|
ЦЕЛИБАТ |
Внеси реплика | страница <1 56789 16> |
Автор | |
GospodBog
Група Регистриран: 17.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 43 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Светиот Дух јасно ни кажува дека во подоцнежните времиња некои луѓе ќе отстапат од вистинската вера. Тие ќе бидат измамени од лажливи духови и ќе се поведат по демонски учења. Нивните учители се лицемери, лажливци чија совест е докрај затапена. Ќе проповедаат дека не треба да се стапува во брак, ќе забрануваат да се јадат одредени видови храна.
Изменето од GospodBog - 18.Септември.2008 во 16:35 |
|
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оф топик, ама ме интересира дали е дозволено според христијанството некој да земе ваков ник,како членов над мене?
Изменето од deshad - 18.Септември.2008 во 16:40 |
|
rabani
Сениор Регистриран: 02.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
GOSPOD PROSTUVA
DALI E DOZVOLENO ILI NE MISLAM DEKA I SAMIOT ZNAESH , AMA SAMO PRASHUVASH TAKA |
|
DOAGA ISUS SO 200000 SVETII
ZA DA IM STAVI KRAJ NA SITE PROKLETII |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Според тоа, епископот треба да биде: непорочен, маж на една жена, трезвен, разумен, пристоен, гостољубив, способен за поучување;"
(1 Тимотеј 3:2)
Епа одговори ми тогаш: Ако Божјиот Збор ДОЗВОЛУВА епископот да има жена, тогаш зошто православието ЗАБРАНУВА? Како може православието да се прави поголем "бог" од БОГ и да забранува нешто што Бог дозволил?? Зар е православието НАД Бог? Зарем Божјиот Збор не е ВРХОВЕН Авторитет? "А Петар и апостолите во одговор рекоа: „Треба да Го слушаме Бога повеќе, отколку луѓето." (Дела 5:29) п.с. Ова е уште еден доказ дека православието е СПРОТИВНО на Божјиот Збор! |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Интересно како се селектира од Светото Писмо за да се докаже нешто...
Еве нешто кое ја потврдува потребата од целибат на епископите: 1 Коринтјаните 7,32 Јас пак сакам вие да бидете без грижи. Неженетиот се грижи за Господови работи,-како да му угоди на Господа; 7,33 a женетиот се грижи за световни работи- како да и угоди на жената И? Како решаваш дека едната заповед е посилна од другата? Кога ќе ги извадиш од контекст, ни едната ни другата немаат смисла. Ако се погледнат убаво посланијата на Павле, се гледа дека тој препорачува дека е подобро за епископите да не се женети. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zidraski, ти барем знаеш што е заповед, а што е совет. Читај внимателно и се ќе ти стане јасно.
Во цитатот кој го наведуваш Павле дава СОВЕТ, а не ЗАПОВЕД, за девственост. Само 4 стиха подоле Павле вели:
"А оној, кој стои цврсто во своето срце и нема потреба, туку владее со својата волја, па решил во своето срце да ја запази својата девственост, добро прави; така, оној кој се жени, добро прави; а оној којшто не се жени, прави подобро."
(1 Коринтјаните 7:37-38) Читаш? Павле не забранува брак за никого, ниту пат заповедува целибат за никого!
И јас се согласувам со Павле дека подобро е епископите да бидат неженети, НО НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ СО ПРАВОСЛАВИЕТО кое вели дека епископите МОРААТ да се неженети, затоа што Божјиот Збор (ако е некаков авторитет за вас!) ДОЗВОЛУВА брак за епископите:
"Според тоа, епископот треба да биде: непорочен, маж на една жена, трезвен, разумен, пристоен, гостољубив, способен за поучување;"
(1 Тимотеј 3:2) Значи едно е совет, а друго е забрана.
Божјото Слово дава совет, но не заповеда целибат на епископите.
Православието дава ЗАПОВЕД за целибат на епископите.
Божјото Слово не забранува брак за епископите.
Православието ЗАБРАНУВА брак за епископите.
Православието ЗАБРАНУВА она што БОГ ДОЗВОЛУВА.
Следува дека Православието е во СПРОТИВНОСТ со Божјиот Збор!
А ако православието е во спротивност со Божјиот Збор, тогаш како може да се нарекува себе си "правата" црква, "Христовата" црква?
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Evangelos и во претходниот пост пишав дека иако во брак ( имало и неженети ) сепак и во раната Црква епископите живееле во целибат. Тие имале жена и пораснати деца, но сепак живееле во целибат и додека епископствуваат не смеело да им се родат деца. Значи како и да пак доаѓаме до целибат.
Поздрав |
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
macedon_alex, што имало или немало во раната Црква, зависи од тоа кои историски документи ќе ги читаме. Јас и ти веруваме и се согласуваме дека Библијата е Божји Збор така? Тогаш да видиме што вели таа во ред? Во продолжение на горниот стих се вели: "Според тоа, епископот треба да биде: непорочен, маж на една жена, трезвен, разумен, пристоен, гостољубив, способен за поучување; не пијаница, не жесток, не лаком, туку благороден, не наклонет на препирка, не среброљубец, кој управува добро со својот дом и има покорни деца со сета честитост"
(Тимотеј 3:2-4)
Опааа! "има покорни деца"
Кажи ми како епископот ќе има покорни деца ако нема сексуален однос со жената своја?
Од друга страна, ако е заповедан целибат за епископите, тогаш зошто Павле би давал инструкции за децата на еден епископ?
Аха, сега ќе почнете да матите вода дека тоа се мислело за децата кои епископот ги направил пред да стане епископ, а потоа не смеел да има однос со жена му. Но каде тоа го забранува Светото Писмо? Каде Светото Писмо забранува секс со сопствената законска сопруга?
Павле препорачува христијаните што сакаат полновремено и потполно да се посветат на службата да не се женат/мажат, но доколку тие решат да се омажат или оженат, тој никаде не им го забранува сексуалниот однос со нивните жени/мажи. Скраја да е, се читате ли што пишувате? До каде ли ве однесе заблудата од православните догми? Со секој нов пост, со секој нов обид да ја оправдате православната догма се повеќе тонете во жива кал, се повеќе ги комплицирате работите и по принципот на домино ефект, прекршувајќи една заповед, искушани сте да навлегувате во подлабока ерес и да прекршувате и други заповеди.
Но ако, терајте си по свое, но знајте едно, МАРАНАТА! Господ доаѓа! Како Спасител, но и како Судија! Алилујах!
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да, не им го забранува, но препорачува да не се женат. Православието ја следи таа препорака. Павле вели дека е подобро да не се женети. Тоа значи дека неженетите епископи се подобри. Православието ги бира најдобрите од своите редови за епископи (или барем се труди). Соодветно - за да ги избере најдобрите - тие треба да се неженети (за да се следи советот на Павле).
Зошто би избрале женет епископ (што не е толку добро), кога може да се избере неженет епискош (кое што е подобро)?!?!?! Премногу галама правите околу нешто што е јасно препорачано. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Точно, но препорачано е и следново:
"Според тоа, епископот треба да биде: непорочен, маж на една жена," (1 Тимотеј 3:2) Некој сака да служи како епископ (надзорник), но православието му забранува.
Тој вели: Но Бог ми дозволува Ако Бог ми дозволува, зошто вие ми забранувате?
Православната црква вели: "Јас сум поголема и од Бог! Ако јас забранам, Бог има да ќути! "
Зарем не е ова тажната вистина?
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А не - секој може да сака да биде епископ. Прашањето е дали е доволно добар за да биде?
Библијата вели дека женет е добро, неженет е подобро. Значи ако не е женет е подобар. Зошто тогаш би го избрале полошиот?! |
|
Do what is right, come what may...
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не се сите неженети верници подобро од женетите. Тоа е само една димензија што ја разгледува Павле. Дури и во таа дискусија тој воопшто не зборува за епископите, туку општо за верниците. Додека, во контекстот каде што Павле изричито зборува за епископите, тој јасно кажува...
"Според тоа, епископот треба да биде: непорочен, маж на една жена,"
(1 Тимотеј 3:2) Но сепак цело време лукаво ја избегнувате главната нишка: Бог ДОЗВОЛУВА VS. Православието ЗАБРАНУВА! Православието по авторитет се става над Бог!
Зарем Бог заборавил дека најдобро е епископот да биде неженет, па на тоа се досетило православието подоцна.
Зарем на Бог му било незгодно да заповеда целибат на оној што сака да биде епископ?
Православието е попаметно од Бог, па сега ќе воведува критериуми над критериумот на Бог кој дозволува епископот да има жена?
Зарем zidarski, macedon_alex итн се попаметни од Бог па ќе дополнуваат она што Бог заборавил да забрани?
Не планирам повеќе да се расправам. Божјото Слово нека биде конечниот судија. МАРАНАТА! Господ доаѓа! Како Спасител, но и како Судија! Алилујах!
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Brachniot status na vernikot ne e nikakvo merilo za dlabochinata na negovata religioznost ili visinata na negovata svest.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЕвАнгелос - значи за верникот е подобро да биде неженет, но за епископот не...?
Значи епископот не мора да е баш добар верник, нели? Крајно нелогична идеја... читај ги работите во контекст. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
Внеси реплика | страница <1 56789 16> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |