IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за зимница
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за зимница

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 8>
Автор
Порака
Delfin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јуни.2005
Статус: Офлајн
Поени: 15178
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Delfin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Рецепти за зимница
    Испратена: 04.Декември.2006 во 19:45
Ајвар
 
40 кг црвени пиперки за ајвар
40 модри патлиџани
4 шишиња масло за готвење
сол по вкус
 
Пиперките се печат , се лупат , на машина се мелат и така сомелени се ставаат во длабока широка тава да се пржат.Маслото се става повремено од самиот почеток континуирано до самиот крај на пржењето . Пржењето би требало да трае континуирано на средно јак оган околу 3-4 часа за оваа количина .  Треба да се внимава на крајот од пржењето како не би се претерало . Кога ке се претера маслото излегува на површината од тавата . Кога мешалката остава јасна трага во Ајварот тоа е знак дека Ајварот е готов .
 
Во однос на ова можете да ја темпирате и варирате со дозата :)
 
 
со оглед на итноста   еве го рецептот ....па ве молам без замерки Smile
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 17:30
Дали нашите форумски домаќинки спремаат зимница?
Дали ви претставува обврска или пак и уживање (правење ајвар заедно со соседката..кафе моабет уз вртење пиперки, музика и сл)
А до сите членови дали јадете зимница?
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 17:31
Зимница-Гордост на секоја домаќинка

Во минатото било неопходно зеленчукот и овошјето да се подготвуваат за зимските месеци, кога го нема во природата, за да можат домашните да конзумираат разновидна храна. Со денешниот прогрес на технологијата на конзервирање и пастеризација, индустриски конзервираната храна е достапна во текот на целата година, како и свежиот зеленчук и овошје од разни делови на светот. Таквите индустриски обработени производи, поефтино е да се купуваат во најблискиот маркет, отколку сами да ги подготвувате. Но тука е мамецот на кој сите се закачуваме. Овие,”купечки” производи го немаат онај домаќински шмек, што го има теглата затворена со целофан, по која се нафатил прав од стоењето во визбата, со етикета на која со рака се напишани податоците и која не потсетува на целиот оној труд вложен во подготвувањето на зимницата. Може ли нешто да биде повкусно од ајварот подготвен според рецептот на вашата мајка и баба, а кој сега вие им го подготвувате на вашите деца или внуци.
Во денешниот свет кој има многу изгубено од допирните точки со нашите предци, голем број домаќинки се решаваат да ги изненадат своите најблиски со подготвување на зимница, која потоа со гордост им ја нудат и на гостите.
Конзервирањето на храната има голема важност во исхраната затоа што овозможува во текот на целата година да конзумираме храна богата со минерали, витамини и други корисни состојки. Конзервирањето на производите е голема вештина која се стекнува со долгогодишно водење на домаќинството.

ДОБРО Е ДА СЕ ЗНАЕ
-Зимницата чувајте ја на темно, суво и ладно место.
-Конзерванси се хемиски средства за спречување на ширењето на причинителите на расипувањето. Внимавајте, не се сосема безопасни по здравјето на човекот ( пр. салицил), затоа никогаш не ставајте повеќе од пропишаната доза.
-Лажицата за мешање најдобро е да биде пластична или дрвена.
-Користете пластична инка или инка од метал што не рѓа.
-Добро е на теглите или шишињата да ставате налепници со содржината, количината и датумот на подготовка.
-Зачините имаат силно конзервансно дејство. Најдобро е да ги употребувате немелени и неиситнети.
-За подготвување на туршија најпогодни се рапави краставички.
-За конзервирање најдобри се поситните домати.
-Алкохолт го чува овошјето од расипување. Жестоките пијалоци одлично го чуваат свежото овошје, додека виното, бидејќи нема доволно алкохол, се користи само како зачин за зимницата.
-За да се замрзне меко овошје потребни се седум часа, а за да се одмрзне три; за тврдото овошје потребни се 8 часа да се замрзне, а 4 да се одмрзне. Месото за печење се замрзнува за 10 часа, а се одмрзнува за 5 часа. Пилето се замрзнува за 12 часа, а се одмрзнува за 6 часа. Сирењето се замрзнува за 12 часа, а се одмрзнува за 4 часа. Готовите јадење се замрзнуваат за 12 часа, а се одмрзнуваат за 7 часа.

ЗЛАТНИ ПРАВИЛА
ЗА УСПЕШНА ЗИМНИЦА

а) Користете само зрел, здрав, цврст и квалитетен зеленчук.
б) Садовите и плодовите кои се користат треба темелено да се измијат.
в) Теглите и шишињата пред употреба треба да се стерилизираат (прво да се измијат со топла вода и сапуница, потоа да се исплакнат со ладна вода, да се исцедат, да се стават во рерна и на температура од 100 степени да отстојат десетина минути).
г) Зеленчукот варете го во неоштетени емајлирани садови или во     метални садови кои не фаќаат рѓа.
д) Сите тапи пред употреба треба да ги ставите во зовриена вода
ѓ) Пред да започнете со подготовка на зимницата, прегледајте ги    стаклените тегли, затоа што и најмалата пукнатина е доволна теглата да пукне кога во неа се става врелата содржина.
е) За подготовка на зимница користете само јодирана сол.


ОВОШЈЕ
-Изберете  и распоредете ги плодовите:
Најубавите употребете ги за подготвовка на компоти, останатите за мармалади, сокови и др.
-Овошјето треба да биде зрело, но не и презреано бидејќи таквото не содржи пектин, кој помага при конзервирањето.
-Најдобро е овошјето да се чисти непосредно пред подготвувањето, затоа што под влијание на кислородот тоа потемнува, а се губат и дел од витамините.
-Овошјето варете го во емајлирани садови, или од челик што не рѓа, а никако немојте во метални садови.
-За овошјето  непотребно да не  изгуби од квалитетот, вкусот и бојата поради предолгото варење, употребувајте ги пропишаните количини на шеќер.

КОМПОТИ
Компоти се производи од овошје добиени со варење во шеќерен сируп. Овошјето за компот мора да биде зрело, цврсто и здраво. Поситните плодови се оставаат цели,  а покрупните се сечат на половина или на кришки. Најчесто измиеното и исчистено овошје се реди во тегли, се налива со шеќерен сируп, се затвораат теглите и се стерилизира.
Совет: Секое овошје можете наместо со шеќерен сируп да го прелиете со загреан мед. Медот на ваков начин ќе стане најубаво желе.

ЏЕМ
За подготвување на џем се користат најквалитетните плодови. Џемот од мармаладот се разликуваат по тоа што содржат цели и несечени плодови. Општо правило за подготвување на  џем е овошјето да го варите со шеќер додека не пушти сок. Доколку во рецептот не е поинаку наведено, на 1 кг. овошје ставете 1,5 кг. шеќер. Откако ќе зоврие варете ја смесата уште 15-20 минути со постојано мешање. Џемот оставете го да се излади, па потоа стевете го во тегли.

СЛАТКО
Слаткото е производ од овошје со голема количина на шеќер. Обично на 1 кг. овошје се става 1,25 кг. шеќер. При варењето на слаткото прво се вари шеќерниот сируп- на 1 кг. шеќер 1,5-2 чаши вода. Овошјето се додава во сирупот кога тој е многу густ. Слаткото се вари пократко време на посилен оган, за да се сочува бојата и обликот на овошјето. Слаткото се вари без мешање со лажица, само повремено се протресува садот.

КОНЗЕРВИРАЊЕ НА ОВОШЈЕТО
Стерилизација- е технолошки процес при што се топлината се уништуваат ензимите и микроорганизмите. Овошјето обично се стерилизира на температура од 100 степени. Поради отпорноста на микроорганизмите, стерилизацијата често се повторува 3-4 пати. Во домашни услови никогаш не може да се постигне апсолутна стерилизација, но и делумната е ефикасна и корисна, затоа што не влијае врз квалитетот на производот. Стерилизацијата се постигнува со варење.
Пастеризација- е делумна стерилизација, при што загревањето се врши на температура од 65-90 степени. Особено е погодна за конзервирање на овошни сокови.
Бланширање- е краткотрајно потопување на овошјето во зовриена вода ( поради полесно лупење) или во зовриен шеќерен сируп ( заради омекнување, кога сеуште топлото овошје веднаш се реди во тегли)
Шеќерен сируп- се подготвува со варење на шеќер и вода и тоа во различни соодноси: редок сируп- 2 филџана шеќер и 6 филџани вода ( 1:3), средно густ сируп (1:2) и густ сируп ( 1:1). Сирупот може да се користи т опол или изладен.

ЗАМРЗНУВАЊЕ
Обезбедувањето на зеленчук за зима и пролет со замрзнување е многу успешен начин на конзервирање. Во правилно подготвениот и спакуван зеленчук, чуван во замрзнувач се зачувува висок процент од биолошката вредност. Таквиот зеленчук го задржува првобитниот изглед, боја, арома и вкус, а во споредба со термички третираниот начин на конзервирање, во поголем процент ги зачувува и витамните Ц и Б1.
Установено е дека некои видови тешко сварлив свеж зеленчук, со замрзнување стануваат многу поприемливи за органите за варење
(црвената зелка, кељот, печурките и сл.).
Сите видови на зеленчук не се погодни за замрзнување, но со замрзнувањето на голем број од нив зимско-пролетната исхрана е поразнообразна.
За замрзнувањето е битно да се одбере зеленчук со висок квалитет и уште сосема свеж да се подготви и да се складира во замрзнувач. Од неквалитетен, свенат, престојан зеленчук не може да се очекува подобрување на квалитетот со замрзнување, бидејќи тој уште од почетокот изгубил доста од заштитните состојки. Подготвителните работи пред замрзнување на зеленчукот, како што се чистење, миење, бланширање, просушување и пакување по оброци треба да се одвиваат брзо, заради зачувување на неговиот состав. Затоа, за еднократна употреба треба да се пакуваат соодветни количини зеленчук.
Независно од тоа кој вид зеленчук се замрзнува, работниот процес е сличен:
Бланширање е ставање на исчистениот зеленчук ( боранија, моркови, грашок, бамја) во вода која врие, да отстои најмногу 2-4 минути. По вадењето од врелата вода зеленчукот веднаш се става за кратко во студена вода за да се олади. Тоа најдобро се постигнува ако подготвениот зеленчук се стави со решетка ( цедалка) во вода што врие, а потоа се извади и се врати за кратко во студена вода. На тој начин се скратува работниот процес околу зовривањето, цедењето и разладувањето на зеленчукот.
По цедењето од студената вода зеленчукот се распоредува на чисто суво платно за да ја впие одвишната влага, а потоа се пакува во најлон кеси, при што се внимава воздухот од кесата целосно да се истисне.
Бланширањето има за цел да се уништат некои материи кои и на ниски температури влијаат врз промените во храната.
Најдобро е на секое пакетче да се залепи етикета со натпис за тоа кој вид зеленчук е спакуван, со датумот и количината.
Некои видови зеленчук како што се зелената салата, кромидот, трупките, краставиците и др. не се погодни за замрзнување, а зеленчукот што го има на пазар преку целата зима, нема потреба да се замрзнува. Такви се: празот, ренот, морковите, цвеклото, зелката, трупката, целерот, пашканатот и сл.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 20:10
јадам се од зимница.........единствено ајварот и лутеницата мора да бидат најситно мелени(нејкам партали по рибанката)а највеќе го сакам мармалатчето од сливи со додадено растопено чоколадо.........мммммммммм
Кон врв
mamma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9879
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 20:22
Ja ne sum domakinka ..ne pravam zimnica...se si kupuvam gotovo napravenoцрвенеењецрвенеење

Shot at 2007-06-30[/IMG]
Кон врв
la fille Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 42032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај la fille Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 21:43
Sega sum vo Kocani...Samo da go najdam tefterot so tajnite recepti na majka mi i vednas ke napisam nekoj tuka...голема%20насмевка
Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
Кон врв
IQ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Darling

Регистриран: 11.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 12382
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај IQ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2008 во 02:41
Originally posted by mamma mamma напиша:

Ja ne sum domakinka ..ne pravam zimnica...se si kupuvam gotovo napravenoцрвенеењецрвенеење




i ja moze samo da se naucham kako se stavaat morkovi vo tegla, oti mnogu sakam takvi
a ajvari i slichni raboti, ne ni jadam, pa ne me ni interesira kako se pravi

[URL=http://g.imageshack.us/g.php?h=521&i=00001awbzx1.jpg][IMG]http://img521.imageshack.us/img521/
Кон врв
Biba_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Непоправлив оптимист

Регистриран: 18.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13718
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biba_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2008 во 22:55
Дури имам од каде да зимам-немам намера сама да правам...
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2008 во 23:02
Jaс сеа сум чирак голема%20насмевка Гледам коа прават и добро помагам наравно.
Околу печење пиперки лупење мешање....коа се прај ајвар а туршијата на нив им ја препуштам зашто не поднасам туршија.
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2008 во 23:18
...pravam i toa bajagi... ama odam po principot lesno...ednostavno... prakticno i jashlivo...pr. boranija, grashok, krastavicki, cveklo, morkovi,,, pcenka... i drug zelencuk po princip napolni vo tegla...dodaj ocet... sol voda zatvoraj vo tegla...naredi vo rerna provrij edno 45 min na 150 stepeni i eve ti gotova salata... neshto slicno i so kompoti od celokupnoto ovoshje: modri slivi, praski, kajsii, dunji seckaj, redi vo tegla, stavi 4-5 lazici sheker...provari vo rerna i skladiraj...

Кон врв
butel2 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 4138
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butel2 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2008 во 09:45
pravam zimnica ... so zadovolstvo kiseli krastavicki, tursija, kompoti, vezen pecen gmecen, peglani piperki .... ajvarot nekogas mi bese zadovolstvo, sega 3 dena se me boli otkako ke go napravam.... a moite nitu lupat piperki nitu jadat lutenici , malidzana , samo cist ajvar


Кон врв
Biolica Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 808
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Biolica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2008 во 11:52
Dur e mami ziva i zdrava nema sto da mu ja mislam jas... Fala mami *
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2008 во 23:53

Каква зимница...Па сега има свеж зеленчук и овошје преку цела година. Од ајвар, лутеници ме фаќаат грчеви вом желудник, а дека не е здраво-сведок ми е мојата 100 и куњсур год. прабаба која ајварот го викаше мачен пипер. (печен, пржен-ни П од пиперка).

Никогаш не сум правела ни слатка, ни компоти, кога ќе ни се пријаде-ќе си купиме онака за мерак. Инаку тоа афрички огнови, женишта, брцај раце по тоа водата за лупење...бљак...
 
Далои ова значи дека не сум добра домаќинка?
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2008 во 23:55
Сакам викендов да направам слатко од лимон и портокал среќа
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,187 секунди.