|
ХРИСТИЈАНСКО РОДОЉУБИЕ??? |
Внеси реплика | страница <1234 9> |
Автор | ||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Прости ми Марија Магдалена што ЕВАНГЕЛИЕТО ХРИСТОВО ми е многу поважно од твојата филозофија. Оваа (широко раширена) филозофија покажува само дека на човекот сепак му е нешто друго поважно од ГОСПОДА и Неговото ЕВАНГЕЛИЕ. Варава (Матеја 27:21) беше еден припадник на таа филозофија. Но не само тој. Тука би можел да набројам уште неколку имиња поради кои би добил опомена и би бил погрешно сватен. Смислата на човечкото постоење е да се развива кон целта, која е ХРИСТОС а не Варава или некој си друг! Нека се отворат срца за ВИСТИНАТА АМИН П.С. Драга Марија, со ова несакам да кажам дека јас сум подобар од било кој друг. Но Тој од кого и за кого бие моето срце, засигурно е поголем од сите други! |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Спирос - тогаш како треба да се постапи "христијански", според тебе - ако некој го нападне твоето семејство и почне да го убива, што е исправно да направиш?
|
||
Do what is right, come what may...
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не јас, не мојата нација, не мојата традиција туку МУДРОСТА БОЖЈА и нејзината инкарнација (отелотворение) е спасение на луѓето! Не што вели спирос, славе, ахмед, леви, џони ... е миродавно! поздрав |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Спирос - те прашав многу конкретно, и се надевам на практичен одговор. Како треба да се постапи во ситуација во која некој пред тебе го убива твоето семејство еден по еден? Што треба да направиш ти во тој момент?
Да се помириш со тоа? Да се помолиш на Бога и да предадеш Богу дух? Да се обидеш да го спречиш со сила (зборуваме за ситуација во која секое убедување со мирни средства е неуспешно)? Или? |
||
Do what is right, come what may...
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На човекот му е доделена честа да смее да се реши и да живее и да умре следејќи го светиот Христов пример !
Напразно убиваат убијците, напразно веруваат неверниците БЛАЖЕНИ се оние кои со збор и дело го следат ПАТОТ ГОСПОДОВ ! |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Значи како и до сега - ќе се вртиме во круг и нема да има конкретен одговор на многу едноставно прашање...
|
||
Do what is right, come what may...
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не можам да гарантирам дека моето тело нема да реагира на нехристов начин.
Единствена гаранција е кога НЕГОВИОТ ДУХ потполно ќе царува во мене. Пред кратко во турција беа злосторнички убиени тројца браќа, чеда Христови. Еден германец и двајца турци. Ниту еден однив не се бранеше! Изменето од spiros - 01.Август.2008 во 07:29 |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Воопшто не зборувам за лична одбрана во случајов!
Прашањето е конкретно - ако гледаш дека се убива друг човек, како реагираш, ако знаеш дека можеш да го спречиш? Дали е поголем грев да го спречиш или да не го спречиш убиството, и со тоа да учествуваш во него? |
||
Do what is right, come what may...
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Би паднал на колена пред ГОСПОДА, би го молел да ми прости што несум доволно верувал во неговото ЕВАНГЕЛИЕ и додека сум имал можност да ја раширам таа РАДОСНА ВЕСТ да ги додирне срцата на сите неверници, не сум го сторил тоа.
Кога би верувал доволно, би имало помалку убијци. Барем еден помалку! |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ок... не го критикувам тој став - секој си има свое видување...
Но од друга страна е многу опасна идеја... затоа што тоа значи кога на пример нацистите ќе решат да убијат 6 милиони евреи затоа што не ги сакаат, ние само да се помолиме, и да не направиме ништо конкретно околу тоа. Вакви примери можам милион да наведам, само од последните 100 години. Јас лично не се согласувам со тоа. Затоа што Бог не дарил со способност да рассудуваме и да разликуваме добро од зло. И кога ќе видиме зло, треба да го спречиме, на начин на кој што можеме. Христос се пожртвува за нас, а не отиде на крстот затоа што немаше друг избор! Тој свесно направи жртва за нас. Тој го положи својот живот, за ние да живееме и за нашето проштевање. Кога ние му дозволуваме на злото да се шири и да завладува, не се жртвуваме, а напротив - му се предаваме. Жртва би било обратното - да се спротивставиш на злото - онака како што можеш, знаеш и умееш и со сите средства кои ти се на располагање. Затоа што инаку - треба она што го квалификуваме како добро во овој свет само да се препушти на смртта и да го остави светот во рацете на злото. Бог сепак не создава за да го градиме овој свет, за да допринесуваме кон Неговата творба, и да се спротивставиме на злото, а не за да молчешкум ја чекаме смртта. Но ова е само мое мислење... |
||
Do what is right, come what may...
|
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Значи треба да се спротиставиме на злото но не со оружје туку со оружјето на ЕВАНГЕЛИЕТО ХРИСТОВО. Добро ама како да се однесуваме ако некој пробува да те врзе, ограничи, уништи (а во нашиов случај на пример да те банира)?
Значи ова што предмалку го проповедаш дека на злото треба да му се спротиставиме, сега неважи? Еве конкретен пример. Постојано бараат да се продаде Христијанска куќа. Христијанинот вика: Не! Тие пак. Тој пак: Не! ... Тие (граѓани со други вредносни системи) му ја рушат куќата. Тоа се случува во држава со мнозинско „христијанско„ население. Сторителот (со најславното арабско име) се моли пет пати на ден. Оџата негов секојпат кога повикува да се моли истовремено го негира ЕВАНГЕЛИЕТО ХРИСТОВО. После тоа слуша дека и дрвјата во ливадата на дедоми му ги исекле комшиите, помеѓу кои и две бели црешни! Што да се каже?Фален и Славен да е ГОСПОД! Има само еден ПАТ по кој човекот стигнува во РАЈ, како на небото така и на земјата. Тој ПАТ има име ИСУС! |
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Спирос, јас ја сфаќам твојата вдаховненост за која мислам дека знам од кој извор потекнува.
Не е вистина дека на мене и тие со такви размислувања нешто друго ни е поважно, напротив. Јас сум против сите војни и страдања и за тоа често пишувам на овој форум каде сите имаме право да си кажеме што мислиме-без да ги наметнуваме своите ставови на другите.
Што ми го споменуваш сега Варнава?
Ако ти влезе вооружен крадец во домот нела ли да го браниш своето семејство?
Отвори го умот и срцето и ќе видиш дека нештата не се така бели-црни како што некои новопечени заедници ги проповедаат..
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Па на ова прашање и нема што да се одговори, мислам дека се вртиме во круг но дека сме тука некаде. Да марија тоа е тоа Џихадот во форма на одбрана е Џихад. Се што се прави со цел да се оствари индивидуален бенифит не може да биде џихад затоа што за тоа има норми и правила во исламот. Тука ги ставам терористичките групации меѓу кои и некои кои се под закрила на некоја “света војна“ кои денес здружени со големите “светски полицајци“ прават се само да дојдат до подобар живот за себе. Марија погоре ти си се цитираш себеси но еден дел поради кој јас ти возвратив со контра примери не си цитирала. Тоа е делот каде што ги поврзуваш бомбашките напади. Се надевам дека за споредба ти дадов добри примери и дека сега сме начисто по ова прашање. Сега да продолжиме и да пробаме да ги “закопаме секирите“ и на другите теми. Мислам дека треба да заочнеме да зборуваме повеќе за луѓето како индивидуи а не како припадници на една или друга религија и тогаш ќе можеме реално да обвинуваме или да оправдуваме некои наши постапки Во секоја вера, секој народ дури и во секое друштво има различни луѓе, добри и лоши, убави или помалку убави. Да не се носиме во ситуација да ги обвинуваме сите поради постапките на поединци. Се пробаме да го искорениме лошото или истото да го направиме добро онаму каде што добрината не допрела. Ова е суштината на џихадот, на родољубието или наречетего како што сакате вие. Изменето од misterX - 01.Август.2008 во 10:39 |
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Токму за ова зборував претходно Мистер... Многу убаво срочено - нека сите да го имаме во предвид. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
Внеси реплика | страница <1234 9> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |