IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - КУЛТОТ ЗА МАРИЈА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КУЛТОТ ЗА МАРИЈА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2526272829 60>
Автор
Порака
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2008 во 12:44
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

А наместо да се смета дека е тоа култ, зошто не се погледне поинаку - на пример дека е почит кон жената која (како што погоре кажа Месинџер) му ја дава човечката природа на Бога, односно - го отелотворува?
 
zidarski, дали знаеш што значи зборот "култ", "култна личност", да "култивизираш" некого? Епа тоа е она за што збориме тука.
Почитта кон Марија се искажува со "блажена" и "благословена" (овие се нејзини библиски титули), а култот на марија се искажува со следниве човечки измислици: Богородица (демек го родила Бога), Најголемата (а помала од Јован), Вечна Девица (со 6 деца), Пресвета (само Бог е пресвет), Пречиста (небаре не направила грев), Пренепорочна, Преблагословена (можеби од православните, но не од Бог), почесна од Херувимите (но помала од најмалиот од нив), неспоредливо пославна од Серафимите (исто така), Владичица (небаре рамо до рамо со Христос) итн...
И на сето ова кога ќе се земе фактот дека Исус не ја нарекол ни "мајко" во евангелијата, а камо ли со горенаведените православни титули, оттука јасно следува дека од неа е направено КУЛТ во православието.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2008 во 18:12
Тоа е само твое толкување дека е тоа култ, а не изразување на почит. Јас те уверувам дека ниеден православен нема култ кон никого, освен кон Бога (ако воопшто може во тој контекст да се употреби зборот култ)
Do what is right, come what may...
Кон врв
Orthophill Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthophill Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2008 во 23:58
Ај, да ти го напрам кево, продолжувам, ама на темата која сте ја отвориле за Мајката на овоплотениот Бог-Слово

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by Orthophill Orthophill напиша:

Понатаму, под Крстот чесен, стоеле и Марија Магдалена и Саломија, но на ниту една од нив не им се обратил нашиот Бог, ами само на Својата Мајка, само за Неа се грижел кога бил распнат заради нашите гревови. Ај одговорими еретичка главо, зошто не им рекол на другите жени: ,,Еве ви учител‘‘ Значи единствено за Кого се грижел нашиот Господ на Својата крсна смрт била Неговата Мајка!

 

Еретичка идолопоклонска маријанке, Исус на крсната смрт си грижел за ЦЕЛИОТ СВЕТ, а не само за Марија. Исус на крстот се грижел и за оние кои му ги заковаа клинците и затоа рекол: "Прости им Татко не знаат што прават!". Освести се маријанке, ХРИСТОС е фокусот на Голгота, а не Марија!

Христос ја сврзал Марија со Јован затоа што неговите крвни браќа и сестри (другите деца на Марија) сеуште не биле верници и затоа Тој ги сврзал Марија и Јован, за уште еднаш да го потенцира ДУХОВНОТО сродство, дека сите што веруваат и ја извршуваат Божјата воља се наши браќа, сестри и мајки.

 

Обраќањето на Исус кон Марија на крстот не значи воопшто дека Тој ја одвојува над сите други. Под крстот биле само неколку жени, а сети се колкаво мноштво на народ имало кога Исус му се обратил на цариникот Закхеј...

 

"И кога влезе во Ерихон, минуваше низ градот. И ете, некој човек, по име Закхеј, кој беше началник на цариниците и богат, сакаше да Го види Исуса, Кој е, но не можеше од народот, зашто беше низок по раст. И истрча напред, се качи на дива смоква за да Го види, зашто требаше да мине покрај неа. И кога Исус дојде на тоа место, погледна нагоре и му рече: „Закхеј, слези бргу, денес треба да бидам во твојот дом!” И слезе веднаш и Го прими на гости со радост. А сите, кои го видоа тоа, почнаа да негодуваат и да зборуваат: „Дојде во куќа на грешен човек, да почине!” Закхеј стана и Му рече на Господа: „Еве, Господи, половината од својот имот ќе ја дадам на сиромасите; и ако сум зел од некого нешто несправедливо, ќе вратам четворно.” А Исус му рече: „Денес му дојде спасението на овој дом, зашто и тој е Авраамов син. Зашто Човечкиот Син дојде да го бара и да го спаси изгубеното."(Лука 19:1-10)

 

Читаш ли? Закхеј не можел ни да му се приближи на Исус заради огромното мноштво на народ кое било таму, а сепак Исус од целото тоа мноштво му се обратил токму на Него, на цариникот Закхеј кого сите други го сметаа за грешен човек. Исус и се обрати на Марија меѓу 4-5 жени, а му се обрати на Закхеј меѓу огромното мноштво народ. Тогаш зошто не го величате и обожавате и Закхеј? среќа

Originally posted by Orthophill Orthophill напиша:

Кога сме кај апостолот Лука, да те прашам дали знаеш ти што е тоа смирение? Апостолот Лука не ги спомнал иконите, затоа што не сакал да се пофали со својот уметнички талент!

 

Смирение е православна деформација на зборот "мир" или "смиреност". А тоа што ти го велиш не е смиреност, туку скромност голема%20насмевка Да не се фалиш значи да бидеш скромен, а не да бидеш смирен. Оф мори мајко со кого сум седнал да правам муабет тага

Дозволи сега чичко ЕвАнгелос да ми ти објасни..

Лука не спомнал никакви икони во своето евангелие, ниту пак во Делата на апостолите, затоа што ни Исус, ни апостолите, ни другите ученици на Исус не баратале со такви работи. Исус и апостолите не цртале, не користеле, не се поклонувале, не обожавале, не осветувале и не се молеле на, пред, зад и под икони! Ете за тоа ниту Лука, ниту другите евангелисти не спомнуваат никакви икони во своите евангелија и посланија.

Ако се работело за скромност, па Лука не морал да кажува дека он ги цртал иконите. Едноставно можел да каже дека таму и таму апостолите извадиле икона и се молеле пред неа, ја целивале, се клањале пред неа и сл. Ама таква работа нема, аш ,ни трага од икони и иконопоклонство во Новиот Завет голема%20насмевка

Originally posted by Orthophill Orthophill напиша:

Понатаму зошто би го опишувал ГИХ, кога веќе самиот Тој неракотворено го насликал Својот Образ на една крпа и му го пратил на еден владетел отаде Еуфрат! Овој настан го нема во Библијата затоа што и самиот апостол на љубовта вели, ако напишевме се што направи ГИХ тогаш ќе требаше да напишеме повеќе отколку што има книги на целиот свет!

 

Бре бре бре, до кога ќе си наоѓате оправдување во тој стих за сите новотарии во православието. Демек православието е сето она што апостолите сакале да го запишат, ама не го напишале. Вие сакате да не убедите дека апостолите цртале, користеле, се молеле, се клањале итн пред икони, се молеле на светци, палеле свеќи, бакнувале лешеви, ја величале и обожавале Марија, се прекрстувале итн АМА сите овие работи тие преќутно ги СОКРИЛЕ и не ги напишале во своите евангелија и посланија заради тоа што немало место за тие работи во Новиот Завет? голема%20насмевка Па мајќе му иконите се намбер ван во православието и зарем тоа да го криеле апостолите? Па било кој православен што не ја прочитал Библијата да го прашате колку често се спомнуваат иконите во Библијата тој сигурбо ќе ви каже дека, согласно праксата во православието, сигурно секој втор збор во Библијата е икона. Јас кога ќе им кажам на православните дека ниту Исус ниту апостолите не користеле икони они ми велат дека јас користам некоја секташка Библија, а не православна. И кога им велат да проверат во нивната "православна" Библија дека ни таму нема, на нив здивот им се губи.

Од пуста мака што немате подршка во Новиот Завет за иконите принудени сте да измислувате вакви приказни дека Исус на крпа си го насликал својот лик и му го дал на Лука притоа велејќи му "псссст! никому ни збор за ова!" голема%20насмевка

ц ц ц...

Кој вели дека на Голгота во фокусот е Присно Девата? Токму така му се моли на Отецот Небесен да им прости на оние кои го распнале. Како Бог се грижи за целиот свет, но како Човек се грижи за Мајка си. Забораваш, дека Исус Христос е истовремено и Бог и Човек? Забораваш, дека во Истиот совршено се споени двете различни природи? Пак ќе повторам Христос како Бог ги очистува гревовите човечки, но како Човек, се грижи за оние кои го распнаа и за Неговата Пречиста Мајка!
Понатаму, одговори ми, кај најде во Светото Писмо дека Присно Девата имала уште синови и ќерки! Немој да ми повторуваш дека се споменуваат Христовите браќа и сестри од првиот брак на Праведниот Јосиф! Најди ми делче кај што пишува ,, и потоа Марија роди уште толку и толку синови и ќерки‘‘, најди го тоа во Светото Писмо или во било која книга постара од 15 века и ќе ме убедиш!
Во Ерихон му се обраќа на Захеја, но не затоа што захеј е поголем и почестуван од Пречистата, ами и самиот гледаш, ако паднатиот ангел не ти ги затвара очите, дека од сета таа толпа Захеј најмногу го возљубил Христа, сигурно Богомајката немала куќа во Ерихон, па да може да го угости, Својот Син! Од овде следува дека од сите Ерихонци Христос најмногу го возљубил Захеја, зашто и Захеј најмногу од сите нив го возљубил Богочовекот! Не се сомневам дека мислиш, оти спасението на Захеја му дошло само од тоа што го возљубил Синот, ами затоа што од се срце се покајал за своите гревови!
Понатаму споменуваш, дека апостолите не ја славеле и почитувале Богомајката, ама молчиш и не го коментираш писанието на св. Дионисиј Ареопагит! Зарем овој Дионисије не живеел во времето на апостолите?
П.С. за иконите вети нова тема

Изменето од zidarski - 31.Август.2008 во 00:26
Кон врв
Orthophill Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthophill Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2008 во 00:39
и во последниов пост EvAngelos на оваа тема трескаш глупости, ама ајде ќе почнам со ред:
Богородица = Христос е Бог, Пречистата Марија го раѓа Христос, следува Пречистата е Богородица
Најголемата = Јован е најголем, а Богородица најголема, која како жена е поголема и од Јован, зашто Човекот падна преку Ева, а стана преку Дева Марија
Вечна Девица = нигде не пишува дека не е, но имајќи на ум дека Јосиф имал 80 години и уште, дека архангел Гаврил му рекол дека Детето е бессемено зачнато по Божја промисла, на Јосифа сигурно не му паднало на памет да и се приближи, а камо ли да ја наруши Нејзината Присно девственост
Пресвета = како не ќе биди Пресвета кога е осветена со самото тоа што Бог благоволил во Нејзината утроба да се всели и да се храни од Нејзиното млеко
Пречиста = е овде се сложувам со тебе дека не била без ниеден грев, оти само единиот ГИХ е безгрешен, но со самото раѓање на Бога Словото таа се очистила од сите Нејзини гревови за навек
Преблагословена = како не е Преблагословена кога се удостоила нетлено да го роди Бога Словото. Зарем има поголем благослов од тоа да во рацете се држи Создателот на светот, да со Свое млеко се храни Оној Кој ги храни сите...
почесна од Херувимите и неспоредливо пославна од Серафимите = нити Херувимите, нити Серафимите не смеат да го гледаат Бога в лице, единиот ангел кој смеел да го прави тоа, паднал. Но, глеј чудо невидено Бог станува Човек и се раѓа од Дева. Зарем е поголем оној кој не смее да го погледне Бог в лице, од Онаа, Која нетлено го раѓа? Не можам да ја сфатам твојата логика.
Владичица = Христос е Владиката, па следбено на тоа Неговата Пречиста Мајка е Владичица.


од Зидарски: Ве молам внимавајте при употребата на навредливи термини. Доволно беше претходно што си разменивте такви реплики. За да не ги бришам целите постови, само едитирам во самиот текст.

Изменето од zidarski - 31.Август.2008 во 00:44
Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
Кон врв
Orthodul Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 157
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthodul Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2008 во 00:51
Новата Ева, Богородица ја исправила грешката на првата Ева и достигнала обожување на несекојдневен начин, со придонесот кона овоплотувањето на Новиот Адам,кој ќе ги води луѓето кон послушност на Бога. Во овоплотувањето Пресветата имала суштинска и незаменлива улога.
Ако пресветата со послушност не му се предала на Бога и не му рекла да,Бог не би можел да се овоплоти. Не би можел да се овоплоти ако не се нашла толку чиста,пресвета и отворена душа како Богородичината,која би му ги понудила целата својата слобода и своите желби и целото битие на Бога,за да го привлече кон нас.
Многу и должиме на нашата Пресвета Владичица.Затоа Црквата и оддава толкава чест и почит. Св. Григориј Палама говори Пресветата за нас е веднаш по Света Троица,бидејќи е бог после Бога,граница меѓу створеното и нествореното; Поглавар на спасените.
Архим. Григорије (Капсанис)   Допринос Богородице обожењу човека
Молитвами Богородици, Милостиви очисти сја безаконија наша

Изменето од Orthodul - 08.Септември.2008 во 01:11
Кон врв
Orthophill Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthophill Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2008 во 00:59
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Originally posted by David1 David1 напиша:

Таа пред сите други го добива Спасението....

 

Не е точно. Мојсеј, Ное, Лот, Авраам, Исак, Јаков, пророците итн сите овие се неколку века пред да се роди Марија, така што тие први го добиле спасението.

Пак се сложувам со тебе Евангелосе, арно ама само со првата реченица .
Точно е дека Пресветата не влегла прва во Царството Небесно, но не влегле први ниту: Мојсеј, Ное, Мелхиседек, Авраам..., ами прв во Царството влегол разбојникот кој бил распнат до Господа, тој е оној кој е поголем од Светиот и Славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован, зашто тој е првиот човек кој стапнал во Царството Небесно и пред пророците и праед Јован и пред Богородица


Изменето од Orthophill - 31.Август.2008 во 01:01
Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2008 во 01:03
Исто, многу често забораваме дека не само Исус страда на крстот... Богородица страда исто, ако не и повеќе... Таа го предава целиот свој живот на Бога, од пред зачнувањето (таа е чиста, затоа е одбрана), преку зачнувањето, раѓањето и одгледувањето на Исус... Таа стои покрај крстот и го гледа нејзиното чедо како умира. И додека стои таму, никого не проколнува, не хули на Бога, не го ни прашува зошто и причинува таква мака (дури самиот Исус се обраќа кон Бога со прашање, но таа не), и во ниеден момент не се озлобува кон стражарите и војниците наоколу. Ја прифаќа Божјата Воља безрезервно и без сомнеж, како и секогаш претходно. Тоа е оној пречист дух, тоа е таа пресвета суштина, кон кој секој Христијанин треба да се стреми...
Do what is right, come what may...
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2008 во 01:10
МОДЕРАТОРСКА ОПОМЕНА: Престанете да регистрирате никови преку динамичка ИП адреса. Нема да помогне многу - доколку има причина да ве банирам, ќе го сторам тоа, па дури и да имате 20 адреси.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2008 во 02:02
Za koj kult potocno se raboti?
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2008 во 02:08
pardon mislev na kakov kult se misli? bogorodica ne e kult
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2008 во 02:29
Pa ne e kult be brate ama ete ovdeka sega nekoj ce ni dokazuva deka taa e kult i toa sto nie Pravoslavnite ja pocituvame i i se molime nejze bilo pogresno ..... a sto mu smeta toa nekomu pojma nemam pa ako ne veruva neka ne veruva no sto dira nesto sto e nase i sto e sveto za nas Pravoslavnite ?????

Изменето од Templarius - 31.Август.2008 во 02:30
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
Pravoslaven Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 09.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 705
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslaven Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2008 во 02:42
pravoslaven sto ne ja pocituva bogorodica ne e pravoslaven. pocituvanjeto na majkata bozja ne e kult, tuku bogougodenie!! Jas imam 3 ikoni od bogorodica doma i mnogu gi postuvam. samo za molenjeto kon nea imam malku nejasnotii. porano i se molev mnogu ama sega sum malce nesiguren. ne znam dali e pravo da i se molime nejze. poveke lugje razlicno mi kazuvaat
ti sto mislis?
Православен значи правилно да ја славиш верата. А критериумот за правилност е Божјиот Збор - Светото Писмо !
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2008 во 02:43
Originally posted by Orthodul Orthodul напиша:

Новата Ева, Богородица ја исправила грешката на првата Ева и достигнала обожување на несекојдневен начин, со придонесот кона овоплотувањето на Новиот Адам,кој ќе ги води луѓето кон послушност на Бога. Во овоплотувањето Пресветата имала суштинска и незаменлива улога.
Ако пресветата со послушност не му се предала на Бога и не му рекла да,Бог не би можел да се овоплоти. Не би можел да се овоплоти ако не се нашла толку чиста,пресвета и отворена душа како Богородичината,која би му ги понудила целата својата слобода и своите желби и целото битие на Бога,за да го привлече кон нас.
Многу и должиме на нашата Пресвета Владичица.Затоа Црквата и оддава толкава чест и почит. Св. Григориј Палама говори Пресветата за нас е веднаш по Света Троица,бидејќи е бог после Бога,граница меѓу створеното и нествореното; Поглавар на спасените.
Архим. Григорије (Капсанис)   Допринос Богородице обожењу човека
Молитвами Богородици, Милостиви очисти сја безаконија наша


Ne ti se mesham vo veruvanjeto, nitu pak sakam istoto da si go smenish, no samo bi potenciral deka Bog ne ja prasha Marija dali taa ke mu dozvoli da ja ovoploti, tuku ja izvesti preku svojot glasnik sto ke se sluchi so nea.

Znachi ne barashe Bog nejzino odobrenie za nishto. Na krajot, zarem navistina veruvash deka Bog ke bide usloven ili onevozmozhen od smrtnik sozdaden tokmu od Nego?
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2008 во 03:10
Месинџер - не заборавај - Бог дава Слободна Воља на луѓето. Марија има право да го одбие. Има право да не се потчини на Неговата Воља (има многу такви примери во Стариот Завет). Има прво да абортира ако сака... но таа се потчинува на Неговата Воља!
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2526272829 60>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.