IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Жената во Откровението
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Жената во Откровението

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 01:38
Во Откровение 13 глава се спомнуваат два звера. На кој звер мислиш. Еве ти напиши твое мислење, па потоа јас ке го кажам моето.

Со почит, Госпел.
Кон врв
melhisedek Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 225
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај melhisedek Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 01:41
pa eve na pimer onaj so dva rogovi sto ke pravi cuda:)
dobro ti odi gledam deka si upaten
mislam deka e amerika
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 01:59
И првиот и вториот звер се прикажани како личности. Америка не е личност. Според тоа отпаѓа Америка.
Размисли кој би можеле да бидат тие зверови?
Потруди се да разбереш, што Библијата сака да ти открие и покаже, а не наши лични размислувања.
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 03:17
ПРВИОТ ЗВЕР Е – АНТИХРИСТОТ

Еве што зборува Библијата: „ А јас застанав на песокта од морскиот брег. И видов Ѕвер, како излегува од морето, кој имаше десет рогови и седум глави, а на неговите рогови десет круни и на неговите глави богохулни имиња. И Ѕверот, што го видов, беше како леопард, и нозете му беа како на мечка, а устата како на лав. (Откр. 13:1-2)

Песокта не потсетува на нешто што ќе пропадни. Се она што не е изградено на Исус , изградено е на песок. Јован се служи со симболи за да ги опиши идните случувања. Јован гледа страшен звер со седум глави и десет рога кој што излегува од морето. Ова се однесува на антихристот и неговото царство, тоа е неразделиво.
Секаде во библијата каде што се спомнува море се мисли на народите.

„ Ах, шум на многубројни народи, шумат како што шуми морето; шум на народи што шумат, како што шумат големите води. Шумат народите како што шумат силните води, но кога Тој ќе им се закани, бегаат далеку, развевани низ горите како плева на ветер, како правот во виор.“
(Исаија 17:12-13)

Значи морето се народите. Тоа го пишува и Откровението 17:15.
„Водите што ги виде, каде што седи блудницата, тоа се луѓето и множествата, народите и јазиците.

Змевот, Старата змија, во последните денови со помош на незнабожечките народи ќе го изблујат на брегот, човекот кој што се нарекува звер или Антихристот. Сатаната, кој што е исфрлен од небото, ќе го има ова орудие кое што се вика антихрист, преку кого ќе делува на оваа земја.

Седумте глави се седумте светски царства во целата човечка историја: Египет, Асирија, Вавилон, Мидо-Персија, Грчко-Македонско царство, Римско царство.

За римското царство од кое ќе оживее антихристовото царство, еве што зборува пророкот Даниел: „ А десетте рогови: Од ова царство ќе настанат десет цареви, а по нив ќе се подигне еден друг различен од оние првите....“ (Даниел 17:24)

Од римското царство ќе излезат 10 цареви (рогови), а после нив ќе излезе еден кој е антихристот.

Ако ги споредиме Змевот од 12 глава и првиот звер од 13 глава, заедничко е што имаат 7 глави и 10 рогови. Разликата е во тоа што кај Змевот круните се на седумте глави (на царствата), а кај зверот круните се на роговите ( на царевите). Овдека веќе седумте глави се минато, а 10 рога веќе царуваат.

„.... и на неговите глави богохулни имиња.“ Тоа значи дека со овие царства ќе владеат луѓе кои што хулеле на Бог.

„ И Ѕверот, што го видов, беше како леопард, и нозете му беа како на мечка, а устата како на лав.“

Овие три животни ги претставуваат Грчкото, Мидо-Персиското и Вавилонското царство.

Леопардот е крволочно и брзо животно, што значи дека антихристот ќе биде крволочен и за кратко време ќе се појави. Таков бил Александар Македонски.
Мечката е симбол на бруталност и голема сила, снага. Такво било Мидо-Персиското царство.
Лавот е цар на животните, тој се растргнува и уништува. Антихристот ќе биде комбинација од сите овие три животни и ќе ги има нивните карактеристики. Тој ќе има голема моќ.

Но Антихристот ќе биде личност, човек. Сета политичка администрација ќе биде отелотворена во една и единствена личност – Антихристот. Не смееме да заборавиме дека во овој симбол на зверот е содржано: царство и цар, држава и тој кој што владее.

Имињата кои се среќаваат во Св. Писмо се имиња кои што може да ги има само човек, а не царство, институција, област или континент. Антихристот заедно со лажниот пророк, треба да бидат фрлени во огненото езеро. Еден систем или царство не можат да бидат фрлени во Огненото езеро. Според тоа антихристот е човек, личност.


Толку од мене за првиот звер. Има уште многу да се пишува, но ова беше најкратко што може.

Со почит, Госпел.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 03:26

Добро напишано. Браво gospel, не верував дека некој ќе напише нешто сериозно на оваа тема аплауз

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 14:10
Интересно, темата се разгоре.

Е сега и јас би сакал ад образложам зошто мислам дека жената е Пресвета Богородица. Овој стих каде се опишува жената во Библијата најчесто има три интерпретации:

1.Жената е Пресвета Богородица, мајката на Исус Христос.
2.Жената е Црквата Божја. Ѕвездите се 12 апостоли.
3.Жената е Израел. Ѕвездите 12 племиња израилеви.

4.Ако жената ја претставува Црквата тогаш се соочуваме со парадокс. Црквата го раѓа Исус, чија глава е Тој самиот. Значи жената не може да биде Црквата бидејќи таа не го родила Исус.

5.Ако жената го претставува Израел, тогаш ние имаме еден возвишен Израел, но сепак знаеме дека Израел во времето на Исус тргнал по друг пат.

6.Ниеден ситх во Библијата не е лесен за интерпретирање. Сепак, при прв поглед на стихот се создава една слика дека жената е Богородица, бидејќи таа е мајка на Исус.

7.Сите фигури во Откровението претставуваат индивидуи, а не идеи или класи на луѓе. Детето е Исус, змејот е Сатаната, секоја ѕвезда која паѓа од небото е паднат ангел кој го следи ѓаволот. Понатаму го има Архангел Михаил и неговите анѓели, истотака ѕверот- Антихристот. Според некои интерпретации само жената е колективно претставување на нешто.

8. Кога во стиховите се споменуваат Израел, христијаните или Црквата не се јавуваат како личности. Тие се јавуваат во буквална смисла, како колектив.

Откровение 7,4 И го чув бројот на одбележаните со печат: сто и четириесет и четири илјади беа одбележани од сите колена на синовите Израилеви.

Откровение 7,9 Потоа видов, и ете, големо мноштво народ, кое што никој не можеше да го преброи- од сите племиња и колена, народи и јазици;тие стоеја пред престолот и пред Агнецот, облечени во бели облеки и со палмови гранчиња во рацете.

Црквата се покажува како невеста Христова( а не како онаа која го раѓа Исус), и сите очекуваат женска фигура,но таа наместо како жена, се појавува како новиот Ерусалим. Откровение 21-9,10

9. Ако во Отрковението има знак кој е сомнителен и тежок за толкување, понатаму во текстот има објаснување за него. Агнецот е објаснет како Господар над Господарите, Цар над царевите ( Откровение 17,14). Змејот е Сатаната. Главите на ѕверот се кралеви. Сепак, нема дадено објаснување на знакот со Жената, со што се става до знаење дека таа е тоа што е- Мајка Исусова.

10. Ако погледнеме на стиховите со Сонцето, Месечината и Ѕвездите може да го споредиме со сонот на Јосиф, кој толку ги налутил неговите браќа. Во неговиот сон, Сонцето, Месечината и ѕвездите ги претставуваат неговите мајка и татко и неговите 11 браќа. Заедно со Јосиф чинат 12 деца- 12 ѕвезди. Значи ако Јосиф и браќата се 12 ѕвезди тогаш навистина може да земеме дека 12 ѕвезди се всушност тие. НО, во Откровението Сонцето, Месечината и ѕвездите не се објект на визијата. Тие се само облеката на Жената. Ова ни покажува дека жената е поврзана со Израел ( знаеме дека Дева Марија е ќерка Израилева ), но не е Израел.

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 15:36
Жената во Откровението не е Марија. Јован многу добро ја знаел Марија, така што доколку во својата визија ја видел Марија, тој немало да рече "жената", туку ќе речел "Марија".
 
Второ, таму стихот меѓу другото вели и:
 
"А жената избега во пустината, каде имаше место, што Бог и го приготви, за да ја хранат таму илјада и двеста и шеесет денови. "
(Откровение 12:6)
 
Ова никако не се вклопува со Марија.
Овие 1260 денови се однесуваат за иднината, за времето на антихристот, во времето на двата сведоци кои ќе пророкуваат 1260 денови (42 месеци, или 3.5 години)
 
"И ќе им дадам на двајца Мои сведоци, облечени во вреќи, да пророкуваат илјада двеста и шеесет денови.... И кога ќе го завршат своето сведоштво, Ѕверот, кој излегува од Бездната, ќе војува против нив, и ќе ги победи, и ќе ги убие"
(Откровение 11:3,7)
 
Свесен сум дека православните, согласно нивниот култ за Марија, копнеат да ја видат спомната Марија во посланијата на апостолите, но жал ми е што ќе ги разочарам дека Марија воопшто не е спомната во посланијата на апостолите, па ниту овде во Откровението на апостол Јован.
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 16:48
ВТОРИОТ ЗВЕР ОД ЗЕМЈАТА – ЛАЖНИОТ ПРОРОК

     
„И видов друг ѕвер, како излегува од земјата, и имаше два рога, како кај јагне, а зборуваше како змев. И тој ја вршеше власта на првиот Ѕвер, пред него, и направи земјата и нејзините жители да му се поклонуваат на првиот Ѕвер, чија смртоносна рана беше залечена. И правеше големи чуда, така што и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето. Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат лик на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив. И му беше дадено да вдахне дух во ликот на Ѕверот така што ликот на Ѕверот да прозборува, и да направи да бидат убиени оние, кои нема да се поклонат на ликот на Ѕверот. И направи сите - мали и големи, богати и сиромашни, слободни и робови - да им се даде ознака на десната рака или на челото, и никој да не може ниту да купи ниту да продаде, освен оној, кој има ознака: името на Ѕверот или бројот на неговото име. Тука е мудроста. Кој има ум нека го пресмета бројот на Ѕверот, зашто е број на човек. а неговиот број е: шестотини шеесет и шест. “
(Откровение 13:11-18)


За да го опиши Лажниот Пророк, Јован се служи со симболи. Да ги разгледаме трите главни симболи.

„И видов друг ѕвер, како излегува од земјата, и имаше два рога, како кај јагне, а зборуваше како змев.

Јован го гледа вториот звер како излегува од земјата. Овој звер исто како и антихристот е непријател на луѓето. Зверот кој што излегува од земјата е во спротивност на првиот звер кој што излегуваше од морето, т.е. народот. Во минатиот пост кажав дека морето(водата) го симболизира – народот. Но вториов звер излегува од земјата.

Ако морето претставува и симболизира нешто што е разбранувано, нормално е дека земјата претставува нешто тврдо, стабилно, некој траен поредок. Поради тоа што овдека се работи за Лажен пророк кој што носи некои религиски елементи, земјата ја претставува Светската религија.

Првиот звер (Антихристот) ќе има задача да ги соедини сите религии на светот во една религија. Екумената – светскиот сојуз на цркви, денес многу прави напори да ги обедини не само христијанските цркви (Православни, Католици, Протестанти), туку и сите останати религии на светот (Јудаизам, Муслиманство, Будизам), значи се да биде обединето под една религија наречена Екуменизам.

На овој начин се гради една голема гигантска религиозна организација која што ќе го има својот водач - Лажниот Пророк. Во Откр. 17:13 пишува: „ Тие имаат една мисла...“
Ова се мисли за 10 цареви, но истото може да се каже и за овие два звера, бидејќи ќе бидат премногу сложни и ќе работат рамо до рамо заедно. Тие мораат да дојдат (да произлезат) од царството на 10 цареви. Мое мислење е, дека тоа царство е обединета Европа.

Втората звер излегува од земјата, значи гo раѓа цврст религиозен систем. Религијата е најстабилното и најцврстото нешто на земјата за манипулација и заведување. Државите, царствата, царевите се менуваат, но религијата од секогаш била најстабилна и најцврста.

„... и имаше два рога, како кај јагне...“

Овој звер, на изглед ќе наликува како јагне, по својата надворешност, бидејќи ќе се појави пред светот како „Невин“, како невино јагне. На таков начин секогаш се појавувале лажните пророци. Апостол Павле во 2 Коринтјаните 11:13-15 вели:
„ Зашто таквите луѓе се лажни апостоли, измамливи работници кои се преправаат во Христови апостоли. И не е чудно, зашто самиот сатана се преправа во ангел на светлината.
Тогаш, не е ништо големо, ако и неговите слуги се преправаат во слуги на правдата.“


Секој лажен пророк е звер, како што Исус во Матеј 7:15 вели: „ Пазете се од лажните пророци, кои ви доаѓаат во овча облека, а внатре се грабливи волци.“

Често пати, заради ваквите појави, верните луѓе бидуваат излажани и преварени. Овај Лажен пророк носи два рога. Првиот звер носи десет рога, а овој само два. Првиот има круни на роговите, а овој нема круни на двата рога.

Во Откр. 5:6 за Господ Исус Христос пишува: „ Јагне, што стои како заклано, со седум рогови...“

Роговите претставуваат и презентираат Авторитет или власт, а бројот седум е број за совршенство.
Господ Исус има апсолутна и совршена власт.

Лажниот Пророк има двојна власт: политичка и религиозна власт. Бидејќи е тесно поврзан со антихристот, тој мора да биде и политички активен. Јован ја опишува лажната црква во последните времиња и нејзината политичка улога :

А жената, која ја виде, е големиот град, кој царува над земните цареви.“ (Откр. 17:18)

Лажниот Пророк ќе биде водач на оваа Вавилонска религија. Тој ќе биде отелотворување на сите природни и над природни науки. Ќе биде голем филозоф и ќе се претстави како еден апсолутен апостол и учител по религија. Се што луѓето ќе знаат за верата, нема да знаат од Библијата, туку тоа што ќе ги научи лажниот пророк, будејќи ќе се појави како безгрешен учител по религија.

Значи ќе се појави како политичар и религиозен водач, но овие две работи никогаш не одат заедно.

„... а зборуваше како змев.“

Јован во 1 јованова 4:1 ни зборува: „ Возљубени, не верувајте му на секој дух, туку испитувајте ги духовите - дали се од Бога, зашто многу лажни пророци излегоа во светот.“

Се поставува прашањето, како да ги препознаеме лажните пророци? „Ќе ги препознаете по нивните плодови.“ (Матеј 7:16)
Првиот плод за препознавање е Библиската наука. Каква наука тој човек носи и презентира.

„а секој дух кој не исповедува дека Исус Христос дојде во телото, не е од Бога; тоа е духот на антихристот, за кого сте чуле дека иде, и сега е веќе во светот.“ (1 Јованова 4:3)

Денеска по црквите на прво место се става љубовта, искуствата, делата, праведноста, а Библиската наука на последно место. Форумџии, чувајте се! Првиот тест дали некој е од Бога, е Библиската наука. Не како некој живее, бидејќи тоа може да го имитира, туку каква Библиска наука носи и презентира.

Змевот во Библијата е старата змија или Сатаната. Затоа Лажниот пророк ќе зборува како змевот (сатаната).

„ И тој ја вршеше власта на првиот Ѕвер, пред него, и направи земјата и нејзините жители да му се поклонуваат на првиот Ѕвер, чија смртоносна рана беше залечена. И правеше големи чуда, така што и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето. Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот...“

Лажниот пророк ќе биде голем чудотворец. Неговата мисија ќе биде многу успешна меѓу не спасените луѓе. Знаците и чудата биле секогаш присутни во историјата на Божјиот народ, и тоа било потврда дека тој пророк што доаѓал зборувал во Божјо име. Тоа раѓало вера кај луѓето дека тоа е натприродно Божјо дело, а не човечко. Кога Мојсеј правеше чува во Египет, маѓесниците признаа дека тоа е „прстот Божји“. Исто така лажниот пророк ќе ги имитира чудата кои што ги правеа пророците и Божјите луѓе во текот на историјата.

„И направи сите - мали и големи, богати и сиромашни, слободни и робови - да им се даде ознака на десната рака или на челото, и никој да не може ниту да купи ниту да продаде, освен оној, кој има ознака: името на Ѕверот или бројот на неговото име.“

Фирмата МОНДЕХС масовно произведува био – чипови кои што се вградуваат во човечкото тело. И тоа не секаде, туку на десната рака и на челото. Сега за сега тоа е пробно, но ќе дојде време кога ќе биде морално да се прими тој био-чип, ако сакаме да купиме или продадеме. Луѓето не се свесни дека пред нивните очи почнува да се исполнува тоа што е напишано во Откровението.

Но вистинските верници нема да го примат тој жиг, бидејќи Бог е моќен да ги заштити своите на чуден начин.

Во откровението имаме сатанско свето тројство. Како што Отецот, Синот и Св. Дух се Божјо свето тројство, така и сатаната има свое тројство. Тоа се: Змевот или сатаната, првиот звер или антихристот и вториот звер или Лажниот пророк.

Змевот или сатаната ќе го имитира Отецот, Антихристот ќе го имитира синот или Исус Христос, а лажниот пророк ќе го имитира Св. Дух.

Но еве што пишува за тоа Лажно свето тројство:
„ И Ѕверот беше фатен, заедно со лажниот пророк, кој правеше чуда пред него, со кои ги заведе оние, кои ја примија ознаката на Ѕверот и кои се клањаа на неговиот лик; и обајцата беа фрлени живи во огненото езеро, што гори со сулфур.“(ОТКР. 19:20)

„ А ѓаволот, кој ги заблудуваше, беше фрлен во огненото и сулфурното езеро, каде се и Ѕверот и лажниот пророк; и ќе бидат мачени дење и ноќе во веки веков. (ОТКР. 20:10)

Заклучок:
Змевот е старата змија наречена САТАНА. Двата звера кои што излегуваат во оваа глава се вистински личности, луѓе кои што сакаат да се противат на Бога и да завлечат што е можно повеќе истомисленици. Тоа се антихристот и Лажниот Пророк. Зверовите не се институции, држави, организации, области или континенти. Америка не може да биде вториот звер затоа што Америка не може да биде фрлена во огненото езеро.


Ова е се од мене за вториот звер или Лажниот пророк. Има уште многу да се пишува, но времето и местото се кратки.

Со почит, Госпел.






Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 19:39
Се надевам модераторот нема да ми замери, но јас морам уште еднаш да му дадам аплауз :bravo: на мојот брат gospel за исцрпната библиска егзегеза на целото ѓаволското тројство (ѓаволот, антихристот и лажниот пророк).
А другите, наместо да му давате паушални реплики, земете и препишувајте го неговиот пост, затоа што времето на антихристот наближува и ретко ќе најдете сериозна библиска анализа на оваа тема.
 
Originally posted by gospel gospel напиша:

Се што луѓето ќе знаат за верата, нема да знаат од Библијата, туку тоа што ќе ги научи лажниот пророк, бидејќи ќе се појави како безгрешен учител по религија. ...

Форумџии, чувајте се! Првиот тест дали некој е од Бога, е Библиската наука.
 
Јас тоа го велам од кога се зачленив на форумов, година ипол, но она на што наидував и наидувам е: Традицијата, обичаите, православието, фолклорот, иконите, резбариите, моштите, монасите, бројаниците, светите водички, молитвите кон мртви, кон Марија, крштевање на бебиња, двојни крштевања, житија, мистични теологии... се се освен простото и едноставно учење на Светото Писмо тага
 
"Зашто ќе дојде време, кога луѓето не ќе ја трпат здравата наука, туку според своите страсти ќе си насоберат учители, за да им ги скокоткаат ушите и ќе ги одвратат ушите од вистината, а ќе се свртат кон бајки"
(2 Тимотеј 3:4)
 
Но нејсе, не треба да се обесхрабруваме, за нас христијаните строго важи заповедта:
 
"проповедај го словото, настојувај во време и во невреме, изобличувај, прекорувај, охрабрувај со сета трпеливост и со поука"
(2 Тимотеј 4:2)
 


Изменето од EvAngelos - 16.Август.2008 во 19:47
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
melhisedek Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 225
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај melhisedek Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 20:12
Зверовите не се институции, држави, организации, области или континенти. Америка не може да биде вториот звер затоа што Америка не може да биде фрлена во огненото езеро.
------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

а овој начин се гради една голема гигантска религиозна организација која што ќе го има својот водач - Лажниот Пророк. Во Откр. 17:13 пишува: „ Тие имаат една мисла...“
Ова се мисли за 10 цареви, но истото може да се каже и за овие два звера, бидејќи ќе бидат премногу сложни и ќе работат рамо до рамо заедно. Тие мораат да дојдат (да произлезат) од царството на 10 цареви. Мое мислење е, дека тоа царство е обединета Европа.
---------------------------------------------------------------------
zverot-carstvo,, nacija,,sila, imperija(vodena e od covek??!!)
samiot vikas toa carstvo po moe mislejne e evropa gore vo tvojot post,potoa vikas amerika ne moze da bide frlena vo ognenoto ezero.
prviot zver so sedum glavi i 10 rogovi e vo minatoto kako sto kaza no toj bese go nema i pak go ima pamtis na ovoj del ob otkrovenieto toa znaci deka pak ce se obnovi so toa sto sega ce go ima i ovoj lazen svedok koj ke dojdi od zemjata jasno i ubavo objasni.
koga zverot se pojavuva od moreto toa vo prorostvoto e pretstaveno kako pojavuvajne megu mnogu narodi i mnogu lujge(gusto naseleno podracje)a drugiot od zemjata sto e mnogu sprotivno na primer od amerika koja beze slabo naselena zemja i koja bese spas za mnogu narodi od evropa
znaci slabo naselena, pa zatoa jas mislam deka od tamu ce se javi lazniot prorok ili vtoriot zver so 2 roga bez kruni oti nema carstva vo amerika.no zaednicko na ovie dva zvera e toa sto ovie gi rakovodi coek a pozadi toj coek stoji zmejot.so se drugo se soglasuvam so gospel.
no kako ce go prepoznaeme zverot-toa carstvo, imperija,
taa sila,koja e rakovodena odcoek
1.a zmejot mu ja dade svojata sila svojot prestol i golema vlast
2.vladee so svetot za 1260 denovi ili 42 meseci ili edno vreme i dve vremina i polovina vreme
3. zdobiva smrtonosna rana koja podocna se isceluva
4.ima politicka i verska sila na koja i se sluzi.
5se mesa vo bozjiot zakon.
6.ima poglavar koj tvrdideka ebog na zemjata i ima vlast da prostuva grevovi.
7.taa e majka crkva(kerki ima izlezeno od nea)
8.vojuvala i vojuva protiv svetiite.
9.ima coek kako svoj vodac a brojot na negovoto ime e 666.
dali znae nekoj sto e toa
vicarius filii dei
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 21:55
Мелхиседек,

Постојат голем број тумачења на последната книга од Новиот Завет, Откровението. Некои држат вода, но некои не држат. Тоа се идни времиња, и мораме да бидеме премногу внимателни од што се учиме, но и што поучуваме.
Најважното е што сака да ни каже Библијата, а не нашето човечко размислување, или учењето на црковната деноминација каде што припаѓаме.

Ако одиме според тој стандард, Библијата што сака да ни каже, верувам дека Бог во нашиот ентузијазам и настојување да разбереме, ќе ни ја показе вистината и вистинското Библиско тумачење, за овие настани.

Никаде не изложив дека вториот звер е обединета Европа, напротив кажав дека царството од 10 цареви по мое мислење е обединета Европа, и дека од тоа царство треба да излезе првиот звер кој што е Антихристот.

Ова царство е продолжеток на Римското царство, бидејќи Римското царство никогаш не беше покорено од друго царство.Тоа само по себе се раздели и се распадна. Сите овие 2000 год. тоа тлее, за еден ден наеднаш да се разгори и да продолжи да постои.

Твое мислење беше дека вториот звер е Америка, со што јас не се согласувам, затоа што двата звера се личности т.е. луѓе испирирани од Змевот кој што е самиот Луцифер, односно Сатаната.    

Европа не е еден од зверовите, па ниту некој од континентите може да биде звер.
Како што кажав првиот звер(Антихристот) е последниот што ќе излезе од царството на десетте цареви, а вториот звер е Лажниот Пророк кој што ќе биде религиски водач на целиот свет, т.е. водач на сите обединети светски религии.

Мое мислење е дека, тој водач ќе биде произлезен од Светскиот сојуз на цркви - ЕКУМЕНАТА, без разлика дали ќе биде еден од Католичките идни Папи, дали ќе биде Православен поглавар, или Протестантски Епископ, тоа е најмалку важно. Важното е дека сите овие цркви се обединуваат меѓу себе, и секој поглавар ги признава останатите поглавари.

Минатата година во октомври, во Равена Италија, Православната и Католичката црква направија меѓусебно помирување и признавање, кое што од 1054 година од времето на расколот(ШИЗМА) никогаш помеѓу себе не општеа и не се признаваа една со друга. Православниот Цариградски патријарх го призна Папата како прв меѓу еднаквите, со што Папата стана тоа, за што и се декларира. (Неговата декларација е спротивна на Библиското учење)

Во 1948 год. Израел за прв пат после 2500 год. станува држава, но истата 1948 год. е оформен и Светскиот сојуз на цркви - Екумената.   
Што мислиш, дали сето тоа е случајно, или сето тоа има некаква друга позадина?


Бројот 666 не се однесува на вториот звер - Лажниот пророк, туку на првиот звер - Антихристот. Тоа е име на човек.
Постојат тумачења кои што велат дека Антихристот во своето родословие мора да има Еврејски корен (лоза), но не мора да е роден и да живее во Израел.
Тој не е религиозен, туку е политички водач.

Додека вториот звер - Лажниот пророк, тој е религиозен водач, и постојат тумачења кои што тврдат дека е можно да биде некој Папа. Моето мислење е дека ќе биде ЕКУМЕНИСТ, без разлика дали Католик, Православен или Протестант.
Протестантите се најголеми заговорници за Екуменизмот, па не е исклучок да биде и Протестант.

Со почит, Госпел.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 22:19
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by gospel gospel напиша:


Се што луѓето ќе знаат за верата, нема да знаат од Библијата, туку тоа што ќе ги научи лажниот пророк, бидејќи ќе се појави како безгрешен учител по религија. ...

Форумџии, чувајте се! Првиот тест дали некој е од Бога, е Библиската наука.

 

Јас тоа го велам од кога се зачленив на форумов, година ипол, но она на што наидував и наидувам е: Традицијата, обичаите, православието, фолклорот, иконите, резбариите, моштите, монасите, бројаниците, светите водички, молитвите кон мртви, кон Марија, крштевање на бебиња, двојни крштевања, житија, мистични теологии... се се освен простото и едноставно учење на Светото Писмо тага

 



Навистина, одлична анализа, многу јасна и многу поучна.
Согласен сум со тебе, дека Библијата треба да е прво и основно орудие по патот кон Бога. Но, сепак имај в предвид едно друго послание, според мене, едно од најбитните, најубавите и најтешките (како порака):

8 Љубовта никогаш не престанува: А другите дарби : ако се пророштва - ќе се отстранат; јазици - ќе замолкнат; ако е знаење - ќе исчезне.
9 Зашто, делумно знаеме и делумно пророкуваме,
10 но кога ќе дојде совршеното, ќе се отстрани делумното.

Сето знаење ќе исчезне кога ќе дојде Љубовта, така што, иако треба да учиме постојано и да го следиме Словото, не треба да се возгордејуваме со него.
Do what is right, come what may...
Кон врв
melhisedek Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 225
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај melhisedek Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2008 во 01:06
gospel,
potpolno se soglsuvam so tebe,samo dodavam razni pogledi na otkrovenieto zatoa sto ne veruvam deka nekoj znae bas tocno od 100 procenti da ja protolkuva ovaa kniga od noviot zavet, zatoa sto e pisuvana opsto kazano od pocetok na postoejneto do denes a i za idnina , za toa e potrebna bozja mudros i vo prosti zborovi, treba da ni bide dadeno za da mozeme da razberime, a poznavajki go bog znam deka ako imalo potreba da znaeme nie ke znaeme.samo sakam da spodelam nesto sto znam jas i gledam deka i ti si dosta upaten i gledam i samiot kazuvas deka ima povejke tymacejna na otkrovenieto.samiot kazuvas deka dvete licnosti se lujge toe individui koi se inspirani od zmejot toest gavolot,toa sakam da go kazam i jas samo sto sakam da dodadam deka tie licnosti nema da bidat nekoji sejlaci na nekoja planina nego lideri toest vodaci, no edniot od evropa a drugiot od usa koi ce se pokazat i ce deluvaaat vo isto vreme.ako mislis deka ovi posti nedoprinesuvaaat za opsto poznavajne na bozjoto pretskazuvajne mozime da gi prekineme no preku dijalog mozime i da otkrijame nesto ako gospod dade
pogore prasav nesto dali nekoj znae sto znaci
vicarius filii dei
bi sakal nekoj da odgovori
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2008 во 01:14
Напротив - не само што не треба да престанува темава, туку треба да се задлабочи од луѓе што ја познаваат добро.
Јас сеуште се воздржувам да дадам свој осврт, затоа што е навистина сериозно прашање, а сметам дека имам уште многу да ги проучувам Откровенијата, пред да можам да искажувам свои ставови...
Vicarius Filii Dei - иако многу протестанти тврдат дека е назив за папата (а соодветно синоним за 666 во Откровенијата), сепак - нема сериозна поткрепа како тврдење. Никаде кон папата не постоело обраќањето Vicarius Filii Dei (иако може да се каже дека е тоа значењето - Служител на Синот Божји), туку Vicarius Lesu Christi - Служител Христов.
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.