|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 2930313233 138> |
Автор | |
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
нишо не рабрав..... |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
SAVANT
Нов член Регистриран: 09.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овој текст, сосем обичен текст сакам да го посветам на секој од вас, на секој до кој тој ќе стигне, секој кој ќе го прочита.
Јас сум само една млада девојка, сосем обична, сосем едноставна и секојдневна. Но, во поледно време почнувам да ги приметувам малите работи кои секој ден се повеќе и повеќе си играат со мојата фатназија раѓајки нови светови, нови идеи, нови прашања, нови одговори. Прво ке започнам со тоа што многу често сум ќе го наречам „изгубена во вселената“ ислучена од се она што ме обиколува. Но токму во тие моменти човек може да ги види вистинските убавини. Денес седев во дворот на една моја пријателка која многу сака да ми раскажува за сите случувања во нејзиниот живот. Иако е истоштувачки да се слуша и да се обрнува внимание на сето тоа што таа го кажуваше јас се трудев. Но по некое време моите мисли одлетаа како пеперутки, и мојот поглед залута некаде. Мислев дека сеуште ја слушам, но некако среде сето тоа јас за момент потвесно се зарбудив и приметив како низ високата трева во дворот на мојата пријателка нешто се движи. Ливчињата трева се разделуваа правејки патец низ тревникот. Сето тоа се одвиваше така полека, а сепак така интересно, ливче по ливче се раѓаше една мала патека по која сеуше не знаев што се движи, можеби желка, можеби еже, можеби змија. Не знаев. Посакав да дознаам. Со раката се поткренав за момент сакајки да станам и приметив дека мојата пријателка сеуште зборува, се потсецнав и се вратив во мојот стол. Таа тогаш почна со вообичаените прашања. Јас едно по едно ги одговарав, а во мојот ум сеуште стоеше едно прашање не одговорено. - Што ја направи малата патека низ високата трева? Прашањата доаѓаа, одговорите си заминуваа. Едно по едно, малку по малку а мојот поглед шеташе од лицето на мојата пријателка кон фонтаната па кон малата патека низ тревата. По некое време решив да ја прекинам низата на прашања и одговори. Ја замолив да погледне кон нештото кое мене толку ме занесе. Таа погледна и го кажа на глас прашањето кое цело тоа време ми се шеткаше низ умот: - Што ли ја има направено таа патека низ тревникот? Јас веднаш станав и ја повикав да видиме. Отидовме следејки ја патеката низ тревата која сепак не беше толку толга и не видовме ниту еже ниту змија ниту никаква животинка. Но сепак се насмевнавме кога видовме дека таа завршува токму пред еден мал жолт цвет. Тоа изгледаше слатко и двете на смеа заклучивме дека што и да ја правело патеката кога стигнало до убавиот жолт цвет решило да не го турка и се вратило од каде дошло. Тоа беше се :) |
|
Tiger
Сениор Регистриран: 13.Јуни.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 234 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Namerno taka se nasmevnuva namerno me topi i me zaleduva...vo isto vreme namerno znae da se oblece stom ja vidam namerno da me presece... |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Berba na lubenici sega e,
tecni i blagi, so otkup slab, kao i paradajzot za cetri denara, kao i tutunot sto ne go sadat ni go ebavat, oti ne go plajcaat, kao i medot so u Kina ne ke ide, Volovi i stoki raznorazni galopiraat niz patista so imunitet niz zemja so licitacija so evtin pocetok. Mi velis snajdi se, mi velis dupka najdi inaku ke se podades za po evra dve za da dojdes do dveste. Ti velam molkum ako imas kade, ti zamini so moja sreka pozelena, dodeka pravam sopstven hram i bidam sopstven monah, od mene tolku, a ti pocni od tolku. Nesto cuka na vrata, nesto izleta niz prozor, nie da se prepoznaeme ne mozeme, vazno ne e ne ni ostana uste mnogu. |
|
alan ford
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Techno thief Регистриран: 02.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 10782 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Del sme od ovoj tlocrt na nasiot grad.
Gi jademe istite nesta. Sepak nasite vnatresni sostojbi se razlicni. Zatoa zadishano trcame konslobodata.Jas da pravam alternativen teatar,ti da snimas fikcinja,toj da crta i izdava stripovi,taa da pravi i pusta muzika,tie da organiziraat svirki. Shto e? Sredinata ne pritiska. Tuka nesto postoijani ni smrdi. Pracki koi se redat kako precjki Ekonomski zavisnosti. Ogranicuvanja. Zatoa cesto se buntuvame. No,eden protiv drug. Kako ti ne pravis nisto,kako jas ne pravam nisto P.S Vecerva talkajki po prostanatite kaldrmi na nekogas ova moe Skopje,povtorno se osetiv kako del od negoviot tlocrt... |
|
I vrag može citirati Sveto pismo za svoje potrebe.
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Angel padnat
na morski karpi ostri, a veterot si poigruva so belite krilja negovi, povtorno i povtorno a liceto mu go mijat branovi, povtorno i povtorno, do nebo i nazad eci lelek povtorno i povtorno, od samo taa sto go ljubese, povtorno i povtorno. Galebi beli po oci go klukaat za da ne zali za ona sto ostavi, vo usi mov mu nikna za da ne cue koj go bara i za nego tazi dodeka nokti krsi i lice si grebe. |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Земја-воздух
Уста полна земја И крвави колена, Издраскани дланки И неколку модрици на гордоста. Колку чини да се подигнеш од правта? Една лага И една вистина. Изменето од filmadzijka - 26.Јули.2008 во 22:37 |
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
K A P K A ...
go baram tvojot pogled mil
sto od dalecina me sledi, sekogas,
so raganjeto na noviot den....
go slusam bienjeto na tvoeto srce
zarobeno vo dlabocinata na svoeto eho,
treperenjeto na usnite nezni
vozbudeni od mrtvata tisina
za nedokazaniot zbor...
go cuvstvuvam sumot na tvojot cekor
kratok i tivok ....nezen i pretpazliv ...
solzata sleana od sinite oci
sozdaden potok od zelbi i nadezi....
svetlina nevidena i prekrsena od bigorniot kamen ,
bleda vistina...skriena vo cvetot na movot
kraj bregot od zelbi i nadezi...
okolu mracnata nok ne gusi...
mislite zarobeni vo tivkata nok....
molcenjeto na nasite zvezdi....
go baraat izgubeniot zbor,
nadezda nasa kako rozba bozja,
ceka na noviot ..posvetol den...
zorata se raga i gi najavuva
novite kapki nadez ...za nas.
|
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Veterot,
kako gulab pismonosec baknezi tvoi mi nosi, od bilo kade od bilo koga i zar da se zaboravi takvo nesto moze koga niednas na mene ne zaboravi. Cvetovi mnogu kako da peat denes za tebe i da me utesat za grutka vo grlo moe ne me grebe tolku, za zabi da mi odmorat od cesto ckripenje, za brcka iscekuvacka bar malku se opusti. Dali toa se smeam od srce ili bez srce sto kaj tebe go ostaviv koe tuka ne mi treba zosto bez tebe bi mozelo samo otrov da pumpa. |
|
majstorce62
Сениор ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЦРНИОТ КРУГ НА СУДБИНАТА (8)
Отидоа ли и вампирире со неа, оној, едикојси Горан, кого никој во селото не го познаваше, и Жиле Прцлов, кравое*ачот селски, никој не дозна... Како што ни таа не дозна дека точно дваесет и осум дена по нејзиното протерување, на празникот Крстовден, чуварот на задругата пцуејќи влезе во канцеларијата на директорот и по телефон го извести дежурниот службеник во Народната милиција дека нивниот магацинер и претседател на младинската организација се обесил на последната греда во магацинот. Во селото се зборуваше дека пукнал од мака оти не ја опнал и неа, а се јавија и такви сведоци кои бесрамно сведочеа како тој се заколнал во српот, чеканот и петократа дека сосе јајцата ќе си го изел ако не ја превртел и неа, Станка Поп Тасева, но само малкумина знаеја за подјадените пари во касата на младинската организација и за исчезнатите канти со рафинирано масло за јадење од задругата... А во затворот нежните газанца како него ренде ги правеле... Сеедно – од тој ден ниту една крава во селото не отели теле – чудовиште, со глава на коза и нозе на куче, од ниедно виме не потече млеко помешано со крв и со реа на мрша... Све остаје у партију, како што велеше Решад циганот ************ Неколку дена по погребувањето на партиецот, умреа и двете од копилињата за кои се веруваше дека биле негови... Третото го посини мајката на девојката, односно стана син на баба си. *************** Таеше ли керка и нешто, или сето тоа беше резултат на чиста случајност и коинциденција. Мрак; густ, леплив мрак и ги полнеше мозочните виуги, го запираше движењето на мислите во нив па тие се плеткаа, се сопињаа, паѓаа вкочанети по некоја стрмна надолница и исчезнуваа во неврат. Како да си го објасни името на керка си до името на нејзината голема љубов од пред дваесет, дваесет и пет, колку ли точно години. Кадли магла се развлекуваа низ мракот во вијугите или пак тоа беше резултат на маката да се врати назад, да се искачи по стрмната нагорница клупчето загубени мисли од темната провалија. Или животот измислуваше уште една перверзна игра со неа. *********** Едно перверзно буре облетуваше околу неа како мува околу капка шербет од слатко уште од првите денови кога се вработи во конфекцијата за чевли и кожна галантерија. Најпрвин со погледот и ги соблекуваше:мантилот, фустанот, градникот, гаќичките... Го чувствуваше тој поглед, толку продорен и остар што можеше и коските да и ги пронижи И ОД НЕГО ПО КОЖАТА МРАВЈАЛНИЦИ И СЕ МНОЖЕА. Беше шеф. Утеха и беше дека не била прва што чувствувала мравјалници под кожата Од поплаките на жените за вереме паузите за појадок дел по дел комплетираше слика – сложувалка за монструмот со човечки лик кој им ги пиел на младите девојки и невестите и крвта и душата. Кој се најал со поглед. Која девојка пуштила света крв низ тесното од стрвен поглед? Бурето не чекаше да помине долго време за да го довлечка своето мрсно лице до нејзината маса. Насмевка. Така, добро се снаоѓала во работата. Случајно допирање со дланката. Вака кожата полесно се командувала. Пак насмевка. Веројатно за неа и кажале дека бил гад,ама таа ќе се убверела сама дека не било така. Мрзливки биле. Не си ја гледале работата. Фирмата и државата трпеле големи загуби поради нив. Ако немал срце, одамна ќе ги избркал од работа. Ама, деца имале. Во децата била иднината на државата и на фирмата. Мрзливки, усните им биле погнасни и од полски клозети. Здивот му мириса на препечена сливова, на ќебапи на скара и на кромид. Нека продолжела така, млада била...Вредна...Прддиспозиции за напредување. Базд на препечена сливова, ќебапи на скара и кромид и се разлива по белиот врат. Можел да среди да ја испратат во Лондон, да се усоврши како моден креатор. Првата плата беше висока. После: Во неговиот здив имаше се повеќе оган. Почна да го разбира говорот на огнот. А огнот на здивот говореше дека ја посакува силно, дивјачки... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
fragola
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3829 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ja ostavam tvojata senka zad sebe,
ochive poleka gi otvoram, poglednuvam napred, samo beskonecen pat bez oznaki gledam. Moj e patot, moj e asfaltot i sonceto sto go peche i drvoto suvo i kamenot kraj nego i zmijata sto po mene se vleche. Gospodaram so patot, so se sto ke stapne ili proleta nad nego, so cekori svoi go odbelezuvam, a so sekoj cekor slika nova na horizontot otkrivam. Sonceto mi ostava tragi od pegi, vetrot mi ja bushavi kosata, dozdot ja mie potta i solzite od lice. Odvreme-navreme zastanuvam, nesto interesno nasmevka mi izmamuva i togas se dvoumam, dali da skrsnam od patot i na celta da zaboravam, da ne go baram krajot, mozebi go nema! Cesto ke se zaprasam, kakov izbor da napravam i sekogas odluka ista me odvlekuva napred, kon krajot dalecen neodollivo privlecen i posilen od se! Energija mokjna,kako partal me tegne, vetrot silen me turka, se sopnuvam od kamen,pagjam, a sonceto se posilno gori ranata vo pepel ja prestori. Poznata senka zdogleduvam, mala nesovrsena figura kreira dvizenja koi gi poznavam. Strav me obzema od soznanie deka ja osvoiv celta, me oblevaat cuvstva kako na Sizif isti, koga svesta mi kazuva deka na krajot od patot povtorno si ti! |
|
I get enough exercise...just pushing my luck.
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ideme ponataka
niz redovi razni barajki go svojot komu pripagame sudbinski tivko kako kradci dodeka grancinja suvi krckaat pod stapala nasi so gon debel plasejki se od odzemanje na ona sto ne sme ni go steknale seuste kako mestenje frizura od krevet stanata kriejki go sramot deka nekogas nesvesni sme bile. Kontrola i sila sto se nasi i sto bi trebalo da bidat cekajki go utroto od takviot den. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bla, bla
ne gusi muda od tetrebi pisuvajki poezii mlitavi akvarelni ti coveku mene koj ni samiot ne znaes sto sakas demek pazi sea demek sumadinsko kolo ide demek teskoto demek vidi me, vidi me pljas ! u voda i voda gori po stomak ispecen od vidi, vidi me ! |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Браќа по оружје
Држи ми ја пушката, држи ми ја бомбата, носи ме на грбот бате. Тегни ми ги чизмите, не ми смрдат чорапите, нели брате? |
|
Внеси реплика | страница <1 2930313233 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |