|
Смее ли христијанка да се омажи за муслиман? |
Внеси реплика | страница <1 1415161718 25> |
Автор | |
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Евангелос - се согласивме веќе дека дискусијата од аспект на Христијанството е завршена, но за да не отвораме нова тема со слична формулација, продолживме со дискусијата тука, со мало проширување на концептот.
Месинџер - примерот со Исус не е точен, во контекст на тоа што те прашувам. Исус бил и со грешници, но тој се обидувал да ги смени и да ги изведе на правиот пат. Преведено во контекст на вери - тоа било како христијанинот да го убедува муслиманот да смени вера, затоа што тоа е правиот пат. Значи - да го оставиме тој пример на страна - дали би можел да живееш, дали твојата совест, душа, љубов, ќе ти дозволи да живееш со некој кој знаеш дека е во духовен пекол (ако сакаш така наречи го) и упорно ги прави работите кои го задржуваат таму - а ти не смееш ништо да му кажеш за тоа и да го изведеш на она што според тебе е пат на љубовта, на чистото, на духовниот рај? Дали би можел да дозволиш твоите деца да живеат во духовен пекол, сегашен, земен, а ти да не ги ни посоветуваш како да достигнат духовен, сегашен, земен рај? |
|
Do what is right, come what may...
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Spored koj avtoritet hristijanite izglasaa deka nemozhat da se mazhat za musliman ili za nekoj od druga vera? Spored brojot na dadenite glasovi na ovoj forum ?
I koj e toj avtoritet koj kje presudi deka toa e edinstveniot ispraven izbor za site hristijani i ke stavi kraj na diskusijata ? EvAngelos, te cenam kako teolog, no ne zaboravaj deka glavnata odlika na onie koi go sledat Isus e skromnosta i zhelbata za lichno prosvetluvanje. I dvete odliki nemaat rok na traenje i voopshto ne zavisat od obemot na teoretskoto znaenje koe go sobirame vo tekot na nashiot zhivot. Изменето од Messenger - 22.Август.2008 во 18:51 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Месинџер, за последниов коментар не си во право. Христијаните, го сметаат Светото Писмо за критериум по кој се водат. Христијаните не го оспоруваат тоа што Павле го проповеда, а сметаат дека е Божја Реч и тоа. А таму - многу точно се кажува ставот во врска со ова...
Така што од христијанска гледна точка - има јасен одговор. Сега веќе дискутираме од човечка гледна точка... |
|
Do what is right, come what may...
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Povtorno zboruvame za nechii interpretacii koi se opolnomoshteni od teologijata kako Bozhja volja. Povtoruvam, bidejki mnogu lesno se minuva preku tie fakti: nechii interpretacii koi stanale teoloshki argumenti za Bozhjata volja.
Tolku. Dokolku za vas religijata e teologija, povelete veruvajte i uzhivajte vo nea. Jas iscrpno go elaborirav mojot stav koj ochigledno e protiv sekoja institucijaliziranost i dogma na religijata. Dali se slozhuvate so toa ili ne e vash izbor. Jas nemozham da dodadam nishto poveke na ovaa tema sto bi frlilo posilna svetlina kako na postavenoto prashanje, taka i generalno na religijata i religioznosta. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Messenger, јас го почитувам твојот став, но работата е во тоа што овде, конретно на оваа тема, согласно нејзиниот наслов, се бара ставот на христијаните - а тој став веќе неколку пати го повторивме и нема смисла и понатаму да го повторуваме. |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Месинџер - или не ми одговори на прашањето, или јас не те разбрав... Многу едноставно го формулирав во претходниот пост, те молам, дај ми искрен одговор, јасен и едноставен... Инаку - ти зборуваш за општа религиозност и религија, но тоа не е христијанство, или ислам, или будизам, а нешто што би било сето тоа одеднаш (отприлика...). Сепак - кога зборуваме за Христијанство, доста јасно е за што зборуваме, нели? |
|
Do what is right, come what may...
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zidarski, ne znam dali go prochita ova kako moj odgovor na tvoeto prashanje :
Ne go delam istoto veruvanje za Raj i pekol so teolozite i onie koi gi sledat nivnite interpretacii, pa zatoa diskusijata vo taa nasoka ne bi dovela do nikakvo razbiranje. Rajot i pekolot ne se nekakvi mesta vo nebesata, tuku sostojbi na svesta koi se spechaleni vo tekot na nashata materijalna egzistencija. Nie mozheme da posovetuvame i da upatime nekogo na pat do lichnoto prosvetluvanje, no nemozheme da go izodime ili da go platime toj pat za nego. Sekoj si odgovara samiot za sebe za svoite postapki vo zhivotot. Ako navistina poseduvash Ljubov i kako Bozhja ekstencija sakash da ja spodelish so drugite, togash ke mozhesh i ke sakash da zhiveesh so site Bozhji cheda, isto onaka kako sto pravel i Isus, bez obzir dali nekoj ke zavrshi vo "raj" ili "pekol". Nie nemozheme da pretpostavuvame ili da presuduvame koj kade ke odi na krajot od svojot materijaln zhivot, no mozheme da im pomogneme da go pronajdat svojot pat. Ako nekoj pravi bilo kakvo sudenje i procenuvanje vo ovoj svet, togash toa go pravi samo od teoloshka gledna tochka, a toa ne e religioznost. Razbiram deka vie, koga zboruvate za hristijanstvoto, zboruvate za hristijanskata teologija. Koga jas zboruvam za hristijanstvo zboruvam za Isusovoto propovedanje, a ne za nechii interpretacii koi, posle negovoto raspetie, stanale teoloshki dogmi. Vie ja prifakjate teologijata kako Bozhja volja i Bozhji zbor, a jas velam deka taa e samo proizvod na chovekoviuot um i kako takva nikogash nemozhe da bide bozhenstvena. Jas go koristam terminot "hristijanstvo" samo zatoa sto toa e opshtoprifateno ime za onoa sto propovedal isus. Za zhal nemozham da koristam termin "Isusijanstvo" bidejki toa nikoj ne bi go razbral i samo bi predizvikalo nepotrebno natamoshno nedorazbiranje. Ako i sega moite zborovi ne stigaat do tebe, togash verojatnosta e deka ne umeam da sum poelokventen. Ne velam deka nekoj e vo pravo, a nekoj e vo greshka, samo potenciram deka nasheto razbiranje za religioznosta, duhovnosta i prosvetlenosta izgleda se dijametralno razlichni. No toa nikomu ne mu dava za pravo da polaga apsoluten avtoritet na Bozhjata volja, bidejki takvo neshto nemozhe nikogash da postoi. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А од каде знаеш ти што проповедал Исус?
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одлично објаснето сосема се согласувам! Прашањето можеби треба да се прецизира вака: Каков е ставот на одделните христијански деноминации во врска со ова прашање? И тогаш православните ќе одговорат од точка на гледиште на својата теологија, адвентистите од својата, кристаделфијаните(има ли тука такви?)од своја и тн. Колку што има деноминации веројатно и толку одговори. Исто како во исламот... За еднои исто прашање да го прашаш сунит, шиит,бектеш и ахмедиец ќе добиеш 4 различни одговори - секако, секој од нив ќе тврди дека токму неговиот е најправоверен, нај исламски. Изменето од Majkl - 22.Август.2008 во 21:18 |
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВИСТИНСКАТА Теологија е нешто чудесно.
Тоа знаење не се отвара на секому а најмалку на чедата на неверниот свет! БОГ Е ЉУБОВ! |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
I Ljubovta neka bide sekogash so tebe!
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што е човекот без неа? Што е творбата без Творец? Што е Творецот без љубов кон творбата? Има ли поголем доказ кон својата љубена невеста од онаа на голгота? поздрав |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Shaxito
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 260 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ova prasanje moze da Bide I obratno postaveno....!
Od dvete veri Mislam deka ne smee ... da se mesaat dve veri. Ali jas kako licnost NEmam nisto protif + vo denesno vreme kako sto gledam Toa e prirodna pojava i ne mi e nisto cudno :) neka ziveat Mladite i neka uzivaat... PA sega Musliman.Hristijanin :D :)) Covek .. od krf i meso. |
|
''Ceni se samiot ako sakas da te cenat i drugite''
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Подобро би било кога крв и месо и хормони итн. не би биле темелот на кој се гради бракот туку ДУХОТ БОЖЈИ - ОТЕЦОТ на ЖИВОТОТ (ХРИСТОС Милостивиот)!!! поздрав Изменето од spiros - 23.Август.2008 во 06:21 |
|
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|
Внеси реплика | страница <1 1415161718 25> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |