|
Дефтероканонските книги |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Милостињата е добро Дело. Делата се тие што ја прават жива нашата Вера. Верата е она што ни ги измива Гревовите... или грешам некаде...?
|
|
Do what is right, come what may...
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Грешиш, за нијанса. Делата не ја прават жива нашата вера, туку живата вера произведува дела. Делата се плод на верата, а не обратно. Верата во Христос и Неговата застапничка пролеана крв не чисти од гревовите, а не милостината.
И муслиманите даваат милостини, но тоа не ги чисти од гревовите.
Батали игри на зборови, само протоканонските книги се боговдахновени
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Верата без дела е мртва вера. За верата да е жива таа треба да има дела. Милостињата не е единствена што ја прави верата жива, но со сигурност допринесува (затоа што е дело).
Ако само веруваш во Христос (лично, во себе), но не правиш дела, таа вера е празна, таа вера е мртва. Воопшто не коментирам за книгите, не се занимавам со тоа прашање... Единствено ме интересира идејата твоја дека милостињата не може да ги исчисти гревовите... Милостињата е плод на верата, а како дело, допринесува и верата да е жива. Токму таа - верата во Него. Не разбирам - зошто не би допринела со тоа кон исчистување на гревовите (повторувам - воопшто не зборувам од аспект на дефтероканонските книги - а за самиот принцип). Изменето од zidarski - 08.Август.2008 во 17:38 |
|
Do what is right, come what may...
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zidarski, верата без дела е мртва вера и никој не го спори тоа. Ние спориме тука околу тоа дека милостината не чисти од гревовите - тоа е нешто што го тврди апокрифната Макабејска книга, а што противречи на протоканонските книги во Билбијата. |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како тоа противоречи?
Верата е таа што чисти од гревовите. Верата без дела е мртва вера. Милостињата е производ на верата, но како дело, сама по себе, ја одржува верата во живот (за да не е мртва). Со тоа - милостињата допринесува кон чистењето на гревовите. Воопшто не е игра на зборови, иако за жал изгледа така... Што од ова погоре не е точно?! |
|
Do what is right, come what may...
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zidarski, преку вера во Христос се очистуваме од гревоите, а делата се плод на верата, поточно плод на Светиот Дух во нас. Така што делата не се поврзани со очистувањето на гревовите. Доколку некој нема дела, тоа значи дека нема вистинска вера, а пак немајќи ја таа вера тој не е исчистен од гревовите. Но самите дела по себе не можат да го исчистсат од гревовите. Затоа, за да ти појаснам ти го наведов примерот со муслиманите. Иако тие даваат милостана (зекат, 2.5% годишно од своите приходи), тоа, според Библијата, не може да ги очисти од гревовите. Не може, затоа што тие се немаат исчистено со Христовата пролеана крв за нивните гревови.
Спасението (очистувањето од гревовите), не е од делата.
"Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој."
(Ефесјаните 2:8-9) Милостините не можат да очистат од грев, туку само жртвите.
"И по Законот речиси сè се чисти со крв, и без пролевање на крв нема проштавање." (Евреите 9:22) |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пак го даваш примерот од Евреите, кој е доста надвор од контекст изваден и се однесува на Стариот Завет, затоа што подолу се објаснува дека Исус е последната жртва.
Јас не зборувам за човек кој не верува, а прави добри дела. Верата е предуслов за да воопшто зборуваме за сево ова. Но милостињата, како дело, ја поткрепува верата и ја одржува жива (и докажува дека човекот има вистинска вера, како што ти кажа). Затоа сметам дека допринесуваат кон чистењето на гревовите, затоа што допринесуваат кон верата. (без вера, делата се мртви, може да се каже... ) |
|
Do what is right, come what may...
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zidraski, примерот со Евреите не е надвор од контекст и не се однесува само на Стариот Завет. Во Новиот Завет важи истиот принцип: Ако не се измиеш со Христовата пролеана крв НЕМА ПРОШТАВАЊА па дури и ако целиот твој имот го дадеш како милостина. Значи милостината не не чисти од гревовите. Значи Макабејските кнгии содржат еретичко учење и не се боговдахновени. Штом зборуваш за човек што вистински верува, тогаш тој е веќе очистен од гревовите во моментот кога поверувал.Да се каже дека милостините допринесуваат за чистењето на гревовите е исто како да се каже дека Христовата Крв не е доволна за да не очисти од гревовите и дека се потребни и дела, што се коси со многу библиски стихови, меѓу кој нејдециден е следниов:
"Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој."
(Ефесјаните 2:8-9) И да појаснам пред да ми реплицираш. Ова не значи дека ние не треба да правиме богоугодни дела или дека треба слободно да си грешиме потоа надевајќи се дека верата во Исус ќе не спаси, напротив, доколку го имаме тој став тоа индирекно значи дека ја немаме вистинската вера, што пак значи дека веќе не сме се очистиле од гревовите.
Така што, запомни, ако некој нема дела тој нема да остане во гревовите затоа што немал дела, туку затоа што немал жива вера од која произлегуваат дела.
Уште еднаш ќе појаснам.
1. Ако имаш вистинска и искрена жива вера, тогаш ти си исчистен од гревовите и таа вера во тебе ќе произведе добри дела.
2. Ако немаш вистинска и искрена жива вера, тогаш ти не си исчистен од гревовите, и независно дали ке правиш или не добри дела, ти ќе си останеш до гуша со гревовите. |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Истото го зборуваме всушност (само што ти упорно бегаш од моето толкување заради тоа што се спомнува во Макавејците, а тоа за тебе само по себе е грешно)... се согласувам со ова што го велиш инаку.
|
|
Do what is right, come what may...
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не зоруваме исто. Милостината ниту чисти од грев, ниту допринесува кон чистењето на гревовите. Единствено Христовата крв не чисти од секој грев. Не бегам од никакво толување. Тука не е потребно никакво толкување, јасно е како бел дел - милостината не чисти од грев. Тоа што го пишува во дефтероканонската книга Тобит 12:9 е противречно со она што го тврди Библијата. Инаку овој апокрифен стих Тобит 12:9 го користела Римокатоличката црква при нејзините акции за чистење на гревовите (парафразирам):"Дајте милостина за изградба на црквата Св. овој оној. Дајте милостини за изградба на мојата вила, пардон, на Божјиот дом и гревовите ќе ви бидат простени. Ако не дадете 10 златници, пардон, милостини, гревовите ќе ви останат и ќе горите во пеколот..." Изменето од EvAngelos - 08.Август.2008 во 19:19 |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЕвАнгелос - типична грешка што ја правиш доста често. Толкување на одреден стих преку начинот на кој некој го злоупотребил е апсурдно.
А за останатото, јас од прееска ти велам да заборавиш на таа книга сосема (како да не постои) и да дискутираме само од аспект на самата идеја за милостиња, но некако тешко оди... |
|
Do what is right, come what may...
|
|
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
zidarski, не можам да заборавам на таа книга бидејќи токму таа книга е насловот на оваа тема, а не идејата за милостињата. Во мојата иронија јас не го толкував стихот, туку само кажав како истиот бил злоупотребуван од римокатоличката црква. И пак ќе речам, стихот нема потреба од толкување. Само оној кој си има проблем со доктрината која стои зад тој стих има потреба истиот да го "толкува". |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |