IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дефтероканонските книги
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дефтероканонските книги

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 17:06
Милостињата е добро Дело. Делата се тие што ја прават жива нашата Вера. Верата е она што ни ги измива Гревовите... или грешам некаде...?
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 17:19
Грешиш, за нијанса. Делата не ја прават жива нашата вера, туку живата вера произведува дела. Делата се плод на верата, а не обратно. Верата во Христос и Неговата застапничка пролеана крв не чисти од гревовите, а не милостината.
И муслиманите даваат милостини, но тоа не ги чисти од гревовите.
Батали игри на зборови, само протоканонските книги се боговдахновени намигнување
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 17:37
Верата без дела е мртва вера. За верата да е жива таа треба да има дела. Милостињата не е единствена што ја прави верата жива, но со сигурност допринесува (затоа што е дело).
Ако само веруваш во Христос (лично, во себе), но не правиш дела, таа вера е празна, таа вера е мртва.
Воопшто не коментирам за книгите, не се занимавам со тоа прашање... Единствено ме интересира идејата твоја дека милостињата не може да ги исчисти гревовите...
Милостињата е плод на верата, а како дело, допринесува и верата да е жива. Токму таа - верата во Него. Не разбирам - зошто не би допринела со тоа кон исчистување на гревовите (повторувам - воопшто не зборувам од аспект на дефтероканонските книги - а за самиот принцип).

Изменето од zidarski - 08.Август.2008 во 17:38
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 17:44

zidarski, верата без дела е мртва вера и никој не го спори тоа. Ние спориме тука околу тоа дека милостината не чисти од гревовите - тоа е нешто што го тврди апокрифната Макабејска книга, а што противречи на протоканонските книги во Билбијата.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 17:46
Како тоа противоречи?
Верата е таа што чисти од гревовите. Верата без дела е мртва вера. Милостињата е производ на верата, но како дело, сама по себе, ја одржува верата во живот (за да не е мртва). Со тоа - милостињата допринесува кон чистењето на гревовите.
Воопшто не е игра на зборови, иако за жал изгледа така... Што од ова погоре не е точно?!
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 18:02
zidarski, преку вера во Христос се очистуваме од гревоите, а делата се плод на верата, поточно плод на Светиот Дух во нас. Така што делата не се поврзани со очистувањето на гревовите. Доколку некој нема дела, тоа значи дека нема вистинска вера, а пак немајќи ја таа вера тој не е исчистен од гревовите. Но самите дела по себе не можат да го исчистсат од гревовите. Затоа, за да ти појаснам ти го наведов примерот со муслиманите. Иако тие даваат милостана (зекат, 2.5% годишно од своите приходи), тоа, според Библијата, не може да ги очисти од гревовите. Не може, затоа што тие се немаат исчистено со Христовата пролеана крв за нивните гревови.
 
Спасението (очистувањето од гревовите), не е од делата.
 
"Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој."
(Ефесјаните 2:8-9)
 
Милостините не можат да очистат од грев, туку само жртвите.
 
"И по Законот речиси сè се чисти со крв, и без пролевање на крв нема проштавање."
(Евреите 9:22)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 18:15
Пак го даваш примерот од Евреите, кој е доста надвор од контекст изваден и се однесува на Стариот Завет, затоа што подолу се објаснува дека Исус е последната жртва.
Јас не зборувам за човек кој не верува, а прави добри дела. Верата е предуслов за да воопшто зборуваме за сево ова. Но милостињата, како дело, ја поткрепува верата и ја одржува жива (и докажува дека човекот има вистинска вера, како што ти кажа). Затоа сметам дека допринесуваат кон чистењето на гревовите, затоа што допринесуваат кон верата. (без вера, делата се мртви, може да се каже... )
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 18:30

zidraski, примерот со Евреите не е надвор од контекст и не се однесува само на Стариот Завет. Во Новиот Завет важи истиот принцип: Ако не се измиеш со Христовата пролеана крв НЕМА ПРОШТАВАЊА па дури и ако целиот твој имот го дадеш како милостина. Значи милостината не не чисти од гревовите. Значи Макабејските кнгии содржат еретичко учење и не се боговдахновени.

Штом зборуваш за човек што вистински верува, тогаш тој е веќе очистен од гревовите во моментот кога поверувал.
 
Да се каже дека милостините допринесуваат за чистењето на гревовите е исто како да се каже дека Христовата Крв не е доволна за да не очисти од гревовите и дека се потребни и дела, што се коси со многу библиски стихови, меѓу кој нејдециден е следниов:
 
"Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој."
(Ефесјаните 2:8-9)
 
И да појаснам пред да ми реплицираш. Ова не значи дека ние не треба да правиме богоугодни дела или дека треба слободно да си грешиме потоа надевајќи се дека верата во Исус ќе не спаси, напротив, доколку го имаме тој став тоа индирекно значи дека ја немаме вистинската вера, што пак значи дека веќе не сме се очистиле од гревовите.
Така што, запомни, ако некој нема дела тој нема да остане во гревовите затоа што немал дела, туку затоа што немал жива вера од која произлегуваат дела.
 
Уште еднаш ќе појаснам.
1. Ако имаш вистинска и искрена жива вера, тогаш ти си исчистен од гревовите и таа вера во тебе ќе произведе добри дела.
2. Ако немаш вистинска и искрена жива вера, тогаш ти не си исчистен од гревовите, и независно дали ке правиш или не добри дела, ти ќе си останеш до гуша со гревовите.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 18:39
Истото го зборуваме всушност (само што ти упорно бегаш од моето толкување заради тоа што се спомнува во Макавејците, а тоа за тебе само по себе е грешно)... се согласувам со ова што го велиш инаку.
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 19:19

Не зоруваме исто. Милостината ниту чисти од грев, ниту допринесува кон чистењето на гревовите. Единствено Христовата крв не чисти од секој грев.

Не бегам од никакво толување. Тука не е потребно никакво толкување, јасно е како бел дел - милостината не чисти од грев. Тоа што го пишува во дефтероканонската книга Тобит 12:9 е противречно со она што го тврди Библијата.

Инаку овој апокрифен стих Тобит 12:9 го користела Римокатоличката црква при нејзините акции за чистење на гревовите (парафразирам):
"Дајте милостина за изградба на црквата Св. овој оној. Дајте милостини за изградба на мојата вила, пардон, на Божјиот дом и гревовите ќе ви бидат простени. Ако не дадете 10 златници, пардон, милостини, гревовите ќе ви останат и ќе горите во пеколот..." голема%20насмевка


Изменето од EvAngelos - 08.Август.2008 во 19:19
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 22:07
ЕвАнгелос - типична грешка што ја правиш доста често. Толкување на одреден стих преку начинот на кој некој го злоупотребил е апсурдно.
А за останатото, јас од прееска ти велам да заборавиш на таа книга сосема (како да не постои) и да дискутираме само од аспект на самата идеја за милостиња, но некако тешко оди...
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2008 во 01:20

zidarski, не можам да заборавам на таа книга бидејќи токму таа книга е насловот на оваа тема, а не идејата за милостињата.

Во мојата иронија јас не го толкував стихот, туку само кажав како истиот бил злоупотребуван од римокатоличката црква. И пак ќе речам, стихот нема потреба од толкување. Само оној кој си има проблем со доктрината која стои зад тој стих има потреба истиот да го "толкува".
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.