IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - БРОЈАНИЦА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

БРОЈАНИЦА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 15:02
Пред да се започне со целта на бројаницата треба дпрво да се објасни потеклото на бројаницата.
Бројаниците за првпат се појавуваат меѓу монасите кои се повлекувале во египетските пустини. Нивниот обичај практикувал секојдневна молитва која ги вклучувала сите 150 Псалми. Меѓу тие монаси имало многумина кои искрено верувале во Бога и го сакале, но не знаеле да читаат па затоа или успевале да запомнат дел од Псалмите или пак се молеле на друг начин. Така започнала традицијата секојдневно да се кажува молитвата: Господи Исусе Христе, Сине Божји помилуј ме, грешниот. Монасите за да бидат сигурни дека 150 пати се помолиле фрлале мали камчиња во сад. За да им помогне на монасите во молитвите Свети Пахомиј ( со Божја помош ) ја измислил бројаницата. Бидејки монасите не можеле да ги бројат молитвите надвор од своите ќелии, бројаницата им овозможила да се молат постојано со таа молитва и надвор од нив.
Истотака се мисли дека методот на врзување јазли при молитвите потекнува од таткото на правлославното монаштво Свети Антониј Велики. Тој започнал да врзува јазли при изговарањето на молитвата Господи Помилуј, но Сатаната доаѓала постојано и му ѓи отплеткувала за да го збуни при неговите молитви. Но тој откако добил визија, почнал да врзува јазли кои би имале форма на крст, кои ѓаволот не можел да ги отплетка. Токму затоа и денес јазлите се врзуваат така да формираат крст.
Значи со бројаницата секојдневно се кажува молитвата до Исус иако може да се кажуваат и други молитви.

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 15:25

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Суеверие, реликвија, фетиш, идолопоклонство, БИЗНИС!

 
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Еве јас носам бројаница на раката... Не сум суеверен (ич), не верувам во реликвии, немам фетиши, не верувам во идоли, и не гледам како е тоа бизнис...
Ја носам, затоа што при молитва, кога сакам да постигнам апсолутно смирение и чистење на умот од непотребни мисли, на душата од непотребните ситни емоции кои денот ги донел, ми помага да се сконцетрирам. Не се молам преку бројаницата, ниту пак и се молам на бројаницата за да е тоа фетишизам или идолопоклонство, туку ја користам како орудие кое ми помага во молитвата кон Бога...
Како што му реков и на Алдра - како тоа судиш работи кои не ги познаваш? Само затоа што се различни од тоа што ти го правиш, автоматски се погрешни? Сети се - само Еден беше Безгрешен...
 
А зошто ти е потребна токму бројаницата за да се сконцентрираш во молитвата? Зарем таа не ти го одвлекува вниманието кон нејзините чворчиња? Зарем не се одвлекува дел од нервниот систем при отпуштањето на еден чвор и прифаќањето на друг? Зошто ти е сето ова потребно?
Зошто не земеш да си го масираш малиот прст додека се молиш? Зарем тоа нема да го постигне истиот ефект, па дури поголем - затоа што ке ти помогне да се опуштиш?
Зарем не е поефтина та метода отколку да платиш 100ден за бројаница на некој верски бизнисмен што отворил тезга на некој верски празник?
 
Познавам една православка што не клекнува на молитва без бројаница? Зарем не е таа во канџите на лукавиот кој ја убедил дека бројаницата е "мобилниот телефон" преку кој таа комуницира со Господ?
Сега повторно како и на сите теми ти ќе почнеш да велиш дека тоа го прават неедуцираните православци и дека не е така правилно, ама повторно како и на секоја тема се поставува прашањето:
Ако тоа е непотребно, незаповедано, неморално, не  практикувано од Христос, апостолите, учениците итн. а од друга страна ги СОБЛАЗНУВА 90% од православците кон идолопоклонство и суеверие, зарем не е подобро да се отфрли таа практика отколку безуспешно да се обидува да се едуцира нешто што е од човек измислено?
Секогаш ќе те потсетувам на ставот на Павле, каде тој вели дека иако јадењето месо не му е забрането, дека тој не би вкусил месо никогаш доколку тоа го соблазнува неговиот послаб брат во верата?
А што правите вие суперправославците? Наместо да се откажете од работите кои ги соблазнуваат, не еден, туку 90% од вашите православни браќа и сестри, вие упорно ги браните таквите работи и еутописки се залажувате дека еден ден ќе ги едуцирате сите православни и дека во догледно време сите правилно ке ги користат иконите, светците, моштите, бројаниците, светите водички итн. Цел милениум се залажувате, а од година на година сведоци сме дека се повеќе православци тонат во суеверието, идолопоклонството и бизнисот со икони, бројаници, разни реликвии, свети водички и други небиблиски новитети во православието.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2008 во 03:44
Еве одлична статија од Митрополитот Пимен во врска со бројаниците и иконите.
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.