IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - КУЛТОТ ЗА МАРИЈА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КУЛТОТ ЗА МАРИЈА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2728293031 60>
Автор
Порака
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2008 во 22:52
Видиш - јас имам ваков став, а не ги обожувам мртвите. Имам куќна слава, а немам домашно божество. И? Што треба - стравот да не направиме грешка да не ограничува во начинот на кој Го славиме Бога?
Ако имаш страв дека нештото ќе те одведе по погрешен пат, не го прави. Јас имам доволно верба во себе си и во тоа во кое верувам, за да знам зошто го правам и да знам каде ме води.
Do what is right, come what may...
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2008 во 23:59
Дај Боже да е така како што велиш зидарски! Бог нека ви прости ако грешите.
За разлика од тебе, јас не си верувам себеси. Многу сум грешен и слаб. Но, затоа безусловно Му верувам на Бога. Тој е мојата надеж, на Него се потпирам.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2008 во 00:36
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Толкување е Евангелосе - затоа што духот не умира. Јас соодветно така го разбирам овој стих. Духот е вечен, соодветно може да се помоли за тебе.
 
zidarski, стихот дословно вели:
 
"И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите."
(Јаков 5:16)

Зарем не е повеќе од очигледно дека ова се однесува за за живи верници? Како може тебе Марија од Небото да ти исповеда гревови? Како можеш ти да се молиш за неа да оздрави кога таа веќе е почината? Прочитај го целиот контекст е ќе видиш дека Јаков им дава совети на црвките, на живите верници како да се молат еде за друг, да се ги исповедаат гревовите еден на друг, да си помагаат. Само два стиха пред тоа се вели "Боледува ли некој меѓу вас, нека ги повика старешините на црквата, и тие нека се помолат над него, и нека го помажат со масло во името на Господа" (Јаков 5:14)
Зарем "толкуваш" дека Јаков тука им препорачува на верните да ги повикуваат мртвите да дојдат кај болниот и мртвите духови да го помазаат со масло и да се молат над него? среќа Гледаш ли каква пародија се создава кога ја читаме Библијата преку призмата на догмите?
 
Ти велиш дека духот е вечен, дека тој не умира и тоа е точно, но што фајде од вечноста на духот кога тој е далеку од тебе? Што фајде од молитвите кон него кога тој не може да те слушне? Зошто да им се обраќаме на починатите верници кога тие не не слушаат? Ако можеле да не чујат, тогаш зошто Саул имал потреба да оди кај врачарка со врачање да го повика духот на Самуил? Зошто Саул не му се обратил дирекно на Самуил како што ти и се обраќаш на Марија, туку морал да оди кај врачар? Зарем не е ова доказ дека не можеме да им се обраќаме на починатите верници?
И по 5-6 пат, иако знам дека нема да одговориш, ќе те прашам:
Зошто никој во Библијата не замолил починат верник да се застапува за него?
Зошто апостолите не го замолиле Илија да се застапува за нив?
Зошто не го замолиле Авраам? Сара? Енох? Мојсеј? Лот? Ное? Исак, Јаков, Јосиф, Јован Крстител? Некој од пророците?
Па нели молитвата на праведниците има голема сила, зарем има поголеми праведници и херои на верата од горенаведените?
Ќе одговориш ли некогаш на ова "Зошто"? Или повторно политички и со реторички акробации ќе го заобиколуваш одговорот? среќа
 
 
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

За многу работи нема примери во Библијата. Има и примери кои се таму дадени, а решаваме да не ги применуваме денес (дури и оние кои се сметаат за најисправни Христијани)... многу работи се лична врска.
 
Зарем не приметуваш дека секоја дискусија што ја водиме на крајот завршува на овој начин? среќа Зарем не приметуваш дека целокупната теологија и пракса на православието се сведува токму на она што НЕ ГО ПИШУВА во Библијата?
Цртање, осветување, целивање и поклонување пред икони, молитви до починати, молитви до Марија, славење на починате верници, славење на Марија, титулите на Марија: пресвета, пречиста, најголема, владичица, преблагословена итн, поклонувања пред лешеви, целивање на лешеви, осветување на водички, принесување свеќи за живи, за мртви, прекрстување итн итн НИШТО ОД ОВА НЕМА ВО БИБЛИЈАТА, А Е ХИТ ВО ПРАВОСЛАВИЕТО.
И секогаш истиот изговор: За многу работи нема примери во Библијата, или Исус направил многу други работи и немало место баш тие работи да ги запишат евангелистите, а затоа пак нашле место да запишуваат за наметката на Павле, за неговото презимување, за поздравите и честитките итн.
Следува дека православните веруваат во она што НЕ Е НАПИШАНО во Библијата.
 
Така ли правеше Исус? Како одговараше Исус на нападите од Сатанта? "Не е напишано..." или пак велеше "Напишано е.." (Лука 4:4)?
 
А згора на тоа па уште и велите дека вашиот авторитет била Библијата и дека се обраќате кон писанијата на светите отци само кога нешто не ви било јасно, а кога ќе ги погледнеме деталите вие и воопшто немате нејасни работи од Библијата бидејќи ништо од вашата горенаведена праска и не е спомната во Библијата. Како можеш да толкуваш или да бараш дообјаснување за нешто што не е спомнато во Библијата?
Сфаќаш ли сега зошто правам динстинкција меѓу називот "православен" и "библиски христијанин"? Одговорот е повеќе од јасен.
 
Sola Scriptura! Библија%20сликаголемо%20гушкање
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2008 во 00:55
Ев - зошто? Не знам, ќе треба да ги прашаме кога ќе дојде време за тоа.
Зошто јас го правам? Затоа што така го разбирам тој стих, и така сметам дека е исправно. Освен тоа - не наоѓам никаде забрана да се прави тоа на тој начин. Личното искуство ми покажало дека постапувам правилно во тој однос, и тоа е она што ме убедило дека Православното Христијанство е правилен избор за мене. Тоа е мојот начин да се посветам на Христа, тоа е мојот начин да му служам. Тој ќе ми суди потоа, а јас... јас ќе му речам - Прости ми Господи, јас така го разбрав Твоето Слово - и ќе ја понесам без збор казната за сите грешки кои сум ги направил.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2008 во 05:40
Zatoa prosvetlenite lugje nikogash ne pishuvale...

Site pishuvani raboti se od nivni uchenici ili od vtora raka, od nekoi koi slushnale neshto od nekoi drugi, pa neshto citirale, neshto preraskazhale ili objasnile spored nivnoto razbiranje.

Prosvetlenite ne pishuvaat zatoa sto znaat deka pishaniot zbor se korumpira preku INTERPRETIRANJE i FALSIFICIRANJE.

Zatoa prosvetlenite biraat uchenici i DIREKTNO im ja prenesuvaat mudrosta i duhovnosta.

Osven onoa sto tie lichno go prenele od svoite usni vo ush*te na svoite uchenici, se ostanato e samo INTERPRETACIJA, vkluchuvajki go i onoa izlezeno od usnite i peroto na uchenicite.

Kako takva, INTERPRETACIJATA sekogash e korumpirana refleksija na originalnoto i nikogash vo potpolnost ne go pretstavuva onoa vistinskoto.

Poradi toa, sekoe insistiranje i tvrdenje deka nekoj znae TOCHNO sto mislel prosvetleniot e edna iluzija.


Изменето од Messenger - 01.Септември.2008 во 05:40
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2008 во 06:49
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

. Тој ќе ми суди потоа, а јас... јас ќе му речам - Прости ми Господи, јас така го разбрав Твоето Слово - и ќе ја понесам без збор казната за сите грешки кои сум ги направил.

Brat ne se soglasuvam so tebe jas

BOG rece mnozina nema da vlezat vo bozjoto carstvo ti kje nemas vreme a mu vikas taka go razbrav tvoeto slovo
on ako ti rece "Odi si ne te poznavam"

Ako e za taka site kje bideme spaseni.
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2008 во 07:34
Како што реков - ќе си ја понесам казната ако сум згрешил.
Јас искрено верувам во она во кое верувам. Не верувам во тоа затоа што разумот ми вели така. Не верувам затоа што некој свештеник така ме научил. Не верувам така затоа што некој ми докажал дека е тоа така. Верувам затоа што душата моја во тоа се има пронајдено. Верувам така затоа што тоа го чисти мојот дух. Верувам така затоа што само на тој начин умеам да се обратам до Бога со целото свое битие.
Ако почнам да ја практикувам мојата вера на начин на кој ти, или Ев ми велите - тоа нема да биде мојата вера, тоа нема да биде мојот Христос, тоа нема да биде моето спасение, затоа што тогаш ќе лажам, нема да бидам искрен, нема да биде тоа Христос кој јас Го спознав.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2008 во 08:39
I toa e pochetokot na spoznavanjeto na sebe si, na Boga i na Negovata Kreacija.

I toa e religioznost.

Seto drugo e teologija i sledenje nechii tugji razbiranja i veruvanja.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2008 во 08:57
За тоа и многупати со тебе сме дискутирале тука на форумов Месинџер... Зошто секогаш се смета дека некој следи одредена религија, затоа што ја следи догмата и затоа што е така речено? Зарем не е полесно да се помисли дека тој навистина искрено верува во тоа нешто (кое патем совпаѓа со тоа што една институција го проповеда)?
Луѓето заборавија да си веруваат еден на друг... или сеуште не научија.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2008 во 09:14
За Аџија и Евангелос:

Тоа што (демек) не пишува во Библија да не се молиме на Марија
Иако таа самата преку Св Дух вели (Од сега ќе ме ублажуваат сите родови, значи сите луѓе)

Тоа не значи ние да не ја славиме и да не и пееме и да не ја молиме
И тоа не значи дека култот на Марија е Пагански

Ако култот на Марија е пагански само затоа што не пишува за неа во Библијата
Тогаш и сите Евангелски Баптистички ХБЦ Разни Центри и други се пагански
Бидејќи имаат ПАГАНСКИ КРСТ над своите ЦРКВИ, сите до една
Каде пишува во Библија да се стави крст над секоја црква и со тоа да се обожува, па и силно да свети
Бидејќи КРСТОТ над ХБЦ Свети СИЛНО со ПАГАНСКА ПЛАВА БОЈА
Тоа што не го бацувате крстот не значи дека не го обожувате
Порано да имале Флуоресцентни електрични и светлечки крстови, не би ги бацувале
Кога нешто свети, самото за себе си е паганско, бидејќи душата ти ја просветлува и без да го бациш

Следува:
Библијата е збир на книги до апостолите
А после нив до ден денес има уште многу книги напишано во Црквата Божја, кои исто така треба да се прочитаат

АЛИЛУИА, ГОСПОД СИТЕ НЕ САКА


Изменето од Nikki - 01.Септември.2008 во 09:20
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2008 во 11:36
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

За Аџија и Евангелос:

Тоа што (демек) не пишува во Библија да не се молиме на Марија
Иако таа самата преку Св Дух вели (Од сега ќе ме ублажуваат сите родови, значи сите луѓе)

Тоа не значи ние да не ја славиме и да не и пееме и да не ја молиме
И тоа не значи дека култот на Марија е Пагански
 
Демек? голема%20насмевка Не "демек" сестро, туку СИГУРНО никаде во Библијата не пишува да и се молиш на Марија. Ако велиш "демек" тогаш повели цитирај каде Бог ни заповеда да и се молиме нејзе. Или цитирај некој стих каде некој и се моли на Марија. Ајде цитирај некој стих каде некој од апостолите вели: "Пресвета богородице спаси не" среќа
Такво нешто нема да најдеш во Библијата, ни "пресвета", ни "богородице", ни било каква молитва до неа, ниту пак до било кој друг освен Бог.
Марија вели: "Од сега сите родови ќе ме нарекуваат блажена (или благословена) " (Лука 1:48)
Но каква врска има ова со нејзиното славење или молење кон неа? Па она не вели: "Од сега сите родови ќе ме слават", ниту пак вели: "Од сега сите родови ќе ми се молат" среќа Она вели дека сите родови/генерации ќе ја нарекуваат блажена/благословена и токму така ја нарекуваат библиските христијани, токму така ја нарекувам и јас.
Погледни ги моите постови предходно и ќе видиш дека во сите нив инсистирам дека Марија е блажена и благословена, но не и пресвета, пречиста, пренепорочна,преблагословена, најголема, владичица, богородица, мета за нашите молитви и слава итн. Ете тоа е КУЛТ драга пријателке, кога на некој ЧОВЕК ќе му се дадат дополнителни БОЖЈИ титули, тогаш човекот станува култна личност и луѓето го обожаваат, му се клањаат, му се молат, го светкуваат итн. Тоа го прават православните и католиците со Марија. Затоа Марија е култ.
 
п.с. А тоа со крстот воопшто не ти го разбирам. Никој од библиските христијани не му се моли на крстот, никој не го бацува крстот, никој не го смета за фетиш, за идол, никој не му се поклонува, никој не го носи на врат со надеж дека ќе го штити од вампири, никој не го брца во вода за да ја "освети" водата итн. Крстот е местото каде што Бог ја покажа кулминацијата на Својата љубов и затоа тоа е добар СИМБОЛ или УКРАС за христијаните. Но повторувам, само симбол, а не и ФЕТИШ или ИДОЛ како што некои ткн. "христијани" го обожаваат.
 
Originally posted by Nikki Nikki напиша:


Следува:
Библијата е збир на книги до апостолите
А после нив до ден денес има уште многу книги напишано во Црквата Божја, кои исто така треба да се прочитаат
 
Сакаш да кажеш дека и тие "другите" книги, (на кои што се базира православието) се исто така Боговдахновени (Божји Збор)? Тогаш зошто тие се надвор од кориците на Библијата? голема%20насмевка


Изменето од EvAngelos - 01.Септември.2008 во 11:43
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2008 во 14:25
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

За тоа и многупати со тебе сме дискутирале тука на форумов Месинџер... Зошто секогаш се смета дека некој следи одредена религија, затоа што ја следи догмата и затоа што е така речено? Зарем не е полесно да се помисли дека тој навистина искрено верува во тоа нешто (кое патем совпаѓа со тоа што една институција го проповеда)?
Луѓето заборавија да си веруваат еден на друг... или сеуште не научија.



Lugjeto sekogash odat po patot na pomal otpor.

Sekogash e polesno da se odi po nechij tugj utaban pat, otkolku da se pronajde svojot. Toa go racionalizirame so mislenjeto deka chovekot koj go sledime NAVISTINA ISKRENO veruva vo neshto.

Nebare nasheto mislenje (za negovata iskrenost), kako i negovata iskrenost, se FAKT i DOKAZ deka negovoto veruvanje i negoviot pat se vistiniti i deka garantirano i nas ke ne odnese do nashata posakuvana cel. Pa ako beshe taka, togash nemashe da zboruvame za veruvanje i religija, tuku za fakti i nauka.

Veruvanjeto megju nas, kako lugje vo sekojdnevniot zhivot, nema apsolutno nikakva vrska so OVA veruvanje. Na primer, mojata doverba vo tebe, kako chesen chovek, ne e nikakva garancija deka tvoeto veruvanje, a da ne pravime muabet pak za nekoj tret chovek, e ISPRAVNO, APSOLUTNO VISTINITO i NEPOBITNO MOJ ZHIVOTEN PAT.

Samo Bozhjiot plan raboti, chovechkoviot ne.

Изменето од Messenger - 01.Септември.2008 во 14:36
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2008 во 14:48
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Како што реков - ќе си ја понесам казната ако сум згрешил.
Јас искрено верувам во она во кое верувам. Не верувам во тоа затоа што разумот ми вели така. Не верувам затоа што некој свештеник така ме научил. Не верувам така затоа што некој ми докажал дека е тоа така. Верувам затоа што душата моја во тоа се има пронајдено. Верувам така затоа што тоа го чисти мојот дух. Верувам така затоа што само на тој начин умеам да се обратам до Бога со целото свое битие.
Ако почнам да ја практикувам мојата вера на начин на кој ти, или Ев ми велите - тоа нема да биде мојата вера, тоа нема да биде мојот Христос, тоа нема да биде моето спасение, затоа што тогаш ќе лажам, нема да бидам искрен, нема да биде тоа Христос кој јас Го спознав.
 
 
Многу убав пост! аплауз
Се пронајдов и јас во твоите зборови...
Кон врв
David1 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 29.Август.2008
Локација: Western Sahara
Статус: Офлајн
Поени: 27
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај David1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2008 во 15:54

            

Изменето од David1 - 01.Септември.2008 во 18:26
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2728293031 60>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,158 секунди.