IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ПРАВОСЛАВЕН КАЛЕНДАР:ДЕНЕС СЕ СЛАВИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4647484950 68>
Автор
Порака
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2008 во 10:46

Светата маченичка Аквилина

Родена е во палестинскиот град Вивлос, од благочестиви родители. Уште во седмата година наполно упатена во вистинскиот христијански живот, а во десеттата толку преисполнета со разум Божествен и со благодатта на Светиот Дух, што им Го проповедаше Христа со голема ревност и голема сила на своите другарки. Кога настана гонењето на Диоклецијан, некој ја поткажа Аквилина кај царскиот намесник Волусијан; еден ѕвероподобен човек. Волусијан најнапред нареди да ја исшибаат, потоа со усвитена шипка да ѝ ги прободат ушите и мозокот. До последниот здив девицата Аквилина Го исповедаше слободно и јавно Господ Христос, а кога од главата почнаа да ѝ течат мозокот и крвта, таа падна како мртва. Мислејќи дека е навистина мртва, намесникот заповеда да ја изнесат надвор од градот и да ја фрлат на ѓубриште, за телото да ѝ го изедат кучиња. Но ноќта ѝ се јави ангел Божји и ѝ рече: „Стани, биди здрава!“ Девицата стана и беше здрава и долго со благодарност Му вознесуваше слава на Бога, молејќи Го да ѝ допушти да го доврши маченичкиот подвиг. „Оди, ќе ти биде како што молиш!“, се слушна глас од небесата. И Аквилина отиде во градот. Градската порта сама се отвори пред неа и таа дојде и влезе, слично на дух, во дворецот на намесникот пред неговата постела. Намесникот го обзеде неискажлив ужас, бидејќи ја виде жива девицата за којашто мислеше дека умрела. Утредента му нареди на џелатот да ја убие со меч. Пред ова девицата Аквилина Му се помоли на колена на Бога и го предаде својот дух. А кога беше мртва џелатот сепак ѝ ја отсече и главата. Нејзините мошти беа извор за исцелување на мнозина болни. На дванаесет години пострада за Христа. Пострада и се украси со маченички венец во 293 година.

Свети Трифилиј, епископот на Леквусија Кипарска

Ученик на Свети Спиридон, а подоцна му беше и сослужител на островот Кипар. Човек милостив, чист со мислите, цел живот девствен, „жив извор на солзи“ и голем испосник. Добро управуваше со стадото Христово. Кога се упокои прими венец меѓу големите јерарси на небесата. Се упокои мирно во 370 година.

Света Ана и нејзиниот син Јован

Како сираче земена во куќа на големци и како посвоенче однегувана и воспитана таму. Бидејќи добродетелна девојка, овој големец ја омажи за неговиот син. Кога умре старецот големец, навалија роднините врз неговиот син да си ја остави жената од ниско потекло и да се прежени за некоја којашто може да му прилега со богатството. Но синот на големецот се боеше од Бога да го направи ова и не сакаше. Гледајќи го мажот во раздор со роднините, Ана го остави тајно и побегна на некој далечен остров, каде што немаше жива душа. На овој остров пак, дојде бремена и наскоро роди син. Се подвизуваше таму триесет години во пост и молитва. Тогаш, по Божја Промисла, дојде на островот еден јеромонах, којшто го крсти нејзиниот син со името Јован. Се подвизуваше оваа света душа во 5 век и мирно се упокои.

 

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2008 во 18:32

Светиот свештеномаченик Методиј, епископ Патарски

На подвиг се посвети уште од младоста и како град на врв планина го видоа и го повикаа за епископ во градот Патара Ликиска. Учен и благоглаголлив архиереј, пишуваше против ереста на Ориген. Неговите „боговдахновени зборови како молња заблеснаа во светот“. Се кренаа на него незнабожците, го мачеа и го заклаа во Халкида Сириска, во 311 година.

Светите маченици Аристокл, Димитријан и Атанасиј

Аристокл беше свештеник во соборната црква во градот Тамас на Кипар и водеше богоугоден живот. Заради својата голема ревност се удостои со глас од небото да оди во Саламина Кипарска за да прими венец на мачеништво. Но му се придружија ѓаконот Димитријан и чтецот Атанасиј. Кога овие Божји луѓе дојдоа во Саламина, почнаа да Го проповедаат Христа. Незнабожците ги фатија и откако ги намачија, Аристокл го убија со меч, а Димитријан и Атанасиј ги изгореа во оган, во 306 година.

Преподобен Наум Охридски

Неговиот главен празник е на 23 декември, а на 20 јуни е летниот празник. На овој летен празник во манастирот на Свети Наум настанува голем собор од народ. Мнозина болни доаѓаат за да најдат исцеление над неговите мошти. И не само православните туку и друговерни луѓе притекнуваат со вера дека светителот ќе им помогне. Во 1926 година еден муслиман од Ресен донесе од благодарност ѕвоно за манастирот, зашто светителот го исцели брат му и од смртната постела го крена во живот. Овие двајца се викаат Џемаил и Сулејман (исцелениот) Зизо. Обајцата беа угледни граѓани во Ресен.

Свети Калист I, патријарх Цариградски

Како ученик на Свети Григориј Синаит се подвизуваше на Атон во скитот Магула кај Филотејскиот манастир полни дваесет и осум години. Овде подоцна ја подигна Светата обител на Свети Мамант. Во 1350 година беше избран за патријарх Цариградски. По четири години се оддалечи од патријаршискиот престол и дојде повторно на Света Гора. Но во времето на царот Јован Палеолог беше вратен пак на престолот на којшто како патријарх остана до смртта. Се упокои во 1368 година на пат за Серез, одејќи накај српската царица Елена за да бара помош против Турците. Заедно со Игнатиј состави одлично раководење за подвижници. Освен тоа ги напиша и житијата на Св. Григориј Синаит, Св. Теодосиј Трновски, но и многубројни беседи. Интресно е да се спомне дека Св. Максим Капсокаливит му ја прорече смртта на Свети Калист. На патот кон Србија патријархот наврати на Света Гора. Кога го виде, Свети Максим рече: „Овој Старец нема веќе да го види своето стадо, зашто зад него оди надгробно пение: „Блажени се оние што непорочно одат.“

Свети Левкиј, епископ Врунтисиополски, во Италија

Роден е во Александрија и рано стапи во манастир. Се удостои со големи откровенија и голема благодат, така што и мртви воскреснуваше и ги изгонуваше демоните од демоноопседнатите. Прво беше епископ во Александрија, но на заповед од небото прејде во Италија, во незнабожечкиот град Врунтисиопол, којшто сиот го покрсти и во кој Ѝ изгради храм на Богородица. После голем и успешен подвиг се пресели во вечноста, во времето на царот Теодосиј II, во 5 век.

Блажениот Студиј

Прочуен патрициј и конзул во Цариград. Ги основа црквата и манастирот на Свети Јован Предвесник близу Златните Порти. Манастирот по него е наречен Студитски, а стана славен заради многубројните тамошни славни мажи, духовници, страдалници, од коишто најпознат е Свети Теодор Студит. Латинските крстоносци ја разорија оваа обител во 1204 година, но царот Константин Палеолог Порфиророден ја обнови во 1293 година. На нејзиното место денес се наоѓа турска џамија.

Преподобен Наум Охридски Чудотворец

Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на езерото. Тој манастир и денес го краси брегот како што и името на Свети Наум ја краси историјата на словенското христијанство и низ вековите беше извор на чудотворна сила и засолниште за болните и за неволните. Околу Свети Наум се насобра мноштво монаси од сите страни на Балканот. Беше мудар учител, единствен раководител на монасите, одлучен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Неуморно се трудеше и на преведувањето на Светото Писмо и на другите црковни книги од грчки на словенски јазик. Вршеше чуда и за време на животот и после смртта. Неговите чудотворни мошти до ден денес восхитуваат со многубројни чуда, посебно со исцеленијата од тешки болести, особено од лудило. Се упокои во првата половина на 10 век.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2008 во 21:34

Светиот маченик Јулијан Тарсиски

Од благородно, сенаторско потекло; живееше во Тарс Киликиски, пострада во времето на Диоклецијан. Иако имаше само осумнаесет години кога беше подложен на мачење за верата, Свети Јулијан беше веќе доволно воспитан и утврден во христијанското благочестие. Царскиот намесник го водеше со себе цела година од град во град, постојано мачејќи го и наговарајќи го да се одрече од Христа. Мајка му оддалеку го следеше Јулијан. А кога намесникот ја фати и ја испрати да го посоветува својот син да се откаже од Христа, таа три дена му го зборуваше на синот во затворот спротивното, влечејќи го и храбрејќи го да не паѓа со духот, туку смело и со благодарност кон Бога да појде во смрт. Тогаш мачителите го зашија Јулијан во вреќа со песок, скорпии и змии, па го фрлија во морето. Мајка му исто така умре маченички. Неговите мошти брановите ги исфрлија на брегот, а верните ги пренесоа и чесно ги погребаа во Александрија, во 290 година. Подоцна тие мошти беа пренесени во Антиохија. Дојде време кога Свети Јован Златоуст одржа пофално слово за Светиот маченик Јулијан: „Од усните на мачениците исходеше свет глас и заедно со гласот се излеваше светлина појасна од сончевите зраци“. И уште: „Земи кого сакаш, избезумен или демонизиран и приведи од нив кај овој свет гроб во којшто лежат маченички мошти и ќе видиш како тој (демонот) веднаш ќе отскокне и ќе побегне како од палежен жар“. Од овие зборови е јасно колку многубројни чуда мора да се случувале на гробот на Свети Јулијан.

Преподобните Јулиј и Јулијан

Родени браќа од грчката област Мирмидонија. Од малечки воспитани во христијанство, со завет дека ќе живеат секогаш во девственост, служејќи ѝ на Црквата. Јулиј беше презвитер, а Јулијан ѓакон. Од царот Теодосиј Помладиот издејствуваа грамат за да ги уриваат идолиштата, а да градат христијански цркви. Овие двајца браќа како двајца апостоли ги обраќаа нехристијаните во христијани вдолж Исток и Запад и ѕидаа цркви. Додека живееја изградија сто цркви. Се упокоија мирно во Господа, близу Медиолан. Жителите на Медиолан го повикуваат Свети Јулиј на помош против волците.

Светиот маченик Арчил II цар Грузиски

Син на царот Стефан, а внук на великиот грузиски цар Вахтанг. Царот Арчил, голем христијанин и заштитник на христијанството, беше мачен од муслиманите и заклан за Христа на 20 март 744 година. Имаше осумдесет години кога пострада за Господ и се пресели во блажената вечност.

Светиот маченик Луарсаб II, кнез Карталински во Грузија

Татко му, Георгиј III, исто така пострада за верата, отруен од персискиот шах. Самиот Луарсаб беше фрлен во некој затвор близу Ширас, во којшто остана седум години. Потоа на наредба од шахот Абас I беше обесен во затворот со двајца слуги, на 21 јуни 1622 година. На неговиот гроб е видена небесна светлина.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2008 во 22:25

Раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов

Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот архангел Божји Гавриил му се јави на првосвештеникот Захариј во ерусалимскиот храм. Пред да го објави чудесното зачнување на безмажната девица, архангелот го објави чудесното зачнување на една бездетна старица. Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем сѐ до осмиот ден по раѓањето на Јован. Тој ден се собраа роднините на Захарија и Елисавета за обрезание на младенецот за да му биде дадено име. Па кога го прашаа таткото кое име би сакал да му го даде на синот, тој бидејќи нем напиша на табличка: Ј о в а н. Јазикот му се одврза во тој час и тој почна да говори. Домот Захариев беше на височината меѓу Витлеем и Хеврон. Гласот дека на Захарија му се јави ангелот Божји, дека онеме, а потоа му се одврза јазикот штом го напиша името Јован, се разнесе по сиот Израил. Овој глас дојде и до Ирод. Затоа Ирод, кога испрати да се заколат децата во Витлеем, прати луѓе и во ридското престојувалиште на семејството Захариево, за да го убијат и Јован. Но Елисавета благовремено го сокри детето. Разјарен од ова, царот Ирод испрати џелати кај Захарија во храмот (зашто се погоди тој повторно беше чреден за служење во ерусалимскиот храм) да го убијат. Захариј беше убиен меѓу притворот и храмот, а неговата крв се засири и се скамени на плочите и остана како неизбришливо сведоштво против Ирод. Елисавета со детето се скри во една пештера, во којашто набрзо таа умре. Младенецот Јован остана сам во пустината, препуштен на грижа на Бога и Неговите ангели.

Свети Никита, епископ Ремесијански

Другар и врсник на Св. Павлин Нолски (кој се слави на 23 јануари). Веројатно бил Словенин, а го проповедал Евангелието меѓу Словените во нишко-пиротската област. Св. Павлин му испеа песна во која покажа какво дело овој свет Никита изврши меѓу Словените: „Каква промена! И колку среќна! Непроодни што беа крвавите гори, сега кријат разбојници во монаси претворени - ах, питомци на мирот. Кај што беа обичаите ѕверски, сега ликот ангелски е. Праведникот во пештера се крие, онде кај што злостор порано пребиваше.“ Столица на Свети Никита беше градот Ремесијан, под којшто некои го препознаваат Пирот. Освен својата мисионерска служба, Свети Никита напиша и неколку книги: шест книги за верата, книга за паднатата девојка (којашто мнозина ги побуди на покајание). Овој светител се упокои во 5 век.

Светите маченици Орентиј, Фарнакиј, Ерос, Фирмос, Фирмин, Киријак и Лонгин

Родени браќа. Беа римски војници во времето на царот Максимијан. Во војната на Римјаните против Скитите околу Дунав, Свети Орентиј му излезе на мегдан на скитскиот голијат Марот и го уби. За ова целата римска војска им принесуваше жртви на боговите, но Орентиј и неговите браќа изјавија дека се христијани и дека не можат да им принесат жртва на глувонемите идоли. И покрај нивните војнички заслуги беа осудени на прогонство во Касписките предели, но патем сите седуммина, еден по друг, од глад и маки го завршија животот и се преселија во Царството Христово.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2008 во 19:02

Преподобната маченичка Февронија

Ќерка на сенаторот Просфор од Рим. За да избегне брак со смртен човек, си Го избра себеси Христа за вереник и се замонаши на Исток во земјата Асирска, во манастир каде што тетка ѝ Вриена беше игуманија. Лисимах, син на еден големец, имаше желба да се ожени со Февронија, но затоа што Диоклецијан наѕираше во него потаен христијанин, го испрати на Исток со чичко му Селин да заробува и убива христијани. Селин беше суров како ѕвер, сегде немилосрдно ги убивашe христијаните. Лисимах пак, каде што можеше ги штедеше христијаните и ги засолнуваше пред својот ѕвероподобен чичко. Кога направи пустош кај христијаните во Палмира, Селин дојде во градот Сивапол, во чијашто близина имаше девствен манастир со педесет испоснички, меѓу кои и Февронија. Иако имаше само дваесет години, во манастирот и во градот ја почитуваа Февронија заради големата кротост, мудрост и воздржливост. Во тој манастир го држеа правилото на блажената Платонида, поранешната игуманија на манастирот - секој петок го минуваа во молитва и во читање од светите книги, тој ден ништо друго не работеа. Од свештените книги, како што одреди Вриена, на сестрите им читаше Февронија, и тоа стоејќи скриена зад завесите за никој да не се замајува и плени со нејзиното прекрасно лице. Кога чу за Февронија, Селин нареди да му ја доведат. Бидејќи Светата девица не сакаше да се одрече од Христа и да се согласи на брак со смртен човек, нареди да ја шибаат, па да ѝ ги избијат забите, потоа ѝ ги отсекоа рацете, па градите, па нозете и најпосле ѝ ја отсекоа главата. Истиот тој ден мачителот го снајде ужасна казна: во него влезе демон и го обзеде некој смртен ужас, во тој ужас тој удри со главата во мермерен столб и падна мртов. Лисимах нареди и телото на Февронија го собраа и го однесоа во манастирот, каде што чесно го погребаа, а тој и голем број од војниците се крстија. Од моштите на Февронија стануваа многубројни исцеленија, а и таа се јавуваше на денот на нејзиниот празник и стоеше меѓу сестрите на своето вообичаено место додека сите сестри ја гледаа со страв и со радост. Света Февронија пострада чесно и се пресели во вечното блаженство во 310 година. Во 363 година нејзините мошти беа пренесени во Цариград.

Преподобен Дионисиј

Ктитор на манастирот Свети Јован (Дионисијат) на Атон. Родум од Корица, Албанија. Неговиот постар брат, Теодосиј, се оддалечи на Света Гора, каде што со време стана игумен на манастирот Филотеј. Кога порасна и Свети Дионисиј дојде при брат му во Филотеј и овој го замонаши. По Божја Промисла Теодосиј, бавејќи се за една манастирска работа во Цариград, беше избран и посветен за митрополит во Трапезунт. На Дионисиј пак, почна да му се јавува некоја чудна светлина секоја ноќ на она место каде што подоцна ја подигна Светата обител на Свети Јован Предвесник. Објаснувајќи ја појавата на онаа светлина како знак дека таму треба да подигне манастир, Дионисиј отиде во Трапезунт кај брат му и кај царот Алексиј Комнен да побара помош. Царот му даде и пари и повелба, којашто и денес ја чуваат во манастирот. Во 1380 година Дионисиј ја основа обителта на Свети Јован Предвесник. Но еднаш кога морските разбојници ја ограбија обителта, Дионисиј повторно отиде во Трапезунт и таму се упокои, во седумдесет и втората година од неговиот живот. А манастирот Дионисијат до денес напредува и цвета. Во тој манастир се наоѓа иконата на Пресвета Богородица наречена П о ф а л б а , којашто царот Алексиј Комнен му ја подари на Дионисиј. Според Преданието пред оваа икона за првпат е читан Акатистот кон Пресвета Богородица, составен од патријархот Сергиј.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2008 во 19:13

Преподобен Давид

Родум солунјанин. Прво се подвизуваше во близината на Солун, во една колиба подигната под бадемово дрво. Подоцна го продолжи подвигот во Тесалија. Постејќи, бдеејќи и молејќи се толку се очисти, што се удостои со голема благодат од Бога. Еднаш зеде жар во раката, стави темјан и го покади царот без ни малку да си ја повреди раката. Кога го виде ова, царот му се поклони до земја. Со своите многубројни чуда ги восхити луѓето. Се упокои мирно и се пресели во блажената вечност во 540 година.

Празник на Тихфинската икона

Оваа икона на Пресвета Богородица најпрво беше во Цариград, но седумдесет години пред падот на Цариград, во 1383, таа ненадејно се појави во воздухот во близина на градот Тихфин во северна Русија. На местото каде што се спушти беше устроена црква и обител. А според градот Тихфин се нарече Тихфинска. Безбројни чуда се случија од оваа чудотворна икона, особено исцеленија на мнозина болни.

Празник на иконата Одигитрија

Оваа икона ја изработи на дрво самиот евангелист Лука. Кога ја виде, Пресвета Богородица ја благослови. Свети Лука му ја подари иконата на тој Теофил кому му ги пишуваше Делата Апостолски. Подоцна ја пренесоа од Антиохија во Ерусалим, а од Ерусалим ја зеде царицата Евдокија и ја испрати во Цариград до сестрата на царот, кај побожната Пулхерија на дар. Пулхерија ја положи во Влахернската црква, којашто самата ја имаше подигнато. Еднаш им се јави Пресвета Богородица на двајца слепци и ги доведе до црквата Влахерна пред Својата икона и овде на обајцата им го врати видот. Затоа оваа икона ја завикаа Одигитрија - Патеводителка. Кога војските на персискиот цар Хозрој и на скитскиот цар Каган удрија на Цариград, патријархот Сергиј ја изнесе оваа икона на градските бедеми и ја носеше по бедемите. Тогаш Пресвета Богородица ги спаси христијаните од нехристијаните. Непријателските војски се збунија, морето се возмути, корабите потонаа, непријателите што останаа во живот удрија во бегство. Оттогаш е востановен споменот на ова чудо на Пресвета Богородица во саботата на петтата седмица од Чесниот Пост со читање на Акатист. Во времето на иконоборството иконата беше пренесена во Светата обител на манастирот Пантократор и таму ја заѕидаа во ѕидот, а пред неа оставија кандило да гори. Како што ја заѕидаа потоа така и ја најдоа.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2008 во 11:24

Полагањето на ризата на Пресвета Богородица
во Влахернската црква во Цариград

Во времето на царот Лав Велики (458 г. – 471 г.), на царицата Верина и патријархот Генадиј, патуваа по Светата Земја двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, заради поклонение на тамошните светости. Во Назарет отседнаа во куќата на една вдовица Еврејка, којашто во тајна одаја ја чуваше ризата на Пресвета Богородица. Многумина болни и неволни добиваа исцеление за своите маки со молитва и со допирот на таа риза. Галвиј и Кандид ја зедоа Светата риза и ја пренесоа во Цариград, а тоа им го објавија на царот и на патријархот. Во царскиот град тоа предизвика голема радост. Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот на еден залив, наречен Влахернски, според името на некој скитски војвода Влахерн, којшто на ова место беше убиен). Овој празник е востановен во спомен на полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква.

Свети Јувеналиј, патријарх Цариградски

Современик на големите светилки на Црквата Христова: Ефтимиј, Теодосиј, Герасим, Симеон Столпник и др. Учествуваше на два Вселенски Собори: на Третиот во Ефес и на Четвртиот во Халкидон и со голема сила и ревност се бореше против богохулните ереси: во Ефес против Несториј којшто Ја нарекуваше Богородица Христородица и во Халкидон против Евтихиј и Диоскор, коишто учеа дека Христос имаше само една природа, т.е. Божествената, без човечката. После победата на Православието на овие два Собори, Јувеналиј се врати на својот престол во Ерусалим. Но иако ересите беа осудени, еретиците не беа истребени. Од сплетките и насилството на некој Теодосиј, пријател на Диоскор, Јувеналиј беше протеран од престолот и Теодосиј самочино се воздигна себеси на неговото место. Овој еретик Теодосиј во прво време го помагаше и царицата Евдокија, вдовицата на царот Теодосиј Помалдиот, којашто се имаше населено во Ерусалим. Колеблива и брзоплета, Евдокија најпосле отиде кај Свети Симеон Столпник да го праша каде е вистината. Божјиот светител ги разобличи сите еретички учења и ја упати царицата да се држи за православното учење како што е утврдено на Соборите. Царицата го послуша, се покаја и самата се озлоби против лажниот патријарх Теодосиј. Тогаш во Цариград владееја Маркијан и Пулхерија. Царот му испрати писмо на војводата Атанасиј да го протера Теодосиј и на престолот да го врати Јувеналиј, како што набрзо беше и направено. Јувеналиј управуваше со ерусалимската Црква триесет и осум години како поглавар и во длабока старост се престави кај Господ за да ја прими од Него наградата за пребројните маки и неволји што ги претрпе за вистината. Во времето на Свети Јувеналиј беше утврдено празнувањето на Божик на 25 декември
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2008 во 13:54

Светиот маченик Емилијан

Во времето на Јулијан Отстапник во тракискиот град Доростол живееше момчето Емилијан, слуга на градоначалникот. Кога царот Отстапник почна со меч и со оган да го сотира христијанството ширум римското царство, во Доростол дојде царски пратеник да ги убива христијаните. Но не најде ни еден единствен. Израдуван од тоа, тој им приреди голема гозба на доростолските граѓани и заповеда големо жртвопринесување на идолите и деноноќна веселба по целиот град. Таа ноќ тргна Свети Емилијан по идолските храмови, по плоштадите и градските улици и со копач ги испокрши сите идоли. Утредента во градот настана ужас. Сите го бараа разурнувачот на нивните богови. Беше фатен еден селанец когошто го видоа тоа утро како минува крај храмот. Кога виде дека ќе пострада невин човек, Емилијан си рече: „Ако го сокријам своето дело, што корист од тоа што го сторив? Зар да се најдам пред Бога како убиец на невин човек?“ Му се пријави, значи, на царскиот намесник и призна сѐ. Овој разјарен го запраша Емилијан кој го наговори на она дело. Христовиот маченик одговори: „Бог и мојата душа ми заповедаа да ги урнам мртвите столбови што ги нарекувате богови.“ Тогаш судијата нареди да го бијат, а после да го изгорат во оган. Така го заврши својот земен живот Свети Емилијан и се пресели во небесниот на 18 јули 362 година.

Преподобен Памво

Мисирец и подвижник на Нитриската Гора. Современик на Св. Антониј Велики и самиот голем во монашките подвизи. Беше познат особено по две особини: со долго вежбање го заклучи својот јазик да не каже ниеден излишен збор и никогаш не јадеше друг леб освен оној што го заработи плетејќи рогозини со своите раце. Беше сличен на ангел Божји и на старост лицето му светеше како некогаш на Мојсеј, така што монасите не можеа да го гледаат в лице. Ни на најпростите прашања не даваше брз одговор, без претходно да се помоли во срцето и да размисли. Еднаш Александрискиот патријарх Теофил ги посети монасите во Нитрија. Тогаш монасите го молеа Памво: „Кажи му на отецот слово за наѕидување за да му биде на полза“. Молчаливиот Памво одговори: „Ако моето молчење не му е од полза ни моето слово нема да му биде“. Патуваше еднаш Свети Памво со монасите по Мисир. Кога наидоа покрај некоја група луѓе што седеа додека монасите минуваа крај нив, Свети Памво им рече: „Станете и поздравете ги монасите за да примите благослов од нив, зашто тие непрестајно беседат со Бога и нивните усни се свети“. Овој прекрасен светител проѕираше јасно во судбините на мртвите и на живите луѓе. Се упокои во Господа во 386 година.

Преподобните Пајсиј и Исаија

Родени браќа, од богат род. Едниот се посвети на подвиг во пустина, а другиот на подвигот на милосрдност кон луѓето. Свети Памво обајцата ги виде во Рајот. Со ова се реши спорот меѓу монасите околу тоа што е подобро: пустинскиот подвиг или делото на милосрдноста. И едното и другото кога се вршат во името Христово водат во Рајот.

Преподобниот Јован многустрадален

Затворник во пештерата на Свети Антониј Киевски. Триесет години беше мачен од блудната страст, против која се бореше неотстапно, додека не ја победи со Божја помош и со допир на моштите на Свети Мојсеј Угрин (под 26 јули). Кога ја победи оваа скверна страст, Свети Јован беше заблеснат од небесна светлина однатре, со која ноќе можеше да гледа како да е ден.

 

 

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2008 во 09:08

Преподобна Макрина

Најстарата сестра на Св. Василиј Велики и Св. Григориј Ниски. Како девица рано ја свршија за некој благороден младич. Но кога ѝ умре свршеникот, Макрина се заветува никогаш да не стапи во брак, говорејќи: „Не е право девојката верена за еден вереник да оди кај друг; според природниот закон сопружништвото треба да биде едно како што е едно раѓањето и една смртта“. Уште го оправдуваше таа ова со верата во Воскресението, сметајќи го својот вереник не за мртов, туку за жив во Бога. „Грев и срамота е“, велеше, „сопругата да не ја сочува верноста кон сопругот кога тој ќе појде во некоја далечна и непозната земја“. Потоа заедно со нејзината мајка Емилија примија монаштво во еден девствен манастир, каде што се подвизуваа со други монахињи. Живееја од трудот на своите раце, а поголемиот дел од времето го посветуваа на богомислие, молитва и непрестајно воздигнување на умот кон Бога. По некое време мајка ѝ умре, а потоа и брат ѝ Василиј. Деветтиот месец по смртта на Василиј дојде да ја посети Григориј, но ја најде на смртна постела. Пред смртта Макрина Му вознесе молитва на Бога: „Ти Господи ги упокојуваш нашите тела со сон смртен на некое време, но после повторно ќе ги разбудиш со последната труба. Прости ми и дај ми кога мојата душа ќе ја соблече нејзината телесна облека да застане пред Тебе непорочна и без грев и да биде како темјан пред Тебе.“ Потоа со раката си направи крсен знак на челото, на очите, на лицето, на срцето и издивна. Се упокои во Господ во 379 година.

Преподобниот Диј

Родум од Антиохија Сириска, од христијански родители. Во младоста научен на монашки подвиг од боговдахновени мажи. Откако издржа макотрпна и долготрајна борба со ѓаволот и против телесната похот, Бог му даде голем дар на чудотворство. Во своите молитви најчесто се обраќаше до Света Троица. Со силата на молитвата правеше големи и страшни чуда: направи сув стап да се разелени, наполни сув бунар со вода, еден неверен човек го умртви и пак го воскресна. После некое двојно небесно видение ја напушти Антиохија и се пресели во Цариград, па го продолжи подвигот во близина на овој град. Славата за него брзо се разнесе, па и самиот цар Теодосиј Помладиот го посети за да прими од него совет, а патријархот Атик го наговори да прими свештенички чин и го ракоположи. Откако поживеа многу години се подготви за смртта, се причести, ги поучи браќата, легна на постела и пред очите на сите беше мртов. Веста за неговата смрт привлече многу народ, дојде и патријархот Атик заедно со Александрискиот патријарх. Но кога сакаа да го погребаат, тој одеднаш стана како разбуден од сон и рече: „Бог ми подари уште петнаесет години од овој живот.“ Оттогаш Свети Диј поживеа точно петнаесет години и многумина ги поучи на патот на спасението. Исцели мнозина, на многумина им помогна во разни беди и неволји и најпосле ја предаде својата душа на Господа, Кому сиот свој живот верно Му послужи. Се упокои во длабока старост, во 430 година.

 

 

 

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2008 во 14:33

Седумтемина Макавеи, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар

Сите пострадаа за чистата Израилска Вера од царот Антиох, од едни наречен Епифанос (просветлен), а од други Епиманис (безумен). Заради големите гревови во Ерусалим, особено заради грабањето колу архиерејската власт и злосторствата извршени при тие грабања, Бог допушти голема беда на Светиот град. Антиох сакаше да им го наметне елинското идолопоклонство на Евреите по секоја цена и сѐ вршеше во тој правец. Таа негова мисла ја помагаа и некои вероломни архиереи и други старешини ерусалимски. Еднаш самиот цар дојде во Ерусалим и нареди сите Евреи да јадат свинско месо, што е спротивно на законот Мојсеев. Зашто јадењето свинско месо беше очигледен знак дека некој се одрекол од верата Израилска. Старецот Елеазар, самиот свештеник и еден од преведувачите на Стариот Завет на грчки јазик, не сакаше да јаде свинско месо. За ова беше мачен и запален. Враќајќи се во Антиохија царот ги зеде со себе седумте синови наречени Макавеи и мајка им Соломонија. Седумтемина браќа Макавеи се викаа: Авим, Антонин, Елеазар, Гуриј, Евсевон, Алим и Маркел. Пред очите на мајка им свирепиот цар ги мачеше овие седуммина еден по еден, дерејќи ја секому кожата од лицето и фрлајќи ги потоа во оган. Тие сите храбро ги претрпеа маките и смртта и не се одрекоа од својата вера. Најпосле и мајка им, откако го виде својот тригодишен син во огнот, самата скокна во огнот и изгоре, предавајќи Му ја душата на Бога. Сите чесно пострадаа за верата во едниот жив Бог околу 180 година пред Христа.

Изнесувањето на Чесниот Крст

Овој празник е востановен договорно од Грците и Русите за време на грчкиот цар Мануил и рускиот кнез Андреј во спомен на истовремената победа, и тоа: на Русите над Бугарите, а на Грците над Сарацените. Во обете војни во војските се носени крстови од кои заблескале небесни лачи. Затоа беше востановено на 1 август да се изнесува Крстот од Света Софија, најпрво на средината на црквата, а потоа и на улиците, заради поклонение на народот и заради споменот на чудотворната помош на крстот во претходните војни. Ова не беше некој обичен крст туку вистинскиот Чесен Крст, којшто се чуваше во храмот на царскиот дворец. На 31 јули Чесниот Крст е пренесуван од царскиот дворец во Света Софија, а оттаму потоа носен по улиците заради осветување на земјата и воздухот. Најпосле, на 14 август, беше повторно вратен во храмот на царскиот дворец.

Светите девет маченици: Леонтиј, Атиј, Александар, Киндеј, Минситеј, Киријак, Минеон, Катун и Евклеј

Првиот беше дрводелец, а останатите земјоделци. Заради дерзоста да ја исповедаат Христовата вера и затоа што го урнаа храмот на Артемида, луто истизавани и обезглавени во времето на Диоклецијан во Пергија Памфилиска, станаа наследници на Христовото царство.

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 08:57

Откривање и пренос на моштите на
Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан

Кога злите Евреи го убија со камења Свети Стефан, го оставија неговото тело да го изедат кучињата. Но Промислата Божја сакаше поинаку. Телото на маченикот лежеше на отворено место под градот два дена и две ноќи, а втората ноќ дојде Гамaлиил, учителот на Павле, а потаен ученик на Христа, го зеде телото, го однесе на својот имот во Кафаргамала и овде во една пештера го погреба чесно. Во истата пештера Гамалиил го погреба и својот пријател Никодим, којшто плачејќи над Стефановиот гроб умре. Овде Гамлиил го погреба и својот крстен син Авив. И според заветот што го остави и самиот Гамалиил беше овде погребан. Оттогаш поминаа векови и никој од живите не знаеше каде е погребано телото на Свети Стефан. Но во 415 година, во времето на ерусалимскиот патријарх Јован, му се јави Гамaлиил трипати на свештеникот кафаргамалски Лукијан и потенко му раскажа сѐ за погребот на оние што ги спомнавме, покажувајќи го точното место на нивните заборавени гробови. Возбуден од овој сон, Лукијан му јави на патријархот и штом зеде благослов поведе луѓе и појдоа да ги откопаат четирите гроба. Пештерата се преисполни со силно благоухание од светителските коски. Тогаш моштите на Свети Стефан ги пренесоа свечено на Сион и таму ги погребаа чесно, а моштите на другите ги изнесоа на еден рид над пештерата и овде ги положија во една црква. Од моштите на Свети Стефан тој ден се извршија многу исцеленија на болни. Подоцна тие мошти беа пренесени во Цариград. Така Господ го овенча со голема слава оној којшто прв ја пролеа својата крв за Неговото име.

Светиот свештеномаченик Стефан, папа Римски
и другите со него

Беше папа во Рим од 253 до 257 година. Се бореше против еретиците новацијани. Ја исцели Лукила, ќерката на трибунот Немезиј, па ги крсти и двајцата. Пострада во времето на Валеријан со уште дванаесет свои клирици. Убиен со меч за време на литургија.

Светиот блажен Василиј, јуродив Московски

Татко му се викаше Јаков, а мајка му Ана. Во својата шеснаесетта година се предаде на подвиг на јуродство и во тој тежок подвиг издржа седумдесет и две години. Сѐ на сѐ живееше осумдесет и осум години. Немаше никакво постојано пребивалиште. Исправаше грешници, укоруваше големци, прорекуваше вистинито, имаше далечински виденија. Откако се изнатрпи во глад, во мраз, во човечки навреди, Му ја предаде својата света душа на Господ. На погреб му дојдоа царот Иван и московскиот митрополит. Погребан е во храмот на Пресвета Богородица во Москва, кој после се нарече со неговото име.




Изменето од чаир - 15.Август.2008 во 10:58
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 15:33

Преподобните Исакиј, Далмат и Фауст

Исакиј се празнува уште еднаш посебно (под 30 мај). Свети Далмат најнапред беше офицер кај царот Теодосиј Велики и царот го чуваше во голема чест. Но кога во него се разбуди духот, тој презре сѐ светско, го напушти чинот, го зеде својот син единец Фауст и со него отиде во предградието на Цариград, во обителта на Свети Исакиј, каде што обајцата примија монашки потстриг. Далмат сиот му се предаде на богоугодниот живот, на голема радост на старецот Исакиј. И кога му се приближи смртниот час, старецот го постави Далмат за игумен наместо себеси. Подоцна таа обител по него се нарече Далматска.

Преподобен Козма евнух

Монах од лаврата Фаранска. Многу учен во Светото Писмо. Толку ги ценел делата на Св. Атанасиј Велики што му велел на својот ученик: „Кога ќе слушнеш некој збор од книгите на Свети Атанасиј, ако немаш хартија запиши го на рака.“ На старост дојде во Антиохија кај патријархот Григориј (+584г.) и тука го заврши својот земен живот. Патријархот нареди телото на Козма да се погреба во манастирот на Патријаршијата. Еден човек често доаѓаше на Козминиот гроб и чевствувајќи го Светителот, Му се молеше на Бога. Кога го прашаа зошто прави така, објави дека дванаесет години лежел фатен и дека Свети Козма го исцелил.

Преподобен Антониј Римјанин

Роден е во Рим во 1086 година, од родители благочестиви и имотни. Во тоа време Римската црква се одвои од Источната и сите што ѝ останаа верни на Источната Црква беа гонети од римскиот клир. Меѓу гонетите беше и Антониј. Тој го раздаде сиот наследен имот и се замонаши. Се подвизуваше стоејќи на една карпа во морето четиринаесет месеци. Но карпата се одвои од својата основа и по некоја чудна промисла доплови во Новгород. Во Новгород љубезно го прими архиерејот Никита и му помогна да ѝ подигне црква на Пресвета Богородица, каде што потоа се крена манастир. Поживеа Свети Антониј долго како игумен на манастирот, пројави голема благодатна сила преку многу извршени чуда и се упокои мирно во 1146 година, кога се пресели во дворците на Господ.

Света мироносица Саломија

Мајката на Светите апостоли Јаков и Јован. Жена на Заведеј, а ќерка на праведниот Јосиф. Му служеше на Господ за време на Неговиот земен живот и се удостои да биде меѓу првовесниците на Неговото воскресение
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2008 во 00:18

Светите седуммина младенци во Ефес     17/08/2008

Во времето на царот Декиј имаше големо гонење на христијаните. Самиот цар дојде во Ефес и овде приреди гиздаво и бучно празнување на мртвите идоли, но и страшен колеж на христијаните. Седуммина момчиња, војници, се воздржаа од скверното жртвопринесување и усрдно Го молеа Бога Единствениот да го спаси христијанскиот род. Беа синови на најугледните ефески старешини, а имињата им беа: Максимилијан Јамвлих, Мартинијан, Јован, Дионисиј, Егзакустодијан и Антонин. Кога беа обвинети кај царот, се засолнија на ридот Охлон зад градот Ефес и овде се скрија во некоја пештера. Кога царот дозна за тоа, нареди да ја заѕидаат пештерата со момчињата внатре. А Бог, според Својата далекусежна Промисла, пушти еден чуден и долготраен сон на нив. Царските дворјани Теодор и Руфин, коишто беа потајни христијани, дадоа таму да се вѕида и едно бакарно ковчеже со оловни плочи на коишто беа испишани имињата на овие момчиња и нивната маченичка смрт во време на царот Декиј. Оттогаш поминаа над двесте години. Во времето на царот Теодосиј Помладиот (408 г. – 450 г.) настана голем спор околу воскресението на мртвите. Зашто имаше некои што се посомневаа во воскресението. Царот Теодосиј беше во голема тага заради овој спор меѓу верните и Му се молеше на Бога за Бог на некој начин да им ја објави вистината на луѓето. Во то време на бура во Црквата, овчарите на некој Адолиј којшто го поседуваше ридот Охлон, почнаа да прават трла за овците и земаа камен по камен од онаа пештера. Тогаш младенците се разбудија од сон, млади и здрави какви што заспаа. И тоа чудо се разгласи на сите страни, та и самиот цар Теодосиј дојде со голема свита и со умиление разговараше со момчињата. После една недела тие повторно заспаа со сон смртен, за да го чекаат општото воскресение. Царот сакаше да ги положи нивните тела во златни ковчези, но тие му се јавија во сон и му рекоа да ги остави на земја како што се полегнати.

 

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2008 во 00:19

Светиот маченик Козма Рамноапостолен     17/08/2008

Родум од Етолија, од селото Мегадендрон (Големо дрво). Како момче отиде на Света Гора и во манастирот Филотеј беше потстрижен за монах. Но гонет од постојана желба да му го проповеда Евангелието на народот, тој отиде во Цариград и испроси благослов од патријархот Серафим II. Ги обиколи сите придунавски краеви проповедајќи го Евангелието, но најмногу се задржа во Албанија, каде што пострада од некој к*рт паша, когошто Евреите го раздразнија против Козма. Свети Козма беше удавен од Турците, па потоа фрлен во река, во 1779 година. Неговите чудотворни мошти почиваат во селото Колкоидас, во храмот на Пресвета Богородица, недалеку од градот Фиери. Пострада за Господ во шеесет и петтата година од животот.

 

Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4647484950 68>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,324 секунди.