IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Кошарка и ракомет
  Активни теми Активни теми RSS - КОШАРКА - новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КОШАРКА - новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 21>
Автор
Порака
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2008 во 17:20

ЈОВИЦА АРСИЌ ЛУТ КАКО РИС ПО ПРВАТА ОФИЦИЈАЛНА ПРОВЕРКА ВО СОФИЈА

Судиите не извадија од такт...

"Крајот го расипа делото", вака може да се опише престојот од 11 дена на нашиот национален тим во Бугарија каде беше одработена првата фаза од подготовките за квалификациите за ЕП 2009 година во Полска.

Сигурно не по резултатот на првата официјална "контрола", колку од она што нашите сениори го "преживеја" во салата "Универзијада", секако од страна на повеќе од пристрасните домашни судии.

Ниту ден по натпреварот не стивнува нервозата кај целата наша експедиција во Бугарија.

И играчите и раководството сметаат дека сето тоа било крајно непотребно. Се оди дури дотаму што во скора иднина нашата федерација нема намера да ги "продлабочува" наводните "блиски", и пред с$ "пријателски" односи.

Селекторот Јовица Арсиќ со кус осврт на проверката во кој исто така провејува голема доза на нервоза, пред се од судискиот "пристап", но и нашиот "одговор" на сето тоа кој резултираше со висок, убедлив пораз.

"На првиот затворен меч против Бугарија одигравме подобро бидејќи тогаш бевме посвежи. Сега се почувствува замор и директно од автобус по патувањето од Боровец влеговме во сала. Овој пат дозволивме и судиите да н$ извадат од такт. Тоа не е ништо ново, знаевме што н$ чека, но играчите тешко поднесуваат неправди. Мејси уште има проблеми со аклиматизацијата. Но тренира добро и како ќе одминува време верувам дека ќе влегува во форма. Некои играчи побавно влегуваат во форма отколку што би требало" - изјави Арсиќ по средбата со Бугарија која ја загубивме со минус од 21 поен.



Од денеска Гечевски и Блажевски

По еден слободен ден за "распакување", и веќе од денеска "црвено-жолтите" повторно на тренинг.

Прашање е во која сала, особено ако се знае дека поради ЕП за јуниорки не може да се користат оние "старите", "Јане Сандански" односно СРЦ " Кале".

Но, она што е побитно за стручниот штаб е што од денеска и дефинитивно треба да се приклучат Тодор Гечевски и Перо Блажевски.

"Трофејот" се сели во "Градски парк"

Се поизвесно е дека поради новите проблеми во и околу користењето на салата "Борис Трајковски", КФМ ќе мора да најде алтернативно решение каде ќе се одржи силниот меѓународен турнир " Трофеј на Македонија".

Се поизвесно е дека тоа ќе биде во салата во "Градски парк" која во моментов е "слободна", а каде во меѓувреме "црвено-жолтите" би тренирале во втората фаза од подготовките.

За потсетување на гости во периодот од 16 до 18 август ни доаѓаат селекциите на Турција, Црна Гора и Романија.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2008 во 17:23
АПЕЛ НА КОШАРКАРСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
Дозволете на играме во "Борис Трајковски"

Кошаркарската федерација на Македонија, затечена од цените за настап во салата " Борис Трајковски" упати јавен апел до Владата на РМ, Агенцијата за млади и спорт, Собранието на РМ и салата "Борис Трајковски" да се овозможи македонските кошаркарски селекции да настапат во новата спортска сала. Во апелот се вели:
" Последните случувања околу одлуките за користење на спортската сала "Борис Трајковски", сериозно го потресоа кошаркарскиот спорт во Македонија. Откако пред точно 10 дена официјално беше презентиран ценовникот за користење на салата, кошаркарите и кошаркарските работници во Македонија претрпеа сериозен удар кој веќе направи ненадоместлива штета на угледот, не само на нашата кошарка, туку и на нашата држава.
Најнапред, на само 2 дена пред почетокот, беше доведено во прашање одржувањето на Европското првенство за јуниорки во Скопје, за кое КФМ секојдневно трпи критики и понижувања од нашите гости, 20 Европски селекции. Понижувањата ќе продолжат и по првенството, на "Трофејот Македонија" за сениори од 16 до 18 август, кошаркарски турнир од највисок ранг, на кој за прв пат во историјата на Македонија ќе настапат актуелни НБА sвезди, ние нема да бидеме во можност да им овозможиме да тренираат и играат во единствената "нормална" сала во Македонија.
Сите ние се бориме, со искрено и чисто срце, понесени од патриотизмот и љубовта кон нашата Македонија, со невидени пожртвувања, се обидуваме да бидеме достојни репрезенти на нашата татковина и овде и во настапите во странство. Со надчовечки напори успеавме да дојдеме на чекор од сениорско Европско првенство, во услови кога сите наши противници се подготвуваат и настапуваат на многу повисоко ниво од нас
Токму затоа, јавно апелираме, молиме и бараме, овозможете ни да настапуваме во салата "Борис Трајковски"! Овозможете ни да се подготвуваме и настапуваме во сала со нормални услови. Овозможете ни да бидеме домаќини во сала во која нема да се срамиме од странските гости. Дозволете им на нашите кошаркари да бидат бодрени од 6.000 луѓе, да се чувствуваат како национални херои, затоа што сите тие досега со своите настапи тоа го заслужиле", се вели меѓудругото во отворениот апел на КФМ.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
ariela Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 47
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ariela Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2008 во 01:30
Закасниле малку со апелов..првенството заврши, се избрукавме пред селекциите и сега за полуфиналето и финалето ја бараат салата..хех..
forever in my heart,no matter what..
Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2008 во 16:57
Ерсид Љуца на проба во "Градски парк"

По неколку "мирни денови" од стартот на подготовките, во "Градски парк" мало раздвижување. И тоа во правец на ангажирање на странски засилувања.

Прво име кое во наредниот период ќе се обиде да се избори за дресот на Фершпед Работнички е Ерсид Љуца.

Се работи за доста искусен 27-годишен кошаркар, кој со своите 209 сантиметри може да ги "затвори" двете центарски позиции.

Во ланската сезона Љуца настапуваше за романскиот Динамо од Бук*решт (просек од 11.4 поени и 6.2 скока по натпревар). Претходно играл и за Ловќен, Будуќност, но и за екипата на Приштина.

"Љуца ќе остане со нас во наредните денови, а стручниот штаб ќе треба да даде оценка за неговите квалитети"- вели спортскиот директор на шпедитерите, Горан Костовски."Рековме дека кога се во прашање странците, приоритет ќе ни биде пополнување на центарската и плејмејкерската позиција. Затоа може да се очекува наскоро да имаме уште некој играч на проба, и тоа на онаа најчувствителна позиција во тимот, плејмејкерската"- дополнува Костовски.

Според плановите на стручниот штаб, во Скопје ќе се работи уште една седмица, а веќе од 20 август екипата ќе се пресели во Охрид.

Дотогаш би можело да се знае и кој ќе биде потенцијален кандидат да ја пополни позицијата на организатор на играта на тимот од "Градски парк".

Кон врв
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 13:29


Во новиот објект „Борис Трајковски“ ќе се играат и септемвриските квалификации за ЕП-2009

 

По инсистирање на македонскиот премиер Никола Груевски, кошаркарскиот турнир „Трофеј Македонија“, на кој покрај домашната селекција ќе настапат и Ц.Гора, Романија и Турција, викендов ќе се игра во новата сала „Борис Трајковски“ во Скопје. Претседателот на КФМ, Даниел Димевски, објави дека покрај турнирот, во најголемата сала во Македонија, ќе се играат и септемвриските квалификации за ЕП 2009, против Летонија, Португалија и Естонија. 

 

Ова е турнир од највисок ранг во земјава, очекуваме публиката да биде наш шести играч. Ќе воведеме практика да создадеме навика дека без купен билет нема влез во салата. Мислам дека цената од 200 денари за два меча дневно на кои ќе играат и НБА-играчи, не е висока. Ако може да се плаќа влезница од 500 и повеќе денари, без навреда, за некакви третокласни концерти, 200 денари за да се гледаат НБА-играчи воопшто не се многу. Трошоците за сместување и слично ни се 30 илјади евра и веруваме дека со 10.000 продадени билети ќе ги покриеме трошоците - рече Димевски во воведниот дел на прес-конференцијата по повод турнирот кој во КФМ сакаат да стане традиционален. Генералниот секретар Дејан Лекиќ потврди дека нема да има гратис влезници, а билетите ќе почнат да се продаваат од денеска на пладне во билетарницата на салата „Борис Трајковски“


повеќе овде

 

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1CB35D9A0656594CB4B5B205029B75FF

 

Кон врв
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 15:11

картите веќе ги има во продажба на билетарата пред новаат сала.

 


Кон врв
ariela Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 47
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ariela Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 16:00
од колку е финалето денеска за женскиве до 18? и во која сала????????????????????
forever in my heart,no matter what..
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 16:04

ТРОФЕЈОТ "МАКЕДОНИЈА", СЕПАК, ЌЕ СЕ ИГРА ВО САЛАТА "БОРИС ТРАЈКОВСКИ"

Кошаркарско "благодарам" за Премиерот!

Требаше да биде прес-конференција посветена за актуелниот момент во нашиот сениорски тим, промоција на Џеремаја Мејси, анализа на селекторот Јовица Арсиќ за досега сработеното,

но сето тоа се претвори во една голема благодарност. Едно уште поголемо олеснување за раководниот тим на КФМ, претседателот Даниел Димевски и Дејан Лекиќ, на останатиот дел присутен на собирот, пред с$е медиумски, откако стигна веста дека премиерот на Р Македонија, г. Никола Груевски, на негово инсистирање, добил согласност од Владата салата "Борис Трајковски" да им биде на располагање на нашите национални селекции.

Задоволството на лицата доволно зборуваше, дури и повеќе од зборовите на благодарност на претседателот Димевски.

"Пред што било да разговараме, морам да ве информирам дека на лично инсистирање на премиерот, салата 'Борис Трајковски' ни стои на располагање за сите квалификациски натпревари, вклучително и трофејот на Македонија. Конечно дојдовме до едно компромисно решение, варијанта да ја користиме салата со една цел да дојдеме до добар резултат"- изјави Димевски.

Потврди дека н$ очекува еден турнир на највисоко ниво, некогаш одигран во Македонија, со присуство и на играчи од НБА лигата.

Но во исто време Димевски повика да направиме една нова "навика", вакви настани да се проследат со платен билет, која во оваа пригода ќе има реално достапна цена.

"Ова н$ чини 30.000 евра, и искрено, ќе ни треба поддршка. Сите оние кои сакаат да ги гледаат овие натпревари, да купат билет, со што макар и делумно би ги покриле трошоците и догодина би организирале уште посилен турнир"- појасни Димевски

Очекувањата на КФМ се дека 10.000 продадени билети по цена од 200 денари би покриле добар дел од вложеното.

"Сакаме да воведеме една практика што досега не сме ја наметнале. За секој врвен натпревар да се купи влезен билет. Без тоа, искрено, нема функционирање. Сметаме дека 200 денари за целодневен билет е симболично. Зошто од сега не би изградиле една таква навика која одамна е пракса во Европа и светот?"- забележа предводникот на КФМ, кој не заборави да ја истакне и медиумската заслуга што овој проект ќе се реализира на едно високо ниво.

Генералниот секретар Дејан Лекиќ смета дека ова е едно реално ниво за органзиирање на еден ваков настан.

"Да, ова е веќе нешто реално и во оваа пригода би испратил голема благодарност до директорот на салата 'Борис Трајковски" г. Борис Змејковски, кој лично, на седница на Владата го образложи нашето барање кое беше прифатено, на наше големо задоволство. Дека таа сала е направена да им служи на спортистите од нашата земја"- кажа Лекиќ.

За оној спортски дел од активностите зборуваше селекторот Јовица Арсиќ.

"Многу тешко ќе ни беше да им образложиме на играчите зошто не играме таму во таа сала. Вака тој ефект ќе испадне и покорисен за играчите откако ќе дознаат дека сепак ќе играме таму.

Можеби во овој момент Романците се нешто послаба селекција, но Турција и Црна Гора се многу посилни. Можеби турнирот, вака силен, доаѓа прерано за нас, особено што мислев дека ќе се комплетираме порано, на време. Но затоа, пак, противниците и амбиентот треба да бидат мотив за сите да 'го извадат' максимумот од играчите во обидот да се совладаат такви репрезентации"- смета Арсиќ.



ЏЕРЕМАЈА МЕЈСИ ПРЕД НОВИНАРИТЕ

Ќе бидеме вистински во вистинско време...

Делуваше и помалку збунето, но како што објасни Дејан Лекиќ, тоа е стилот на Џеремаја Мејси. Скромен, тивок, дури и премногу мирен во одредени моменти, оние надвор од теренот.

Новиот "Македонец" за првпат и официјално проговори пред македонските медиуми.

"Полека се навикнуваме едни на други, повеќе јас на соиграчите отколку тие на мене затоа што сум првпат во составот. Полека се запознаваме, од почетокот одеше малку тешко. Но сметам дека како ќе одминува времето, ќе бидеме еден добар тим. Дека ќе бидеме вистински тогаш кога тоа ќе биде потребно. Сите ние да дадеме с$ од себе и да го постигнеме тој очекувам резултат"- беше краток во своето прво обраќање, нашиот нов адут со потекло од САД, а во наредните три сезони дел од "кралскиот" Реал Мадрид.

ПРЕДРАГ САМАРЏИСКИ ПРЕСРЕЌЕН ШТО ЌЕ ЗАИГРА ВО НОВАТА САЛА

Чест е да се игра во салата "Борис Трајковски"

"Голема работа е што овој голем турнир сепак ќе го играме во новата сала 'Борис Трајковски'. Знам како ни беше нам, играчите, во овие денови кога постоеше можност да не се игра таму. Мене лично многу ми значи што ќе играме во новата сала во која очекувам да играм и во наредните 10 години во дресот на Македонија и да бележам успеси со мојот национален тим.

И тоа почнувајќи од оваа сезона, во која планираме да се пласираме на ЕП. Уште еднаш, голема чест е да играм во 'Борис Трајковски' затоа што знам дека голем број мои пријатели во Скопје одамна ме прашуваа за тоа, и ми кажаа дека ќе дојдат да н$ бодрат. Знам дека таа бројка е голема и нема да ја разочараме"- го кажа своето мислење нашиот висок центар.

На почетокот со Романците

Со оглед на "тумбањето" предизвикано со враќањето на "старата варијанта", да се игра во салата "Борис Трајковски, во КФМ мала неподготвеност околу техничките детали во организацијата на турнирот.

Но затоа, пак, познат е распоредот на натпреварите. Тој вели дека на отворањето на Трофејот, в сабота (20.30 часот), Македонија ќе игра против Романија.

Ден подоцна, в недела, во истиот термин играме против Турција, додека, пак, турнирот го затвораме на 18 август, со дуелот со селекцијата на Црна Гора.

Нема ТВ преноси од "Трофејот"

Со цел за што поголема присутност за време на "Трофејот", раководството на КФМ одлучи во оваа пригода да нема ТВ преноси од натпреварите.

"ТВ преноси нема да има од причина што во оваа пригода сакаме салата да биде исполнета со оние вистински љубители на кошарката. Таа привилегија 'во живо' да ги видат нашите и ѕвездите од останатите селекции ќе ја имаат само оние со купен билет за турнирот"- потврди Димевски.

Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2008 во 00:53

еве ви неколку слики за тие што не биле да видат како беше во сала.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2008 во 00:57
Слушам топ била утакмицава
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2008 во 12:38
Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

Слушам топ била утакмицава
 
 
100 - 49 за македонија среќа
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2008 во 12:41
Да да слушнав вчера од другар .....беше тој на утакмицата.голема%20насмевка
Со 50 ги срушиле ама мислам дека не ни се очекуваше да победат Романците..
Само интересно ке да е со Турција голема%20насмевка
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2008 во 12:38
Шчепанович кој на денешниот натпревар беше забечежан од папараците како заедно со совојот соиграч пекович гледаа од трибините во друштво со една лепотица која е сестра на натали. еве ви слики од денешните натпревари









а тренерот на црна гора вујошевич беше забележан како крка во една од вип просториите











Кон врв
гoстин Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 29.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7557
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај гoстин Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2008 во 19:40
Македонското срце големо како планина

Македонија - Турција 67:59
(20-23; 12-16; 18-14;17-6)

Сала Борис Трајковски-Скопје. Гледачи: 3.000. Судии: Денковски-Крстевски-Терзиевски. Делегат: Пиперков - сите од Скопје

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 21>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.