IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дали патриотизмот е христијанска наука?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали патриотизмот е христијанска наука?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 6>
Автор
Порака Обратен редослед
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Дали патриотизмот е христијанска наука?
    Испратена: 14.Август.2008 во 21:48
Originally posted by misterX misterX напиша:


Спирос тука си потполно во право и те поддржувам. Така треба да размислуваат сите без оглед на која религија и припаѓаат. За другите работи можеби ќе дискутираме понатака.
П.с за кои македонци го поставуваш ова прашање? Дали истото важи и за мене затоа што јас сум муслиман? Би требало малку да поработиш на преформулирање на прашањево. Ајде ќе ти помогнам. Значи ти ова прашање треба да го поставиш на Христијаните од Македонија и од Грција така е или не е така?

поздрав



Селам МистерХ,
за сите кои не се противат дека
БОЖЈИОТ ДУХ -- ОТЕЦОТ НА ЖИВОТОТ - за Спасение на сите луѓе, се отелотвори во ИСУС ХРИСТО!
Спасението на човекот доаѓа од БОГА преку Неговиот Совршен и Чист ДУХ!

Мир на сите кои ВИСТИНСКИ го сакаат ВИСТИНСКИОТ МИР!


Изменето од spiros - 14.Август.2008 во 21:49
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
misterX Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај misterX Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2008 во 13:29
Originally posted by spiros spiros напиша:

Оние кои веруваат вистински на Евангелието имаат една друга татковина од онаа за која убиваат и се убивани неверниците.
Зборот патриот доаѓа од зборот ТАТКО а јас верувам на ТАТКОТО над ТАТКОВЦИТЕ пред кого сите патриоти ќе мораат да капитулираат!

За која татковина умре Христос?
Кој тие поважен Христос или Александар македонски?
Ова прашање е за сите македонци и грци!
Те молам прочитај во Колосјаните 3:11.

поздрав

Спирос тука си потполно во право и те поддржувам. Така треба да размислуваат сите без оглед на која религија и припаѓаат. За другите работи можеби ќе дискутираме понатака.
П.с за кои македонци го поставуваш ова прашање? Дали истото важи и за мене затоа што јас сум муслиман? Би требало малку да поработиш на преформулирање на прашањево. Ајде ќе ти помогнам. Значи ти ова прашање треба да го поставиш на Христијаните од Македонија и од Грција така е или не е така?

Изменето од misterX - 14.Август.2008 во 13:31
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2008 во 22:55
Оние кои веруваат вистински на Евангелието имаат една друга татковина од онаа за која убиваат и се убивани неверниците.
Зборот патриот доаѓа од зборот ТАТКО а јас верувам на ТАТКОТО над ТАТКОВЦИТЕ пред кого сите патриоти ќе мораат да капитулираат!

За која татковина умре Христос?
Кој тие поважен Христос или Александар македонски?
Ова прашање е за сите македонци и грци!
Те молам прочитај во Колосјаните 3:11.

поздрав
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Karamazov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 144
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Karamazov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2008 во 18:08
Sekoj sto ke kaze za sebe si deka ne e patriot ili ima loso domasno vospituvanje ili e po malku licemeren...
tre, tri, tra
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2008 во 17:28
Originally posted by misterX misterX напиша:

Спирос, во право си со забелешката ...

Не сум јас во право МистерХ, туку тајната на ТАТКОТО на ЖИВОТОТ и мудроста на неговиот крст!

Тој ТАТКО е поважен од секој татко и секој патриотизам!

Поздрав до сите
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
orlov Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
army veteran 2001

Регистриран: 26.Јули.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај orlov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2008 во 01:29
Кога се поставува прашање за патриотизмот повеке би се рекло дека е тоа наликува на стратешка наука, од причина што патриотизмот  го имаат и луќето од останатите вероисповести. Така да не смееме да го присвојуваме. Тој е својствен на сите народи и религии.
Мислам дека Марија со мене ќе се сложи?
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,              
Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2008 во 10:03
Мистер Икс, бидејќи темава е сродна со Христијанско родољубие, таму ти образложив мислење и ти поставив едно прашање за џихадот.
Ќе сакаш ли на таа тема да ми одговориш на прашањето за да не го препишувам?
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
misterX Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај misterX Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2008 во 09:23
Спирос, во право си со забелешката и знам дека така “звучам“ кога настапувам понекогаш, но не сум таков. Причината за моите такви настапи е тоа што јас тој таков егоизам за кој зборуваш ти го чувствував на “свој“грб кога многумина тука на форумов ги напаѓаа муслиманите за некои работи за кои во други дискусии имаа сосема поинакви ставови. Најдобар пример за тоа е оваа тема каде што поголемиот дел од нас се сложуваме дека човекот неможе и нетреба да стои со скрстени раце кога некој насилно сака да му ја одземе слободата, своината или животот. Јас тука дадов неколку примери за патриотизам и за примораност од одбрана на она што е наше. Тука ја посочив војната во македонија и го дадов примериот со македонските муслимани кои заедно со македонските христијани и останатите учествуваа во одбраната на својата татковина. Иако се бореа против луѓе од иста религија тие имаа своја задача да се одбранат. Нивниот џихад го бара од нив тоа и јас тоа сакав да ви го објаснам дека христијаните и човештвото треба да погледне со други очи кон исламот а не со очите на SNN, BBS и други. Кога некој христијанин со право ќе оди во војна тој христијанин го извршува својот “џихад“ колку и да не се признава тоа, тоа е реалност. КОга било кој христијанин или муслиман убиваат невини лица, силуваат, ограбуваат или прават зло, тогаш тие луѓе јас ги нарекувам терористи и не ги делам по вера и нација, за мене тие се исти(тука ви го посочив примерот со терористичките групи од шпанија, ирска, италија и сл)
Она што јас сакав да го потенцирам на оваа добра тема е дека сега кога се сложуваме околу потребата од самоодбрана редно е да подвлечиме дека секој човек има право на слобода и живот(тоа и во исламот и во христијанството е регулирано), тоа ние го нарекуваме Џихад.
Се надевам дека сега конечно ќе заокружиме една голема тема и дека во иднина, врз основа на овие заеднички заклучоци ќе градиме поинакви ставови за оние кои не опкружуваат а “не се како нас“. При вакви дискусии ја гледам оправданоста на постоењето на форумов и се надевам дека во иднина фактите чии и да се, ќе бидат прифаќани од сите нас.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2008 во 06:08
Се извинувам ако тоа е случај, но мислам дека обвинувањето е неосновано.Јас посведочувам само дека секој кој ја одбива ЉУБОВТА за свој ГОСПОДАР, е сеуште слуга на индивидуалниот и или колективниот егоизам.
Притоа никаде неистакнав јас, дека јас, мојата традиција, нација, или било што е подобра од било која друга!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2008 во 05:32
Спирос - ова е веќе непочитување на туѓиот начин на верување. Сеуште си нов, но внимавај со таквите изјави, затоа што не се дозволени на форумов.
Do what is right, come what may...
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Август.2008 во 04:30
Originally posted by misterX misterX напиша:

...
Во многу ваши постови се надзира вашата навика да замисувате дека Македонија е земја само на христијаните ...


Мистер Х,

ти баш како и оние кои што ги обвинуваш, размислуваш во категории на колективни егоизми.
Колективниот егозам (во форма на национален или верски егоизам) е втората причина за милиони жртви луѓе кои што паѓаат низ времето и просторот на алтарот на сатаната (противникот БОЖЈИ)!
Првата причина е индивидуалниот егоизам.

Пред двеилјади години се отелотвори ВОЛЈАТА БОЖЈА (не еврејско, арабско, албанско, американско, ... семе, туку ВОЛЈАТА БОЖЈА) и ни го покажа СОВРШЕНИОТ ПАТ!
Тој го жртвуваше и индивидуалниот (вертикално) и колективниот (хоризонтално) егоизам.
Тоа е КРСТОТ ХРИСТОВ! Тој е СПАСЕНИЕ на целото човечанство!

За жал човечанството си ги цени своите еврејски, арабски, , албански, македонски, ... традиции, нации, ... повеќе од ВОЛЈАТА БОЖЈА!
Многу жална работа е ова духовно слепило! Но така ќе биде се додека луѓето се поклонуваат кон камен, дрво, ...нации, религии и при тоа и се противат на ВИСТИНАТА!

Но денот се приближува и огнот неспие кој што се спрема поради невера на ЕВАНГЕЛИЕТО ГОСПОДОВО.

Дасј БОЖЕ да да се обрне целата земја како тоа што го стори градот Ниниве во времето на Пророкот Јона.

АМИН
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2008 во 16:52
Мистер Х...
Пак како и претходно - од моите постови читаш и разбираш тоа што ти одговара...
Ајде да зборуваме конкретно, за да нема непотребни недоразбирања.
Тоа што ти го велам е да не осудуваш цела една религија за вакво или онакво поведение, заради поведението на поединци или одредена група која припаѓа на истата таа религија. Како што гледаш самиот даваш многу точен пример зошто тоа не треба да се прави така.
Во 2001-ва, напаѓачите беа албанци, кои беа од муслиманска вероисповед. Според тебе - истите тие, се само носители на муслимански имиња и тоа што тие го правеа нема никаква врска со исламот. Само да знаеш - се согласувам со тоа. Примерот што го даваш со останатите муслимани кои беа на другата страна од конфликтот, само потврдува дека си во право.
Но - тоа што се обидувам да ти укажам е дека истиот критериум треба да го имаш и за останатите конфликти и случувања! Не беше тоа православието или Христијанството кое ги направи зулумите во Босна - а беа банда српски демони кои се срам за својата нација и срам за сите што веруваат во Бога.
Тоа ти го укажав со мојот пост - немој да имаш двојни аршини! Ако сметаш дека едните не се прави верници и не се претставници на исламот, немој да сметаш дека и другите се прави верници и претставници на христијанството, затоа што не се.
Намерно го дадов тој пример - затоа што знаев како ќе реагираш. Очекував таква реакција и сакав само да ти покажам како се чувствуваат другите кога ги обвинуваш за нешто за кое нивната вера не носи ни најмалку вина.
Биди ми поздравен и не се лути за споредбата - беше направена само за појаснување.
Do what is right, come what may...
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2008 во 16:46
Originally posted by Majkl Majkl напиша:

Значи доколку го убиеме вооружениот(и било кој друг) кој сака да го убие „невиниот„, работите се комплицираат и за нас и за тие кои сакал тој да ги убие. Значи таа кошмарна ситуација, тогаш ќе се потворува, додуша во други тела со други презимиња, во друго време.
Главното прашање би требало меѓутоа да биде: зошто некој сака некого да убие? И зошто жртвите запаѓаат во такви ситуации? Тоа е само привидно случајно...

Од она што можам да го разберам, значи не треба ништо да се превзема во таква ситуација...? И... одговори го ти тогаш последното прашање...
Do what is right, come what may...
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2008 во 14:38
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Понекогаш во таквите ситуации можеби треба да се постави прашањето - кое е помалото зло?
Односно - ако превземеш нешто, ако тргнеш со пушка в рака и се бориш, тоа е вршење на зло, затоа што е насочено против луѓе... но од друга страна, неправењето ништо, ќе доведе до поробување на луѓе, до нивно измачување, страдање, до уништување на луѓе, кое можеби ќе било спречено ако ти лично си се спротивставил на тоа. Значи - не директно, но индиректно ти ќе имаш голем удел во страданието на тие луѓе, кажи речи - како ти самиот да ги измачуваш.
Затоа - кое е поголемо зло, од аспект на Христијанството и Христовото Слово во овој случај - правењето или неправењето нешто?


Како реагираше отелотворената ВОЛЈА БОЖЈА Исус?
Свети Стефан? Свети Петар? Свети Павле? Свети ...?

Најголемото зло е сепак непотполната вера на Евангелието Господово!

Јас, најгрешниот и најдестојниот од сите што ќе бидат спасени невелам дека сум во пракса подобар од никого, но гледам и тежнеам во радост кон ОНОЈ од кого доаѓа спасението на целиот свет!

Дај очи, уши и срце о Господи

АМИН
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,133 секунди.