IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дефтероканонските книги
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дефтероканонските книги

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 02:54
Ќе раскажам на кратко за оваа апокрифна, неканонска книга

Кога Михаил сакал да го воскресне Мојсеј
Дошол ѓаволот (тѕжител) и тужел дека мојсеј извршил убиство и затоа нема право да биде воскреснат
Но Михаил само ја извршувал Божјата Воља и не сакал да се расправа, па му кажал дека Господ ќе го кара
И според книгата Михаил го воскреснал Мојсеј

Иако според Црквите Мојсеј не е воскреснат
Во претходниот пост видете ги линковите за оваа Неканонска книга


Изменето од Nikki - 06.Август.2008 во 02:55
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 03:08
Originally posted by Nikki Nikki напиша:


Книгата се вика
THE ASCENSION OF MOSES
 
Сепак таа книга не е една од 11те дефтероканонски кнгии во православната Библија. Значи останува моето тврдење дека ниту Христос, ниту апостолите не цитирале ни една од дефтероканонските книги во православната Библија. Ти рече дека ова е лага, но испадна дека не е среќа
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 03:21
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 03:25
"The Apocryphal Associations of the Epistle of Jude", The Testimony Magazine, (June 1964), Vol. 34, No. 402, pp. 188f provides: "Moses having died in the mount, the archangel Michael is sent removing the body. The devil therefore, wishing to cheat him, withstood him saying, 'The body is mine as lord of all material things' or because of his slaying of the Egyptian blaspheming against the holy man and proclaiming him a murderer. The angel, not enduring this blasphemy against the holy one, said to the devil, 'God rebuke thee!'"

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 03:29
Nikki, значи сепак се согласуваш дека ниту Христос, ниту апостолите не цитирале ниту една од дефтероканонските книги во православната Библија? среќа
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 03:30
Што се однесува до Апокрифните Книги во Ст Завет
Православната Црква јасно кажува и сведочи дека се Апокрифи
И никогаш не ги канонизирала
Тие се во Библијата за да се пополни дел од историјата, неколку векови пред Христос
Да се има појасна слика за Еврејските Традиции и Живот

Зборот Библија, значи КНИГИ (БИБЛОС)
Тука има канонски и неканонски книги
Библијата има 77 книги
Но Црквата изобилува со безброј книги, пред Исус и после Исус
Сите тие сведочат за Божјото делување во Светот преку Израилот пред Исус и преку Црквата после Иус

Дали цитира од нив, ќе ми треба повеќе време да проверам
Прв пат се среќавам со ова прашање





Изменето од Nikki - 08.Август.2008 во 13:16
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 03:38
аплауз големо%20гушкање аххх, колку повеќе те запознавам, толку повеќе те вселувам во срцево мое големо%20гушкањебакнеж
Добра ноќ на сите!
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 13:58
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Не е можно христијаните да спиеле и вегетирале до појавата на Џон Весли и Мартин Лутер.
Абе не може мене некој амерички пулени да ме учат што да правам кога мојот пат е убаво трасиран.
 
Христијаните ниту спиеле, ниту вегитирале до појавата Весли и Лутер.
За какви амерички пулени зборуваш и каква врска има тоа со темава?
 
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:


За милостината, па нели и бог вели Милост а не жртва? Точно, делата не спасуваат сами по себе но ако се плод на верата зошто да не бидат изразени во вид на правење милостина?
Ако некој чувствува дека треба да го направи тоа? Како добриот Самаричанец на пример...и куп примери. Вредноста на делата е важна и неоспорна.
 
Точно е тоа дека Бог сака повеќе милост отколку жртва, но никаде во протоканонските книги Бог не вели дека милостината може да очисти од грев како што тврдат апокрифите, напротив Бог во протоканонските книги вели дека "без пролевање на крв (жртва) нема простување" (Евреите 9:22)
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 14:29
Прво би сакал да кажам некој збор за книгите кои ти ги наведе и да издвојам некои позначајни делови

1. 2ра и трета Ездра- Во втората Ездра претежно се говори за Израилот во времето на персискиот крал Дариј и Артаксеркс и за указите кои влијаеле врз севкупната состојба на Евреите( указите за Храмот, за враќање во татковинатаи слично). Во третата книга Ездра пророкот има виденија за повеќе работи меѓу кои и за Спасителот Христос и неговото Царство, исто како и другите Пророци.

2. Товит- книга за животот на Товит,неговиот син Товиј, девојката Сара и Израелците кои ќе бидат под ропство во Асирија. Истотака во оваа книга подетално се говори за Израилевите ритуали, традиции, постење и слично.Многу значајно за оваа книга е тоа што се говори за чистотата на бракот. Инаку фрагменти од оваа книга се најдени во пештерата 4 во Кумран, напишани на Арамејски и Хебрејски. Фрагментите се генерално во согласност со текстот на грчки.

3. Јудита- книга која говори за жената Јудита, верна на Бога и Законот и за нејзиниот храбар потег со кој го спасува Израилот. Истотака се говори и за борбата на Израел со хеленистичките кралеви. Иако е отфрлена од Евреите и не е дел од нивната Света Книга, сепак Ортодоксните Евреи веруваат дека книгата опишува настан од борбата на Евреите против хеленизмот.

4. Макавејските книги- книги за борбите на Евреите против династијата на Селевкидитеи создавањето на независното Еврејско царство, околу 100г.п.н.е. Прифатени од Католиците и Православните во нивните Свети Писма, отфрлени од Евреите и Протестантите, но сепак историјата во нив е прифатена и од Протестантите и Евреите. Оргиен за Првата Книга Макавејска вели дека имал можност да го види Еврејскиот текст на оваа книга. Јероним истоатака говори дека Првата Книга Макавејска ја видел напишана на еврејски, а втората на грчки. Втората Книга Макавејска е отфрлена од Протестантите и Евреите поради молитвите за умрените, застапништво на светците, воскресение од мртвите. Истотака во оваа книга се споменува и мачеништвото и наградата која следува за истото. Се смета дека е напишана од Евреите во Александрија, исто како и Третаа Книга Макавејска

5. Мудрост Соломонова- книга која говори за разни мудрости поврзани со разни аспекти на човековиот живот. Инаку Свети Мелитон говори дека во вториот век оваа книга била сметана за канонска од Евреите и Христијаните. Инаку и рабинот Моше Бен Нахман Геронди говори за постоење на Еврејски текст од оваа книга.

6. Мудрост Сирахова- книга со мудрости. Напишана на Хебрејски, каде го носи насловот Поговорки на Сирах. Бен Сирах ја напишал оваа книга во Ерусалим. Иако Евреите не ја прифаќаат оваа книга за канонска сепак многу цитати се искористени во нивната Света Книга.

7. Послание Јеремиино- послание од Јеремија до Евреите преселени во Вавилон. Во него се бара од Евреите да не се молат на идолите туку само на вистинскиот Бог. Интересно е што во Втотата Книга Макавејска, поглавје 2, стих 1 и 3 се говори за тоа како во записите на пророкот Јеремија има документ со иста содржина. ( 2 Малавејска 2,1 и 2,3.). Списите од Мртво Море го содржат и ова послание, а во Кумран најден е фрагмент на грчки, што не ја исклучува можноста тоа да било преведено од еврејски и арамејски.

8. Барух- книга на пророкот Барух. Оваа книга има врска со многу стихови од Новиот Завет, а и во неа се говори за Христос, за неговото слегување како Човек меѓу луѓето и сл.

9. Естира- иако канонска Мартин Лутер сакал да ја отфрли велејќи: Јас сум голем противник на Втората Книга Макавејска и на Естира и посакувам овие книги никогаш да не дојдеа до нас. А Естира е дел од протоканонските книги ( значи Лутер бил воден од некои доктрини кога говорел за ова )

Примери за сличност во Новиот Завет со книгата на пророкот Барух.

Лука 13,29 со Барух 4,37
Јован 3,13 со Барух 3,29
1 Коринтјани 10,20 со Барух 4,7
Јован 1,14 слично со Барух 3,38 и со 3 Книга Мојсеева 26.11-12

Значи од ова следува дека книгата на Пророкот Барух има врска со Апостолите.

Е сега да коментирам дел од пишуваното на Евангелос

1.     Барух е користен од Апостолите

2.     Евреите не признаваат и книги кои се напишани на хебрејски- примерот со

3.     Товит. Сепак тоа е мислење на Евреите кое јас го почитувам, но не го прифаќам. И свети Мелитон говори дека во тоа време некои книги биле канонски за Евреите а денес не се.


4.     Кумранските списи содржат делови од Товит, таму е најдено и посланието на пророкот Јеремија на грчки.

5.     Барух живеел во 6 век п.н.е.- другите книги не се пророчки.


6.     Ерусалимскиот Талмуд е света книга на Евреите, не за Христијаните и е полна со некои од нивните човечки преданија кои не се многу во согласност со Божјиот збор.
7.     Концилот во Јамнија нема ништо заедничко со Христијанството. На тој концил е изречена анатема против Христијаните. Инаку Евреите го отфрлиле Септуагинтот поради тоа што сметале дека тој ќе има негативно влијание врз нивната култура и затоа има наредиле на Евреите во дијаспората да го отфрлат- за да го зачуваат својот јазик.

8.     Црковните Отци говорат за овие книги – примерот кој го изнесов со Ориген.


9.     Не можам да говорам во име на Католиците не сум католик и тоа би било неблагодарно.

10.     Ориген имал можност да ја види Првата Книга Макавејска на Хебрејски. Не сум сретнал дека Црковните Отци говореле против овие книги. Инаку тие го користеле Септуагинтот.

11.      Сега би сакал да ги коментирам “еретичките” учења на книгите:

Молитвите за покојните се дел и од раното Хирстијанство

Милоста покрива многу гревови. Верата треба да е поткрепена со дела. Милоста е големо дело. И самиот Бог бара милост.Светиот Апостол Јаков вели дека верата без дела е мртва ( Јаков 2,20).

Тоа за материјата го одговори модераторот Зидарски- многу не сум упатен во тоа.

Ако во Товит има магии и суеверија, значи дека и во книгата Мојсеева има. Таму и се вели на жената да пие вода со земја за да се види дали го изневерила мажот, ако го изневерила клетва ќе ја фати.


Марија, во право си кога велиш дека христијаните не може да вегетирале додека не дошол Лутер. Иако и самиот Лутер, Калвин и други протестантски лидери ги немале истите верувања како денешните Протестантски Цркви- на пример Лутер секогаш кога говори за Дева Марија и ја дава титулата Богородица и смета дека таа е БОГОРДИЦА.

Ники, православната Црква ги признава овие книги како канонски (колку што мене ми е познато).

Pozdrav
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2008 во 19:02
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


Оргиен за Првата Книга Макавејска вели дека имал можност да го види Еврејскиот текст на оваа книга.
 
Па секој можел да ги види тие книги. Никој не рече дека тие биле невидливи среќа Дискусијата е околу тоа дали тие книги се канонски, богоинспирирани, или само книги од историска важност како што признаваат многу од православните и католиците.
 
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:

Јероним истоатака говори дека Првата Книга Макавејска ја видел напишана на еврејски, а втората на грчки.
 
Јероним имал очи, а книгите биле видливи и затоа ги видел. Нема ништо спорно во тоа. Сепак Јероним тврдел дека сите книги надвор од еврејскиот канон се апокрифи, меѓу кои секако влегуваат и 1ва и 2ра Макабејска книга.

Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


5. Мудрост Соломонова- книга која говори за разни мудрости поврзани со разни аспекти на човековиот живот. Инаку Свети Мелитон говори дека во вториот век оваа книга била сметана за канонска од Евреите и Христијаните. Инаку и рабинот Моше Бен Нахман Геронди говори за постоење на Еврејски текст од оваа книга.
 
Книгата Мудрост Соломонова не била сметана како канонска ни меѓу христијаните, ни меѓу евреите. Би те замолил да ми кажеш од кој изворен документ ти е оваа информација. Мелитоновиот канон се состоел исклучиво од протоканонските книги (освен книгата на Естер). (Ecclesiastical History 4.26.14)
 
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


9. Естира- иако канонска Мартин Лутер сакал да ја отфрли велејќи: Јас сум голем противник на Втората Книга Макавејска и на Естира и посакувам овие книги никогаш да не дојдеа до нас. А Естира е дел од протоканонските книги ( значи Лутер бил воден од некои доктрини кога говорел за ова )
 
Перо од Неготино го отфрла (иако канонско) евангелието по Јован велејќи: "Доста ми се овие 3 евангелија, немам живци да го читам и ова четвртово, подобро да не беше напишано, ич го нејќум.."
И? Шо има сеа тоа врска шо рекле Мартин Лутер и Перо од Неготино? голема%20насмевка
 
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


Примери за сличност во Новиот Завет со книгата на пророкот Барух.

Лука 13,29 со Барух 4,37
Јован 3,13 со Барух 3,29
1 Коринтјани 10,20 со Барух 4,7
Јован 1,14 слично со Барух 3,38 и со 3 Книга Мојсеева 26.11-12

Значи од ова следува дека книгата на Пророкот Барух има врска со Апостолите.
 
Врските и сличностите се многу субјективна работа. Тоа што тебе ти е слично, на друг не му е. Врски можеме да правиме и меѓу Кyранот и Библијата и да даваме сличности меѓу нив, но тоа не повлекува нужно веродостојност од едното на другото. Јас како критериум за каноничност го поставив прашањето дали Христос или апостолите цитирале некој дел од овие апокрифни книги? Таков цитат ти не наведе!
Ајде да ги разгледаме неколку од сличностите...
 
"И ќе дојдат од исток и запад, од север и југ, и ќе седнат во Божјото Царство"
(Лука 13:29)
 
"Ете доаѓаат твоите синови, што ги отпушти, доаѓаат собрани од исток до запад, по заповед на Светецот, зарадувани со Божја слава."
(Барух 4:37)
 
Во вториот стих нема "од север и југ".
 
"И никој не отишол во небо, освен Оној, Кој слезе од небото, Човечкиот Син Кој е во небото."
(Јован 3:13)
 
"Но не нив Господ ги избра и не ним им го откри патот на премудроста, тие изгинаа затоа што немаа мудрост, изгинаа од своето безумие. Кој се качил на небото, па да ја дофати (мудроста) на облаците и да ја симне од таму?"
(Барук 3:27-29)
 
Значи во евангелието по Јован се зборува за Христос, а во книгата Барух се зборува за мудроста. Сосема различен контекст, различна дискусија.
Итн.
 
macedon_alex, ако сакаш успешно да одговориш на предизвикот, тгаш цитирај ми каде во Новиот Завет Христос или апостолите цитираат некој дел од овие апокрифни книги? Зарем не те става во мисла малку тоа што Христос и апостолите цитирале 295 места од старозаветните протоканонски книги, но не цитирале ниту еден стих од овие апокрифи? збунетост
 
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


1.     Барух е користен од Апостолите
 
Цитирај ми кој апостол и што цитирал од книгата на Барух? кул
 
 
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


2.     Евреите не признаваат и книги кои се напишани на хебрејски- примерот со
 
Примерот со?
 
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


3.     Товит. Сепак тоа е мислење на Евреите кое јас го почитувам, но не го прифаќам. И свети Мелитон говори дека во тоа време некои книги биле канонски за Евреите а денес не се.
 
Ние го превземаме Стариот Завет од евреите. Тие биле многувековни чувари на Божјиот Збор, сите библиски писатели биле евреи, така што ние сме зависни од нив кога станува збор за старозаветните книги. Тоа мораме да им го признаеме на евреите.
Пак ќе те замолам да ми дадеш изворен цитат каде тоа Мелитон вели дека некои книги биле канонски за евреите, а сега не се, и кои се тие канонски книги кои сега не се во канонот.

Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


4.     Кумранските списи содржат делови од Товит, таму е најдено и посланието на пророкот Јеремија на грчки.
 
Ова е точно.
 
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


5.     Барух живеел во 6 век п.н.е.- другите книги не се пророчки.
 
Книгата што се води под името на Барух има најверојатно 4 писатели (најмалку 3). Комплетната редакција на книгата е завршена во 2 век пред Христос.
Убаво рече дека другите книги не се пророчки, затоа што во тој меѓу простор од Малахија до Јован Крстителот немало пророк во Израел. За ова имаш доказ и во самите дефтероканонски книги, друг пат ќе ти ги цитирам цитатите. И ова е еден силен аргумент против нивната боговдахновеност, затоа што и самите сведочат дека немало пророк во тоа време, немало Божји помазаник. Што е многу јасно и од книгата на пророкот Малахија кој како следен пророк го назначил Јован Крстител, баш со цел да не дозволи појава на лажни пророци во тој меѓупериод.

Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


6.     Ерусалимскиот Талмуд е света книга на Евреите, не за Христијаните и е полна со некои од нивните човечки преданија кои не се многу во согласност со Божјиот збор.
 
Секако, но сепак и тој како историска книга е вреден за разгледување, сепак и тој содржи некои битни историски информации, а онаа која јас ја наведов е токму таа дека евреите верувале дека Светиот Дух си заминал од земјата после пророкот Малахија, што индирекно говори дека тие немале никакви дополнителни пророци или откровенија потоа до Јован Крстителот, затоа што тие никогаш не признавале ниту признаваат пророк без Свет Дух во него.
 
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


7.     Концилот во Јамнија нема ништо заедничко со Христијанството. На тој концил е изречена анатема против Христијаните. Инаку Евреите го отфрлиле Септуагинтот поради тоа што сметале дека тој ќе има негативно влијание врз нивната култура и затоа има наредиле на Евреите во дијаспората да го отфрлат- за да го зачуваат својот јазик.
 
Повторно ќе кажам, тоа што евреите фрлале анатема против христијаните нема врска со нивното признавање на старозаветниот канон. И ден денес евреите не го признаваат Христос како Месија, па сепак го признаваат старозаветниот канон, затоа што тоа е нивен канон. Ние христијаните го превземаме Стариот Завет од евреите, а не тие од нас.
 
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


8.     Црковните Отци говорат за овие книги – примерот кој го изнесов со Ориген.
 
Ти го спомна Ориген но не ми наведе изворен цитат каде Ориген вели дека таа книга "Мудрост Соломонова" се сметала за канонска, а јас ти дадов изворен цитат каде Ориген наведува листа на сите протоканонски старозаветни книги (освен Естер) и во таа листа не вклучува ни една од апокрифните т.е. дефтероканонските книги. Еве ти го изворот уште еднаш (Ecclesiastical History 4.26.14)

Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


10.     Ориген имал можност да ја види Првата Книга Макавејска на Хебрејски. Не сум сретнал дека Црковните Отци говореле против овие книги. Инаку тие го користеле Септуагинтот.
 
Ориген имал можност да ја види Макавејската книга, но не ја нарекол канонска. Евзебие го цитира Ориген и ја потврдува неговата листа додавајќи ја и книгата на Естер, но повторно НИТУ ЕДНА од дефтероканонските книги. (Ecclesiastical History 4.26.14)
 
Исто така Евзебие за Макавејските книги вели дека се "надвор од овие канонски книги" (Ecclesiastical History 6.15.2)
 
Исто така и Атанасие, пишувајќи го своето пасхално писмо, ги навел сите протоканонски книги од Новиот Завет и сите протоканонски книги од Стариот Завет (освен книгата на Естер), но во таа листа тој не навел НИТУ ЕДНА од дефтероканонските книги. Тој исто така спомнал неколку од дефтероканонските книги и рекол дека тие навистина не се вклучени во канонот, но дека се посочени од црковните отци да бидат читани од новите кои се приклучувале во заедницата и кои сакале инструкции за побожност во словото. (Атанасие, Писмо 39)
 
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


11.      Сега би сакал да ги коментирам “еретичките” учења на книгите:
Молитвите за покојните се дел и од раното Хирстијанство
 
Јок! голема%20насмевка Такво нешто нема да најдеш во протоканонските книги на Библијата.
 
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


Милоста покрива многу гревови. Верата треба да е поткрепена со дела. Милоста е големо дело. И самиот Бог бара милост.Светиот Апостол Јаков вели дека верата без дела е мртва ( Јаков 2,20).
 
Точно така, апостол Јаков вели дека верата без дела е мртва, но апостол Павле вели дека без пролевање на крв нема очистување од гревовите. (Евреите 9:22) што е контрадикторно со учењето на апокрифните книги.

Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


Ако во Товит има магии и суеверија, значи дека и во книгата Мојсеева има. Таму и се вели на жената да пие вода со земја за да се види дали го изневерила мажот, ако го изневерила клетва ќе ја фати.
 
Не ист случајот, тамо нема кадење со срце и црн дроб на риба, туку таму жената се носи пред свештеникот, а потоа тој ја поставува пред Господа да даде заклетва дека не го изневерила мажот. А во првиот случај немаш ни свештеник, ни Господ, ни заклетва, туку само "чири ба чири бу" среќа

Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


Марија, во право си кога велиш дека христијаните не може да вегетирале додека не дошол Лутер. Иако и самиот Лутер, Калвин и други протестантски лидери ги немале истите верувања како денешните Протестантски Цркви- на пример Лутер секогаш кога говори за Дева Марија и ја дава титулата Богородица и смета дека таа е БОГОРДИЦА.
 
За ова си потполно во право. Христијаните ги немаат истите верувања ни со Лутер, ни со Калвин, ни со Весли ни со никој "херој на верата". Христијаните го имаат, или барем се трудат да го имаат истото верување и пракса што го проповедале и практикуале Христос и апостолите, а што е запишано во протоканонските книги на Библијата големо%20гушкање


Изменето од EvAngelos - 06.Август.2008 во 19:29
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Август.2008 во 14:16
Прво би сакал да ти се извинам за тоа што овој пост е малку збунувачки, но не знам добро да работам со кодовите на форумот за да ја форматирам пораката па затоа и одговарав вака хаотично. Истотака се извинувам за техничките и печатните грешки кои изобилуваа во претходниот одговор.

Еве го и мојот хаотичен нов одговор.

1. Со тоа што реков дека Ориген ги видел хебрејските ракописи на Библијата сакав да потенцирам нешто.

2. Ти велиш дека Јероним тврдел дека сите книги надвор од хебрејскиот канон се апокрифни. Историски познато е дека Јероним го користел хебрејскиот текст кога ја преведувал Библијата на латински. Тој вели дека ја видел Првата Книга Макавејска на хебрејски- значи ја видел во хебрејските текстови- кои според твоите зборови се канонски по што следува дека и оваа книга била меѓу нив.

3.Свети Мелитон ја сметал книгата Мудрост Соломонова за дел од канонските книги. Според Catholic Encyclopedia Свети Мелитон ги влкучувал сите протоканонски книги, освен Естира. Но, историчарите велат дека и книгата Мудрост Соломонова е дел од неговиот канон.

http://en.wikipedia.org/wiki/Melito_of_Sardis
http://www.cogwriter.com/melito.htm ( вториот линк го има и текстот на Свети Мелитон)

4. Тоа што го кажав за Мартин Лутер имаше цел да покаже дека и процесот на реформација има доктрина за основа, но штом за тебе не претставува никаков авторитет Лутер тогаш ова не важи за тебе.

5. Тоа што наведов неколку слични цитати не е нешто што јас успеав да го видам туку кога барав за книгата на Барух го најдов и сакав да го постирам на форумов.
Е сега би сакал да искоментирам нешто. Поимот премудрост според многумина е Христос. Еве и друг цитат кој убаво ќе потврди дека премудроста е синоним за Синот.

Книга Мудрост Соломонова 9,17: А волјата твоја кој ќе ја познае, ако Ти мудроста не си ни ја испратил и одозгора не ни го беше испратил Твојот Свет Дух.

Анализирај ги и другите сличности не само овие две кои ги наведе.

Ако кумранските списи содржат фрагменти од Товит и Посланието Јеремиино, а кумранските списи според тебе се многу веродостојни тогаш зошто ги отфрлаш овие две книги?

Инаку концилот во Јамнија пред се бил поврзан со традицијата и важен критериум за Евреите при канонизацијата на Септуагинтот бил јазикот. А бидејки Септуагинтот бил на грчки бил отфрлен. Истотака им било наредено на Евреите во дијаспората да почнат да го читаат канонот на хебрејски.

Инаку не мора апостолот да цитира некој старозаветен пророк- и сличноста е сличност ( говорам не за субејктивни сличности туку за сличности кои историјата ги наведува).

Е сега за Евреите( тоа што сум напишал примерот со и другиот дел сум го скокнал-техничката грешка ). Евреите не признаваат и книги кои се напишани на хебрејски- примерот со Естира.

Талмудот е преполн со човечки традиции и не може да биде поврзан многу со нас христијаните- ти ја кажав и целта на концилот во Јамнија.

Молитвата за покојните не е присутна во Библијата, но присутна е во Ранотот Христијанство- на гробовите на раните христијани.

Е сега во однос на суеверието присутно во книгата на Товит. Во оваа книга ангелот му наредува на Рафаил тоа да го изврши. Значи не е чирибу чириба.

Поздрав
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 13:45

Да резимираме:

Евреите не ги признаваат апокрифните/дефтероканонските книги во Старозаветниот канон.
Христијаните го превземаат Стариот Завет од рацете на Евреите.
Христос никогаш немал спор околу Старозаветниот канон со Евреите.
Доколку Христос не се сложувал со Старозаветниот канон, Тој ќе им го укажел тоа на евреите.
Христос и евангелистите цитирале околу 295 места од Стариот Завет, но не цитирале ни една од дефтероканонските книги.
 
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 16:22
Можеби треба да се отвори нова тема, ама ќе продолжам тука, затоа што овде беше спомнато...
ЕвАнгелос, го даваш цитатот од Евреите за жртвата... дека без крв нема проштевање... но од друга страна, во истото послание, се вели дека Исус ја даде последната жртва, се принесе еднаш за да ги земе гревовите на мнозина... Зарем не е сега верата во Него она што ги чисти гревовите?
Do what is right, come what may...
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2008 во 16:32

Да.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.