|
Црвено - црни новости |
Внеси реплика | страница <12345 17> |
Автор | |
da be
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 101 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
а стига бе |
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЗАКОНИТОСТА ДОНЕСЕ ПРЕДЛОГ ОДЛУКИ ДО УО НА ФФМ ОКОЛУ СЛУЧАЈОТ "СУСПЕНДИРАНИ ВАРДАРЦИ" Потврда на суспензиите, без казна од 5.000 евра! * На вчерашниот состанок Комисијата донесе и мериторна конечна одлука да биде поништена одлуката на Комисијата за молби и жалби за раскин на договорите на штета на фудбалер, што значи по истекот на суспензиите за играчите повторно ќе важат професионалните договори со ФК Вардар Комисијата за заштита на законитоста при ФФМ на вчерашниот свој
долг, исцрпувачки состанок не го прифати барањето на суспендираните
вардарови фудбалери донесувајќи предлог одлука до УО на ФФМ за потврда
на шестмесечните суспензии изречени од дисциплинскиот орган на ФК
Вардар, меѓутоа Комисијата ја укина паричната казна од 5.000 евра која
претходно им беше потврдена и од Комисијата за молби и жалби. "Предлог
одлуката да се укине паричната казна од 5.000 евра, односно да не се
верифицира одлуката на ФК Вардар, е поради тоа што според член 56,
односно член 93 од Дисциплинскиот правилник на ФФМ за таков прекршок не
може кумулативна одлука од суспензија и парична казна. Има или
суспензија или парична казна. Со оглед на тоа што суспензиите се
оправдани, тогаш не е можна парична казна". СТРУЧНИОТ ШТАБ ЌЕ ИМА ЛИЦЕНЦА ЗА СТАРТ НА ПРВЕНСТВОТО И Иди Баба се приклучува Бајевски на тренинг на Вардар! "Црвено-црните" фудбалери по враќањето од Охрид, предводени од Ратко Достаниќ, денеска на своето помошно игралиште го продолжуваат тренажниот процес пред стартот на новото првенство. Продолжуваат, но и со еден од најдобрите наши напаѓачи Александар Бајевски кој според најавите од раководството на клубот од денеска ќе тренира со "црвено-црните" со варијанта во следните денови да потпише и шестмесечен договор. "Бајевски се приклучува на тренинзите, а ние очекуваме пред крајот на преодниот рок да постигнеме договор и за шестмесечна соработка, со тоа што во јануари без никаков проблем доколку има желба да му овозможиме и реализација на трансфер во странство", н$ информираше потпретседателот на Вардар, Коста Костовски. Александар Бајевски деновиве очекува и разврска околу извесен интернационален ангажман. Доколку не дојде до реализација, останува во својот клуб. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПОРАНЕШНИТЕ "ЦРВЕНО-ЦРНИ" ФУДБАЛЕРИ СЕГА ВО ПАКЕТ НАЗАД ВО КЛУБОТ За Вардар во полн сјај * "Компарирајќи со периодот кога заминавме, сега се враќаме во клуб со далеку пореални амбиции за конечно освојување титула. Двојната круна е наш императив", велат Глигоров, Ѓошевски, Кметовски, Масев и новиот капитен Вајс Пакет преземањето на раководството од страна на поранешните
финансиери на македонскиот шампион со себе повторно во најтрофејниот
наш клуб врати и пет поранешни "вардарци" кои на не баш славен начин го
напуштаа клубот за сега, по неколку години пауза, конечно отворено да
ги најават шампионските "црвено-црни" амбиции. "Кога
клубот беше оптоварен со серија проблеми заминав од Вардар. Сега е
нешто сосема ново. Сега реално може да зборуваме за остварување на
шампионските амбиции и конечно, по неколкугодишна пауза, радост за сите
наши навивачи", вели Глигоров на кого се надоврзува размислувањето на
членот на шампионската генерација од 2001 и 2002 година, Никола
Ѓошевски. ПО ВЧЕРАШНИОТ СОСТАНОК СО ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ КОСТОВСКИ ДЕНЕСКА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ПРЕСРЕТ НА СЕЗОНАТА |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вардар ја совлада Победа
Триумфот на Вардар над Победа во дербито меѓу екипите што тежат вкупно седум шампионски титули, му даде посебен белег на стартот на новиот домашен фудбалски шампионат. Реновираниот тим на црвено - црните ја најави сериозната намера да се врати на врвот во македонскиот клупски фудбал уште во некомплетното почетно коло, во кое актуелниот шампион Работнички се спаси од пораз во Кичево дури во самиот финиш. Победа му одолеваше едно полувреме на Вардар, Бобан Јанчевски го постигна првиот гол во 55-та минута, со автоголот на Крстески во 63-та минута веќе беше 2:0 Конечните 3:0 „вардарци“ ги постигнаа преку Никола Глигоров на три минути пред крајот. Резултати од денешните натпревари во Првата лига: * Македонија Ѓ.П. - Турново 4:0 (3:0) * Ренова - Силекс 0:0 (0:0) * Напредок - Работнички 1:1 (1:0) * Вардар - Победа 3:0 (0:0) * Милано - Металург: одложен за во среда * Пелистер: слободен |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ШАМПИОНСКИ СТАРТ НА НОВОТО ВАРДАРОВО ЛИЦЕ
Глигоров: "Е, ова е тоа" * "Убаво е кога го почнуваме првенството на овој начин, низ убава атмосфера на 'Градски', меѓутоа никако не смее да има залетување", вели фудбалерот од средниот ред Шампионски старт на најтрофејниот македонски клуб во трката, конечно, под новото свое лице воден од комплетно ново финансиско раководство да го врати последниве години загубениот сјај со кој беше препознаван, не само низ домашните фудбалски кругови, но и многу пошироко. "Црвено-црните" фудбалери уште во првото коло од шампионатот 2008/2009 демонстрираа дека оваа сезона активно ќе го водат "ритамот" за остварување на претходно зацртаните амбиции - освојување на двојната круна. "Навистина, верувам дека ова е почетокот на еден шампионат кој долго го очекуваа сите искрени навивачи на Вардар. Убедлива победа, убав амбиент создаден од нашите навивачи, сигурно се моментите кои ни даваат дополнителен елан за продолжението од првенството", вели еден од најзаслужните "вардарци" за неделниот убедлив триумф од 3:0 над Победа, Никола Глигоров. "Да бидам искрен, ние посакувавме меѓутоа не очекувавме така убедлив триумф на Победа, со оглед на тоа што сосема е јасно дека прилепчани секогаш се повеќе од незгоден противник. Но очигледно во овој момент сепак пресуди квалитетот", дополнува Глигоров, според кого и покрај се не смее да има залетување... "Без сомнение ова е одличен почеток, меѓутоа никако не смее да има некакво залажување. Би биле смешни доколку сега помислиме дека ќе ни биде лесно да стигнеме до зацртаната цел. Ова е само еден натпревар, а шампионатот е долг. Очекувањата од навивачите се големи, а ние ќе треба да ги оправдаме". Успешно деби на клупата на Вардар, имаше и шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ. "Сега, откако забележав како искрено се сака и се навива, сфатив всушност што значи Вардар. Секако слатка е победата кога ќе дојде на овој начин уште во првото коло", истакнува првиот човек на клупата на тимот од "Градски", кој сега ќе мора да почека цели три недели пред вториот официјален натпревар на чело на "црвено-црните" со оглед на тоа што поради откажувањето на Башкими "вардарци" се слободни на 10 август а следниот дуел е со Пелистер на 24 август повторно пред своите навивачи. "Посакувам да продолжиме во ист стил. Сега ќе имаме повторно пауза низ која ќе се обидеме да ја задржиме натпреварувачката форма и да корегираме одредени недостатоци во играта забележани на дуелот со Победа", вели Достаниќ. КАПИТЕНОТ СО НОВ ЕПИТЕТ - ТАТКО И Вајс доби ќерќичка Плодно стартуваше новата сезона за "вардарци" и на личен план. Во само неколку денови двајца вардарови фудбалери добија ќеркички. Покрај Бобан Јанчевски кој во четвртокот (31 јули) доби ќерка, вчера и капитенот Мирослав Вајс се стекна со епитетот татко. "Навистина сум пресреќен. И сопругата и ќеркичката одлично се чуствуваат", ни изјави вчера кратко Вајс. Два дена одмор По неделниот дуел Ратко Достаниќ на своите фудбалери им додели дводневен одмор. Со оглед на тоа што Вардар следниот официјален натпревар ќе го има на 24 август, тренажниот процес активно ќе продолжи од утре. Во меѓувреме "црвено-црните" се очекува да одиграат и пријателски натпревари за време на паузата. Четворица со "вирус" на терен На средбата со Победа во првиот тим на Вардар настапија четворица фудбалери кои изминатата недела пропуштија добар дел од тренинзите поради стомачен вирус. И Станишиќ, и Брага и Милисављевиќ, како и младиот Филип Петров беа дел од првиот тим на Вардар и покрај тоа што минатата недела се бореа со вирусот, меѓутоа сепак низ доманицијата на теренот индиректно токму тие ја демонстрираа физичката надмоќ на сите вардарови фудбалери кои одработија одлични подготовки на Златибор и во Охрид. |
|
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПОВЕЌЕ ОД УСПЕШНО ДЕБИ НА РАТКО ДОСТАНИЌ НА КЛУПАТА НА НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ КЛУБ Ме интересира 100% агресивен Вардар "Мора да играме агресивно, офанзивно, убаво за око, а фудбалерите да дадат 100% од своите можности... Така се бори за Вардар", вели тренерот на "црвено-црните" Новиот шеф на стручниот штаб на "црвено-црните",
Ратко Достаниќ, остави зад себе повеќе од успешно деби на клупата на
најтрофејниот македонски клуб... "Тоа
што мене интересира, и сакам да го видам на теренот, е да играме
агресивно, офанзивно, убаво за око, а фудбалерите да дадат 100% од
своите можности... Тоа сигурно го очекуваат и навивачите, затоа што
само така се бори за Вардар, а притоа резултатите нема да изостанат",
истакнува тренерот на Вардар. Канцеларијата во нови простории "Тест" противници од Бугарија или Србија ПРВИОТ СТРЕЛЕЦ И НА ПРИЈАТЕЛСКИТЕ И НА ОФИЦИЈАЛНИТЕ СРЕДБИ 30-годишниот
напаѓач е првиот стрелец на официјалните натпревари од актуелниот
шампионат 2008/2009 за новиот Вардар, меѓутоа беше и стрелец на првиот
погодок за тимот од "Градски" и на стартот од годинашниве подготовки на
дуелот со српскиот прволигаш ОФК Београд. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЛЕВИОТ БЕК НА ВАРДАР НАПРАВИ ТРАНСФЕР ВО БЕЛОРУСИЈА Ристевски една година во Динамо Минск!!! Борче Ристевски, младиот десен бек кој минатата сезона настапуваше во Вардар од вчера е нов член на Динамо Минск од Белорусија. Тој во текот на вчерашниот ден по долгите преговори со раководството на еден од најдобрите клубови од оваа земја успеа да најде заеднички јазик и потпиша едногодишен договор. Инаку Динамо Минск моментално се наоѓа на третото место на првенствената табела во Белорусија со амбиција да се искачи уште погоре."Морам да истакнам дека сум презадоволен од тоа што успеав да се договорам со овој голем клуб и што успеав исто така да направам трансфер надвор од Македонија. Долго време траеја контактите на моите менаџери со Динамо Минск и најпосле се се заврши онака како што посакував. Од вчера и официјално сум нов член на Динамо Минск а своето деби ќе го имам најверојатно в недела кога се игра редовното коло во шампионатот на Белорусија" ни изјави Ристевски кој во досегашната кариера освен во Вардар има настапувано и во Македонија ЃП. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОД ВАРДАРОВОТО РАКОВОДСТВО НА ПАТ ДА НАЈДАТ РЕШЕНИЕ ЗА ТРОЈЦА ОД СУСПЕНДИРАНИТЕ ФУДБАЛЕРИ
Савиќ, Мојсов и Бојовиќ "градат" помошно на Вардар * "Имаме сосема коректна понуда од Вардар, како компензација за ослободување на Савиќ, Мојсов и Бојовиќ со средствата од нивниот трансфер, место отштета да се изгради помошното игралиште на Вардар. Мислам дека многу брзо и ќе се договориме околу тоа", вели менаџерот на фудбалерите Златко Тодоровски Од вардаровото раководство деновиве се на добар пат да најдат решение за тројца од суспендираните фудбалери, Душан Савиќ, Ѓорѓи Мојсов и Раденко Бојовиќ иако со одредени најави дека во пакет заедно со нив ќе биде најдено заедничко решение и за плус уште некои од фудбалерите чии суспензии неодамна беа потврдени и од Комисијата за заштита на законитоста при ФФМ. Деновиве потпретседателот на Вардар, Коста Костовски, имал официјална средба со менаџерот на Савиќ, Мојсов и Бојовиќ, Златко Тодоровски-Чкрапе при што на маса е поставена понудата како компензација за ослободување на фудбалерите место отштета да биде реновирано второто помошно игралиште на ФК Вардар кое изминативе години им "служеше" на младинските селекции, и да биде преадаптирано за потребите на првиот тим. "Ние во разговорите со менаџерот на фудбалерите им ја понудивме оваа варијанта која наиде на позитивен прием и од спротивната страна. Тоа е единствено инвестиција во корист на Вардар, чисто наменско вложување за подобрување на условите на работа во клубот, обновување на теренот и системот за наводнување на игралиштето и комплетно осветлување. А, од друга страна сосема поволна понуда која би овозможила ете и клубот да не се посочува како сопирачка за идните кариери на фудбалерите. Во моментов сега го очекуваме одговорот пред да почне да се реализира договорот", истакнуваат од раководството на "црвено-црните". Покрај за претходно спомнатите тројца фудбалери, при реализацијата на овие преговори за изнаоѓање на решение за суспендираните "вардарци", како можност се истакнува во "пакетот" да бидат вклучени и уште двајца фудбалери. "Може да кажам дека имаме навистина сосема коректна понуда од Вардар", ни ја потврди вчера информацијата дека многу брзо ќе се најде решение за фудбалерите и нивниот менаџер, Златко Тодоровски. "Како компензација за ослободување на Савиќ, Мојсов и Бојовиќ со средствата од нивниот трансфер, место отштета, да се изгради помошното игралиште на Вардар. Тоа значи би било некаде од 50 до 70 илјади евра за реновирање и доизградба на игралиштето", вели Тодоровски, кој е оптимист околу конечната реализација на меѓусебниот договор. "Мислам дека многу брзо ќе се договориме околу ова затоа што се работи за навистина коректно решение. Јас очекувам деновиве дефинитивно да ги заокружиме разговорите, а потоа ќе зборуваме и за новите клубови на играчите". Инаку, како што е познато, Тодоровски е официјален менаџер и на актуелниот шампион Работнички. "Романтичарите" од поодамна не кријат дека се заинтересирани токму за Савиќ, Мојсов, Бојовиќ, но и Милан Перендија и Јорде Георгиевски, кои доколку се реализира веќе почнатата идеја за ослободување на играчите многу лесно може да минат во редовите на Работнички. Сите средства за инфраструктура Новите финансиери на Вардар и претходно потенцираа дека од клубовите кои сакаат нивен ангажман очекуваат отштета за ослободување на суспендираните фудбалери која ќе биде искористена чисто за подобрување на инфраструктурата на Вардар. "Суспендираните не се јавуваат во клубот и не знаеме како тренират и каде тренираат, иако ние сме подготвени да им дадеме и наш тренер, па да работат под наша контрола. Но, казната што ја имаат ќе мора да ја издржат с$ додека не најдеме заеднички јазик. Решението кое се навестува за дел од фудбалерите ќе биде во насока за подобрување на инфраструктурата на Вардар, а не за раководството или актуелните фудбалери", вели потпретседателот на "црвено-црните", Коста Костовски, притоа дополнувајќи: "Подготвен сум конечно да најдеме заеднички јазик. Сепак, тие фудбалери не се добредојдени во клубот, не од професионална гледна точка туку од гледна точка на навивачите бидејќи поради случувањата од минатата сезона би биле под голем притисок. Фудбалот не се игра ниту за мене ниту за фудбалерите, туку за навивачите кои Вардар во новата сезона ги очекува во многу поголем број. На Вардар му требаат фудбалери кои ќе играат од срце... Чувството е едно, а ситуацијата е друга. А, на сите тие фудбалери, или дел од нив, во срцето не им е врежан Вардар туку само еден човек, така што не можам да му наредам на никого да прави нешто што не сака. Ние само може да реагираме според прописите на ФФМ". Во сабота со Динамо Врање Фудбалерите на најтрофејниот наш клуб слободниот термин викендов ќе го искористат за средба со новиот српски второлигаш Динамо Врање. "Црвено-црните" в сабота (9 август) ќе & гостуваат на српската екипа во Врање, додека за наредниот викенд "вардарци" најверојатно ќе одиграат контролен натпревар со екипа од домашните првенства. Вчера, по дводневната пауза, шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ ги продолжи тренинзите со својот состав. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" ДЕНЕСКА МЕСТО ОФИЦИЈАЛЕН, ЌЕ ИМААТ КОНТРОЛЕН ДУЕЛ
Вардар на "тест" со Динамо Врање Слободниот термин во домашниот шампионат "црвено-црните" денеска ќе го искористат за пријателски натпревар со српскиот второлигаш Динамо Врање. Фудбалерите на нашиот најтрофеен клуб денеска, од 18 часот, во Врање ќе гостуваат во намерите и натаму да се задржи неопходниот натпреварувачки ритам. Шефот на стручниот штаб на Вардар, Ратко Достаниќ ќе смета на сите расположиви сили со исклучок на повредените фудбалери Ѓошевски и Емурлаху, кои веќе активно се враќаат во тренажниот процес. "Вардарците" за следната недела планираа одигрување на уште една контролна средба, но се екипа од домашните првенства. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВО ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР "ЦРВЕНО - ЦРНИТЕ" ОДИГРАА НЕРЕШЕНО НА ГОСТУВАЊЕТО КАЈ СРПСКИОТ ВТОРОЛИГАШ
Реми на Вардар во Врање ДИНАМО - ВАРДАР 1:1 (0:0) Иако Вардар беше слободен во рамките на 2. првенствено коло, сепак, "црвено - црните" одиграа натпревар. Тие во саботата гостуваа во Врање (Србија) каде што одиграа нерешено, 1:1, против домашниот тим на Динамо, кој се натпреварува во Втората Лига на Србија. Стрелец на голот за Вардар беше младиот напаѓач Музафер Ејупи во 60. минута по прекрасната асистенција на Александар Бајевски. Израмнувањето стигна во 82. минута кога домашните, сепак, успеаја да постигнат гол и со тоа да го избегнат поразот. Инаку, Вардар на овој меч настапи во следниот состав: Кметовски, Мегленски, Станишиќ, Божиновски, Брага, Глигоров, Положани, Пеев, Масев, Јовановиќ, Бајевски. Во продолжение од средбата во игра беа и Пачовски, Милисављевиќ, Петров и Пандовски. "Убава контрола за нашиот тим. Прво морам да нагласам дека имаше прекрасна атмосфера во Врање. На трибините имаше околу 3.000 гледачи кои беа задоволни од тоа што го видоа. Инаку, наша намера беше да им дадеме шанса на оние играчи кои имаа помала минутажа на мечот со Победа и на оние играчи кои на последните контроли не беа во тимот. Во глобала сме задоволни од прикажаното, се разбира дека се стремиме секогаш да бидеме уште поквалитетни", ни изјави Жикица Тасевски, соработникот на тим - менаџерот на Вардар Ратко Достаниќ. Вчера целокупниот играчки и тренерски кадар на Вардар имаше слободен ден, но затоа од денеска "вардарците" продолжуваат со тренинзи. Седуммина "вардарци" беа на поштеда Стручниот штаб на Вардар за средбата со Динамо Врање не сметаше на седуммина свои фудбалери. Имено, поради ситни повреди во Врање не отпатуваа Жељко Ковачевиќ, Мирослав Вајс, Никола Ѓошевски, Драган Љубисављевиќ, Бурхан Емурлаху, Бобан Јанчевски и Муса Али. Имено, Достаниќ и Тасевски не сакаа ништо да ризикуваат со овие ровити фудбалери. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ГОЛГЕТЕРОТ НА "ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" ПОДГОТВЕН ЗА ШАМПИОНСКИОТ ПРЕДИЗВИК
Бајо: "Јак Вардар, боде очи" * "Се освен титула за нас би било неуспех, меѓутоа нема да ни биде ни малку лесно... Тешки гостувања, многу скриени 'сопки', затоа што се знае дека Вардар на многумина им боде очи, посебно кога е јак", вели Бајевски Капитенот на вардаровата шампионската генерација од 2002 и 2003 година, голгетерот Александар Бајевски конечно повеќе од задоволен што неговиот Вардар ја носи главната шампионска улога во актуелнава сезона. Останувајќи во "црвено-црните" редови и по летниот преоден рок популарниот Бајо уште еднаш е подготвен да се врати заедно со клубот на патеките од пред шест години. "И покрај неколкуте примамливи европски понуди, сепак се одлучив да останам во Вардар затоа што клубот сега на задоволство на сите нас има сосема нов лик. Вардар е Вардар, а кога во себе отворено ќе го содржи шампионскиот предизвик тогаш нема друг клуб кој би ме привлекол", истакнува Бајевски веднаш дополнувајќи: "Оваа сезона конечно очекувам после шест години враќање на титулата во нашите витрини. Никој од нас не треба да бега од фаворитската улога во новиот шампионат. Пред се ние играчите мора да ја преземеме одговорноста за освојување на врвот. Според мене, се освоен шампионската титула би било неуспех за нас". Но, и според Бајевски сепак не треба уште на стартот воздигнувајќи се да се заборави дека бодовите се освојуваат единствено на теренот. "Покрај самодовербата во себе, неизбежно мора во секој случај да бидеме свесни дека нема да биде ни малку лесно... Не очекуваат и тоа како тешки гостувања. Мора да сме свесни дека не очекуваат и многу сокриени 'сопки' затоа што се знае дека Вардар на многумина им боде очи, посебно кога е комплетно јак, како што е во моментов. Затоа треба да се потпреме на квалитетот кој објективно го поседува тимот, и натпреварувачки да демонстрираме дека повторно се враќа стариот Вардар", вели напаѓачот на најтрофејниот македонски клуб. Да ги вратиме навивачите на трибините "Не може прецизно да се издвои прецизна разлика меѓу двете вардарови генерации, оваа актуелнава и онаа од 2002/2003. И двете знаат како се освојуваа титули, меѓутоа мислам дека недостаток во моментов е што поголемиот дел од фудбалерите ја немаат долго почуствувано тежината која ја носи вардаровиот дрес. Притисокот да се игра и победува постојано за Вардар е секогаш присутен", истакнува Бајевски компарирајќи ги двете генерации. "Пред шест години на нашите трибини едноставно се живееше за фудбалот и Вардар. Имавме и многу повеќе публика. Вардар ги има најдобрите навивачи, и јас сум среќен што сега со новиот Вардар повторно е очигледно дека сме на добар пат да ги вратиме навивачите на трибините". Со Пелистер е вистинското дерби Александар Бајевски изминатиов викенд по завршувањето на претходната сезона повторно со одигран натпревар во црвено-црниот дрес, оној контролниот со Динамо Врање. "Физички се чувствувам одлично. И покрај тоа што не бев дел од подготовките на клубот, тренажниот процес го одработив индивидуално комплетно. Подготвен сум за средбата и со Пелистер, која за мене е секогаш најголемото домашно дерби. Неизбежно секако меѓу нашите конк*ренти за годинашнава титула мора да се спомнат Македонија ЃП, Работнички, Ренова и Милано", вели Бајевски. |
|
|
|
гoстин
Сениор Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НОВА ПОСТАПКА ПРОТИВ НАШИОТ НАЈТРОФЕЕН КЛУБ ЗА ЗАОСТАНАТИ "ОПАШКИ" ОД ПРЕТХОДНИТЕ РАКОВОДСТВА
Вардар на дисциплинска и за Даниел Ивановски Зачудувачки меѓутоа со назначувањето на новите финансиери на најтрофејниот македонски клуб веднаш изминатиов период се наредија постојани заостанати побарувања од ФК Вардар, кои, пак, претходно изминативе години некако се подзаборавале. По наложеното подмирување на обврските кон поранешниот тренер Зоран Стратев, па случајот "Васоски" со Цементарница 55, сега против ФК Вардар е покрената дисциплинска постапка и поради неизвршување на одлуката на Арбитражниот совет при ФФМ во врска со случајот Силекс за трансферот на фудбалерот Даниел Ивановски. Исто така на вчерашниот состанок на Дисциплинската комисија на ФФМ наложено е на ФК Милано најдоцна до 18 август да ја изврши одлуката на Арбитражниот совет на ФФМ за исплата на отштета во висина од 200.000 денари на ФК Работнички, затоа што во спротивно ќе биде суспендиран. Инаку, дисцплинците ги казнија и следните фудбалери: Методија Степаноски (Пелистер) - четири средби неиграње, Седат Бериша (Слога Ј.) - пет, Илир Елмазовски (ШкендијаХБ) - две, и Дарко Крстевски (Победа), Јахи Евзаљ (Дрита) и Роберт Лазаревски (Турново) по еден натпревар пауза. |
|
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" ВО ОБИД ДА ЈА ЗАЧУВААТ НАТПРЕВАРУВАЧКАТА ФОРМА ЗА ВРЕМЕ НА ТРОНЕДЕЛНИОТ "СЛОБОДЕН ТЕРМИН" Достаниќ: "Паузата, голем проблем" * "Реално имаме навистина проблеми со големата пауза во првенството затоа што по само едно одиграно коло сега како да имаме еден вид нов почеток на подготовките", вели тренерот на "вардарци" Две натпреварувачки кола, па пауза, па повторно две рунди натпревари
и повторно две недели пауза е ритамот на домашните клубови како дел од
мислениот, а недосмислениот старт на новиот шампионат, на кој уште се
надополни и откажувањето на кумановско Башкими. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
Внеси реплика | страница <12345 17> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |