|
Што претставува монаштвото? |
Внеси реплика | страница <1 7891011 97> |
Автор | |||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Силата на Христијанството е Божјиот Збор!!!
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Мараната, читаш ли ти воопшто што ти пишувам? Ако не читаш барем поштеди ме да не губам време објаснувајќи ти. Скоро во секој пост забележувам дека ти воопшто не го ни читаш мојот коментар и си пишуваш нешто сосема трето, надвор од контекст. Јас ти објаснувам како тие што ги нарекуваш "преданија" всушност не биле преданија, туку Божја Заповед, Божји Збор, и сето тоа ти го поткрепувам со библиски цитати, а ти во одговор на тоа ми објаснуваш зошто Павле пишал да му се донесе наметката Ма дај ти се молам.
Зошто не одговориш на овој пост? Зошто ми објаснуваш што се тоа "посланија"? Ти ли мене ќе ми објаснуваш за библиските посланија?
Пред некој ден ти "скромно" ни се пофали дека работиш како преведувач, а не знаеш ни како бил напишан твојот ник во оригиналот "Маран Ата", "Марана Та", "Мараната" или "Мара Ната"?
Да да, во Библијата има само 2 збора за тоа, а вие православните го имате целиот муабет на Павле во MP3 формат Сето тоа било снимено на едно CD "Предание" и така пренесувано (копирано, режено) се до 11век кога ќе се појават православните на сцена и ќе почнат да се фалат како тоа ги имаат во архива сите муабети и писма на апостолите.
Не е така Мараната. Ти воопшто не си го сфатила процесот и неопходноста од канонизација на Светото Писмо. На раните црковни отци раце им сечеле и глави им летале за да го имаме Светото Писмо во денешна форма. Бог го заштитил Неговиот Збор од "човечките преданија и измислици" токму со процесот на канонизација. Бог благоволил да се затворат кориците на Неговиот Збор после книгата на Откровение, за да не си додаван секој како што ќе му стигне врз Божјиот Збор.
Ако приметиш, историски гледано, еден куп секти се јавувале токму заради додавање или одземање од Божјиот Збор. Тука спаѓаат и православните кои си додаваат некакви си контрадикторни "преданија" врз Божјиот Збор.
Не знам зошто имате потреба од човечки зборови над Божјиот Збор. Зарем не е Тој доволен?
"Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата, за да биде Божјиот човек совршено подготвен за секое добро дело."
(2 Тимотеј 3:16) Доколку Божјиот Збор не беше доволен за нас, тогаш горниот стих ќе велеше: "За да биде Божјиот човек парцијално подготвен за некои добри дела" Но стихот вели: "совршено подготвен" и потоа вели: "за секое добро дело".
Зарем не е ова доволно за да се заклучи дека Божјиот Збор е доволен за нашата вера? Зарем има "посовршено" од "совршено"? Не, зборот "совршен" нема компаративна форма. Нема посовршен и најсовршен. Ако има посовршено нешто од нешто друго, тогаш тоа другото не е совршено. Се надевам ме разбираш што зборувам.
Доколку не ме разбираш, ослободи се од предрасудите и од прангите на православието и ќе ме разбереш.
Атанасие Велики тоа го разбрал:
"Светото и Боговдахновено Писмо е сосема ДОВОЛНО за објавување на вистината"
(Атанасије Велики: Контра Паганите I:3)
Дури и Јован Златоуст сватил дека не е неопходно "светоотечко" толкување на Светото Писмо, туку дека тоа се толкува самото себе:
Кога Светото Писмо сака да не научи нешто, ТОА СЕ ТОЛКУВА САМОТО СЕБЕ, И НЕ ДОЗВОЛУВА ЧИТАТЕЛОТ ДА ПОГРЕШИ! Затоа ве молам и преколнувам, ДА ГИ ЗАТВОРИМЕ НАШИТЕ ОЧИ ЗА СЕ ДРУГО, И ИСКЛУЧИВО ДА ГО СЛЕДИМЕ КАНОНОТ НА СВЕТОТО ПИСМО."
(Јован Златоуст: 13та Хомајлија на Битие) Читаш што ти препорачува погоре твојот херој? Да ги затвориш очите за СЕ ДРУГО и ИСКЛУЧИВО ДА ГО СЛЕДИШ КАНОНОТ НА СВЕТОТО ПИСМО.
А види подоле што вели пак Августин:
"Нека ја покажат својата црква, ако можат, но не преку зборување и мрморење, НЕ ПРЕКУ СОБОРИТЕ НА НИВНИТЕ ЕПИСКОПИ (Вселенските и помесните собори!), НИТУ ПРЕКУ ПИШУВАЊАТА НА НИВНИТЕ ХЕРОИ (пишувањата на свети овој, свети оној), НИТУ ПРЕКУ ИЗМАМНИЧКИ ЗНАЦИ И ЧУДА (неверодостојните и контрадикторни житија), бидејќи сме предупредени за вакви работи од Зборот Господов. Но нека ја докажат својата вера преку Законот (Тората = Првите пет книги во Библијата), преку предвидувањата на Пророците(Пророчките книги во Библијата), преку песните на Псалмите (повторно Библијата), преку самите зборови на нашиот Пастир (Евангелијата), преку зборовите на евангелистите (Посланијата од Библијата), ОДНОСНО ПРЕКУ КАНОНСКИОТ АВТОРИТЕТ НА СВЕТИТЕ КНИГИ! = БИБЛИЈАТА"
(Августин: За Единството на Црквата)
АМИН! Изменето од EvAngelos - 18.Септември.2008 во 12:15 |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
GospodBog
Група Регистриран: 17.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 43 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Сакај го својот БЛИЖЕН како самиот себе! |
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Матеј 22:37 А Исус му одговори: ,Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум;‘ тоа е прва и најголема заповед |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Монаштвото е дел од Божјиот збор!!! 1 Коринтјани 7 Изменето од Maran Ata - 18.Септември.2008 во 15:20 |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
GospodBog
Група Регистриран: 17.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 43 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ако некој тврди дека има љубов спрема Бог, а мрази некој од христијаните, тој е лажливец. Ако не ги сака христијаните, кои му се пред очи, како ќе може да Го сака Бога, Кого не Го има видено? |
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
A ako nekoj tvrdi deka e hristijanin, a ne gi saka site lugje kako Bozhji cheda, vkluchuvajki gi i svoite neprijateli, togash toj e lazhlivec. Ako ne gi saka lugjeto koi se pred nego, koi se Bozhji kreacii kako i toj samiot, kako togash voopshto mozhe da se nareche Isusov sledbenik i hristijanin, i kako voopshto mozhe da go saka Boga? Takviot ne gi mami drugite, tuku samiot sebe si kriejki se zad slovoto Bozhje. |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Миличко ГосподБог (искрено да ти кажам, страв ми е да го напишам твојов ник, нарекувајќи се Господ сам себе) што зборуваш???? Ај наврати се на сите коментари претходно и види дали некаде е спомнато дека монасите ги мразат луѓето (ако тоа ти е целта да кажеш)? Па колку примери набројав дека тие од љубов кон луѓето, се распнуваат за светот???????????????? Читајте внимателно, и не се избацувајте со коментари кои не враќаат на почеток на темата, тоа веќе е решен и докажан случај. Изменето од Maran Ata - 18.Септември.2008 во 16:18 |
|||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|||||
GospodBog
Група Регистриран: 17.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 43 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Да се сака Бог со сето срце, разум и снага и да се сака ближниот како самиот себе е повредно од секаков вид жртва!
|
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Gospodine Bozhe, a kako ova go povrzuvash so predhodniot tvoj komentar objaven vo temata ПРАВОСЛАВНИ,КАТОЛИЦИ,ИЗВОРНИ ХРИСТИЈАНИ: " Мене ми е важно Бог да го одобрува тоа што го проповедам. Да ми беа важни луѓето, немаше да станам службеник на Христос! " Изменето од Messenger - 18.Септември.2008 во 16:58 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
GospodBog
Група Регистриран: 17.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 43 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Делата на грешната телесна природа се видливи: блуд, погани работи, разврат, идолопоклонство, вражање, омрази, кавги, љубомора, гнев, себичност, поделби, ереси, завист, пијанство, развратни гозби и слични нешта за кои веќе порано ве предупредив.
Како што веќе ви зборував, оние што прават такви нешта нема да го наследат Божјото царство. |
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Gospodine Bozhe, mozhesh da ni objasnish sto podrazbirash so ovie zborovi:
Да ми беа важни луѓето, немаше да станам службеник на Христос! Zarem za tebe site lugje se poklonici на грешната телесна природа: блуд, погани работи, разврат, идолопоклонство, вражање, омрази, кавги, љубомора, гнев, себичност, поделби, ереси, завист, пијанство, развратни гозби и слични нешта? A ako ne mu bea lugjeto vazhni na Isus, mislish deka ke dojdeshe megju niv i ke go dadeshe svojot zhivot za nivnoto spasenie? Изменето од Messenger - 18.Септември.2008 во 18:26 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Еве конкретни стихови, пишани од Павле...
1 Што се однесува за она за што ми пишавте: добро е за човекот да не се допира до жена, 2 но заради блудствата секој нека има своја жена и секоја жена свој маж. 3 Мажот нека ја исполнува својата должност спрема жената; а исто така и жената спрема мажот! 4 Жената нема власт над своето тело, туку мажот; исто така и мажот нема власт над своето тело, туку жената. 5 Не лишувајте се еден од друг, освен по договор, за некое време, за да и се предадете на молитвата; потоа состанувајте се пак, за да не ве искушува сатаната, заради вашата невоздржаност. 6 Ова ви го велам како дозвола, а не како заповед. 7 Јас би сакал сите луѓе да бидат исто како и јас; но секој има од Бога свој дар, еден ваков друг онаков. 8 На неженетите и на вдовиците им велам дека е добро за нив, да останат исто како и јас. 9 Но, ако не можат да се воздржуваат, нека се женат и мажат, зашто е подобро да влегуваат во брак отколку да се распалуваат. Значи - Павле го препорачува целибатот, и вели дека само оние кои НЕ МОЖАТ да се воздржат, за да не блудничат, подобро да си имаат жена. Соодветно - ако некој може да се воздржи и да не блудничи, нема потреба да има жена. Погледнете го стихот 7 (па и 8) - во тој стих, Павле јасно вели дека и тој самиот е МОНАХ - нема жена, предаден е на целибат. А за оние кои се слаби духом - тогаш има препорака во стихот 9. Истотака - вели дека не е тоа заповед, туку препорака. Односно - ако некој не се замонаши - тоа нема да му се земе за грев. Но е препорака - односно се смета за добро и исправно. Ова е Божји Збор. Интересно што некој решава дека едни Божји Зборови се побитни од други... |
|||||
Do what is right, come what may...
|
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
zidarski, има разлика од верник кој се решил на целибат, и монах. Павле не бил женет, ама не бил ни монах. |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
Внеси реплика | страница <1 7891011 97> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |