IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4748495051 68>
Автор
Порака
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2008 во 20:15

Светиот маченик Евсигниј

Беше војник кај царот Максимијан, кај царот Константин Велики и кај неговите синови. Присуствуваше на мачењето на Светиот маченик Василиск (22 мај) кога виде множество од ангели и Самиот Господ Исус како од ангелите ја прима душата на овој Свет маченик. Војуваше за царот Константин и го виде крстот што му се јави на царот. Откако ислужи во војска цели шеесет години, за време на царувањето на Константиновите синови се повлече од воената служба и се насели во Антиохија, којашто му беше роден град. Овде животот го минуваше богоугодно, во пост, молитва и добри дела. Во времето на Јулијан Отстапник двајца скарани луѓе на улица го зедоа него за судија. Тој му пресуди правда на правиот, заради што кривиот се налути, отиде кај царот и го обвини Евсигниј како христијанин. Царот го повика на суд, но тој го изобличи царот за страшното отстапништво од верата и го укори со светлиот пример на великиот Константин. Огорчен, Јулијан нареди и му ја отсекоа главата. Свети Евсигниј пострада и се пресели во Небесното Царство во длабока старост, во 362 година.

Светиот свештеномаченик Фавиј (Фавијан), папа Римски

Родум римјанин. Фавијан најпрво беше селски свештеник, а потоа, кога при изборот на папа врз него слезе бел гулаб, беше избран тој. Беше кроток и незлоблив. Со голема усрдност ги собираше телата на Светите маченици, чесно ги погребуваше и на нивните гробови подигаше храмови. Подигаше и молитвеници и параклиси по пештерите во коишто се криеја мачениците за време на гонењата. Го крсти царот Филип и неговиот син принцот Филип и со помош на крстениот сенатор Понтиј разурна многу идоли и идолски храмови. Но кога се зацари суровиот Декиј, настана страшно гонење на христијаните, во коешто пострада и Свети Фавиј, обезглавен со меч во 250 година. Свети Фавиј востанови мирото да се осветува на Велики Четврток.

Светиот маченик Понтиј

Сенатор, син на сенаторот Марко и неговата жена Јулија. Јулија беше бездетна и зачна дури после дваесет и две години брачен живот, кога го роди Понтиј. Крстен од папата Понтијан заедно со својот другар Валериј (писателот на неговото житие), тој успеа да го приведе во верата својот татко Марко и царот Филип со синот и мнозина други угледни римјани. Како сенатор многу ја штитеше и ја помагаше Црквата и му беше голем пријател на папата Фавиј. Кога настана Декиевото гонење, Понтиј побегна од Рим и се сокри под Алпските Планини. Но во времето на Валеријан и Галиен беше фатен и подложен на страшни маки, при што се пројавија многубројни Божји чуда и мнозина се обратија кон Христа. Овде се најдоа и голем број Чивути што му викаа на судијата: „Убиј го, убиј го тој маѓепсник!“ На тоа Свети Понтиј ги воздигна рацете кон небото и рече: „Ти, благодарам, Боже мој, што и Чивутите викаат против мене како и некогаш нивните татковци против Христа: распни го, распни!“ Го убија со меч во 257 година и го погребаа до неговиот пријател Валериј.

Света Нона

Мајката на Св. Григориј Богослов. Како христијанка имаше силна и чудотворна молитва. Така со својата молитва кон Бога таа го обрати својот маж од незнабожечката глупост во христијанската вера. Нејзиниот маж Григориј подоцна беше епископ во градот Назијанз. Света Нона своевремено со молитва го спаси и нејзиниот син Св. Григориј Богослов од бура. Се престави мирно како ѓакониса во 374 година.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2008 во 10:55

Светиот апостол Матиј

Родум од Витлеем, од племето Јудино. Му беше ученик на Свети Симеон Богопримец во Ерусалим. Кога Господ излезе да проповеда за Царството Божјо, тогаш и Матиј им се придружи на оние што Го љубеа Господa, зашто и самиот од сесрце Го љубеше, со сладост ги слушаше Неговите зборови и ги гледаше Неговите дела. Во почетокот Матиј беше прибројан кон Седумдесеттемина помали Христови ученици, но по воскресението на Господ, бидејќи местото на Јуда којшто Го предаде беше испразнето, апостолите со жрепка го избраа Матиј за еден од Дванаесеттемина големи апостоли (Дела 1, 23). Откако Го прими Светиот Дух на Педесетница, Матиј појде на проповед на Евангелието и проповедаше најнапред во Јудеја, потоа во Етиопија, каде што претрпе големи маки за Христа. Се смета дека проповедал и во Македонија, каде што сакаа да го ослепат, но тој стана невидлив за своите мачители и така ја избегна опасноста. Кога се најде вo затвор, му се јави Господ, го укрепи и го ослободи. Најпосле повторно се врати на работа во Јудеја. Овде беше обвинет и изведен на суд пред првосвештеникот Анан, пред кого неустрашливо сведочеше за Христа. Анан, оној истиот којшто претходно го уби апостолот Јаков, го осуди и Матиј на смрт. Тогаш Светиот апостол Матиј го изведоа и го убија со камења, а отпосле му ја отсекоа главата со секира (ова беше римски начин на погубување на осуденици, а Евреите го применија врз мртов човек за да претстават пред Римјаните како убиениот да бил и противник римски). Така заврши овој голем Христов апостол и се всели во вечноста на својот Господ.

Светиот маченик Антониј

Граѓанин александриски. Изведен пред кнезот незнабожечки, тој слободно ја објави својата вера и беше мачен, биен и стружен, но не сакаше да се одрече од Христа. Најпосле го фрлија во оган и од сред огнот му говореше на народот: „Браќа мои возљубени, не робувајте му на телото, туку повеќе грижете се за душата, којашто ви е дадена од Бога и Нему Му е сродна, Нему и на Божествените сили.“ И така поучувајќи го народот и горејќи во огнот, Му ја предаде својата света душа на Бога.

Светите маченици Јулијан и Маркијан и другите со нив

Пострадаа во одбрана на иконите од злобниот цар Лав Исавријанин, во 716 година и се закитија со невенлива слава.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
connected Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај connected Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2008 во 14:55

Успение на Пресвета Богородица     28/08/2008  http://www.m-p-c.org/Ikoni/Bogorodica.gif

Господ, Којшто на Синај заповеда со петтата заповед: „Почитувај го таткото свој и мајката своја“, со Својот пример покажа како треба да се почитува својата родителка. Кога висеше на крстот во маки, се сети на Неговата мајка и покажувајќи на апостолот Јован, рече: „Жено, ете ти син!“ Потоа му рече на Јован: „Ете ти мајка!“ И така ја згрижи Својата Мајка и издивна. Јован имаше дом на Сион во Ерусалим, во којшто се насели и Богородица и остана да живее во него до крајот на Нејзините денови на земјата. Со своите молитви, со благите совети, кротоста и трпеливоста, Таа многу им помагаше на апостолите на Нејзиниот Син. Целото време до смртта главно го помина во Ерусалим, обиколувајќи ги често оние места што ја потсетуваа на големите настани и големите дела на Нејзиниот Син. Особено често одеше на Голгота, во Витлеем и на Елеонската Гора. Од Нејзините подолги патувања се спомнува Нејзината посета на Св. Игнатиј Богоносец во Антиохија, посетата на Светиот четиридневен Лазар, епископ Кипарски, посетата на Света Гора, којашто самата ја благослови, и бавењето во Ефес со Свети Јован, за време на големото гонење на христијаните во Ерусалим. На старост Таа често Му се молеше на Бога на Елеонската Гора, на местото на Неговото Вознесение, што порано да Ја земе од овој свет. Еднаш Ѝ се јави архангелот Гавриил и Ѝ објави дека по три дена ќе биде упокоена. Тогаш Ѝ даде една палмова гранка за да ја носат при Нејзиниот погреб. Таа се врати дома со голема радост и посака во срцето уште еднаш да ги види сите Христови апостоли. Господ Ѝ ја исполни оваа желба и сите апостоли, носени на облаци од ангелите, одеднаш се собраа во домот на Јован на Сион. Со голема радост Таа ги виде Светите апостоли, ги охрабри, ги посоветува и ги утеши, и по ова мирно го предаде Својот дух на Бога, без никаква мака и телесна болест. Апостолите го зедоа одарот со Нејзиното тело, од коешто излегуваше благоухание и во придружба на мноштво христијани го пренесоа во Гетсиманската градина, во гробницата на Светите Јоаким и Ана. По Божја Промисла поворката од злобните Евреи ја засолнуваше облак. Некој еврејски свештеник Атониј, го дофати со рацете одарот со намера да го преврти, но во тој миг ангел Божји му ги отсече обете раце. Тогаш тој повика кон апостолите за помош, а откако објави дека поверува во Господ Исус Христос, беше исцелен. Апостолот Тома повторно по Божја Промисла изостана, за така да се открие една нова и преславна тајна за Пресвета Богородица. Третиот ден пристигна и тој, и посака да го целива телото на Пречистата Владичица. Но кога апостолите го отворија гробот, ја најдоа само плаштаницата, а телото не беше внатре. Таа вечер им се јави на апостолите самата Пресвета Богородица опкружена со мноштво ангели и им рече: „Радувајте се, ќе бидам со вас вавек“. На која возраст се упокои Богородица не се знае точно, но преовладува мислењето дека на крајот од овоземниот живот имала повеќе од шеесет години
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2008 во 17:29

Среќен празник на сите што го слават а посебно на жителите од село Лешок, Тетовско!

Во век и векови да се слави Името Господово и Името на Блажената Дева Марија која неслучајно беше избрана да му биде мајка!

АМИН

Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2008 во 10:18

Неракотворната икона на Господ Исус Христос

Во она време кога Господ го проповедаше Евангелието и исцелуваше секаква болест и мака кај луѓето, во градот Едеса на брегот на реката Еуфрат живееше кнезот Авгар, сиот прокажан од лепра. Тој чу за Христос, исцелителот од сите болести и неволји, па испрати некој иконописец Ананија во Палестина со писмо за Христос, во коешто го молеше Господ да дојде во Едеса и да го исцели. Во случај Господ да не може да дојде, му нареди кнезот на Ананија да го иконописа Неговиот лик и да му го донесе, верувајќи дека тој лик ќе му го поврати здравјето. Господ одговори дека не може да дојде, зашто се приближуваше времето на Неговото страдање. Но Самиот зеде крпа, го избриша Своето лице од неа и врз крпата совршено се впиша Неговиот пречист лик. Таа крпа му ја предаде Господ на Ананија, со порака дека од неа кнезот ќе се исцели, но не сосем, заради што Он нему ќе му испрати подоцна пратеник којшто ќе го избрише и остатокот од неговтата болест. Кога ја прими крпата кнезот Авгар ја целива и лепрата падна од неговото тело, но му остана малку на лицето. Подоцна проповедајќи го Евангелието кај Авгар отиде апостолот Тадеј, тајно го исцели и го крсти. Тогаш кнезот ги искрши идолите што стоеја на градската порта и над портата ја стави онаа крпа со Хрисотвиот лик, откако претходно ја залепи на дрво и ја вглави во златна рамка накитена со бисери. Уште кнезот под иконата на портата го напиша и ова: „Христе Боже, никој којшто се надева на Тебе нема да се посрами.“ Подоцна еден од правнуците на Авгар го обнови идолопоклонството. И епископот на тој град дојде ноќе и ја заѕида иконата над портата. Оттогаш поминаа векови. Во времето на царот Јустинијан Едеса беше нападната од персискиот цар Хозрој и градот беше во голема неволја. Тогаш епископот Евлавиј имаше видение на Пресвета Богородица, Којашто му ја јави тајната за заѕиданата и заборавена икона. Ја пронајдоа иконата и со нејзината сила персиската војска беше победена.

Светиот маченик Диомид

Лекар од Тарс, од прочуен род. Лечејќи го народот, го поучуваше и на верата Христова. Царот Диоклецијан нареди и му ја отсекоа главата во Никеја, во 298 година. Оние што му ја отсекоа главата и му ја донесоа на царот ослепеа, а кога му ја вратија главата на телото и се помолија, оздравеа.

Преподобен Јоаким Осоговски

Се подвизуваше во втората половина на 11 век на Осоговските Планини, на местото наречено Сарандопор во една пештера. На тоа место подоцна подигна црква еден друг подвижник, Теодор од Овче Поле, на кого Свети Јоаким му се јави во сон. Од моштите на преподобен Јоаким потоа низ вековите се случуваа многубројни чуда.

Светиот маченик Стамат

Селанец, родум од Волос во Тесалија. Кога некој нечовечен ага собираше од народот царски даноци и многу го угнетуваше народот, Стамат појде со неколкумина другари во Цариград за таму да се жалаат кај везирот. Но заради острите обвиненија кон агата Стамат се замери со големците на султанот и тие го уапсија. Најнапред сакаа да го потурчат со ласкање и ветувајќи му богатства, слава и чест. На тоа маченикот возвикна: „Моето богатство, слава и чест е мојот Христос!“ Тогаш Турците го мачеа и најпосле пред Света Софија го заклаа, во 1680 година. Така овој Христов војник стекна венец маченички.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2008 во 10:01

Светиот маченик Луп

Овој свет маж беше слуга кај Свети Димитриј, војвода Солунски. Кога Свети Димитриј беше убиен со меч од царот Максимијан, Луп ги потопи во крвта на маченикот полите од својата наметка и својот прстен. Со таа наметка и со тој прстен тој потоа вршеше многу чуда во Солун, исцелувајќи ги луѓето од секоја мака и болка. За тоа дозна царот Максимијан, којшто дотогаш се имаше задржано во Солун, па заповеда и Луп да го мачат и убијат. Но војниците што ги исукаа мечовите на Луп ги свртеа еден против друг и си зададоа тешки рани меѓусебно. Бидејќи Луп иако беше христијанин сѐ уште не беше крстен, Му се молеше на Бога некако да го устрои неговото Крштение пред смртта. Во тој миг се излеа вода од облак врз Светиот маченик и така прими крштение одозгора. После големи маки го убија и се пресели во Небесното Царство.

Светиот свештеномаченик Потин, епископ Лионски

Свети Поликарп го испрати од Мала Азија во Галија на проповед. Стана прв епископ Лионски и многумина ги преведе од незнабоштво во христијанство. Во времето на гонењето на христијаните во 177 година на суд беше изведен и Потин: го донесоа на раце, бидејќи беше стар деведесет години. Проконсулот го праша: „Кој е христијанскиот Бог?“ Старецот Потин пак одговори: „Ќе дознаеш ако се удостоиш со тоа.“ Незнабожците навалија на него со стапови и со камења и безмилосно го тепаа. Го фрлија во затвор, каде што од ударите за два дена се упокои и се пресели во Небесното Царство.

Светиот свештеномаченик Иринеј Лионски

Во младоста му беше ученик на апостолскиот ученик Свети Поликарп, којшто го испрати на проповед во Галија. По маченичката смрт на Свети Потин за епископ го поставија Иринеј. Во своите многубројни списи тој час ја изложува православната вера час пак ја брани од еретиците. Пострада за Христа во времето на царот Север, во 202 година, со илјадници други христијани (деветнаесет илјади).

Свети Виктор

Пострада во Марсеј, во 3 век. После тешки измачувања беше фрлен во затвор, каде што ги обрати во верата Христова чуварите. Умре распнат на крст.

Светиот маченик Албан

Англиски благородник. За време на гонењата скри во својот дом христијански свештеник којшто го поучи во Христовата вера. Тогаш тој му ја даде својата облека на свештеникот, а самиот се облече како свештеник и им се предаде на мачителите. Кога го осудија на смрт, тој и својот џелат го приклони кон Христовата вера.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
здраво Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 253
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај здраво Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2008 во 08:21

Пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј   

На овој ден се празнува преносот на моштите на Свети Вартоломеј, додека неговиот главен празник е на 11 јуни. Кога овој голем апостол беше распнат на крст во Албанопол Ерменски, христијаните го симнаа неговото тело и чесно го погребаа во оловен ковчег. Па бидејќи на неговиот гроб стануваа многубројни чуда, особено исцеленија на болни, заради што се зголемуваше бројот на христијаните, незнабожците го зедоа ковчегот со моштите и го фрлија во морето. Во исто време фрлија и четири други ковчези со мошти на четворица маченици: Папијан, Лукијан, Григориј и Акакиј. Но по Божја Промисла ковчезите не потонаа, туку носени од водата допливаа, и тоа: Акакиевиот во градот Аскалус, Григориевиот во Калабрија, Лукијановиот во Месин, Папијановиот на друга страна во Сицилија, а Вартоломеевиот на Липарските острови. Липарскиот епископ Агатон во некое таинствено откровение дозна за приближувањето на моштите на Свети Вартоломеј до островите. Во таа прилика од моштите на апостолот се случија многубројни исцеленија на болни. Агатон со клирот и народот излегоа на брегот и го дочекаа ковчегот со голема радост. Моштите беа положени во црквата на Свети Вартоломеј и лежеа овде до времето на Теофил Иконоборец (околу 839 година), па бидејќи тогаш муслиманите ги загрозија Липарите, моштите на апостолот беа пренесени во градот Беневет. Така Господ го прослави Својот апостол со чуда и за време на животот и после смртта.

 

Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2008 во 12:21

Светиот апостол Тит

Еден од Седумдесеттемина. Роден е на Крит и воспитан со грчката поезија и философија. По еден повод тој зеде да го чита Пророкот Исаија и се посомнева во елинската мудрост. Откако чу за Господ Исус Христос, дојде во Ерусалим со уште некои Критјани и лично ги слушна зборовите на Спасителот и ги виде Неговите силни дела. Неговото младешко срце се прилепи за Христа. Подоцна беше крстен од апостол Павле, кому во евангелското дело му служеше како на татко. Павле толку го возљуби Тит, што го нарекуваше ту син (Тит 1, 4) ту брат (2 Кор. 12, 18). Тит многу патуваше со големиот апостол на народите и од него беше поставен за епископ Критски. При Павловото страдање во Рим беше присутен и Тит, којшто чесно го погреба телото на својот учител и духовен отец. Потоа се врати на Крит и таму со голем успех ги крштеваше незнабожците и мудро управуваше со Црквата Божја до длабока старост. Се упокои во деведесет и четвртата година од својот живот.

Светите Едески Исповедници

Страдаа многу по затвори и во прогонство заради православната вера во времето на царот Валент, кој се држеше за ариевската ерес. Но беа ослободени од царот Теодосиј.

Свети Мина, патријарх Цариградски

Мудро управуваше со Црквата од 536 до 552 година. Претходно управуваше со домот за бедни и неволни на Св. Сампсон. При неговата хиротонија за епископ учествуваше и папата Агапит, којшто тогаш дојде во Цариград за побивање и симнување на патријархот Антим.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Септември.2008 во 23:44

Светиот маченик Адријан и преподобна Наталија

Маж и жена, обајцата од благороден и богат род, од Никомидија. Адријан беше незнабожец и началник на преторот, а Наталија потајна христијанка. Беа млади и живееја во брак тринаесет месеци до мачеништвото. Кога свирепиот цар Максимијан ја посети Никомидија, заповеда христијаните да се фаќаат и да се подложуваат на маки. Во близина на градот, во една пештера, беа собрани дваесет и тројца христијани. Некој ги поткажа кај власта и беа луто камшикувани со воловски жили и биени со стапови, па потоа ги фрлија во затвор. По ова ги изведоа од затворот и ги одведоа кај преторот заради попис на имињата. Адријан ги гледаше овие луѓе, измачени и трпеливи, мирни и кротки, па ги заколна да му кажат што очекуваат од својот Бог за толкуте претрпени маки. Тие му говореа за блаженството на праведните во Царството Божјо. Кога го чу тоа и повторно се вгледа во нив, Адријан одеднаш се сврте кон писарот и му рече: „Запиши го и моето име со светите, и јас сум христијанин.“ Писарот, кога чу, го праша: „Да не слезе од умот?“ Одговорот на Адријан беше: „Не слегов од умот, туку си дојдов на умот.“ Откако слушна за ова Наталија многу се израдува и кога Адријан со другите седеше окован во затворот, таа дојде и им служеше на сите; а кога мажот ѝ го биеја и го измачуваа со разни маки, таа го храбреше да истрае докрај. После долги маки во затворот, царот нареди таму да се однесе наковална за да им ги толчат со чекан рацете и нозете. Ова беше извршено, и така Адријан и останатите дваесет и тројца мажи издивнаа во претешки маки. Нивните мошти Наталија ги пренесе во Цариград, каде што ги погреба чесно. По неколку дена ѝ се јави Свети Андреј, сиот во светлост и надземна убавина и ја повика да појде кај Господ. Света Наталија мирно Му го предаде на Бога својот дух.

Преподобен Титој

Ученик на Свети Пахомиј и голем меѓу Мисирските подвижници. Игумен на манастирот во Тавена. Сиот живот го мина во потполна чистота. Еднаш еден брат го запраша: „Кој пат води кон смирението?“ На ова Титој му одговори: „Патот кон смирението се воздржанието, молитвата и мислата за себе како за понизок од сѐ што постои.“ Достигна мошне висок степен на совршенство. Кога ги креваше рацете на молитва неговиот дух влегуваше во екстаза. Се упокои во 4 или 5 век. Заедно со него се споменува и преподобен Ивистион.

Свети Зер-Јаков

Голем мисионер на христијанството во Абисинија.
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2008 во 11:28

Почеток на црковната година
(начало на индиктот)

Првиот Вселенски Собор определи црковната година да почнува на 1 септември. Месецот септември кај Евреите беше почеток на граѓанската година (Исх. 23, 16), месец на собирање на плодовите и принесување жртви на благодарност кон Бога. Во времето на ова празнување Господ Исус влезе во синагогата во Назарет и ја отвори книгата на Пророкот Исаија и ги прочита зборовите: „Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза за да им благовестам на бедните, Ме испрати да лекувам скрушени по срце, да им проповедам на заробените отпуштање и на слепите прогледување; да ја проповедам благопријатната Господова година и денот за одмазда на нашиот Бог“ (Исаија 1 - 2). Уште овој месец септември е значаен во историјата на христијанството по тоа што во него царот Константин Велики ја однесе победата над Максенциј, непријателот на Христовата вера, а на таа слобода ѝ уследи слободата на христијанската вероисповед во целото римско царство. Долго време во христијанскиот свет и граѓанската година беше сметана од 1 септември; на 1 јануари се премести најпрво во Западна Европа, а потоа во Русија, во времето на Петар Велики.

Преподобен Симеон Столпник

Родум Сириец, од родители селани. Во својата осумнаесетта година побегна од родителите и се замонаши. Се предаваше себеси на најтешки подвизи, понекогаш постејќи по четириесет дена. Потоа се предаде на особен подвиг: имено, деноноќно сотеше на столб, во непрестајна молитва. Неговиот столб најпрво беше висок шест лакти, потоа му подигнаа еден од дванаесет, па од дваесет и два, па од триесет и шест, и најпосле столб висок четириесет лакти. Мајка му Марта двапати доаѓаше да го види, но тој не ја примаше, туку од столбот ѝ рече: „Не ме вознемирувај сега, мајко, ако се удостојам ќе се видиме во оној свет.“ Свети Симеон претрпе безбројни напади од демоните, но сите ги победи со молитва кон Бога. Овој светител изврши големи чуда и мнозина болни ги исцели со збор и со молитва. Околу неговиот столб притекнуваше народ од сите страни, богати и сиромашни, цареви и робови. И тој им помагаш на сите; на некои враќајќи им го телесното здравје, на некои давајќи им утеха и поука, а некои изобличувајќи ги заради нивната еретичка вера. Така ја одврати царицата Евдокија од Евтихиевата ерес и ја приведе кон Православието. Свети Симеон се подвизуваше за време на царевите Теодосиј Помладиот, Маркијан и Лав Велики. Овој прв столпник во христијанството и голем чудотворец поживеа сто и три години и се упокои во Господ на 1 септември, 459 година. Неговите мошти се пренесени во Антиохија, во црквата посветена на неговото име.

Свети Исус Навин

Водач на еврејскиот народ после смртта Мојсеева. Тој и Халев единствени од неколкуте стотици илјади Евреи влегоа во Ветената Земја. (За неговата верност кон Бога, за неговите чуда и дела, читај во Книгата на Исус Навин). Поживеа сто и десет години и се упокои околу 1440 година пред раѓањето на Исус Христос.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2008 во 12:13

Светиот свештеномаченик Вавила

Овој голем и прекрасен човек, ако може да биде наречен човек, како што се изразува Свети Јован Златоуст за него, беше архиереј во Антиохија во времето на скверниот цар Нумеријан. Нумеријан заклучил мир со некој варварски цар којшто бил многу поблагороден и помирољубив од самиот Нумеријан. Во знак на својата искрена желба за траен мир, варварскиот цар го даде своето помало синче на дворецот кај царот Нумеријан за да се воспитува таму. Еден ден Нумеријан со свои раце го закла тоа невино детенце и им го принесе на жртва на идолите. Уште жежок од злосторството и од невината крв, овој злосторник под круна појде во христијанскиот храм да види што се прави таму. Свети Вавила беше со народот на молитва, па слушна дека царот доаѓа со својата свита и сака да влезе в црква. Вавила го прекина богослужењето, излезе пред црквата и му рече на царот дека не може да влезе во светиот храм, каде што се прославува единствениот вистинит Бог. Беседејќи за Вавила Златоуст рече: „Од кого друг би се уплашил оној којшто со таква власт се однесуваше кон царот?... Тој со тоа ги научи царевите да не ја спростираат својата власт подалеку од мерата што им ја дал Бог; им покажа на свештениците како треба да се ползуваат со својата власт.“ Посрамен царот се врати, но смисли одмазда. Утредента царот го повика Вавила и почна да го укорува и да му нуди да им принесе жртва на идолите, кое светителот се разбира го одби неотстапно. Тогаш царот го окова во вериги и го фрли во затвор. Царот исто така ги истизаваше и трите деца: Урван на дванаесет, Прилидијан на девет и Еполиниј на седум години. На овие деца Вавила им беше духовен отец и учител и тие не се одвојуваа од него заради љубовта кон него. Ѝ беа синови на една благочестива христијанка Христодула, којашто и самата страдаше заради Христа. Царот најпрво ги пореди, па на секое дете му удрија толку стапови колку што имаше години, а потоа ги фрли во затворот и најпосле ги уби со меч сите тројца. Вавила окован присуствуваше на мачењето на децата и ги храбреше, а потоа и самиот ја положи својата чесна глава под мечот. Христијаните го погребаа во окови, како што им остави завет пред смртта, во една гробница со оние тројца прекрасни младенци. Нивните свети души одлетаа во небесните живеалишта, а нивните чудотворни мошти останаа за полза на верните, како сведоштво на нивната храброст во верата. Пострадаа околу 250 година.

Светиот пророк Мојсеј Боговидец

Голем водач и законодавец на народот Израилски. Роден е во Египет околу 1550 година пред Христа. Четириесет години живееше во Египет на дворецот на Фараонот; четириесет години живееше како пастир во созерцание на Бога и на светот; а последните четириесет години го водеше народот низ пустината во Ветената Земја, којашто ја виде, но не влезе во неа, бидејќи во едно Му згреши на Бога (4 Мојсеева 20, 12). Се упокои во сто и дваесеттата година од својот живот. Како чудотворец, според зборовите на Свети Василиј Велики, Мојсеј беше предобраз на Христос. Се јави на гората Тавор при Преображението на Господ. А според сведоштвото на Свети Јован Лествичник, им се јавувал на монасите во Синајскиот манастир.

Светите маченици Маркел и Касијан

Царот Максимијан Херкул нареди дека сите војници мораат да им принесат жртви на идолите. Маркел во тоа време беше војник, а Касијан нотар (писар). Тогаш Маркел како христијанин рече: „Ако војничкиот позив е поврзан со жртвопринесување на идолите, јас не можам да бидам војник.“ Па го симна војничкиот појас и оружјето и ги фрли од себе. Веднаш беше осуден на смрт. Касијан требаше да ја напише смртната пресуда за Маркел, но тој одрече да ја напише. Беа убиени заедно и душите им се преселија во Царството Небесно.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2008 во 22:06

Спомен на чудата на Св. Архангел Михаил

Во Фригија имаше едно место наречено Хони („нурнување“) недалеку од Ерапол; и на тоа место извор со чудотворна вода. Кога Светиот апостол Јован Богослов со Филип го проповедаше Евангелието во Ерапол, тој погледна на она место и прорече дека таму ќе се отвори извор на чудотворна вода од која многумина ќе добијат исцеление и дека тоа место ќе го посети великиот Божји Архистратиг Михаил. Наскоро потоа ова пророштво се исполни, се отвори извор којшто заради својата чудесна сила се прочу на сите страни. Еден незнабожец во Лаодикија имаше нема ќерка и заради ова беше во голема тага. Но во сон му се јави Архангелот Михаил и го упати да ја води својата нема ќерка на изворот, каде што ќе оздрави. Таткото веднаш послуша, ја одведе ќерката и кај водата затекна многуброен народ, којшто на изворот си бараше спасение од разни маки. Тие сите беа христијани. Тогаш човекот ги праша како треба да бара исцеление, а христијаните му рекоа: „Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух треба да го молиш Светиот Архангел Михаил.“ Оној човек така и се помоли и ја напои ќерка си од водата, а потоа девојката почна да зборува. Тогаш тој човек незнабожец се крсти заедно со сиот свој дом, а крај изворот му изгради црква на Светиот Архангел Михаил. Подоцна на тоа место се насели едно момченце по име Архип и таму се подвизуваше во тврд подвиг на пост и молитва. Незнабожците многу му пакостеа, зашто не им беше по волја тоа што од хриситјанската светост исходи толкава сила и привлекува многуброен народ. Па во својата злоба тие ја навртеа блиската река за да ги потопи црквата и изворот. Но откако Архип му се помоли, повторно се јави Светиот Архангел и во карпата покрај црквата отвори расцеп којшто ја прими сета навртена река. Така она место се спаси и се нарече Хони („нурнување“) зашто реката се нурна во отворената бездна. Свети Архип се подвизуваше тука седумдесет години и се упокои мирно во Господа.

Светиот маченик Ромил и единаесет илјади војници

Кога царот Трајан војуваше на Исток, еднаш нареди да се пребројат христијаните во неговата војска. И се најде дека во војската на царот има единаесет илјади христијани. Тогаш царот нареди сите да ги отпуштат од војската и да ги пратат во Ерменија. Свети Ромил беше началник на царевиот дом. Излезе пред царот и го укори за оваа постапка, објавувајќи се и себеси како христијанин. Царот заповеда и на Ромил му ја отсекоа главата. А од оние прогонети единаесет илјади војници десет илјади беа распнати на крст, а останатите убиени со други маки.

Свети Евдоксиј

Војвода во римската војска. Пострада за Христа во времето на царот Диоклецијан. Судени и мачени од милетинксиот началник во Ерменија, со него пострадаа и неговите пријатели Зинон и Макариј и уште илјада сто и четворица војници, коишто Евдоксиј ги беше обратил во христијанство. По смртта ѝ се јави на својата жена. И неговата жена Василиса ја одржа верата во Христа до смртта и се упокои мирно.

Преподобен Давид

Беше разбојнички водач околу Хермопол во Мисир и дури на постари години си дојде на себеси, се покаја и се замонаши. Нему му се јави Светиот Архангел Гавриил, којшто му даде сила на чудотворство. Се упокои мирно во 6 век, откако со голем подвиг се удостои со Царството Божјо.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2008 во 21:36

Осветувањето на храмот на Христовото Воскресение

Кога Светата царица Елена го најде Господовиот Крст во Ерусалим, во таа прилика се задржа подолго во овој Свет град и изгради цркви во Гетсиманија, во Витлеем, на Елеонската Гора, како и на други прославени места од овоземниот живот и подвиг на Исус Христос. А на Голгота, каде што и го пронајде Чесниот Крст, започна да гради огромна црква под чијшто покрив се наоѓаше и самата Черепница каде што беше распнат Господ, како и местото каде што Го погребаа. Светата царица сакаше под едно место да ги соедини местото на Неговото страдање и местото на Неговата слава. Но Елена се престави кај Господ пред да биде завршен овој величествен храм. Кога го завршија храмот, токму таа година Константин ја празнуваше триесетгодишнината од своето царување. И така и осветувањето на храмот и прославувањето на царскиот јубилеј беа прогласени за истиот ден, 13 септември, 335 година. Во тоа време во Тир заседаваше помесниот собор на епископите. И овие епископи, како и мнозина други, притекнаа во Ерусалим на торжественото осветување на храмот на Воскресението Господово. И тогаш се востанови тој ден, како ден на победа и триумф на Христовата Црква, да се споменува празнично секоја година.

Светиот свештеномаченик Корнилиј стотникот

Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска. Крстен од апостолот Петар, според небесно откровение (Дела 10, 1). Беше прв од незнабожците што ѝ пристапија на Божјата Црква. Дотогаш некои мислеа дека Црквата Христова е само за Евреите и за оние што го примаат еврејското обрезание. Откако се крсти, Корнилиј остави сѐ и тргна по апостолот Петар. Овој апостол подоцна го постави за епсикоп и го испрати во незнабожечкиот град Скипсеосис, каде што Свети Корнилиј претрпе многу бесчестења и мачења заради Христа, но со сила Божја го урна храмот на Аполон и го крсти кнезот на тој град, Димитриј, и двесте седумдесет и седуммина нензабожци. Откако беше известен од Бога за денот на својата смрт, тој ги повика сите христијани, ги посоветува, се помоли на Бога за нив, и мирно се престави кај Господ во својата чесна старост. Со време го заборавија неговиот гроб и стана запуштен. Но светителот му се јави на Троадскиот епископ Силуан и му јави за својот гроб, со заповед таму да подигне црква. Епископот го изврши тоа со помош на богатиот граѓанин Евгениј. Од моштите на Свети Корнилиј се извршија многубројни чуда.

Светите маченици Макровиј и Гордијан

Од Пафлагонија. Најпрво беа царски трапезници, но кога се објавија како христијани, царот ги протера во Скитија, каде што беа фрлени во оган, во местото Нов Дунавец, во 320 година.

Светата маченичка Кетевана

Царица Кехетинска. Пострада како христијанка од шахот Абас I, во 1624 година. На заповед на шахот, на главата ѝ ставија усвитен котел. Нејзиниот син Тејмураз, цар грузиски, ги положи нејзините мошти под престолот на храмот Аливердски во Грузија.

Преподобен Еротеј

Родум од Пелопонез, од селото Каламат. Се подвизуваше во Иверскиот манастир на Света Гора. Се одликуваше и со голема светска ученост и со строг монашки подвиг. Се грижеше да го исполни монашкото правило на Свети Арсениј: во текот на дваесет и четири часа на монахот му е доволен еден час спиење. Се упокои на островот Јура во 1745 година. Неговите мошти се чудотворни. Од нив се чува главата во Иверскиот манастир. Од допирот на светите мошти на преподобен Еротеј една жена во Цариград прогледала.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2008 во 01:45
Свети Евмениј, епископ Гортински на Крит     01/10/2008

Од младоста сесрдно одеше по Христа, ослободувајќи се од двете големи бремиња: од бремето на богатството и од бремето на телото. Од првото бреме се ослободи раздавајќи го сиот свој имот на ништите и на сиромасите, а од другото со голем пост. И така се исцели прво себеси, па потоа почна и на другите да им дава исцеление. Бестрастен и исполнет со благодат на Светиот Дух, Евмениј заблесна со светлина којашто не може да се скрие. Па како што е напишано дека не може да се сокрие град на врв планина (Матеј 5, 14) така не можеше и Свети Евмениј да се скрие од светот. Како епископ тој управуваше со стадото Христово како добар пастир. Им беше татко на сираците, богатство на ништите, утеха на нажалените, исцелител на болните и прекрасен чудотворец. Со молитвата вршеше бројни чуда: умртви една опасна змија, изгонуваше демони, исцелуваше болни, и тоа не само во своето место туку и во Рим и Тиваида. Во Тиваида со молитва испроси дожд од Бога во време на суша; и таму најпосле го заврши својот земен живот и се пресели во вечните живеалишта на својот Господ. Живееше и дејствуваше во 7 век.

Светата маченичка Аријадна     01/10/2008

Во градот Промиса во Фригија во времето на царот Адријан живееше еден поседник Тертил, незнабожец. Девицата Аријадна му беше робинка, а беше христијанка. Тертил приреди големо жртвопринесување на идолите, на коешто благочестивата Аријадна не отиде туку остана дома молејќи Му се на вистинскиот Бог. Нејзиниот господар се разгневи на неа заради ова и почна да ја присилува да се одрече од Христа и да им се поклони на идолите. Но бидејќи Аријадна одби да го направи тоа, тој ја изнамачи биејќи ја и на разни други начини, па ја фрли во затвор. Потоа ја пушти од затворот, но ја избрка од дома. Но набрзо се премисли што ја пушти, па испрати слуги да ја фатат и да ја вратат. Аријадна веќе се беше одалечила од градот. Кога ги виде гонителите, таа му се помоли на Бога при една голема карпа и карпата се отвори и ја прими Аријадна. Од ова слугите се збунија, се раскараа меѓу себе и еден со друг се испоубија.

+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4748495051 68>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.