|
Рано Христијанство |
Внеси реплика | страница <1 910111213> |
Автор | ||
mudzahid
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 15.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 818 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
а бе да знае ќе каже, ама нема такво знаење, поточно очигледно е дека има противречности. А и добро што си молчи, бидејќи само така може да ја сокрие оваа голема лага |
||
И НЕ СЛЕДИ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ЗНАЕШ.
И ИЗБЕГНУВАЈ ТЕ ГОВОР ЛАЖЕН. |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
zidraski, убаво рече "источната црква", бидејќи православната црква сеуште не постоела во тоа време. Се разбира дека одвојувањето на источното крило од католичката црква и создавањето на православната црква не се случило преку ноќ, но сепак 1054 година е земена како нејзин почеток затоа што тогаш се случило нивното анатемисување од страна на папата, по што они се одвоиле како посебна црква, нарекувајќи се подоцна "православна".
Нема дискусија околу тоа кој од кого се одвоил. Тоа го знаат и децата, дека Католичката црква постоела уште од 4 век и дека од неа се одвојува источното крило (официјално во 1054год).
Околу јазикот, и самиот велиш "уште од 60-тите, од возобновувањето - почнува постепено да го воведува македонскиот јазик"... небаре тоа е многу многу одамна
значи сепак станува збор за 20 век т.е. 11 века после преводот на Кирил и Методиј. Замисли, ние сме едни од првите кои ја добиле Библијата на народен јазик, а едни од последните кои направија нов превод во 1990 година. Православните ако сакаа можеа да направат ново издание на старословенската Библијата, но не направија. Православните ако сакаат можеа да ја користат и српската далеку поразбирлива Библијата и да ги држат службите на македонски народен и разбирлив јазик, но тие не го правеа тоа, туку пееа на старословенски по црвките и го чуваа во хипноза и неразбирање македонскиот народ, неразбирање на основните христијански верувања.
Од друга страна, реформираните т.е. библиските цркви, иако и тие немаа Библија до 1990 година, сепак тие немаа проблем да користат Библија на некој од сродните јазици (српски) и нивните богослужби секогаш биле и се на народен македонски разбирлив јазик.
Уште еден нај тазе пример за кочницата на православната црква околу преведувањето на Библијата е нивното десет годишно неиздавање на веќе спремното ревидирано издание на Светото Писмо. Да, повеќе од 10 години откако се направи ревизија на Светото Писмо, МПЦ го кочеше тоа да излезе во печат, со изговор дека сака да ги "допродаде" нејзините стари Библии (значи да не изгуби од профитот), а сите ние бевме сведоци дека откако МПЦ ќе ги продадеше старите неревидирани Библии, ги препечатуваше повторно истите 7 пати. Трагедија.
Затоа, zidarski, да бидеме реални и искрени, факт е дека православната црква никогаш не превземала иницијатива за превод на Светото Писмо или за едукација на народот. Дури и ревизијата на старото Свето Писмо беше иницирана од реформираните цркви. Тие мораа да бараат дури и помош од обиденетото Библиско друштво за да се случи ревизијата, затоа што МПЦ ја оспоруваше истата дури и во почетокот.
На православната црква, како и на католичката, не и одговара обичниот човек да ја познава Библијата, затоа што на тој начин би се откриле нејзините небиблиски верувања и пракси. На православната црква и одговара обичниот човек да ја "чита" Библијата преку устата на нејзините великодостојници. Можеш теоретски да го оспоруваш ова, но реалноста е на моја страна. Излези надвор меѓу православните и направи една анкета за нивното познавање т.е. непознавање на Светото Писмо и ќе видиш дека се што прочитале е она што чуле од поповите, стотици небиблиски работи. А потоа направија истата анкета меѓу библиските цркви и ќе видиш која е разликата. Изменето од EvAngelos - 05.Август.2008 во 13:45 |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
mali simo
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 1132 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Евангелос ти малку си измешал брзини..... другар без навреди ама може малкуцка да си отерзниш од твоето ,,блаженство,, не за друго и не мора многу , доволно би било да си ги разгледаш почетоците на твоето учење, се ти се темели на лага, а знаеш како се руши ,,кула од карти,, или куќа без темел, затоа биди притпазлив. Искрено зборувај против Православното Христијанство колку сакаш твоја работа не си ни прв а нема ни последен да бидеш, само Ти другар ке потониш во лагите кои ги плетеш и нема да можеш да се отплеткаш. поздрав |
||
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА ОД МРТВИТЕ СО СМРТА СМРТА ЈА ПОБЕДИ И НА ТИЕ ВО ГРОБОВИТЕ ЖИВОТ ИМ ДАРИ
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ЕвАнгелос... да не навлегуваме непотребни расправии...
Католик значи Православен. Буквално - зборот значи тоа. Идејата дека источната е таа која се одделува од западната - е доста спорна, и зависи доста од гледната точка! Ги спомнав 60-тите години, затоа што тоа е прв пат кога Македонската Црква има можност да одлучува самостојно и организирано за било што! Претходно - верувам дека знаеш доволно за оваа тема и знаеш дека голем дел од богослужбите се вршени на српски, бугарски, дури и грчки јазик. Старословенските литургии немало кој да ги преведе на македонски - прво затоа што македонскиот немал ниту своја утврдена граматика, ниту утврден речник, ниту азбука (се до 45-та). Бесмислено е да се споредуваат со реформираните цркви, од проста причина што реформираните цркви се мали групи на луѓе, доста независни една од друга. Православната црква е доста масивна институција (тебе тоа ти се допаѓало или не). Она што не можам да го разберам е ставот на "реформираните" кон православието... Поточно односот. Да, разбирам дека вашиот однос во моментов е односот кој Лутер го имал на времето, но разликата е што во денешно време, малку поинаку се прават тие работи. Никој не ве обврзува да бидете православни или спалени, никој не ви наметнува учење, никој не ви смета во начинот на кој вие верувате. Одредени непријателски односи од страна на народот и одредени свештеници, се разбира дека ќе има, затоа што мислењето е дека се што е различно од моето не е исправно. Тоа што најмногу ме чуди - е што вие го имате истиот тој однос против кој се буните и жалите. Како и многупати што сите велиме, а никој од нас не го прави - нека да погледнеме во својот двор, нека да го исчистиме сопственото срце, потоа срцата на оние кои се блиски нам... а потоа да помогнеме на останатите. Да помогнеме! Не да ги обвинуваме и да се подбиваме со нив. Ќе ти го кажам ова искрено, како сакаш сфати го... колку повеќе сум присутен на форумов, толку повеќе губам надеж дека луѓето по природа се добри и дека навистина ја имаат сфатено идејата за љубов и простување... секогаш како главен аргумент се дава "вашите се полоши" или "а вие што правите"... Исус не се извлече од крстот со оправдување дека луѓето се лоши и дека нема смисла да го распнуваат заради нив... ниту пак ги обвини, ниту им се потсмеа заради тоа... напротив - побара прошка за нив. Тоа ме мачи ЕвАнгелосе... за тоа ме боли душата секој ден кога ги читам работите на форумов, кога гледам вести на телевизија или кога шетам на улица... затоа што ја немаме таа милост, таа љубов, таа добрина... ама нејсе... секој е тргнат по својот пат пријателе... |
||
Do what is right, come what may...
|
||
Nikki
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 259 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Се извинувам што повторно ќе ве потсетам дека раното христијанство не е исто со новите протестантски заедници
Можеби за некого ова е најмала заповед, но сосема јасно кажува да не се фалиме со тоа дека сме исти како раните христијани Жените носеле шамии, не зборувале, не проповедале во црква 1 Кој 11 ... а, пак, секоја жена, која се моли или пророкува гологлава, ја срамоти главата своја зашто тоа е исто како да е истрижена. Ако жената не сака да се покрива, тогаш нека се стриже; ако, пак, е грдо за жена да се стриже или бричи, тогаш нека се покрива. ... Просудете сами во себе: доликува ли жена да Му се моли на Бога гологлава? 1 Кор 14 Жените ваши по црквите да молчат: Ним не им е допуштено да зборуваат Туку да се потчинуваат, како што вели и Законот. Ако, пак, сакаат да научат нешто, нека ги прашаат мажите свои дома; зашто срамно е жена в црква да зборува. Зар од вас излезе словото Божјо? Или, пак, само до вас стигна? |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не.
Католик, Католичка = Catholica = Соборна, Општа, Универзална, Вселенска
Православен = правилно славање (на верата)
Релативните движења зависат од инерцијалниот систем, но тука не станува збор за тоа. Ајде ќе пробам и на друг начин да ти илустрирам...
Си биле Мујо и Хасо. Тие живееле 8 века заедно, и одеднаш му текнало на хасо да ја напушти куќата и да си отиде во Истанбул и таму да си направи своја куќа. Прашање: Кој од кого се одвоил? Мујо од Хасо или Хасо од Мујо?
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За првото - да... провери го посериозно значењето на терминот православен... не е толку буквален како што се мисли. Не ми се навлегува во оваа дискусија...
Второто - воопшто не е така како што го претставуваш. Разијдувањето постои уште од самиот почеток. Односно - Мујо и Хасо не живееле во иста куќа никогаш. Хасо се дружел со Мујо доста долго време, за на крај да му пукне филм од расправиите со Мујо и да каже - од денес нема да се дружиме. Ама и ова е доста бесполезна дискусија и не вродува со никаков плод. Та... препрочитај го последниот мој пост... ама овој пат со добри намери (какви што имав и јас кога го напишав)... |
||
Do what is right, come what may...
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Одамна го имам проверено значењето на терминот православен, еве ти и на англиски:
The word “orthodox” means “right belief” or “right praise.”
Превземено од православниот веб сајт:
Ако Мујо и Хасо не живееле во иста куќа, тогаш кажи ми во која куќа живеел Хасо пред да се оддели од (мајката Црква) Мујо?
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Овие одредби кои ги налага Апостол Павле се многу конкретни. Тие не се метафорички, симболички, немаат никакво скриено значење. За тоа еднаш порано и пишував. Ако е наложено жената да не проповеда в црква-значи да не проповеда, тоа нема врска со рамноправноста која ја имаме со мажите во Христа. Ако е наложено да не се моли гологлава-тоа е така и крај. Јасно ми е дека новото време си носи промени, но некои работи кои се дадени вака концизно треба да се почитуваат. Некои заедници СОСЕМ се оддалечиле од изворното учење, па така имаме и ситуации да кому ќе му текне денес отвара црква, тоа го прават и извесни жени, небаре тоа е маалска бакалница. Крајно време е СИТЕ да се вратиме на изворното Христијанство, па дури и оние кои себеси се сметаат за изворни христијани. |
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ех Nikki Nikki, ех кога православието би се одалечувало од изворното христијанство само за вакви две стихчиња, јас ќе бев првиот православец, со 3 златни крста околу вратот, 4 бројаници, 7 икони, и 2 слави... а можеби и поп
Секогаш кога ќе те видам како ги постираш, толкуваш и аплицираш тие 2 стихчиња ми го расположуваш денот , но кога ќе се присетам дека тие 2 стихчиња се единствениот твој изговор кој те држи надвор од библиските цркви и единственото твое сидро што те држи во комфорот на православието, мојата насмевка ја снемува
Неколку пати ти се понудив во живо да разговараме околу тие... 2 стихчиња, за зборувањето и покривањето на жената во црква, но ти исто толку пати ме одби. Во твојот страв да се соочиш со таквата дискусија јас гледам несигурност во твојот став околу ова прашање. Верувам дека ти (од искуство) знаеш дека ти имам спремено многу добар одговор и дека таквата евентуална дискусија би ти го одземела и последниот изговор кој те држи во традиционалната комфорна црква, а те спречува да бидеш дел од библиска црква.
Нејсе, нема да дозволам да ме испровоцираш тој одговор да ти го постирам овде затоа што не сакам повторно да ми направиш плагијат на твојот мистично теолошки веб сајт (http://www.angelfire.com/falcon/voznesenie/) каде веќе се наоѓаат половина од моите коментари тука Но не се секирај, јас воопшто не се лутам за тоа, напротив, тоа е комплимент за мене, впрочем, нема поголем аплауз од тоа да си ги видиш сопствените коментари копирани на други веб сајтови
Сепак, моето убедување е дека тоа е идолопоклонски веб сајт и јас не сакам да бидам дел од тоа, затоа се воздржувам од долги и заокружени одговори на твоите прашања. Лукаво од моја страна зарем не?
Поздрав
maria_magdalena, Бог преку пророкот Јоел прорече дека во последните денови Тој ќе излее од Својот Дух врз ќерќите наши и слугинките Негови и дека тие ќе пророкуваат (Јоел 2:28). Заради евентуалниот плагијат ќе се воздржам да напишам кога се исполни тоа пророштво, а ти прочитај го внимателно уште еднаш тој стих. Побарај и некоја литература, или на интернет, околу состојбата на црквата во Коринт. Јас имам цели книги (доста дебелички) на оваа тема... доколку те интересира повеќе.
И уште нешто, сите знаеме дека треба да се вратиме кон изворното христијанство. Но да се констатира проблемот, а да не се понуди решение (како да се вратиме на изворното христијанство?), е малку... депресивно.
Поздрав и до тебе
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Karamazov
Сениор Регистриран: 20.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 144 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Taa "bibliska crkva", za koja zboruvas megju redovi, e edna ili gi ima poveke?
|
||
tre, tri, tra
|
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Таа е една по дух (на чело со главата Христос), но организирана е во повеќе локални цркви, ширум целиот свет. Тие библиски цркви кои се органи на едната духовна црква се препознаваат по тоа што во нив се почитува единствено само Божјиот Збор (Библијата) како Збор Божји, без никакви човечки додатоци, традции, обичаи итн, туку верно се потчинуваат на авторитетот на Божјиот Збор - Библијата.
|
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Azrael
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 382 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Za zal, taka e-primerite se ocigledni, ne mora da sme site teolozi, dovolno e da procitame nesto od Biblijata i da sporedime so ona sto denes ni se servira kako hristijanstvo. Ima otsapki, rezultat na raznorazni koalicii na crkvite so drzavata, licnite interesi, svoevolni tolkuvanja i praktiki nametnati, sueverija, imperijalisticki pohodi, ima cela kniga na ovaa tema "Hristijanstvoto niz vekovite" kogo go interesira mozam da navedam avtorstvo. Detalen opis na razvojot na hristijanskata vera od nekogas do denes (sose site rascepkuvanja, sekti i sl.) No ne e se taka loso! Ima luge koi se svesni za ova i si se vrakaat na izvornoto. |
||
ΧΡΙΣΤΟΣ ΑΝΕΣΤΗ !
|
||
Karamazov
Сениор Регистриран: 20.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 144 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Jas planiram da formiram nova "Bibliska crkva" bez "covecki dodatoci, tradiicii i obicai" i normalno Biblijata ke ja imam kako vrven i osnoven avtoritet, tolkuvajki ja na svoj razlicen nacin od drugite i taka ucejki gi i moite privrzanici. Pa, zatoa prasuvam dali ke me primite vo "edinstvenite po duh Bibliski crkvi"? P.S. neka ne mi zamerat jehovinite svedoci, adventistite, metodistite i babtistite, no jas otvoreno ke si kazuvam deka za mnogu teoloski prasanja nema da se soglasuvam so niv, a veruvam deka od nivna strana za ovie raboti ke se sprovede reciprocitet. Edinstvenoto nesto sto ke mi bide zaednicko so niv e kontinuiranoto napagjanje na pravoslavnoto ucenje i tolkuvanje na Biblijata i na clenovite na Pravoslavnata crkva. So toa, veruvam, deka ke go zpazam edinstvoto na duhot, koj nekolku vekovi gi inspirira formiracite na "svetite bibliski crkvi". Edinstveniot problem vo ovoj moj plan e kako da ja narecam crkvata, se plasam deka e mozno da upotre*am slicno ime kako i na nekoja druga od nad 3000-te koi postojat vo ovoj svet. Toa e mojot najgolem strav, ne sakam da me pomesaat so nekoj drug. |
||
tre, tri, tra
|
||
Внеси реплика | страница <1 910111213> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |