IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Рано Христијанство
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рано Христијанство

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 111213
Автор
Порака
Karamazov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 144
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Karamazov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 22:33
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Karamazov, јас побарав од тебе да ми цитираш две мои противречни изјави, а не да ги менуваш моите изјави, па потоа да тврдиш дека се противречни голема%20насмевка а ти токму тоа си го направил, бришејќи ја клучната заграда во втората моја изјава.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Нека не ми замераат јеховините сведоци, адвентистите, православците, мормоните итн, но јас отворено кажувам дека Библијата и нејзиното толкување не е причина за разликите меѓу црквите, туку основна разлика се изворите на вистина (Библијата, традициите, житијата на светите отци, вселенските собори, пишувањата на некои современи "пророци" и "пророчици", следењето на разни верски или црковни авторитети, великодостојници итн)


Значи, заради твојот изненадувачки и неочекуван IQ ќе се обидам да ти објаснам малку поедноставно.

Библијата и нејзиното толкување не е причината за разиките меѓу јеховините сведоци, адвентистите, православците, мормоните итн. Туку основна разлика се изворите на вистината. Некои ја земаат Библијата како основен и единствен извор за вистините и праксите во својата вера. Други ја земаат Библијата заедно со традицијата, житијата на светите "отци", одлуките на вселенските собори, пишувањата на разни луѓе. Трети ја земаат Библијата заедно со пишувањата на некои современи пророци/пророчици. Четврти воопшто не ја читаат Библијата, туку се поведуваат по некои накитени великодостојници. Петти воопшто не ја земаат Библијата, туку си имаат некоја друга своја "библија" итн.


п.с. Ако друг пат промениш моја изјава и ја цитираш како да е кажана од мене, ќе потегнам казнена процедура против тебе намигнување


Ne moram da ti citiram protivrecnost (tvojot nedostizen IQ me skameni od strav), zasto tvojata vtora izjava e protivrecna na protivrecnoto, samo ovoj pat iskazana vo stil na staro-nova protestantska "drskoserica", zacineta so, dosega nezabelezana vo istorijata na covestvoto, biblisko-crkovna inkviztorska logika. Te molam najprvo nauci go praviloto kade se stava zagrada vo recenicata, sto ke rece poraboti na tvojata pismenost. Vakviot tvoj napor uste ovde na zemjata ke deluva na site nas estetski izbavitelno, da ne recam fizioloski spasitelno.
P.S. Te molam uste vednas da pokrenes kaznena procedura protiv mene, zasto kaznata od tebe i od tvoite slicni drugarcinja (koi veruvam deka vednas ke socuvstvuvaat so tvojata sveta rezigniranost) za mene e poveke od blagoslov.
P.P.S. Da bese popameten, a bogami i poiskren, ke znaese da pravis razlika megu protivrecnost vo izjavata i dve protivrecni izjavi.


Изменето од Karamazov - 08.Август.2008 во 22:36
tre, tri, tra
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 23:09
Карамазов и Евангелос - престанете со лични препратки и навреди!
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2008 во 01:57
Originally posted by Nikki Nikki напиша:


Од повторно може да се заклучи дека Авторитет на секоја црква се Толкувањата на Светото Писмо
А не самото Св Писмо
Бидејќи ако земе секој да му биде авторитет Св Писмо
Тогаш нема да има илјадници цркви, но милијарди цркви
 
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Имено.
Библијата дури не е авторитет - таа е Апсолут!
Авторитет - е она/оној што ти помага за да го протолкуваш тој Апсолут, преку своите знаења и спознавања.
 
Ова било и сеуште е вековното мото на римокатоличката и православната црква: "Библијата е тешка книга и е неразбирлива за тебе обичен вернику. Затоа немој да ја читаш, туку дозволи јас да ти ја толкувам, дозволи ми јас да ти кажам што Бог тебе всашност ти вели..." И на тој начин црковната авангарда, имајќи го авторитетот на "бог", го влечела за нос неинформараниот народ каде што сакала и колку што сакала, а тој само велел "амин" и понизно правел се што великодостојниците во името на Бога ќе побарале од него.
До средниот век црквата многу полесно го практикувала ова мото со помош на неразбирливиот латински јазик, а откако Библијата била преведена на разбирлив јазик, потоа таа се повикала на планот "Б" и се наметнала како посредник (толкувач) меѓу Божјиот Збор и обичниот верник.
 
За жал сеуште, и во 21век, некои цркви успеваат да си ја одржат функцијата на толкувач на Библијата. Како што можете да видите од изјавите на членовите погоре, авторитет за овие верници не е Божјиот Збор, туку човечкиот збор т.е. толкувањата на Божјиот Збор.
Сеуште и во 21век владее таа иста енигма дека Библијата е напишана на некој криптиран и симболичен јазик и дека ние не сме достојни, ниту компетентни, да ја читаме, туку дека ни се неоходни толкувањата на светите отци. На тој начин, Сатаната ја постигнува целта, ние да го немаме Божјиот Збор како авторитет и водач во вистината, туку човечкиот.
 
Ги поставувам реторичките прашања:
Ако светите отци ни го толкуваат Божјиот Збор, тогаш кој да ни ги толкува нивните пишувања?
Кој да ги толкува толкувањата на толкувањата?
До каде би одела оваа трансмисија на Божјата едноставна порака до нас?
Ако библиските писатели знаеле дека ќе ни треба толкувач на нивните зборови, зошто самите не се протолкувале (објаснеле) себе си, туку ни пишувале џоамити шифрирано, симболично?
Зарем може некој подобро да ги протолкува од нив самите?
Зарем знае некој подобро што сакал да каже некој од оној кој го кажал тоа?
Зарем има подобар толкувач од Бог?
Или можеби Бог веќе го сторил тоа во самата Библија?
Какви толкувања ви треба за заповедта "не кради"? Или "не убивај"? Или "Кој верува во Синот има вечен живот?" "Кој верува во Мене, и да умре ќе живее", "Ни Јас не те осудувам. Оди и не греши повеќе" итн.
 
По втор пат велам: Кој ја прочитал Библијата барем еднаш со чисти мотиви, здрав разум и без предрасуди, знае дека таа нема потреба од толкувања, туку како што рекол еден од вашите свети "отци"
 
"Кога Светото Писмо сака да не научи нешто, ТОА СЕ ТОЛКУВА САМОТО СЕБЕ и не дозволува читателот да погреши! Затоа ве молам и преколнувам, да ги затвориме нашите очи за СЕ ДРУГО и исклучиво да го следиме КАНОНОТ на Светото Писмо"
(Јован Златоуст, 13 Хомајлија на Битие)
 
Повротно ќе потенцирам, цитатот од Јован Златоуст не ви го наведувам како мој аргумент, туку само да ви укажам на тоа дека дури и оние кои ги нарекувате "толкувачи на Светото Писмо", дури и тие велат дека Светото Писмо се толкува самото себе и дека не му треба г-дин г-дин "толкувач".


Изменето од EvAngelos - 09.Август.2008 во 10:16
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2008 во 03:49
Евангелос, реков веќе претходно, мислам дека во друга тема - злоупотребувањето од страна на една институција на нешто, не значи дека тоа нешто е само по себе погрешно.
Никаде не реков дека МОРА некој да ти го протолкува Светото Писмо. Напротив - ако го прочиташ и го разбереш перфектно и немаш прашања кои ти се неодговорени - тогаш нема потреба да читаш ништо друго. Но... ако го прочиташ и од некоја причина имаш нешто што е нејасно - зошто да не прочиташ што има некој друг да каже во врска со тоа? Особено ако тој некој е признаен од заедницата како некој кој навистина знае што зборува и е почитуван како добар верник и добар познавач на работите?
Погледни го форумов - зарем не го правиме токму тоа цело време? Зарем ти самиот немаш давано стотици објаснувања на стихови кои на овој или на оној не му биле доволно јасни и ситуации кои заради сопствената заблуденост не сме можеле да ги разбереме. Јас, во одредена мера, и тебе те доживувам како личен авторитет при објаснување на Библијата... и тоа е сосема во ред. И како што гледаш - многу пати имам несогласувања со тебе за многу работи - но тоа пак не ми пречи да те сметам за авторитет во оваа тема. Потполно исто е и со некој кој пишувал во 9-тиот или 10-тиот век, само што на него не можам да му се искарам.
Do what is right, come what may...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 111213
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,090 секунди.