IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Жената во Откровението
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Жената во Откровението

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Жената во Откровението
    Испратена: 14.Август.2008 во 15:15
Неодамна учествував во дебата околу следниот стих од Откровението:

Откровение 12,1: И голем знак се покажа на небото: жена, облечена во сонце; под нозете нејзини беше месечината, а на главата нејзина-венец од дванаесет ѕвезди.


Моето мислење е дека жената која се јавува на небото како знак и која го раѓа Оној кој ќе ги пасе сите народи е Пресвета Богородица која и го родила Нашиот Спасител. Сепак слушнав и други различни и интересни мислења, па затоа ја ставам и оваа тема бидејќи мислам дека ќе допринесе да се развие интересна дебата.

Поздрав до сите


Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2008 во 15:44
Јас не се согласувам со тебе. Зошто мислиш дека е Богородица?
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2008 во 17:03
Umot si gi racionalizira site neshta onaka kako sto si zamisluva deka tie bi trebale da bidat spored dadeniot moment, aktuelnata politika, religijskata dogma, veruvanjeto, istorijata, tradicijata, idealite i t.n. Zatoa sekogash deluva neseriozno tvrdenjeto deka onoa sto e napishano vo nekoja sveta kniga e ednoznachno i deka nema mesto za interpretiranje. Rabotata e deka SE E INTERPRETIRANJE i sekoj razbira onolku kolku sto mu dozvoluva negovata prosvetlenost.
 
Neka bide primer i navedeniot citat. Edno moderno intepretiranje bi bilo deka e deka toa ja pretstavuva Obedineta Evropa (so 12 vodechki drzhavi) koi ke go stavat Islamot (Mesechinata) pod svoja kontrola.
 
Ne velam deka navedeniot citat znachi tokmu toa i ne velam deka jas podrzhuvam edno takvo tolkuvanje, no go navedov kako ilustracija za onoa sto go napishav vo prvata rechenica.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2008 во 19:13
AlDRa не мора да се согласуваме во се, сепак ова е само дискусија, но јас би сакал да објаснам зошто мене ме асоцира на Пресвета Богородица- а се надевам и ти ќе кажеш зошто не мислиш дека е Пресвета Богородица (сигурно и двајцата ќе научиме нешто од нашите дискусии)

Откровение 12,5. И таа роди машко дете. кое ќе ги пасе сите народи со железен жезал; и детето нејзино беше грабнато и однесено пред Бога и Неговиот Престол

Овој стих јасно покажува дека машкото дете е Христос Спасителот. Е сега веднаш се поставува прашањето дали ова е откровение за иднината или за минатото бидејки Христос веќе се родил. Мое мислење е дека Господ Бог ќе го покаже тој знак( една од најголемите тајни- Христовото рождество) на човештвото. И во самото Откровение се вели дека тоа е ЗНАК.

Истотака понатаму се вели:

12,17. И се разлути змевот на жената и отиде да војува со другите од семето нејзино, што ги пазат Божјите заповеди и го имаат сведоштвото на Исуса Христа.

Иако можеби не секому, но мене овие зборови многу ме асоцираат на Христовите зборови на крстот упатени до Јован каде му вели:

Jован 19,27. Потоа му рече на ученикот: Ете ти мајка! И од тој час ученикот ја зеде при себе.

Знам дека овие зборови можеби се упатени кон Јован со цел да му укаже да ја земе Пресвета Богорорица при себе и да ја чува, но сепак мислам дека зборовите на Исус Христос на крстот се упатени и до човештвото. Не случајно и Јован, кој го напишал и Откровението ги употребил зборовите СЕМЕТО НЕЈЗИНО иако и самиот нели не бил нејзино дете, но ја земал како мајка, според зборовите на Христос. Семето нејзино се оние кои го пазат словото Божјо- и Јован бил семе нејзино бидејќи го пазел словото Божјо.

Messenger, ваква интерпретација како што даде ти не сум сретнал, а често сум дебатирал на оваа тема. Одличен одговор- го поттикнува човек да размислува.


Поздрав
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2008 во 19:38
Messinger и јас истото го помислив кога прочитав но не сакав да го напишам за да не помисли некој дека се шегувам и дека правам пародија од неговите верувања.
Кон врв
melhisedek Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 225
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај melhisedek Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2008 во 21:28
taka e toa e presvetla bogorodica koja go rodi nasiot gospod isushristos
no sto mislite vo otkrovenie ima i druga zena koja e taaa
aj da ve vidam
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2008 во 21:49
Најпрвин би ви замерил на називот кој го користите. Терминот ,,Богородица’’ не постои во Библијата.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2008 во 21:59
Ни Светото Троиство не постои како термин. Не претерувај...
Do what is right, come what may...
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2008 во 23:21
Kaj Boga postoi samo terminot SVET. Za toa pisuva Biblijata.

I cetirite zivotni imaa po sest krila okolu sebe, a odvnatre bea polni so oci, i bez prekin denje i noke voskliknuvaa, SVET, SVET, SVET, E GOSPOD SEDRZITELOT...
(Otkrovenie 4:8)

Koga Bog e SVET, kako mozi covek da bide posvet, najsvet ili presvet?


Kaj Boga nema POSVET, NAJSVET, PRESVET...
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 18:41
AlDRa, терминот Богородица го нема во Библијата но овој термин потекнува уште од 2 век од новата ера ( додека почитувањето на Пресвета Богодорица го има и во 1 век). Уште во раното Христијанство Дева Марија ја нарекуваат Богородица ( Theotokos на грчки ), односно Мајка Божја. Целта на оваа титула била да се стави акцент на Божественоста на Христос, односно да се покаже дека Христос е Бог.

Знам дека ова е надвор од темата, но сепак морав да одговорам.

Кон врв
melhisedek Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 225
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај melhisedek Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 19:43
zenata vo otkrovenieto e bogorodica no ima uste nestomnogy povejke taaa zenata prestavuva crkavata na isus hristos toes nevestata razbirate.koga mislam crkvata mislam na site lujge koi go imaaat svetiot duh i koi gi pazat negovite zakoni koji ja izvrsuvaaat negovata volja. ima i uste mnogu no zasega tolku neka se razgori temava ke vi objasnam povejke
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2008 во 23:33
Melhisedek, мислам дека жената е Пресвета Богородица која го родила Исус и не може да биде Црквата бидејќи таа не Го родила Исус. Христос е глава на Црквата и нејзин аголен камен и затоа мислам дека Црквата не би требало да е таа.
Кон врв
gospel Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 01.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 405
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gospel Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 00:22
Во откровението се спомнуваат Жена, Невеста и Блудница.

Жената го претставува Израелскиот народ, затоа што тој беше Божји народ, но секогаш грешеше против Бога, се к*рваше со останатите пагански народи и затоа се нарекува Жена,која што го изневери својот маж, т.е. Бог.
Не може да биде невеста, затоа што го изневери својот маж со паганските народи.

Невеста е Црквата Божја, односно сите верници од Духовден(педесетница) па до денес. Црквата Божја е чиста свршеница или невеста на Исус Христос, исчистена преку крвта Христова пролеана на Голгота.

Блудницата е Екумената, или светскиот сојуз на цркви, во нив спаѓаат сите кои што се влезени во тој сојуз: православни, католици и протестанти.
Учењето на Екумената е секој да го признае верувањето на другиот, и да се направи компромис меѓу верските учења на наведените цркви.

Но еве што Бог вели за ова:
„Излезете од неа луѓе мои, за да не учествувате во гревовите нејзини, и да не се заразите од раните нејзини, бидејќи гревовите нејзини стигнаа до небото и Бог си спомна за неправдите нејзини.“
(Откровение 18:4-5)

Значи, во текстот од (Откровение 12:1), не станува збор за Марија мајката Исусова, ниту за црквата Божја, ниту за обединета Европа, туку за Израел, народот Божји кој што требаше да биде чиста и непорочна невеста на Бога, но бидејќи се к*рваше со паганските народи, Бог си избра друга свршеница прочистена преку неговата крв, од сите народи од овој свет.

Каде за прв пат се спомнува ова пророштво и што тоа означува?
Во 1 Мојсеева 37:9-10), се опишува сонот кој што Јосиф го сони.

9 Тој виде уште еден сон и им го раскажа на своите браќа: „Сонував уште еден сон. Внимавајте! Сонцето, месечината и единаесет ѕвезди ми се поклонуваа длабоко!”

10 Кога му го раскажа тоа на својот татко, татко му го укори и му рече: „Што значи сонот што го сонуваше? Зар ќе дојдеме: јас, мајка ти и браќа ти, па да ти се поклонуваме до земја?”

Сонцето го претставува Јаков, месечината неговата жена Рахела, а 11 звезди синовите, т.е. браќата на Јосиф.Ако неговите браќа се звезди, тогаш и тој мора да биде звезда.
12 звезди се дванаесетте патријарха или 12 колена израилеви.
Сонцето, месечината и звездите, сите заедно се создадени да светат и да осветлуваат. Од Израел излезе светлината на светот, а тоа е Исус Христос.

Значи, тоа што го виде апостол Јован во Откровение 12:1 е Израелскиот народ. Да напомнам дека во Стариот завет Израел е опишан како мажена жена, но исто така и како разведена жена фатена во прељуба.

Црквата во Новиот Завет е Невеста Христова, но прв пат во Откровение 19 глава се спомнува како жена, тогаш кога Исус ќе ја земе со себе да биде на свадбата Исусова.


    
Кон врв
melhisedek Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 225
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај melhisedek Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2008 во 01:28
gospel pozdravi od mene ubavo objasna
a koj e sverot?
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.