|
Крштевање |
Внеси реплика | страница <1 910111213> |
Автор | ||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да, но е состојба која телото ја доживува. Затоа и примерот кој се дава - дека ќе има втора смрт - според мене, поскоро се однесува на тоа дека ќе ја почувствува маката и болката од смртта повторно, а не дека ќе умре духот негов грешен... Имаше пред доста време еден многу добар коментар тука за пеколот - како состојба во која духот ја нема љубовта Божја на себе за цела вечност...
|
||
Do what is right, come what may...
|
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Но зидарски јас верувам дека на Судниот Ден ќе воскреснат сите и ќе им се дадат нови тела па ќе бидат судени. Оние кои биле верни и праведни ќе наследат живот вечен а оние останатите за жал ќе го добијат своето место во сулфурното езеро, што би значело дефинитивно крај за нив. Сепак морам да признаам дека ова не ми е доволно познато и не гарантирам за ова што го напишав
|
||
Karamazov
Сениор Регистриран: 20.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 144 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Eh, koj bil da vidi, pa da ni raskaze... |
||
tre, tri, tra
|
||
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дали мислиш на (коментар од) темата: САТАНАТА,ЃАВОЛОТ ?
|
||
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Некаде на темава прочитав коментар кој парафразирано звучеше вака: ,,Децата треба да се крстат, па ако подоцна во животот не поверуваат тогаш добро тоа бањање секако не им наштетило. Ако подоцна поверуваат тоа е одлично за нив и тие ќе си продложат да живеат променето.’’ Па ако вака размислуваме тогаш ајде да им предложиме и на муслиманите да се покрстат зашто којзнае можеби и тие ќе поверуваат еден ден па да не им биде жал што тоа не го сториле навреме.
|
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Од друга страна, зар со крштевањето на мали деца и со сунетот не се повредува членот 19 став 1 од Уставот на РМ кој гласи: ,,Се гарантира слободата на вероисповеста.’’. Ќе го цитирам проф. д-р Саво Климовски по однос на ова прашање: ,,Определувањето на личноста во поглед на верата според нејзината совест и со слободна волја ја изразува суштината на едно од личните права- слободата на вероисповеста. Слободата на вероисповеста, како трајна определба на нашата уставност, е изразена во уставното начело, според кое се гарантира слободно и јавно, одделно или во заедница со други, изразување на верата. Исповедувањето на верата е слободно и приватна работа на човекот затоа што го изразува правото на секој граѓанин на која било вера со право да го исповедува нејзиното учење. Тоа, истовремено, значи и право на секој граѓанин да не припаѓа на ниедна вера. Овие две слободи не се комплементарни, а нивниот апсолутен карактер се изразува во тоа што никој не може никого да го присили да припаѓа на некоја вера, односно да пристапи или истапи од верска заедница.’’(цитат Саво Климовски ,,Уставно право и политички систем’’ стр. 252)
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Крштевањето не е принудување на некого да биде член на соодветната религиозна заедница.
Ако се почитува идејата дека секој сам треба да избере кога ќе биде доволно возрасен, што треба до таа возраст? Човек да расте како атеист и да биде воспитуван така? Како ќе се изведе тоа? Родителите ќе молчат пред детето кога ќе почне да поставува прашања? Ова е погрешно толкување на граѓанските принципи на немешање на црквата и државата. Затоа што тој принцип се однесува на тоа да секој може да напушти одредена верска група и соодветно да се придружи на друга ако посака. Но не се однесува на воспитание, образование, па дури и традиција. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Но дали извршувањето на тие свети чинови во некоја верска заедница не значат и автоматско членство во истата?
Човек не треба да расте како атеист. Кога ќе започне да поставува прашања, родителите или некој друг би требало да му ги одговори. Па кога ќе стане доволно возрасен да може да сфати што значи тој чин, доколку сака и верува во тоа нека го изврши. Поинаку би било повредување на слободата на личноста. Не сум компетентен да зборувам за сунетот, но за крштевањето би повторил: Крштевањето е завет кој се дава прег Бога со чиста совест. Да му се вратиме на Словото! |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Марија, те читам и ти се чудам. Зарем од тебе сестро дочекав да прочитам вакви доктрини за "двојно крштевање"? Библијата препознава само едно вистинско и библиско крштевање. Се повеќе или помалку од тоа е бањање, миење, лажно учење, ерес.
"Настојувајте да го запазите единството на Духот во врската на мирот. Едно тело сте и еден Дух, како што сте и повикани кон една надеж на вашето повикување. Еден е Господ, една е верата, едно е крштавањето; еден Бог и Татко на сите, Кој е над сите, и преку сите и во сите. "
(Ефешаните 4:3-6)
Католиците ја доживеа својата реформација во 16 век, а православието, ако се оди во најдобар ред, дури во 21 век т.е. со 5 века задоцнување
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Алдра - се навраќам на идејата за слободно одлучување...
Кога детето ќе праша нешто, дали ќе треба родителот да му објасни како е од Христијанска, Исламска и Будистичка гледна точка или...? Со самото тоа што ќе му објасни само од своја гледна точка, тој му го ограничува правото на детето (ако така го разбереме законот). Затоа тврдам дека идејата за граѓанското општество и разграничување на верата, како и правото на вероисповед, имаат сосема друг контекст. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Родителот нека му ја објасни на детето неговата вероисповед, потоа нека му даде и основни познавања за другите. Патем и не мора ова второто, зашто еден просечен младич во современиов свет може да биде доста обилно информиран за се и сешто, само доколку сака. Откога верата во човекот ќе пушти корени и тој ќе почне се повеќе да се интересира за Бог, тогаш во него самата по себе ќе се роди желбата да го изврши чинот или не. Не е точна твојата констатација дека со своето толкување родителот на детето му го ограничува погледот на светот. Детето не е машина на неговите родители и тоа не постапува секогаш онака како што тие сакаат. Тоа си е посебна личност со своја слободна волја. Која е всушност целта на крштевањето на мали дечиња без своја волја и без вера? Дајте тогаш насилно да ги крштеваме сите муслимани кои ќе ги среќаваме на море, езеро или базен. И во овој случај е истата ситуација: тие немаат волја да го сторат тоа и не веруваат во тоа исто како бебињата. Дали во таков случај се исполнети со Светиот Дух?
(До сите муслимани: не сакам да ве повредам со мојава реплика. Доколку некој муслиман се чувствува навреден го молал нека ми пише во најбрз можен рок за да ја изменам истата.) |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Што е поограничувачки во поглед на изборот на религијата...
Да го крстиш детето, а тоа да продолжи да има избор дали ќе верува или не и дали ќе смени вера? Или да не го крстиш детето, но уште од бебе да го носиш секоја недела в црква, да го учиш (тераш) да се моли пред јадење, пред спиење, да учи верски песнички уште од дете...? Каде е разликата во "принудниот" избор...? |
||
Do what is right, come what may...
|
||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Разликата е во следново: детето кога ќе порасне сепак самото ќе си одлучи дали ќе верува или не. Проблеми со сомнежот имаат и луѓе кои целосно се предале на Бога. Без разлика колку песнички и стихови знае напамет ако самиот така си одлучи не мора да се крштева. Ова е многу подемократски, зар не? Можеби ќе одлучи да стане атеист. А можеби и родителите ќе станат атеисти или пак веќе се а детето го крштеваат онака по традиција. Патем тоа терање на молитви и песнички може да има и тоа каков контраефект. Само за илустрацја и марксизмот се проповедаше во образовните институции и во семејствата но баш поради тоа им беше одбивен на сите.
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Со тоа што е некој крстен, не значи дека припаѓа на соодветна вера, односно - нема никаква улога во неговиот личен избор, за разлика од другиот пример кој го дадов.
|
||
Do what is right, come what may...
|
||
Внеси реплика | страница <1 910111213> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |