IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Универзален Живот - Прахристијани
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Универзален Живот - Прахристијани

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 26>
Автор
Порака
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2008 во 17:21
Пријателе, вие сте многу далеку од Христијанството тогаш...
Благодарам на информацијата, многу поучно, особено што не сме имале член од оваа верска група порано.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2008 во 17:41
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Пријателе, вие сте многу далеку од Христијанството тогаш...
Благодарам на информацијата, многу поучно, особено што не сме имале член од оваа верска група порано.

Ако се мисли на христијанството како институција или она што може да се сретне како дефиниција низ енциклопедии и прирачници тогаш си сосема во право.

Можеби би било најпрецизно да се каже дека немаме никаква врска со учењето и ставовите на католичката, православната црква ниту пак со протестантските деноминации како и никаква врска со мноштвото христијански верски заедници.

Изменето од Majkl - 23.Јули.2008 во 17:43
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2008 во 17:48
Мислев на Христијанството онака како што е претставено во Библијата... самиот факт што не ја прифаќате...
Не го осудувам, ниту критикувам вашиот став, само констатирам.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2008 во 21:21
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Интересен е моментот со вегетеријанството - со оглед на тоа што е во конфликт и со Генезисот и со Новиот Завет...

Ветив дека нешто повеќе ќе напишам во врска со Исус и не јадењето месо, односно зошто Тој јадел месо во некои ситуацији. Вегетаријанството е секако личен избор на секој поединец, со ова сакам само да илустрирам како веруваат прахристијаните во Универзален живот меѓу кои може да има понекој што сеуште не станал вегетаријанец бидејќи фанатичното откажување води кон оддалечување од Бога, не кон доближување.

Следи цитат од брошурата-списание Пророк бр.15 со наслов „Животните тажат - пророкот обвинува!„ со поднаслов „Два вселенски Бога, Бог на Мојсеја и Бог на Исуса - или еден променлив Бог?„ во издание на Универзален живот. Истата може на хрватски јазик бесплатно да се даунлодира како ХТМЛ формат(зипувана)на:

http://www.univerzalni-zivot.hr/
кликнете лево на Proroštvo па кликнете publikacije и одберете десно Prorok 15.

„...Мојсеј, кој морал да се бори со тврдоглавиот народ кој делумно копнеел по некогашните `египетски тенџериња месо`, навистина јасно поучуваше „Ти не треба да усмртиш„, но најпосле молчешкум го прифати тоа дека во народот, сепак, се јадеше месо. Значи: една отстапка спрема човековата слабост - но, не божествена отстапка.

Понекој кој со задоволство јаде месо, наоѓа изговор со аргументот дека Исус, како што се известува во Библијата, јадел велигденско јагне. Меѓутоа, за ова прашање ние го слушаме Него самиот:

Ниту од апостолите, ниту од учениците не беше одредено да се коле јагне. Меѓутоа, како Мене така и на апостолите и учениците ни беа давани делови од зготвено јагне како дар на љубов. Со тоа нашите ближни сакаа да не` даруваат, оти подобро тие не знаеја. Јас, ќе го благословев дарот и ќе почнев да го земам подареното. Моите апостоли и ученици правеа исто како Мене. Потоа Ми го поставија прашањето, по смисла: Па, ние треба да се дистанцираме од јадењето месо. Така Ти ни заповеда. Сега Ти Самиот јадеше месо.
   Јас ги упатував Моите: Човекот не треба намерно да усмрти ниту едно животно, а ниту да го јаде месото од животни кои биле усмртени за да им се изеде месото. Но, ако луѓе кои се уште неуки, приготвиле месо како храна и со него го даруваат гостинот и му го пружаат тоа како гостинско јадење, тогаш гостинот не би требало да го одбие дарот. Оти, има разлика дали ова човекот го јаде од стрвност по месо, или како благодарност до гостопримачот за неговиот труд.
   Сепак, оној кој има знаење би требало , ако му е можно и ако тоа го дозволуваат надворешните околности и времето, да му даде воопштени упатства на гостопримачот, но не за да го покаже подоброто знаење. Кога ќе биде зрело времето, гостопримачот и ќе ги разбере тие општи упатства.
   Во несебичната љубов во овој свет спаѓаат и разбирањето и толеранцијата. Оставете му на секој човек слободна волја за тоа дали сака вашите општи упатства да ги разбере и да ги прифати, или не. Ако цело време несебично мислите, зборувате и постапувате, тогаш останувате во љубовта, и љубовта вас ќе ве благослови. Она што ви се дава тогаш како дар на љубов, благословено е. (Ова е Мојата Реч Алфа и Омега стр. 809-810)


Значи Исус не јадеше месо, зашто Тој го живееш законот Божји„


Инаку самата брошура е бесплатна и е достапна на хрватски јазик(македонското издание е поделено) но срдечно ја препорачувам не само за оние кои размислуваат на тема христијанство и вегетаријанство туку и оние кои сакаат да видат еден поинаков критички осврт на Библијата(Стар и Нов Завет).

Пренесувам содржина(hrvatski,немам од каде да ископирам на македонски):

*Božja riječ prekjučer, jučer i danas – Istina ili ne? Bog rehabilitira Mojsija preko drugih proroka*Crkveno učenje u slijepoj ulici*„Ti trebaš ..." – Bog poštuje slobodnu volju Svoje djece*
Isus iz Nazareta zauzimao se za životinje. Svjedočanstva u „Ovo je Moja riječ"*

Duh Mojsijevih knjiga provijava u crkvama danas.
Paralele s krvavim magijskim ceremonijama voodoo-čarolije*Isus je bio protiv prolijevanja krvi bilo koje vrste*
„... neka se iskorijeni." Umrtvljivanje savjesti.
Ili: kako se postaje podložan vlasti svećenika*Ceremonije žrtvovanja „kako je Jahve naredio Mojsiju".
U Starom zavjetu je bio poznat kauzalni zakon. Isus je bio protiv žrtve životinja*

Novi zavjet „ispunjava" Stari i „osvjetljava" ga.
Oba su „prava riječ Božja". Milijuni žrtava crkve*

Martin Luther – život i učenje u kršćanskom duhu ljubavi za bližnjeg?*
„To što čovjek čini drugima, čini samome sebi." Kako se osjeća životinja u svojoj situaciji? Životinja – upotrebni i potrošni predmet *Bog duha vremena. „Ispunjenje" Staroga zavjeta u našem vremenu:
Seksualni prijestupi svećenika na djeci. Na tragu Nazarećanina ili crkvenih glavara?*„Ubijati" ili „umlaćivati"? Isus je ispunjavao zakon i produbljivao učenje*

Upute za nasilje i rat u Starom zavjetu – Isus: „Ljubite svoje neprijatelje".
Isus prekorava licemjerje pismoznanaca i farizeja*Raskoš i ceremonije za zaređivanje i oblačenje svećenika u Mojsijevim knjigama*Žrtva otkupljenja koju je Isus podnio. „Žrtveni jarac"*

*Prvi prakršćani nisu poznavali ceremonije*
Pavao je izvrnuo živo prakršćanstvo, krivotvorio Isusovo učenje i položio temelj za državnu religiju i izvanjski kult crkve*Konstantin: Suradnja crkve i države. Daljnje otpadništvo od Isusovog učenja - državna crkva, izvanjska religija moći*

*Sveto pismo - Stari i Novi zavjet - „inspirirano je Svetim Duhom„ *„Ja, Gospod, ne mijenjam se...„
Božje riječi protiv žrtvovanja životinja preko proroka nakon Mojsija*
U Katekizmu Katoličke Crkve:
„Bog je povjerio životinje upravi čovjeka ...„*Uporaba životinja - ali ne „odvojena od poštivanja moralnih zahtjeva„.
„Životinje ne trebaš ljubiti„*Položaj životinja u evangeličkoj vjeri.
„Janjetina Božja„ - mesar, sekularizirani svećenik?*Jedenje mesa Božji ustupak ljudskoj slabosti? Je li Isus jeo meso? *Sadržaj o životinjama u Evangeličkom Katekizmu*Isus iz Nazareta o temi „životinje„ u Kristovoj objavi „Ovo je Moja riječ„*Životinje se tuže prorok optužuje*To je okrutni covjek*



Изменето од Majkl - 23.Јули.2008 во 21:31
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2008 во 21:38
Мајкл... во ред е вашиот став... но ти се повикуваш на Габриеле и нејзиното предание во овој случај, а ние се повикуваме на Апостолите... Истотака - во Егзодусот, во има цело поглавје каде што опишува како се приготвува и јаде месо, според законот.
Сепак - да бидеме искрени - логиката дека Библијата е модифицирана и преправена и дека е човечки збор, може да се примени и во однос на Габриеле дека е тоа нејзин збор.
Затоа - подобро е да не се навлегува во критика на другите, зарем не?
Do what is right, come what may...
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2008 во 22:03
Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Мајкл... во ред е вашиот став... но ти се повикуваш на Габриеле и нејзиното предание во овој случај, а ние се повикуваме на Апостолите... Истотака - во Егзодусот, во има цело поглавје каде што опишува како се приготвува и јаде месо, според законот.
Сепак - да бидеме искрени - логиката дека Библијата е модифицирана и преправена и дека е човечки збор, може да се примени и во однос на Габриеле дека е тоа нејзин збор.
Затоа - подобро е да не се навлегува во критика на другите, зарем не?

Но тоа што е изнесено во спомнатата брошура Пророк бр.15 сепак има логика - има конкретни цитати со наведени извори од теолози и историчари кои немаат врска со Универзален живот, а не рекла-кажала таму некоја си Габриеле, Џони, Петко, Станко. Не мора да се согласите со таму изнесеното! Но ве молам прочитајте ја ако имате време, ако ништо друго мислам дека е на интересен начин напишана. Поради интерес на концизноста и моето време не можам цела брошура да ја пренесувам затоа наведов линк.

Изменето од Majkl - 23.Јули.2008 во 22:04
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2008 во 22:16
Како што реков... да не се занимаваме со другите, а со себе...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2008 во 12:41
- Мислам дека е во ред тоа што Мајкл изнесе поопширно излагање за неговата вера, бидејќи ова е тема за Ун Живот.

Сеа го прашувам Мајкл ?

- Дали го прифаќате симболот на верата за Св Троица (Никео Цариградскиот)
- На кого се молите кога се молите
- Кое е Божјото Име (Имиња)
- Имаш ли конкретни историски извори дека Библијата е прилагодена од свештенството (Променета)
- Дали може маж во идниот живот да се роди како жена, или да падне до ниво на некое животно, како што веруваат на Исток ?
- Во Царството Небесно, ќе има ли Еротика, однос меѓу маж и жена ?
- Дали е грев Хомосексуалност и Самозадоволување ?

ФАЛА





Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2008 во 16:46
Originally posted by Nikki Nikki напиша:


- Дали го прифаќате симболот на верата за Св Троица (Никео Цариградскиот)

Не. Символот е исповедание на православната вера и представува кратко изложување на православната вера во дванаесет члена. Беше донесена на Никејскиот и Константинополскиот(Цариградскиот) собор, не во првите прахристијански заедници. Во символот на верата меѓу другото се вели (ако сум јас правилно запознаен)се исповедува едно крштение за опрост на гревовите и дека се чека воскресението на мртвите.

Прахристијаните во Универзален Живот не веруваат дека преку крстението се опростуваат гревовите и не веруваат во воскресение на физичките тела.
Originally posted by Nikki Nikki напиша:


- На кого се молите кога се молите

На Христос и Бог-Отец. Не се молиме на светци, не се молиме на пророци, не се молиме на духовни учители и други луѓе. Кога сме во заеницата заедно, низ песна ја молиме Оче наш, но во малце поинаква форма.
Originally posted by Nikki Nikki напиша:


- Кое е Божјото Име (Имиња)

Бог е оној кој што Е, она „ЈАС СУМ„. Со човечки зборови не може да се изговори неговото име, па велиме дека е безимен. Во различни религии меѓутоа на различни јазици постојат безброј Божји имиња. Муслиманите ќе речат дека Аллах можеме да го наречеме со 99 имиња како Ел Емин, Ел Рахман итн. Јеховините сведоци велат дека Бог има лично име т.е. Јехова, хиндусите ќе речат Вишну или Нарајан итн... Она што е при тоа битно е што ние навистина (секој поединец посебно)чувствува кога го изговара зборот за кој верува дека го представува Божјото Име. Ако е искрен и несебичен во своите молитви човек, Бог го слуша. Ако не(на пр. молитви од типот „Да му цркне кравата на комшијата„), тогаш џабе и да ги наброи имињата Божји од сите вери, пак нема молитвите да паднат во Божјето срце.
Originally posted by Nikki Nikki напиша:


- Имаш ли конкретни историски извори дека Библијата е прилагодена од свештенството (Променета)

Таа не е само од свештенството променета. При самото запишување на некои од книгите вклучени во библијата самите автори несакајќи внесувале свои представи и мислења бидејќи некои настани или изјави не ги разбирале вистински.
За повеќе информации проследени со конкретни историски извори би упатил на брошурата „БИБЛИЈАТА е фалсификувана! - Хиероним црковниот фалсификатор на Библијата„ која може да се порача на македонски јазик за симболична цена(отприлика колку еден дневен весник) или на бесплатната брошурата Пророк 15 со наслов„Животните тажат пророкот обвинува„(погоре има линк каде може бесплатно на хрватски да се симне, македонската е разделена мислам)порачки на info@univerzalen-zivot.org.mk или тел.02/3111-043


Originally posted by Nikki Nikki напиша:


- Дали може маж во идниот живот да се роди како жена, или да падне до ниво на некое животно, како што веруваат на Исток ?

Начално полот соодветствува на душата која е или машки принцип или женски принцип. Но можно е од кармички причини душата да се отелотвори во физичко тело од спротивниот пол, на пр. една машка душа да се отелотвори во женско тело или една женска душа да се отелотвори во машко тело.При тоа така отелотворената душа можно е да доживува различни потешкотии, зависно од околностите.

На вториот дел од прашањето веќе одговорив со претходниот постирање на стр.5 во контекст на твоето прашање за Харе Кришна и индијските религии.

Уште еднаш: Не е возможно човечката душа да се роди како животно, растение или минерал. Тоа меѓутоа било реална тенденција(но не се остварила) поради дејствувањето на силите на Темнината до пред Христовата избавителска жртва на Голгота. Христос таа опасност трајно ја одстранил.

Originally posted by Nikki Nikki напиша:


- Во Царството Небесно, ќе има ли Еротика, однос меѓу маж и жена ?

Во чистото Небо т.е. Царството Небесно иако постојат тнр. машки и женски принципи, не постојат сексуални односи бидејќи чистите духовни битија немаат физички тела кои пак имаат полови органи. Но во чистото Небо постојат тнр. духовни Дуални Парови составени од еден машки и еден женски принцип(битие) кои во Бога се љубат. Сексуалните односи за првпат се одиграле на Земјата кога првите потполно-материјални луѓе на тој начин зачнаа ново физичко тело. Тие луѓе се викаа Адам и Ева.

Originally posted by Nikki Nikki напиша:


- Дали е грев Хомосексуалност и Самозадоволување ?

Кај хомосексуалноста се работи за нарушеност на духовните енергии. Причината за тоа лежи во начинот на размислување и постапување на поединецот било во овој или некој од претходните животи. Тие жени или мажи нема право никој да ги осудува, но и тие би требале постепено да тендираат кон живот според Исусовата Беседа на Гората но без потиснување на своите сексуални програми, туку постепено да ги исчистат, бидејќи се` што човек ќе потисне порано или подоцна ќе еруптира како вулкан и може да направи уште поголема штета. Тоа воедно важи и за сите други луѓе.

На земјата треба да биде како на Небото, односно машките и женските енергии да бидат во Хармонија. Машкиот принцип да настапува како дарител а женскиот принцип како примател, би сме рекле плус и минус. Со оглед на тоа дека на Земјата многу одамна тоа не е случај, некои души при инкарнирање го мешаат полот(кој зависи и од хромозомите на телесните родители) поради губење преглед - причината лежи меѓуота кај душата. Доколку една душа дур е човек на земјата, развие силни тенденции кон истиот пол, тогаш тие тенденции и желби душата си ги зима со себе и после смртта на телото. Доколку не ги одложи во отадестраните подрачја, си ги зима овие желби со себе во наредното отелотворение, кои во одреден момент ќе станат активни.

Во Универзален живот нема забрани као што повеќе пати напоменав. При сексуалното надразнување до оргазам било со партнер или сам, се губат огромни количини енергија. Желбата за секс меѓу другото настанува поради неразрешени напнатости кои свесно или несвесно ги изградуваме во текот на денот. Тоа влијае на хормоните и тие соодветно бараат канал таа напнатост на нервниот систем да се избалансира. Меѓутоа опуштањето преку сексот е од привремен карактер бидејќи главните извори на напнатоста не се отстранети, а овие напнатости се базираат на нашето секојдневно кршење на еден или повеќе аспекти од Десетте Заповеди Божји или Исусовата Беседа на Гората.

Но како што напоменав и тука потиснувањето може да биде опасно. Сексуалноста не треба да се потиснува туку сосема постепено да се профинува за да во еден момент спонтано се надмине(илустративно кажано: како што на возрасниот повеќе не му е интересно да си игра со колички и кукли, а додека беше дете тоа му беше најмило).

Изменето од Majkl - 27.Јули.2008 во 14:38
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2008 во 20:15
За Мајкл:
Кога те прашувам, очекувам да ми одговориш во согласност со објавите која ги добива Габриела
А не според некои лични размислувања на поединци во вашата заедница
На пример колкава слобода имате слободно да размислувате, и да толкувате некои дефиниции, ако за тоа не се изјаснува јасно Габриела ?

Кога една душа повторно ќе се роди дали се раѓа напред во времето, или може и порано да се роди
Кога времето би било релативно

Дали целиот временски циклус се повторува
Ако се повторува, дали Исус истиот повторно се распнува ?
Или има и други Исуси кој при повторно создавање на земјата кој ќе го ослободат светот ?

Какво е вашето учење за Св Дух, дали тој је Личност ?
Колку години има сега Габриела ?
Дали само на неа и се јавува Емануил ?




Изменето од Nikki - 24.Јули.2008 во 21:31
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2008 во 21:47
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

За Мајкл:
Кога те прашувам, очекувам да ми одговориш во согласност со објавите која ги добива Габриела
А не според некои лични размислувања на поединци во вашата заедница

Досега така и ги одговарав сите твои прашања.
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

На пример колкава слобода имате слободно да размислувате, и да толкувате некои дефиниции, ако за тоа не се изјаснува јасно Габриела ?

Секој има право на свое мислење. Габриеле и Духот Божји ја почитуваат слободната волја на луѓето и никому ништо не наметнуваат. Но никој не треба објавите примени преку Габриеле, како и нејзините објаснувања која таа меѓу другото го дава на неделните средби на сите боготрагачи или на семинари, некој да ги вади вон контекст. Затоа е најдобро кога човек самиот ќе земе да чуе и прочита без коментари од страна.
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Кога една душа повторно ќе се роди дали се раѓа напред во времето, или може и порано да се роди
Кога времето би било релативно

Ова прашање воопшто не го разбирам. Те молам појасни го и по можност наведи пример на што мислиш конкретно.
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Дали целиот временски циклус се повторува
Ако се повторува, дали Исус истиот повторно се распнува ?
Или има и други Исуси кој при повторно создавање на земјата кој ќе го ослободат светот ?

Не. Ова е представа која ја има во хиндуизмот. Настаните се одигруваат еднаш и потоа стануваат дел од минатото кое е неповратно. Не постојат тнр. паралелни универзуми за кои зборуваат некои New Age движења, романи и филмови - барем не според учењето на Универзален живот.

Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Какво е вашето учење за Св Дух, дали тој је Личност ?

Светиот Дух е Сеприсутен аспект Божји, тој не е личност. Светиот Дух ја прострујува целата бесконечност и затоа велиме дека Бог е сеприсутен.
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Колку години има сега Габриела ?

Ако не се лажам, за неколку месеци ќе наполни 75.
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Дали само на неа и се јавува Емануил ?

Херувимот на Божественаа Мудрост(некогаш бил отелотворен како пророк Исаија од Стариот Завет) за нас луѓето привремено наречен Брат Емануел, се објавува само преку Габриеле од Вирцбург.

Изменето од Majkl - 27.Јули.2008 во 14:43
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2008 во 22:02
Не мислам на паралелни светови но на повторно создавање
При повторното создавање на Бог на Светот, дали може некоја душа да се роди порано, или секогаш оди напред со времето

Дали Господ само еднаш ја создава оваа земја и време
Дали кога една душа повторно ќе се роди се јавува во истото време, на пример ако починал 63г. да се роди 64г.
Или пак може да се роди порано во истото време пример 23г
Или пак кога Господ повторно ќе го создаде светот ќе се роди во било кое време ?

Еве уште еднаш мал пример:
Дали може Тоше Проески да се роди порано, во лицето на Гоце Делчев, или било кој порано во времето
Или ќе се роди единствено понапред во времето ?
Ова прашање многу ми е интересно за тие што цврсто веруваат во Реинкарнација

Изменето од Nikki - 24.Јули.2008 во 22:03
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2008 во 22:21
Originally posted by Nikki Nikki напиша:

Не мислам на паралелни светови но на повторно создавање
При повторното создавање на Бог на Светот, дали може некоја душа да се роди порано, или секогаш оди напред со времето

Дали Господ само еднаш ја создава оваа земја и време
Дали кога една душа повторно ќе се роди се јавува во истото време, на пример ако починал 63г. да се роди 64г.
Или пак може да се роди порано во истото време пример 23г
Или пак кога Господ повторно ќе го создаде светот ќе се роди во било кое време ?

Еве уште еднаш мал пример:
Дали може Тоше Проески да се роди порано, во лицето на Гоце Делчев, или било кој порано во времето
Или ќе се роди единствено понапред во времето ?
Ова прашање многу ми е интересно за тие што цврсто веруваат во Реинкарнација

Сеуште не сум сигурен дали те разбрав, прилично конфузно е напишано прашањето. И каква врска сето тоа има со верувањето во реинкарнација?

Кога душата ќе го напушти своето материјално тело таа оди во чистилишните сфери. Од таму доколку сеуште постојат гревови кои нејзе ја врзуваат за Земјата, повторно оди во отелотворување во ново тело. Тело на бебе. Помеѓу времето на напуштањето тело(смртта) и времето на реинкарнирањето можe да помине кратко време(месеци, години) до многу долго време(милениуми)соодветно нејзината слободна волја и моменталните можности за инкарнирање на земјата.

Ако некој се родил на пр. 2007-ма година, почине после 80 години, неговата душа НЕ може да патува назад низ времето и да се роди 1903 година.Но може да се реинкарнира на пр. 2093-та година во ново тело доколку постои соодветна планетарна констелација и родители кои би можеле да привлечат таква душа.

Бог тоа што еднаш го создал не го унишува, така да нема некакви нови создавања на старото, туку вечна еволуција напред.
Кон врв
Nikki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Февруари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 259
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Nikki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2008 во 22:32
Фала, сепак добро се разбравме, значи нема повторно создавање како некои што веруваат
Кога би имало, си мислев, или би имало некој нов ИСУС, СИН БОЖЈИ
Или Исус би требало повторно да страда

Ги има ли целосно сите објави на Габриела на Мак Срб или Англ Јазик на Интернет, ако сакаш да ми дадеш линк ?

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.