|
Библијата и чиста и нечиста храна |
Внеси реплика | страница <1 7891011 13> |
Автор | ||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А што ако човекот загинал при несреќен случај и трупот е сеуште тазе? Може ли тогаш да го јадеме? И зошто би било тоа спротивно на она што го налага здравиот разум ако јадењето и убувањето животни не е спротивно здравиот разум? Зошто човечкиот труп, особено ако тазе загинат и е помлад по возраст не би можел свечено да се сервира со сенф и мајонез? Што е тоа што го прави по-нечиста храна од да речеме заклана свиња, крава или пиле? Намерно го наведувам морбидниов пример, мислам дека ја сфаќате поентата. Секако дека никој нема право никому да наметнува што ќе јаде што не, но кога чисто онака логички човек би размислил зарем сепак не би дошол до соодветни заклучоци? (кои потоа можеби ќе или можеби нема да ги примени) |
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ете и тоа слушнав, Христов Ислам, интересно...
А друго, што има врска постов со чиста и нечиста храна? Ах бе вие нановородениве, колку сте ревносни...
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
bond....james b
Сениор Регистриран: 10.Ноември.2006 Статус: Офлајн Поени: 850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ajdee,
i toa li go imalo?!, cista i necista hrana?!, hahahah, |
||
You live only ONCE!
|
||
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мистер Х, малку претера со првиот пост... Исус дозволи да јадеме се, но не нареди да јадеме се. Секој од нас има разум, и пред се - слободна воља! Секој јаде тоа што смета дека е корисно и добро за него и има слобода да го прави тоа.
Идејата дека "утре може и човечко месо ќе јадеме" не држи место, затоа што тоа веќе влегува во некои други забрани - како на пример неубивањето на други луѓе, но и здравиот разум налага да не се прави тоа. Истото се однесува на отровните и штетните храни - нешто што е отровно и штетно, соодветно не го исполнува критериумот да биде наречено храна. Имено - храна е она што го одржува организмот на човекот, што го полни со неопходните материи за да преживее. Отровите не влегуваат во таа категорија. Дали животните треба да се јадат или не, тоа е веќе лична дебата. Во крајна сметка - тие животни се одгледуваат за да се јадат. Доколку престанеме да јадеме месо, околу 70% од домашните животни или ќе изумрат, затоа што нема да има потреба од нивното постоење. Но - секој со своите убедувања на тој план. |
||
Do what is right, come what may...
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Biblijata vo Noviot Zavet e jasna vo odnos na hranata- Bog se ocistil( preku videnieto na Svetiot Apostol Petar). I samiot Pavle veli deka treba da se kupuva se sto e na pazarot za meso. E sega da go razgledame prasanjeto od cisto zdravstven karakter.
1. Svinsko meso- znam deka Islamot zabranuva svinsko meso. Odnapred se izvinuvam ako nesto sto kazam ne e bas najtocno, no toa e sepak samo moe glediste na rabotite. Prvo, svinskoto meso ima pozitivni i negativni karakteristiki.Vo mesoto na svinjata se naoga vitaminot D koj e mnogu korisen za koskite. Na lugeto koi imaat problemi so koskite im se preporacuva da koristat malku svinsko meso za zacvrsnuvanje na istite.No, svinskoto meso se zabranuva pak na bolnite od rak, lugeto koi imaat visoki kolicini na masti vo krvta, holesterol, visoko nivo na trigliceridi i slicno. Mnogu vazen uslov e i podnebjeto. Jas mislam deka toa sto Islamot se pojavil na mesto kade temperaturata na vozduhot e visoka istotaka vlijae vrz zabranata za svinsko meso. Ako covek jade svinsko meso na +40 stepeni celziusovi rizikot za dobivanje mozocen i srcev udar e ogromen. Istotaka znaeme deka duri i kaj nas koga e toplo doktorite zabranuvaat konzumiranje meso ( bez razlika dali e telesko, pilesko, svinsko) bidejki organizmot na tolku toplo ke ima poteskotii( izrazeni preku potenje, neprijatno cuvstvo vo stomakot i sl.). Jas licno jadam mnogu retko( moze da se kaze ednas godisno) i go izbegnuvam od prosta pricinia sto mirisot na mesoto mi smeta i nikogas ne sum go ni sakal samoto meso. 2. Vino- druga zabrana vo islamot e zabranata za konzumiranje vino. Sakam da gi prasam muslimanite zosto e ovaa zabrana? Eden prijatel koj go cital k*ranot mi rece deka pricinata za toa e covekot, odnosno opijanuvanjeto na vojnicite pred nekoja vazna bitka, pa bi sakal nekoj da mi objasni dali e toa tocno ili raspolagam so pogresna informacija. E sega od zdravstven karakter. Vinoto dokolku se konzumira vo mali kolicini e zdravo. I oficijalnata medicinska nauka preporacuva da se konsumira malku vino. Vinoto e eden od povaznite oruzja vo borbata so anemijata. Na lugeto koi se anemicni im se preporacuva da konsumiraat vino ( ama ne sekakvo ima nekoi posebni vina specijalno za taa namena). Sepak i vinoto treba da se upotrebuva vo umereni kolicini i pri odredeni uslovi. Na bolnite od rak im se zabranuva alkohol, istotaka i na luge bolni od razni drugi bolesti. I ne treba da se zaboravi deka i vinoto ne treba da se konsumira pri visoka temperatura. Inaku jas licno alkohol ne podnesuvam i ne sfakam kakva ubavina ima vo toa. Ama zatoa kafe pijam i toa kako Pozdrav |
||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ХРИСТОВИОТ ИСЛАМ е совршениот ИСЛАМ !
Во ИСУС се отелотвори ВОЛЈАТА БОЖЈА ! Кој се противи на НЕГО, го има најголемиот противник, против себе. Нека секому БОГ дари очи и уши а пред се верно срце АМИН |
||
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Марија, исламот кон луѓето делува превентивно а во одредени случаи кога за некои работи веќе ќе биде “доцна“ тој делува и лековито. Со оглед на тоа што овој свет е преполн со опасности и замки насекаде околу нас ние го имаме к*ранот како упатство според кое треба да се раководиме и живееме. Секој човек сам е свесен до каде ќе оди со практикувањето на тоа упатство. Тука покрај јадењето на ваква храна има и неколку други “забрани“ за кои мраш да се согласиш со мене дека се повеќе од реални. Тука е забраната за конзумирање на алкохол, дрога, цигари и сл. Иако многумина сметаат дека сето тоа е површно, некои мислат дека алкохолот им е штетен само на нив самите, и сл сепак користењето на алкохолот и сл. работи доведуваат до одредени појави кои го прават ова општество кршливо. Исто така и свинското месо е едно од забранетите и тоа поради тоа што е мрсно, поради тоа што се храни со својот измет т.е нечисто и сл. Е сега доаѓаме до поентата. Секој човек не е ист и секој не ги спроведува овие прописи подеднакво. Има и христијани кои не пијат алкохол и не јадат свинско а има и “муслимани“ кои јадат свинско и пијат алкохол. Првично секој кој си прави зло си прави сам за себе но покрај тоа поради разноразни здравствени проблеми кои се појавуваат од неисправно хранење страда и целото семејство, поради тоа што некој се напил, издрогирал може да настрада некој друг во сообраќајка, тепачка и сл. Тоа значи дека ние кога правиме лошо за себе треба да помислиме и за другите околу нас затоа што гревот кој го правиме за себе е најголем кога поради него ќе настрада или пати некој друг.
Превентивно гледано(од исламска гледна точка) свинското месо треба да се отстрани од менито на сите луѓе затоа што е штетно по здравјето -мрсно е и со оглед на тоа што свињата се храни со она што го исфрла од себе а и со месо од други свињи е многу грозно. Овчото месо не е мрсно и штетно како свинското затоа што овцата се храни исклучиво со природни плодови и трева а нејзиното млеко и сирење се една од најздравите јадења. Овцата е благородно животно од кое луѓето имаат голем бенефит т.е сите ние дома имаме барем едно парче облека од чиста волна која во текот на зимта не грее. Тоа е разликата помеѓу овцата и свињата и како храна и како животно од кое може да се има корист. |
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
“Јас лично сметам дека ние како луѓе треба да започнеме воопшто да не конзумираме месо затоа што сепак тоа е храна која потекнува од некое невино животинче кое е убиено за да се нахраниме ние луѓето, но сепак ние сме такви и тешко си ги менуваме нашите навики. Најслатко ни е на трпезата да има некое бифтече или џигерче и слишно и воопшто не се замислуваме дали нешто го изгубило животот за нас да ни се наполнат стомаците. Ама ова е друга тема и можеби на друго место ќе може да поразговараме за ова поопширно.“
По однос на ова, мислам дека во Филозофија и Психологија има една ваква тема, и јас понекогаш сум размислувала за тоа, дека ете и животинките се душички, се што гледа, има очиња...уф, не сакам да размислувам.
Ама сега да се вратиме за свинското дека е толку нездраво- не се сложувам. Дури, посно свинско месо е попосно од овчо или некое масно говедско месо.
Едни од најдолговечните и најздравите луѓе на светот се жителите на островот Крит. Тие во најголем број се православни христијани, што значи си јадат и свинско, но она што е пресудно за нивниот здрав кардиоваскуларен систем е чистиот воздух, климата, а пред се конзумирањето маслиново масло и риба. И покрај тоа што речиси сите пушат цигари и пијат црно кафе.
Значи нема баш некоја којзнае каква медицинска оправданост во нејадењето свинско месо. Освен ако некој има повишени маснотии во крв па ќе му забрани докторот, но ќе му забрани и други работи.
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
cekaj malku misterx...jas samo prashav,a ti mi navede eden odgovor shto sum go slushnal 100 pati...da se razbereme,odgovorot ti e klasicno klishe....site nie jademe meso od kokoshka i jajca od istoto zivotince a taa e zapretana po cel den vo najgolemi lajna i nikoj od nas ne rekol deka e shtetno.......me zezash so postovite....ne se slozuvam so tebe...ne drzi voda toa...jok....
Изменето од fiks - 28.Јули.2008 во 14:02 |
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Епа ајде ти кажи наместо мене што мислам јас. Имаш три или четири мои постови и ќе видиш што мислам а ако не се согласуваш и ако сметаш дека “мислам поинаку’ тогаш те молам кажими како “мислам“.
|
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
shto sega,demek e shtetno po zdravjeto.....jok...toa misterx ne drzi voda...takvo objasnuvanje ne prifakam...
osvem ako si vegeterijanec... |
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
misterX
Сениор Регистриран: 08.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Фикс погоре зборував за причините поради кои муслиманите не треба да јадат свинско месо. Тоа се однесува пред се од здравствени причини и јас лично сметам дека оваа “забрана“ е во целост оправдана. Тука нема што да се филозофира и да се измислува.
Марија јас твојот став го почитувам но ти немаш право да ги браниш и туѓите ставови кога не се во согласност со твојот. Твојот текст од малку погоре е ок и имаш потполноправо но едно не ми се бендисува т.е цитирам: Си видел на travel tv репортажи од Индонезија, Тајланд, каде повеќето луѓе се припадници на Хинду религиите и јадењето глувци е дел од нивната култура. Културата и религијата не се иста работа. Јас не ги оправдувам оние кои го прават тоа па незнам што да е. ЈАс зборував дека и христијанството не го оправдува тоа и дека некои тука испомешаа што е храна и дека се било дозволено и дека се било исчистено. Јас не реков дека храната која ја јадеме не е чиста или дека Исус грешел туку дека ние (сите без оглед на вера затоа што има и муслимани кои не практикуваат здрава храна) си ги превртивме работите како што ни оговара. И почнавме да зборуваме за јадење на мачки кучиња и што уште не а на крајот и ги одобруваме таквите работи демек се тоа било храна и дека секој според својата култура и потреба може да и јаде што сака. Епа тука јас а верувам и ти Марија имам забелешка. За мене тоа е недозволиво и неприфатливо. Јас лично сметам дека ние како луѓе треба да започнеме воопшто да не конзумираме месо затоа што сепак тоа е храна која потекнува од некое невино животинче кое е убиено за да се нахраниме ние луѓето, но сепак ние сме такви и тешко си ги менуваме нашите навики. Најслатко ни е на трпезата да има некое бифтече или џигерче и слишно и воопшто не се замислуваме дали нешто го изгубило животот за нас да ни се наполнат стомаците. Ама ова е друга тема и можеби на друго место ќе може да поразговараме за ова поопширно. Да заклучиме: Ние имаме слични ставови и се разликуваме само во делот за свинското месо, и ние не смееме да го прифатиме и оправдаме користењето на мачките ,кучињата и други видови на животни како храна. Значи се знае што може да биде храна, а што не смее да се користи како храна. Изменето од misterX - 28.Јули.2008 во 13:43 |
||
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Mister X, од каде гледаш дека те нападнав или дека се лутам?
Само го произнесов христијанскиот став по однос на чистата и нечистата храна.
Во ниеден пост ниту јас ниту пак некој друг не ви препорача да јадете свинско, како што велиш. Не е храната таа што не прави да бидеме ова или она, ете и јас не јадам свинско, па не сум муслиманка.
Убаво е секој да се држи до своето убедување по однос на верувањата, ама признај, ќе се согласиш, уште поубаво е ако човек навистина работи на внатрешната чистота, на разумноста и мудроста на своите зборови кои ги упатува кон другите, зашто зборовите се тие кои може да не направат нечисти.
Тие се плод на нашата душа и размислување.
На пример, каква полза има некој кој не јаде 3нечиста“ храна, се држи до сите обичаи, а штом зине-просто отров излегува од него.
Тоа сакав да ти го кажам.
|
||
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
misterX moze be da mi kazesh zoshto muslimanite ne jadat svinsko,ne znam a gledam imash razbiranje da objasnish..
|
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
Внеси реплика | страница <1 7891011 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |