IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Вести
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вести

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 61>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2008 во 16:25
Јанкерминатор!!!
*Со хет-трик робусниот голгетер го "збриша" безопасниот Пелистер, кој доби модерна фудбалска лекција од лутиот ривал


Со ист рецепт Вардар во својата мелница по Победа го стави и Пелистер. Битолчани беа разнесени на "Градски" во првите минути од вториот дел кога својата одлична физичка подготвеност домашните фудбалери ја крунисаа со три гола во мрежата на "зелените". Гол шоу на Јанкерминаторот!!! Бобан Јанчевски со хет-трик го реши големото дерби во кое тој беше централната фигура и човекот кој знаеше како да ја тресе мрежата на Пелистер. Во 51., 56. и 63. минута Јанчевски го најде патот до голот и тоа двапати по акција на Дени Масев, кој исто така одигра добар меч. Битолочани немаа сили да му се спротивстават на лутиот ривал и можат да бидат задоволни што крајниот резултат по истекот на 90 минута гласи само 3:0. Домашните фудбалери беа супериорни, но како да застана по оние три гола на Јанчевски. Против себе имаа тим кој тргна да се брани, беше "напикан" пред својот шеснаесетник. Пелистер немаше противигра и постојано висеше нивниот гол. Можеби на почетокот успеваа да одолеат на нападите затоа што и во играта на Вардар немаше фудбалска убавина (шанси, акции...). Сите битолски надежи се срушија на почетокот од второто полувреме. Гостинската дефанзивна тактика донесе лош фудбал и меч во кој фудбалерите во зелени дресови во првиот дел имаа само два моменти кога нивните фудбалери имаа повеќе од две успешни додавања. Едвај го минуваа центарот на теренот, а офанзивците од типот на Жуниор, Блажевски, Момировски и Миранда делуваат "загубено" на "Градски".

Победата е заслужена и убедлива. Вардар покажува дека е доминантен и дека лесно доаѓа до победите. Два натпревари, 6 бода и идентични победи од по 3:0. Тимот на Достаниќ има одличен старт по кој слободно може да се каже дека "црвено-црните" не само што се главни туку и единствени кандидати за највисокиот рон.




ВАРДАР - ПЕЛИСТЕР 3:0 (0:0)
"Градски" стадион
во Скопје. Гледачи: 4.000
Главен судија: Горан Спиркоски. Помошници: Димоски и Костоски, тројцата од Прилеп. Делегат: Сашко Тасев од Кавадарци.
Стрелци: Јанчевски 51', 56, 63'
Ж. картони: Вајс, Масев, Љубисављевиќ (В), Димов, Вељановски, Момировски (П).
Играч на натпреварот: Бобан Јанчевски

ВАРДАР

Пачовски /

Ковачевиќ 2,5

(37' Божиновски 2,5)

Станишиќ 2,5

Глигоров 2,5

Вајс 2,5

Положани 3

(75' Ејупи /)

Милисављевиќ 3

Масев 3,5

Љубисављевиќ 2,5

Муса Али 2,5

(53' Петров 2,5)

Јанчевски 4

ПЕЛИСТЕР

1,5 Ников

1,5 Петковски

1,5 Димов

1,5 Вељановски

(1,5 Спировски 40')

1,5 Ристески

2 Тодоровски

1,5 Пресилски

1 Блажевски

(2 Деловски 64')

2 Миранда

1,5 Момировски

(/ Димитровски /)

1 Жуниор

СТАТИСТИКА

6 корнери 1

11/7 удари/во 4/1

16 прекршоци 23

3 ж. картони 3

7 офсајди 1

Минута по минута

7' Вардар бара пенал. Вељановски во пад игра со рака пред својот гол по пробивот на Милисављевиќ по десната страна и центаршутот по земја.

13' Ников е на место и сигурен при ударот на Муса Али со глава од 7-8 метри.

39' Положани изведе слободен удар од 17 метри, но топката оди над голот.

43' Глигоров налета на "отпад" од казнениот простор на Пелистер, но неговиот удар од 17 метри заврши во рацете на Ников.

44' Ефектен волеј удар на Јанчевски од пет метри кога топката ефектно мина над голот, а Милисављевиш добро нафрли од левата страна.

45+3' Оправдано поништен голот на Муса Али поради офсајд.

1:0 - 51' Одличен пробив на Масев по десната страна кој ја носи топката во петерецот каде Али додава до Јанкер, а овој од 3-4 метри ја погоди празната мрежа.

54' Удар на Спироски од 18 метри, а топката од телото на Божиновски го смени правецот и мина крај десниот долен дирек.

2:0 - 56' Мајсторија на Јанчевски. Ја прими топката на гради меѓу Димов и Тодоровски се ослободи од двајцата и со ефектен удар од десетина метри го "тресе" немоќниот Ников.

3:0 - Милисављевиќ со супер топка од левата страна до осамениот Јанчевски, кој елегантно од 5-6 метри шутира за хет-трик.

68' Жуниор го пронаоѓа Миранда, а ударот со глава оди крај голот на Пачовски.

82' Најдобрата шанса за Пелистер и обидот за лоб на Деловски кога топката за малку мина над пречката на истрчаниот Пачовски.

Вистинска одмазда!!!

Пелистер во пролетниот дел од шампионатот двапати го понижи Вардар. Со 2:1 го преслуша во Битола и со 3:1 на "Градски". Од тој Пелистер ништо не се виде во саботата иако костурот на тимот е ист. "Вардарците" благодарение на Јанчевски му се одмаздија на Пелистер за пролетниот срам и му докажаа дека во оваа сезона "црвено-црните" имаат подобар тим.

Разочарување кај "зелените"

По натпреварот наведнати глави, загрижени погледи. Таква беше сликата во таборот на Пелистер, кој заработи катастрофа на "Градски". Овој тим на битолчани можеби е спуштен на земја во вистинско време. Некои работи не се како што треба, а проблемите кои се во екипата се таложат и кулминираат. Иако играчите пред средбата добија финансиска мотивација, тоа не беше доволно да се избегне поразот. Сепак, поразот не загрижува толку многу. Односот на некои фудбалери е главната причина за грижа кај управата на "зелените".

Од тренерски агол



-Бевме стрпливи во нашата игра и на тој начин стигнавме до посакуваната цел. Не се залетувавме по секоја цена да дојдеме до голот на Пелистер, ги добивме дуелите на средината од теренот и заслужено стигнавме до победата. Пелистер е добар тим и резултатот можеби е превисок во однос на квалитетот.

Неџат Хусеин

-Одолеавме на нападите во првиот дел, но со повредата на стоперот Вељановски се наруши концепцијата во нашата игра. Вардар докажа дека е многу физички јак, а кај нас проблемите се наталожија и еве кулминираа со една лоша игра и лош резултат. Ние сега бодови ќе бараме на следниот меч со Работнички во Битола.

СЕ ПОВРЕДИЈА КОВАЧЕВИЌ И ВЕЉАНОВСКИ

Стоперски проблеми

Баксуз дерби за Жељко Ковачевиќ, стоперот на Вардар, и Тони Вељановски, дефанзивецот на Пелистер. Двајцата не го дочекаа крајот на првите 45 минути од саботната пресметка на "Градски". Ковачевиќ во 35. минута го напушти теренот кога легна крај аут линијата и се пожали на повреда во мускулот на десната нога. Настрада задната ложа а во игра Достаниќ го стави Васко Божиновски.

И во Пелистер проблеми. Тони Вељановски беше замената за стандардниот Менде Степановски. Го повреди скочниот зглоб на денсата нога во 40. минута кога стартуваше врз Положани. Во игра ставен Спировски, а на стоперската позиција префрлен Тодоровски. Се урна дефанзивната концепција на "зелените".

ЌОТЕК ЗА БИТОЛСКИТЕ НАВИВАЧИ

"Чкембарите" избркани во 25. минута

Првите 25 минути од големото дерби минаа во знакот на гостинските навивачи. На "Градски" пристигнаа околу 200 навивачи на битолскиот клуб. Постојано беа во фокусот на обезбедувањето и полицијата. По само 5 минути прво апсење, па второ, а во 25. минута настана тепачка. Полицијата интервенираше, многу од навивачите добија по некој пендрак за конечната одлука да биде празнење на трибината и враќање на "чкембарите" во Битола.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2008 во 16:28
"ПЕКОЛ" ВО ВАРДАР ПРЕД ДЕРБИТО СО ПЕЛИСТЕР

Достаниќ се "спука" со Коста!!!


Ратко Достаниќ се "спука" со Коста Костовски. Двајцата имале вербален дуел во петокот, екипата се собрала во хотелот "Томче Софка" каде фудбалерите беа во карантин. Разговор на висок тон по кој тренерот ја напуштил базата и истото го направил и потпретседателот на Вардар. Сето тоа брзо се рашири по улиците и по фудбалските кулоари каде на големо почна да се  коментира за смена на Достаниќ и за тоа кој би бил новиот тренер и која е причината за караницата.

"Македонски спорт" дознава дека атмосферата кулминирала откако Достаниќ реагирал кон Костовски околу тоа дека на неговиот помошник не му бил најден стан...во свој стил реагирал и Коки по што работите излегле од контрола и секој си кажал тоа што му лежело на срцето.

Ден потоа Вардар - Пелистер!!! Тренерот се појавува во соблекувалната, а Костовски е на трибина. Минуваат првите 45 минути кога Костовски се спушта во соблекувалната и таму ги "закопале секирите" со тренерот Достаниќ пред фудбалерите. Вардар излегува во вторите 45 минути и го "збришува" Пелистер со 3:0. Насмевките се повторно дел од комплетниот тим на Вардар, а Достаниќ останува на клупата. Дали ќе беше така ако Вардар не победеше над гостинот од Битола и дали по оваа кавга с$ ќе биде исто во таборот на "црвено-црните"? Битно е тоа дека и во Вардар не цветаат рози на сите полиња.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2008 во 17:37
Ovie vo sport se mrdnale izgleda ko prvo pola sto pisuvaat so tie nejzini informacii se lagi!!! nad 4000 publika imalo samo na juzna a so se zapad sigurno nad 5'000 publika imalo!

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2008 во 17:47
Како и да е. Во секој случај добра утакмица, несомнено Вардар е шампион и се знаеше од старт дека Пелистер е далеку од победа. По новата процедура Вардар повторно врши напад во второ полувреме оставајки го Пелистер да се истрча и загрее во прво полувреме по што се виде дека и тоа им беше малку.
Вардар-Пелистер
3-0
Прекрасна победа!


Изменето од blueprayer - 25.Август.2008 во 17:48
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2008 во 21:21
Ривалдо се сели во Узбекистан

Според вчерашните информации пренесени во германскиот весник Кикер, некогашниот најдобар фудбалер на светот, бразилската суперѕвезда Ривалдо потпишал едногодишен договор со екипата на к*рувчи од главниот град на Узбекистан, Ташкент.

Ривалдо досега беше дел од грчкиот вицешампион АЕК, но по феноменалната понуда од Узбекистан, за која се смета дека изнесува двоцифрен број на милиони евра, тој деновиве ќе потпише официјален договор со к*рувчи, кој ќе се однесува на само една година. Интересно е тоа што овој клуб, во текот на ова лето го побара Камерунецот Самуел Ето од Барселона за 40 милиони евра.

36-годишниот екс-репрезенативец на "кариоките", кој се прослави во екипата на Барселона, последните три години ги мина во Грција, каде претходно играше за Олимпијакос, а во екипата на АЕК заработуваше само по половина милион долари од сезона.

Кон врв
oon Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 397
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај oon Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2008 во 02:51
Галатасарај го купи Милан Барош
вторник, 26 август 2008


   

Најуспешниот турски фудбалски клуб Галатасарај денес го реализирале трансферот на Чешкиот напаѓач од екипата на Лион Милан Барош, кој ќе остане верен на турците 3 години

   


Еден од најдобрите чешки фудбалери Милан Барош, денес потпишал тригодишен договор со турскиот клуб Галатасарај, пренесуваат турските медиуми.

Според интернет страницата на турскиот клуб, неговото доаѓање се очекува на 28 август кога треба да биде и промовиран пред новинарите.

Засега сумата која ја има платено Галатасарај на екипата на Лион ќе остане тајна меѓутоа сигурно е дека 26-годишниот Чех минимум три години ќе биде на „Али Сами Јен“.

Со ова засилување екипата на Галатасарај донесе навистина квалитетен играч од нападот, што веќе претходно го сторија нивните лути ривали Фенербахче во името на Гуиза.

Ова ќе биде шести клуб за Милан Барош во неговата интернационална кариера, после Баник Острава, Ливерпул, Астон Вила, Портсмут и Лион.


http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=15332
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2008 во 23:10
Валенсија одби 69,5 милиони долари за Вилја



Претседателот на Валенсија, Соријано, вети дека клубот во никој случај нема да ги продаде Давид Вилја и Давид Силва

Управата на шпанската Валенсија ја одби фантастичната понуда од неверојатни 69,5 милиони долари која кралскиот тим од Мадрид, и ја понуди на оваа екипа за напаѓачот Давид Вилја, објави шпанската „Марка“.

Состанокот на кој учествуваа речиси сите членови на потесното раководство на оваа екипа, покажа огромна поделба во размислувањата и ставовите. Како што наведува истиот извор, кај поголемиот дел од членовите на управата на Валенсија, преовладува мислењето дека Вилја, сепак, треба да биде ослободен, ако се земе предвид висината на средствата која за неговите услуги ја понуди кралскиот тим од Мадрид. Сепак, добрите познавачи на приликите во оваа екипа на последниот потег на мадриѓаните гледаат како на обид да се тестира претседателот на Валенсија, Висенте Соријано, кој пред почетокот на новата сезона вети дека клубот во никој случај нема да ги продаде Давид Вилја и Давид Силва.

Во тие рамки на пример, Давид Силва пред некое време и го продолжи договорот со тимот на Валенсија, на нови пет години.

Сепак, главниот проблем за овој тим, лежи во амбициозниот план на раководството на Валенсија, овој тим во најскоро време да добие нов репрезентативен стадион. За да се реализира оваа работа, неопходни се многу дополнителни финансиски средства, а еден од начините како најбрзо да се дојде до нив е преку продажба на најдобрите играчи во тимот. Хуан Вилалонга, кој во екипата беше донесен како финансиски експерт, е отпуштен само по две недели работа, откако минатиот месец јавно обзнани дека долгот на Валенсија изнесува 1,09 милијарда долари. Да потсетиме, токму Вилја беше најефикасниот фудбалер на ЕП 2008, со четири постигнати голови, и беше еден од најзаслужните за триумфот на селекцијата на Шпанија на ова натпреварување.

Робињо стигнува во Челзи за 35 милиони евра!

Челниците на Реал Мадрид се согласија да го ослободат бразилскиот ас Робињо кој ќе замине во редовите на екипата на Челзи за сума од 35 милиони евра. Со оваа одлука на шпанскиот клуб ќе се задоволи желбата на Бразилецот кој изјави дека отсекогаш посакувал да игра во премиерлигата. Челниците на двата клуба вчера го реализираа завршниот состанок во Мадрид, на кој е договорено трансферот на Робињо да биде официјализиран до крајот на неделава. Засега не се знае на колку години Робињо планира да го потпише новиот договор, меѓутоа во јавноста исплива информацијата дека Сколари на Бразилецот му понудил плата од 2 милиони евра годишно. Како што пренесуваат шпанските медиуми, со добиените пари од Лондон, кралскиот клуб ќе се обиде до крајот на преодниот рок да ги ангажира напаѓачот на Ајакс, Јан Хунтелар и фудбалерот од линијата за врска на Севилја, Диего Капело.

Милан Барош го засили Галатасарај

Чешкиот репрезентативец и интернационалец Милан Барош кој лани настапуваше во редовите на францускиот Лион, реши да ја промени средината и да замине во Турција, каде што ќе ги брани боите на тимот на Галатасарај. Барош лани, како позајмен фудбалер од Лион, настапуваше во Премиерлигата во редовите на тимот на Портсмут. Најдобар период во неговата кариера му беше престојот во редовите на Ливерпул каде што тој остана од 2002 до 2005 година, и на 68 одиграни натпревари успеа да постигне 19 голови. Во редовите на Лион пак, Барош на 27 средби успеа седум пати да се запише во листата на стрелците. Договорот на Барош со Галатасарај е на три години.

Шевченко и официјално се врати во Милан

Откако во понеделникот доцна попладне ги заврши сите неопходни лекарски прегледи, украинскиот ас Андреј Шевченко и официјално стана старо-нов играч на италијанскиот Милан. По две неуспешни сезони во редовите на Челзи, Шевченко реши да се врати во екипата во која ја стекна комплетната слава. „Многу сум среќен што сум повторно тука. Меѓутоа, во оваа прилика сакам да им порачам на симпатизерите на Челзи кои постојано ме подржуваа дека им благодарам од се' срце“, изјави Шевченко.

Крањчар со подолга пауза во Портсмут

Менаџерот на Портсмаут, Хари Реднап по поразот од тимот на Манчестер Ј. изјави дека неговата екипа некое време ќе остане без помошта на хрватскиот репрезентативец Нико Крањчар. Имено, овој фудбалер се повреди минатата среда на пријателскиот меч на селекцијата на Хрватска во Словенија, и заради ова мораше да го пропушти дуелот со „црвените ѓаволи“. „Крањчар веднаш го посети клупскиот лекар, ја снимаше повредата, и заедничката констатација по тоа беше дека се работи за нешто навистина посериозно. Во моментов, не знам точно колку долго тој ќе отсуствува од тимот, меѓутоа враќањето сигурно нема да биде за неколку дена“, изјави Реднап.

Ривалдо се пресели во узбекистанскиот к*рувчи

Поранешниот бразилски репрезентативец Ривалдо, до крајот на месецот најверојатно ќе се пресели во редовите на узбекистанскиот прволигаш к*рувчи, пренесоа вчера светските медиуми. Како што објавија агенциите, Ривалдо не можел да ја одбиен понудата на клубот кој неодамна покажа интерес и за камерунскиот ас кој настапува во редовите на Барселона Самуел Ето. „Не можев да ја одбијам понудата, и покрај тоа што сум презадоволен од условите кои ги имам во грчкиот АЕК“ изјави Бразилецот. За две сезони поминати во Узбекистан, Ривалдо ќе добие сума од десет милиони евра.

Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2008 во 13:31
Манчестер Ј. - Зенит 1:2



Европскиот шампион Манчестер Јунајтед беше изненаден од освојувачот на УЕФА купот рускиот Зенит и беше поразен во регуларниот тек од натпреварот со 2:1.

Првиот гол на натпреварот беше постигнат пред крајот на првото полувреме во 44-та минута, кога по изведениот корнер Погребњак ја „закова“ топката со глава од пред самата гол линија.

Изненадување беше и потегот на менаџерот на Зенит, Дик Авокат, кој храбро го почна натпреварот без својот најдобар играч Аршавин, кој пак доби шанса на стартот од второто полувреме.

Во второто полувреме Манчестер превзеде иницијатива, меѓутоа Зенит беше тимот кој профитираше од сето тоа, после одлично изведената контра и соло акцијата на новото засилување за рускиот тим, Дани Алвеш, кој во 59-та минута го постигна вториот гол на натпрварот.

Инаку Дани Алвеш е најскапиот трансфер кој воопшто се случил во руската лига. Тој за 30 милиони евра прејде од тимот на Динамо Москва во екипата на Зенит.

За изедначувачки, почесен гол се погрижи Немања Видиќ во 73-та минута. Залудни беа обидите на Манчестер да дојде до изедначувачки гол.

Во 89-та минута најсикусниот во тимот на Сер Алекс Фергусон, Пол Сколс очајно се обиде со рака да постигне гол при што го заработи вториот жолт картон и беше исклучен од игра.

Ова е трета титула за тимот на Зенит, по освојувањето на домашното првенство и Купот на УЕФА.

Увертира на супер финалето во Монако, беше ждребот на двојките за првата рунда од УЕФА купот.

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2008 во 13:35
ПОЗНАТИ УЧЕСНИЦИТЕ ВО ГРУПИТЕ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
Кипар и Белорусија за првпат во елитата
Кипар и Белорусија ќе имаат свој претставник во групите од Лигата на шампионите за првпат во историјата на натпреварувањето откако нивните прваци Анортозис и БАТЕ Борисов ја крунисаа успешната низа низ трите квалификациски кола со елиминациите на Оли

Кипар и Белорусија ќе имаат свој претставник во групите од Лигата на шампионите за првпат во историјата на натпреварувањето откако нивните прваци Анортозис и БАТЕ Борисов ја крунисаа успешната низа низ трите квалификациски кола со елиминациите на Олимпијакос и Левски.
Тимот од Фамагуста успеа во реваншот во Пиреја да ја одбрани залихата од три гола од првиот меч и единствениот гол на Аргентинецот Фернандо Белуски во 52. минута беше премалку за грчкиот шампион, кој беше редовен учесник во групите во последните 11 сезони.
- Пресреќни сме, ова е неверојатен резултат. Знаевме дека ќе биде тешко зашто Олимпијакос е голем тим, но дојдовме тука, издржавме и на крајот заслужено одиме понатаму - изјави тренерот на Анортозис, Темури Кецбаја.
На патот до елитата, Анортозис ги исфрли и ерменски Пјуник и виенски Рапид.
И БАТЕ Борисов ја почна годинашнава европска сезона во најраната фаза и по исландски Валур и белгиски Андерлехт пред него падна и Левски на нашиот репрезентативец Дарко Тасевски. На Белорусите им беа доволни и 1:1 на домашен терен, зашто одлична работа завршија со победата од 1:0 во Софија во првата средба. Домаќинот се најде во проблеми во финишот на првиот дел кога Близњук заработи црвен картон, но до крајот на мечот успеа да ја зачува својата мрежа. Тасевски го засили нападот на Левски во 57. минута. Со само 31 година, Виктор Гончаренко ќе стане најмладиот тренер кој водел една екипа во групите од ЛШ, а со годишен буџет од 1,2 милиони фунти БАТЕ ќе биде и еден од "најсиромашните" клубови.
За првпат досега, Романија ќе има два претставника во групите. На директниот пласман на шампионот Клуж се надоврза најславниот романски клуб Стеауа, кој успеа да го елиминира турски Галатасарај.
- Ова е најсреќниот ден во мојот живот и моето најголемо постигнување како тренер - изјави тренерот на Стеауа, Мариус Лакатуш, по победата од 1:0 во Бук*решт.
За поголема бројност на источноевропските екипи во елитата се погрижија и Украинците, кои на мошне убедлив начин, исто така, ги протнаа и двата свои претставника во групите, Шахтар и Динамо Киев, а дебитант во големото друштво е и дански Олборг.
Петкратниот европски шампион Ливерпул до последните минути од двомечот со Стандард стравуваше за својот пласман меѓу најдобрите 32 екипи и тој беше потврден со голот на Дирк Кајт дури во 118. минута. Атлетико Мадрид ќе настапува во групите за првпат од сезоната 1996/97, а последната пречка Шалке беше надмината со извонредната победа од 4:0 на "Висенте Калдерон". Арсенал го посрамоти довчерашниот селектор на Англија, Стив Мекларен, елиминирајќи го неговото Твенте со вкупни 6:0.
Ждрепката за групите се одржа вчера попладне, а во неа уште се најдоа и Манчестер јунајтед, Челзи, Барселона, Лион, Интер, Реал Мадрид, Баерн, ПСВ, Вилјареал, Рома, Порто, Вердер, Спортинг Лисабон, Зенит, Бордо, Селтик, Панатинаикос и Јувентус.
РЕЗУЛТАТИ: АРСЕНАЛ-Твенте 4:0 (2:0 прв меч) (Насри 27', Гала 52', Волкот 66', Бендтнер 90'), ЛИВЕРПУЛ-Стандард 1:0 (0:0) (Кајт 118'), АТЛЕТИКО МАДРИД-Шалке 4:0 (0:1) (Агверо 19', Форлан 51', Луис Гарсија 82', Родригес 87' пен.), Динамо Загреб-ШАХТАР 1:3 (0:2) (Балабан 57' - Луис Адријано 42', Брандао 60', Вилијам 70'), Олимпијакос-АНОРТОЗИС 1:0 (0:3) (Белуски 53'), ОЛИМПИК МАРСЕЈ-Бран 2:1 (1:0) (Нијанг 66', 90'+1' - Сигурдсон 74'), Славија Прага-ФИОРЕНТИНА 0:0 (0:2), БАЗЕЛ-Виторија Гимараеш 2:1 (0:0) (Штокер 11', Дердијок 54' - Фажардо 14' пен.), ФЕНЕРБАХЧЕ-Партизан 2:1 (2:2) (Шентурк 28', Де Соуза 58' - Тошиќ 76'), ДИНАМО КИЕВ-Спартак Москва 4:1 (4:1) (Алиев 4', Бангура 24', Милевски 49', 78' - Џуба 47'), СТЕАУА-Галатасарај 1:0 (2:2) (Николица 57'), Каунас-ОЛБОРГ 0:2 (0:2) (Рисгард 72', 89'), БАТЕ БОРИСОВ-Левски 1:1 (1:0) (Сосновски 14' - Гаџев 38').
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2008 во 23:49
Еден полицаец повреден по натпреварот Вардар-Ренова

сабота, 30 август 2008
 
По завршувањето на натпреварот Вардар-Ренова се случил инцидент, а како главни виновници се наведуваат гостинските симпатизери, кои го нарушувале јавниот ред и мир
 
 
 
 

Според првичните сознанија, после попладневниот натпревар од третото коло од македонската фудбалска лига помеѓу Вардар и Ренова (3:1), се случил инцидент кој, според полицискиот портпарол Иво Котевски, бил предизвикан од симпатизери на тетовската екипа.

- Во инцидентот еден полицаец бил повреден, а како главни виновници за тоа се наведуваат гостинските навивачи кои го нарушувале јавниот ред и мир, изјави портпаролот на МВР.
 
Откако полицијата која била задолжена за обезбедување на натпреварот не можела да ја контролира настанатата ситуација, било повикано засилување и кратко време целата мешаница била ставена во ред.
 
Од очевидци дознаваме дека неколку лица биле видени со оружје.
 
- Бројот на приведените се уште со сигурност не можеме да го кажеме - рече Котевски. 
 
За подетални информации се чека извештајот од МВР, кој моментално работат на случајот.
-Фотографијата е од архива.


од друга страна...


http://sitel.com.mk/?ItemID=1CFA8F6D45ED6F4492FB81057C60EFED
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Pentakostalec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 11.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 583
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pentakostalec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2008 во 23:53
Nie Koa Kje Imame svoj Prestavnik
Одете мегу сите народи и создавајте од нив мој ученици крштевајки ги во името на Таткото, Синот и Светиот Дух
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2008 во 01:12
Navivacite na Renova jadele kotek od KOMITI

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2008 во 01:13
голема%20насмевка jasno a uz megju niv i djandarite jadea kotek
posle toa alfite si gi tepaa navivacite na renova голема%20насмевка
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2008 во 01:16
navivacite od renova megju sebe se stepaa posle ko da ne im bese dosta od Komiti sto jadea kotek...

a i navivacite od Sloga(sverceri) jadele kotek od Komiti

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.