|
Македонската репрезентација |
Внеси реплика | страница <12345 35> |
Автор | |||
KUKOC7
Сениор Барон Минхаузен Регистриран: 26.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 1852 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Vakva dezinformacija ne ti trebaseeeeee definitvnooooo znaci od sekogas koj i da bil dobar fudbaler od Albanska nacionalnost igral za reprezentacija....znaci pocni od legendarniot Nedzmedin Memedi, pa tuka e Zverot Artim Sakiri,pa i Argent Bekiri koa bese najdobra strelec igrase vo reprezentacija.... toa se samo del... a ke ti nabrojam uste!!!
|
|||
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
koj se najdobri? edino sto se dobri se Nedzipi i Sakiri.... momentalno ne gledam albanec sto moze za nas da igra osvem nedzipi. Sakiri e veke star... |
|||
|
|||
superboy
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Добар човек Регистриран: 08.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 103 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Македонската репрезентација е ОК.Мислам дека треба нови играчи.Нема заинтересирани за играње фудбал туку само за обложување.
|
|||
Работата го краси човекот а мрзата го гнаси.
|
|||
Red`Black
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 25.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 845 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
pa ima uste stotina
sto igrat u evropa a se od makedonija
pr Blerim Dzemaili
koj igra za selekcija na Svajcarija
a e od tetovo
i toj rekol igram za svajcaria zs mak. reprezentacija ne se interesiral za mene
toj ima 20 godini i igra za prviot tim
zar ne vredi ovoj da igra za Makedonska reprezentacija /??
|
|||
ristosko
Нов член Регистриран: 12.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
mislam deka imame dobra reprezentacija i se nadevam deka ke morame da obezbedim plasman, ova nai go sakam, makedonija na svetsko pravenstvo
|
|||
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Iskreno da ti kazam edino toj sto vredi od site albanci sto se vo stranstvo....ali jbg se odluci za svajcarija... |
|||
|
|||
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
КАПИТЕНОТ НА НАЦИОНАЛНИОТ ТИМ ВЕРУВА ДЕКА ПРЕСТОЈНИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ СЕ КОНЕЧНА МОЖНОСТ РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ДА ГО КАЖЕ ВИСТИНСКИОТ ЗБОР
СП 2010, шанса за оваа генерација *"Триумф над Луксембург добро ќе ни дојде за генерално да се создаде пеколна атмосфера за септемвриските дуели со Шкотска и со Холандија", посочува Гоце Седлоски Луксембург е само попатна станица до она што сите љубители на фудбалот желно го очекуваат. А тоа е стартот на квалификациите за СП во Јужна Африка во кои ние ги пречекуваме во Скопје, Шкотска (6 септемеври) и Холандија (10 септември). Контролата со Луксембург (20 август) ќе биде своевидна увертира за она позначајното, а тоа е, како што веќе посочивме, стартот на квалификациите. Гоце Седлоски и во овие квалификации ќе биде еден од нашите најголеми адути, со своето искуство веруваме дека ќе даде свој придонес во, се надеваме, успехот со Шкотска и Холандија, кој конечно треба да го овозможи нашиот пат кон и резултатски успешни квалификации и место на СП 2010 во Јужна Африка. "Тоа е нашата желба и тоа е нашата надеж", вели без размислување и Гоце Седлоски. "Но, дали така ќе биде, ќе зависи од стартот. Ако тука добро минеме, тогаш имаме шанси за добар пласман во нашата група", дополнува столбот на нашата одбрана со нескриен оптимизам очекувајќи од целокупната домашна јавност многу повеќе верба во сопствените квалитети. "Не треба да гледаме со потценување кон нашите можности, оваа селекција веќе долго време игра заедно и има добар потенцијал. Треба повеќе да се цениме себеси. Јас како капитен ветувам дека и натаму секогаш репрезентативците ќе го даваат максимумот". Пред септемврискиот квалификациски старт, сепак нашиот национален тим го очекува најпрво "тест" дуелот со Луксембург... "Нашите мисли се кон септември, но се разбира дека треба добро да се 'одработи' и пријателската со Луксембург. Нема да ја потцениме оваа селекција, и затоа се надевам на добра игра и победа во Луксембург. Тој триумф добро ќе ни дојде да направиме добра атмосфера пред Шкотска и Холандија и со 100% од своите сили да 'влеземе' во овие квалификации. Нам добро ни оди на пријателските средби, ретко губиме, не се ни сеќавам кога последен пат ни се случило на ваквите мечеви да бидеме поразени, но ако мене ме прашате јас би сакал да биде спротивно, на пријателските да губиме а во квалификациите да победуваме", низ шега коментира нашиот капитен. Задоволен со три бода на стартот И капитенот нешто слично како и селекторот Среќко Катанец вели дека мора да се освојат најмалку три бода на средбите со Шкотска и Холандија. "Ги читав последните изјави на Катанец за она што н$ очекува во септември. И јас би бил задоволен најмалку со три бода од овие две средби. Според мене нашата шанса е во првиот меч со Шкотска кога иако играме во лош термин (15 часот) мислам дека имаме добри шанси за победа. Се разбира дека оваа селекција мора да се респектира, но ние играме дома, играме пред нашата публика пред која сме покажале дека с$ е можно", вели капитенот. Матерсбург утре стартува во Купот Тимот на Седлоски и Наумоски утре стартува во националниот Куп на Австрија. Ривал е тимот на Линц, а мечот ќе се игра во Линц. Нема да има реванш, победникот од овој меч ќе се пласира во 2. коло. "Ждрепката сакаше да бидеме гости во 1. коло. За разлика од минатите сезони (2006 и 2007 Матерсбург играше во финалето) во оваа амбициите не се така големи во Купот на Австрија. Имаме осетно подмладен тим и оваа сезона ќе се бориме за што подобар пласман. Сепак, во Купот можни се изненадувања и јас и Наумоски, најверојатно, ќе играме на утрешниот меч и се надевам на добар резултат", дополни Седлоски. СЕЛЕКТОРОТ НА ЛУКСЕМБУРГ ГО ОБЈАВИ СПИСОКОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСКИОТ ДУЕЛ СО НАШАТА СЕЛЕКЦИЈА Со двајца интернационалци против Македонија Селекторот на репрезентацијата на Луксембург, Гу Хелерс, го соопшти списокот на фудбалерите на кои ќе смета за пријателскиот натпревар со нашиот национален тим кој на 20 август се игра во Луксембург. Очекувано селекцијата составена од фудбалери од домашното првенство, а дополнета со двајца интернационалци, дефанзивецот Џеф Штрасер член на францускиот второлигаш Мец, и фудбалерот од средниот ред на норвешкиот второлигаш Конгсвингер, Ларс Герсон. Останатите 19 фудбалери кои се повикани главно се од домашните клубови Дуделанж, Ецела, Фола, Гревенмахер... Составот на репрезентацијата на Луксембург: Алвес Да Мота (Дуделанж), Боси (Фола), Божиќ (Гревенмахер), Кастелани (Румеланж), Фереира (Ецела), Гејбуш (Фола), Герсон (Конгсвингер, Нор), Хофман (Ецела), Јоаким (Диферданж 03), Концигер (Диферданж 03), Китенге (Фола), Левек (Ецела), Мартино (Расинг), Обервејс (Гревенмахер), Пајал (Дуделанж), Петерс (Јенус), Плеин (Ецела), Рајтер (Ецела), Саграмола (Јенус), Шолер (Каерјенг), Штрасер (Мец, Фра). Натпреварот со Луксмебург на 20 август, со почеток од 20 часот го играме на стадионот "Бартел". 12.000 Шкоти во "трка" за 1000 билети Комплетната Источна трибина од "Градски" за квалификацискиот натпревар со Шкотска на 6 септември е резервирана за 1000 навивачи од Островот. Меѓутоа, со оглед на тоа што до Шкотската фудбалска федерација веќе се пристигнати 12.000 барања за билети, наредниве денови со помош на случаен компјутерски избор ќе бидат избрани 1000 патници за Македонија. |
|||
|
|||
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
НАШАТА НАЈДОБРА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДЕНЕСКА ПОЧНУВА СО МИНИ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА КОНТРОЛАТА СО ЛУКСЕМБУРГ, УВЕРТИРАТА ПРЕД СЕПТЕМВРСКИОТ СТАРТ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП 2010
Се местат коцките за Шкотска... *"Луксембург би требало да биде последна проверка на нашите можности пред она што сите со нетрпение го очекуваме, прво дуелот со Шкотска (06.09) а потоа и Холандија (10.09) на Градски во Скопје" вели Дарко Тасевски Луксембург ќе биде последната проверка на нашите можности пред стартот на квалификациите за СП 2010 во Јужна Африка кој за нас почнува во септември кога дома на свој терен ги пречекуваме прво Шкотска (06.09) и Холандија (10.09). Можеби нашиот селектор Среќко Катанец посакуваше поквалитетен ривал (тоа го кажа на последното дружење со новинарите во Скопје) но Луксембург е убава шанса со победа и во далеку подобра атмосфера го дочекаме првиот меч со Шкотите на нашиот најголем стадион. Контролата со селекцијата на Луксембург ќе биде четврти пријателски меч во оваа 2008 година, во која немаме пораз, но исто така немаме ниту победа. Во февруари во Скопје со Србија беше 1:1, во март во Зеница на гостувањето во БиХ против Босанците одигравме 2:2 и во Штудгарт (Германија) во мај непосредно пред ЕП со Полска ги одмеривме силите, а тој дуел заврши исто така нерешено 1:1. Значи Луксембург ќе биде можност и за прв триумф во оваа година на репрезентативен план. Триумф кој на избраниците на Катанец и тоа како добро ќе им дојде за првиот дуел во нашата 9. квалификациска група. "Луксембург според мене е ривал по мерка за она позначајното што ќе се случува во септември. Овој натпревар би требало да биде последна проверка на нашите можности пред дуелот со Шкотска, а потоа и Холандија. Убава увертира, ривал кој може да се победи, па затоа велам дека оваа увертира ќе биде одлична можност за што подобро воигрување, за подигнување на репрезентативната форма за стартот на квалификацииите" вели Дарко Тасевски нашиот репрезентативен играч за врска и член на бугарскиот клуб Левски Софија. Инаку, Тасевски синоќа имаше натпревар во бугарскиот шампионат па затоа денеска околу 13-14 часот (значи со мало незначително задоцнување) ќе се појави во нашата база во хотелот "Новотел" во Луксембург. "Собирот ќе го искористиме за да се видиме по речиси два месеци пауза. Навистина жалам за отсуството на Ертан Демири и Ванчо Трајанов. Ќе беше уште поубаво ако сите можеа да се јават на повикот на селекторот Катанец, на собирот кој исто така ќе го искористиме за подигнување на атмосферата на највисоко можно ниво зошто јасно дека истата е неопходна за така големи средби како што се оние со Шкотска и Холандија", продолжува Тасевски. Кога сме кај Демири и Трајанов, кои откажаа поради повреда на првиот и поради сообраќајната несреќа на вториот, јасно е дека Катанец и да сака не може да експериментира во средниот ред на мечот со Луксембург. Имено, тој ги има на располагање само Тасевски, Шумуликоски, Положани и Гроздановски, кои ќе мора да ги одиграат сите 90 минути на контролата со Луксембург. Тасевски се осврна и на претстојните квалификации, на нашите шанси во 9. група во која покрај Македонија се уште и Холандија, Шкотска, Норвешка и Исланд. "И јас се согласувам како и останатите мои колеги дека стартот е најважен, особено првиот меч со Шкотска. Ако тука успееме да ја совладаме силната селекција на Шкотска тогаш со далеку поголеми мотиви и амбиции ќе 'влеземе' на вториот меч кој н$ очекува за само четири дена, со Холандија, која објективно е најголем фаворит на хартија во нашата група. Со три од бода од првиот меч с$ е можно со Холанѓаните. Искрено јас посакувам, очекувам четири стартни бода во септември. Можеби звучи нереално или премногу оптимистично, но играме дома, а кога на 'Градски' трибините се полни и ја добиеме поддршката од нашата публика реков дека с$ е можно. Во случај да биде спротивно, ако на стартот 'киксираме' со два порази тогаш реално с$ ќе биде готово. За нас ќе завршат квалификациите уште пред да почнат. Сепак, има време до септември, со мислите сме на она што ќе се случува в среда со Луксембург", заврши Тасевски. ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР ЛУКСЕМБУРГ - МАКЕДОНИЈА (20.08.2008) среда Почеток: 20:00 часот Стадион: "Бартел" во Луксембург. НАШИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ВО САБОТАТА НАВЕЧЕР ИМАЛ СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА НА АВТОПАТОТ БУРГАС - СОФИЈА Трајанов повреден во "сообраќајка"! Нашиот интернационалец во дресот на бугарскиот прволигаш Черноморец (Бургас) Ванчо Трајанов, во саботата навчер имал сообраќајна несреќа. На автопатот Бургас - Софија на неговото возило му пукнала гумата, притоа добил повреди во пределот на градите и уште неколку поситни повреди како последица на "сообраќајката. Откако бил пренесен во болница врз него биле направени и дополнителни прегледи со цел да се утврди дали има уште некои други повреди, евентуално скршено ребро и слично. И покрај повредите нашиот репрезентативец се чувствувал добро, неговата психо-физичка состојба била стабилна и се надева дека нема да има никакви дополнителни проблеми. Инаку, Трајанов патувал за Софија од каде требало да отпатува за Луксембург каде што денеска требаше да се јави на прозивката на селекторот Среќко Катанец за пријателскиот меч со Луксембург в среда. По ова воопшто не треба да потенцираме дека тој му откажа на Катанец за овој контролен меч. прволигаш Черноморец (Бургас) Ванчо Трајанов, во саботата навчер имал сообраќајна несреќа. На автопатот Бургас - Софија на неговото возило му пукнала гумата, притоа добил повреди во пределот на градите и уште неколку поситни повреди како последица на "сообраќајката. Откако бил пренесен во болница врз него биле направени и дополнителни прегледи со цел да се утврди дали има уште некои други повреди, евентуално скршено ребро и слично. И покрај повредите нашиот репрезентативец се чувствувал добро, неговата психо-физичка состојба била стабилна и се надева дека нема да има никакви дополнителни проблеми. Инаку, Трајанов патувал за Софија од каде требало да отпатува за Луксембург каде што денеска требаше да се јави на прозивката на селекторот Среќко Катанец за пријателскиот меч со Луксембург в среда. По ова воопшто не треба да потенцираме дека тој му откажа на Катанец за овој контролен меч. Хотелот "Новотел" е нашата база Собирот за пријателската средба в среда е закажан за денеска, во 12 часот, во хотелот "Новотел" во Луксембург, кој ќе биде нашата база во текот на овие три дена. Нашите репрезентативци ќе пристигнат во "Новотел" од разни места од Европа, единствено од Скопје пристигнаа (вчера околу 17:30 имаа лет од аеродромот 'Александар Велики') стручниот штаб без Среќко Катанец, како и репрезентативците Томе Пачовски, Артим Положани и Мирослав Вајс. Во Луксембург нашата репрезентација ќе одработи вкупно два тренинга, првиот ќе се одржи денеска во попладневните часови, а вториот, воедно и последен, во текот на утрешниот ден. В среда, како што е познато, со почеток во 20:00 часот почнува натпреварот на стадионот "Бартел". Нема дополнителни повици Катанец и по "сообраќајката" на Трајанов нема намера да повикува нови имиња. Па така од првичниот список од 18 репрезентативци тој од денеска ќе може да смета само на 16 фудбалери. Да потсетиме дека првично откажа Ертан Демири (Локерен) поради повреда. Со ова и натаму продолжува неговата вообичаена практика, имено и порано се случувало слични работи па нашиот селектор ретко или никако не повикувал нови фудбалери. По отказите на Демири и Трајанов сега нашата селекција за средбата в среда останува само со четворица репрезентативци во средниот ред (Положани, Тасевски, Гроздановски и Шумуликоски). А има одлична можност да повика нови имиња со цел да ја провери нивната форма, и зошто тогаш служат ваквите пријателски средби, особено против спаринг - партнери како што е селекцијата на Луксембург. Луксембург - можност за победа! Репрезентативниот голман и чуварот на мрежата на Вардар, Томе Пачовски, за контролата со Луксембург вели дека тоа е одлична можност за победа и за подигање на атмосферата на уште повисоко ниво за она што допрва претстои, стартот на квалификациите и стартните мечеви со Шкотска и Холандија. "Секако дека во денешниот фудбал нема аутсајдери и фаворити. Значи и покрај квалитетот, што е објективно на наша страна, не смееме по никоја цена да го потцениме Луксембург, особено не кога се играат вакви пријателски мечеви. Сепак, и покрај с$ јас сум голем оптимист. Ова ќе биде можност со победа да ја подигнеме атмосферата за септемвриските дуели со Шкотска и Холандија. Очекувам заедно со мојот колега Петар Милошевски да браниме по едно полувреме и, секако, да не примиме гол", вели Пачовски. |
|||
|
|||
Red`Black
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 25.Јули.2007 Статус: Офлајн Поени: 845 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Makedonija vo svetsko
vo 2009 posle nasa era :)
|
|||
Гостин
Гостин |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Fata morgana. |
|||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|||
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Рафал на Пандев и дружината
*Нашиот најдобар фудбалер даде два гола, а во листата на стрелци и имињата на Гроздановски и Наумоски. ЛУКСЕМБУРГ - МАКЕДОНИЈА 1:4 (0:3) Стадион: "Жози Бартел" во Луксембург. Гледачи: 2.000. Судија: Бругер (Австрија). Помошници: Едер и Хиршбергер (Австрија). Стрелци: Китенге 73' (ЛУК), Пандев 6', 44' Гроздановски 33', Наумоски 49' (МАК). Играч на натпреварот: Горан Пандев ЛУКСЕМБУРГ Жуберт 1 Кинцингер 1.5 Грајсбуш 1 (/ Саграмола 89') Хофман 1 Рајтер 1 Петерс 1 Страсер 1.5 (46' Паја 1) Бетмер 1.5 (46' Китенге 2) Левек 1.5 (72' Дамота /) Јоаким 1.5 (46' Жерсон 1.5) Муч 2 МАКЕДОНИЈА 2.5 Милошевски ( 2 Пачовски 46') 2.5 Новески ( 2 Вајс 64') 2.5 Митрески 2.5 Седлоски 2.5 Попов ( 2 Петров 46') 2 Лазаревски (2 Положани 64') 2.5 Шумуликоски 2.5 Гроздановски 3 Пандев 2.5 Наумоски 2.5 Мазнов ( 2 Тасевски 46') Победнички ритам за нашиот најдобар состав пред стартот на квалификациите за СП 2010. Македонија синоќа со убедливи 4:1 славеше над Луксембург како гостин на тест средбата во која бевме далеку подобар тим од слабите домаќини. Пандев и дружината имаа еден добар тренинг за давање голови, а застанаа на четири погодоци во мрежата на Луксембург. Победата ја осигуравме уште по првите 45 минути, кои ги завршивме со предност од 3:0. Само 6 минути домаќините ја имаа резултатската рамнотежа. Горан Пандев уште на самиот почеток од средбата казни една голема грешка на домашната одбрана кога со својата "левица" ја "спука" топката над главата на домашниот голман Жубер. Тргнавме офанзивно со тројца напаѓачи (Пандев-Мазнов-Наумоски) и не му дозволивме на домаќинот да излезе од својата половина. Речиси сите шанси ги претворивме во гол. Во 33. минута Гроздановски од втор план по одличниот пас со Наумоски изби сам и ја пласираше топката меѓу нозете на домашниот голман, а Пандев во самиот финиш на првиот дел со удар од 18 метри и со помош на одбраната на Луксембург ја "торпедираше" мрежата на Жубер. Убедливи 4:0 имавме во 49. минута кога својата добра игра со гол ја круниса и Илчо Наумоски, кој од 5 метри со глава ја смести топката во мрежата. И тоа беше с$ од нашите голови. Тасевски го замени Мазнов и тоа беше причината поради која немавме играч повеќе во офанзивата, а со тоа изостанаа и шансите, но и можноста да се стигне до поубедлива победа. Следеше опуштање во нашата игра и штедење на силите, а таквата игра ја искористија фудбалерите на Луксембург, кои во 73. минута преку Китанге го ублажија поразот. Овој триумф е добредојден за составот на Катанец. Треба да ја врати самодовербата и да создаде одлична атмосфера во тимот пред натпреварите кои се бројат. Дуелите со Шкотска и Холандија на почетокот на септември каде ќе се бркаат квалификациски бодови. За Македонија со Катанец останува серијата одлични резултати на пријателските средби. Победата од 4:1 над Луксембург за неколку дена ќе даде одговор на прашањето дали ние бевме многу силни или Луксембург беше многу слаб. Тоа што н$ радува е добрат форма на поедини играчи, а посебно на Пандев, кој вчера докажа дека игра во голем стил кога на моменти си поигруваше со противничките фудбалери како со мали деца. Пандев сe поблиску до Христов Со двата гола против Луксембург Горан Пандев стигна до бројката од 14 погодоци во дресот со државниот грб. Сега тој е многу блиску до оние рекордни 17 голови на Ѓорѓи Христов со што се очекува струмичанецот многу брзо да избие на чело на таа листа од наши најдобри стрелци на сите времиња. Пандев останува трет на листата затоа што Шаќири е втор со 15 голови. Рекордна победа на гости Овие 4:1 синоќа во Луксембург се рекордни за нашиот најдобар состав. Рекордна победа на пријателските средби кога сме во улогата на гости. Никогаш досега не сме славеле толку убедливо, а третпат даваме 4 голови по оние 4:4 со Б и Х пред 5 години во Сараево и победата од 4:2 над Естонија во Талин. Македонија синоќа го одигра 64. пријателски меч по кој имаме нерешен скор од 23 победи, 18 дуели кои завршиле без победник и 23 порази. Се повреди Илчо Наумоски Последните 10 минути нашиот национален тим ги одигра со 10 фудбалери. Поради повреда натпреварот не можеше да го продолжи Илчо Наумоски, кој разаботи истегнување на мускулот од десната нога. Првичните најави се дека повредата не е сериозна и дека за неколку дена голгетерот пак ќе биде во игра. Останавме со 10 фудбалери затоа што на клупата немавме резерви фудбалери. Ова сигурно треба да биде добра лекција за Катанец околу тоа колку играчи треба да повика па макар и на тест меч. |
|||
|
|||
berbatovski
Нов член Регистриран: 19.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Da ama sreshtu koi?
Srestu velikoto herzokstvo mislam deka e mnogo golema pobeda i nai verojiatno ke obezbedime plasman na svetskoto prvenstvo |
|||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
|||
Внеси реплика | страница <12345 35> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |