|
КУЛТОТ ЗА МАРИЈА |
Внеси реплика | страница <1 2526272829 60> |
Автор | ||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
zidarski, дали знаеш што значи зборот "култ", "култна личност", да "култивизираш" некого? Епа тоа е она за што збориме тука.
Почитта кон Марија се искажува со "блажена" и "благословена" (овие се нејзини библиски титули), а култот на марија се искажува со следниве човечки измислици: Богородица (демек го родила Бога), Најголемата (а помала од Јован), Вечна Девица (со 6 деца), Пресвета (само Бог е пресвет), Пречиста (небаре не направила грев), Пренепорочна, Преблагословена (можеби од православните, но не од Бог), почесна од Херувимите (но помала од најмалиот од нив), неспоредливо пославна од Серафимите (исто така), Владичица (небаре рамо до рамо со Христос) итн...
И на сето ова кога ќе се земе фактот дека Исус не ја нарекол ни "мајко" во евангелијата, а камо ли со горенаведените православни титули, оттука јасно следува дека од неа е направено КУЛТ во православието.
|
||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Тоа е само твое толкување дека е тоа култ, а не изразување на почит. Јас те уверувам дека ниеден православен нема култ кон никого, освен кон Бога (ако воопшто може во тој контекст да се употреби зборот култ)
|
||||
Do what is right, come what may...
|
||||
Orthophill
Група Регистриран: 23.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 62 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ај, да ти го напрам кево, продолжувам, ама на темата која сте ја отвориле за Мајката на овоплотениот Бог-Слово
Кој вели дека на Голгота во фокусот е Присно Девата? Токму така му се моли на Отецот Небесен да им прости на оние кои го распнале. Како Бог се грижи за целиот свет, но како Човек се грижи за Мајка си. Забораваш, дека Исус Христос е истовремено и Бог и Човек? Забораваш, дека во Истиот совршено се споени двете различни природи? Пак ќе повторам Христос како Бог ги очистува гревовите човечки, но како Човек, се грижи за оние кои го распнаа и за Неговата Пречиста Мајка! Понатаму, одговори ми, кај најде во Светото Писмо дека Присно Девата имала уште синови и ќерки! Немој да ми повторуваш дека се споменуваат Христовите браќа и сестри од првиот брак на Праведниот Јосиф! Најди ми делче кај што пишува ,, и потоа Марија роди уште толку и толку синови и ќерки‘‘, најди го тоа во Светото Писмо или во било која книга постара од 15 века и ќе ме убедиш! Во Ерихон му се обраќа на Захеја, но не затоа што захеј е поголем и почестуван од Пречистата, ами и самиот гледаш, ако паднатиот ангел не ти ги затвара очите, дека од сета таа толпа Захеј најмногу го возљубил Христа, сигурно Богомајката немала куќа во Ерихон, па да може да го угости, Својот Син! Од овде следува дека од сите Ерихонци Христос најмногу го возљубил Захеја, зашто и Захеј најмногу од сите нив го возљубил Богочовекот! Не се сомневам дека мислиш, оти спасението на Захеја му дошло само од тоа што го возљубил Синот, ами затоа што од се срце се покајал за своите гревови! Понатаму споменуваш, дека апостолите не ја славеле и почитувале Богомајката, ама молчиш и не го коментираш писанието на св. Дионисиј Ареопагит! Зарем овој Дионисије не живеел во времето на апостолите? П.С. за иконите вети нова тема Изменето од zidarski - 31.Август.2008 во 00:26 |
||||
Orthophill
Група Регистриран: 23.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 62 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
и во последниов пост EvAngelos на оваа тема трескаш глупости, ама ајде ќе почнам со ред:
Богородица = Христос е Бог, Пречистата Марија го раѓа Христос, следува Пречистата е Богородица Најголемата = Јован е најголем, а Богородица најголема, која како жена е поголема и од Јован, зашто Човекот падна преку Ева, а стана преку Дева Марија Вечна Девица = нигде не пишува дека не е, но имајќи на ум дека Јосиф имал 80 години и уште, дека архангел Гаврил му рекол дека Детето е бессемено зачнато по Божја промисла, на Јосифа сигурно не му паднало на памет да и се приближи, а камо ли да ја наруши Нејзината Присно девственост Пресвета = како не ќе биди Пресвета кога е осветена со самото тоа што Бог благоволил во Нејзината утроба да се всели и да се храни од Нејзиното млеко Пречиста = е овде се сложувам со тебе дека не била без ниеден грев, оти само единиот ГИХ е безгрешен, но со самото раѓање на Бога Словото таа се очистила од сите Нејзини гревови за навек Преблагословена = како не е Преблагословена кога се удостоила нетлено да го роди Бога Словото. Зарем има поголем благослов од тоа да во рацете се држи Создателот на светот, да со Свое млеко се храни Оној Кој ги храни сите... почесна од Херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите = нити Херувимите, нити Серафимите не смеат да го гледаат Бога в лице, единиот ангел кој смеел да го прави тоа, паднал. Но, глеј чудо невидено Бог станува Човек и се раѓа од Дева. Зарем е поголем оној кој не смее да го погледне Бог в лице, од Онаа, Која нетлено го раѓа? Не можам да ја сфатам твојата логика. Владичица = Христос е Владиката, па следбено на тоа Неговата Пречиста Мајка е Владичица. од Зидарски: Ве молам внимавајте при употребата на навредливи термини. Доволно беше претходно што си разменивте такви реплики. За да не ги бришам целите постови, само едитирам во самиот текст. Изменето од zidarski - 31.Август.2008 во 00:44 |
||||
Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
|
||||
Orthodul
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 157 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Новата Ева, Богородица ја исправила грешката на првата Ева и достигнала обожување на несекојдневен начин, со придонесот кона овоплотувањето на Новиот Адам,кој ќе ги води луѓето кон послушност на Бога. Во овоплотувањето Пресветата имала суштинска и незаменлива улога.
Ако пресветата со послушност не му се предала на Бога и не му рекла да,Бог не би можел да се овоплоти. Не би можел да се овоплоти ако не се нашла толку чиста,пресвета и отворена душа како Богородичината,која би му ги понудила целата својата слобода и своите желби и целото битие на Бога,за да го привлече кон нас. Многу и должиме на нашата Пресвета Владичица.Затоа Црквата и оддава толкава чест и почит. Св. Григориј Палама говори Пресветата за нас е веднаш по Света Троица,бидејќи е бог после Бога,граница меѓу створеното и нествореното; Поглавар на спасените. Архим. Григорије (Капсанис) Допринос Богородице обожењу човека Молитвами Богородици, Милостиви очисти сја безаконија наша Изменето од Orthodul - 08.Септември.2008 во 01:11 |
||||
Orthophill
Група Регистриран: 23.Август.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 62 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Пак се сложувам со тебе Евангелосе, арно ама само со првата реченица . Точно е дека Пресветата не влегла прва во Царството Небесно, но не влегле први ниту: Мојсеј, Ное, Мелхиседек, Авраам..., ами прв во Царството влегол разбојникот кој бил распнат до Господа, тој е оној кој е поголем од Светиот и Славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован, зашто тој е првиот човек кој стапнал во Царството Небесно и пред пророците и праед Јован и пред Богородица Изменето од Orthophill - 31.Август.2008 во 01:01 |
||||
Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
|
||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Исто, многу често забораваме дека не само Исус страда на крстот... Богородица страда исто, ако не и повеќе... Таа го предава целиот свој живот на Бога, од пред зачнувањето (таа е чиста, затоа е одбрана), преку зачнувањето, раѓањето и одгледувањето на Исус... Таа стои покрај крстот и го гледа нејзиното чедо како умира. И додека стои таму, никого не проколнува, не хули на Бога, не го ни прашува зошто и причинува таква мака (дури самиот Исус се обраќа кон Бога со прашање, но таа не), и во ниеден момент не се озлобува кон стражарите и војниците наоколу. Ја прифаќа Божјата Воља безрезервно и без сомнеж, како и секогаш претходно. Тоа е оној пречист дух, тоа е таа пресвета суштина, кон кој секој Христијанин треба да се стреми...
|
||||
Do what is right, come what may...
|
||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
МОДЕРАТОРСКА ОПОМЕНА: Престанете да регистрирате никови преку динамичка ИП адреса. Нема да помогне многу - доколку има причина да ве банирам, ќе го сторам тоа, па дури и да имате 20 адреси.
|
||||
Do what is right, come what may...
|
||||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Za koj kult potocno se raboti?
|
||||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
pardon mislev na kakov kult se misli? bogorodica ne e kult
|
||||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Pa ne e kult be brate ama ete ovdeka sega nekoj ce ni dokazuva deka taa e kult i toa sto nie Pravoslavnite ja pocituvame i i se molime nejze bilo pogresno ..... a sto mu smeta toa nekomu pojma nemam pa ako ne veruva neka ne veruva no sto dira nesto sto e nase i sto e sveto za nas Pravoslavnite ?????
Изменето од Templarius - 31.Август.2008 во 02:30 |
||||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||||
Pravoslaven
Сениор Регистриран: 09.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 705 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
pravoslaven sto ne ja pocituva bogorodica ne e pravoslaven. pocituvanjeto na majkata bozja ne e kult, tuku bogougodenie!! Jas imam 3 ikoni od bogorodica doma i mnogu gi postuvam. samo za molenjeto kon nea imam malku nejasnotii. porano i se molev mnogu ama sega sum malce nesiguren. ne znam dali e pravo da i se molime nejze. poveke lugje razlicno mi kazuvaat
ti sto mislis? |
||||
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
|
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ne ti se mesham vo veruvanjeto, nitu pak sakam istoto da si go smenish, no samo bi potenciral deka Bog ne ja prasha Marija dali taa ke mu dozvoli da ja ovoploti, tuku ja izvesti preku svojot glasnik sto ke se sluchi so nea. Znachi ne barashe Bog nejzino odobrenie za nishto. Na krajot, zarem navistina veruvash deka Bog ke bide usloven ili onevozmozhen od smrtnik sozdaden tokmu od Nego? |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Месинџер - не заборавај - Бог дава Слободна Воља на луѓето. Марија има право да го одбие. Има право да не се потчини на Неговата Воља (има многу такви примери во Стариот Завет). Има прво да абортира ако сака... но таа се потчинува на Неговата Воља!
|
||||
Do what is right, come what may...
|
||||
Внеси реплика | страница <1 2526272829 60> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |