IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Свет
  Активни теми Активни теми RSS - Целта на Масонството
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Целта на Масонството

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 62>
Автор
Порака
neo_wmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Angel of Death.

Регистриран: 29.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај neo_wmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Целта на Масонството
    Испратена: 20.Август.2008 во 20:56
Прашањето е јасно "Која е целта на масонството".

Изменето од neo_wmaster - 20.Август.2008 во 21:10
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 00:12
Ти благодарам што ја префрли дискусијата тука - сепак, во Вероисповед треба да се ограничиме само на дискусии од аспект на верата, додека тука можеме да зборуваме и за тоа, но и доста поопширно.
За целта на масонството зборував во темата која беше таму отворена и тоа доста на долго и на широко.
Ќе одговорам во кратки црти, па потоа може да дискутираме поопширно.
Основната цел е усовршување на човекот. Не материјално, туку духовно. Човек кој е стабилен духовно, кој има цврсти морални вредности, кој има стабилна верба и критериуми - е столб на општеството, на семејството, на заедницата.
Како се прави тоа? Преку самата церемонија, која на симболичен начин зборува токму за тие човечки вредности, преку изучување на природата и науката, преку градење на братска врска со другите луѓе и меѓусебното помагање и поттикнување. Членовите се однесуваат едни кон други како вистински браќа. Врзани се меѓусебно преку ритуалната врска која ја остваруваат, но пред се - преку идеалите кои ги имаат и тие вредности за кои зборував.
Многу луѓе се заблудени и мислат дека со влегување во ложата се станува моќник и дека одеднаш ќе се збогатиш... не е точно и таквите луѓе или воопшто не успеваат да влезат или ако успеат, многу брзо отпаѓаат, затоа што не се прифатени од средината.
Има и познати такви случаи, на пример - основачот на Skull&Bones. Незадоволен од тоа што во ложите не смее да се зборува за политика и да се организираат политички активности, ја напушта и формира здружение кое е тајно, нема толку филозофско-езотерички карактер, и се занимава отворено со политика и изразување на влијание.
Друг случај е Дичо Џели и П2. Целата ложа П2 е исклучена од Италијанското Масонско Братство, затоа што почнува да прима само богати и влијателни луѓе и затоа што почнува да се занимава со политика. Џели дури испраќа потоа смртни закани до Големиот Мајстор на Италија и прави неколку обиди за атентат. Неколку години подоцна, потегот на Големата Ложа на Италија се покажува како исправен и навремен, затоа што П2 и Дичо Џели се во центарот на скандалот со Ватиканската Банка.

Масонството не е религиозна организација, иако се инсистира членовите да се верници. Во Франција една од Големите Ложи прима и атеисти, но затоа пак не се признати од останатите ложи по светот. Причината заради која се инсистира човек да биде верник, е тоа што се смета дека атеистот има морална одговорност единствено пред самиот себе си и единствено на себе си одговара за постапките. Додека верникот, се води од повисока инстанца во поглед на моралната одговорност и вредности и знае дека што и да направи во животот, и никој да не дознае, секогаш Бог знае и суди.
Да, се помагаме едни со други и имаме безрезервна доверба едни кон други. Оттаму доаѓаат сите теории на заговор и слични приказни, затоа што човек што не е член, не може да разбере како тоа може со некој кој ни го знам, ни го познавам, да се однесувам како да ми е роден брат - на пример да дојде сега некој од Јапонија и да побара помош, јас веднаш ќе му ја пружам. Но и тој ќе го стори истото за мене. И знам дека никогаш нема да злоупотреби со мојата доверба, и нема да ми наштети. Никогаш! Затоа и многу често соработуваме едни со други и на бизнис план - затоа што едно стискање на рака е посилно од секаков законски договор и потпис. Едноставно знам дека нема да бидам изигран, дека ќе биде се како што треба и дека ќе добијам максимално квалитетна услуга, за најдобра можна цена и под најдобри услови. Тоа многу луѓе не го разбираат и мислат дека е некаков заговор. Разликата е што кога си во редовна комуникација со луѓето во јавниот живот, секогаш тргнуваш со едно ниско ниво на доверба кон нив, додека тие не ја стекнат твојата доверба за да можеш да работиш со нив, да соработуваш, па дури и да се дружиш. Додека меѓу двајца масони - таа доверба е на највисоко ниво од самиот почеток. Се разбира - едниот или другиот може да не ја оправдаат таа доверба, но тоа ќе значи сериозно оцрнување на името и угледот на истиот.
Do what is right, come what may...
Кон врв
neo_wmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Angel of Death.

Регистриран: 29.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај neo_wmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 19:06
Со тоа што го објасни увидов дека целосно погрешно сум ги гледал работите. Мислев дека Масоните се Антихристијанска организација која врши државни удари и нејзината цел е да владее со светот. Гледам дека не е така. Инаку која е најмокната ложа на светот и на чија ложа си ти член?
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2008 во 05:07
Нема "најмоќна" ложа во светот.
Секоја држава има своја Голема Ложа (здружение на локалните ложи), и сите Големи Ложи по светот имаат процедури за меѓусебно признавање и комуникација.
Една од најпочитуваните (тоа не значи најмоќна или највлијателна) е Големата Ложа на Англија, затоа што е прва формирана, најстара (1717 година), како и Големата Ложа на Шкотска и Големата Ложа на Ирска - затоа што се следните 2 по старост. Исто позната и почитувана е на пример Обединетата Голема Ложа на Германија - заради големата активност во проучувањето на историјата и успехот при ре-активирањето на масонството во Источна Европа, по падот на комунизмот (за чие време масонството е забрането како про-демократска идеја).
Јас сум член на Големата Ложа на Канада, во Провинцијата Онтарио (така е полното име).
Do what is right, come what may...
Кон врв
neo_wmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Angel of Death.

Регистриран: 29.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај neo_wmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2008 во 18:32
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Нема "најмоќна" ложа во светот.
Секоја држава има своја Голема Ложа (здружение на локалните ложи), и сите Големи Ложи по светот имаат процедури за меѓусебно признавање и комуникација.
Една од најпочитуваните (тоа не значи најмоќна или највлијателна) е Големата Ложа на Англија, затоа што е прва формирана, најстара (1717 година), како и Големата Ложа на Шкотска и Големата Ложа на Ирска - затоа што се следните 2 по старост. Исто позната и почитувана е на пример Обединетата Голема Ложа на Германија - заради големата активност во проучувањето на историјата и успехот при ре-активирањето на масонството во Источна Европа, по падот на комунизмот (за чие време масонството е забрането како про-демократска идеја).
Јас сум член на Големата Ложа на Канада, во Провинцијата Онтарио (така е полното име).

Inaku koi se kriteriumite za da se stane clen na nekoja loza i dali dobro opstojuva Makedonskata loza?
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2008 во 20:07
Да, масонската ложа опстојува сосема добро. Во Америка, во 50-тите години има огромен наплив на членство (што не е толку нормална ситуација), но потоа опаѓа на нормалното ниво. Проблемот е што многумина во Америка мислат дека е тоа опадок, што не е точно, затоа што во остатокот од светот е во стабилен пораст. И во Америка работите почнуваат да се средуваат и има реални бројки.
Критериуми:
- Да се биде маж, над 21 година (само некои јурисдикции бараат 18, а многу многу ретко условот е 25, зависи од земјата во која се наоѓаш).
- Неосудуван и да не си моментално под никаква истрага
- Да веруваш во Виша Сила (Supreme Being), без разлика на која религија припаѓаш - мора да веруваш во Бог (онака како што ти си го дефинираш за себе)
- Да веруваш дека добрите дела се наградени, а грешните казнети (од Бог, односно од таа Виша Сила)

Тоа се основните критериуми.
Оттаму има неколку дополнителни услови.
Да имаш разбирање и одобрување за своето членство од семејството (пред се сопругата, ако си женет). Ако сопругата не се согласува, не може да станеш член.
Да бидеш човек со високи морални вредности, човек кој е столб на својата заедница, предан сопруг, татко (се разбира, ако си женет и ако имаш деца), да бидеш почитуван во професијата во која работиш (не да бидеш познато име - а да бидеш почитуван како чесен и стабилен), да не си во долгови.
Да можеш да си дозволиш да одделиш време и средства за да бидеш во ложата. Иако состаноците се само два пати месечно, сепак - тоа понекогаш е доста време. Иако членарината е многу мала, сепак - за некои луѓе тоа се многу пари, и ако семејството ти страда за основни работи - тогаш како тоа ти си дозволуваш да трошиш пари на било што, освен на нивната добробит?
Секогаш, на прво место е Бог, после е семејството, после е државата, а дури потоа е ложата. Секоја мора да си ги има разјаснето овие приоритети пред да бара членство.
Да не влегуваш во ложата заради материјални мотиви. Да имаш почит кон другите, нивното мислење и право на себе определување (односно - да не ти пречи нивната раса, нација, јазик, верско определување), и да не зборуваш во ложа за политика и религија.
Мора да си примерен човек - дури за работа од типот на изневерување на сопругата - веднаш се лета од ложата!
Мора сам да пројавиш интерес и сам да бараш членство, не смее некој да те покани да се зачлениш. Ако некој ти понуди, не само што ти нема да може да станеш член, ами и тој ризикува да го изгуби своето. Секој сам тргнува во потрага по светлината и тоа мора да е негова лична одлука.
Тоа е во најопшти црти... ако имаш уште прашања - бујрум.
Do what is right, come what may...
Кон врв
neo_wmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Angel of Death.

Регистриран: 29.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај neo_wmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2008 во 19:05
Eve uste nekoe prasanje. Ima li nekoj ritual pred da se vleze vo lozata i dali ima pravo da ja napusti lozata samovolno?
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Август.2008 во 22:34
Има ритуал на посветување при влегувањето во ложата, но не пред тоа. За секоја степен, има посебен ритуал.
Тоа е нормално - потеклото на масонството во формата во која постои денес е од витешките редови. Сите витешки редови имале форма на ритуал за посветување на своите нови членови - за да се оддаде важност на самиот орден, а и да се поучи кандидатот на преданост, верност, чесност итн... Во денешно време, тоа изгледа можеби чудно, но ние во таа форма го правиме многу одамна - пишани документи има дури од крајот на 15ти век. Така што - кога се разгледува идејата за тие ритуали, треба да се има во предвид општеството и идеите во тоа време (а и претходно), а не денешното. Во 15ти век, такво нешто би било сосема нормално и очекувано.
Се разбира дека има право да ја напушти ложата. Секојдневно луѓе од најразлични причини напуштаат и никој не го оспорува тоа нивно право. Некој не го пронашол тоа што го барал, односно имал друга идеја за масонството, друг - презафатен со работата и семејството, трет - едноставно доживеал лични промени и сака нешто друго... никој не ги преиспитува тие одлуки - тоа е лично решение на секој член.
Има неколку форми на напуштање. Едната е неактивно членство - односно, човекот сеуште се води како член, но не е присутен во ложата. Другата е отстапување од ложата, но задржување на статусот на масон - односно, сеуште има право да премине во друга ложа, доколку сака (на пример - не му одговара ложата во која се наоѓа од некоја причина). Трета форма е целосно напуштање на масонството - и во тој случај, човекот целосно ги прекинува контактите со братството во целост. Не личните, приватни контакти со поединечните членови кои му се пријатели, се разбира.
Дури и откако ќе напушти, сепак, кодот на однесување налага да се почитува тајноста на ритуалот, но се разбира - не секој го прави тоа. Во тој случај, станува јасно за каква индивидуа станува збор (штом не го почитува сопственото ветување) и бидува сосема екскомунициран од сите членови, затоа што станува збор за човек со низок морал и без вредности.
Do what is right, come what may...
Кон врв
neo_wmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Angel of Death.

Регистриран: 29.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај neo_wmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2008 во 17:14
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Има ритуал на посветување при влегувањето во ложата, но не пред тоа. За секоја степен, има посебен ритуал.
Тоа е нормално - потеклото на масонството во формата во која постои денес е од витешките редови. Сите витешки редови имале форма на ритуал за посветување на своите нови членови - за да се оддаде важност на самиот орден, а и да се поучи кандидатот на преданост, верност, чесност итн... Во денешно време, тоа изгледа можеби чудно, но ние во таа форма го правиме многу одамна - пишани документи има дури од крајот на 15ти век. Така што - кога се разгледува идејата за тие ритуали, треба да се има во предвид општеството и идеите во тоа време (а и претходно), а не денешното. Во 15ти век, такво нешто би било сосема нормално и очекувано.
Се разбира дека има право да ја напушти ложата. Секојдневно луѓе од најразлични причини напуштаат и никој не го оспорува тоа нивно право. Некој не го пронашол тоа што го барал, односно имал друга идеја за масонството, друг - презафатен со работата и семејството, трет - едноставно доживеал лични промени и сака нешто друго... никој не ги преиспитува тие одлуки - тоа е лично решение на секој член.
Има неколку форми на напуштање. Едната е неактивно членство - односно, човекот сеуште се води како член, но не е присутен во ложата. Другата е отстапување од ложата, но задржување на статусот на масон - односно, сеуште има право да премине во друга ложа, доколку сака (на пример - не му одговара ложата во која се наоѓа од некоја причина). Трета форма е целосно напуштање на масонството - и во тој случај, човекот целосно ги прекинува контактите со братството во целост. Не личните, приватни контакти со поединечните членови кои му се пријатели, се разбира.
Дури и откако ќе напушти, сепак, кодот на однесување налага да се почитува тајноста на ритуалот, но се разбира - не секој го прави тоа. Во тој случај, станува јасно за каква индивидуа станува збор (штом не го почитува сопственото ветување) и бидува сосема екскомунициран од сите членови, затоа што станува збор за човек со низок морал и без вредности.

Fala za objasnuvanjata i za vremeto sto go potrosi za mene. Sega za sega nemam drugi prasanja. Pozdrav
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2008 во 23:32
Ми беше задоволство.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Zdravko81 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1690
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zdravko81 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2008 во 00:29
дали самосвеста за постоење на различни нивоа на свест на развој на луѓето се фактор за да се биде како што ти велиш масон. дали гледањето и спознавањето на одрдени правила како функционираат некои од нивоата или слоевите на луѓе, те прават масон? зашто кога ке научиш како функционора некој можеш да бидеш едноставно ГОЛЕМ за него... ама забележав едно. СЕКОГАШ ИМА ПОГОЛЕМ ... а суштината не е во гплемината... интересно е али кога ке се дојде до тој заклучок се добива мир... а не моќ.
Луѓето имаат избор, но важно е да се држат до тој избор
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2008 во 00:44
Не. Вакво нешто нема (колку што можев да го разберам твојот пост, доста е конфузен).
Do what is right, come what may...
Кон врв
neo_wmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Angel of Death.

Регистриран: 29.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 660
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај neo_wmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2008 во 20:28
Eve uste edno prasanje. Mozes li primer da si osnovas tvoja loza, vo koja ke bidat zapazeni site kodeksi i pravila na masonstvoto?
I love Daphne Millbrook.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2008 во 21:05
Може, но има процедура... да објаснам на кратко...
За да се формира ложа, треба да има 7 масони кои ќе ја формираат. Значи - не може ти и пријателите да се соберете, да направите здружение, да ги следите принципите и да се нарекувате автоматски ложа. Односно - може да си се нарекувате, ама нема да биде тоа вистинска ложа .
Бидејќи масонството е иницијациско братство, сите членови мора да се посветени, преку посебна церемонија.
7 такви посветени членови, може да решат да формираат своја ложа. Така впрочем и се формираат ложите кај нас на пример - кога едната ложа ќе има доволно голем број на членови, на пример 25-6, 7 души (или повеќе) се одвојуваат, почнуваат нова, и така расте бројот на ложи.
Новоформираната ложа, мора да добие дозвола од Големата Ложа на соодветната земја, односно Charter (стварно не го знам македонскиот израз за ова). Потоа, во присуство на мајстори од други ложи, се формира ложата, преку посебна церемонија, наречена - внесување светлина.
Дозволата од Големата Ложа е потребна, за да се утврди дали е се регуларно и дали се работи по утврдените принципи.
Да се има едно во предвид - таа нова ложа, не е "приватна" сопственост на луѓето кои ја формирале, затоа што и тие мора да делуваат според утврдените принципи, да примаат нови членови според правилата, да ја водат дејноста, да се ротира раководството според правилата итн.
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 62>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,547 секунди.