|
Крштевање |
Внеси реплика | страница <1 7891011 13> |
Автор | |||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
|
|||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Мила и од БОГА бескрајно љубена Марија, ти го прашуваш - ако не најгрешниот, ама тогаш - еден од најгрешните само преку МИЛОСТА БОЖЈА (Христос) ќе биде во спасените,за неговиот став. Сосема доброволно, во безгранична надеж, темелна доверба во ЉУБОВТА БОЖЈА и затоа без рунка неоснована страв. Тоа е ХРИСТОС, драга Марија, тоа е ВОЛЈАТА БОЖЈА, а со тоа и мојот став! Јас - а се надевам нити еден друг од спасените - не сум спремен да крстам некого насила или спротивно од БОЖЈАТА ВОЛЈА, бидејќи верувам и веруваме дека се што е спротивно на ХРИСТОС има поголема штета одколку корист. Не би крстил некого поинаку па и кога би ми ги дариле сите царства на овој свет, па дури и сонцето и месечината уште притоа. ВОЛЈАТА БОЖЈА Е прекрасна и чудесна Таа е БОЖЈАТА Љубезна и Праведна Рака десна! Нека биде секој Благословен и крстен со совршеното крстение АМИН Изменето од spiros - 12.Август.2008 во 21:37 |
|||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Тука сме за да разговараме и за да го анализираме она што Господ ни го кажува како поука и упатство од секогаш па до денес и ќе го кажува до крајот на времето. И ниту на крај на умот не ми доаѓа да се ценкам со Живата Божја Реч !
Не знам зошто мораш да бидеш потопен во вода. Не знам зошто мора да биде тоа баш во вода а не во вино... Не ме чуди што не знаеш, бидејќи Библијските Христијани само го читаат и го учат (напамет) она што е напишано во Светото Писмо, но не секогаш проникнуваат во напишаното. Не секогаш го анализираат напишаното. Не ме сфаќај погрешно, не ми е намера НИ СЛУЧАЈНО да те вреѓам, ни тебе ни било кој друг Библијски Христијанин !!
... Но, тоа и не е всушност важно. И тоа како е важно!
Ако така сакал Бог, зошто јас да давам објаснувања? Има многу такви нешта кои едноставно не можат да се објаснат. Можеби некој поупатен од мене ќе може да даде соодветно и Библиски поткрепено објаснување. Можеби и ти Православие ќе можеш да ми одговориш. Ако сметаш дека не си доволно упатен (на пример во тоа дека бебиња и мали деца не треба да се крштеваат), тогаш не треба да го застапуваш тоа нешто, додека не се увериш наполно во неговата исправност и додека во целост не го разбереш. Со љубов ти го кажувам ова! Да повторам: за тоа и сме тука - за да разговараме (со максимално почитување на едни спрема други и без ни најмало навредување на едни кон други) и за да го анализираме она што Господ ни го кажува како поука и упатство од секогаш па до денес и ќе го кажува до крајот на времето. Значи, доколку, како што цитираше ти:
,,Крштавањето не е отстранување на нечистотијата од телото, туку завет пред Бог што се дава со чиста совест.’’(1 Петар 3:21) тогаш е факт дека доколку заветот го дадам со чиста совест и со еден цврсто решен збор, тогаш јас сум крштеван! Така? Така! Нема формализам, задоволена е суштината на Заповедта и се’ е во ред! Ама... Бидејќи знам дека си ја прочитал и книгата “Дела на Светите Апостоли“, тогаш многу убаво знаеш дека таму пишува: Глава 2: ---------------- 36 И затоа, нека знае со сигурност сиот Израелов дом дека Оној Исус, Кого вие Го распнавте, Бог Го направи Господ и Христос.” 37 Кога го слушнаа тоа, им се растреперија срцата, и му рекоа на Петар и на другите апостоли: „Луѓе браќа, што да правиме?” 38 А Петар им рече: „Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исус Христос за простување на гревовите; и тогаш ќе примите дар од Светиот Дух. 39 Зашто вам ви припаѓа она ветување и на вашите деца и на сите што се далеку, што ќе ги повика Господ, нашиот Бог.” 40 И со многу други зборови сведочеше и ги молеше, велејќи: „Спасувајте се од овој пакостен род!” --------------- Во зацрвенетиот дел пишува: 1. Им било проповедано на возрасни луѓе, а не на деца. Зошто не на деца е многу јасно, нели? Затоа што деца не можат да ја разберат проповедта. Едноставно, тие се малечки за тоа. 2. Крштевањето на тие возрасни луѓе (на кое му претходи покајание) е за прошка на гревовите, по што тие ќе примат дар од Светиот Дух. Сосема е логично дека: малите деца немаат лични формални гревови (иако грешната природа (т.е. нагонот кон грев) постои и во нив. Грешната природа ја примаат генетски) и бидејќи немаат лично гревови, следствено немаат потреба да се покајат. Но овој дел на проповедта продолжува со уште нешто. Вели “...и тогаш ќе примите дар од Светиот Дух.“. Претпоставувам дека си размислувал што е тоа дар. Дар е нешто кое не може да се заслужи, бидејќи е резултат на љубов. Тоа е нешто кое се ДАВА, за кое ти не треба да дадеш нешто за ВОЗВРАТ. И спасението е дар, бидејќи се спасуваме најпрвин поради Божјата Љубов. Ако неа ја немаше, прашање е: колкумина со своите лични добри дела (откако преходно го прочитале целото Свето Писмо и го разбрале целото Свето Писмо) ќе го откупеа своето спасение. Значи тоа е дар. Што е тоа дар на Светиот Дух? Што е тоа што Тој дарува? Ако Бог Е Љубов, тогаш дар на Љубовта е љубов, добро, мир, радост, праведност... Дар на Љубовта е Божјата БлагоДат (Благо дадено од Бога на луѓето - нешто кое не се купува туку е дар - подарок!). Божјата Благодат е она што ја храни душата и ја исполнува со радост и со Христовиот Божествен Мир, а овие потоа се пренесуваат и на оние околу нас. Поврзувањето на потпопувањето во вода и дарот на Светиот Дух, односно Благодатта го има во првите страници на Светото Писмо, односно во Стариот Завет во Првата Книга Мојсеева, каде што се вели: Книга Битие, глава 1: --------------- 1 Во *почетокот +Бог ги создаде небото и земјата. 2 Земјата беше безоблична и празна; и имаше темнина над бездната; Духот Божји лебдеше над водата. 3 И рече *Бог: "Нека биде +светлина!" И би светлина. --------------- Значи, Духот Божји лебдеше над водата. Можеш да замислиш, Тој лебдел над неа и ја направил животоносна, и таа течност станала нешто без кое на планетава нема живот. Таквите особини на водата ги знаеме до ден денес. При крштевањето, во Православието се кажуваат молитви. Со молитвите водата во која ќе се врши крштевањето се осветува (на неа слегува Светиот Дух и ја осветува), па оној кој се потопува во неа бидува потопен целосно (како целосна личност - и душата, т.е. внатрешниот човек, и телото) во осветена вода и како целосна личност го прима дарот на Светиот Дух, т.е. Благодатта Божја. Со молитвите водата се доведува во онаа состојба која ја имала пред падот на Адам и Ева. Ја има силата Божја, силата на Светиот Дух! Значи, не е обична вода, туку осветена вода. Во спротивно, доколку е обична вода, тоа би било баш бањање, т.е. само обично потопување во обична вода. Ете, таа е поврзаноста. Затоа се потопуваме во вода, а не во вино. Не знам дали има друго објаснување зошто треба да се потопиме целосно во вода. Е сега, ако бебето нема направено свои лични гревови и нема достигнато возраст во која тоа СО СВОЈОТ УМ може да ја прими Христовата Искупителна Жртва, тогаш дали да го лишам од Дарот на Светиот Дух се’ до таа возраст или МОРА да се чека таа возраст кога тоа бебенце ќе порасне доволно за да може со својот ум да го прими Ова? Дали и колку малото детенце има капацитет да со својот ум ја разбере Божјата Љубов ? А дали твоите родители те лишиле од нивната своевидна благодат, додека си бил бебе / мало детенце, кога не си бил во можност (целосно) со својот ум да ја сфатиш нивната љубов спрема тебе? Дали те хранеле и ти ги давале сите задоволства кои ти како бебенце и потоа како мало детенце си можел, т.е. си имал капацитет да ги уживаш, иако ти не си ги познавал со својот ум твоите родители и не си можел ниту си знаел како да им се заблагодариш, ниту пак свесно и со својот ум си бил способен да ги примиш и разбереш тие задоволства и уживаш во сите тие задоволства, односно во благодатта на твоите родители, ниту пак со својот ум да ја примиш и осознаеш и разбереш нивната љубов кон тебе во тој момент, во тој период од твојот живот? Зарем сето тоа твоите родители не го правеле САМО и САМО затоа што ти си нивно дете и си плод на нивната љубов? Но, се разбира, ти кога си пораснал доволно и си осознал што се’ тие личности правеле за тебе (кои личности отпосле си ги запознал со тек на времето и си дознал дека ти се родители и дека се треселе и трепереле за твоето добро), секако дека ти како умна и разумна личност си им принесол соодветно благодарење иако тоа е непотребно, бидејќи како што знаеме, тоа тие го правеле од љубов, која љубов ти отпосле, во позрелата возраст си ја разбрал... Ти како порасната и зрела личност сигурно не би им кажал: мамо и тато, јас го отфрлам сето она што вие сте го правеле за мене додека сум бил бебе и дете, затоа што јас не сум бил доволно зрел за да можам тоа да го разберам..., туку ќе им благодариш за тоа, зар не? Така и крштеваното детенце, кога ќе порасне во повозрасна личност и кога ќе се запознае со Господ и кога со својот ум ќе ја разбере и ќе ја прими Божјата Љубов, Христовата Искупителна Жртва и целокупното спасително дело на Бога за спасение на сите луѓе од сите времиња, кое дело се одвивало од пред самиот почеток на светот и ќе се одвива до крајот на светот, тогаш тоа дете (односно, веќе порасната личност) ќе биде многу среќно што уште како дете/бебе било крштевано и ќе им се заблагодари на мама и тато што тоа му го направиле и што од мало не го лишиле од дарот на Светиот Дух. Не гледам зло во крштевањето на новороденчиња и мали деца. Не гледам нешто небиблиско во крштевањето на новороденчиња и мали деца. Со љубов
Pravoslavie Изменето од Pravoslavie - 12.Август.2008 во 22:52 |
|||||
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
|||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Originally posted by AlDra Не знам зошто мораш да бидеш потопен во вода. Не знам зошто мора да биде тоа баш во вода а не во вино... Не ме чуди што не знаеш, бидејќи Библијските Христијани само го читаат и го учат (напамет) она што е напишано во Светото Писмо, но никогаш не проникнуваат во напишаното. Не го анализираат напишаното. Не ме сфаќај погрешно, не ми е намера НИ СЛУЧАЈНО да те вреѓам, ни тебе ни било кој друг Библијски Христијанин !!
За Православие и за АлДра
Зборот крштевање или baptizo значи ПОТОПУВАЊЕ-а не попрскување.
Кога реков погоре некаде дека крштевањето е надворешен печат на внатрешната вера-тоа значи дека откако човек ќе се покае за своите гревови, симболично, тоа го покажува со ПОТОПУВАЊЕ, т.е. крштевање, со што јавно го покажува своето НОВО РАЃАЊЕ (сетете се на разговорот меќу Исус и Никодим за раѓањето од Дух)
Тек сега МПЦ почнува да крштева на река, со целосно потопување, и тоа е добро-реформите се во тек.
|
|||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ајде малку да го земеме за пример Тоше Проески. Потекнува од побожно семејство и сигурно е крстен како бебе, веќе знаеме нели и во која црква. При неговата посета на Израел, нашиот Тоше се крсти повторно во реката Јордан...
И да го направел тоа во Треска-ефектот ќе бил ист, да ја потврдиш својата вера и како свесен, возрасен...
|
|||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Тоше е мое братче кое го љубам!
Изменето од spiros - 12.Август.2008 во 23:29 |
|||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Православие одличен напис и одлична анализа, ти благодарам за трудот!
|
|||||
Do what is right, come what may...
|
|||||
Pravoslavie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Регистриран: 07.Октомври.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1732 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
|
|||||
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!! |
|||||
melhisedek
Сениор Регистриран: 12.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 225 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
ja procitav cela reperkusija okolu pokrstuvajneto i nemozam da razberam zosto aldra i marija tolku mnogu se protivaat na krstevajneto na mali deca,imeno za malite deca odgovaraaat roditelite nivnii tie najdobro znaaat sto e najdobro za svoite deca.
potpolno gi razbiram pravolovie i zidarski. celava rabota se vrti okolu razni ucejna od razni crkvi , vo slucajov pravoslavnata i protestanskata barem taka mislam deka pripajgaaat marija i aldra.bi gi prasal nesto a nemie cel da gi navredam utre ili ponataka vo vremeto gospod bog ke mu dari deca ,dali tie nema da ki krstat svoite deca i da cekaaat tie da porasnat pa potoa da primat dar od svetiot duhili ce gi pokrstat za sekoj slucaj jas bi gi krstilodma. |
|||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Најпрво да ти посакам добредојде на форумов од мое име, мислам дека не го сторив тоа. Потоа, да ти одговорам: не се противам на крштевањето на малите деца, ако ми ги ѕирна претходните постови ќе видиш дека јас го застапувам ставот на некои цркви кои крштеваат и мали бебиња-а како возрасни истите да се конфирмираат, т.е. да ја потврдат својата вера и како возрасни кои свесно поверувале. Можеби грешам, но јас размислувам со своја глава... Се согласувам со крштевка на мало бебе-она што го кажав-за секој случај-а потоа и како возрасен, тоа многу ми се допаѓа како идеја. Реформаторски но и антидогматски, иако своеглаво. |
|||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||
melhisedek
Сениор Регистриран: 12.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 225 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
ti blagodaram za tvoeto toplo dobredojde na forumov i milo mi e sto imam so kogo da porazgovaram na ovaaa tema a i na povejke drugi temi povrzani so nasiot gospod isus hristos
a milo mi e isto taka sto razmisluvas so svoja glava i gledam deka dosta si citala i naucila od svetoto slovo na nasiot gospod-bog posebno mi e drago toa sto razmisluvas so svoja glava zatoa sto vo minatoto biblijata bila strogo zabraneta kniga i nemozel sekoj da znae za bozjoto slovo----mislam na vremeto na inkvizicijata koga ne mozel obicniot covek da ja cita i spoznava bozjata vistina nego mu bilo kazuvano sto da pravi i kako da razmisluva.bi mozela da otvoris nova tema na forumov baz za ova. sto se odnesuva za krstevkata na mali decase soglasuvam so tebe |
|||||
AlDra
Сениор Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Крштевањето е само едно. Не може човек двапати да биде крстен.
Ве молам во иднина да не ги вадите од контекст моите зборови. Вака изгледа дека јас не знам зошто човек треба да се крсти. Јас реков дека не знам зошто мора да биде баш во вода и зошто човек мора да биде потопен целиот. Му благодарам на Православие што го објасни ова. Би сакал со вас да го споделам тоа прекрасно искуство: крштевањето со вера. Тој свет чин го сторив пред месец и пол. Чувството е прекрасно. Се чувствував препороден, исполент со Светиот Дух. Кој го сторил тоа- знае. Немам доволно зборови за да ви опишам како се чувствував. Се надевам дека и сите вие сте се почувствувале така во моментот на вашето крштевање. |
|||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
И мене ми е задоволство секогаш кога нов христијанин ќе се приклучи да дискутира на овој убав подфорум. Искрено, сметам дека убаво е човек да размислува и со своја глава, да даде свој став со оглед на тоа што патот до Бога беше отворен пред некои 2000 години...Нема место за страв, нема простор за незнаење, ниту пак за правење КОПИ-ПЕЈСТ-ови. Само со ефективен brainstorming ќе се избориме против brainwashingot, кој сеуште се обидуваат да го наметнат некои вероучители, правоверци, библичари, средновековни учители...Само така позитивните реформи ќе стапат на сцена. Поздрав |
|||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Се надевам ова не важи за мене, јас ништо не извадив од контекст, само си го каѓав своето гледиште: крштевање како бебе+ конфирмација со кое се доживува тоа препородување за кое ни зборуваш. Ти верувам дека е така. |
|||||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|||||
Внеси реплика | страница <1 7891011 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |