|
Ваша поезија |
Внеси реплика | страница <1 100101102103104 146> |
Автор | |
fragola
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3829 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Go zemam vo dlanki
sekoj spomen, sekoj izminat moment kraj tebe, kako so kandzi ja otkinuvam sekoja misla od sebe i vo kuferot ja frlam. Gajle mi e, dali nesto krevko ke se skrshi i na atomi ke se razdrobi ne vnimavam! Brzam se da spakuvam. Vremeto nosi tovar nov, koj ke treba vo kuferot da go smestam, ushte samo den,odlozuvanje malo i nitu so kran ne ke go premestam. |
|
I get enough exercise...just pushing my luck.
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СРЕЌНА ПЕСНА
( На задоблачната светлина ) Задоблачна сончевина на моето небо Облакот со срмен вез е порабен А личи на среќа.... Песна сум Од мртва птица оставена Коријата ечи од стравот На изгубеното дете Што ги бара неосмислените игри Во гнилото лисје на вистината Се е толку едноставно недостижно: Игрите, Песната, Светлината Облакот со срмен вез на образот Ми ја открива најголемата тајна.... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РЕМИНИСЦЕНТНО УМИРАЊЕ
Музиката на штиклите, Дур одѕвонува по плочникот на моето срце Со акордите на последните воздишки На задишаниот ден, Ме раѓа одново и одново По стрништата на стариот непребол: Како нова празнина, Како нов крик во мракот Што шумоли со сенките На твоите последни зборови, Твоите клетви насладнички... Смрачката ги впива во сунѓер од себеизеднина Миризбите на босилекот на твојата насмевка, А душата е сува, Испукана, клета иловица Испостена од трње и паламиди, Могила на мртви илузии, Последно свратилиште на јаловото исчекување На прокудените намерници на радоста... Стишај ја, те молам, музиката на штиклите Бар за миг, Еден обичен, едноставен миг - капка роса во времето, Дури здив претсмртен да земам... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jarosta na tigarot
na ridot dur stoi so priguseno rzenje muskul do muskul, a sepak ubavina za oci vo boi prelieni go prepoznava monahot koj go dostigna plodot na razmilsuvanjata svoi vo samotija i prigusena taga do rezigniranost i ramnodusnost, tigarot go prepozna zmejot i se sklupca kraj negovi noze kako milo mace. Mu pokaza na tigarot kade da gleda i mu sepna tivko zborovi nekoi i tigarot pocna da pase od trevata kako sekogas toa da go pravel. Tigarot se zaplasi sto ke bide so nego dali rogovi ke mu niknat, a monahot poglasno malku go utesi velejki mu mirno deka ne go pravi tigar toa sto jade tuku toa sto go pravi. |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Непознато
Несоницата ноќва ја одложи нашата средба на неодредено. На точката каде фантазијата се разгранува во раскошна делта, ме чекаш со твоите столетни сказни, за стисокот и отпуштањето. Јас нема да умрам, јас само ќе завршам, ожеднет за искрен допир, во мноштвото прсти, обездомен во својата ѕвезда, меѓу безбројни соѕвездија. Ќе ти го раскажам мојот крај, штом се претворам во врисок на полна месечина, стравот што го соголува на својата суштина - непознатото. |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БАЛАДА ЗА ЖИВОТОТ
(на мојата Пенелопа) Ни една пролет немала толку нежност Во гласот на своето надоѓање Од пределите на замислените почетоци Каде секоја песна е кантата на вљубените А боите се распознаваат по името На сликарот на последното платно на судбинското прашање во кое се прекршуваат смислата и бесмислата... Мислев, сите магии на дланка ќе ти ги донесам Ќе те облечам во свилата на најсветлиот зарек, Мислев, со седефот од душата Ќе ги исполирам сите твои недоиграни игри И ги бакнував во мислите сите сокачиња По кои останале расфрланите парчиња Од твоето детство Како тажни кукли после препирка со најдобрата другарка... Тивко одѕвонува ехото на дамнешната радост Во темните длабочини на твојата болка А јас фатен, изулавен Со две раце во еден ракав протнати Ги бројам капките на времето Од стреата на избезумените мисли... Таго бисерна, Ништо не е повечно од тебе И толку беспомошно одминливо Во миговите кога сите сонови заличуваат На кревки стебленца исушена трева... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
x x x
Трнов венец од копнеж и неспокој И мисли приковани со клиновите на сомнежот На распетието на денот. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Smackan crv
na petica zalepen posledni misli misli posleden glusec na pomocano kose umira, posledni nasmevki vo prezir preogaat. Nieden zbor sila nemal zosto silata doaga so silnikot, niedna nadez boi nema ako se ceka od sila visa bez rakavi zavrateni i celo kaplivo, no nema vrednost iako e trudna iako e vredna dodeka vremeto kako ludak trca kolku da se istrca, kolku da se izduva, petneset milijardi godini i nesto sitno taka. |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ИНАЕТ
( на Пенелопа) Таго бисерна, и твојот крст од поцрнет јантар на грбот свиткан ќе го носам и со песна во очите ќе го изодам патот до нашата Голгота каде и да е... ниту троскотот на болката што се коти: од семето од коренот од ластарите му, во одот не ќе ме сопне не ќе ги испие соковите на мојата тврдоглавост што ја калев во воздишките твои како невешт чирак во зачадената ковачница на судбината… Насмевко угасена, Ништо не е посветло од тебе Во мракот што сака да не голтне… |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ја
и улицата на брестовите ја Хари Кругер ја ке чекам во соништа од памет да те мрднам оти не се топам веке од лаги од моја земја земени и како ајвар продадени. Не се лажи веке дека да ме лажеш можеш, тоа бидна некогаш на што со сласт да се секаваш можеш на земја валкајки се од смеа што друг да ја разбере не може. |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Среќа
Спласнат миг врз расфрланите предмети од грабежот на ситните колачиња со пораки за среќа. Модар сум од ударите на луѓето што се буткаат преку ред, за да се дограбаат до сенишниот дупликат на рајот. Денот кога ќе бидам среќен, сигурно ќе умрам од среќа. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Kaplivo celo
orosena so ladna pot, mrtvite vikaat so nasmevka raspadnata dopir bez cuvstva na kora od stoleten dab zborovi snezni na utrinsko sonce se topat gorciliv seker vo limunada kisela mezeno pivo so kiselo mleko prijatelska raka vo kaktus pretvorena. Plukni me ti sega zosto da te napadnam moram sirenjeto za pari e, nema milost, nema zal na toa zaboravi, nema da go ima. |
|
Quentin
Сениор Регистриран: 12.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 763 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зар мислиш дека стариот жетвар
нема да замавне со српот во мигот кога твоето класје ќе се исправи да ми каже дека побрзо се извишува откога јас сум му сонце? На небото му треба инаква спојка од земјата, на самотијата и’ треба посмирен говор од тишината. Моите тајни се раздадени по телефонските говорници низ црно-белиот град, во кој сме изгубени примероци од редок вид. Штом падне оклопот на ноќта, изненадено ќе ја погледнам повторената месечина, што на ситни парчиња ми се раздава низ дупчињата од ролетните. Време е да се разноќи. Време е да ги заборавиме приспивните песни. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
LJUBOV
docna e poleka paga nok te drzam vo moite pregratki dodeka mrakot gi golta nash*te tela kako shto ja golta poslednata svetlina od ovoj den povtorno moite usni se zedni i baraat da gi napoish so tvoite baknezi mojot pogled go bara tvoeto lice moite dopiri posegaat kon tebe ti gi nudish tvoite volshebstva a jas vo zanes gi prifakam likot go skrivam vo tvojata kosa poveke ne mi treba pogledot za da ja doziveam tvojata ubavina povtorno i povtorno se dodeka gi slusham tvoite vozdishki od nashata splotenost vo ovaa blazenost sega bolkata isceznuva daleku od nas a nie ja ziveeme ljubovta |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Внеси реплика | страница <1 100101102103104 146> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |