|
Житијата на светците |
Внеси реплика | страница <1 89101112 14> |
Автор | |
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Која е разликата меѓу нивното рушење на нехристијански храмови, и твоите напади и исмевања врз православието и неговите вредности? Според мене исто.
Евангелос и Алдра - упорно не се разбираме... зборуваме за различна работа. Јас немам проблем со тоа што вие го критикувате православието. Напротив - тоа е добро за дискусијата и за зацврстување на верата кај дискутантите (од двете страни). Имам проблем со начинот на кој тоа се прави. Многу добро знаеш за што зборувам, но дозволуваш упорно сарказмот да избие на површина. Алдра - укорот не е навреда, само кога се изразува преку поука и позитивен пример. Може за промена да почнете така да го искажувате, затоа што сме имале многу добри дискусии на тој начин... вака нема корисна дискусија - има само конфликт и дрскост од двете страни. И што? Докажувате нешто на тој начин? Поучувате некого на тој начин? Или само си го задоволувате личното его дека вие сте во право, а другите не? Чиста суета е тоа, а не проповедање на евангелие... и како што гледате - многумина имаат проблем со тоа. Затоа, конкретно - што е целта? Да кажете на другите дека се грешници? Или да ги изведете од гревот? За сега само првото го правите. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не знам за каков однос зборуваш. Јас немам со никого "однос" на форумов
Јас не зборувам за ничии верски чувства. Темава гласи "Житијата на светците" и овде наведуваме делови од нивните житија и ги ставаме под лупата на Светото Писмо, коментираме за нив, дискутираме, даваме критики (позитивни, негативни), па дајте мајка му стара 21век сме, денес луѓето Господ го ставаат под лупа и Го испитуваат па никој не дига верски востанија, а вие цимолите затоа што отворено дискутирам за починати луѓе.
zidarski, јас на темава никого не сум навредил, ни од членовите, ни од покојниците за кои дискутирам. Ако сметаш дека сум навредил некого, цитирај ме точно кого сум навредил и ќе се извинам.
Не ти ја сфаќам уште споредбата со храмот. Јас не сум срушил никаков храм, а во житието на последниве што ги спомнав јасно се вели дека рушеле нехристијански храмови.
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Навреда, осуда и укор. Три термини со три различни но блиски значења.
Навредата е повреда на чувствата на некој човек најчесто со искажаните зборови или со некои дејствија. Сите Христијани треба се воздржуваат од навреди. Самоконтролата е еден од плодовите на Духот. Заповедано ни е да не судиме за да и самите не бидеме судени. Само Еден е нашиот Судија па ве молам сите да го дочекаме Неговиот Суд. А дотогаш да се обидеме да не грешиме. Треба да ги укоруваме нашите ближни кога грешат. Така не би биле виновни за нивните гревови. Самиот Исус ни го заповеда тоа. Јас ја прифаќам оваа заповед како моја света должност и ветувам дека ќе се потрудам да ги укорам сите оние кои ќе грешат во иднина. Но дали укорот може некого да навреди? Се разбира дека може. Треба да послушаме една мудра изрека која вели: ,,Сметај го за најдраг пријател оној кој ти укажал на твоите грешки.’’. При укорувањето треба да сме максимално претпазливи како би го сториле тоа што е можно побезболно. Но светлината боли кога се будиме наутро!Истот добронамерно укорување го очекувам и од вас! Никој да не се навредува од укорите на искрените Христијани кои го губат своето драгоцено време да нам ни објаснат и да не изведат на правиот пат. Напротив треба за тоа да им се заблагодариме на сите кои придонеле заедно да се изградуваме и растеме во Вистината! |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Алдра - не станува збор за спротивставени мислења. Станува збор за начинот на кој се изразуваат тие мислења...
Ти дадов веќе пример - секој пат кога ќе ве нарече некој секта, се лутите, затоа што звучи навредливо... зборот значи - група луѓе која се одделила од мнозинството, заради несогласување со нивната догма. Така? Не станува збор за навреда на верските чувства, станува збор за навреда на основни човечки чувства. Многу пати на форумов е докажано и покажано дека може да се дискутира и за најжешките и најспорните теми, без да се навредува никој, доколку малку се внимава со јазикот кој се употребува. Ете, поставив многу конкретно прашање - каква е разликата меѓу вашиот однос сега, кон нечии верски чувства и начин на верување, и примерот кој Евангелос толку искрено го критикува со рушењето на храмот? Јас искрено не гледам разлика... Нека ја посочи некој. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Би сакал да ги прашам со сета почит таканаречените православни и сите останати кои понекогаш се чувствуваат навредени од некои постови: Зошто воопшто доаѓате на форумов? Ова е место каде се разменуваат мислења по верски теми. На овие теми отсекогаш имало спротивставени ставови. Впрочем еден од основните предуслови на дискусијата е да постојат најмалку два различни става за едно исто нешто.
Конкретно на темава, Житијата на светците, што очекувавте кога видовте таква тема? Ајде ако толку сакате ќе се повлечеме ние Христијаните кои имаме различен поглед од вас православните и вие ќе можете слободно да си дискутирате на темава...сами. Ако не сакате да бидат навредени вашите верски чувства не учествувајте на темите кои можат да го сторат тоа. Баш поради ова јас лично не учествувам во расправии со атеисти и муслимани. Па мислам дека стратегијата успева. |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сериозно - во што се разликува тоа што ти го правиш од опишаното? Не обвинувам - ме интересира објаснувањето за разликата меѓу едното и другото. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Зашто ќе дојде време, кога луѓето не ќе ја трпат здравата наука, туку според своите страсти ќе си насоберат учители,за да им ги скокоткаат ушите, и ќе ги одвратат ушите од вистината, а ќе се свртат кон бајки."
(2 Тимотеј 4:3-4) |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
gospel
Сениор Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БАЈКИ И ПРИКАСКИ
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што мислите вие за оваа случка?
Дали може жената Марија да му ја затвори устата на Господ Исус?
Замислете, Господ Исус им рекол на варварите да побрзаат да ги нападнат монасите, а жената Марија му ја затворила устата на Господ Исус и им рекла на монасите да избегаат.
Моето мислење е дека ова не е можно и дека наведената приказна е лага. Што мислите вие?
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Доста цимолите како мали деца. Доколку имате да напишете нешто квалитетно и ОН-ТОПИК на темава, бујрум облагородете ја истата. Доколку немате, пребацете се на темата "Општо и неврзано"
Си ги побркал малку работите. Јас никогаш не сум бил модератор и затоа не сум имал ни можност (а ни повод!) да бришам пораки на форумов.
но еве ти нова можност на тебе да не просветлиш и да ни објасниш чии тоа инструкции следеле овие (за мене) сомнителни верници што ги рушеле нехристијанските храмови? Сите добро знаеме дека такво нешто Христос не заповедал и затоа те повикувам тебе, а и сите други што ги славите овие светци, да пробате да ни ги објасните овие нивни вандалистички постапки.
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Prasanje do Protestantite....
DALI MERILO ZA VASATA VERA E KOJ POVECE CE GO ISPLUKA PRAVOSLAVIETO< SPORED TOA LI SE CENITE MEDJU VAS ??????? NE gi dirajte Svetcite nasi se Pravoslavni ostavete gi namira nisto loso ne vi napravile negi narekuvajte so pogrdni iminja NEKOGO TOA MNOGU GO NAVREDUVA .... Ve molam OSTAVETE GI SVETCITE NA MIRA.......ako ste hristijani... |
|
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
toj ne e svesen deka so ova pottiknuva mnugu .........,,intere-sno svakjanje za protestantite,,-vo makedonija..............no sto da se pravi .........sepak kaj nas nemalo inkvizicija......dosega
a ti evangelose....so tvoite tolkuvanja...,,,seci vadi---brzo sadi,,, samo me potsekjas na nekoi postapki na odredeni clenovi od minatoto na forumot....koi neslavno zavrsija so svoite nameri.......razmisli....
sto se odnesuva do svetitelite i faktite.....ti prijatele mnogu dobro znaes deka da vleguvam vo polemika so tebe e isto kako ---,,,,vladata na sad da pocne da pregovara so teroristite,,,....tuka imase vo svoe vreme mnogu ubavi temi za ovie prasanja.....svetiteli,macenici,cudotvorci kade -(pa i za tie sto rusea hramovi i bile vojnici ili carevi) sto nekoi se potrudija da objasnat dobro za sto stanuva zbor......no ti gi izbrisa koga bese t.n. moderator-----samo za da ti posluzi na cest........vo idnina t.e -sega..........
zatoa bidi pozdraven i ne gradi losa slika za onie koi se narekuvaat protestanti....zaradi tvoite nepromisleni zborovi i komentari....... Изменето од aladin - 17.Август.2008 во 13:56 |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Евангелосе - уште нешто - со своето пишување и однос сега, зарем не го рушиш ти храмот...?
Ако е можно, доколку зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе!(Римјаните 12:18) |
|
Do what is right, come what may...
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЕвАнгелос... навистина претеруваш понекогаш...
Дури не станува збор дали мислењето ти е еретичко, библиско, оправдано - а станува збор дека исмеваш и навредуваш нешто што на многумина тука им значи многу. Можеме да дискутирате за постапките на тие личности и зошто според тебе не се оправдани - но не си дозволувај да го користиш тој начин на обраќање. Да - знам, веќе многу пати кажа дека црното ќе го нарекуваш црно и белото бело, но за многумина тоа не е така. Сети се на муабетот за желката... И малку повнимателно. |
|
Do what is right, come what may...
|
|
Внеси реплика | страница <1 89101112 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |