IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВНИ,КАТОЛИЦИ,ИЗВОРНИ ХРИСТИЈАНИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВНИ,КАТОЛИЦИ,ИЗВОРНИ ХРИСТИЈАНИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627 41>
Автор
Порака
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2008 во 15:47
Мојата Црква е Христовата Црква! Доктрината која ја следам е Светото Писмо!
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2008 во 15:50
AlDRa точно е тоа дека некаде се користи црковнословенскиот јазик во литургијата, но проповедта на свештениците и поуките до народот се на македонски јазик. На Велигден вечерта колку што се сеќавам сите свечености се водеа на македонски јазик ( мислам дека имаше нешто и на црковнословенски но повеќето беше на македонски ). Инаку не е убаво само на свештенството да се става вината, вината е и во историјата ( не само социјализмот ) туку сите општествено-политички и економски услови кои надвиснале над нашиот напатен народ. Значи сепак народот треба да се поучува, тоа и го прави МПЦ колку што може, но и народот како народ си тера по свое, но нели некогаш и тој самиот не е виновен за тоа. Инаку слободно прашувај си ти и немај гајле, се што знам јас а и другите ќе ти одговориме, без притоа да си лепиме етикети од типот еретик, кривоверец или сл.

Поздрав
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2008 во 15:52
Ти благодарам Macedon Alex! Љубовта е еден од плодовите на Духот!
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2008 во 16:03
Пријатен ден на сите, јас одам да си легнам!
И јавно се извинувам и барам прошка ако навредив денеска некого

Господ со нас +

+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
David1 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 29.Август.2008
Локација: Western Sahara
Статус: Офлајн
Поени: 27
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај David1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2008 во 20:01
offfff topic:

Prv Biser:

EvAngelos replica na Orthophill
……
Таквите еретици како тебе ги предводеле и крстоносните војни кои во "името на Христос" масакрирале се што ќе им дојде на пат. Вие сте брука за Христијанството! Заради вас до ден денес се хули патот на Евангелието! Тешко вам кога Христос ќе се врати!

vidi na sl link
http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=13254&PN=6


Vtor biser:
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Asya, претај претај, нормално дека ќе преташ кога си во жива кал. Твоите се позачестени навреди само докажуваат дека си до гуша во жива кал голема%20насмевка Откако те изненади Библијата со нејзините вистини, нормално дека сега ќе хистеришеш.


Messenger,
mislam deka Asya nepravilno ja banirash. Kolku shto pratev, taa nikogo ne navredi za razlika od gore citiraniov, koj isto taka i mene me navredi, ama otkako mu relicirav soodvetno, kukavichki samiot si gi izbrisha svoite postovi.
Ok, taman pomisliv deka imash kriterium, ama izgleda imash epten slabost prema forumskiov "avgust" .
Adios !



Изменето од David1 - 16.Септември.2008 во 20:36
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2008 во 21:26
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:

Евреите се поклонувале пред скинијата на сведоштвото, каде се јавувала Славата Господова . Еве пример.

4 Мојсеева 20,6: Тогаш Мојсеј и Арон се повлекоа од народот кон влезот од скинијата на сведоштвото, и паднаа ничкум, и им се јави Славата Господова.

Моја грешка е што наместо скинијата на сведоштвото напишав Ковчегот на Заветот. Прости и ти Евангелос и сите.
 
Абе што фајде ако ти простам, кога и понатаму правиш грешки. Со сила сакаш да извлечеш нешто што го нема во Библијата.
Знаеш ли ти воопшто што значи тоа "скинија на сведоштвото? среќа Тој архаичен збор "скинија" всушност значи "Шатор", а "скинијата на сведоштвото" всушност, подобро преведено, е "Шаторот на Средбата". Тоа претставувал привремениот ХРАМ на евреите додека тие патувале 40 години низ пустината до Ветената Земја. Така што тие (Мојсеј и Арон) не отишле да се поконат пред некој "објект" (идол, икона), туку во храмот каде што Господ се среќавал со нив. Еве ти го целиот контекст:
 
"Зошто нè изведовте од Египет, за да нè доведете во незгодново место; место во кое нема ни жито, ни смокви, ни грозје, ни калинки? Нема ни вода за да пиеме.”
Мојсеј и Арон отидоа од народот кон влезот во Шаторот на средбата и паднаа на своите лица (се поклонија со главите до земја). Господовата слава им се јави тогаш. И Господ му рече на Мојсеја: „Земи го жезалот, па - ти и твојот брат Арон - соберете го општеството... "
(Броеви 20:5-8)
 
Значи како што можеш да видиш, Мојсеј и Арон имале спор со народот и затоа отишле во привремениот Храм (Шаторот на Средбата) и таму му се поклониле на ГОСПОД и ТОЈ им се јавил им им дал неколку упатства.
Ах до кога ќе бидам со вас, до кога ќе ви го џвакам словото Божјо тага
 
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

а и еден ден кога, по милоста Божја, ќе појдам во Русија на поклонение,
 
"Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина, ниту во Ерусалим...
Но доаѓа часот - и веќе настапи - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници. Бог е Дух, и оние кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина.” "
(Исус во евангелие по Јован 4:21-24)
 
Исус погоре вели дека не е важно веќе каде ќе му се поклонуваме на Бог, туку е важно КАКО ќе му се поклонуваме. Во дух и вистина.
Во дух - тоа значи дека Бог бара внатрешно поклонување, внатрешна побожнст, а не надворешна преку ритуали, предмети, слики и сл.
Во вистина - согласно Вистината што Бог ја објавува во Светото Писмо, во Својот пишан и канонизиран Збор.
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

сепак сметам дека одредени делови (барем оние кои се повторуваат) треба да си останат на црковно словенски јазик, од почит кон нашите просветители во Христа, светите браќа Методиј и Кирил.
 
Драга моја, главната мисија, идеја, визија, желба и ревност на Кирил и Методиј беше да се преведе Библијата на СОВРЕМЕН, МАЈЧИН и РАЗБИРЛИВ јазик. Во тоа време "црковно словенскиот" јазик бил современ и затоа тие преведувале на тој јазик. Но денес тој јазик не е современ, туку застарен и неупотреблив. Да беа живи денес Кирил и Методиј тие од петни жили ќе настојуваа да се проповеда Божјото Слово на современ македонски јазик (од 21век).
Така што оние кои навистина ги почитуваат Кирил и Методиј треба да ја почитуваат и да ја продолжат нивната визија за достапност на Божјото Слово на современ, мајчин и разбирлив јазик за целиот народ.
 
Секоја чест што ти разбираш 85% од литургиите (еве имаш една гушка од мене за тоа големо%20гушкање) но треба да мислиме и за другите, за оние кои одвај 20% разбираат (а поради тоа и воопшто не ни слушаат, значи 0% разбираат).
Не знам за другите, но јас не би се задоволил ни доколку целиот народ разбира 99% од јазикот на кој се проповеда. Дури и јас некогаш кога објаснувам некои теми од Библијата пред група луѓе се трудам да зборувам јасно и концизно, да не користам висок речник, да не користам научни термини кои повеќето не ги познаваат, или пак доколку кажам некој таков збор, одма потоа го објаснувам. Тоа е суштината на проповедањето, порката да стигне до ушите на луѓето и тие да ја разберат. Ете тоа е духот на Кирил и Методиј. Така се изразува вистинско почитување кон нашите просветители.


Изменето од EvAngelos - 17.Септември.2008 во 01:29
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2008 во 21:49
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

п.с. Маран Ата ми е псевдонимот, а не Мараната (ако, воопшто, знаеш што значи тоа).
 
Ооо мило на бато големо%20гушкање Да беше таа фраза од житијата ваши православни или пак од вашиот православен речник па да не го знаев, ама тој збор е од Библијата, од мој терен намигнување Како тогаш велиш "ако воопшто знаеш што значи тоа"?
 
А што велиш ти, како таа фраза била запишана во оригиналот:
Маран Ата, Марана Та? или Мараната? среќа
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2008 во 07:15
  • Абе што фајде ако ти простам, кога и понатаму правиш грешки.


А бе ЕвАнгелос, арно е се додека се прават грешки, а не гревови како твоите кога хулиш на светињата.
Интерсно е што кога треба да си го оправдаш твојот став ваѓаш само поединечни цитати од Библијата и со тоа ги ставаш надвор од контекст, а кога треба да одиш во напад, и ако нешто не ти се допаѓа, тогаш го даваш целиот контекст во кој се наоѓа цитатот. Брат, самиот се контарадицираш!!


  • Ах до кога ќе бидам со вас, до кога ќе ви го џвакам словото Божјо


Упс, ова ми е од некаде познато... Бре, бре, бре, сега сакаш да ни кажеш дека си некој пророк или го заменуваш Господ??? Ех гордост, гордост... пуста гордост... Кај нас светителите биле оние кои ни го џвакале словото Божјо, и ти од една страна тврдиш дека не треба на нив да им веруваме, а од друга страна велиш дека треба тебе да те слушаме.!!??!!! Е тоа се нарекува лудост! Ти кажав, за верски интелектуалец, каков што се претставуваш, многу си контрадикторен.

И друга работа, јас навистина не знам што си станал толку голем иконоборец.
Убаво е кажано во каноните на православната црква што претставува икона (http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%B0#)

А ако не ти е позната ерусалимската неракотворна икона (икона која не ја има нацртано човечка рака) еве ти линк да ја погледнеш – (http://www.catholictradition.org/Mary/ephesus-2.jpg)

А најбитното е дека Самиот Господ Исус Христос ни го оставил својот лик (од грчки εικόνα < антички грчки εἰκών. =образ=икона=слика) преку цар Авгар.
(http://www.mpc.org.mk/Kalendar/prolog.asp?id=1705 и со современа технологија добиено - http://www.mcpriests.com/03spirituality/images/jesus_face_shroud.jpg)
– а житието на цар Авгар е добар пример за она кое го зборувавме за старецот Марко, на друга тема.

(упс, заборавив, вие немате историја)



  • "Верувај Ми жено, дека иде часот кога не ќе Му се поклонувате на Таткото ниту на оваа планина, ниту во Ерусалим...Но доаѓа часот - и веќе настапи - кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Таткото во дух и вистина, зашто Таткото сака такви поклоници. Бог е Дух, и оние кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина.” "


Овој цитат е вистина. А кој спомна дека нема да се поклонам во дух и во вистина??? На вистината секако ќе се поклонам, затоа што една е Црквата Православна, а во дух.... Господ да ми даде смирение и понизност. Јас не сум самоубедена, како тебе, дека сум праведничка, туку ја просам Божјата милост да ме направи такава по дар и вера, а не по моите дела, оти по делата ниту еден нема да се оправда. Немам со што да се фалам како тебе, освен со Вистината која е дадена во ПРАВОславнаата Црква и со мојата надеж која е положена во Господ. А се надевам, дека Тој еден ден ќе ми ја услиши молбата, по молитвите на сите светии чии нетлени мошти ги имам чествувано.

  • Драга моја, главната мисија, идеја, визија, желба и ревност на Кирил и Методиј беше да се преведе Библијата на СОВРЕМЕН, МАЈЧИН и РАЗБИРЛИВ јазик. Во тоа време "црковно словенскиот" јазик бил современ и затоа тие преведувале на тој јазик. Но денес тој јазик не е современ, туку застарен и неупотреблив. Да беа живи денес Кирил и Методиј тие од петни жили ќе настојуваа да се проповеда Божјото Слово на современ македонски јазик нивната визија за достапност на Божјото Слово на современ, мајчин и разбирлив јазик за целиот народ.


Со ова се сложувам, навистина таа им била целта на светите браќа Методиј и Кирил. Но, пак ќе ти посочам дека не ме читаш како што треба. Јас реков дека започнати се реформи во однос на црковното пеење, и дека сметам треба да биде на македонски рабирлив јазик, но да не се изостави ниту црковнословенскиот кој може да се користи на оние места кои се повтараат (стиховите на Почесна од херувимите, псалмските повторувања, 1 и 2 антифон на Литургија...) или кои звучат потполно исто како македонскиот јазик (Тебје Господи, Господи Помилуј, Пресвјатаја Богородице спаси нас...), во чест на светите браќа. А бидјќи веќе има храмови во кои се пее на македонски јазик, повели, посети некој, па може ќе научиш нешто како што треба!
                  

Изменето од Maran Ata - 17.Септември.2008 во 10:50
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2008 во 07:33
  • А што велиш ти, како таа фраза била запишана во оригиналот: Маран Ата, Марана Та? или Мараната?


А бре брат, пак ли ќе почнеш со твоите "оргинални толкувања". Ех, за жалење е цел свет, само ти го имаш оригиналното и вистинското, а ние читаме преводи од Светото Писмо од неписмени преведувачи!!??!! Мотај кого сакаш, ама btw работам како преведувач и точно знам како одат тие работи.

И како што велиш ти, мене не ме интересира како е во неразберливиот за мене оригинал, јас си го читам онака како е преведено и напишано на разбирлив македонски јазик, веќе со столетија. (осврни се на она што го рече за мисијата на св.Методиј и Кирил). Дали е Маран ата или Мараната, тоа ми е најмал проблем, битна ми значењето.
И научи се што значи суштина, а што значи форма. Цело време твоите коментари можат да се споредат со следнава ситуација – Ти доаѓа другар на роденден и ти носи подарок. Ама, подарокот е некоја ситница, некое убаво камче што го нашол некаде и на кое многу се радувал, затоа што било необично. Но, затоа што те љуби и те цени многу, сака тебе да ти го даде. А ти очекуваш голем, убаво завиткан подарок. И што правиш? Му велиш - Дај бе, не ти е срам, што е ова што си ми го донел. Не ја гледаш суштината дека тој тоа го направил можеби со 100 пати поголема љубов од останатите гости, туку ја гледаш и цениш формата – како било завиткано и колкава била големината. Така и со толкувањата забегуваш.

1 Кор. 16:22 А оној што не Го љуби Господ Исус Христос, нека биде проклет, Маран-ата.

(прво прочитај го во целиот контекст, со претходните стихови)

Толкување на св. Теофилакт Охридски

Со еден збор ги заплашил сите – и блудниците, и оние кои предизвикувале поделби, и оние кои јаделе од идолските жртви, и оние кои не верувале во воскресението, и сите кои предизвикувале несогласувања меѓу нив и се однесувале несогласно со неговото учење и предание. Маран ата (Господ доаѓа). Тоа го рекол делумно за да го утврди учењето за икономијата, а преку тоа и за воскресението, а делумно и за да ги засрами – Господ заради нас се прифатил на Себе, а вие Го гневите, така што некои се нарекуваат по имињата на луѓето, а некои порочно се однесуваат. Не употребил грчки израз, туку еврејски т.е арамејски. Им зборувал на Коринтјаните, кои голема важност придавале на надворешната мудрост и убавина на грчкиот јазик, со што им покажува дека на нив тоа ни најмалку не им е потребно, туку да се фалат со простотата и да зборуваат на груб јазик.
(http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Svetopismo/Tumacenje_prve_poslanice_Korincanima/16.htm)




Изменето од Maran Ata - 17.Септември.2008 во 07:34
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2008 во 10:48
И уште нешто... батка, ако си против иконите (изобразбите, ликовите, сликите), па што си ја ставил оваа претстава како Господ му помага на Петар кој тоне на твојот профил????
Уффф, пак контрадикторност....
Кој те чита со здрав разум, ќе сфати дека твојата вероисповед нема никаква суштинска врска со реалната и живата Христова Црква, за жал.



Изменето од Maran Ata - 17.Септември.2008 во 10:49
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2008 во 10:57
Мило, во македонскиот јазик има разлика меѓу икона и слика. Горната слика е мојот аватар, а не моја "икона". Јас не и се молам на таа слика, не се клањам пред неа, не и палам свеќа, ниту кандило, ниту ја осветувам, ниту правам бизнис со неа.
Ајде големо девојче си ти, не се прави дека не разбираш намигнување
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2008 во 11:02
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

Дали е Маран ата или Мараната, тоа ми е најмал проблем, битна ми значењето.
И научи се што значи суштина, а што значи форма.
 
И после јас сум бил контрадикторен? голема%20насмевка
 
Originally posted by Maran Ata Maran Ata напиша:

п.с. Маран Ата ми е псевдонимот, а не Мараната
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2008 во 11:06
А бе кога ја имам нешто кажано со збор кој е прифатен од друг јазик, веднаш имаш некој твој *оргинален* превод. Епа дај сега придржувај се до тој оргинален превод и признај си дека икона знаши слика, образ, лик... пак си контрадикторно, дете!!!

А и според тоа што го велиш, тогаш цел свет е во идолопоклонство. Знаеш дека секој дома си има албум со слики на кои ги има најмилите. И сега ако јас го бакнам човекот на сликата од што ми е мил и го љубам, тогаш сум идолопоклоник, а?
Тогаш 99% од луѓето се поклонуваат на бесови, а ти си само просветлениот.

Браво, брат, многу добри објасненија даваш!

Господ нека не помилува сите нас и да ни даде просветление на умот, оти со вакви толкувања.......
никој од човештвото нема ништо да постигне, само ѓаволот ќе се радува.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2008 во 11:10
Дете, не сум контрадикторна - мене не ми е битно како е напишано во Светото Писмо или во твоите *оргинални* преводи, меѓутоа како псевдоним ми е запишан Маран Ата и така сакам да ме ословуваш.
А и во тој коментар јас не те прашав како е напишано во Светото Писмо и за неговата *оргиналност*, туку реков - ако знаеш кое е значењето.

Леле бре, пак истото да го повтарам - не зборувам за формата (како е напишано), туку за значењето (суштината).
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2324252627 41>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.