|
Што претставува монаштвото? |
Внеси реплика | страница <1 45678 97> |
Автор | ||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ЕвАнгелос, не ти држи вода тоа што го зборуваш. Коментари од типот на Павле на пример, тој не се оженил, ама затоа пак тој не се скрил во некоја пештера за да бдее и да си прави муабет со лилјаците и бувовите, туку одел меѓу луѓе не ти се оправдани од причина што секој во нашава земја знае дека монасите не се затворени (поради тоа што нас како на заблудени ни треба светило кое ќе ни го покаже патот) и не си прават муабет со лилјаци, туку мисионерат меѓу народот, не на присилен и нападен начин како што правите вие, отцепените гранчиња, туку доброволно, со љубов, како што тоа го правел апостол Павле – непринудно. Како доказ на мојот коментар ќе приведам дури и имиња на такви личности и настани. На монашењето во Бигорски манастир кое беше сега на 10ти септември, беа присутни околу 2 000 верници (кој сака да прочита и види www.preminportal.com.mk , www.mpc.org.mk дебарско-кичевска епархија). Отец Партениј е постојано присутен околу луѓето поради што е еден од омилените духовници, заедно со неговото свето братство кое постојано блеска со љубов и гостопримство кон секој посетител на манастирот. Погледнете ги посочените веб страници и ќе видите колку распространето е нивното мисионерство и колку верници се доведени на прав пат благодарение на нив. Друга многу позната работа за овој манастир е дека функционира како рехабилитационен центар за зависници од наркотици. Можете ли да си замислите само колку млади деца се излечени и доведени на прав пат како вистински верници во Хрисста нашиот Бог? А што има поголемо од тоа да спасиш еден грешник од погубен пат? Што има поголемо од тоа еден човек кој некогаш бил во мрак од опојните дроги, не знаејќи што навистина е реалност, а што е имагинација, да го доведеш не само до реалноста во светот, туку и до Вистината, Патот и Животот????? Дедо Наум, митрополит Струмички, постојано е присутен на разни активности и секогаш е опкружен со народ. Посетете ги приложените веб страни и читајте – нема потреба да копирам. Па да не ги спомнувам многубројните интервјуа на телевизија, радио, весници, бденијата кои се оддржуваат често во манастирите и на кои има многубројни присутни верни. Монасите воопшто не одат спротивно на Црквата, зашто под Црква се подразбира верниот народ собран околу својот епископ на светата Евхаристија. А бидејќи монасите живеат во братства и сестринства (значи, повеќе монаси во еден манастир), воопшто не се сами и изолирани, туку секојдневно се собрани заедно во храмот Господов на Светата Литургија и на останатите богослужби, а заедно и функционираат на послушанијата кои ги имаат. (да не го споменувам и тоа дека манастирите секогаш се преполни од посетители). А башка тоа, ова повторно ќе го повторам – да не биле монасите кои се трудат во подвигот на добродетелта за да си го очистат срцето од страстите и да стекнат просветлен ум од Бога, кој ќе може да ја созерцува вистината таква каква што е во права смисла, ти денеска не ќе можеше да пишуваш (св. Методиј и Кирил)и да ги заблудуваш луѓето кои го читаат форумов. Друга работа, не знам зошто си упорен и велиш дека нема опишано повлекување во осамеништво, кога во Светото Писмо во Матеј 3:1-7; 13 јасно е кажано дека св. Јован Крстител прво живеел во пустина во подвиг, за кога наполнил 30 год. да почне да му проповеда на народот, и тоа на оној народ кој доброволно пристапувал кон него, а не трчал тој по нив и не ги терал со сила. Матеј 3:1-7; 13 – Во тие дни дојде Јован Крстител, кој проповедаше во Јудејската пустина и говореше: Покајте се зашто се приближи царството небесно. Зашто ова е, нависстина, Оној за Кого говореше пророкот Исаија, кој вели: Гласот на оној, што вика во пустината: Пригответе го патот на Господ и исправете ги патеките Негови. А Јован носеше облека од камилски влакна и појас околу слабините, а храната му се состоеше од скакулци и див мед. Тогаш од Ерусалим и цела Јудеја и од целиот Јордански крај доаѓаа кај него и се крштеваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови. .... а штом виде Јован дека кај него доаѓаат мнозина фарисеи и садукеи.... Тогаш дојде Исус од Галилеја на Јордан кај Јован за да биде крстен од него. Бог дал право да си избере секој човек што му е по срце – брак или монаштво, и ако избере монаштво има разни форми на подвиг, меѓу кои спаѓаат и киновијата (општожитието) и пустиножителството. Св. Јован бил пустиножител, додека пак апостолите живееле општожително (како што живеат монасите во манстирите низ Македонија). Монаштвото е само продолжување на онаа форма на живот која ја живееле апостолите. Православната вера воопшто не го оспорува фактот дека некои од апостолите биле женети, напротив туку ја потврдува. Но, сите оние кои биле женети, како апостол Петар и Симон Зилот, на чија свадба во Кана Галилејска бил присутен Самиот Господ Исус Христос, потоа го оставаат жените и тргнуваат по Христа, според Неговото кажување во Лука 14:26 Ако некој дојде кај Мене и не го намрази татка си и мајка си, жена си и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик.. Значи, кога го сретнале Господ, оние кои биле женети, се откажале од својот брачен живот и започнуваат целемудрен монашки живот, а тие кои не биле до тогаш женети, не се ни ожениле отпосле. Монах може да стане и оној кој претходно бил женет и имал деца – целемудрен монах. Такви примери и денес има по манастирите. А монасите кои воопшто никогаш не се женеле, туку се посветиле на Бога, се девственици. Кај вас проблемот е што уште непросветлени во умот сакате да ги толкувате Господовите зборови. Затоа секогаш грешите како што тоа го направи и со толкувањето на овој цитат Зар немаме право да водиме со себе сестра, жена верничка, како и другите апостоли и браќата Господови и Кифа? (1Кор.9:5). Тука воопшто не се мисли на жена како сопруга, туку на жена како човечко битие од женски пол, пред се, СЕСТРА ВО ХРИСТА, која им помага на апостолите во потребите на благовестието. Апостол Павле сакал да каже дека нема ништо лошо во тоа што апостолите имале жени помошнички, но тој не го користел тоа право само за да не ги соблзани оние на кои им го проповедал благовестието. Kaluđer (grč: kalógeros = kalós: častan + gérōn: starac - "dobri starac") Господ со нас. Простете на должината на одговорот. Се надевам дека многу работи кои не ви беа јасни поради недоволно познавање на православната теологија, сега ви се разјаснети. Изменето од Maran Ata - 18.Септември.2008 во 11:39 |
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Поздрав до учесниците на форумот посебно до оние со кои се знаеме од порано.
Би сакал да додадам некој коментар. Одлични одговори Маран Ата. Точно со библиските текстови ја објасни основата за монаштвото. Немам многу да додадам освен да се придружам кон твоето образложение. Изменето од sard - 15.Септември.2008 во 09:51 |
||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||
butel2
Сениор Регистриран: 26.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 4138 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
pozdrav Sard , ubavo e sto si pak tuka
|
||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Искушенијата се пред се од внатрешна духовна природа, а не од надворешна природа. Ние водиме борба со „поднебесните духови на злобата“ и сопствената падната природа, а тие се присутни секаде каде и да одиме. Нашата борба не е со негативните општествени појави, независно што во нив тие поднебесни духови се изразуваат. Борбата која христијанинот треба да ја води е од духовен карактер, последично може да се одрази на социјално општествен. Независно од социјално општествениот ангажман таквата личност не го подобрува светот. Тоа останува без или со краткотраен ефект. Добрите дела се прават и од суета и уште повеќе го влошуваат карактерот, без да се знае тоа. Само во молитва и со духовна борба вистински се менуваме и тогаш го менуваме светот со своите активности, па дури и со самата своја појава. Сите ние влијаеме силно и со самата своја појава. Грешните влијаат негативно, осветените позитивно. Бидејќи целиот свет е поврзан. Оној кој духовно победува не е битно дали е виден од илјадници или условно кажано од никого. Тоа е сеедно. Дури и христијанинот кој се осветува во некоја пештера влијанието на неговата духовна победа му е исто како да се појавил на ударен термин на CNN. И обратно и оние кои се појавуваат јавно не влијаат посилно од оние кои се осветуваат тајно. Матеј: 6:6 Но ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затвориш вратата, помоли му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и Он Кој гледа рајно, ќе те награди јавно. Кога јас се борам против некои искушенија, јас размислувам: не треба да размислувам и да се разочарувам од тоа како другите се однесуваат кон одреден проблем. Ако го победам тој проблем и тоа искушение, победило цело Христово православие. Ако паднам сум паднал само јас. Кога некој победил одредено внатрешно искушение, тој во допир со останатите му го пренесува издигнатиот стабилен дух, ако падне исто така влијае негативно на нив. Преносот може да биде со полн или делумен ефект, но тој пренос се случува. Ако ние не размислувавме вака тогаш во што христијанството ќе се разликуваше од останатите светски идеологии. Како што сите светски идеологии се заинтересирани за освојување на физичкиот и општествениот простор, така и христијанството ќе се интересираше за освојување на просторот. Тоа е така бидејќи христијанството се интересира за освојување пред се на срцето, а потоа на умот и преку тоа на општеството. А не обратно. Затоа и срцето е поставено на прво место, а разумот подоцна Матеј: 22:37 А Исус му одговори: "Возљуби Го Господа, својот Бог, 1. со сето свое срце, и 2. со сета своја душа, и 3. со сиот свој разум; Марко: 12:30
Затоа возљуби Го Господа 1. со сето свое срце и 2. со сета своја душа, и 3. со
сиот свој разум, и 4. со сета своја сила!’ Тоа е прба заповед. Ние можеме да влијаеме на некого само ако го освоиме неговото срце, само тоа е трајно, другото е лажно и привремено. А тоа се прави со љубовно освојување преку Христовиот дух во нас, а не со мисловно убедување и освојување со зборовите, кое е само последично на првото и исто така при тоа поважен е преносот на духот вистина на зборовите отколку самата содржина на зборовите. ОВА СЕТО ЗБОРУВА ЗА ДУХОВНИОТ КАРАКТЕР НА ВЕРАТА ВО ЕДИНИОТ БОГ, ВО ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС. ТАКА ШТО МОНАШТВОТО Е НАЈХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ НА НАЈХРИСТИЈАНИТЕ. ОДНОСНО... Матеј 19:21 Исус му кажа: “Ако сакаш да бидеш СОВРШЕН, оди, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; па дојди и врви по Мене!” Некој ќе праша тогаш каква смисла има, кога сите би станале монаси, светот би пропаднал бидјеќи не би имал потомство. Одговорот е: Доколку би се случило тоа (кое е невозможно од познати причини) тогаш ние би се префрлиле во небесниот простор, без сите болки и страдања кои овој свет го очекуваат до крајот. Оние најдобрите кои најмногу од сите го сакаат Бога и ближните, најмногу од сите влегуваат во духовната борба и така го подобруваат овој свет. Тоа влече кон монашки живот. Оној кој ќе влезе во духовната борба тоа го искачува и го одвојува од светските елементи оплеменувајќи го светот онолку колку што ќе го прочисти сопствениот дух. Одвојувањето тогаш се случува природно и тие се повеќе го отфрлаат светското во светот, и светското во светот ги отфрла нив. Сите други добри дела меѓу луѓето се и треба да се последица на духовната напреднатост, во спротивно повеќе штетат отколку што користат. Замонашувањето е таков чин на одвојување од светското и целосно посветување на духовната борба. Јаков 4 4. Прељубници, не знаете ли дека пријателството со светот е непријателство спрема Бог? И така, кој сака да му биде пријател на светот, Му станува непријател на Бог. 5. Или, мислите ли дека Писмото напразно вели: "до ревност копнее за духот кој Го всели во нас?"Сите овие стихови како и оние кои Маран Ата ги наброи сето зборува за духовниот карактер на христијанството. Повеќето од останатите неправославни верувања како и светски заразените, не можат да го сфатат монаштвото поради нивната недуховност. Впрочем зборот „духовност“ сите нив ги збунува. Станете православни христијани и ќе ви биде јасно. Монашкиот живот не само што не е без искушенија туку е најтешкиот живот кој го избираат најдобрите меѓу нас. Тие се на фронталната линија на духовната борба. Од таа причина има и кои таа битка не ја добиваат. †Господ со вас Изменето од sard - 15.Септември.2008 во 10:20 |
||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||
sard
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Благодарам бутел, не верувам дека ќе можам почесто да постирам, само поретко повремено. Благодарам за убавата порака на блог . |
||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||
evangeleec
Нов член Регистриран: 15.Септември.2008 Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
se razbira, voopsto ne e sporno deka onie lugje koi sto ne mozat da gi izdrzat iskusenijata, koi nemaat dovolno silno vodstvo od Svetiot Duh da ziveat megju lugje, i podobro e da izbegaat nekade, otkolku da prodolzat da ziveat vo svojot grev. nemam problem so toa.
poveke problem imam, sto toa nivno beganje, pravoslavnite go smetaat za vrven podvig. za zal, eve imam bas i nekoi vnatresni informacii ke vi kazam, deka nasata policija ima poseben oddel koj raboti na baranje na isceznati lica, barajki gi po manastirite vo Makedonija i vo svetot. eden slucaj imase pronajdeno lice vo manastir vo Sion, Izrael, sto vo makedonija izbegal od roditelite. za zal, kaj nas vo makedoniaj glavnata motivacija da se odi vo manastir e begstvoto od urbanata sredina, i nesposobnosta vo nea da se snajdat. neretki se slucaite, osobeno vo osamenicki monasticki zivot, kade monasite dozivuvaat teski mentalni poremetuvanja. sepak, Isus ne izbega, apostolite ne izbegaa, nivnite ucenici ne izbegaa... naprotiv, se posvetija celosno da rabotat, sluzat, propovedaat, lekuvaat, itn., megju lugjeto! |
||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Прекрасно објаснето од брат Сард во духот на православното христијанство, дадено од Бога.
Господ со нас |
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
dejanpp
Сениор Регистриран: 30.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 893 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
A KADE TREBA DA SE PRIJAVIS ZA MONAH
|
||||
Karamazov
Сениор Регистриран: 20.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 144 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
E, tokmu, vaka dolikuva da komuniciraat onie koi sebesi se narekuvaat hristijani. Bravo za Sard. Osobeno mi se dopadna negovata zabeleska do onie koi terminot "duhovnost" gi zbunuva. za da ne pisuvam mnogu ke kazam samo eden primer od naseto sekojdnevie, koj odlicno se vklopuva vo konetstot na napisanoto. Vo Ruskiot manastir na Sveta gora "Sv. Pantelejmon" ziveel nadaleku poznatiot monah Siluan, koj iako nemal nikakvo obrazovanie sepak kaj nego na ispoved i za duhoven sovet, doagjale poznati svetski intelektualci i bogatasi. Bibliotekarot vo manastirskata biblioteka, gledajki go ova, mu "se pozalil" na nekoj negov prijatel deka kaj otec Siluan doagjaat mnogu lugje, a toj nikogas ne videl deka toj nekogas zemal kniga od bibliotekata sto znaci toj nisto ne cita. Sogovornikot na bibliotekarot mu rekol: Da, Siluan nisto ne cita, ama se ispolnuva... |
||||
tre, tri, tra
|
||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Maranata, залудно се обидуваш со сентименталност (демек монасите лечеле наркомани) да оправдаш еден ваков небиблиски повик (монаштво). Божјото Слово е појако и од сентименталности, и од поезија, и од какви било слаткоречиви зборови. Божјото Слово е мечот на христијаните со кој тие ги разбиваат стрелите на злиот. Затоа јас повторно ќе го грабнам тој Христов меч и со Божја помош, ако имаш вистински мотиви и копнеж за Бог, ќе ти го истерам тој православен мрак од пред твоите очи.
Прво збор два да кажам за наркоманите што се лечат по манастирите. Јас знам еден куп наркомани што идат по манастири за да се дрогираат таму. Тоа им се едни од најомилените места за стонирање. Сами, во природа, во тишина, ќе се напушат, ќе се боцнат и потоа се на небо и го "гледаат Господ". Да да, не е ова иронија, ако сакаш можам и да те запознам со некој од нив па да ти каже од прва рака како си поминал "хај" во некој од тие манастири каде што се "лечат" наркоманите.
Затоа поштеди ме од слаткоречиви зборови и престани да ги китиш со странични аргументи монаштвата и манастирите, кога нивниот повик е антибиблиски.
Од друга страна, имаш еден куп специјализирани христијански организации кои работат со нарко зависници, организации кои не се сместени по планини и забутани места, туку во самите градови - блиску до зависниците.
Дали си чула за "Марита МК"? Нејзините водачи се бивши наркомани чие сведоштва во една реченица гласат: "Христос ме ослободи од дрогата!" Зарем има некој кој повеќе ги разбира и соочуствува наркоманите од бившите наркомани кои сега, наместо со хероин, се исполнети со Светиот Дух?
Овие одат по школи и им држат предавања на учениците за дрогата, за тоа колку таа навистина е "кул", како станале зависни, и потоа како Христос ги извадил кога биле само неколку милиметри до смртта.
Што мислиш, кому повеќе ќе му веруваат учениците и кој повеќе ќе има влијание на нив: на некој забраден монах целиот сокриен во црна мантија кој делува како никогаш да не видел дрога, или на некој бивши нарко дилер со тетоважи по рацете и со тук таму по некоја мртва вена која сведочи дека овој човек некогаш бил наркоман, а чиј живот сега сведочи дека се ослободил од тоа зло?
Потоа, дали си чула за "Teen Chalenge"? Ова е уште една таква христијанска организација во Скопје па дури и поголема од првата. За овие можам уште повеќе да зборувам, но ќе престанам за да не зајдам.
Половина од излечените наркомани сведочат дека се излечиле преку една од овие.
Јас не велам дека во Библијата нема примери каде што некој бил сам, но јас велам дека нема таков ПОВИК, ЗАПОВЕД па ни ПРЕПОРАКА за христијаните во Новиот Завет тие да се кријат по планини и тие да не одат меѓу луѓето, туку да ги чекаат тие да дојдат кај нив. Не, така не правеле ниту Христос, ниту апостолтие. Остави го ти Јован Крстител, тој не бил Монах, тој имал посебен ИНДИВИДУАЛЕН повик да го припреми патот на Месијата. Никаде во Новиот Завет не е заповедан сличен повик на неговиот.
Христос и апостолтие секогаш ОДЕЛЕ меѓу луѓе. Христос ги испраќал учениците да одат меѓу луѓе, а не да седат и да чекаат тие да им дојдат на нив. Зборот "одете" е клучен во проповедањето на евангелието.
"Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици"
(Исус во евангелие по Матеј 28:19) Значи Христос тука вели "одејќи", а не "седејќи", а не "бдеејќи"
"И им рече: „Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание! "
(Исус во евангелие по Марко 16:15) "Ете, Јас ве испраќам како овци меѓу волци; затоа бидете мудри како змии и безопасни како гулаби!"
(Исус во евангелие по Матеј 10:16) Тука Исус не мисли на волците на планина туку на луѓето од светот. Или пак можеби јас не сум доволно "просветлен" да го толкувам овој стих?
"Врвете по Мене и Јас ќе направам да станете рибари на луѓе!"
(Исус во евангелие по Марко 1:17) Исус тука ги повикува апостолите да врват по Него и Тој ќе ги направи "рибари на луѓе". Исус ќе ги научи да одат меѓу луѓе и да ловат луѓе, а не како да се засолнуваат по планини и пештери и да бдеат, да "созерцаваат", да се "подвизуваат" и др православни термини.
Се читаш ли ти девојче што пишуваш и како "толкуваш"? Зарем сакаш да не убедиш дека тука Христос вели "Кој не си ги напушти жената, мажот и децата, тој не може да биде Мој ученик"? Зарем сакаш да кажеш дека Христос тука заповедува РАЗВОД како неопходен услов за да бидеме Негови ученици?
Зарем тоа го заповедува Оној истиот Христос кој рече:
"А Јас ви велам дека секој, кој ја остава својата жена, освен за прељуба, ја прави да врши прељуба, и кој се оженува со така напуштена, врши прељуба."
(Христос во евангелие по Матеј 5:32) "Сврзан ли си со жена? Не барај развод! "
(1 Коринтјаните 7:27) "Зашто Јас го мразам напуштањето на жената - зборува Господ, Израелевиот Бог"
(Малахија 2:16) Зброува ГОСПОД Maranata, лично Господ, а не попот кој ти ја "толкува" Библијата. Кого ќе слушаш повеќе, Господ или некој самопрогласен "просветител"?
Тоа што Христос погоре вели дека ако некој не ги "намрази" роднините свои и фамилијата своја не може да биде Негов ученик се однесува на нешто друго. Доколку тие, членовите на Неговото семејство се противат на твојата вера и доколку пред тебе постои терминален ИЗБОР "Тие или Христос", дека тогаш треба одлучно да одебереме "Христос" доколку сакаме да бидеме Негови ученици, а не да поткленеме на провокациите од нашите роднини.
Јас знам лично еден таков пример на еден мој брат од Косово, кој премина од Ислам во Христијанство. Татко му прво го тепаше, а потоа и го избрка од дома. Овој имаше избор кого повеќе ќе го сака и ќе му биде послушен, дали на татко му или на Христос. Тој го возљуби повеќе Христос и не потклекна на искушението кое ѓаволот му го приреди преку татко му. Ете за такво "мразење" зборува погоре Христос, а не за напуштање на семејство и бегање по планини. Зборот "намрази" во оригиналниот коине грчки јазик значи "да сакаш помалку", во случајот "помалку од Христос, помалку од Господ" што е дирекна последица од заповедта да го љубиме Бога најмногу, па дури и повеќе од нашите роднини, жена, деца, но да не ги напуштаме без причина, туку само ако е тоа неопходно т.е. ако тие не сакаат да живеат со нас бидејќи сме станале христијани.
Од друга страна тоа што го велиш дека апостолите ги напуштиле своите жени и деца откако почнале да го следат Христос не е точно. На пример, апостол Петар, во своето послание кое е напишано 30тина години по Христовата смрт, пренесува поздрави од неговиот син Марко
"Ве поздравуваат со вас избраната црква во Вавилон и мојот син Марко."
(1 Петрово 5:13) Значи Христос го повикал Петар некаде во 30та година, а тој го пишува горниот стих некаде 60-64 година. Значи тој сеуште си бил со својот син.
Да да, такви примери има многу и за жал секојдневно читаме по весниците за луѓе кои ги напуштиле своите жени и деца, ги оставиле на милост и немилост, отишле во манастир и таму силуваат малолетнички или пак меѓу себе се распалуваат.
Има многу примери и за монахињи кои забремениле во манастир и потоа, за да не се открие нивниот срам, го фрлиле своето бебе во некоја река, или пак го оставиле во некоја грмушка на врв на планина.
На сите, за жал, ни се познати овие примери на "целемудри" монаси и монахињи.
Тоа што Павле сакал да го каже го кажал и не треба некој да му ги џвака зборовите. Павле не рекол жени "помошнички", туку рекол:
"Немаме ли право да водиме жена од сестрите, како и другите апостоли и Господовите браќа, и Кифа?"
(1 Коринтјаните 8:5) За жал, или за среќа, на нашиов форум доаѓаат претежно писмени и образовани луѓе, така тие добро знаат што значи горниот стих
Зарем сакаш да ги убедиш другите дека секој апостол си имал по една жена телохранителка која одела како сенка по него и му помагала? Изменето од EvAngelos - 15.Септември.2008 во 12:47 |
||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Е брат, вистина ми е многу жал за твојот коментар преку кој може да се почувствува дека прскаш негативна енергија, а неслабо се чувствува и гнев, гордост, омраза... многу ми е жал, навистина, зашто оној кој го чувствува сето тоа самиот се измачува... ќе им кажам на сите монаси што ги знам да почнат да се молат за тебе, за твое смирение и ослободување од нервозата, оти очигледно ти немаш доволно време за тоа, бидејќи премногу си зафатен на форумов да реплицираш со иронија и цинизам... вистинскиот христијанин се гледа по делата и зборовите!!!
Знаеш ли зошто им верувам на монасите и на светителите? Затоа што вистина рекле дека кога некој ќе го згазнеш по гордоста и суетата, почнува да реагира како ти со овој коментар, кое е знак дека нешто е гнило тука. Не знам зошто цело време се обидуваш да ми ги извртиш зборовите и да ги ставиш во друг контекст. Секогаш главната поента ја прескокнуваш бидејќи немаш реално поткрепени аргументи, а се задржуваш на оние споредни работи. А си мислиш и дека тие анимирани фаци што на секој втор збор ги ставаш ќе додадат силина на твојата контрадикторна самоодбрана, или дека ќе одвлечат внимание. Јас сепак ќе си останам на сериозноста кога се зборува за Бога. Затоа сега пак, со Божја помош, ќе се потруди мојата недостојност да ти пренесе нешто од ПРАВОславието и светоотечките толкувања. Што се однесува до тоа дека сум во /православен мрак/, верувај ми, и јас порано бев како тебе и тогаш бев во мрак, а сега, преку православието, а особено преку монаштвото, чувствувам само радост и љубов кон сите мои браќа и сестри во Христа, а голема мака кога ќе видам дека некој е во заблуда од ѓаволот, како што си ти. Не можам тебе да ти замерам и да ти се лутам, единствен виновник е нечестивиот за тоа. Најголемото добро кое што можам да го направам за тебе е да се молам. Многу си смешен со твоите аргументи за тоа дека манастирите се најдобро збиралиште за да се фиксаат наркоманите. Јас имам многу добри ДРУГАРИ кои своето одвикнувале го поминале во манастир, а сега се одлични верници, а некои од нив и монаси. Секој кој сака да го провери резултатот на монасите на тоа поле, може да појде до Бигорски манастир и со свои очи да види. Сите оние кои сакаат да се запознаат повеќе со Бигорскиот процес на рехабилитација можат да го прочитаат интервјуто на отец Партениј, во три дела објавено на страната на ПреминПортал (директен линк http://preminportal.com.mk/content/view/1069/54/). А воедно, доколку има некој таков проблем, манастирските врати му се ширум отворени за да му се помогне. Што се однесува до специјализираните организации за таа форма на деликвенција, јас воопшто не го оспорувам тоа дека и тие се трудат и работаат, и дека имаат апсолутно позитивно влијание. Јас не знам од каде ти е спротивниот впечаток. Или нешто си промашил или погрешно си сфатил во читањето на моите коментари, или се користиш со тактиката нападот е најдобра одбрана. Ама тоа не е битно, затоа што читателите на форумов не се глупави, а не се ниту неписмени. Јас само посочив пример на корист на општеството од монашките заедници. И подолу, каде што велиш: "Што мислиш, кому повеќе ќе му веруваат учениците и кој повеќе ќе има влијание на нив: на некој забраден монах целиот сокриен во црна мантија кој делува како никогаш да не видел дрога, или на некој бивши нарко дилер со тетоважи по рацете и со тук таму по некоја мртва вена која сведочи дека овој човек некогаш бил наркоман, а чиј живот сега сведочи дека се ослободил од тоа зло?", повторно доаќаш до само-контрадикторност. Зарем не читаш?? Реков дека во манастирите се имаат излечено еден куп млади луѓе кои, се разбира, потоа сведочат и за Христа, и за љубовта и посветеноста на монасите, и другите пеер групи можат да ги убедат дека дрогата е злодело кое го уништува и човекот поединечно, а и целото општество во глобала. И братче мило, пак подолу се контрадицираш самиот себе. Прво, прочитај го Сард, толку убаво објасни. Второ, моите претходни коментари беа како со инка да ти го турам значењето и суштината на монаштвото во глава, но ти сепак како намерно да го истураш. Навистина не знам во кој дел не бев јасна. Посети ги веб страните кои ги оставив претходно, и ќе видиш дека монасите воопшто не бегаат од луѓето, туку постојано се околу нив (2 000 верници на последното монашење во Бигорски, зарем не ти претставува ништо???). Или сакаш да кажеш тоа што не одат, како вас, од врата на врата да им додеваат на луѓето, дека ги прави помали верници од вас??? Епа апостол Павле вели дека се треба да биде доброволно, а не на сила (иако имал право и да заповеда) Филимон 1:14 ...но без твоја согласност не сакав ништо да направам, за да биде твојата добрина не како принуда, туку доброволна. Јас не знам како можеш да ги судиш оние кои во потполност ги исполнуваат заповедите Јаков 1:27 Чиста и непорочна вера пред Бога Отецот е оваа: да се грижиш за сираци и вдовици во нивните маки и да се пазиш да останеш неосквернет од светот. Јаков 5:19,20 Ако, браќа, некој од вас се отклони од вистината, и ако некој друг го поврати,тој нека знае дека оној што обрати грешник од лажлив пат, спасува една душа од смрт и ќе покрие многу гревови Ова "Така одејќи, направете ги сите народи Мои ученици" (Исус во евангелие по Матеј 28:19) "И им рече: „Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание! " (Исус во евангелие по Марко 16:15) веќе го направиле и го прават монасите – св Методиј и Кирил (сараценска, хазарска, моравска мисија), св. Патрик просветител на Ирска, св. цар Борис покрстител на Бугарија, св. Климент Охридски во Охрид, во областа Кутмичевица во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како прв словенски Универзитет, од кој како подготвени излегле 3500 ученици. Мислам дека доволно се примериве, ако сакаш уште можам да ти набројувам монаси кои мисионереле и мисионерат. Ама што е поентата тука??? Тие прво стекнале смирение и просветление на умот, подвизувајќи се во осамеништво, а потоа откога можеле кристално јасно да ја препознаат Божјата волја, тогаш тргнале да го просветуваат и народот. Св. Серафим Саровски кој живеел во 18 век 15 год поминал затворен во ќелија на молитва, 5 год. воопшто со никој не разговарал, 1 000 дена стоел на камен со рацете дигнати на молитва, а сепак и покрај неговото осамеништво бил духовник на илијадници чеда, и е најпопуларен монах-светител од поново време, кој нема кој не го знае. А дека неговото осамеништво било богоугодно сведочат неговите чудотворни мошти!!! Значи, најчистите души произлегуваат од манастирските обители. Овие примери на осамеништво апсолутно се оправдани од самото осамување на Господ Исус Христос во пустината Матеј 4:1 Тогаш Духот Го одведе Исус во пустината за да биде искушуван од ѓаволот Но, се зависи од тоа каков дар има секој поеднично за своето спасение 1 Кор.12:4-7 Постојат разни дарби, но Духот е еден и ист; има разни служби, но Господ е еден и ист; и разни дејства постојат, но Бог е еден и ист, Кој извршува се во сите. А на секого му се дава во него да се пројави Духот за полза; некој има дар за осамеништво, а некој за општожитие. Инаку, цела 7 глава на апостол Павле е посветена за брачниците и за девствениците (монасите). И за тоа, што велиш дека, од една страна, треба да биде дадено нешто како заповед за да се извршува, а од друга страна, велиш дека тие кои останале безбрачници тоа го направиле за мисионерството да им биде поефикасно, апсолутно не ти држи вода, зашто токму во оваа глава апостол Павле советува дека многу подобро е да се остане девствен, но никаде не вели дека треба да се остане таков за човек да проповеда. И подолу повторно извртување на моите зборови, користење на цитати во обратна смисла, а башка тоа и хула на Христовите зборови Лука 14:26 Ако некој дојде кај Мене и не го намрази татка си и мајка си, жена си и децата свои, браќата и сестрите, па дури и душата своја, тој не може да биде Мој ученик.. Ова не е нешто измислено од мене, ова е напишано во Светото Писмо, кажано од Господ, а монасите се оние кои апсолутно до буква го исполнуваат со својот начин на живот. Се сложувам со тебе дека Господ сака да каже дека треба Него да го љубиме пред сите други – та токму тоа и го прават тие!!! Ова Господ не го рекол со цел луѓето да се разведуваат, туку оние кои сакаат да станат совршени како нашиот Отец набесен, треба да остават се што е земно и да Му се посветат само Нему, според зборовите Матеј 22:37 А Исус му одговори: ,Возљуби Го Господа, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој разум;‘ тоа е прва и најголема заповед А оние кои веќе се во брак и кои имаат деца, мора прво да ги одгледаат децата до полнолетство, да добијат согласност од брачникот, та потоа да стапат во монаштво. Јас познавам мајка и ќерка кои се во манастир, а нивниот сопруг, односно татко, со раширено срце ги благослови да останат таму. Поради тоа што не знаеш како функционираат овие работи во православието, изрече еден куп неосновани филозофии. А оние цитати кои ги наброја дека не треба да се остава жената, не ти се во контекст на муабетот. Таму се зборува за напуштање на жена за да се оди по други жени, додека пак, оние кои заминале во манастир апсолутно се придржуваат до целемудреноста, односно не стапување во никаков телесен контакт со друг човек. А за она дека се распалувале, силувале, забременувале, фрлале бебиња, ма дај ти се молам. Изнесуваш клевети непоткрепени со докази. Тоа е кукавичлок да се признае својата грешка, и барање на било каков начин да си го покриеш срамот. Значи никој во државава не знае за таков пример, освен ти! Ако е така, зошто мене никој до сега не ме силувал во манастир??? Или тоа ми се случило, но ми ја избришале меморијата и не се сеќавам??? Свашта! Зар немаме право да водиме со себе сестра, жена верничка, како и другите апостоли и браќата Господови и Кифа? (1Кор.9:5). Човече, проповедаш христијанство, а од друга страна блудство. Во овој цитат е напишано СЕСТРА, а не сопруга. Зарем на сестра апостолите гледале со похот????? Повторно изречена хула. Апостолите имале помошнички во благовестието, а не телохранители. Како побивање ќе ти посочам само еден цитат (ако е недоволно, има уште, само кажи) Римјаните 16:1,2 – Ви ја препорачувам Фива, нашата сестра, која е слугинка при црквата во Кенхреа примете ја во Господа, како што им прилега на светии, и помогнете и во она, во што ќе има потреба од вас, бидејќи и таа беше помошница на мнозина и на мене самиот. Во овој коментар стои изразот сестра, што значи духовна сестра, а не сестра по тело, како што и во 1 Петр. 5:13 се мисли на духовен син. Како прилог го ставам житието на св апостол Марко. Светиот апостол и евангелист Марко 08/05/2008 (извор www.mpc.org.mk) Му беше сопатник и помошник на апостолот Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух. Кога Марко беше во Рим со Петар, верните го замолија да им ја запише спасоносната наука на Господ Исус, Неговите чуда и Неговиот живот. Така го напиша Светото Евангелие, коешто го виде и го посведочи за вистинито и самиот апостол Петар. Тој го постави Марко за епископ и го испрати на проповед во Мисир. Така тој беше првиот проповедник на Евангелието и првиот епископ во Мисир. Мисир беше сиот притиснат од густиот мрак на незнабоштвото, гатањето и злобата. Со Божја помош Свети Марко успеа да го посее семето на Христовата наука низ Ливија, Амоникија и Пентапол. Од Пентапол, воден од Духот Божји, дојде во Александрија. Таму успеа да ја заснова Црквата Божја, да постави епископ, свештеници и ѓакони и сѐ добро да утврди во благочестивата вера. Својата проповед ја потврдуваше со големи и многубројни чуда. Кога незнабожците подигнаа обвиненија против него, како против разорувач на нивната идолопоклоничка вера, а градоначалникот почна да трага по него, тој побегна повторно во Пентапол и таму продолжи да го утврдува своето поранешно дело. После две години Свети Марко, на голема радост на верните чијшто број во меѓувреме се умножи, се врати во Александрија. Тогаш го фатија незнабожците, цврсто го врзаа и почнаа да го влечат по калдрмите викајќи: „Да го повлечеме волот во оборот!“ Сиот ранет и искрвавен го фрлија во затвор. Овде најнапред му се јави ангел небесен и го храбреше и го крепеше. Потоа му се јави Самиот Господ Исус и му рече: „Мир на тебе, евангелисту Мој!“ А Марко Му одговори: „И на тебе, Господи мој, Исусе Христе!“ Утредента злочестивите луѓе го извлекоа од затворот и повторно го влечеа по улиците, извикувајќи го истото: „Да го повлечеме волот во оборот!“ Сиот измачен и истоштен Свети Марко изусти: „Во Твоите раце, Господи, го предавам мојот дух!“ и издивна. Неговите свети мошти беа чесно погребани од христијаните. Со векови им даваат исцеленија на луѓето од маките и од болестите. (меѓутоа, тебе ова не ти е познато, бидејќи вие не верувате во предание, а ние православните се придржуваме и до Светото Писмо, и до Преданието, и до историјата) П.С. Се сложувам со тебе дека доколку треба да се направи избор меѓу Христа и било кој човек, треба да се избере Единствениот Премудар – токму и затоа страдале светите маченици. Изменето од Maran Ata - 18.Септември.2008 во 12:07 |
||||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||||
majmunce
Сениор Регистриран: 13.Септември.2008 Локација: Somalia Статус: Офлајн Поени: 154 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
според мене монасите се луѓе кои сакаат да бидат Исус. имитатори. тие со својот начин на живот нема нешто многу да постигнат, сепак нели секој живее како што сака, па немам ништо против нив. само ме нервира што се има претерана почит кон нив. тие не се Исус. тие се како оние лажните Елвиси кои сакаат да бидат Елвис, го имитираат, ама не се Елвис. sorry people ама така е. не е поентата да се изолираш од светот и да се посветиш на Бога. сметам дека е многу поважно да бидеш дел од светот и да му се посветиш на Бога. зошто да не се женат, зошто да не остават деца? кој го бара тоа од нив? Бог? не, баш напротив.
|
||||
не се плашам, стори се чучулига
|
||||
belichka
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Maran Ata prekrasnoooo
Luka 2.37 Taa bese vdovica na okolu osumdeset i cetiri godini i ne se otstranuvase od hramot, sluzejki Mu na Boga so post i molitva denje i nokje. i ne samo ova toa e dokazano EvAngelos vo minatoto pogledni na nazad...Evangelose kade e izvornoto hristijanstvo... |
||||
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Колку само прекрасно, православните еден со друг си се тапшаат по рамо. Но залудно ви е тоа. И мормоните си се тапшаат по рамо и си се охрабруваат дека се во вистината. Тоа го прават и Сведоците, и будистите, и овие од бекташите... Но се додека не добиете подршка од Божјиот Збор, сувишни се вашите меѓусебни тапшања. Изменето од EvAngelos - 15.Септември.2008 во 23:04 |
||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||
Внеси реплика | страница <1 45678 97> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |