IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Технологија
  Активни теми Активни теми RSS - Новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 9>
Автор
Порака
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2008 во 12:26
Sony Ericsson T700 - тенок и елегантен

Доколку сте од оние кои не сакаат премногу да се експонираат или пак сте најнезабележителната личност во друштвото, време е тоа да го смените. Со T700 телефонот на компанијата Sony Ericsson ќе отскокнувате во друштвото и тоа не само со елегантниот изглед на телефонот, туку и со тоа што тој истовремено ќе имате и одличен мултимедијален уред.


T700 поседува камера од 3,2 мегапиксели. Сите снимки и видео записи можете да ги прегледате на TFT екранот со големина од 2 инча. Истите фајлови можете да ги споделите со своите пријатели преку блогови и мрежи на онлајн дружба. Со други зборови, телефонот дава квалитетни фотографии и има опција за поврзување на интернет.

Апаратот е особено тенок, поточно само 10 милиметри, а има и градена меморија од 512 мегабајти. Сепак компанијата не изостави да додаде и екстра слот за сите оние на кои оваа меморија едноставно им е премала.

Стерео звучниците кои вадат висококвалитетен звук овозможуваат сите околу вас да уживаат во тоа што вие го слушате.

Sony Ericsson T700 поседува GSM/GPRS/EDGE 850/900/1800/1900 UMTS/HSDPA конекција, што е уште еден показател дека сите ќе ви завидуваат.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 14:09
Телевизори со два тјунера

Телевизор кој ви овозможува да гледате два канала одеднаш, слика во слика и слика и телетекст заедно, звучи одлично зарем не? Покрај тоа што звучи одлично, сега е и возможно благодарение на телевизорите со два вградени тјунера. Еве како сето тоа функционира.

Идеални решенија

Овие функции денеска имаат смисла само кога екраните се со голема ширина, тогаш истовременото прикажување на две слики не го намалува уживањето. Приказот слика во слика не е наменет две лица да гледаат различни програми поради тоа што не звукот не се емитува паралелно на двата канала.

Таа опција повеќе е за ситуации кога следите една програма, а го очекувате почетокот на некој филм или емисија на друг. Слика и слика е идеална опција за оние кои сакаат да следат два програма истовремено бидејќи звукот, исто така, паралелно се емитува, еден преку звучникот на телевизорот, а другиот низ излезот за слушалки.

Слика и телетекст е добро решение за оние кои не сакаат да пропуштат ниту еден момент од тоа што го гледаат. Со оваа опција можат истовремено да ја гледаат емитуваната содржина и да ги следат податоците на телетекст.

PAP-picture and picture

Слика и слика. Двата тјунера истовремено репродуцираат слика една до друга (по правило звукот од левата слика се слуша преку звучниците, а од десната слика преку слушалки)

PIP-picture in picture

Слика во слика. Помалата слика е прикажана внатре во програмата која се гледа. Функционира со помош на двата тјунера или пак со помош на дополнителниот уред кој е приклучен на ТВ приемникот.

PAT-picture and text

Телетекст програма која ја гледате прикажана на една половина на екранот, а програмата оди на другата половина.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
invader Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 13.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 442
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај invader Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 16:45
kakov novitet ,
ova go ima uste pred nekoja godina,
duri i tuka!
在美居住和工作 ——快来参加官方举办的美国绿卡抽奖!
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2008 во 13:39
Пристигнува Google Android?!

Android телефонот, на кој компанијата Google работи веќе подолго време би можел уште во октомври да се најде на пазарот.

Според информациите на „Wall Street Journal " и на „New York Times“, нема да треба да чекате до 2009 година за да се подновите со овој телефон.

Двата весника пишуваат дека, операторот „T-Mobile USA“ ќе биде заподлжен за дистрибуцијата на првите Android телефони, кои ќе бидат изработени од познатата тајванска компанија HTC.

Спецификациите на телефонот, кој веројатно ќе се појави под називот Dream (сон) сè уште се чуваат во најголема тајност. Се шпекулира дека Android-от ќе поседува QWERTY тастатура, дека ќе биде на лизгање, и секако дека ќе има GPS приемник и силна камера.

Доколку се појави во октомври, Google Android телефонот сигурно ќе доживее вистински бум, особено ако се земе предвид дека Божиќните празници веќе ќе тропаат на портите.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2008 во 08:58

IdeaPad U8 од Lenovo

По бројните најави и шпекулации, Lenovo конечни и официјално го претстави својот MID (Mobile Internet Device). Уредот, кој доаѓа под името IdeaPad U8 е опремен со 800-мегахерцен Атом, со еден или два гигабајти работна меморија и 6 гигабајти хард диск. На апаратот се наоѓаат две камери и еден USB слот.

Апаратот поседува екран осетлив на допир кој се управува со помош на stylus. Од безжичната технологија, присутни се GPS, EDGE, Bluetooth и Wi-Fi. Се уште не се знае дали IdeaPad U8 ќе поддржува 3G и WiMAX.

Според најавите IdeaPad U8 на кинескиот пазар ќе се појави во текот септември. За сега нема информации за неговата цена, но се очекува дека таа ќе се биде слична со онаа на просечните smartphone апарати.


 

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2008 во 12:25
Новите iPhone апарати самозапаливи

Новиот 3G Apple iPhone повторно се најде на метата на критичарите откако се проширија информациите дека некои од апаратите се запалиле.

Најмногу внимание привлече извештајот прегорување на слотот за полнење на апаратот, кој за време на полнењето се запалил и го уништил целиот апарат. Наводно проблемот е неисправната фабричка батерија која оди со апаратот.

Ова е последниот од серијата проблеми со кои Apple кои се соочува со новиот iPhone кој и онака има многу багови и лош приема на сигнал, кој е последица на вградувањето на неадекватни чипсетови, кои на европските корисници веќе со години им задаваат главоболка.

Последниот софтверски апдејт, кој требаше да ги отстрани проблемите со приемот, само дополнително ја влоши ситуацијата, откако го онеспособи GPS системот на новите телефони. Apple се уште мудро молчи за проблемите. Во индустриските кругови веќе се поставува прашањето дали можеби е време за повлекување од пазарот на овој проблематичен производ
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2008 во 10:34
3D телевизија

DDD Group, компанијата за 3D решенија, потпиша спогодбен договор за развој со Hyundai IT Corp, со цел да се прошири синџирот на 3D HD телевизори, кои DDD ги инкорпорира во TriDef Core хардверски решенија.

Според условите на договорот, DDD ќе ги обедини своите TriDef Core решенија со 32-инчните LCD телевизори на Hyundai. Новите LCD модели, е планирано да се појават во октомври во Јапонија, за поддршка на телевизиската програма на Nippon BS Broadcasting корпорацијата.

TriDef Core е вообичаено коло што вклучува 2D видео електроника во LCD HD телевизорите. 3D елементите овозможуваат процесорот да ги декодира BS11 сигнали за пренос, да репродуцира специјално кодирани Blu-ray дискови и да изврши промена од 2D во 3D формати на стандардните содржини.

„Многу сме задоволни што со оваа соработка, ќе се прошири синџирот на 3D LCD телевизори подобрени со DDD TriDef решенијата, и сметаме дека ова дефинитивно ќе ја зголеми продажбата на пазарот за околу 40%“, вели Крис Јидол, генерален директор на DDD.


Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2008 во 10:36
Мобилен за глуви

Научниците од универзитетот во Вашингтон развиле софтвер кој ќе им овозможи на глувите и на лицата со оштетен слух да комуницираат со помош на евтини мобилни телефони.

Глувите и наглувите во САД за сега не можат да комуницираат преку мобилен телефон со помош на јазикот со знаци бидејќи мрежата не овозможува доволен брз пренос на податоци, а и самите телефони немаат доволен капацитет за обработка на податоците.

„Брзите мрежи веќе можат да се најдат насекаде, но тие се поскапи. Сметаме дека лицата кои се глуви не треба да плаќаат повеќе за мобилен телефон“, изјави Ана Кавендер, учесничка во проектот „Mobile ASL“.

Тимот научници од Вашингтон пронашле нов начин на компресија на видео содржина, односно намалување на големината. Со новиот софтвер би требало да се постигне непречена комуникација, без притоа сликата да изгуби на квалитет, што е особено важно за комуникацијата со помош на знаци.

Со оглед на фактот што соговорниците, како што покажаа истражувањата, се гледаат в очи за време на комуникацијата со знаци, фокусот на сликата ќе биде на лицето. Позадината на снимката ќе биде со послаб квалитет.

Истражувачите во моментов се обидуваат да развијат систем кој ќе препознае кога луѓето ги движат рацете, со се цел да се намали потрошувачката на батеријата и за да се искористи капацитетот на обработка на податоци кога комуникацијата не е во тек.

Новиот телефон наменет за овие лица со посебни потреби ќе мора да има камера и екран на истата страна на апаратот со цел корисниците да можат истовремено да снимаат и да гледаат.

Американската државната фондација за науки го поддржа проектот, на кој во 1009 година ќе работат 20 научници.

Услугата нема да биде достапна за широка употреба, се додека не се склучи договор со произведувачите на телефони. Претставниците од универзитетот во Вашингтон веќе преговарале со компанија која се занимава со мрежа за мобилни телефони и која пројавила интерес за проектот.

За видео повиците потребна е мрежа од третата генерација.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2008 во 08:44
Гигантска пирамида во Дубаи

Огромната пирамида, која ќе се гради на 2.3 квадратни километри во Дубаи, ќе биде наменета за живеење на повеќе од еден милион жители.

Ова архитектонско издание, инспирирано од градбите на Маите и Египќаните, ќе почне да се гради во октомври, а планирано е да се заврши за 6 до 9 години.

Timelinks тврдат дека оваа пирамидална зграда, ќе користи природни извори на енергија и на тој начин нема да ја загадува средината. Исто така слободните површини, максимално ќе бидат искористени за засадување на зеленило.

Планирано е да се вгради и транспортен систем, чии насоки ќе бидат и во хоризонтален и во вертикален правец.
За изградбата на овој објект ќе бидат задолжени неколку професори од Европа, кои ќе се обидат овој проект да го применат и на други места во светот.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2008 во 12:42
Брод во форма на делфин

Бродот во форма на делфин, што претставува комбинација помеѓу џет и подморница, е најновата занимација на милионерите.

The Seabreacher може да се движи по вода со брзина до 70 километри на час и има доволно моќ да се нурне под површината и да прелетне над вода.


Овој брод за две лица кој го имитира движењето на делфините, чини 30.000 фунти. Бродот е долг 4.5 метри и развива брзина од 32 километри на час кога се движи под вода.

Роб Инес од дизајнерската компанија вели дека поради развиениот стабилен систем за снабдување на воздух, овој брод подолго време може да се вози под вода.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2008 во 12:53
Tehnikata ne mora sekogas da znaci deka e komplicirana i samo za mazi!плазењеголема%20насмевка
Za tie dami koi si imaat "problemi" so mali gradi ima nesto naj novo na pazarot... a i mislam deka cenata od 40 Dolari e fer... posto koga ke razmislis kolku kostaat silikonski gradi, ovaa metoda e eftina i sepka efikasna... samo za mazite e prasanje.... dali posle soblakanjeto na grudnakot ke ima oooooголема%20насмевка ili ahтага.....плазење
patem eve od sto zboruvam
 
Деколте од кое може да ви се заврти паметот
 
Благодарние на WineRack сега веќе секоја девојка може да има неодоливо деколте. Овој градник ги зголемува градите за дури два броја заедно со помош на две балончиња во кои може да го сместите вашиот омилен пијалок.



Покрај многу геџети кои секојдневно се појавуваат на пазарот некои се навистина генијални, но повеќето од нив се воглавно мутави, па еве сега ви презентираме еден таков. Станува збор за таканаречен WineRack или вински градник.

Иако на прв поглед изгледа како обичен спортски градник, но станува збор за "генијално" решение за девојките со мали гради. Имено овој градник има посебни балончиња кои може да ги наполните со вашиот омилен пијлок.



На тој начин вашите гради ќе се зголемат за два броја, но како повеќе пиете се намалува и деколтето, затоа внимателно.

Пијалокот сместен помеѓу градите може брзо да се загрее, па затоа добро размислете што ќе наточите.

Цената на овој градник изнесува 40 долари и доаѓа во две големини - С и М, а интересот на купувачите е навистина голем.

Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2008 во 15:47
a shto,...koga nekoj ke gi oseti?!,...pa, ke se razochara?,....ke mu ostane samo ,...da se opie,..od nejziniot omilen pijalok!намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
seka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Guardian Angel

Регистриран: 04.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4418
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај seka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2008 во 00:34
Концептот на Панасоник за телевизори на иднината е прилично амбициозен, и ја менува улогата на телевизорот во вашиот дом.



Го нарекуваат ’жив ѕид’, дијагоналата на екранот му е 150 инчи, и е неверојатно тенок, а Панасоник планира да го пушти во продажба веќе од следната година.

Станува збор за телевизор кој го покрива целиот ѕид од собата и прикажува различни содржини на различни делови од екранот, зависно од потребите на семејството.

На пример, поголемиот дел од неговата површина може да функционира како фото-тапет, додека на помал дел можете да гледате телевизија.

За се да функционира како што треба се грижи технологијата за препознавање на лица и движења. Кога ќе се појавите пред екранот, тој ќе препознае кој сте и каде точно се наоѓате, и ќе ги вклучи вашите омилени програми на делот од екранот пред кој што се наоѓате.

Не треба ни да се дискутира за тоа како на ова чудо ќе изгледаат видео игрите, а постои можност и за многу други примени, но сепак, не сме сигурни дека ’зјапањето’ во џиновски екран на долг рок е добра идеја.

Во секој случај, ако Панасоник навистина го направи овој концепт реалност, често изговараната реченица “тргни се од пред тој проклет телевизор“ ќе добие сосема поинакво значење.
Razumot e skapocen kamen koj najubavo sjae vo ramkite na
skromnosta.
Кон врв
Izzi Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
BRAINIAC

Регистриран: 18.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4475
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Izzi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2008 во 15:18
Sony Ericsson го најави датумот на нивниот најмногу очекуван хендсет - Xperia X1. Едно од најжешките (или најчесто слушани) имиња оваа сезона ќе излезе во продажба на: 30 Септември во Велика Британија, Германија и Шведска. На пазарот пошироко ке биде достапна во: Азија, Европа и Латинска Америка.

Гласини дека X1 ќе биде одложена до првата половина од 2009 ги мачеа обожавателите на Windows Mobile. Тие сега можат да се опуштат и единствената грижа ќе им биде изборот меѓу HTC Touch Pro и Xperia X1. Двете најдобро опремени Windows Mobile направи се во жесока борба.
Една од најистакнатите точки е 3 инчниот WVGA екран на допир и QWERTY тастатурата. Покрај тоа речиси сите комуникациски опции се застапени-почнувајќи од 3.5 mm аудио приклучок до GPS, WiFi и Bluetooth v2.0 со А2DP, се е достапно. Навигација е со напреден оптички џојстик, додека 9-те достапни панели на екранот би требало да одговараат на секое сценарио на потребите на корисникот. Mултимедиа сетот вклучува FM радио без RDS и Медиа Плеер.

Sony Ericsson Xperia X1 исто така поседува камера со 3.2 мегапиксели и поседува 400 мегабајти внатрешна меморија, која исто така може да се продолжи со слот за MicroSD мемориска картичка. Хендсетот исто така ќе ги поддржува сите четири GSM мрежи и уште две други верзии, секоја со 3G мрежа. HSDPA и HSUPA се исто така застапени за да се погрижат за најбрзите дата трансфери.
Sony Ericsson Xperia X1 ќе има 528MHz ARM CPU и ќе има 256 мегабајти RAM.
Sony Ericsson смислија интересна маркетиншка кампања за X1 преку серија од неколку онлајн сериски видеа, наречени “Who is Johnny X?
Можеме да заклучиме дека Xperia X1 ја чекаме со гоема нестрпливост и бес сомнеж ќе има жестока борба со HTC Touch Pro.



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.