IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Кошарка и ракомет
  Активни теми Активни теми RSS - КОШАРКА - новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КОШАРКА - новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 21>
Автор
Порака Обратен редослед
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2008 во 01:01





Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2008 во 15:23













Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2008 во 14:41
Кошаркарска Македонија слави

Кошаркарска Македонија слави, мак баскетот е дел од европската елита. Црвено-жолтата репрезентација ја совлада Естонија со 87:75 и како првопласирана во групата Б обезбеди пласман на Европското првенство во Полска.

Вистински подарок за нас беше поразот на Летонците во Португалија од 93:92.

Најдобрите македонски кошаркари го исполнија сонот на генерацијата. По Франција 99-та повторно сме дел од најслиното кошаркарско друштво на континентот.

Пласманот си го изборивме сами. Во вечерашниот натпревар ја совладавме Естонија и го исполнивме условот за место во Полска по кој бил критериум.

Но стигна и бонус награда од Португалија, Летонците ги снајде нашата судбина. Загубија на Пиринеите и со еднаков скор но и послаб меѓусебен дуел со Македонија ни ја отстапија првата позиција.

Веројатно и информацијата дека со победа ќе бидеме први ги крена нашите кошаркари на стартот со Естонија да поведат со плус 18.

Епилогот се наѕираше, а дека ќе биде во наша корист бевме сигурни кога на одмор отидовме со 51:27.

Во вториот дел македонските кошаркари се опуштија правеа многу грешки и противникот тоа го искористи за на крај да стигне до колку толку пристојна негатива.

Петорката македонски кошаркари со двоцифрен ефект ја предводеше Гечевски со 18 коша. Антиќ придонесе со 16, Врбица Стефанов постигна 11, Ристе Стефанов и Мејси по 10 поени.

„Го искористивме овој момент, кога сме во полн налет во години во кои имаме искуство и талент и заслужено сме на Европскотото првенство во Полска следната година“, изјави Владо Илиевски.


Кон врв
Izzi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
BRAINIAC

Регистриран: 18.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4475
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Izzi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2008 во 12:38
DA! DA! DA!
Кон врв
Eli Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Ноември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1968
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Eli Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2008 во 18:34
Dali konecno ke se izraduvame denes,na edna golema pobeda??!! SAMO NAPRED NASI!!!!!!I SO SREKA!!!
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 22:44
Утре имаме последна шанса за Евробаскет 2009

Машката кошаркарска селекција на Македонија има последна шанса против Естонија, утре , да си ја врати својата и самодовербата на домашната спортска јавност, пред расплетот во квалификациите за Европското првенство во Полска идната година.

Коментарите за неочекуваниот пораз во Коимбра, продолжуваат, португалскиот комплекс сеуште боли.

Менталитетот е најчест збор употребуван за полесно да се разбере неуспехот на избраниците на Јовица Арсиќ против истата селекција што во овој циклус на почетокот на септември, ја декласиравме со 37 коша разлика во Скопје.

Но на 24 часа до финалниот двобој со Естонија време е да се остави зад себе непријатната епизода и со победа над Естонија да се разубави полската виза и враќањето во елитното евро друштво.

Никако да ги избегнеме фамозните калкулации, иако е јасно дека со триумф над Естонците и теоретски ќе бидеме дел од континенталниот шампионат.

Втори сме во групата и една од трите селекции кои и од оваа позиција одат директно во Полска, откако за нас одработија некои други.

А можеме да бидеме и први, и привилегирани во ждребот, но и тоа сега зависи од други. Калкулациите за пораз им ги оставаме на најголемите песимисти. Оптимистите кои ќе бидат во салата „Борис Трајковски“ од 20 и 15, знаат дека во Талин славевме против Естонија со 90:78.




Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 22:25
Со победа против Естонија на Евробаскет 2009

Македонските кошаркари ја прокоцкаа првата можност за пласман на континенталниот шампионат в година.

Португалија пак беше кобна за нашите Евро аспирации, со тоа што шансата не е загубена. Напротив, оваа одлична генерација сама ќе ја решава својата судбина, в сабота против Естонија во Скопје.

Типично македонски, нашиот тим го фати подалечниот пат за Полска. Реално, нема проблем, се дури тој води кон вистинската цел, иако, помирни ќе бевме ако убавиот абер стигнеше уште синоќа од Коимбра.

Но, наместо триумф за заверка на желбите, пораз од 10 разлика, кој наметнува задача плус на крајот од квалификацискиот циклус.

Ќе се оди во Полска и со два неуспеси, тоа е веќе јасно, иако, ние баш и не моравме да чекаме други да загубат. Првото место во групата сега е малку веројатно, но најважно е сепак што клучот го имаме самите.

Се е многу едноставно ни треба само победа над Естонија во арената „Борис Трајковски“ и ништо повеќе и ништо помалку.





Кон врв
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 16:07

Кошаркарската Федерација на Македонија објави дека билетите за натпреварот против Естонија во Скопје, закажан за сабота, ќе бидат пуштени во продажба во петок, во билетарницата на салата “Борис Трајковски“, и тоа од 10 часот наутро. Билети ќе се продаваат во билетарницата и во сабота.

http://www.basketball.org.mk/novost.asp?id=2591

Кон врв
Evenstar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Вечен оптимист

Регистриран: 09.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3388
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Evenstar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2008 во 09:45
А бе што направија овие
таман си мислев работата е завршена... оти прават вака?
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2008 во 23:06
Кошаркарите денеска против Португалија

Македонската кошарка тропна и ја отвори портата што води во европската елита. Но, прагот треба да го мине во Коимбра.

Португалија е наш вечерашен противник во квалификациите за шампионатот во полска во 2009-та.

Црвено - жолтиот баскет е пред две слободни фрлања кои значат Европско првенство. Првото е на португалски паркет, второто на домашен в сабота против Естонија.

Две победи ќе не однесат на собирот на најдобрите и тука е големата шанса пред која стојат и со две раце треба да ја зграпчат македонските кошаркари.

Решаваме сами, со максимално остварување во двете преостанати средби ќе бидеме први во групата и сигурни патници за Полска. Најтешкото го одработивме, останува само рутинскиот дел.

Секако, со секогаш потребната скромност и претпазливост, без оглед што ги прегазивме Португалците во салата „Борис Трајковски“.

Вечерва отвораме нова приказна, но и во неа очекуваме среќен крај, значи Македонија да се врати на Европските првенства по пауза од десет години.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2008 во 17:43
Имало Господ, имало правда!

МАКЕДОНИЈА - ЛЕТОНИЈА 80:78

(28-17; 16-25; 20-19; 16-17)

Сала "Борис Трајковски"- Скопје. Гледачи: 6.500. Судии: Ламоника (Италија) - Гонтас (Грција) - Томов (Бугарија). Делегат: Рукавина (Хрватска)

Се сврти "филмот од Рига", за среќа наша, сценариото предвиде хепиенд за Македонија.

Јанис Блумс во Скопје не беше Кристапс Јаниценокс од Рига.

Македонија ја победи Летонија (80:78) во уште една хичкоковска завршница, која траеше пет минути помалку од онаа пред десет дена во главниот летонски град.

Актерите во она финале беа исти. На 13.8 секунди пред крајот Владо Илиевски уште еднаш застана на линијата за слободни фрлања. Беше "само" 79:78 за нас. Се исплашивме кога не го погоди првото. Делумно полабаво го дочекавме поентирањето од второто за плус 2 (80:78).

Но крајот беше далеку, на потег беа непредвидливите Летонци. Одиграа надвор од логиката, поточно сакаа да ризикуваат. Наместија акција за тројка во која Блумс биеше (преку Ристе Стефанов).

За среќа наша, која толку ја бара(в)ме и во овие квалификации, неговиот шут на нецели шест секунди пред крајот остана на обрачот, па победата остана за Македонија.

Заслужена, и повеќе од тоа, без оглед на сите падови присутни во играта на "жолтите"

За големо олеснување во преполната сала "Борис Трајковски", која беше претесна за сите оние кои дојдоа да ја поздрават и третата победа во серија на нашиот национален тим во квалификациската трка.

Триумф кој по 4. кола, конечно, н$ донесе на првото место во групата "Б", кое го посакувавме, па веројатно уште по онаа февруарска ждрепка во Венеција, во пресрет на последните два меча, в среда со Португалија, во Коимбра, и в сабота во Скопје, против нашиот стар муштерија Естонија.

Првиот чекор во овој дуел го направивме како што треба, иако ни требаа неколку минути за загревање. Може да се каже и нервозни, и тоа на двете страни, по пет и нешто повеќе минути имавме убави 13:7, но имавме, се чини уште поголем проблем, како да се сочуваме од Андрис Бедринс.

Нанижа летонскиот џин цели 11 поени во првата четвртина, уште полошо, собра скор исто толкав број скокови на двете страни од теренот.

Но капитенот Врбица Стефанов ( и тој застана на 11 поени во тој дел од играта) отвори една серија по која од 18:14 стигнавме до 24:14, за тој период од играта да го завршиме со плус 11 (28:17).

И тука некаде како да ја подигнавме сопирачката во нашата игра.

Трпеливите Летонци, пак, преку Бедринс, потпомогнат од бековската линија Јаниценк-Блумс, не сменија ништо. Чекаа и ги дочекаа нашите шутерски утки, кои ги имаше премногу во втората четвртина во која нашите шутери како прво да сакаа да ја поправат својата статистика отколку онаа групната. Двоцифрено водевме до 13. минута кога беше 31:21. Но противникот се врати на 29:33.

Кога помисливме дека го одбивме и тој удар, следуваше уште еден. Летонија се доближи до 35:37, исто беше и по истекот на првот полувреме (44:42) за нас, најмногу по заслуга на тандемот Р. Стефанов-Антиќ , кој даде 14 од нашите 16 поени во вторите 10 минути.

По четири минути од продолжението дојде и новото водство на гостите (53:50), со што беше најавено дека до двата бода, веројатно и клучни во квалификациите, ќе ни треба многу пот, многу напор, сила, енергија.

Не одеше како што треба, но Тодор Гечевски најде сили да "се бори" со Бедринс во одбрана и да поентира во нападот. Доста се "потроши" и физички, но и со личните грешки, што со оние претходните на Самарџиски ни донесе нови проблеми во центарската линија, во која патем, Џеремаја Мејси тешко доаѓаше до своите омилени позиции.

Но и во еден таков развој на ситуацијата имавме позитива (64:61) со која се влезе во решавачкиот дел.

Откако некако се "ослободивме" од напаста наречена Бедринс, некако се разиграа другите во летонската петорка. Не игравме добро, но, сепак, водевме. По 33 минути од играта и серијата од 7-2 и со 71:63, но Гечевски доби и 4. лична грешка.

Дојде редот на Перо Антиќ да го замени својот поискусен соиграч. Одговори на предизвикот, иако не му одеше од линијата за слободни (не погоди дури четири во тој дел од играта).

На три минути пред крајот "држевме" солидна предност (77:70). И уште еднаш, место мирна завршница, драма.

Една минута подоцна Летонија дојде на 73:77, во следната и до 75:77, а на 1:35 беше само 77:76 за Македонија.

Антиќ најде простор во противничката одбрана за 79:76, но врати Бедринс (79:78), кога останаа да се играат нецели 42 секунди.

А потоа нешто "веќе видено". Илиевски во главна улога, делумно успешен од "пенал-шансата", која Блумс, за среќа, не ја казни.

Филмот заврши, Македонија победува. Онолку колку што треба, со два поена, за прво место на табелата... уште да се знае кој е оној вистински режисер, да му се заблагодариме, уште еднаш, да не ни прави вакви работи. Не ни требаат, да доживееме, да видиме уште еднаш како е тоа Македонија да игра на Европско првенство.

Ни треба уште една победа, во Португалија, е првата нова шанса...

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2008 во 00:57
конечно ВИСТИНСКОТО ЗНАМЕ среќа
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2008 во 00:52
Makedonija - Letonija Sliki










Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2008 во 16:31
Имаме одлично "време на минување"

Половина од патот за Полска е одработен, што би се рекло изоден.

Н$ чека уште половина, онаа втората, од етапата која води на ЕП.

По онаа првата имаме добро, може да се каже и одлично "време на минување". Сме на скор од две победи и еден пораз, повеќе-помалку очекуван.

Да, можеше да биде и подобар, односно стопроцентен нашиот ефект по трите одиграни натпревари да не ни се случија нереализираните "пенали".

Но тие полека паднаа во заборав откако ја исправивме таа грешка со добрата, на моменти и одлична игра во Талин, особено во второто полувреме.

Но и вака не е лошо, ќе кажеме дека развојот на ситуацијата, не само во нашата "Б" група, оди во наша корист, се развива според нашите желби.

Но тоа е само половина од работната задача во овие квалификации кои од јавноста се одамна оценети како шанса на генерацијата.

А токму еден од оние кои се дел од оваа генерација а е со најмал работен (временски) стаж е Џеремаја Мејси.

По нешто месец и кусур откако е дел од "црвено-жолтиот" состав, нашиот голем адут размислува онака како што тоа може само еден голем професионалец.

Популарниот "Мејс" и против Естонија ги докажа сите свои квалитети. Можеби не прикажа целосна стабилност (имаше и некои избрзани, нерезонски шутеви), но нашето силно крило погодуваше кога треба. Го имаше кога тоа ни беше потребно, посебно во нападот. На крајот излезе и прв стрелец со 20 реализации, и прв скокач со 10 остварени скока (три офанзивни).

Мејси не сака да се враќа многу на овој натпревар. Новиот член на Реал Мадрид е веќе свртен кон наредниот, оној в сабота со Летонија во Скопје.

Следниот натпревар е секогаш најважен, затоа и треба да го заборавиме овој во Талин. Естонија е добар тим, но ние бевме подобри од нив, би рекол поспособни да победиме. Сега е едноставно, треба да се вратиме дома, да потренираме уште некое време и да бидеме подготвени за следниот натпревар. За она што н$ очекува против Летонија. Репрезентација која н$ задолжи пред десетина дена. Сигурен сум дека на домашен терен нема да ја испуштиме шансата за реванш. Впрочем, ги испуштивме во Рига, нема да го повториме тоа во Скопје"- порача уште од Талин Македонецот со американски пасош, и тоа само десетина минути по успешно завршната задача, да се освои главниот естонски град.

ПЕРО АНТИЌ ДОЈДЕ НА СВОЕТО

Уште ништо не сме освоиле

Перо Антиќ го продолжи трендот на добри игри и во Талин. По Португалија, нашиот крилен центар делуваше уште посигурно, особено во фазата на нападот.

Погоди неколку шута од надвор, имаше и едно сјајно забивање, колку да ја "растури", да ја "рашири" противничката одбрана.

"Силно ја посакувавме оваа победа во Талин. Не само поради тоа што ни се случи лани, кога н$ изненадија. Овој пат не можеше да се случи такво нешто затоа што одигравме доста паметно, зрело, со голема доза на верба во сопствените можности, кои се сигурно поголеми"- вели Антиќ.

Победа која во голема мера ни ги зголемува шансите за "премин" на ЕП во Полска?

"Не треба сега да се залетуваме и да велиме дека сме ја завршиле работата. Па уште ништо не сме освоиле. Да, победивме на гостински терен, и може да се каже дека сме завршиле 90% од работата. Но далеку од тоа дека тука е крајот и дека треба да почнеме да се радуваме. Ништо не сме направиле во Талин ако в сабота не ја победиме Летонија пред наша публика во Скопје. Со нивна огромна помош, споена со нашите квалитети, ќе тргнеме во реванш против Летонците. И во Рига покажавме дека сме подобри од нив, сега ќе го докажеме тоа каде што треба, пред своите фанови кои ги повикувам в сабота навечер да ја исполната салата "Борис Трајковски" и сите заедно да се радуваме на уште еден триумф со кој уште повеќе ќе се приближиме кон Полска" - порачува Антиќ.

Четврток - "неработен" ден

Задоволен од прикажаната игра, секако и триумфот во Талин, кој на крајот може да се покаже и како решавачки во конечниот ерпилог во групата"Б", селекторот Јовица Арсиќ го прогласи четврток за "неработен ден".

Разбирлива одлука на селекторот особено ако се знае дека добар дел од репрезентативците по враќањето во Скопје, чувствуваа голем замор од напорите во изминатите 24. часа.

Затоа од денеска се ќе "оди по старо". Утринскиот тренинг е предвиден за 11, а попладневниот за 18. часот.

Сем тоа, од денеска се очекува на националниот тим да му се приклучат и Дарко Соколов и Марјан Ѓуров кои не беа во комбинација за натпреварот со Естонија.

ТАНЕЛ ТЕИН (БЕК НА ЕСТОНИЈА):

Во сe беа подобри од нас!

"Кога ќе ја погледам статистиката, не можам да видам ниту една работа во која сме подобри од противникот. Ова е прв натпревар по кој имам едно такво чувство, кога едноставно нема начин да победиш. Едноставно кажано, вечерва беа подобри од нас".

ИЛАР КЕРДЕ (СЕЛЕКТОР НА ЕСТОНИЈА):

Не е крај на светот

"На овој натпревар покажавме дека сме способни да се одбраниме од нивната бековска линија. Но, нивната челна линија беше несопирлива.

Но, за мене ова не е крај на светот. Имаме уште еден натпревар в сабота каде ќе ни треба голема борба за да победиме".

КОЛКУ Е МАЛ СВЕТОТ ?

Со Летонците во ист авион за Скопје

И тоа може да се случи. Лути противници во квалификациите да се најдат во ист авион.

Тоа им се случи на нашите кошаркари, кога на аеродромот во Прага во просторот предвиден за "чекирање" на авиобилетите се сретнаа со колегите од репрезентацијата на Летонија.

Заедно со саботниот противник патуваа во Скопје, каде, видно заморни (рано заминување од Талин за Прага), "црвено-жолтите" пристигнаа околу 13.30 часот.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 21>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.