IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - БРОЈАНИЦА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

БРОЈАНИЦА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3456>
Автор
Порака
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2008 во 10:36
he tema me potseti na nekoj
mnogu vazen i sakan vo mojot zivot
mojot golem heroj
toj gi vikase KUMBULOI

odmnao go nemam cueno toj zbor

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2008 во 23:35
Кај некои хинду-деноминации на пр. следбениците на Меѓународното друштво за Кришна свесност(Ваишнавска верска заедница, попозната како Харе Кришна движење) користат бројаници од 108 зрна - тнр. џапа-мала Бројот 108 во хиндуизмот има мистично значење.

На секое зрно се изговара Харе Кришна маха мантрата(санскр. маха=голем; мантра=зборови со мистична религијска моќ) и така минимум 16 круга на бројаницата за сериозните аспиранти. 16круга х 108 монистра(перли)=1728 пати изговорено со повремени паузи. Бројот на круговите бил изворно поголем(64х108=6912 пати повторена) но следбениците од запад се пожалиле дека им е тоа многу па индијскиот гуру Бактиведанта Свами(1896-1977) кој беше активен мисионер на оваа религија низ западните земји, направи извесна отстапка дозволувајќи им на учениците мантрање помалце кругови.

Бројаницата може да биде од стаклени перли или од дрво на пр. од сандалово дрво или туласи. Се чува во торбичка посебно наменета за тоа, или ја носат(поретко) околу врат.



Изменето од Majkl - 11.Август.2008 во 00:16
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 05:41
,,Кога се молите, не редете празни зборови, како што тоа го прават оние што не Го познаваат Бога, мислејќи дека ќе бидат услишани поради својата речовитост."(Mт. 6:7)

Сметам дека повторувањето на едни исти молитви, со помош на бројаница или без неа, е она на што мислел Исус. Нашиот однос со Бога треба да биде активен и близок, Нему да му кажуваме се како на најдобар Пријател, макар што Тој знае се. Не се молиме поради Него туку поради нас. На нашите земни родители сигурно не им кажуваме секојдневно едно исто туку секогаш нешто различно. Која е целта на повторувањето на истите молитви додека умот си пасе некаде? Подобро нека биде една кратка молитва ама искрена отколку стотици долги во кои веќе молителот и заборавил за што моли.   
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 05:47
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Која е целта на повторувањето на истите молитви додека умот си пасе некаде?


Од каде ваква идеја?! Многу интересно што секогаш мислите дека ако некој не прави исто како вас, значи дека тој е само про-форма верник... не велам дека нема такви - ама лошо е да се мисли дека секој кој не е како мене не е во право. Многу опасна теза е тоа и човештвото многу страдало заради тоа (и сеуште страда)...
Do what is right, come what may...
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 05:54
Па логично е тоа Зидарски... Како кога излегуваш од дома и ја заклучуваш вратата, одиш неколку чекори напред и се враќаш да видиш дали си заклучил. Психолозите велат дека тоа се случува поради тоа што истото тоа дејство го правиш секој ден и не му обрнуваш внимание, едноставно тоа си оди по автоматизам, несвесно. Така и оние кои повторуваат една и иста молитва. Кажуваат нешто па потоа не се сигурни дали се рекле како што треба па се враќаат назад и преповторуваат. Затоа велам: една ама вредна.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 06:01
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Па логично е тоа Зидарски... Како кога излегуваш од дома и ја заклучуваш вратата, одиш неколку чекори напред и се враќаш да видиш дали си заклучил. Психолозите велат дека тоа се случува поради тоа што истото тоа дејство го правиш секој ден и не му обрнуваш внимание, едноставно тоа си оди по автоматизам, несвесно. Така и оние кои повторуваат една и иста молитва. Кажуваат нешто па потоа не се сигурни дали се рекле како што треба па се враќаат назад и преповторуваат. Затоа велам: една ама вредна.


Аха... и исклучена е секаква можност сите тие молитви да бидат значајни, да се кажуваат со внимание, свесно, со полна душа и да бидат вредни? Ова сигурно го знаеш, нели? Интересно...
Do what is right, come what may...
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 06:08
Ок Зидарски така е, во право си. Постои можност тоа да се прави со полно внимание, но шансите се минимални. Зар не треба да изградиме еден интимен однос со Бога? Зар не сме Негови чеда? Замисли син ти кога ќе си доаѓа од училиште и кога ќе го прашаш: ,,Како помина денеска сине?’’ тој секојдневно да ти кажува една иста стихотворба која го велича образовниот процес, учителките и доброто друштво. Зар не би сакал тој да почне да ти раскажува како НАВИСТИНА поминал и како се чувствувал во некоја ситуација отколку да ти рецитира едно те исто?
Кон врв
GABRIEL_DESTROYER Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 122
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај GABRIEL_DESTROYER Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 06:08
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Па логично е тоа Зидарски... Како кога излегуваш од дома и ја заклучуваш вратата, одиш неколку чекори напред и се враќаш да видиш дали си заклучил. Психолозите велат дека тоа се случува поради тоа што истото тоа дејство го правиш секој ден и не му обрнуваш внимание, едноставно тоа си оди по автоматизам, несвесно. Така и оние кои повторуваат една и иста молитва. Кажуваат нешто па потоа не се сигурни дали се рекле како што треба па се враќаат назад и преповторуваат. Затоа велам: една ама вредна.


Аха... и исклучена е секаква можност сите тие молитви да бидат значајни, да се кажуваат со внимание, свесно, со полна душа и да бидат вредни? Ова сигурно го знаеш, нели? Интересно...

Тие молитви дали ке бидат кратки или долги нема врска но човек ако е сигурен во тоа нема зошто да ја повторува молитвата по сто пати истото и со вратата ако си сигурен во себе кеда си ја заклучил нема зошто да се враќаш и поворно да проверуваш но сепак овој кој што верука нека не биде сигурен во тоа дека таа божја села ке го исполни тоа можеби и затоа ги поввторуваат ама она со вратата е сосем друга работа АЛдра ако си сабилен човек ке заклучиш и нема да се вратиш ама ако не си ке се врати по стоти пат.А дека молитвите имаат некака важност немаат тоа се обични желби кој од се срце сакаш да ти се исполнат и нема на кого да му кажеш па мораш на оној непостоечкион.Молитвите се обична желба која може да се помоли ма на сосем друг начин.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 08:07
Габриел и Алдра - следниот пат - за вакво лично препукување преку форумот и двајцата ќе ве банирам!
Do what is right, come what may...
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 08:13
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

Ок Зидарски така е, во право си. Постои можност тоа да се прави со полно внимание, но шансите се минимални.

Не ги обвинувај другите за сопствената немоќ...

Цитирај
Зар не треба да изградиме еден интимен однос со Бога?

А зарем мислиш дека молитвата која се повторува не го гради тој однос? Не не внесува во смирение, во спокојство, во кое сме во состојба да се обратиме на Бога без излишни емоции, без излишни елементи, туку со чиста душа, со чиста љубов?

Цитирај
Зар не сме Негови чеда? Замисли син ти кога ќе си доаѓа од училиште и кога ќе го прашаш: ,,Како помина денеска сине?’’ тој секојдневно да ти кажува една иста стихотворба која го велича образовниот процес, учителките и доброто друштво. Зар не би сакал тој да почне да ти раскажува како НАВИСТИНА поминал и како се чувствувал во некоја ситуација отколку да ти рецитира едно те исто?

Пред да даваш вакви објаснувања, прво запознај се малку со она кое што го критикуваш. Молитвите кои се повторуваат се само дел од целокупното молење и молитвен процес... многу мал дел при тоа. Така што со твој јазик кажано - кога детето ќе се врати од училиште, и кога ќе го прашаш како поминал денот, нема да ги велича учителките и образовниот процес, туку ќе се заблагодари за можноста да учи и за добрите луѓе кои го учат, а потоа ќе ти раскаже во детаљи како поминал денот.
Do what is right, come what may...
Кон врв
GABRIEL_DESTROYER Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 122
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај GABRIEL_DESTROYER Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 08:22
Се согласувам Зидарски
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 10:02
Originally posted by AlDra AlDra напиша:

,,Кога се молите, не редете празни зборови, како што тоа го прават оние што не Го познаваат Бога, мислејќи дека ќе бидат услишани поради својата речовитост."(Mт. 6:7)
 
А кој тоа реди празни зборови?!
 
Originally posted by AlDra AlDra напиша:


Сметам дека повторувањето на едни исти молитви, со помош на бројаница или без неа, е она на што мислел Исус. Нашиот однос со Бога треба да биде активен и близок, Нему да му кажуваме се како на најдобар Пријател, макар што Тој знае се. Не се молиме поради Него туку поради нас. На нашите земни родители сигурно не им кажуваме секојдневно едно исто туку секогаш нешто различно. Која е целта на повторувањето на истите молитви додека умот си пасе некаде? Подобро нека биде една кратка молитва ама искрена отколку стотици долги во кои веќе молителот и заборавил за што моли.   
 

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ
глава  6

25 Затоа ви велам: немојте да се грижите за вашата душа - што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за телото, во што ќе се облечете. Зар не чини вашата душа повеќе од храната, и телото - од облеката?

26 Погледнете ги птиците небески: тие ни сеат, ни жнеат, ниту во амбар собираат, но вашиот небесен Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив?

27 А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакт?

28 Зошто се грижите и за облеката? Погледнете ги полските кринови како растат! Не се трудат, ниту предат;

29 но ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава не се облече така, како еден од нив.

30 Па, ако полската трева, што денеска ја има, а утре во оган се фрла, Бог така ја облекува, а колку повеќе ќе стори за вас, маловерни!?

31 Па затоа, не грижете се и не говорете: ,што да јадеме, или што да пиеме‘, или ,во што да се облечеме?‘

32 Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба.

33 Но барајте го најнапред царството на Бога и Неговата правда, и се ова ќе ви се придодаде.

34 И затоа, немојте да се грижите за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за своето; на секој ден доволна е неговата неволја.”

 
Ете на што Господ не’ повикува.
Секое добро!


Изменето од Pravoslavie - 11.Август.2008 во 10:04
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 14:17
Суеверие, реликвија, фетиш, идолопоклонство, БИЗНИС!
Ете тоа е моето, субјективно и индивидуално мислење за верската бројаница. Се надевам дека не повредив нечии религиозни чувства со мојата отвореност и искреност.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2008 во 15:00
Габриел - уште еден коментар од тој тип и ќе те банирам.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Суеверие, реликвија, фетиш, идолопоклонство, БИЗНИС!

Еве јас носам бројаница на раката... Не сум суеверен (ич), не верувам во реликвии, немам фетиши, не верувам во идоли, и не гледам како е тоа бизнис...
Ја носам, затоа што при молитва, кога сакам да постигнам апсолутно смирение и чистење на умот од непотребни мисли, на душата од непотребните ситни емоции кои денот ги донел, ми помага да се сконцетрирам. Не се молам преку бројаницата, ниту пак и се молам на бројаницата за да е тоа фетишизам или идолопоклонство, туку ја користам како орудие кое ми помага во молитвата кон Бога...
Како што му реков и на Алдра - како тоа судиш работи кои не ги познаваш? Само затоа што се различни од тоа што ти го правиш, автоматски се погрешни? Сети се - само Еден беше Безгрешен...
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3456>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.