IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Антиматерија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Антиматерија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
javorka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 29
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај javorka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Антиматерија
    Испратена: 25.Јули.2008 во 09:13
Што мислите за антиматеријата? Дали е вистина или илузиорна лага? Дали науката достигнала до тоа ниво за да може да достигне да произведе, а истовремено да ја држи под контрола антиматеријата и да ја употребува за корисни цели, а не како најново супер оружје?
Акцелератор на честици за производство на антиматерија.

Акцелераторот на честици е долг 27 километри, и се наоѓа во (ЦЕРН) Швајцарија, а зафаќа дел и од Франција, и е најголемата машина на светот.
Акцелераторот на честички е голема кружна цевка во која се забрзуваат субатомските честици до 280.000 километри во секунда, забрзувајќи две честици во спротивна насока, а потоа судирајќи ги.
Целосно забрзаните честици ја обиколуваат повеќе од десет илјади пати во секунда, пред да се судрат, и се создава антиматерија која е многу нестабилна и има огромна моќ.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2008 во 09:35

Тема за CERN има во подфорумот наука...

 
Кон врв
javorka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 29
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај javorka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2008 во 10:42
Temata mi e antimaterija a ne CERN TOJ SAMO JA PROIZVEDUVA PRASAV ZA NEA, SAMO DADOV OBRAZLOZENIE ZA TOA KOJ I STO JA PROIZVEDUVA

Изменето од javorka - 25.Јули.2008 во 10:42
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2008 во 10:49
Ок... знам што е темата, баш затоа сметам дека е посоодветно за неа да се дискутира во Наука... иако сеуште е недоволно испитана, сепак не мислам дека спаѓа во мистерии и астрологија, баш затоа што научно се работи на темата...намигнување
Кон врв
james dean Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4476
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај james dean Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2008 во 10:53


Нема ништо мистериозно околу антиматеријата, па така оваа тема би требало да биде во Наука, а не во мистерии.
Веќе е докажано и експериментално дека антиматеријата постои и дека таа има потполно исти својства како што има и обичната материја... (Овие експерименти се правени уште во 50-тите и 60-тите год.) Разликата е само во различниот електричен полнеж. Па така ако имате позитивен набој, не постои причина зошто не би постоел и негативен. Имено, антиматерија на електронот e−, кој е негативно наелектризирана честица е позитронот e+. Значи позитронот има иста маса и исти својства како електронот, само што е позитивно наелектризиран. Исто така постои и антипротон, кој наместо да е позитивно наелектризиран е негативно... Па така антиматерија на елементот водород е антиводород кој е составен од еден антипротон и еден позитрон.... И тоа важи за сите елементи и честици кои постојат во природата. Кога би дошло до контакт помеѓу материјата и антиматеријата, би се случило поништување при ослободување на огромно количество енергија.... (затоа ова може да биде корисно за практични цели).
Значи научниците велат дека е можно постоење на цели светови од антиматерија... односно цели галаксии, сончеви системи и сл... Она што не е доволно јасно е зошто при стварањето на Универзумот се создала повеќе материја од антиматерија, бидејќи шансите за нивно создавање се подеднакви.... а кога би се створиле во еднаква количина тие би се поништиле и на крајот не би останало ништо, освен чиста енергија.... Па затоа се мисли дека од некоја причина, за наша среќа, тој сооднос не бил еднаков, во корист на материјата... Но во секој случај не се исклучува можноста некои изолирани делови од универзумот, каде не дошло до контакт, да се составени токму од антиматерија.
Имено, се мисли дека онаа позната експлозија во Тунгуска, која се случила во 1909 год., всушност била пад на метеор составен од антиматерија.




Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2008 во 11:14
Кратко и јасно... се разбира, James, кој секогаш има објаснување за се... Што ќе ни се учебници и книги кога те имаме тебе на форумов...големо%20гушкање 
Кон врв
javorka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 29
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај javorka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2008 во 13:47
MNOGU FINO OBJASNETO
Гледав емисија на Дискавери .. за одвојување на количина на антиматерија која би била од значење би биле потребни стотици а може*и беше и илјадници години со денешнава технологија која сме ја имале.... патем мислам и дека светот не е на тоа ниво развиен за да ја има во свои раце антиматеријата и нејзината моќ ...
Кон врв
james dean Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4476
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај james dean Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2008 во 13:59


Па вака сега... Точно е тоа дека е екстремно тешко да се создаде и уште потешко да се чува антиматерија, кога, како што реков, антиматеријата и при најмал контакт со материјата ќе експлодира во невидена експлозија на анихилација...
Но нашиве научници се премногу паметни и смислиле начин како да ја "заробат" антиматеријата на "сигурен" начин. Тие имаат направено една вакуумска туба во која може да се чува антиматерија во мали количини (и тие тоа и го имаат постигнато), на тој начин што ја држат антиматеријата да лебди и да не се допира до ѕидовите на тубата со помош на магнето поле (или нешто слично, не сум сега сигурен).
Но во секој случај се преплашив кога слушнав за ова, бидејќи и најмало испуштање од контрола може да предизвика катастрофални последици...


Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2008 во 14:01
Само мало дополнување на тоа што James , како и секогаш, на едноставен и разбилрив начин го објаснува.
Првиот доказ за постоење на антиматерија , поточно за постоење на позитрон - пар античестица со електронот е направено далечната 1932 година, за што Пол Дирак, инаку во тоа време професор на катедрата по математика на Кембриџ, наредната 1933 година добива Нобелова награда.

Инаку Дирак поставил теорија, која е во склад со општата теоријата на релативност но и со квантната теорија, која математички објаснува зошто електронот има спин 1/2. Поимот спин е карактеристика која и се припишува на секоја елементарна честичка и наједноставно кажано се однесува на тоа како честичката изгледа кога ја гледаме од разни правци.
Честицата со спин 0, изгледа исто ако ја гледаме од било кој правец.
Честицата со спин 1 изгледа различно ако ја гледаме од различни правци, односно исто ако ја завртиме за цел круг т.е. 360 степени.
Честицата со спин 2 изгледа исто ако се заврти за пола круг, значи за 180 степени итн.

Интересно, електронот има спин 1/2, што значи дека ќе изгледа исто дури откако ќе се заврти за цели два круга -720 степени.

Да не должам, сите познати честици може да се сместаt во две групи:
- една со спин 1/2 - во која спаѓаат честиците кои ја сочинуваат материјата во вселената
- друга со спин 0,1 i 2 во која спАѓаат честиците кои стојат во основа на четирите односно трите основни сили во вселената.

Значи да се вратам на почетокот, од математичките формули на Пол Дирак со кои тој објаснува зошто електронот има спин 1/2, произлегува дека електронот има свој пар античестица- позитрон или антиелектрон, што подоцна и практично е докажано.
Денес се знае дека секоја честица има свој пар- античестица.

Нешто окулу количината на постоечката антиматерија, која несомнено ја има во вселената. Денес се смета дека материјата ја има многу повеќе отколку антиматеријата. Очигледен доказ се мноштвото галаксии кои можеме да ги видиме. Имено ако некои од нив се создадени од антиматерија, односно тоа би биле области каде има "јата" галаксии од антиматерија, тогаш на границите каде овие области ќе се допираат со областите на материја би доаѓало до судири и ослободување на многу големи количини енергија т.е. зрачења. Но ние тоа не го забележуваме. Очигледно материјата преовладува.

Зошто? Има едно објаснување.
Се смета дека законите на физиката се покоруваат на три посебни симетрии кои се нарекуваат C, P и T.
C-симетријата вели дека законите на физиката важат како за честиците , така и за античестиците.
P - симетријата вели дека законите се исти во било која ситуација и нејзиниот одраз во огледало.
T - симетријата вели дека ако се заврти насоката на движење на честиците и античестиците, тогаш системот би требало да се врати во претходнта состојба.
Ова е и најинтересната симетрија која практично кажува дека ЗАКОНИТЕ НА ФИЗИКАЅТА ТРЕБА ДА СЕ ЕДНАКВИ БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ СЕ ДВИЖИМЕ НАПРЕД ИЛИ НАЗАД НИЗ ВРЕМЕТО.

Како и да е, уште 1956 година двајца амерички физичари (не се сеќавам на имињата) претставиле теорија која вели дека слабата сила (една од четирите-пардон сега трите основни сли на природата) НЕ СЕ ПОКОРУВА НА СИМЕТРИЈАТА P. Тоа практично значи дека слабата сила би донела до друг развој на вселената од оној кој вели дека развојот би бил ист со одразот во огледалото- ако сакате симетричен со одразот во огледалото.
Подоцна не само што се докажало дека ова е точно, туку се докажало и дека слабата сила НЕ СЕ ПОКОРУВА И НА СИМЕТРИЈАТА С. Тоа практично значи дека вселената создадена од античестици НЕ би се однесувала исто како вселената создадена од честици.

Но (ептен се распишав), постои една математичка теорема која вели дека секоја теорија која е во согласност со оштата теорија на релативност а истовремено и со квантната механика, МОРА да се покорува на здружената симетрија CPT,што значи дека ако
-честиците се заменат со античестици
-ако се работи за нејзина слика во огледало и
-ако се заврти насоката на течење на времето
ВСЕЛЕНАТА БИ МОРАЛА ДА СЕ ОДНЕСУВА ИСТО.

Меѓутоа, теоремата си е теорема. Подоцна се докажало дека ако
-честиците се заменат со античестици
-ако се работи за нејзина слика во огледало
-НО НЕ СЕ ЗАВРТИ насоката на течење на времето,
тогаш ВСЕЛЕНАТА НЕ БИ СЕ ОДНЕСУВАЛА ИСТО.

Или ако сакате- кога времето би се
ВРАЌАЛО НАНАЗАД-тогаш
ЗАКОНИТЕ НА ФИЗИКАТА ЌЕ МОРААТ ДА СЕ СМЕНАТ-за нив не ВАЖИ СИМЕТРИЈАТА Т.
(Ова како провокација на оние кои заговараат дека е можно враќање назад во времето...)

Тука некаде лежат причините за постоењето на поголема количина материја од антиматерија.
Имено, да претпоставиме дека од почеток на создавање на вселенета имало подеднакво материја и антиматерија.
При ширењето на вселената, бидејќи има сили кои не се покоруваат на Т симетријата, следува дека овие сили би можеле да предизвикаат ПОВЕЌЕ АНТИЕЛЕКТРОНИ да се распаднат во КВАРКОВИ отколку ЕЛЕКТРОНИ во АНТИКВАРКОВИ. Понатаму, со ширење на вселнета антикварковите и кварковите би се поништиле межу себе, но во секој случај би ОСТАНАЛЕ ВИШОК НА КВАРКОВИ. Од тие кваркови е содадена вселената која ние денес ја познаваме...


Уфф...
Ако на некого му изгледа сложено...
Точно е ...
Но тоа е доказ дека вселената е многу посложена одколку што може да замислиме...
Или ние не можеме да ја разбереме таква каква што е..
Очигледно МНОГУ нешта мора да бидат такви какви што се ...за да биде така како што е...
ИМА ЛИ ТУКА МЕСТО ЗА СЛУЧАЈНОСТ...
И дали господ навистина не си игра со коцки...


Изменето од којсумјас - 25.Јули.2008 во 14:07
Кон врв
james dean Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4476
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај james dean Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2008 во 14:15




        Б Р А В О



Навистина браво за ова опширно и стручно објаснување... Иако е многу езотерично, мислам дека со понатамошни коментари и дообјаснувања може да им стане поразбирливо на сите... Затоа фала ти којсумјас што си се потрудил волку и вака да напишеш...





Кон врв
james dean Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4476
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај james dean Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2008 во 14:43


Тука би сакал нешто да додадам што би можело да биде корисно да се знае...
Имено она што ние го сметаме за вакуум - меѓуѕвездениот вселенски простор, всушност не е празен простор... Не е празен простор бидејќи тоа не го дозволува Квантната механика... Во тој случај би биле одредени неговата положба и брзина, што не е во согласност со Хајзенберговиот принцип на неодреденост. Па затоа во тој простор постојано, одненадеж и како од никаде, се појавуваат парови честици и античестици, кои за многу кратко време се поништуваат меѓусебе. (За античестиците понекогаш се вели дека се честици кои патуваат наназад во времето). Тоа време е толку кратко, што се вели дека универзумот "нема време" ниту да ги забележи...
Па како тогаш ние (толку паметни) можеме да ги забележиме... Е па си има начин и за тоа...
Појавувањето на овие виртуелни честици, како што се нарекуваат, понекогаш се случува во близина на црните дупки... па многу често се случува едната честица да "падне" во дупката, а другата да остане без пар за поништување, па да продолжи да "лута"... Ова ние го гледаме во вид на зрачење на црната дупка, кое го откри познатиот Стивен Хокинг и кој токму поради него рече дека црните дупки сепак не се толку црни...




Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2008 во 14:45
Па... браво и од мене... за другиот наш форумски научник...којсумјас...намигнувањеаплауз
Сложено е на прв поглед, барем за такви како мене што физиката не им е фах и подзаборавиле на тоа што го учеле во школо... Сепак, вака соџвакано, на готово е многу полесно за варење...намигнување
Во врска со проектот LHC, прочитав дека за заробување на таа антиматерија во тунелот е потребно (и се користи) многу јако магнетно поле. Околу овој проект е потребна извонредно голема прецизност, бидејќи како што се пишува на него може да влијае и силата на гравитационата привлечност од месечината на земјината површина, електрични “пречки“ како резултат на поминувањето на возови на 1км растојание... Што би се случило доколку нешто избега од контрола... збунетост
 Има и едно друго интересно прашање во врска со антиматеријата: кога со проектот LHC ќе успеат да креираат антиматерија, материја од ништо (како што “прави“ Господ?), и ќе се успее прецизно да се објасни и демонстрира Big Bang, ќе значи ли тоа паѓање во вода на “теоријата“ за Единствениот Креатор???...збунетост
Или сепак Господ си игра со коцки...не%20знам
Кон врв
james dean Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4476
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај james dean Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2008 во 15:03


Па Анастеа уште не сме сигурни дали таа материја е од ништо... Научниците понекогаш знаат да кажат дека не постои такво нешто како бесплатен ручек, но дека токму нашиот Универзум е тоа - бесплатен ручек... затоа што е создаден од материја која е "дојдена" од никаде... Како што пишав и погоре, Квантната механика дозволува создавање на материја од ништо, бидејќи на тој начин ја спречува недозволената одреденост... (така да кажам)... Но она што мене ми го мати паметот е тоа што не верувам дека законите на Квантната механика и воопшто сите други закони важат и надвор од овој наш Универзум, односно од пред тој да биде создаден... Но тука има уште нешто... Факт е дека нашиот универзум е повеќедимензионален... па можеби сите тие работи произлегуваат од тие димензии кои не можеме да ги видиме... Имено според Теоријата на суперструни, основата на целата материја се тие струни или жици, кои вибрираат во 10-то димензионалниот универзум. Секоја хармонија, односно секоја нота на тие жици е всушност некоја честица... Така вели барем теоријата... Значи целиот наш универзум и се што постои во него е всушност една голема синфонија...












Изменето од james dean - 25.Јули.2008 во 15:06
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2008 во 15:07
Да... Можеби симфонијата е премногу совршена за човечкото уво... затоа и не можеме докрај да проникнеме во нејзината суштина... и да ги разбереме сите нејзини ноти...збунетост
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.