|
Дали Стариот Завет сеуште важи за христиј |
Внеси реплика | страница <1 23456> |
Автор | |
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шумадинче - се мислев дали да го избришам постот... ама решив да го оставам за урнек.
Кога се пишува на ваков форум, особено кога се напаѓа нешто - убаво е барем основната информација да се има. Не мора да имаш сериозни познавања, ама барем основни... Дешад - јас мислам дека убаво ти објаснив, нели? Стариот Завет е договорот кој Бог го направил со Евреите. Прочитај ја Библијата, ќе видиш... Тој бил исполнет и Бог поставува нов договор, нов Завет, дава нов Збор - кон целото човештво. Од јасно појасно е, ама само за оној кој сака да разбере. Оној кој не сака - никогаш нема да разбере (ова беше ваша филозофија колку што се сеќавам). |
|
Do what is right, come what may...
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зидарски, ти си вистински пример за тоа како треба да се однесува еден модератор на форум Вероисповед, а пред се даваш убав пример на воспитан, образован, културен млад човек. Од твојата постапка се гледа дека христијанството е навистина верата на животот.
Можеби тука, во постовите на шумадинче и твојата постапка, лежи одговорот на прашањето кое често си го поставуваат муслиманите “Како да се подобри нашата состојба, зошто состојбата со муслиманскиот умет е ваква или онаква“.
Нека постот стои за пример и воедно одговор на тие прашања кои често си ги поставуваат. Има што да научат и применат-ако сакаат навистина да се подобрат.
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дешад - ти можеш сто пати да прашаш и сто пати ќе добиеш ист одговор. Не е точно прашањето. Не е точно дека парцијално го прифаќаме Стариот Завет. Заветот е исполнет и тоа и од луѓето и од Бога. Новиот Завет кој е донесен од Бога го исполнуваме сега во моментов. Од Стариот Завет се користат сеуште оние работи кои се останати како вечни - на пример 10-те заповеди.
Очигледно не разбираш што значи зборот Завет, оттаму доаѓа целата забуна... Истотака - од прашањето, поточно од начинот на кој го формулираш, остануваме со впечаток дека не го познаваш ниту Стариот, ниту Новиот Завет. Ако ги познаваше - немаше да прашуваш - кога ќе ги прочиташ ќе ти стане јасно... |
|
Do what is right, come what may...
|
|
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Единствено што ми стана јасно е дека вие христијаните ни самите не знаете дали Исус го ДОПОЛНИЛ или ИСПОЛНИЛ Стариот Завет. Мојата констатација е донесена врз база на вашите различни ставови по ова прашање. Слободно наврати се од почеток на темава и види кој како коментирал. Во секој случај ти благодарам на трпението и разбирањето кое го покажа. Поздрав. |
|
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кон болтуваното. Не сум знаел дека сте имале нов пророк.Аирлија нека ви е. Шумадинче е младо момче кое ете погрешило,но,за разлика од некои ваши верници толку е скромен што може да им предава етика во секое време, така да омразата и овој пат те надвладеа.А што се однесува до нашиот Уммет / исламскиот народ најмалку си ти компетентна да ни даваш предлози како да ја подобриме состојбата. Подобро тие да си поработиш на твојата состојба и да не се занимаваш премногу со другите, оти ќе признаеш дека барем кај вас христијаните не цветаат рози, поготово кога станува збор за практикувањето на истото. Во секој случај Маре, ти благодарам на обидот кој го направи за да ја наметнеш твојата вера над мојата, можеби некој ќе ти поверува. Биди ми поздравена. |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Повторно Дешаде - пред да отфрлаш нечии коментари, првин погледни дали можеби има добра мисла во нив...
Ако сакаш да ти преведам што сака со коментарот Марија да ти каже - дека треба да малку повеќе да обрнете внимание на образованието и на општите познавања за другите, особено ако имате намера да ги критикувате. А кога велиш на некого да си ги гледа сопствениот двор - ти направи го истото... корисно е понекогаш... |
|
Do what is right, come what may...
|
|
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нема потреба да ми преведуваш, ја разбрав многу подобро од тебе. А за дворот точно,прво треба сопствениот да си го средиш. Но тоа кажи си го и самиот на себе, а кажи и на Маре, да не се залетува премногу во давање совети како да се реши состојбата на еден народ. |
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Двата егземплара на шумадинче кои ќе бидат оставени на темата се само рефлексија на поедини состојбите во оваа држава и поединци кои сепак не се малцинство, и со кои сепак треба да се живее заеднички. Тие постови одразуваат и една општа состојба и тенденција на “другата“ страна, отсликана во вид на крајно незнаење, горделивост, нетолерантност кон останатите, исмевање на се што е поинакво од своето.
Според тоа, мојот пост беше повеќе констатација и анализа наметната од ненаметливата, неизбежна споредба на постовите, кои спонтано се најдоа во една близина.
А за моите намери-Бог ги знае нашите срца најубаво. Нема потреба од донесување судови, клеветење и слично на сметка на моите намери.
Најпосле, мојот пост сепак беше упатен до модераторот Зидарски, на кого сакав да му оддадам скромно признание, макар и на една ваква тема, за неговата улога и придонес во уредувањето на овој подфорум. Комплимент за неговото однесување, знаење, начин на комуницирање, објективност, ненаметливост, правичност...
А на тоа сепак имам право, нели дешат?
|
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
gospel
Сениор Регистриран: 01.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 405 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДЕШАД,
Зидарски неколку пати убаво ти одговори на прашањето. Или не го разбираш одговорот или не сакаш да го разбериш. Се друго што и да се каже, ќе биде одвишок. Поздрав. Изменето од gospel - 21.Јули.2008 во 23:36 |
|
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
maria_magdalena, не е проблем што ти искажуваш пофалби кон модераторот,тоа е твое право во кое никој не треба да ти се меша. Ама мене ми смета твојата констатација која на два пати ја даваш во име на една цела религија а ја земаш од само еден единствен пост од член кој ете доволно не е запознает со некои работи. Тоа би ти дошло како јас да го земам постот на Госпел за заменката НИЕ која се употребува во к*р,анот на една друга тема, (на кој сега ќе му реплицирам) за урнек или мостра и да разгласам дека сите христијани се неписмени и назадни. Е тоа не оди така. Затоа и реагирав на твојот пост. А на тоа сепак имам право, нели maria_magdalena? |
|
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Госпел, јас прашав дали важи Стариот Завет за христијаните и добив неколку различни одговори. Овој одговор погоре е од Никки, дали се согласуваш со него? И немој да ми велиш дека нема што да се објаснува повеќе кога многуте христијански деноминации немаат заеднички погледи кон ова прашање ( види го објаснувањето на Мајкл ), итн. Значи, проблемот не е до мене, туку до вас христијаните. |
|
zidarski
Сениор Регистриран: 17.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4385 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мајкл припаѓа на таканаречена Прахристијанска деноминација... не спаѓаат во Христијанските деноминации, затоа нивното објаснување за Стариот Завет е сосема различно.
|
|
Do what is right, come what may...
|
|
Внеси реплика | страница <1 23456> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |