IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Дали патриотизмот е христијанска наука?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали патриотизмот е христијанска наука?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456>
Автор
Порака
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2008 во 20:37
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Секогаш треба да бараме можност за разбирање и простување, без разлика од која вера сме.

Браво zidarski, ова е вистинско Христољубие кое го трансцендира патриотизмот и родољубието и донесува вистински мир меѓу народите!
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2008 во 21:21
Originally posted by macedon_alex macedon_alex напиша:


E sega za zaginuvanjeto od ljubov vo vojna. Ako nekoja drzava nepravedno napadne druga narodot na drugata treba da zastane za odbrana na svojata tatkovina. Toa e ljubov. Odbrana na svojot narod. Toa sto nekoj ke go polozi zivotot za drug da zivee slobodno, za decata da preziveat i da ne se najdat vo ropstvo e pokazuvanje ljubov. Se razbira ova vazi dokolku e nepravdeno napadnat. A znaeme deka ropstvoto nosi i duhovno slepilo nekogas... pa i toa e pricina plus za odbrana.

...Avstrijcite ne ucestvuvaa vo niv- tie ucestvuvaa vo Prvata Svetska vojna.

Те разбирам што сакаше да кажеш, но мислам дека примерот што го наведов со Исус е повеќе од јасен. Зарем беше окупирањето на Ерусалим од страна на паганската Римска империја и другите израелски градови праведно? За праведна војна меѓу народите Исус никаде не зборувал бидејќи ставот дека татковината треба да се брани произлегува од сфаќањето дека географското подрачје каде сме се родилие или живееме е таа татковина. Но Исус велеше: „Моето царство не е од овој свет!„ според мене тоа многу кажува.

За Австријците направив лапсус, знам, но и тие индиректно ги надгледуваа работите како се движат, за потоа во првата светска војна превземат соодветни активности и за Македонија.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2008 во 22:17
Волјата БОЖЈА (Христос)е поважна дури и од својата телесна фамилија а колку повеќе од нацијата или традицијата!

Волјата БОЖЈА вели : „ Кој го љуби таткото или мајката, повеќе од Мене, не е достоен за Мене, и кој го љуби синот или ќерката, повеќе од Мене, не е достоен за Мене„


Дај БОЖЕ очи што ја гледаат Твојата ВОЛЈА, уши што го слушаат Твојот Глас, само Ти о БОЖЕ си спасение за сите нас



АМИН
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2008 во 23:27
Majkl, se soglasuvam so tebe za okupiranjeto, no toa okupiranje ne donelo duhovno ropstvo.Tocno taka Rimjanite go okupirale Erusalim, no sepak Rimjanite samo politicki gi porobile, ne i duhovno. Erusalim bil osloboden od zakonot za postavuvanje na portretot na Imperatorot i toa od samiot Imperator Avgust. Evreite bile slobodni da gi praktikuvaat svoite obicai,veruvanja pa duri i da se rakovodat spored Zakonot. E sega so mojot post sakav da kazam deka na nepravednata vojna nie imame pravo da se branime poradi toa sto taa moze da dovede do duhovno ropstvo.. sto ke bide pogubno za nas, za nasiot duhoven zivot. Znaci nekogas, pri strogo opredeleni uslovi pozelno e da se branat drugite od nekoj i nesto, pa duri i zivotot da se polozi za niv.

Pozdrav
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2008 во 23:41
Понекогаш во таквите ситуации можеби треба да се постави прашањето - кое е помалото зло?
Односно - ако превземеш нешто, ако тргнеш со пушка в рака и се бориш, тоа е вршење на зло, затоа што е насочено против луѓе... но од друга страна, неправењето ништо, ќе доведе до поробување на луѓе, до нивно измачување, страдање, до уништување на луѓе, кое можеби ќе било спречено ако ти лично си се спротивставил на тоа. Значи - не директно, но индиректно ти ќе имаш голем удел во страданието на тие луѓе, кажи речи - како ти самиот да ги измачуваш.
Затоа - кое е поголемо зло, од аспект на Христијанството и Христовото Слово во овој случај - правењето или неправењето нешто?
Do what is right, come what may...
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2008 во 23:57
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Понекогаш во таквите ситуации можеби треба да се постави прашањето - кое е помалото зло?
Односно - ако превземеш нешто, ако тргнеш со пушка в рака и се бориш, тоа е вршење на зло, затоа што е насочено против луѓе... но од друга страна, неправењето ништо, ќе доведе до поробување на луѓе, до нивно измачување, страдање, до уништување на луѓе, кое можеби ќе било спречено ако ти лично си се спротивставил на тоа. Значи - не директно, но индиректно ти ќе имаш голем удел во страданието на тие луѓе, кажи речи - како ти самиот да ги измачуваш.
Затоа - кое е поголемо зло, од аспект на Христијанството и Христовото Слово во овој случај - правењето или неправењето нешто?




Браво за одговорот, многу издржан и јасен. Одговорот е евидентен.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2008 во 00:08
Ве разбирам, но тоа е тоа, имаме поинакви сфаќања за нештата. Според мене битно е прашањето: Како дошло до тоа да некој крене рака на друг народ? Случајно ли било тоа? Неочекувано? Или можеби сите опомени биле превидени а можностите на мирољубиво средување на работите не биле благовремено направени?

Верувам дека во таа смисла не постојат случајности и дека е подобро да бегаш одошто да убиваш. Оти ако на војната се одговори со војна само се програмира нова војна за во иднина. Но ова веќе вклучува и некои објасненија од типот реинкарнација, закон на причина и последица и тн. за кои не се знае доволно, или во кои некои луѓе не веруваат. И, така се отвора нова тема...
поздрав
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2008 во 00:27
Во ред е идејата дека треба да се избегне војната по секоја цена. Но... што ако се стигне до ситуација во која се исцрпени сите средства и едноставно нема начин да се преговара.
Ајде со конкретен пример...
1939-та година, Германија ја напаѓа Полска, без најава, без објава на војна, без никакви претходни барања кои не биле задоволени. Едноставно напаѓа.
Не само - ами војската која доаѓа убива се по ред. Не само евреи, туку се. Да не забораваме, над 2 милиони полјаци се убиени за време на војната (плус 3 милиони полски евреи, плус 1 милион украинци во Полска). Војната за окупирање траела помалку од месец, а за тоа време германците убиваат над 150.000 цивили. Како за толку кратко време се бега од земјата и каде? Како се бега од таква ситуација...?
Пред се - како се постапува во таква ситуација?
Ако не го убиеш тој што напаѓа, тој ќе убие други или ќе им нанесе штета... ако го убиеш - дали извршуваш грев или отстрануваш едно сатанско зло на земјата?
Do what is right, come what may...
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2008 во 01:39
COVEK NA COVEKA MU E VOLK - Makijaveli

Toa e vo coveckata priroda. Vodenjeto na vojnite ne e ubava rabota za nikogo, no sepak za da odrzi eden balans civilizacijata gi pokrenuva samata bez nekoj da bide kriv...
Nasilstvoto vo vojnite e druga prikazna, zavisi sto e vo pozadina na taa vojna...inaku mora da se pomirime so faktot deka vojni imalo, ima, i ce gi ima vo idnina, isto taka vo tie vojni ce se gine, ne e ubavo sto denesnata tendencija na vojnite e da se vodat vo urbani sredini medju civili toa e onaa sto ne mi se dopadja inaku ako jas kako vojnik izlezam na bojno pole i mojot neprijatel dojde tamu, potpolno e jasno deka nie sme tamu da se ubivame i ako pogineme sme poginale vo ime na mal milion pricini no ne sme nanele nikakva steta na civilite, no koga mojot neprijatel se krije vo gradovi i sela i tamu gi organizira negovite dejstva protiv mene toj predizvikuva i stradanje na civili koi nemaat druga opcija sem da ziveat tamu kade sto toj dejstvuva - e toa ne valja...I sega kako hristijanin mislam deka e vo red da go ubijam neprijatelot zasto ako jas nego ne go ubijam toj ce me ubie mene i plus mozebi uste dvaesetina nevini civili, kade da ja baram isprvnosta vo toa, da ja frlam puskata i da kazam ne ubivam i da go ostavam neprijatelot da ubiva - togas ce sum dobar hristijanin pa koga na kraj toj isti neprijatel ce izvrsi masakar vrz narodot na koj mu pripadjam hristijanski e da mu prostam pak ce sum dobar hristijanin pa koga na toj neprijatel ce mu tekne deka malku mu bilo pa ce me napdane pak i jas da go svrtam drugiot obraz i se od pocetok pak ce sum dobar hristijanin neli - no kazete mi kakov covek ce sum togas ?????? A se toa e zatoa sto mojot neprijatel nemal dobles i hrabrost da izleze na bojno pole nakde daleku od naselni mesta da gi odmerime silite i seto toa vo ime na hristijansvoto ????

Sekoj vojnik koj e vernik i koj veruva vo boga treba da znae edna rabota a toa e deka gi krsi naredbite od boga, i deka za toa ce bide kaznet t.e ce cmae vo pekolot i toa vojnikot treba da go prifati i da ne bara proska, samo takov vojnik vernik e dobar vojnik a i dobar vernik koj ce se drzi do osnovnite postuati na hristijanstvoto do odredena granica, svesen deka taa granica e onaa sto go deli od zivotno i vojnik hristijanin.....za mene toa e hristijanski vojnik....

A site onie koi skaat da ubivaat i potoa da se percat deka ubile vo ime na boga i deka za toa ce bidat nagradeni se obicni ubijci koi nespremni da se soocat so faktot deka gresat si gi mijat racete vo verata i toa im dava uste pogolem potik za uste pogolemi zverstva....



Изменето од zidarski - 30.Јули.2008 во 02:17
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2008 во 14:49
Еве како јас ги сфаќам работите (поконкретно) кога велам дека сепак не може да се вршат дела на љубов со убивање(макар во одбрана своја или на другите):

Се работи за тоа дека во целата вселена нема случајности и дека се` е засновано на принципот акција-реакција односно библијски кажано како сееме така и ќе жнееме.

Доколку поединец, група или дури цели народи сејат мисли и зборови на омраза(било приватно, било во медиумите, било во некаква влада), или дури и убиваат други луѓе(или го одобруваат тоа со гласање и сл.)тој/тие тогаш порано или подоцна во ова или некое наредно отелотворение како луѓе ќе го пожнеат она што некогаш го посеале. Оти душата своите дела и недела сторени како човек ги зима со себе за потоа тие се претворат во невидливи магнети кои привлекуваат одредени настани.

Тој/тие ќе се роди на пр. во една земја каде што владее војната и поради тие околности, навидум случајно, ќе се сретне со непознати луѓе кои во некоја од неговите претходни животи биле негови жртви. Тогаш тој страда. Или се случува да навидум случајно цела една земја потпадне под некаков суров диктаторски режим во кои многу луѓе навидум невини, страдаат. Тоа е еден маѓепсан круг од кој може да се излезе само ако се прости и искрено се замоли за прошка, и се поправи штетата онолку колку е тоа можно уште. Во таа смисла Исус подучуваше во молитвата Оче наш „...прости ни ги гревовите наши, и ние ги простуваме на должниците наши...„.
Меѓутоа на тие настани следат низа индиректни а некогаш и директни опомени преку деновите, други луѓе, ситуации. Но честопати тие не се земаат во обѕир од незнаење или немарност, и тогаш, навидум ненајавено, доаѓа часот судбински од кој нема бегање.

Но, тоа незначи дека треба да ги одобриме неправедностите во овој свет со оправдание „Па ете нив сега им се враќа лошото што некогаш самите го направиле од минатите животи, баш ми е гајле!„ бидејќи Исус подучуваше „Кој е без грев, прв нека го фрли каменот!„. Соодветно нашите реални можности треба да им помогнеме на оние кои ќе се најдат во неволја, доколку е тоа можно.

Доколку луѓето навистина се држеа во минатото до вистинските христијански вредности кои ни ги донесе Исус Христос во Беседата на Гората(содржана во Евангелието според Матеј) и сериозно ги зедоа во обѕир Десетте Заповеди тогаш тие ќе станеа духовно слободни. Тогаш многу нешта нам познати од крвавите страници на историјата воопшто не ќе се случеа. Не е случајно тоа што во старите времиња евреите потпаднаа под ропство од страна на Египтјаните. Не е случајно што пропадна Римската Империја, не е случајно што балканот потпадна под отоманското ропство итн. итн.

Живеењето во оковите на гревот(она што е спротивно на Божјите заповеди)донесува духовно ропство кое порано или подоцна ќе се изрази во надворешното т.е. во овој свет преку серија на привидни „случајности„ како судбински удари, болетси и/или губење на материјалната слобода во некој облик. И обратно, Духовната(под Духовна НЕ подразбирам интелектуална или традицијска слобода каква на пр. Римјаните им дале на еврејите) слобода стекната со живеење на Божјите закони за резултат има и надворешна слобода, здравје, мир и среќа.

Изменето од Majkl - 30.Јули.2008 во 14:58
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2008 во 16:48
Мајкл, тоа многу убаво звучи на теорија... но за да се исполни - предуслов е двете страни да размислуваат исто, односно, уште попрецизно кажано - да нема страни.
Но - чисто заради дискусија, како би се постапило во ситуација во која немаш избор? Односно - изборот е или да не направиш ништо и да дозволиш страдање, или да направиш нешто и да предизвикаш страдање. Има такви ситуации - ете конкретно дадов пример со Полска. Значи - без навлегување во подлабока дискусија - како би требало според тебе да се реагира во таква ситуација? Дај ни практичен пример.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2008 во 21:38
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Мајкл, тоа многу убаво звучи на теорија... но за да се исполни - предуслов е двете страни да размислуваат исто, односно, уште попрецизно кажано - да нема страни.
Но - чисто заради дискусија, како би се постапило во ситуација во која немаш избор? Односно - изборот е или да не направиш ништо и да дозволиш страдање, или да направиш нешто и да предизвикаш страдање. Има такви ситуации - ете конкретно дадов пример со Полска. Значи - без навлегување во подлабока дискусија - како би требало според тебе да се реагира во таква ситуација? Дај ни практичен пример.

Навистина не е лесно. Тоа најдобро го знаат оние кои преживеале такви ситуации и никој нема право да им соли памет.
Но во контекст на твоето прашање, еве какво сфаќање сум прифатил јас а кое сум го прочитал во објаснувањата од Универзален живот:

Не е предуслов двете страни да размислуваат исто, иако тоа многу би ги забрзало работите во позитивна насока.

Во секое страдање причината лежи делумно кај оној кој страда. За кавга се секогаш потребни двајца, иако ние не секогаш гледаме, кога тоа другиот, навидум невин, се вмешал во „кавгата„ со ближниот.
Сепак доколку е можно, треба да се помогне: да се даде засолниште, или преку разговор(зависно какво влијание има поединецот) да се замоли да бидат поштедени жртвите. Но, знаеме дека тоа не можно секогаш од х причини.

Добро е ако човек благовремено ги сфати предупредувањата и го одбегне моментот 5 за 12, кога честопати може е веќе касно.

Бог се обидува луѓето да ги води преку дневната енергија, т.е. преку настаните во денот кои му приоѓаат на човека за да тој се преобрати и ги одстрани причините кои тендираат кон последици, и на тој начин го заштити од страдањето.

На пр. еден човек гледа ТВ или слуша радио. Медиумите известуваат дека група луѓе од одредена националност или партија извршиле некаде во светот вооружен напад. Во нападот загинале луѓе, жени, деца. Тогаш човекот вознемирено си мисли на пр.:„Ѓубриња! Треба да ги обесат и запалат!„. Неговата вознемиреност сака нешто да му каже, оти штом тоа инетнзивно го вознемирува тоа значи дека има и кај него нешто што не е во ред. Тој би требало тогаш да си рече:„СТОП! Како би мислел сега Исус од Назарет? - Љубете ги своите нерпијатели! Не судете за да не ви се суди!„ Тој би требал кратко да се помоли за жртвите и сторителите, Бог да ги води и им даде сила да да ги препознаат своите злодела и едни на други си простат. На тој начин тој би раздвижил позитивни енергии кои би можеле да разрешат понекој негов грев кој во форма на судбински удар може да го снајде подоцна. Но, неговите мисли се полни со негативен енергетски набој.
Мислите се значи енергија, а енергијата не се губи. Таа некое време се задржува во неговата аура, чекајќи да биде трансфоримрана во позитивна, а ако не, тогаш патува понатака.
Мислите патуваат како семенки во ветерот низ атмосферата и бараат слични мисли, бидејќи во невидливото, сличностите се привлекуваат. И други луѓе ја чуле веста од медиумите, и повеќето мислат исто или слично - испраќаат негативни мисловни енергии. Тие мисли се здружуваат, и во еден момент, како последна капка во пехар полн со омраза, се струполуваат на еден човек или група луѓе кои сериозно размислувале да извршат некакво злодело. Последната капка е последниот поттик и тие тргнуваат во акција. Тогаш соучесници се и луѓето кои испратиле негативни мисли, иако меѓусебно воопшто не мора да се познаваат. Според законот на сеење и жнеење еден ден ќе бидат повикани да положат сметка, освен ако грешното не го исчистат со своите ближни. Од ова препознаваме дека мислите НЕ се ослободени од данок.

Ако сепак дојде до тоа да нема друг излез освен сигурна телесна смрт, тогаш веќе зависи од самиот човек кој е зафатен од страдањето како сака да се постави. Би требало во молитва го замоли Бога за водство и да рече во себе „Боже во твоите раце ја предавам мојата Душа!„ и за другите кои страдаат „Води ги моите браќа и сестри така како е Твоја Воља!“. Кога егзекуцијата т.е. насилната смрт ќе се случи, тогаш душата на убиениот ќе биде понатака водена од ангелите-учители во невидливите светови каде ќе ги прими потребните упатства и поуки зошто се случило тоа што се случило, и што понатака... Сторителите пак, ќе ги снајде истото или сличното, освен ако не замолат искрено за прошка, не добијат простување и повеќе не го повторуваат истото.

Изменето од Majkl - 30.Јули.2008 во 21:48
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2008 во 22:31
Значи сепак доаѓаме до констатација дека ако некој се почувстува од Бога воден да се спротивстави, треба да го направи тоа?
Не зборувам за напад - зборувам за одбрана!
Јас лично сметам дека за напад од било кој аспект нема оправдување! Но за директна одбрана, сметам дека е погрешно да не превземеш мерки, отколку да превземеш нешто (зборувам за ситуација во која сите други решенија се исцрпени). Затоа што ако не превземеш нешто, ти самиот учествуваш во предизвикувањето на страдање.
Ова се однесува на многу ситуации во светот денес...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2008 во 00:13
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Значи сепак доаѓаме до констатација дека ако некој се почувстува од Бога воден да се спротивстави, треба да го направи тоа?
Не зборувам за напад - зборувам за одбрана!
Јас лично сметам дека за напад од било кој аспект нема оправдување! Но за директна одбрана, сметам дека е погрешно да не превземеш мерки, отколку да превземеш нешто (зборувам за ситуација во која сите други решенија се исцрпени). Затоа што ако не превземеш нешто, ти самиот учествуваш во предизвикувањето на страдање.
Ова се однесува на многу ситуации во светот денес...

Бог никогаш не не` води така да ние насилно да се спротивставиме, тоа го прават демоните.

Се согласувам со последното дека во светот има многу такви ситуации. Еден мислител некогаш рече: Доволно е добрите луѓе да не сторат ништо за да злото тријумфира.„ Сликовито кажано ако некој објект е зафатен од пожар, човек може да дотура бензин, да го гаси или да седне со скрстени раце и посматра. Последново со поасивниот посматрач е слично со првото, дотурањето бензин т.е. објектот и така и така ќе изгори.

Но според мене, во примерот, кој ти го наведе(загрозеност на невини невооружени од страна на други вооружени напаѓачи) доколку човек се вмеша така што нив - напаѓачите - ги убие - тоа би било дотурање на бензин, тогаш се спушта на нивото на напаѓачот и духовно се оптоварува - греши. Подоцна сите тројца ќе бидат повторно доведени заедно во некој нареден живот во слична ситуација, во променети улоги. И така повторно дур сите не се спознаат и не го расчистат тоа меѓу себе во смисла на простување.

Корените на меѓусебните лоши односи помеѓу дел од тнр.христијани и дел од тнр.муслимани се наоѓаат и во времето на отоманската империја, токму затоа што сите тие тврдоглаво настојувале да се осветат едни на други, сметајќи дека токму тие имаат право праведно да нападнат или праведно да се одбранат. Освојување, востанија, задушување на истите, па воени конфликти на балканот во 20/21 век, па...

Значи проблемот е во тоа што доколку се возврати со убивање со тоа не само што не се решава проблемот, туку додатно се комплицира.

Затоа и се стекнува впечаток дека историјата на некој начин како да се повторува, додуша во поинаков облик и методи.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.