IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Крштевање
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Крштевање

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 13>
Автор
Порака
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2008 во 15:34
Originally posted by spiros spiros напиша:

Клучот за крштавањето е следниов:


*Кој како бебенце (или слично), без свое знаење и срцева желба е крстен, нема да биде казнет! Што сакаш да кажеш со ова? Дека нема да биде казнет, но дека “не се важи“ или...?

*Кој свестно верува на Евангелието за Љубовта БОЖЈА и во крштевањето му го предаде животот на Господа, така тој повеќе да не живее (по свое), туку Христос да владее, да живее во него, засигурно е спасен и во Рај!

*Кој на ВОЛЈАТА БОЖЈА и се противи, го има најголемиот противник, против себе! Што е Божјата волја во случајов, те молам кажи го твојот став во однос на темата Крштевање, бидејќи не те разбрав баш најдобро.

Нека завладее Милоста БОЖЈА во сите луѓе

АМИН
Амин
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2008 во 21:36
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Што е Божјата волја во случајов, те молам кажи го твојот став ...?


Мила и од БОГА бескрајно љубена Марија,
ти го прашуваш - ако не најгрешниот, ама тогаш - еден од најгрешните само преку МИЛОСТА БОЖЈА (Христос) ќе биде во спасените,за неговиот став.
Сосема доброволно, во безгранична надеж, темелна доверба во ЉУБОВТА БОЖЈА и затоа без рунка неоснована страв. Тоа е ХРИСТОС, драга Марија, тоа е ВОЛЈАТА БОЖЈА, а со тоа и мојот став!
Јас - а се надевам нити еден друг од спасените - не сум спремен да крстам некого насила или спротивно од БОЖЈАТА ВОЛЈА, бидејќи верувам и веруваме дека се што е спротивно на ХРИСТОС има поголема штета одколку корист. Не би крстил некого поинаку па и кога би ми ги дариле сите царства на овој свет, па дури и сонцето и месечината уште притоа.

ВОЛЈАТА БОЖЈА Е прекрасна и чудесна
Таа е БОЖЈАТА Љубезна и Праведна Рака десна!


Нека биде секој Благословен и крстен со совршеното крстение

АМИН


Изменето од spiros - 12.Август.2008 во 21:37
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2008 во 22:48

Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Православие, навистина не мора да се согласуваш со мене. Затоа ти дадов потврда од Светото Писмо кое е основата на нашата вера. Со Божјата Реч нема ценкање. Таа има кредибилитет. Навистина јас не сум авторитет, но Библијата е.

 

 

Тука сме за да разговараме и за да го анализираме она што Господ ни го кажува како поука и упатство од секогаш па до денес и ќе го кажува до крајот на времето.

И ниту на крај на умот не ми доаѓа да се ценкам со Живата Божја Реч !

Originally posted by AlDra AlDra напиша:

 

Не знам зошто мораш да бидеш потопен во вода. Не знам зошто мора да биде тоа баш во вода а не во вино...

 

 

Не ме чуди што не знаеш, бидејќи Библијските Христијани само го читаат и го учат (напамет) она што е напишано во Светото Писмо, но не секогаш проникнуваат во напишаното. Не секогаш го анализираат напишаното. Не ме сфаќај погрешно, не ми е намера НИ СЛУЧАЈНО да те вреѓам, ни тебе ни било кој друг Библијски Христијанин !!

 

Originally posted by AlDra AlDra напиша:

 

... Но, тоа и не е всушност важно.

 

 

И тоа како е важно!

 

Originally posted by AlDra AlDra напиша:

 

Ако така сакал Бог, зошто јас да давам објаснувања? Има многу такви нешта кои едноставно не можат да се објаснат. Можеби некој поупатен од мене ќе може да даде соодветно и Библиски поткрепено објаснување. Можеби и ти Православие ќе можеш да ми одговориш.    

Поздрав до сите Христијани

 

 

Ако сметаш дека не си доволно упатен (на пример во тоа дека бебиња и мали деца не треба да се крштеваат), тогаш не треба да го застапуваш тоа нешто, додека не се увериш наполно во неговата исправност и додека во целост не го разбереш. Со љубов ти го кажувам ова!

 

Да повторам: за тоа и сме тука - за да разговараме (со максимално почитување на едни спрема други и без ни најмало навредување на едни кон други) и за да го анализираме она што Господ ни го кажува како поука и упатство од секогаш па до денес и ќе го кажува до крајот на времето.

 

Значи,

доколку, како што цитираше ти:

 

Originally posted by AlDra AlDra напиша:

 

,,Крштавањето не е отстранување на нечистотијата од телото, туку завет пред Бог што се дава со чиста совест.’’(1 Петар 3:21)

 

 

тогаш е факт дека доколку заветот го дадам со чиста совест и со еден цврсто решен збор, тогаш јас сум крштеван! Така? Така! Нема формализам, задоволена е суштината на Заповедта и се’ е во ред! Ама...

 

Бидејќи знам дека си ја прочитал и книгата “Дела на Светите Апостоли“, тогаш многу убаво знаеш дека таму пишува:

Глава 2:

 

----------------

36 И затоа, нека знае со сигурност сиот Израелов дом дека Оној Исус, Кого вие Го распнавте, Бог Го направи Господ и Христос.”

37 Кога го слушнаа тоа, им се растреперија срцата, и му рекоа на Петар и на другите апостоли: „Луѓе браќа, што да правиме?”

38 А Петар им рече: „Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исус Христос за простување на гревовите; и тогаш ќе примите дар од Светиот Дух.

39 Зашто вам ви припаѓа она ветување и на вашите деца и на сите што се далеку, што ќе ги повика Господ, нашиот Бог.”

40 И со многу други зборови сведочеше и ги молеше, велејќи: „Спасувајте се од овој пакостен род!”

---------------

Во зацрвенетиот дел пишува:

1. Им било проповедано на возрасни луѓе, а не на деца. Зошто не на деца е многу јасно, нели? Затоа што деца не можат да ја разберат проповедта. Едноставно, тие се малечки за тоа.

2. Крштевањето на тие возрасни луѓе (на кое му претходи покајание) е за прошка на гревовите, по што тие ќе примат дар од Светиот Дух.

 

Сосема е логично дека: малите деца немаат лични формални гревови (иако грешната природа (т.е. нагонот кон грев) постои и во нив. Грешната природа ја примаат генетски) и бидејќи немаат лично гревови, следствено немаат потреба да се покајат. Но овој дел на проповедта продолжува со уште нешто. Вели “...и тогаш ќе примите дар од Светиот Дух.“. Претпоставувам дека си размислувал што е тоа дар. Дар е нешто кое не може да се заслужи, бидејќи е резултат на љубов. Тоа е нешто кое се ДАВА, за кое ти не треба да дадеш нешто за ВОЗВРАТ. И спасението е дар, бидејќи се спасуваме најпрвин поради Божјата Љубов. Ако неа ја немаше, прашање е: колкумина со своите лични добри дела (откако преходно го прочитале целото Свето Писмо и го разбрале целото Свето Писмо) ќе го откупеа своето спасение. Значи тоа е дар. Што е тоа дар на Светиот Дух? Што е тоа што Тој дарува? Ако Бог Е Љубов, тогаш дар на Љубовта е љубов, добро, мир, радост, праведност... Дар на Љубовта е Божјата БлагоДат (Благо дадено од Бога на луѓето - нешто кое не се купува туку е дар - подарок!). Божјата Благодат е она што ја храни душата и ја исполнува со радост и со Христовиот Божествен Мир, а овие потоа се пренесуваат и на оние околу нас.

 

Поврзувањето на потпопувањето во вода и дарот на Светиот Дух, односно Благодатта го има во првите страници на Светото Писмо, односно во Стариот Завет во Првата Книга Мојсеева, каде што се вели:

 

Книга Битие, глава 1:

 

---------------

 

 1 Во *почетокот +Бог ги создаде небото и земјата.

  2 Земјата беше безоблична и празна; и имаше темнина над бездната; Духот Божји лебдеше над водата.

  3 И рече *Бог: "Нека биде +светлина!" И би светлина.

---------------

Значи, Духот Божји лебдеше над водата. Можеш да замислиш, Тој лебдел над неа и ја направил животоносна, и таа течност станала нешто без кое на планетава нема живот. Таквите особини на водата ги знаеме до ден денес.

 

При крштевањето, во Православието се кажуваат молитви. Со молитвите водата во која ќе се врши крштевањето се осветува (на неа слегува Светиот Дух и ја осветува), па оној кој се потопува во неа бидува потопен целосно (како целосна личност - и душата, т.е. внатрешниот човек, и телото) во осветена вода и како целосна личност го прима дарот на Светиот Дух, т.е. Благодатта Божја. Со молитвите водата се доведува во онаа состојба која ја имала пред падот на Адам и Ева. Ја има силата Божја, силата на Светиот Дух! Значи, не е обична вода, туку осветена вода. Во спротивно, доколку е обична вода, тоа би било баш бањање, т.е. само обично потопување во обична вода. Ете, таа е поврзаноста. Затоа се потопуваме во вода, а не во вино. Не знам дали има друго објаснување зошто треба да се потопиме целосно во вода.

 

Е сега, ако бебето нема направено свои лични гревови и нема достигнато возраст во која тоа СО СВОЈОТ УМ може да ја прими Христовата Искупителна Жртва, тогаш дали да го лишам од Дарот на Светиот Дух се’ до таа возраст или МОРА да се чека таа возраст кога тоа бебенце ќе порасне доволно за да може со својот ум да го прими Ова? Дали и колку малото детенце има капацитет да со својот ум ја разбере Божјата Љубов ?

 

А дали твоите родители те лишиле од нивната своевидна благодат, додека си бил бебе / мало детенце, кога не си бил во можност (целосно) со својот ум да ја сфатиш нивната љубов спрема тебе? Дали те хранеле и ти ги давале сите задоволства кои ти како бебенце и потоа како мало детенце си можел, т.е. си имал капацитет да ги уживаш, иако ти не си ги познавал со својот ум твоите родители и не си можел ниту си знаел како да им се заблагодариш, ниту пак свесно и со својот ум си бил способен да ги примиш и разбереш тие задоволства и уживаш во сите тие задоволства, односно во благодатта на твоите родители, ниту пак со својот ум да ја примиш и осознаеш и разбереш нивната љубов кон тебе во тој момент, во тој период од твојот живот? Зарем сето тоа твоите родители не го правеле САМО и САМО затоа што ти си нивно дете и си плод на нивната љубов? Но, се разбира, ти кога си пораснал доволно и си осознал што се’ тие личности правеле за тебе (кои личности отпосле си ги запознал со тек на времето и си дознал дека ти се родители и дека се треселе и трепереле за твоето добро), секако дека ти како умна и разумна личност си им принесол соодветно благодарење иако тоа е непотребно, бидејќи како што знаеме, тоа тие го правеле од љубов, која љубов ти отпосле, во позрелата возраст си ја разбрал... Ти како порасната и зрела личност сигурно не би им кажал: мамо и тато, јас го отфрлам сето она што вие сте го правеле за мене додека сум бил бебе и дете, затоа што јас не сум бил доволно зрел за да можам тоа да го разберам..., туку ќе им благодариш за тоа, зар не?

 

Така и крштеваното детенце, кога ќе порасне во повозрасна личност и кога ќе се запознае со Господ и кога со својот ум ќе ја разбере и ќе ја прими Божјата Љубов, Христовата Искупителна Жртва и целокупното спасително дело на Бога за спасение на сите луѓе од сите времиња, кое дело се одвивало од пред самиот почеток на светот и ќе се одвива до крајот на светот, тогаш тоа дете (односно, веќе порасната личност) ќе биде многу среќно што уште како дете/бебе било крштевано и ќе им се заблагодари на мама и тато што тоа му го направиле и што од мало не го лишиле од дарот на Светиот Дух.

 

Не гледам зло во крштевањето на новороденчиња и мали деца.

Не гледам нешто небиблиско во крштевањето на новороденчиња и мали деца.

 
Со љубов големо%20гушкање
Pravoslavie


Изменето од Pravoslavie - 12.Август.2008 во 22:52
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2008 во 22:55
Originally posted by AlDra

 

Не знам зошто мораш да бидеш потопен во вода. Не знам зошто мора да биде тоа баш во вода а не во вино...

 

 

Не ме чуди што не знаеш, бидејќи Библијските Христијани само го читаат и го учат (напамет) она што е напишано во Светото Писмо, но никогаш не проникнуваат во напишаното. Не го анализираат напишаното. Не ме сфаќај погрешно, не ми е намера НИ СЛУЧАЈНО да те вреѓам, ни тебе ни било кој друг Библијски Христијанин !!

 
За Православие и за АлДра
Зборот крштевање или  baptizo значи ПОТОПУВАЊЕ-а не попрскување.
Кога реков погоре некаде дека крштевањето е надворешен печат на внатрешната вера-тоа значи дека откако човек ќе се покае за своите гревови, симболично, тоа го покажува со ПОТОПУВАЊЕ, т.е. крштевање, со што јавно го покажува своето НОВО РАЃАЊЕ (сетете се на разговорот меќу Исус и Никодим за раѓањето од Дух)
 
Тек сега МПЦ почнува да крштева на река, со целосно потопување, и тоа е добро-реформите се во тек.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2008 во 22:59

Ајде малку да го земеме за пример Тоше Проески.

Потекнува од побожно семејство и сигурно е крстен како бебе, веќе знаеме нели и во која црква. При неговата посета на Израел, нашиот Тоше се крсти повторно во реката Јордан...
И да го направел тоа во Треска-ефектот ќе бил ист, да ја потврдиш својата вера и како свесен, возрасен...
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2008 во 23:29
Тоше е мое братче кое го љубам!

Изменето од spiros - 12.Август.2008 во 23:29
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2008 во 23:33
Православие одличен напис и одлична анализа, ти благодарам за трудот!
Do what is right, come what may...
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2008 во 23:47
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Православие одличен напис и одлична анализа, ти благодарам за трудот!
Му благодарам на Бога! Слава на Бога!
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
melhisedek Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 225
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај melhisedek Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2008 во 00:53
ja procitav cela reperkusija okolu pokrstuvajneto i nemozam da razberam zosto aldra i marija tolku mnogu se protivaat na krstevajneto na mali deca,imeno za malite deca odgovaraaat roditelite nivnii tie najdobro znaaat sto e najdobro za svoite deca.
potpolno gi razbiram pravolovie i zidarski.
celava rabota se vrti okolu razni ucejna od razni crkvi
, vo slucajov pravoslavnata i protestanskata barem taka mislam deka pripajgaaat marija i aldra.bi gi prasal nesto a nemie cel da gi navredam utre ili ponataka vo vremeto gospod bog ke mu dari deca ,dali tie nema da ki krstat svoite deca i da cekaaat tie da porasnat pa potoa da primat dar od svetiot duhili ce gi pokrstat za sekoj slucaj
jas bi gi krstilodma.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2008 во 01:33
Originally posted by melhisedek melhisedek напиша:

ja procitav cela reperkusija okolu pokrstuvajneto i nemozam da razberam zosto aldra i marija tolku mnogu se protivaat na krstevajneto na mali deca,imeno za malite deca odgovaraaat roditelite nivnii tie najdobro znaaat sto e najdobro za svoite deca.
potpolno gi razbiram pravolovie i zidarski.
celava rabota se vrti okolu razni ucejna od razni crkvi
, vo slucajov pravoslavnata i protestanskata barem taka mislam deka pripajgaaat marija i aldra.bi gi prasal nesto a nemie cel da gi navredam utre ili ponataka vo vremeto gospod bog ke mu dari deca ,dali tie nema da ki krstat svoite deca i da cekaaat tie da porasnat pa potoa da primat dar od svetiot duhili ce gi pokrstat za sekoj slucaj
jas bi gi krstilodma.


Најпрво да ти посакам добредојде на форумов од мое име, мислам дека не го сторив тоа.

Потоа, да ти одговорам: не се противам на крштевањето на малите деца, ако ми ги ѕирна претходните постови ќе видиш дека јас го застапувам ставот на некои цркви кои крштеваат и мали бебиња-а како возрасни истите да се конфирмираат, т.е. да ја потврдат својата вера и како возрасни кои свесно поверувале.
Можеби грешам, но јас размислувам со своја глава...
Се согласувам со крштевка на мало бебе-она што го кажав-за секој случај-а потоа и како возрасен, тоа многу ми се допаѓа како идеја.


Реформаторски но и антидогматски, иако своеглаво.намигнување
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
melhisedek Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 225
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај melhisedek Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2008 во 13:41
ti blagodaram za tvoeto toplo dobredojde na forumov i milo mi e sto imam so kogo da porazgovaram na ovaaa tema a i na povejke drugi temi povrzani so nasiot gospod isus hristos
a milo mi e isto taka sto razmisluvas so svoja glava i gledam deka dosta si citala i naucila od svetoto slovo na nasiot gospod-bog posebno mi e drago toa sto razmisluvas so svoja glava zatoa sto vo minatoto biblijata bila strogo zabraneta kniga i nemozel sekoj da znae za bozjoto slovo----mislam na vremeto na inkvizicijata koga ne mozel obicniot covek da ja cita i spoznava bozjata vistina nego mu bilo kazuvano sto da pravi i kako da razmisluva.bi mozela da otvoris nova tema na forumov baz za ova.
sto se odnesuva za krstevkata na mali decase soglasuvam so tebe
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2008 во 18:44
Крштевањето е само едно. Не може човек двапати да биде крстен.
Ве молам во иднина да не ги вадите од контекст моите зборови. Вака изгледа дека јас не знам зошто човек треба да се крсти. Јас реков дека не знам зошто мора да биде баш во вода и зошто човек мора да биде потопен целиот. Му благодарам на Православие што го објасни ова.
Би сакал со вас да го споделам тоа прекрасно искуство: крштевањето со вера. Тој свет чин го сторив пред месец и пол. Чувството е прекрасно. Се чувствував препороден, исполент со Светиот Дух. Кој го сторил тоа- знае. Немам доволно зборови за да ви опишам како се чувствував. Се надевам дека и сите вие сте се почувствувале така во моментот на вашето крштевање.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2008 во 19:59
Originally posted by melhisedek melhisedek напиша:

ti blagodaram za tvoeto toplo dobredojde na forumov i milo mi e sto imam so kogo da porazgovaram na ovaaa tema a i na povejke drugi temi povrzani so nasiot gospod isus hristos
a milo mi e isto taka sto razmisluvas so svoja glava i gledam deka dosta si citala i naucila od svetoto slovo na nasiot gospod-bog posebno mi e drago toa sto razmisluvas so svoja glava zatoa sto vo minatoto biblijata bila strogo zabraneta kniga i nemozel sekoj da znae za bozjoto slovo----mislam na vremeto na inkvizicijata koga ne mozel obicniot covek da ja cita i spoznava bozjata vistina nego mu bilo kazuvano sto da pravi i kako da razmisluva.bi mozela da otvoris nova tema na forumov baz za ova.
sto se odnesuva za krstevkata na mali decase soglasuvam so tebe


И мене ми е задоволство секогаш кога нов христијанин ќе се приклучи да дискутира на овој убав подфорум.

Искрено, сметам дека убаво е човек да размислува и со своја глава, да даде свој став со оглед на тоа што патот до Бога беше отворен пред некои 2000 години...Нема место за страв, нема простор за незнаење, ниту пак за правење КОПИ-ПЕЈСТ-ови. Само со ефективен brainstorming ќе се избориме против brainwashingot, кој сеуште се обидуваат да го наметнат некои вероучители, правоверци, библичари, средновековни учители...Само така позитивните реформи ќе стапат на сцена.

Поздрав


МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2008 во 20:02
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Крштевањето е само едно. Не може човек двапати да биде крстен.
Ве молам во иднина да не ги вадите од контекст моите зборови. Вака изгледа дека јас не знам зошто човек треба да се крсти. Јас реков дека не знам зошто мора да биде баш во вода и зошто човек мора да биде потопен целиот. Му благодарам на Православие што го објасни ова.
Би сакал со вас да го споделам тоа прекрасно искуство: крштевањето со вера. Тој свет чин го сторив пред месец и пол. Чувството е прекрасно. Се чувствував препороден, исполент со Светиот Дух. Кој го сторил тоа- знае. Немам доволно зборови за да ви опишам како се чувствував. Се надевам дека и сите вие сте се почувствувале така во моментот на вашето крштевање.


Се  надевам ова не важи за мене, јас ништо не извадив од контекст, само си го каѓав своето гледиште: крштевање како бебе+ конфирмација со кое се доживува тоа препородување за кое ни зборуваш. Ти верувам дека е така.

МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.