибари на луѓе!"
(Исус во евангелие по Марко 1:17) Рибарот јадицата ја фрла во морето (светот!), а не ја става на брегот и да чека рибите да дојдат кај неа
"Жетвата е голема, а работниците се малку...
Јас ве испратив да жнeете.."
(Исус во евангелие по Лука 10:2; Јован 4:38) |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да Евангелос - за ова си во право. Треба да се оди и да се проповеда.
И токму тоа го прават монасите. Манастирот не е затвор, туку нивни дом. Тие живеат во манастир, за да бидат блиску до други како нив кои се посветени на истото дело. Тие не се затворени во манастирите и не излегуваат од таму. Напротив. Проповедаат, пишуваат, објавуваат текстови, одат меѓу народот. Некои повеќе, некои помалку. Некои имаат добри ораторски способности и држат говори и предавања, некои не се толку добри во зборувањето, но затоа пак се добри во други дела, и ги вршат нив. Не гледам смисла да ги повторувам линковите кои ти ги даде Маран Ата, за само неколку од многуте активности кои се случуваат во Македонија, а ако навистина сакаш да дознаеш повеќе (во што искрено се сомневам), можеш да се обратиш до некој од монасите и да ти објасни што се прават. А во светски рамки - има илјадници проповедници, мисионери, автори меѓу нив... погледни го само животот на Серафим Роуз (само еден пример од илјадниците). Да, не го прават тоа нападно, со големо шоу, микрофони, оркестар на сцена зад нив и трескање од земја... но тоа едноставно не е нивни стил (а и не верувам дека Павле кога проповедал го правел на тој начин, зарем не?). Така што - ти веројатно зборуваш за некое друго монаштво, за некое друго православие, за некоја друга црква - а не за онаа која ние ја познаваме... и оттаму е целово недоразбирање. Но христијани сме - проштеваме и ништо не земаме за зло (барем повеќето од нас)... Со почит, Зидарски |
||
Do what is right, come what may...
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
KGB
Сениор Регистриран: 05.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 349 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Глупирање.
|
||
Внеси реплика | страница <1 1314151617 97> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |