|
ХРИСТИЈАНСКО РОДОЉУБИЕ??? |
Внеси реплика | страница 123 9> |
Автор | |
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 29.Јули.2008 во 15:19 |
IMA LI NESTO TAKVO? STO PODRAZBIRATE POD OVOJ POIM?
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секој кој верува во Вечниот Дух Божји , Отецот на Животот, кој во Исус за спасение на сите се отелотвори, е мој род кој го љубам! СЕКОЈ!
|
|
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
za pocetok .....dobro e......SAKAJ GI SITE........
no dali site zborot ROD, taka go tolkuvaat? sto mislis |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А дали ќе бидеш љубезен и да го протолкуваш ти овој збор за нас, како за почеток? Со оглед на тоа што ти ја поставуваш темата...
|
|
Do what is right, come what may...
|
|
La Ninja
Сениор She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Самиот збор Родољубие се си кажува. Не знам што не ви е јасно овде ...
|
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шалом! Очевидците Христови и сите што и веруваат на ВИСТИНАТА знаат дека за жал (сеуште) не сите луѓе го гледаат ЗБОРОТ, РОДОТ со исти очи. (1Јов.3:14) Отворено небо... Ангели ми служат О Прекрасна глетка Секоја душа една Христова клетка Некои од ними осветлени, совршено будни Други пак во темна духовна ноќ спијат И само затоа се така чудни |
|
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pod hristijansko rodoljubie podrazbiram spremnost na eden hristijanin po cena na svojot zivot i po cena na toa deka ce gori vecno vo pekolot go brani hristijanstvoto sekade i vo sekoe vreme pri toa postuvajci go moralot i etikata onlku kolku mu dozvoluva dadenata situacija......
Изменето од Templarius - 30.Јули.2008 во 01:44 |
|
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Исус ни покажа како се брани Христијанството!
Поздрав до сите што ја љубат ВИСТИНАТА! |
|
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За жал има уште многу кои размислуваат како тебе!!! Нека не те чуди тоа што има многу такви муслимани ,евреи и т.н. Лошото создава лошо а доброто само добро. Не може да размислуваме за одбрана од некого а да не размислуваме дека и оној од кого треба да се одбраниме размислува за одбрана од нас. Ти темплариус својата “религиозна куќа“ ја градиш но “темелите“ ти се уриваат или пак воопшто не си ги поставил. Твојата религиозна философија воопшто не кореспондира со философијата на Исус. Родољубието треба да се однесува на целото човештво а не на групи. Да го сакаш само оној кој е како тебе автоматски звучи како да не го сакаш оној кој не е како тебе. Самото тоа предизвикува организирање на оние кои не се како вас во групи кои пак нема да ве сакаат вас и сето тоа оди до бескрај. Родољубието на едните за другите претставува ширење на омраза. Исус повикувал да се сакаат сите луѓе ,меѓусебно а не само “христијаните“ затоа што во негово време тие и непостоеле т.е за него не постоела религиозна разлика помеѓу луѓето туку ги делел истите на добри и лоши и такви кои веруваат и не веруваат во бога. |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Постојат исклучителни случаи каде заповедта “не убивај“ може да се прекрши. Меѓу другото, при одбрана на слободата и честа на татковината, зашто со убиство на непријателот-ти спречуваш убиства на други луѓе.
И убаво кажа “pri toa postuvajci go moralot i etikata onlku kolku mu dozvoluva dadenata situacija.“
Ниедно убиство не е убаво, напротив, војните носат страдања, но кога се брани татковината од непријатели, ситуацијата е друга. Тоа е како самоодбрана.
Сосем друга работа е да се оди некаде уџум, да се нападне туѓа територија.
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чувствувам дека многу ќе се зближиме со некои членови на форумов. Овие коментари ми даваат надеж дека конечно ќе почнеме да признаваме дека не сме многу различни.
Тоа драга Марија што ти и Темплариус го пишувате погоре,во Исламот се вика Џихад и се надевам дека конечно сите останати ќе сватат дека истото право на џихад го имаат сите луѓе на светов без оглед дали се декларираат како муслимани. |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да, но дали бомбашот самоубиец кој смета дека тоа го прави за џихад и убива невини деца, дали тој го применува ова што темпо го кажа “pri toa postuvajci go moralot i etikata onlku kolku mu dozvoluva dadenata situacija“? |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ок а дали руските бомбандери во Авганистан пред неколку години(сега американските) или бомбандерите во Ирак и Палестина бираат кого убиваат? Дали израелските тенкови бираат кого газат пред себе кога палестинците ги напаѓаат со камења? Како ќе се бориш со оној кој со најсовремено оружје ти ја поробил земјата, ти ги испоубивал најмилите додека ти од оружје имаш само ножеви,стари пушки и пиштоли? Каде е тука моралот и етиката? Како може да си нападнат ако се наоѓаш со тешко наоружување во центарот на туѓа држава, на сосема друг континент? Епа Марија во таква ситуација луѓето не бираат начини и средства да се “одбранат“ од она што ним им прави зло. И да ти напоменам дека такви бомби до пред некоја година поставуваа “терористичките“ организации во Шпанија,во северна ирска се додека не дојдоа до некој договор со тамошните влади. Такви терористички напади познатиот француски терорист Шакал има направено стотина но тој не е муслиман нели? Ова значи дека треба да се прави разлика што е терористички напад а што е борба за слобода. И немој да ги заборавиш солунските атентатори, затоа што колку што знам ниеден од нив не бил муслиман но биле борци за слобода кои во тоа време немале сила на непријателот да му се спротистават на поинаков начин.
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
MisterX, ете гледаш дека не си ме прочитал убаво а можеби не си разбрал што писателот у ствари сакал да каже.
Ќе се цитирам самата себе
Ниедно убиство не е убаво, напротив, војните носат страдања, но кога се брани татковината од непријатели, ситуацијата е друга. Тоа е како самоодбрана.
Сосем друга работа е да се оди некаде уџум, да се нападне туѓа територија.
Значи јас воопшто не ги поистоветувам муслиманите со терористи, со последната реченица мислев токму на настаните во Ирак, Авганистан и слично каде големите сили, НАПАЃААТ туѓа територија и убиваат невини цивили, при што непостои никаква оправданост за водење на истите војни, во смисла дека се воделе за одбрана. Тие војни што ги води америка со своите опашари се терористички војни, а да не зборуваме за етика и морал.
А тој муслиман што сега ја брани земјата од овие напасници, може да го прави тоа етички-без при тоа да страдаат невини, па уште и свои, нели? Нека оди на пример, нека се разнесе ако веќе се жртвува во некоја амбасада, американска база, а не во автобус со школски деца, нели?
Родољубие е токму тоа, да се брани татковината (а не да се напаѓа туѓа суверена држава), како што рече темпо почитувајќи ги моралот и етиката онолку колку дозволува ситуацијата, жртвувајќи се себе-ти спасуваш многу други од непријателот.
Дали под тоа подразбираш џихад?
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Внеси реплика | страница 123 9> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |