IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Библијата и чиста и нечиста храна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Библијата и чиста и нечиста храна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 13>
Автор
Порака
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2008 во 12:19
Originally posted by deshad deshad напиша:

Пошто сета храна Бог ја направил чиста, ме интересира дали јадете глувци, кучиња, мачки, змии и такви работи?


Пријателе! За оној кој што верува дека ВОЛЈАТА БОЖЈА се отелотвори во ИСУС сум спремен и да нејадам леб и да непијам вода, ако тоа му смета!

Но зошто тоа би му сметало?
Волјата БОЖЈА (ИСУС) учи дека ОТЕЦОТ на ЖИВОТОТ не ги гледа стомаците туку срцата на луѓето!

Во КРВТА на МУДРОСТА БОЖЈА е клучот на спасението !

Нека секоја душа ВИСТИНСКИ поверува


АМИН   
Кон врв
misterX Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај misterX Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2008 во 12:51
Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Mister X, кај си видел некој христијанин да јаде куче, глушец, мачка...
 

Си видел на travel tv репортажи од Индонезија, Тајланд, каде повеќето луѓе се припадници на Хинду религиите и јадењето глувци е дел од нивната култура.

 

Поентата околку чиста и нечиста храна е многу јасна и затоа кажав, ако е се очистено, не значи дека ни е наредено да го јадеме ниту пак дека со очистувањето ни се пријале баш глувци или мачки, или шкорпии...

 

Мислам навистина е смешно да се размислува на тој начин.

Самиот човек, кому слободата на избор му нуди толку можности не се одлучува за такви работи...Што тоа свинско месо толку ви е трн во очите? Па овчото ако сакаш да знаеш е далеку помрсно од свинското.


Марија јас пишував според коментарите на зидарски мирослав и многу други а твоите коментари искрено не ги прочитав и незнам што мислиш ти за ова. Тие зборуваат како некаде има традиција да се јаде се и сешто или дека човек во зависност од потребите и ситуацијата може да го јаде ова или она. ПОради таквиот нивен настап јас заклучив дека тие а не ти(затоа што не го знам твојот став) оправдуваат нешто за што јас сметам дека не е ни христијански ниту пак човечки. Ти ме нападна како јас да кажав нешто што тебе многу те повреди, и спомна дека свинското ни е трн во очите. Напротив Марија доколку се потрудиш да го прочиташ целиот мој текст ќе видиш дека јас само објаснувам зошто ние муслиманите не практикуваме некој вид на храна а свинското е на врвот. Јас како добар верник и човек кој многу го сака и почитува Исус- Иса а.с неможам да дозволам во негово име да се кажуваат несвистини и затоа реагирав со зборовите дека тој луѓето ги нахранувал со риба, овошје и сл. и дека никогаш не се сретнал податок дека се оправдува конзумирањето на одредени животинчиња кои беа посочени како пример во минатите текстови. Им порачав на сите кога веќе веруваат во него да го практикуваат и неговото делување а неговите зборови да ги спроведуваат онака како што ги рекол а не како што на нив им одговара. Ако си ти вистински верник нема за што да се лутиш. Јас немам против што ти или некои други луѓе сакате да јадете свинско месо, тоа си е ваша работа, вие сами одлучувате што ќе правите со вашето тело и здравје. Сметам дека јадешето на одредена храна меѓу која и свинското месо може многу да му наштети на човечкиот организам и сигурен сум дека тоа што во к*ранот е спомнато да не се јаде ваквата храна има голема поврзаност со медицината, со човековото здравје и сл. Тоа не навлегува во вашето верување и не гледам причина зошто би се лутела на мене, едноставно нели вие продолжетеси да си јадете свинско и нема зошто да ни кажувате на нас дека тоа е добро и дури е подобро од овчото месо или сл. Јас сум сигурен дека свинското е повкусно и поубаво мириса(според некој од форумџиите кој многу сакал да јаде свинско) од овчото и многу други врсти на месо но знам и дека многу работи кои изгледаат убаво оставаат многу лоши последици по нашето здравје.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2008 во 12:54
misterX moze be da mi kazesh zoshto muslimanite ne jadat svinsko,ne znam a gledam imash razbiranje da objasnish..
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2008 во 13:19
Originally posted by misterX misterX напиша:

Originally posted by maria_magdalena maria_magdalena напиша:

Mister X, кај си видел некој христијанин да јаде куче, глушец, мачка...
 

Си видел на travel tv репортажи од Индонезија, Тајланд, каде повеќето луѓе се припадници на Хинду религиите и јадењето глувци е дел од нивната култура.

 

Поентата околку чиста и нечиста храна е многу јасна и затоа кажав, ако е се очистено, не значи дека ни е наредено да го јадеме ниту пак дека со очистувањето ни се пријале баш глувци или мачки, или шкорпии...

 

Мислам навистина е смешно да се размислува на тој начин.

Самиот човек, кому слободата на избор му нуди толку можности не се одлучува за такви работи...Што тоа свинско месо толку ви е трн во очите? Па овчото ако сакаш да знаеш е далеку помрсно од свинското.


Марија јас пишував според коментарите на зидарски мирослав и многу други а твоите коментари искрено не ги прочитав и незнам што мислиш ти за ова. Тие зборуваат како некаде има традиција да се јаде се и сешто или дека човек во зависност од потребите и ситуацијата може да го јаде ова или она. ПОради таквиот нивен настап јас заклучив дека тие а не ти(затоа што не го знам твојот став) оправдуваат нешто за што јас сметам дека не е ни христијански ниту пак човечки. Ти ме нападна како јас да кажав нешто што тебе многу те повреди, и спомна дека свинското ни е трн во очите. Напротив Марија доколку се потрудиш да го прочиташ целиот мој текст ќе видиш дека јас само објаснувам зошто ние муслиманите не практикуваме некој вид на храна а свинското е на врвот. Јас како добар верник и човек кој многу го сака и почитува Исус- Иса а.с неможам да дозволам во негово име да се кажуваат несвистини и затоа реагирав со зборовите дека тој луѓето ги нахранувал со риба, овошје и сл. и дека никогаш не се сретнал податок дека се оправдува конзумирањето на одредени животинчиња кои беа посочени како пример во минатите текстови. Им порачав на сите кога веќе веруваат во него да го практикуваат и неговото делување а неговите зборови да ги спроведуваат онака како што ги рекол а не како што на нив им одговара. Ако си ти вистински верник нема за што да се лутиш. Јас немам против што ти или некои други луѓе сакате да јадете свинско месо, тоа си е ваша работа, вие сами одлучувате што ќе правите со вашето тело и здравје. Сметам дека јадешето на одредена храна меѓу која и свинското месо може многу да му наштети на човечкиот организам и сигурен сум дека тоа што во к*ранот е спомнато да не се јаде ваквата храна има голема поврзаност со медицината, со човековото здравје и сл. Тоа не навлегува во вашето верување и не гледам причина зошто би се лутела на мене, едноставно нели вие продолжетеси да си јадете свинско и нема зошто да ни кажувате на нас дека тоа е добро и дури е подобро од овчото месо или сл. Јас сум сигурен дека свинското е повкусно и поубаво мириса(според некој од форумџиите кој многу сакал да јаде свинско) од овчото и многу други врсти на месо но знам и дека многу работи кои изгледаат убаво оставаат многу лоши последици по нашето здравје.
 
Mister X, од каде гледаш дека те нападнав или дека се лутамзбунетост?
Само го произнесов христијанскиот став по однос на чистата и нечистата храна.
Во ниеден пост ниту јас ниту пак некој друг не ви препорача да јадете свинско, како што велиш. Не е храната таа што не прави да бидеме ова или она, ете и јас не јадам свинско, па не сум муслиманка.
 
Убаво е секој да се држи до своето убедување по однос на верувањата, ама признај, ќе се согласиш, уште поубаво е ако човек навистина работи на внатрешната чистота, на разумноста и мудроста  на своите зборови кои ги упатува кон другите, зашто зборовите се тие кои може да не направат нечисти.
 
 
Тие се плод на нашата душа и размислување.
На пример, каква полза има некој кој не јаде 3нечиста“ храна, се држи до сите обичаи, а штом зине-просто отров излегува од него.
 
Тоа сакав да ти го кажам.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
misterX Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај misterX Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2008 во 13:43
Фикс погоре зборував за причините поради кои муслиманите не треба да јадат свинско месо. Тоа се однесува пред се од здравствени причини и јас лично сметам дека оваа “забрана“ е во целост оправдана. Тука нема што да се филозофира и да се измислува.
Марија јас твојот став го почитувам но ти немаш право да ги браниш и туѓите ставови кога не се во согласност со твојот. Твојот текст од малку погоре е ок и имаш потполноправо но едно не ми се бендисува т.е цитирам:

Си видел на travel tv репортажи од Индонезија, Тајланд, каде повеќето луѓе се припадници на Хинду религиите и јадењето глувци е дел од нивната култура.

Културата и религијата не се иста работа. Јас не ги оправдувам оние кои го прават тоа па незнам што да е. ЈАс зборував дека и христијанството не го оправдува тоа и дека некои тука испомешаа што е храна и дека се било дозволено и дека се било исчистено. Јас не реков дека храната која ја јадеме не е чиста или дека Исус грешел туку дека ние (сите без оглед на вера затоа што има и муслимани кои не практикуваат здрава храна) си ги превртивме работите како што ни оговара. И почнавме да зборуваме за јадење на мачки кучиња и што уште не а на крајот и ги одобруваме таквите работи демек се тоа било храна и дека секој според својата култура и потреба може да и јаде што сака. Епа тука јас а верувам и ти Марија имам забелешка. За мене тоа е недозволиво и неприфатливо. Јас лично сметам дека ние како луѓе треба да започнеме воопшто да не конзумираме месо затоа што сепак тоа е храна која потекнува од некое невино животинче кое е убиено за да се нахраниме ние луѓето, но сепак ние сме такви и тешко си ги менуваме нашите навики. Најслатко ни е на трпезата да има некое бифтече или џигерче и слишно и воопшто не се замислуваме дали нешто го изгубило животот за нас да ни се наполнат стомаците. Ама ова е друга тема и можеби на друго место ќе може да поразговараме за ова поопширно. Да заклучиме: Ние имаме слични ставови и се разликуваме само во делот за свинското месо, и ние не смееме да го прифатиме и оправдаме користењето на мачките ,кучињата и други видови на животни како храна. Значи се знае што може да биде храна, а што не смее да се користи како храна.   


Изменето од misterX - 28.Јули.2008 во 13:43
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2008 во 13:46
shto sega,demek e shtetno po zdravjeto.....jok...toa misterx ne drzi voda...takvo objasnuvanje ne prifakam...
osvem ako si vegeterijanec...
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
misterX Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај misterX Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2008 во 13:56
Епа ајде ти кажи наместо мене што мислам јас. Имаш три или четири мои постови и ќе видиш што мислам а ако не се согласуваш и ако сметаш дека “мислам поинаку’ тогаш те молам кажими како “мислам“.
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2008 во 14:01
cekaj malku misterx...jas samo prashav,a ti mi navede eden odgovor shto sum go slushnal 100 pati...da se razbereme,odgovorot ti e klasicno klishe....site nie jademe meso od kokoshka i jajca od istoto zivotince a taa e zapretana po cel den vo najgolemi lajna i nikoj od nas ne rekol deka e shtetno.......me zezash so postovite....ne se slozuvam so tebe...ne drzi voda toa...jok....

Изменето од fiks - 28.Јули.2008 во 14:02
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
maria_magdalena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
trouble seeker

Регистриран: 25.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8706
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maria_magdalena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2008 во 14:12
Јас лично сметам дека ние како луѓе треба да започнеме воопшто да не конзумираме месо затоа што сепак тоа е храна која потекнува од некое невино животинче кое е убиено за да се нахраниме ние луѓето, но сепак ние сме такви и тешко си ги менуваме нашите навики. Најслатко ни е на трпезата да има некое бифтече или џигерче и слишно и воопшто не се замислуваме дали нешто го изгубило животот за нас да ни се наполнат стомаците. Ама ова е друга тема и можеби на друго место ќе може да поразговараме за ова поопширно.“
 
По однос на ова, мислам дека во Филозофија и Психологија има една ваква тема, и јас понекогаш сум размислувала за тоа, дека ете и животинките се душички, се што гледа, има очиња...уф, не сакам да размислувам.
 
Ама сега да се вратиме за свинското дека е толку нездраво- не се сложувам. Дури, посно свинско месо е попосно од овчо или некое масно говедско месо.
Едни од најдолговечните и најздравите луѓе на светот се жителите на островот Крит. Тие во најголем број се православни христијани, што значи си јадат и свинско, но она што е пресудно за нивниот здрав кардиоваскуларен систем е чистиот воздух, климата, а пред се конзумирањето маслиново масло и риба. И покрај тоа што речиси сите пушат цигари и пијат црно кафе.
 
Значи нема баш некоја којзнае каква медицинска оправданост во нејадењето свинско месо. Освен ако некој има повишени маснотии во крв па ќе му забрани докторот, но ќе му забрани и други работи.
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
Кон врв
misterX Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 342
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај misterX Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2008 во 14:34
Марија, исламот кон луѓето делува превентивно а во одредени случаи кога за некои работи веќе ќе биде “доцна“ тој делува и лековито. Со оглед на тоа што овој свет е преполн со опасности и замки насекаде околу нас ние го имаме к*ранот како упатство според кое треба да се раководиме и живееме. Секој човек сам е свесен до каде ќе оди со практикувањето на тоа упатство. Тука покрај јадењето на ваква храна има и неколку други “забрани“ за кои мраш да се согласиш со мене дека се повеќе од реални. Тука е забраната за конзумирање на алкохол, дрога, цигари и сл. Иако многумина сметаат дека сето тоа е површно, некои мислат дека алкохолот им е штетен само на нив самите, и сл сепак користењето на алкохолот и сл. работи доведуваат до одредени појави кои го прават ова општество кршливо. Исто така и свинското месо е едно од забранетите и тоа поради тоа што е мрсно, поради тоа што се храни со својот измет т.е нечисто и сл. Е сега доаѓаме до поентата. Секој човек не е ист и секој не ги спроведува овие прописи подеднакво. Има и христијани кои не пијат алкохол и не јадат свинско а има и “муслимани“ кои јадат свинско и пијат алкохол. Првично секој кој си прави зло си прави сам за себе но покрај тоа поради разноразни здравствени проблеми кои се појавуваат од неисправно хранење страда и целото семејство, поради тоа што некој се напил, издрогирал може да настрада некој друг во сообраќајка, тепачка и сл. Тоа значи дека ние кога правиме лошо за себе треба да помислиме и за другите околу нас затоа што гревот кој го правиме за себе е најголем кога поради него ќе настрада или пати некој друг.
Превентивно гледано(од исламска гледна точка) свинското месо треба да се отстрани од менито на сите луѓе затоа што е штетно по здравјето -мрсно е и со оглед на тоа што свињата се храни со она што го исфрла од себе а и со месо од други свињи е многу грозно.
Овчото месо не е мрсно и штетно како свинското затоа што овцата се храни исклучиво со природни плодови и трева а нејзиното млеко и сирење се една од најздравите јадења. Овцата е благородно животно од кое луѓето имаат голем бенефит т.е сите ние дома имаме барем едно парче облека од чиста волна која во текот на зимта не грее. Тоа е разликата помеѓу овцата и свињата и како храна и како животно од кое може да се има корист.   
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2008 во 15:17
ХРИСТОВИОТ ИСЛАМ е совршениот ИСЛАМ !

Во ИСУС се отелотвори ВОЛЈАТА БОЖЈА !

Кој се противи на НЕГО, го има најголемиот противник, против себе.


Нека секому БОГ дари очи и уши а пред се верно срце


АМИН
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2008 во 15:41
Biblijata vo Noviot Zavet e jasna vo odnos na hranata- Bog se ocistil( preku videnieto na Svetiot Apostol Petar). I samiot Pavle veli deka treba da se kupuva se sto e na pazarot za meso. E sega da go razgledame prasanjeto od cisto zdravstven karakter.
1. Svinsko meso- znam deka Islamot zabranuva svinsko meso. Odnapred se izvinuvam ako nesto sto kazam ne e bas najtocno, no toa e sepak samo moe glediste na rabotite. Prvo, svinskoto meso ima pozitivni i negativni karakteristiki.Vo mesoto na svinjata se naoga vitaminot D koj e mnogu korisen za koskite. Na lugeto koi imaat problemi so koskite im se preporacuva da koristat malku svinsko meso za zacvrsnuvanje na istite.No, svinskoto meso se zabranuva pak na bolnite od rak, lugeto koi imaat visoki kolicini na masti vo krvta, holesterol, visoko nivo na trigliceridi i slicno. Mnogu vazen uslov e i podnebjeto. Jas mislam deka toa sto Islamot se pojavil na mesto kade temperaturata na vozduhot e visoka istotaka vlijae vrz zabranata za svinsko meso. Ako covek jade svinsko meso na +40 stepeni celziusovi rizikot za dobivanje mozocen i srcev udar e ogromen. Istotaka znaeme deka duri i kaj nas koga e toplo doktorite zabranuvaat konzumiranje meso ( bez razlika dali e telesko, pilesko, svinsko) bidejki organizmot na tolku toplo ke ima poteskotii( izrazeni preku potenje, neprijatno cuvstvo vo stomakot i sl.). Jas licno jadam mnogu retko( moze da se kaze ednas godisno) i go izbegnuvam od prosta pricinia sto mirisot na mesoto mi smeta i nikogas ne sum go ni sakal samoto meso.
2. Vino- druga zabrana vo islamot e zabranata za konzumiranje vino. Sakam da gi prasam muslimanite zosto e ovaa zabrana? Eden prijatel koj go cital k*ranot mi rece deka pricinata za toa e covekot, odnosno opijanuvanjeto na vojnicite pred nekoja vazna bitka, pa bi sakal nekoj da mi objasni dali e toa tocno ili raspolagam so pogresna informacija. E sega od zdravstven karakter. Vinoto dokolku se konzumira vo mali kolicini e zdravo. I oficijalnata medicinska nauka preporacuva da se konsumira malku vino. Vinoto e eden od povaznite oruzja vo borbata so anemijata. Na lugeto koi se anemicni im se preporacuva da konsumiraat vino ( ama ne sekakvo ima nekoi posebni vina specijalno za taa namena). Sepak i vinoto treba da se upotrebuva vo umereni kolicini i pri odredeni uslovi. Na bolnite od rak im se zabranuva alkohol, istotaka i na luge bolni od razni drugi bolesti. I ne treba da se zaboravi deka i vinoto ne treba da se konsumira pri visoka temperatura. Inaku jas licno alkohol ne podnesuvam i ne sfakam kakva ubavina ima vo toa.

Ama zatoa kafe pijam i toa kako

                                    Pozdrav
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2008 во 16:36
Мистер Х, малку претера со првиот пост... Исус дозволи да јадеме се, но не нареди да јадеме се. Секој од нас има разум, и пред се - слободна воља! Секој јаде тоа што смета дека е корисно и добро за него и има слобода да го прави тоа.
Идејата дека "утре може и човечко месо ќе јадеме" не држи место, затоа што тоа веќе влегува во некои други забрани - како на пример неубивањето на други луѓе, но и здравиот разум налага да не се прави тоа.
Истото се однесува на отровните и штетните храни - нешто што е отровно и штетно, соодветно не го исполнува критериумот да биде наречено храна. Имено - храна е она што го одржува организмот на човекот, што го полни со неопходните материи за да преживее. Отровите не влегуваат во таа категорија.
Дали животните треба да се јадат или не, тоа е веќе лична дебата. Во крајна сметка - тие животни се одгледуваат за да се јадат. Доколку престанеме да јадеме месо, околу 70% од домашните животни или ќе изумрат, затоа што нема да има потреба од нивното постоење. Но - секој со своите убедувања на тој план.
Do what is right, come what may...
Кон врв
bond....james b Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Ноември.2006
Статус: Офлајн
Поени: 850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bond....james b Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2008 во 16:43
ajdee,
i toa li go imalo?!,
cista i necista hrana?!,

hahahah,
газење%20од%20смеење
 
You live only ONCE!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.